![]() |
![]() |
![]() |
Коритото и кејот на Вардар низ Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1011121314 20> |
Author | |
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
![]() Одлично кажано. Очигледно не знаат дека тревата расте постојано ![]() |
|
![]() |
|
Citizen ![]() Groupie ![]() Joined: 18-Mar-2020 Online Status: Offline Posts: 49 |
![]() ![]() |
Супер е што се се чисти ама една работа не ми е јасна... Mоже некој да каже што е тоа толку што е чистено а што не било претходно? Па на самава тема има од секоја година извештаи од чистењата, санации и тн. од 2006 навака. 30 години не било пипнато? Па да беше така ќе беше прашума доле. Инаку Улици и Патишта имаат секоја година програма (која колку што видов ја реализирале) која буквално се вика Програма за одржување на коритото на Вардар. Edited by Citizen - 27-Sep-2020 at 15:02 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Полиција го исчисти од автомобили Кеј „13 Ноември“ во Скопје – наскоро ќе се реконструира
Откако на социјалните мрежи беше објавена фотографија од пешачката зона покрај Вардар, на која се гледаат повеќе паркирани автомобили, денеска полицаец стоеше кај рампата кај хотелот „Холидеј ин“ и регулираше кој може да влезе со возило. „Шеталиштето. Единствената запад – исток велосипедска врска низ Мал Ринг. И ‘прекрасен’ репрезентативен амбиент за пиење кафе. Центарот на центарот“, стоеше во објавата на социјалните мрежи. Кејот покрај Вардар, каде има бројни тераси, каде се пие кафе или се руча, постојано е тема на критики од јавноста, затоа што и покрај поставената рампа по него поминуваат автомобили. „Решавањето на проблемот со хаосот на Кејот ’13 Ноември’ е покомплексен проблем, бидејќи тука има рампа и паркинг за пристап на угостителските објекти во вид на дотур на стока, како и за објектите на ГТЦ и Македонски телеком, па неретко тоа се злоупотребува од несовесни граѓани кои паркираат возила на оваа локација. Оваа состојба е наследена и е резултат на непланското работење на претходната градска администрација, бидејќи овој потег беше предвидена подземна сообраќајница, но во одреден момент инвеститорот беше ослободен од обврската да ја изгради“, велат од Град Скопје како одговор на прашање од „Независен“. Идејата да се прави подземна сообраќајница за да се обезбеди пристап за вработените до деловните згради изградени околу плоштадот „Македонија“, датира од пред неколку години. Имено, со договорот за градење на зградата на „Телеком“, инвеститорот „Дивелоп груп“ имаше обврска да изгради подземна сообраќајница. Но, по изградбата на зградата, тогашното раководство на Општина Центар со градоначалникот Владимир Тодоровиќ, го смени Деталниот урбанистички план и наместо подземна, предвиде надземна сообраќајница. Но, од овој план не се оствари ништо. Сега Град Скопје објави тендер за избор на фирма која ќе врши партерно уредување на кејот, на потегот од хотелот „Холидеј ин“ до зградата на „Телеком“. „Град Скопје распиша јавен повик за Изработка на проектна документација за партерно уредување на Кеј ’13-ти Ноември’ од Телеком до ‘Холидеј ин’, со кој е предвидено отстранување на старите и оштетени плочки, клупите, корпите за отпадоци, канделабрите…“, велат од Град Скопје. Со проектот е предвидено поставување на пет вида партерни плочки, 72 смарт клупи, жардинери, бетонски корпи за отпадоци, бетонски и електрични столпчиња и ќе се засадат јавори, додаваат од таму. Но, со реконструкцијата на кејот тој нема потполно да се ослободи од автомобили, туку со хидраучилни столпчиња ќе се регулира кој влегува, односно ќе има читачи на регистрации, кои само на возилата од „Телеком“ ќе им дозволуваат да се движат по пешачката зона. https://nezavisen.mk/policija-go-ischisti-od-avtomobili-kej-13-noemvri-naskoro-kje-se-rekonstruira/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА САНКЦИОНИРАЊЕ НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА КЕЈОТ „13 НОЕМВРИ“
Инспекторатот на Град Скопје денеска, од рано наутро, спроведува акција за санкционирање непрописно паркирани возила на јавната површина на кејот „13 Ноември“, на потегот од хотелот „Холидеј ин“ до плоштадот „Македонија“. На овој потег се забележани поголем број несовесни возачи кои го злоупотребиле јавниот простор за да ги паркираат своите возила, иако на оваа локација паркирањето е забрането. Затекнатите прекршители се опоменати и им е изречена глоба. Досега се изречени 21 глоба. Во законски предвидениот рок од 7 дена прекршителите ќе треба да подигнат платен налог од Инспекторатот на Град Скопје и да извршат уплата од 50 евра, во денарска противвредност, колку што изнесува глобата за овој прекршок. За овој тип прекршоци, глобата не може да биде заменета со општокорисна работа. Во денешната акција е вклучена и пајак службата која ги подига возилата чии сопственици не се затекнати на местото. Акцијата за санкционирање непрописно паркирани возила на кејот „13 Ноември“ се спроведува во соработка со Општина Центар и ќе трае континуирано, подолг временски период. Градот Скопје апелира до граѓаните своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта во градот, да го почитуваат комуналниот ред и поставената сигнализација и да ги чуваат јавните површини. Целта е да се одржува редот и хигиената на јавниот простор и да се стави крај на ваквите грди слики низ градот. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
|
![]() |
|
Macedonicus ![]() Senior Member ![]() ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
![]() ![]() |
Па овде комотно може да напраат drive-thru модел на кафелокање, и бездруго се наредени до самите кафичи, барем бизнис ќе се роди од овој примитивизам.
|
|
ಠ_ಠ
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Na kafence so pogled na Vadrar supersi poimnuyvame top
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
od fb
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ГРАД СКОПЈЕ ГО ЧИСТИ И УРЕДУВА КЕЈОТ НА ВАРДАР, ВЕЛАТ 30 ГОДИНИ НИКОЈ НЕ ГО ОДРЖУВАЛ И СЕГА ЌЕ ДОБИЕ НОВ ЛИК
![]() ![]() Град Скопје десетина дена работи на чистење и уредување двете страни на кејот на реката Вардар, со цел овој дел од градот да добие еден нов лик. Со градежна механизација и екипи од сите јавни претпријатија покрај кејот се чисти и коритото на Вардар на потегот од мостот кај луна паркот до зградата на Македонската телевизија. Најпрво се работи на левата страна на реката, а потоа механизација и екипите ќе се префрлат и од десната која е многу повеќе користена од граѓаните. Се чисти каменот и коритото на реката, пешачката патека на кејот, се корнат гранки, треви и грмушки со кои е обраснат овој дел од градот, се кастрат дрвјата, се уредува зеленилото, се чисти ѓубрето. Од Град Скопје велат дека после 30 години се чисти кејот на Вардар и дека во овој проект е предвидено просторот да се уреди, да се постават нови клупи, корпи за отпадоци, ново осветлување, а левата страна да биде користена исто колку и десната. „Никој не го пипнал кејот толку години. Коцката која е долж кејот не се гледаше од ѓубре и земја, скалите ги немаше бидејќи беа обраснати со треви. Формиравме посебна бригада за кејот која е задолжена комплетно да го среди просторот. Откако ќе завршиме со чистење, хортикултурно ќе го уреди и ќе поставиме нови содржини особено од левата страна на кејот за да и овој дел биде привлечен за граѓаните“, велат од Град Скопје. Од Градот објаснуваат дека досега одржувањето на кејот на било предвидено во ниту една програма и немало посебна буџетска ставка за него, како што е на на пример одржување на плоштади, главни улици или паркови. Откако ќе заврши уредување на кејот во централното градско подрачје ќе се продолжи кон населбите Влае и Ново Лисиче. „Целта е кејот да добие еден нов лик. Редовно да се одржува, да се чисти и мие како останатите делови од градот. Коритото на Вардар сега откако едната страна е исчистена изгледа сосема поинаку и многу пошироко. За неколку месеци граѓаните ќе забележат разлика на целиот потег“, додаваат од Градот. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-go-chisti-i-ureduva-kejot-na-vardar-velat-30-godini-nikoj-ne-go-odrzhuval-i-sega-ke-dobie-nov-lik/ |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Пристапната улица, ако бидеме реални, на ништо не личи. Од километри се гледа дека е направена ради-реда. Дополнително на ова тврдење оди во прилог и тоа што се направи пред да истече рокот за изградба. Не оди таква пристапна улица, па уште и релативно долга, да биде за една таква зграда, па уште и во срцето на градот.
За скопските „фраери“ нема потреба од дополнителен коментар, тоа е само слика за тоа кој е вредносниот систем во градов и државава (фраер сум ако паркирам кајшто сакам, фраер сум ако паркирам пред кафичот за да ми се гледа скапата кола итн.). Вината е очигледна кај властите бидејќи пред се' ова е строг центар. Ако не ги интересира за граѓаните на Скопје, па каква слика се дава на туристите, и целиот свет, со овој хаос што моментално постои. Како што и кажа, сликата е еднаква на лудило. Edited by skopskodete - 01-Sep-2020 at 23:41 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Пристапна улица до подземната гаража на Т-Мobile има, се влегува преку паркингот на Холидеј Ин, се вози меѓу кафулињата во ГТЦ и нивните „испостави“ на кејот, улицата е обрабена, обележана и на неа има неколку лежечки полицајци за да не се претерува со брзината.
Но „скопските фраери“ сакаат да си возат по кејот, а многу од нив и си паркираат меѓу кафулињата (има стотици фотки на форумов за тоа). Не е проблемот во нив (иако тие се дел од проблемот), проблемот е во неспроведување на законот од страна на сообраќајната полиција. Исто така, за ова виновни се и локалните и градските власти, мислам, не може бе еден пешачки коридор да се претвори во улица за главешините на Ти-мобајл, сите плочки расклатени, вирови вода, кал, мизерија невидена. Па уште и бродовите во вардар кога ќе се додадат, целата слика е баш комплетна. Лудило. ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Ако се гледа центарот на градот како една куќа, таа куќа нема темели - прво изградија зграда, а не улица до зградата.
|
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
![]() Jasno kako bel den... od kade izleze ovaa pojava, avtomobili da vozat po plocki...!? |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Пред неколку недели се најави реконструкција на улицата Кеј 13 ноември но би немало поента да се ставаат нови плочки ако пак преку нив се вози и се врши дотур на роба до кафеаните. Ако не нека стават асфалт и нека одвојат една велопатека тоа им е најефтино и најпримитивно решение...тунел/подземна улица нема на видик и веројатно во скоро време нема ни да има.
|
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Толку ли е тешко да се направи подземна улица тука?!?!? Што не направија, за што не трошат пари, а за вакви работи не можат да фрлат пари и за брзо време да се реши проблемов... На овој проблем му треба брзо решение и не шминка туку одма да се оди на решение -- тунел.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Од твитер:
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
ако не го санираат и појачаат осветлувањето на кејот, џабе им е све
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОД ЛЕПЕНЕЦ ДО АЕРОДРОМ – ПОЧНА ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА СЕВЕРНАТА СТРАНА ОД КЕЈОТ НА ВАРДАР
Екипите на Град Скопје денеска почнаа акција за чистење и уредување на северната страна од кејот на Вардар, на потегот од реката Лепенец до Аеродром. Во текот на наредниот месец на терен ќе работат екипите на јавните градски претпријатија „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Водовод и канализација“ и „Улици и патишта“. Тие прво ќе го исчистат потегот, а онаму каде што е потребно ќе ги обноват патеките, ќе го уредат зеленилото и ќе го заменат осветлувањето. Во акцијата ќе се вклучи и УНДП преку имплементација на проект за поставување урбана опрема - корпи за џебен отпад. - Оваа страна од регулираното корито на реката Вардар беше чудно запоставена и токму поради таа запоставеност во последниве две и пол години во неколку наврати тука имавме акции за расчистување мини депонии. Сега, левата страна на коритото целосно ќе ја уредиме за граѓаните да ја користат како што ја користат десната страна, односно ќе ја изедначиме и по квалитет на инфраструктурата и според можностите што се нудат на граѓаните. Истовремено ќе го засилиме инспекцискиот надзор. Ова го работиме заедно со УНДП, кои помагаат со поставување урбана опрема – корпи за џебен отпад кои недостасуваат од оваа страна на реката. Целта е скопјани да добијат нов, добро уреден јавен простор. Отвораме нови јавни простори за нашите сограѓани, зашто токму заради пандемијата од вирусот Ковид-19 се препорачува на граѓаните на безбеден начин да го користат јавниот простор - рече градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на акцијата за чистење. ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ГАЛИИТЕ ВО ВАРДАР ЌЕ ОСТАНАТ ДО 2035, ГРАДОТ НЕМА 6 МИЛИОНИ ЕВРА ДА ГИ ТРГНЕ ИАКО ПРОТОЧНОСТА НА ВАРДАР Е НАМАЛЕНА ЗА ТРЕТИНА
![]() Бродови во коритото на реката Вардар во центарот на Скопје ќе има до 2035 година. Тогаш истекува последниот договор кој Град Скопје, кога градоначалник беше Коце Трајановски, го склучи на 20 години со фирмата „Воденица“. Другите два договора, кои при јавното наддавање беа склучени со фирмата „Фаланга“ на фризерот Давор Андреевски, а денеска имаат други сопственици, се на десет години и истекуваат во 2026 и 2027. Друг начин да се отстранат бродовите од Вардар е Град Скопје да ги урне, но за тоа ќе треба да плати оштета на сопствениците. Според проценките тоа би чинело околу 6 милиони евра, а Градот нема пари за да дава милиони евра за уривање и обештетување. Бродовите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“ на владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски, со кој се потрошија 700 милиони евра за да се измени ликот на центарот на Скопје. При една од многуте измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) Мал Ринг, кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ, во коритото беа вцртани маркички за 6 сплавови, 4 од десната страна и два од левата страна на Вардар. На јавното наддавање во Град Скопје во феврари 2012 беа продадени само две локации на фирмата „Фаланга“, кај зградата на МЕПСО и кај хотелот „Холидеј ин“. Во декември истата година, беше продадена уште една локација на фирмата „Воденица“ меѓу двата пешачки моста. Останатите локации за сплавови кои потоа прераснаа во бродови, никој не сакаше да ги купи и тие не се продадоа. За сите три бродови договорите кои се склучени со градските власти се за поставување урбана опрема заради вршење угостителска дејност. Сопствениците имаа рок, според првичниот договор, да ги стават во функција за 24 месеци, но тие рокови не се почитуваа, па Градот им ги продолжуваше роковите со нови анекс-договори. Брод кај МЕПСО Рок на користење: 10 години од денот на почнување со работа. Договорот во моментов е ставен во мирување поради градежни работи на Град Скопје за изградба на мостот на кој требаше да стои Панорамското тркало. Сопственик: „Фаланга ДИМ“ ДООЕЛ, сменето во „Фаланга Херонеа“ ДООЕЛ. Кирија: 76.600 денари месечно. Договор за доделување право и издавање на одобрение за поставување на урбана опрема за вршење на угостителска дејност на кејот на реката Вардар број 08-1257/1 од 21.03.2012 година. Анекс договор број 1 кон основниот договор број 08-1257/1 од 29.07.2013 година. Анекс договор број 2 кон основниот договор број 08-1257/2 од 31.01.2014 година. Анекс договор број 3 кон основниот договор број 08-1257/3 од 20.06.2014 година. Договор за давање на согласност и доделување на право и издавање на одобрение за поставување на урбана опрема за вршење на угостителска дејност на кејот на реката Вардар број 08-4830/1 од 11.07.2014 година. Анекс договор број 4 кон основниот договор број 08-1257/4 од 06.12.2016 година. Брод кај Градски трговски центар Рок на користење: 20 години од денот со почнување со работа. Корисник: „Воденица ОНЕ ТП“ Кирија: 35.990 денари месечно. Договор за доделување право и издавање на одобрение за поставување на урбана опрема за вршење на угостителска дејност на кејот на реката Вардар број 08-5112/1 од 06.12.2012 година. Анекс договор број 1 кон основниот договор број 08-2012/1 од 19.02.2015 година. Анекс договор број 2 кон основниот договор број 08-5112/2 од 28.07.2015 година. Брод кај Холидеј ин Рок на користење: 10 години од денот со почнување со работа. Корисник: Фаланга ДИМ ДООЕЛ, сменето во „ИНТЕК МАК“, сменето во „СЕРВИС АД“. Кирија: 64.999 денари месечно. Договор за доделување право и издавање на одобрение за поставување на урбана опрема за вршење на угостителска дејност на кејот на реката Вардар број 08-1258/1 од 21.03.2012 година. Анекс договор број 1 кон основниот договор број 08-1258/2 од 29.07.2013 година. Анекс договор број 2 кон основниот договор број 08-1258/3 од 09.09.2014 година. Анекс договор број 3 кон основниот договор број 08-6745/3 од 03.09.2015 година. Анекс договор број 4 кон основниот договор број 08-2263/3 од 31.08.2016 година. Анекс договор број 4 кон основниот договор број 08-1258/5 од 01.02.2017 година. Градоначалникот Петре Шилегов во првите месеци откако дојде на градоначалничката функција на прес-конференции, во интервјуа и изјави за медиуми, велеше дека ќе ги отстрани бродовите во Вардар бидејќи претставуваат опасност. „Наредив да започне постапка за дислоцирање на галиите. Во тек се постапките. Како ќе бидат созреани одлуките за носење, така ќе бидат објавени“, рече градоначалникот Петре Шилегов на прес-конференција на кејот на Вардар пред една од галиите на 7 февруари 2018, два месеца откако ја презеде градоначалничката функција. Но, од ваквите изјави на Шилегов кои на големо ги даваше на почетокот на неговиот мандат, не се оствари ништо. Бродовите сѐ уште се во Вардар и тешко дека ќе бидат отстранети бидејќи Градот нема пари. Шилегов сега вели ако Градот ги отстрани бродовите и при тоа ги обештети сопствениците, тоа би го чинело околу 6 милиони евра. Тоа се многу пари кои Град Скопје ги нема, па затоа се преговара со сопствениците сами да се откажат од објектите. Едната галија што е кај градилиштето на мостот не може да биде отстранета, сега не работи поради градежните работи за мостот. Тој многу бргу ќе биде пуштен во употреба и ќе мора да стапат во определна дејност. Останува да видиме дали ќе почнат со работа. За првата галија кај ‘Холидеј ин‘ со сопствениците сме во завршна фаза на разговори и договори. Можно е многу бргу да биде дислоцирана. Може да се случи оваа година две од трите галии да бидат дислоцирани. Сега за сега, не можеме да се договориме со сопственикот на третата галија ‘Воденица‘“, вели Шилегов. Речиси ист одговор дека галиите наскоро ќе се отстранат градоначалникот Шилегов даде за САКАМДАКАЖАМ.МК и на 22 декември 2018, велејќи „очекуваме дека во блиска иднина ќе можеме да зборуваме за отстранување на две галии. Можно е едниот брод да биде отстранет и до крајот на оваа година“. Трите бродови во Вардар заедно со пешачките мостови претставуваат опасност реката да се излее при пообилни дождови бидејќи тие се еден вид препрека во коритото. Ова го покажува студијата за намалување на ризикот од поплави која ја изготви УНДП заедно со Град Скопје и Центарот за управување со кризи. Во студијата се вели дека бродовите за третина ја намалиле проточноста на реката и дека во Вардар не треба да се градат насипи, прегради и други објекти. „Регулираното речно корито на Вардар низ централното подрачје, во текот на изминатите неколку години е предмет на архитектонски промени. По 2010 година, изградени се два нови пешачки моста, а еден мост со панорамско тркало е сè уште во градба. Исто така, измените вклучуваат изградба на три статични бродови во речното корито, наменети за разонода. Со оглед на тоа, моменталната состојба на речното корито на Вардар во Скопје е видливо изменета од проектните параметри, главно поради големите количини на нанос депониран во речното корито и инфраструктурата што зазема дел од попречниот профил“, стои и во студијата. Во декември 2017, Вардар во центарот на градот се излеа од малото корито по еден ден дожд. А. АНТЕВСКА https://sdk.mk/index.php/sakam-zeleno/galiite-vo-vardar-ke-ostanat-do-2035-gradot-nema-6-milioni-evra-za-da-gi-ostrani-iako-protochnosta-na-vardar-e-namalena-za-tretina/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Фонтаните во Вардар не се во функција, а стои инсталацијата…
Тие се во дефект. Веќе се работи интензивно на отстранување на фундаментите што беа поставени за панорамското тркало, како и на околните диви острови што сега се наоѓаат околу фонтаните што не ги опслужуваат. Така што нема да останат, нефункционални се. Треба да ја отстраниме целата таа инсталација. целото интервју со Шилегов тука https://nezavisen.mk/shilegov-za-nezavisen-skopje-kje-se-shiri-na-sever/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
А да стават пред влез на Скопје? Чисто и градот убав да е малку поубав. Одлично!
![]() |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1011121314 20> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |