Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2601 Posted: 12-Nov-2009 at 16:52 |
Повеќето од овие конкретни кружни текови се на локации кои не се крај на свет, а некои можат да се покажат и релативно успешни. Но според образложувањата (бајките) што се кажуваат веќе долго време, опасна е тенденцијата. Е сега за прв пат слушам нешто вакво, каде значително се ублажува еден од негативните аспекти на таа тенденција (под бајпас решенија се надевам подразбираат превземање на мерки во меѓувреме, додека ги спремаат големите проекти кои ќе дадат вистински и долгорочни решенија):
Ова е уште една мерка со
која Градот, поради недостиг од пари за изградба на градските булевари,
планира да го ублажи горливиот проблем со сообраќајот. Покрај кружните
текови, како бај-пас сообраќајни решенија се планираат проширувања на
неколку улици и воспоставување зелен бран на 36 раскрсници. |
Но сепак далеку сме од таква идила. Не само што за тие големи проекти
во пракса има само фарбање, а никакви конкретни чекори (освен некои кои
од коруптивни побуди се залагаат за нивно бришење), туку дури и овие
„бајпас“ решенија се одвиваат смешно бавно:
Почетокот треба да се очекува од наредната буџетска година, а проектот
ќе се реализира до крајот на мандатот на градоначалникот Коце
Трајановски - велат градските власти. |
Всушност, од текстовите е јасно дека се уште немаат ни проекти, а да ве потсетам, истиве кружни текови не се нова идеја, туку ги најавуваше и Трифун во текот на неговиео мандат: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96&PID=11651#11651Па нормално е човек да се запраша колку години се спрема проект за вакви банални работи, колку после треба да чекаме да се реализираат, и конечно, дали додека овие прават „бајпас“ решенија, некои поспособни и поодговорни за истото време немаше да ги направат конечните решенија од примарната сообраќајна мрежа? Исто така следниве „мудрости“ не оставаат простор за лагодност дека кампањава за кружни текови на ангро и други импровизации се води според вистински сообраќајни анализи:
Многу од сообраќајните експерти сметаат дека естетиката е важен фактор
за кружните текови, кои се поинтересни од обичните раскрсници. |
Во
главниот град се' уште нема кружни текови на местата каде што се
вкрстуваат булеварите и другите улици со поголем обем на сообраќај,
туку ги има само низ населбите. |
-------------------------------------------------------------------------- Во Ѓорче Петров се до толку испомешани работите што доколку човек
разлиста поназад во нишкава, не знае дали се работи за 3-4 различни
кружни текови, или се работи за 1 кружен тек (овде: 42° 0'35.75"N
21°21'40.79"E ) кој што надлежните и новинарите го „поместуваат“ на
кого како ќе му текне. Токму наведениот веројатно прави највеќе логика од сите со кои досега се шпекулираше, а оној што го измисли Сокол Митревски за пред СП Планет е тотална будалаштина.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2602 Posted: 12-Nov-2009 at 16:36 |
Turbo roundabouts
The basic shape of the Dutch turbo roundabout
In the Netherlands, a relatively new type of roundabout is built
increasingly often. It provides a forced spiralling flow of traffic,
thus requiring motorists to choose their direction before entering the
roundabout. By eliminating many conflicting paths and choices on the
roundabout itself, traffic safety is increased, as well as speed, and
as a result, capacity. A turbo roundabout does not allow traveling a
full circle.
Several variations of the turbo roundabout exist. The basic turbo
roundabout shape is designed for where a major road crosses a road with
less traffic.
Turbo roundabouts are typically built with raised lane separators.
Cheaper implementations with only road markings exist, but hurt the
efficiency (regarding safety, speed and capacity) of the design by
enabling users to cheat the system.
According to micro-simulation, a two-lane roundabout with free right
turns should offer 12-20% greater traffic flow than a conventional,
three-lane roundabout of the same size. The reason offered by authors
Ir. Isaak Yperman and Prof. Ir. Ben Immers is that there is less
weaving in a turbo, making entering and exiting more predictable.
Because there are only ten points of conflict (compared with 16 for a
conventional roundabout, or 64 with a traffic signal), it is expected
that these new designs will be safer, as well. At least 15 have been
built in the Netherlands, while many turbos (or similar, lane splitting
designs) can be found in southeast Asia.[23]
Multi-lane roundabouts in the United States are typically required to be striped with spiral markings,[24]
as most states follow the federal Manual on Uniform Traffic Control
Devices or develop a state-level manual subject to the approval of the
federal government.  Wikipedia |
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#2603 Posted: 11-Nov-2009 at 20:05 |
Семафори тука не се решение. Тие се само притисок, значи ако има гужва тогаш таа ќе излезе на виделина со семафори. Ова решение е одлично. Барем како замена за било кое друго односно надвозник или подвозник кога би се изградил урбан Автопат односно целосно Јужен Булевар.
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2604 Posted: 11-Nov-2009 at 12:56 |
Приштинскиот е друга работа. Тамо функцинори слично на дијамант.Главната магистрала се одвојува на едно ниво,а другите 3+ улици во кружен тек на второ ниво. Овдека нема катови, све си е на едно ниво.
Инаку ова решение што го смислиле не само што не одговара, него мене вака ми изгледа дека не одговара дури и повеќе од обичен кружен тек. Може јасно да се приметат двете конфликтни точки што се создаваат долж МХЈ. Добро, воопшто некој го симулирал ли ова на компјутер. Знаат ли воопшто колку доток и проток на возила има од/кон сите насоки?! Знаат ли воопшто по каква временска распределба надоаѓаат возилата?! Јас не видов ниту еден парамтар да излезе макар во некој спикан извештај на некој веб. Знаеме сите дека лекот е јужен тука, но еве и да прогледаме низ прсти и да се сложиме на некои привремено вакви решенија крпеници по постојните улици, што делумно ќе ја премости гужвата додека изградиме градски булевари. Ама пак неможам да смислам зашто токму ова решение?! Освен аргументот дека ќе изгледа атрактивно!
Edited by lslcrew - 11-Nov-2009 at 12:58
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#2605 Posted: 11-Nov-2009 at 12:32 |
skicava mi lici kako pristinskiot kruzen tek
znaci ovde ke bide kruzniot tek so kat
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2606 Posted: 11-Nov-2009 at 12:21 |
Осум раскрсници ќе станат кружни тековиОд градот
велат дека најспецифична е крстосницата кај Католичката црква, која ќе биде првиот
турбокружен тек, така што со смалување на големината, насоката
и на влегувањето на возилата ќе се зголемат брзината и ефикасноста
Со
изградба на повеќе кружни текови во Скопје би се регулирал сообраќајот
и би се овозможил поголем проток на возила, без застој, сметаат
сообраќајните експерти од градската управа. Според нив, на тој начин ќе
се избегне употребата на семафорите, а раскрсниците ќе добијат
поатрактивен изглед.
Од секторот за сообраќај во градот досега изработиле седум идејни
решенија за кружни раскрсници, кои чекаат на ред да се реализираат, а
осмото е во финална фаза на идејно проектирање. Прва на ред ќе биде
крстосницата меѓу улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и Мито
Хаџивасилев Јасмин кај Католичката црква, која возачите ја сметаат за
една од најопасните во градот. Слични сообраќајни решенија се планирани
и на улицата 4 Јули со булеварот Партизанска во населбата Ѓорче Петров,
потоа на улиците 16-та Македонска бригада со Коце Металец во населбата
Железара, на булеварот Босна и Херцеговина со улицата Александар
Урдаревски во населбата Бутел, на Втора македонска бригада со улицата
Лазо Трповски и со улицата Кемал Сејфула во населбата Чаир, како и на
улицата 808 кај Бригадата за противпожарна заштита. При крај е и
изработката на идејното решение за улицата Никола Карев со булеварот
Трета македонска бригада.
Од градот велат дека најспецифицна е крстосницата кај Католичката
црква, која ќе биде првиот турбокружен тек, така што со смалување на
големината, насоката и на влегувањето на возилата ќе се зголемат
брзината и ефикасноста во кружниот тек.
- Приоритет за следниот период ќе бидат кружните текови кај Католичката
црква, кој може да се реализира идната година, како и на улицата 4-ти
Јули, на улицата 16-та македонска бригада со улицата Коце Металец и
кружниот тек на улицата Никола Карев со булеварот Трета македонска
бригада. Ова се идејни решенија кои ќе зависат и од проширувањата на
некои сообраќајници. Откако ќе се изработат изведбените проекти, ќе се
знае и финансиската конструкција за нивната реализација - објаснуваат
од градот.
Оттаму додаваат дека реализацијата на кружните текови ќе почнеидната
година, па до крајот на мандатот на градоначалникот Коце Трајановски.
Според експертите, не може на секоја крстосница да се изгради кружен
тек, бидејќи најважна е широчината на раскрсниците, како и бројот на
возила што доаѓаат од сите насоки. Ако има поголем прилив на возила од
сите страни, тогаш моделот на кружен тек е прифатив.
Многу од сообраќајните експерти сметаат дека естетиката е важен фактор
за кружните текови, кои се поинтересни од обичните раскрсници. Кружни
крстосници може да се применуваат и на места каде има потреба за
забавување на сообраќајот, а мора да се најде и решение за движењето на
пешаците, како и можноста за слевање на атмосферските води.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111191025551&id=14&prilog=0&setIzdanie=21834 |
Браво за Нова Македонија со скициве!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2607 Posted: 11-Nov-2009 at 01:59 |
Осум кружни крстосници за помал метеж
 Најголем број од идните кружни текови ќе бидат во населбите Бутел и Чаир, а приоритет за градските власти ќе биде изградбата на т.н. турборакрсница кај Католичката црква, на улицата Теодосиј Гологанов
Градските власти наредниве три години ќе изградат осум кружни
раскрсници за да се намали сообраќајниот метеж во градот. Тие веќе
подготвиле седум идејни решенија за вакви раскрсници, а осмата е во
крајна фаза на идејно проектирање.
Ова е уште една мерка со
која Градот, поради недостиг од пари за изградба на градските булевари,
планира да го ублажи горливиот проблем со сообраќајот. Покрај кружните
текови, како бај-пас сообраќајни решенија се планираат проширувања на
неколку улици и воспоставување зелен бран на 36 раскрсници.
Во
главниот град се' уште нема кружни текови на местата каде што се
вкрстуваат булеварите и другите улици со поголем обем на сообраќај,
туку ги има само низ населбите. Главната придобивка од вакви
сообраќајни решенија е што нема потреба од семафори. Најголем број од
идните кружни текови ќе бидат во населбите Бутел и во Чаир, но, како
што објаснуваат од Градот, приоритет ќе им биде изградбата на т.н.
турбораскрсница кај Католичка црква, на улицата Теодосиј Гологанов.
Таму изминативе години се создава невиден метеж, затоа што раскрсницата
не е регулирана ниту со семафори.
- Веќе се готови идејните
решенија за кружните раскрсници кај Католичката црква, помеѓу улицата 4
Јули и Партизански одреди, помеѓу 16 бригада и Коце Металец, Босна и
Херцеговина и Александар Урдаревски, понатаму, помеѓу Втора македонска
бригада и Лазо Трповски, Втора македонска бригада со Кемал Сејфула,
како и помеѓу 16 бригада и улицата 808. Се привршува со изработката на
идејното решение за вкрстувањето меѓу булеварот Никола Карев и
булеварот Трета македонска бригада - објаснуваат од Службата за односи
со јавноста во Градот Скопје.
Приоритет за градските власти,
односно први ќе почнат да се градат раскрсниците кај Католичката црква,
на улиците 4 Јули и 16 бригада и на булеварот Никола Карев. Сепак, како
што истакнуваат од Градот, ова се идејни решенија, кои зависат и од
реализацијата на проширувањата на некои сообраќајници.
-
Почетокот треба да се очекува од наредната буџетска година, а проектот
ќе се реализира до крајот на мандатот на градоначалникот Коце
Трајановски - велат градските власти.
Од сите овие решенија
најспецифична е раскрсницата кај Католичката црква. Таа ќе биде првата
кружна турбораскрсница во Скопје, каде што со смалување на големината,
насоката и влезот на возилата ќе се зголемуваат брзината и ефикасноста
во кружниот тек.
Сумата што ќе биде потребна за реализација на овие идејни решенија, ќе биде позната по изработката на изведбените проекти.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=942E1A685F6D5E4CBC2F62CEB87520A2 |
Градот ќе гради осум кружни раскрсници

Некои раскрсници зависат од проширувањата на улиците, кои веќе се планирани
Сања Наумовска
Градот Скопје ќе гради осум кружни раскрсници заради олеснување на
сообраќајот на критичните точки во центарот, но и во населбите.
Моментно се изработени седум идејни решенија за кружни раскрсници, а во
тек е изработката и на осмото. Во следната година во буџетот на Градот
ќе се предвидат пари за конечни проекти, со кои ќе се знаат и
потребните финансии за нивна изведба.
Според градските власти,
приоритетни се кружните текови кај Католичката црква, на улицата „4
Јули“ со „Партизанска“ во Ѓорче Петров, на улиците „16 Бригада“ со
„Коце Металец“ во Железара, како и меѓу булеварот „Трета македонска
бригада“ и улицата „Никола Карев“, кај Тутунскиот комбинат, за кој
моментно се подготвува идејната документација.
Голема е
веројатноста, доколку за овие кружни раскрсници се направат проекти,
нивната реализација да почне во текот на следната година, коментираат
од Градот, при што нагласуваат дека, сепак, се' ќе зависи од конечното
прекројување на градскиот буџет, што ќе се случи на седницата на
Советот во декември.
Покрај овие четири локации, Градот има
подготвено идејни решенија и за изградба на кружни текови на улиците
„Босна и Херцеговина“ и „Александар Урдаревски“ во населбата Бутел,
потоа две кружни раскрсници на улицата „Втора македонска бригада“,
едната со улицата „Лазо Трповски“, а втората со улицата „Кемал Сејфула“
во Чаир. Последната кружна раскрсница се планира на пресекот на улиците
„16 Бригада“ со „808“, кај објектите на Пиварница и на „Алкалоид“ во
Автокоманда.
Дел од кружните раскрсници зависат и од
реализацијата на проширувањата на некои сообраќајници, кои се веќе
планирани, поради што почетокот на реализацијата кај нив ќе биде
пролонгиран за некоја друга година, велат од Градот.
„Најспецифична
и веројатно прва на списокот за реализација е раскрсницата кај
Католичката црква, која ќе биде првата турбо кружна раскрсница, кај
која со намалување на големината, насоката и влезот на возилата ќе се
зголемува брзината и ефикасноста во кружниот тек“, објаснуваат од
Градот. http://utrinski.com.mk/?ItemID=AB3A13E6F2CF1D4483F8553824F23BD8 |
Турбо кружен тек - за метежот кај Католичка лек
Приоритет ќе има
и изведбата на кружните сообраќајници: на улицата 4 јули со Партизанска
во Ѓорче Петров, во Железарница на крстосницата на 16 Македонска
бригада со Коце Металец и булеварот Никола Карев со 3 Македонска
бригада (на крајните семафори на Пластичарската улица)
Со
турбокружна крстосница ќе се решава сообраќајниот метеж на крстосницата
кај Католичка црква што се создава поради недефинираното приклучување
на возилата од улиците Мито Хаџивасилев Јасмин кон Митрополит Теодосиј
Гологанов. Од Град Скопје информираат дека проектот има идејна рамка, а
наскоро треба да се изработи и главниот изведбен проект. Сообраќајните
експерти велат дека станува збор за специфична крстосница каде со
смалување на големината, насоката и влезот на возилата ќе се зголеми
брзината и ефикасноста во кружниот тек. - Имаме изготвено седум
идејни решенија за кружни крстосници, а осмата е во финална фаза на
идејно проектирање. До сега, освен за локацијата кај Католичка црква се
направени идејните решенија за повеќе крстосници на територијата на
градов. Кружен тек ќе добие улицата 4 јули со Партизанска, 16
Македонска бригада со Коце Металец, Босна и Херцеговина и Александар
Урдаревски, 2 Македонска бригада со Лазо Трповски, 2 Македонска бригада
со Кемал Сејфула, 16 Македонска бригада со улицата 808. Се привршува со
изработката и на идејното решение за крстосницата меѓу булеварите
Никола Карев и Трета македонска бригада - информираат од Одделението за
односи со јавноста на Град Скопје. Тие велат дека прироритет ќе биде
изведбата на кружните текови кај Католичка црква, на улицата 4 јули со
Партизанска во Ѓорче Петров, во Железара на крстосницата на 16
Македонска бригада со Коце Металец и булеварот Никола Карев со 3
Македонска бригада (на крајните семафори на Пластичарската улица). -
Сепак треба да напоменеме дека се работи за идејни решенија кои зависат
и од реализацијата на проширувањата на некои сообраќајници и затоа
почетокот на реализацијата треба да се очекува во период од наредната
буџетска година па до крајот на мандатот на градоначалникот Коце
Трајановски - појаснуваат од Град Скопје.
Висината на средствата кои се потребни за реализација на овие идејни
решенија, ќе се знае откако ќе се изработат изведбените проекти. Скопскиот
градоначалник најави дека следната година приоритет ќе имаат
сообраќајните проекти кои ќе се реализираат со средства од буџетот, а
ќе се искористи и позитивниот кредитен рејтинг што го има Град Скопје
за кредитно задолжување во некоја од комерцијалните банки.
http://vecer.com.mk/?ItemID=A711EF113AE01048915362663C407A8C |
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#2608 Posted: 07-Nov-2009 at 17:01 |
Добро ај тогаш сите се правиме сообраќајни инженери и експерти подобро да се изгради современа раскрсница отколку ова сега што го имаме и онака со сообраќајниот план не се прекршува ништо тука како што е например проектот со проширување на Јужен булевар отколку негова цела изградба. Плус споменикот на Ѓорче Петров воопшто не го оспорувам ќе делува одлично, противник сум на големиот број на споменици кои ќе никнат на плоштадот но оваа идеја не е лоша, секако според мене.
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#2609 Posted: 07-Nov-2009 at 16:49 |
дури и да ја тргнеме непродуктивноста на кружните текови на страна, самата идеја дека треба да постои кружен тек поради споменик е идиотска
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2610 Posted: 07-Nov-2009 at 16:14 |
@ lslcrew Епа како што пишува во текстов, не се работи за тој кружен тек, туку за кружен тек на оваа локација: 42° 0'25.91"N 21°21'54.98"E @ Supervisor Секогаш даваш бланко и безрезервна подршка за кружни текови, без разлика на локацијата или сообраќајните параметри. И секогаш изостануваат аргументи... За жал по ист терк работат и властите. Кога веќе еднаш ќе разбереме дека за вакви работи треба анализи и докажана оправданост? Кружните текови се специфични сообраќајни решенија кои најчесто се инфериорни во споредба со други, од тоа нема бегање. Ако некој сака да насади кружен тек на вака важна артерија, мене ме интересира сообраќајна студија, а не бладањето на некој општински градоначалник кој ете решил неговата општина да станела „град во град“ и дека кружен тек со споменик во него ќе им помогнел на тој пат
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#2611 Posted: 07-Nov-2009 at 15:55 |
Ми се допаѓа браво кружен тек е потребен конечно да се оттргнеме од семафорите.
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2612 Posted: 07-Nov-2009 at 15:52 |
Чекај малку сеа! Овој нели е тој кружниот тек што требаше да поврзува 5 улици?! Ако е така дека се стварно пет улици, јас друго логично решение не гледам, а и не е некое централно подрачје па да треба до толку да се сатанизира кружен тек.
Нема потреба од толкава дигресија, не верувам, нема шанси да сме до толку отидени да смислуваме кружен тек поради спосменикот што во него треба да смести.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2613 Posted: 07-Nov-2009 at 15:46 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2614 Posted: 07-Nov-2009 at 15:44 |
За споменикот на Ѓорче Петров веќе има постирано вести во адекватната нишка, па оваа ја постирам тука, во контекст на кружниот тек кој очигледно го измислија не поради сообраќајна логика, туку поради споменикот
Сообраќајот ќе кружи околу новиот споменик на Ѓорче Петров |
|
|
Деведесет илјади евра ќе чини проектот што треба да почне да се гради од јануари идната година |
|
|
|
 |
|
Крстосницата
пред трговскиот центар „СП Планет“ во населбата Ѓорче Петров ќе се
претвори во кружен тек, а во средишниот дел ќе се постави новиот
десетметарски споменик на Ѓорче Петров качен на коњ. Овој проект вчера
го претстави Сокол Митровски, градоначалникот на општината, кој нагласи
дека со неговата изработка Скопје ќе добие сосема нов лик, бидејќи
споменикот на револуционерот ќе биде главната порта на градот.
-
Ѓорче Петров има тенденција да прерасне во град во градот. Новиот
споменик што ќе го поставиме во кружниот тек ќе ни помогне во тоа -
рече Митровски.
За проектот ќе се потрошат 90 илјади евра, од
кои 20 илјади обезбеди општината, а останатите Министерството за
култура. Почетокот на градежните работи се очекува да биде означен кон
крајот на јануари идната година.
Десет метри ќе изнесува
вкупната висина на споменикот, од кои три метри отпаѓаат на
постаментот, а останатите седум на коњаничката скулптура, која ќе се
изработи од бронза. Ѓорче Петров ќе биде свртен кон јужната страна,
односно кон планината Водно. На задниот дел ќе го има грбот на
општината. Локалните власти планираат на четирите агли на улиците околу
кружниот тек да направат фонтани на кои со бронзени букви ќе бидат
испишани податоци за Ѓорче Петров. Околу нив ќе има клупи.
Општината ги бара и моштите од Софија
Градоначалникот
Сокол Митровски додаде дека општината правела напори да ги врати
моштите на Ѓорче Петров од Софија и да ги смести во црквата „Свети
Петар и Павле“. Исто така, се ангажирал тим што го испитува точниот
датум на раѓање на револуционерот, за тој ден да се прогласи за празник
на општината, односно веќе да не се одбележува денот на неговото
загинување. |
|
|
|
|
|
Edited by Cloverstack - 07-Nov-2009 at 16:50
|
 |
gorco
Senior Member
Google Maps: Regional Expert
Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
|
Quote Reply
#2615 Posted: 25-Oct-2009 at 13:56 |
Originally posted by pbanks
Во секој случај мислам дека е крајно непродуктивно да бркаме духови стари 40-50 години (ако воопшто ги имало). Да видиме каква е состојбата денеска и што може да направиме за подобро Скопје. Урбаната мафија е уште присутна и уште си ја врши својата работа.
|
Хаха урбаната мафија е топ! Прошетај во Кисела Вода... Дебар Маало во споредба со тоа е рај! За ова другово да да ќе прочитам. Поздрав
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#2616 Posted: 22-Oct-2009 at 14:10 |
Тоа дека планот е отфрлен во целост е во најблага форма кажано, невистина. Контурите на тој план, особено на сообраќајната мрежа за која дискутираш тука се и те како видливи во денешно Скопје со тоа што мрежата не е комплетирана. Главната опасност со која се соочуваме денеска и на која сеуште може да влијаеме е тенденцијата овие клучни коридори за градот да се отстранат, изменат, извитоперат, смалат и што уште не. Дури тогаш црно ќе ни се пишува бидејќи во овој момент шансите за корекции се доста големи. Булеварот за кој ти говориш во горниот пост е всушност оската Јужен Булевар-Крушевска република. Имаме еден тон материјали и дискусија за ова изнапишано во нишката Урбани автопати би ти препорачал да ја разгледаш а и дискусијава може да ја префрлиме токму таму. Во секој случај мислам дека е крајно непродуктивно да бркаме духови стари 40-50 години (ако воопшто ги имало). Да видиме каква е состојбата денеска и што може да направиме за подобро Скопје. Урбаната мафија е уште присутна и уште си ја врши својата работа.
|
 |
gorco
Senior Member
Google Maps: Regional Expert
Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
|
Quote Reply
#2617 Posted: 22-Oct-2009 at 11:59 |
|
 |
gorco
Senior Member
Google Maps: Regional Expert
Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
|
Quote Reply
#2618 Posted: 22-Oct-2009 at 11:58 |
За да среди сообраќајот во Скопје треба многу да се работи. Првин нашиве мангип после земјотресов се напраиле паметни и тотално (скоро во целост) го отфрлиле планот на Кензо Танге кој централното градско подрачје го решил перфектно со сообраќајници, кои доколку денеска беа така направени... бидете сигурни дека Скопје ќе важеше за пример најверојатно во поширокиот регион од кои дури и Атина и Будимпешта земаа пример. еве една од нив   Очигледно е дека ќе имаше поголем проток на сообраќајот и дефинитивно Скопје ќе беше поплански направено. Како што може и да се види на едната слика, булевар ги спојува директно некоја улица која би поминувала од раскрсницата на денешен Тутунски комбинат (низ ОУ Браќа Миладиновци) до почетокот на Мито Хаџивасилев и отттаму до нареднатаа раскрсница со Климент Охридски (ЈНА), преку булевар повторно на Никола Карев (пластичарската). Проклет да е 5:17, 1963, а и оние кои го унаказија градов, посебно урбаната мафија во Дебар Маало и во Кисела Вода.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2619 Posted: 22-Oct-2009 at 11:46 |
Морам да бидам песимист и да кажам дека не ми изгледа дека ќе се направи проектот онака како што е во ГУП. И покрај тоа што пипшува сообраќајница, скептик сум, и највеќе ми изглед адеќа ќе се склопи некоја бекатон патека со безвезен премин. Секптик сум пре се поради тоа што тунелов треба поминува под меѓународна пруга, под неколку други пруги во депото на МЖ, башка за да се изгради тунелов во Кисела Вода треба да се дислоцира цел објект, препумна станица на Водовод што е плус раскопување. Тешко дека некоја општина може сама да изведе вакво нешто, па макар биле и две општини заедно и градот плус. Се работи за ~150тина метри dig&cover, ама цели 150 метри одозгоре треба да бидат прошарани со пруги. Па така да етапно ќе треба да се вадат по неколку пруги, а болна точка ќе биде кога ќе треба меќународната пруга да се преусмерува околу скопје по сообраќаен прстен. Ќе излезе ѓавол ипол скапо. Нормално секако дека би сакал да се направи но скептик сум. А добивката секако дека ќе биде преголема. Голем дел од сообраќајот ќе се преусмери одкај тутунски и од кај бул. србија да иде преку овој премин. А колку што можам да видам во ГУП оваа улица е предвидена како сегашната да биде со две ленти, а простор има да се прошири и да се направи со четири лени!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2620 Posted: 22-Oct-2009 at 11:38 |
Преку тунел под пругата до Кисела Вода
Точната локација каде ќе поминува сообраќајницата ќе се знае кога деталниот план ќе стапи во сила
Ќе
се гради сообраќајница под пругата која ги дели општините Аеродром и
Кисела Вода. Изградбата на подземниот премин е предвидена со деталниот
урбанистички план Индустриска зона Б, кој Советот на Аеродром го
изгласа на последната седница завчера. Каде точно ќе поминува подземната сообраќајница, ќе се знае кога деталниот урбанистички план ќе стапи во сила. Дивиот
железнички премин кај пругата со години е црна точка во населбата.
Преку неа се истапкани патеки, кои редовно ги користат учениците и
локалното население, а покрај неа нема ниту ограда ниту знак или рампа
која ќе се спушта кога доаѓа воз. Иако и Аеродром и Кисела Вода
многупати досега ветуваа дека заеднички ќе го решат проблемот со дивиот
железнички премин, тој сè уште е опасен за поминување.
http://vest.com.mk/?ItemID=C1151EDE2D2C5F47B5BBA4545C094392 |
|
 |