![]() |
![]() |
![]() |
Привремени и напуштени објекти |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 11121314> |
Author | |||||||||||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
||||||||||
Почна чистката на трафиките во Аеродром
![]() Сопствениците на сите привремени објекти во Аеродром деновиве добиле решенија од Општината во рок од 15 дена да ги отстранат своите трафики од локациите каде што се поставени. Вакви решенија добиле сите сопственици на киосци, без разлика дали ги потпишале новите договори за закуп со Општината. Тие се револтирани од, како што велат, нехуманиот однос на Општината, која ги брка на улица во период додека чекаат Уставниот суд да реши за нивната жалба на новите правила за поставување трафики во Аеродром. - Добивме решенија за селење на киосците што досега ги користевме. Мораме да се иселиме во рок од 15 дена, иако ги поседуваме сите документи. Тие ни се издадени во различни периоди, но сепак во нив експлицитно е потенцирано дека киосците се привремени објекти кои остануваат на таа и таа локација се до реализација на детаљниот урбанистички план, а не додека на некој не му текне да си донесе одлука за поставување нов киоск на нашите места, ама со друга боја - вели еден од сопствениците на киосци. Граѓаните, кои со години работат во киосците, велат дека околу 200 луѓе, односно 50 фамилии ќе останат без основни приходи, поради неразумната одлука на Советот на Општина Аеродром. - Ни велат да се жалиме до Министерството за транспорт и врски, но ние знаеме дека и таму се нивни луѓе, па кое фајде од такво нешто. Веројатно нашите права ќе ги бараме на суд, но знаеме дека додека процесот заврши, ќе поминат години. И ако излеземе во право, обесштетувањето нема да го плати градоначалникот Ивица Коневски или советниците од свој џеб, туку ќе плати Општината со парите на граѓаните - велат револтираните граѓани. Општина Аеродром неодамна најави дека ќе ја спроведе одлуката за поставување привремени објекти, според која сите трафики ќе бидат со унифициран изглед. Целта била да се стави ред во оваа област и да се разубави општината. Тие во новите договори за изнајмување на трафиките на сопствениците им бараат по 400 евра месечно за кирија. Од општината, кога ја носеа одлуката се пожалија и дека голем дел од сопствениците со години не плаќале закуп, оти работите не биле до крај регулирани. Сепак, останува нејасно што ако навистина сите трафики во Аеродром бидат отстранети во следниве две недели. Општината не објасни каде граѓаните ќе купуваат списанија, цигари и дребулии додека не се изработат новите киосци. Во Општината велат дека нема да отстранат ниту еден привремен објект се' додека не се испочитуваат сите законски рокови за жалба. - На територијата на Аеродром има околу 50 трафики, а близу половина од нив ги потпишаа новите договори за закуп. Општина Аеродром донесе решенија за отстранување на привремените објекти, но не само на оние што не ги потпишуваат договорите за закуп, туку на сите, бидејќи старите решенија за поставување подолго време им се истечени - велат од одделението за односи со јавноста. Според одлуката на Аеродром, новите киосци ќе имаат површина од 8 квадратни метри. Општината го утврди нивниот изглед, а сопствениците што потпишале договор за закуп треба самите да ги изработат на сопствен трошок. Поради оваа одлука и скапата кирија тие во минатиот месец излегоа и на протест. |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
||||||||||
Високата закупнина ќе го остави Аеродром без трафики?!Корисниците на трафики досега плаќале најмногу 30.000 денари годишно, а според новата одлука треба да даваат од 400 до 800 евра месечно, односно 50 евра по квадрат, плус 14.000 евра за нов киоск
Последната одлука на советот на општината Аеродром за зголемување на киријата за времените објекти, односно за трафиките што се наоѓаат на нејзино подрачје, ги револтира сегашните кираџии. Покрај ова, постојните трафики ќе се менуваат со новодизајнирани, за што закупувачите на киосците ќе треба на општината да и платат по 14.000 евра. Закупувачите велат дека досега плаќале најмногу 30.000 денари годишно, а според новата одлука треба да даваат од 400 до 800 евра месечно, односно 50 евра од квадратен метар. Неможејќи да ги прифатат новите услови за работа што им ги понуди општината, сопствениците организираат и протести пред општинската зграда. Како што нé информираа претставниците на трафикантите, договорите за новите услови на изнајмување се подготвени на 12 април, а одлуката на советот е донесена еден ден подоцна. Некои од нив во времените објекти работат веќе 25 години. Во тоа време изгледот на трафиките во градот, а и во тогашната општина Кисела Вода, од која неодамна се одвои Аеродром, беа унифицирани во зелена боја, а производство на фирмата „Полипласт Струга“. За закупнината велат дека според сите законски прописи би требало да плаќаат од 8 до 15 евра за квадрат, колку што изнесува и цената за поставување урбана опрема во градот. Истовремено, сметаат дека со оваа одлука се повредени и Законот за градење, како и одлуката на градот за поставување опрема како што се и трафиките.
- Повеќе не знаеме што да правиме, испративме претставки до сите надлежни и ненадлежни институции и сега чекаме одговори. До Министерството за транспорт и врски испративме и писмо со наш предлог како овој проблем да се реши побезболно за сите. Киосците се на државно земјиште, па закупнина за користење на трафиките би требало да плаќаме не само на општината, туку и на градот- објаснуваа претставниците. Во писмото испратено до Министерството за транспорт и врски се вели дека сегашните закупувачи сакаат да ги продолжат договорите склучени со оваа институција, практика каква што постоеше до 2005 година. Дуќанџиите додаваат дека уште пред пет години барале им се продолжат договорите, но дека тогаш и општината Кисела Вода, па и градот и Министерството за транспорт се прогласиле како ненадлежни за целата ситуација. - Се согласуваме ако треба и ретроактивно да си ги платиме заостанатите кирии, па дури и да ги пребојуваме трафиките, но сé друго е тотално неприфатливо. Од овие трафики живеат многу семејства, а ако ни ги срушат сите ќе завршиме во Бирото за вработување. Дури и да се сложиме да плаќаме закупнина од 50 евра за квадрат, пак нема да можеме да се прехраниме затоа што во трафиките се продаваат производи од кои баш и нема некоја голема заработка. Многумина од нас нема да ги потпишат новите договори за закуп, но има и такви кои како партиски војници и послушници ќе потпишат - ни изјавија претставниците на закупците на трафики од Аеродром. Од општината велат дека веќе се потпишани дваесетина договори, а најверојатно ќе следат и нови. Според најновата одлука на советот на општината Аеродром, за закуп на трафика ќе се плаќа 50 евра за квадратен метар со ДДВ, а новите киосци треба да се постават до средината на идната година. |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||
Новите киосци отворија стари макиИзградбата на новите киосци во Аеродром ќе чини од 9.000 до 14.000 евра.09:00 | 16.04.2010 | Автор: Шпиц
фирма, туку ќе можат самостојно да ги изработат според
проект од општината. кирија од 200
евра. Како е можно тоа? - прашуваат револтираните трафиканти. |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
||||||||||
Новата кирија за трафиките во Аеродром пред Уставен
|
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
||||||||||
Трафиките станаа луксузОпштина Аеродром им нареди на трафикантите да направат нови унифицирани трафики и им ги зголеми кириите20:00 | 01.04.2010 | Автор: Шпиц
Сопствениците на трафиките во општина Аеродром имаат два месеца да ги урнат постојните објекти и на нивно место да постават нови унифицирани за кои треба самите да платат. Покрај тоа, на општината месечно треба да и плаќаат кирија од 50 евра по квадратен метар за земјиштето. Така, месечно ќе им дојде кирија од 400 до 600 евра. Ова досега се регулирало на годишно ниво и изнесувало околу 21. 000 денари.
Револтираните сопственици вчера се собраа пред општинската зграда. - Нема никаква потреба да се унифицираат повторно објектите кога веќе се такви. Пред дваесетина години добивме локации и според тогашниот договор купивме и поставивме објекти од фирмата „Плопласт“ од Струга. Сами плативме за инфраструктурата и со години плаќаме нормален надоместок за земјиштето. Ова е апсурдно, не може за користење земја да се плаќа месечно, тоа секогаш се регулирало годишно - вели Борис Димитров, сопственик на трафика. Според градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, трафиките 10 години работат со нерегулиран статус зашто договорите им истекле. - Киосците на главните булевари ќе треба да плаќаат 400 евра, додека тие на споредните улици по 200 евра закупнина за месец. Сакаме на сегашните корисници да им дадеме предност и да склучиме договор со нив, но ако некому не му одговара цената, тогаш општината ќе издаде оглас за киосците за кои веќе постојат заинтересирани - рече Коневски. Засегнатите велат дека одлуката на Советот на општината е противуставна бидејќи земјиштето на кое се поставени трафиките е државно, а не општинско. Сопствениците треба до 9 април да се изјаснат дали се согласуваат со новите услови. - Ова навистина е нечесна игра и веројатно се оди кон тоа да се откажеме од објектите за да ги земе некој друг. Дури ни бараат да плаќаме кирија два месеца однапред. Ова ни е велигденската честитка од нашиот градоначалник - гневно вели една сопственичка. Од оваа дејност егзистираат над 170 семејства. Edited by SkyBoy - 07-Apr-2010 at 23:46 |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||||||||
Која е гаранцијата дека новиот градоначелник за 2-3-4 години нема да му текне да прави нов унифициран дизајн? Значи ќе повторам, унифициран дизајн ДА, но како дел од еден сеопфатен план за подигање на стандардите во градов а не како дел од некакви ад хок решенија на локалните моќници за да го полнат буџетот.
Инаку ниту мене не ми се јасни математиките, верувам дека за 400ЕУР месечно може да се земе локал еден дуќан во Бисер или околината со површина на трафика и без никакви дополнителни инвестиции да се продолжи бизнисот без човек да го боли глава од бистрите идеи на локалната администрација. |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
||||||||||
ама овака стварно е смешно и луѓево се во право.
1.Општината решава да ги смени киосците (океј)
2.Трговциве треба да си платат изработка (и ваљда со самото тоа преоѓаат во нивна трајна сопственост)
3. Да плаќаат кирија (добро, ваљда за местото)
4.На користење од 2 години (!?) не разбирам што е со двеве години и што после нив?
Па зар е можно да си платил све и после 2 години, не ти го продолжуваат договорот и доаѓа друг место тебе да го работи објектот, а ти си лупнал 10.000 евра, кои сите понатаму (нови сопственици на секои 2 години кога би се менувале на пр.) не би плаќале.
![]() Па чекај ако е за 2 години тогаш зашто ја плаќаат изработката, нека ги плати општината, нека бидат во нејзина сопственост, а трговците нека плаќаат партиципација за користење на објектите, како што е киријата. Па макар бил тој износ додаден на тие 400. Не контам, не сум запознаен, коментирам на база на статијава (ама и нов е проблемов), ама најдискутабилен ми е временскиот рок 2 години.
Ова му доаѓа као ти градиш куќа со твои средства, живееш 2 години у нејзе и после ти си одиш, а во неа доаѓа да живее некој друг.
![]() |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||||||||
Јас сум апсолутно ЗА типизација на времените објекти во Скопје но во ситуација кога секојдневно се измислуваат комбинации од овој тип за да мрзливите административци ги полнат своите каси, воопшто не го подржувам проектов.
Ајде да видиме некаков план од Општина Аеродром, една мапа на кои позиции се поставени времените објекти, кои се параметрите според кои се одредени локациите, каков е типизираниот киоск, имало ли конкурс за ова итн... На сајтот освен баналните вести од типот дека имало маскенбал на 1 април ![]() |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
||||||||||
Протест против новите киосци во Аеродром Сопствениците не сакаат да платат 10.000 евра за изработка на нов киоск и 400 евра месечна кирија без ДДВ, оти тоа е прескапо за нив, а немаат доверба во Општината, оти им нуди договори во времетраење од само две години Сопствениците на трафиките и на другите привремени објекти поставени на територијата на Аеродром вчера протестираа пред општинската зграда против одлуката на Советот која ги задолжува на свој трошок да набават нови типизирани киосци и за нив да плаќаат и до 400 евра месечна кирија без ДДВ. Марија Тасев |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||
|
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||
|
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||||||||
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81891031262&id=14&prilog=0&setIzdanie=21766 |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||
Некои градови низ свет па воопшто ги изоставаат трафиките како опција. Прават гужва голема, едноставно трн у здрава нога и тотално непотребна глупост. Обично тоа многу решно се дешава низ свет, а и скопје им апредиспозииции, односно се практикува деловниот простор во зградите доле. Е сега проблем кај нас е пречката поради која во станбена зграда со деловен простор доле неможе да се одобри работно време за 24ч.
Не сум точно сигурен, но мислам дека во Париз се отстранети трафиките и се оставаат само едни многу мали трафики во кои исклучиво се продава цигари, со тоа што сигарите се забранети за продажба во редовни колонијали и продавници туку исклучиво во ваквите трафики. едноставно автомати за цигари со човек во нив. И толку од трафики. Локацијата за трафика е привилегија, а не право! И да се спуштат на земја малку сопствениците зашто не се во право. Па уште види, пак ќе спомнам, барале нив општината да им докажува дека ќе го спроведад ДУП-от. Не се они ниту суд, ниту инспектори ниту ревизија. Да се спаковаат додека се уште на добра воља од општина. |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
Dave Gahan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
![]() ![]() |
||||||||||
Добра идеја. Нешто слично сакавме да напраиме уште додека бевме на факултет, со неколку колеги, поточно сакавме да направиме некој дизајн, униформиран, модуларен во кој што ќе влезат трафиките и автобуските постројки, со тоа што денес ова поинаку го гледам. Тогаш дури и размислувавме пр. да имаат и скараџилниците (спикани во трафики) да имаат униформиран оџак и сл., ама кога поубаво ќе се изанализира, прво што е погрешно е што се дозволува во овие објекти да се продава што ќе им текне на сопствениците, а се знае дека тие со својот капацитет тоа не можат да го поднесат (само како пример ќе земам една такозвана „скара на кило“ во моја близина што праеше крш во едно време и се чекаше ред за маса, а во исто време немаше wc). Прво треба да се ограничи една листа на производи што би можело да се продаваат во овие објекти, нешто што се користи кратко (марамчиња, цигари, мастики, весници...) и да се забрани продажба на пиперки, пиво или шампони. Тоа што е посебно важно е тоа што овие објекти не смее да имаат голема димензија во однос на ширината на тротоарот и поради тоа што влегуваат во уличниот профил треба прецизно да се одредат локации (проширени делови од улицата, дел од коридорот каде што е зеленило и сл.) каде што може да се постават. Сега сме навикнати да бидат нараснати по ширината на целиот тротоар и да мора како пешаци да се движиме по улица, што е тотално безвезе и никаде во светот не може да се сретне. Ова е случај и со едни понови автобуски постројки што се заградени од сите страни и што зафаќаат 80% од ширината на тротоарот. Може звучи носталгично, ама со старите скопски трафики и автобуски станици имаше ред. Требаше да се задржи концептот, а да се обноват објектите кои беа застарени... А за овие од Илинденска, мислам дека сега се поравнува сметката. Во еден период беа главен снабдувач на малолетници со алкохол во летниот период во паркот, па и не ми е толку жал, а и без тоа изгледаа катастрофално на влезот во паркот... |
|||||||||||
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
||||||||||
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=58&PID=44823#44823 оваа вест ме натера да размислувам како утсвари треба да изгледаат и каде да се постават ваквите објекти (трафики). Мислам дека град како Скопје треба да пропише критериум како треба тие да изгледаат и да се инсистира на нивна униформност. Друго со план точно треба да се знае каде смее да има вакви трафики, дури и не би ги нарекол времени објекти бидејќи на некои локации каде што е целосно изграден ГУП (како на пример Бул.Јане Сандански), со убаво планирање, изглед и дозвола до колку метри околу секоја од нив смее да користи, не гледам причина таквите објекти да не бидат и трајни. Проблемот со неуниформноста на трафиките, нивните договори и надокнади кои тие ги плаќаат на градот сметам дека се исто така нетранспарентни. Дали на пример Тобако во аеродром плаќа за целиот простор кој го користи? Инаку се согласувам со акцијата, доколку е планирана сообраќајница, и ваквите објекти сметаат, сепак и да се трајни треба да се отстранат, а понатака сопствениците нека се расправаат дали треба или не да бидат обесштетени. Па во случајот со Водњанска и траен објект прави повеќе од 10 години вистинска тортура на цело Скопје и пошироко имајќи во предвид колку е фрекфентна Водњанска. Edited by Cloverstack - 11-Aug-2009 at 23:23 |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||
|
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
46&2 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Jan-2008 Location: Куманово Online Status: Offline Posts: 347 |
![]() ![]() |
||||||||||
41°59'29.50"N
21°25'21.80"E
|
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
||||||||||
znae li nekoj kade e tocno lokacijata??
|
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||
|
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
zpp ![]() Newbiе ![]() Joined: 25-Feb-2009 Location: zaerodrom Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||||||
jas ziveam vo zgradite kaj mavrovo,i mislam krajno vreme bese da se resi najgrdata slika na aerodrom. za toa mesto mislam deka se predvideni fudbalski,teniski igralista kako i izgradba na diskoteki(ne sum siguren).
|
|||||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 11121314> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |