Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2721 Posted: 19-Jun-2009 at 23:19 |
Адитиви за скопскиот асфалт
Сообраќајниците
во иднина ќе се асфалтираат со додаток на природен битумен или на
геокомпозит, смеси кои го подобруваат квалитетот на асфалтот, неговата
стабилност и отпорност на атмосферски влијанија
Скопските
сообраќајници во иднина ќе се асфалтираат со додаток на природен
битумен или на геокомпозит, смеси кои го подобруваат квалитетот на
асфалтот, неговата стабилност и отпорност на атмосферски влијанија.
Пилот-проектот ќе се имплементира на булеварот Кузман Јосифоски-Питу во
должина од 500 метри почнувајќи од булеварот Кочо Рацин до улицата
Никола Карев вклучително и двете крстосници. Според проектот, природен
битумен ќе се употреби на еден коловозна лента а геокомпозит на
другата, така што ќе се следи состојбата на вградениот материјал и оној
адитив кој ќе покаже најдобри карактеристики ќе се употребува за
реконструкција и изградба на останатите сообраќајници.
Природниот битумен тежок 4 тони е донација на Албанија од рудникот
за природен битумен Селеница што се наоѓа во близина на Валона. Оваа
донација вредна две илјади евра беше договорена при неодамнешната
посета на Друштвото за патишта на Република Македонија (ДПМ) на
компанијата Селеница. Станува збор за рудник за природен битумен каде
битуменот се добива од руда со топење, а не со дестилација на нафтата.
Цената на материјалот е независна од цената на нафтата. Се употребува
за избегнување на сите деформации на коловозите, особено деформитетите
кои се јавуваат при високи температури кога на автобуските постојки, на
семафорите и на оние места каде што има поголема фреквенција на
сообраќајот асфалтот се оштетува.
Геокомпозитот, пак е донација на скопската фирма Ерголанд која
одлучила да му подари на Град Скопје материјал кој што се вградува како
слој меѓу асфалтот вреден околу 2000 евра. И оваа смеса ги подобрува
својствата на асфалтот и имаа одлични карактеристики на атмосферски
влијанија.
За двете донации позитивно се изјасни и Советот на Град Скопје кој
ги усвои двете одлуки за примање на донациите кои ќе придонесат за
заштита и унапредување на животната средина.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=0AE4B2FFB129A843A0676DD5ECF6F27D |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#2722 Posted: 19-Jun-2009 at 23:13 |
Не толку смешно бавно како реконструцијата на Гоце Делчев особено проширувањето на раскрсницата кај МТВ.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2723 Posted: 19-Jun-2009 at 23:11 |
Originally posted by pbanks
Не сум поминал таму но сликиве ме изненадуваат. Не дека зафатов е тежок но не личи на нас волку бргу да завршиме проект.
|
Бргу? Пола година за ваков проект е смешно бавно: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96&PID=31097#31097
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#2724 Posted: 19-Jun-2009 at 23:02 |
 Не сум поминал таму но сликиве ме изненадуваат. Не дека зафатов е тежок но не личи на нас волку бргу да завршиме проект.
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#2725 Posted: 19-Jun-2009 at 22:58 |
Денеска се асфалтира проширениот В.С. Бато 1.  2.  3.
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2726 Posted: 19-Jun-2009 at 16:03 |
Пробуричкај наназад по нишкакава, по страите страници ќе јандеш за кружниот тек што го спомнуваа за тука!
|
 |
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#2727 Posted: 19-Jun-2009 at 14:11 |
 Предлог за најдебилна раскрсница во светот. Колку за ориентација, жолтеникавото е католичката црква. 100 мајки на сите досегашни градоначалници, што ја игнорираат! Неизбежна ми е секој ден, па и по неколку пати и секогаш се поминува или со свирење или со тешка пцовка. Можеа барем привремено да стават некакви семафори.
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2728 Posted: 18-Jun-2009 at 13:47 |
Градот прави проект за кружен тек на булевар Македонска војска
Со идејниот
проект, кој во моментов го работат во Градот, треба да се изгради
кружен тек за регулирање на сообраќајот на новоизградената прва делница
од булеварот Македонска војска, но, како што велат градските власти, сe
уште не е прецизирано како ќе се изведе тоа
Жителите
од Ѓорче Петров бараат од градските и општинските власти да стават
семафори на новизградената улица Македонска војска што минува крај
општинскиот парк и која е прва делница од новиот градски булевар во
оваа Општина. Тие велат дека откако лани беше пуштена во употреба,
улицата за кусо време станала многу фреквентна, а бидејќи излегува на
градските улици Ѓорче Петров и 4 Јули сообраќајот мора дополнително да
се регулира со семафори. "Со изградба на улицата буквално добивме
раскрсници, кои мора да се регулираат со семафори за поголема
безбедност во сообраќајот. Вака е многу опасно, бидејќи многу луѓе не
внимаваат и возат брзо, а по улицата Ѓорче Петров со која е поврзана
новата улица минуваат сите што влегуваат и излегуваат од Скопје, па во
одредени делови од денот е вистински хаос на оваа делница", велат
ѓорчевчани. Момо Николовски, портпарол на Општина Ѓорче Петров,
вели дека веќе побарале од Градот да постави семафори на спојот со
улицата Ѓорче Петров и дека од Градот им ветиле дека до средината на
следниот месец ќе се монтира потребната сигнализација, како и дека ќе
градат кружен тек на спојот со улицата 4 Јули. Од секторот за
односи со јавност на Градот велат дека веќе почнале постапка за
регулација на сообраќајниците кај новоизградената улица во Ѓорче
Петров, односно дека работат на идејното решение со кое точно ќе се
определи начинот на вкрстување и регулирање на сообраќајот. "Засега
не можеме прецизно да кажеме дали на едната страна ќе има семафор, а на
другата кружен тек, бидејќи се разгледуваат повеќе можности за
реализација на кружен тек. Од конфигурацијата на теренот и од густината
на сообраќајот ќе се утврди моделот на кружниот тек", велат од
Одделението за односи со јавност на Градот.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=8480D13D31151F48AEC72D252A8898FE |
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#2729 Posted: 17-Jun-2009 at 13:51 |
ај жити све, да сме ставеле кругче на секоја раскрсница зошто било тренд (пази да не е тренд случајно)
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2730 Posted: 17-Jun-2009 at 13:47 |
Текстот е толку конфузен, контрадикторен и нафрлан со се и сешто, што не вреди ни со него да се избрише газот. Го приметив прееска ама намерно не го постирав затоа што преку глава веќе од тоа генеричко срање „Кружен тек за излез од сообраќајниот метеж“ што го акнале и во поднасловот на текстот.
Што има во текстов? Прво новинарот констатира големи сообраќајни гужви во Скопје (патем местата кои се посочени се неприкладни за кружни текови). После по обичај без никаква поткрепа се велича кружниот тек како универзално применливо решение и решение кое има неверојатни предности а никакви недостатоци. Некакви си анонимни експерти наводно посочувале дека кружните текови моментално биле многу „тренди“ и „кул“ во светот, нормално без никаква статистика или поткрепа, ниту дистинкција за тоа на какви места и во какви околности обично се градат. За чудо на момент се наведени некои ограничувачки фактори кои биле посочени од професорот Крстаноски, но понатаму текстот пак почнува да лута за конечно да заврши со нафрлање на релативни и паушални тврдења.
Текстов нема скоро никаква вредност, ама сепак е добар пример за напливот заблуди и илузии што придонесуваат за билдање на нашиот растечки фетиш кон кружните текови. Сообраќајните гужви растат, со тоа расне и нервозата и притисокот да се превземе нешто, а со вакво перење мозок (кое трае веќе неколку години) голем дел од јавноста е убедена дека токму кружните текови ќе ни ги решат проблемите. Ова е како добредојдено за неспособните локални власти кои наместо да се зафатат со крупни зафати во примарната сообраќајна мрежа (вистинското и долгорочно решение), ќе можат да си ги истераат мандатите со мачкање очи, правејќи разноразни импровизации меѓудругото и од ваков тип.
Edited by Cloverstack - 17-Jun-2009 at 13:57
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2731 Posted: 17-Jun-2009 at 13:12 |
Кружниот тек како решение неколку пати го имаме дискутирано тука. Ај ќе се повторам...лично сметам дека не е некое решение, а уште па најмалку да ни се промовира како лек за сите гужви што е крајно ван памет. Естесткиата димензија во инфраструктурата треба да е фактор но онаму какде што има маневарски простор за тоа, а не да биде пресуден фактор. Тоа што во некои држави се практиркува воопшто не треба да ни биде репер туку треба со домашна анализа да си утврдиме каде ни треба и дали има услови. Нормално за повеќе од четири улици е нужно како во Ѓорче или па за оние раскрници каде што и нема многу фреквентен сообраќај па да се избегнат чекање семафори, но воопшто не гледам причина да ова го фаворизираме како лек, а воедно и зашто "убаво изгледало. Инаку прв пат гледам стручно објаснување во весник во врска со кружните текови. досега обично паушални текстови искачале од некои новинари што се прошетале некаде низ свет па ај сега сакам дома, па и не само од новинари него често пати ова сме го слушнале и од доста локални власти. Значи при денени услови греота да не се направи анализа на доточниот и одточниот сообраќај па следствено на анализата да се симулираат сите можни решение па тоа што е најефективно да се примени. Барем денеска греота е при толку софтвер да не го користиме. Ај се надевам со новата студија што се спрема прецизно ќе утврдиме која раскрница каква треба да ни биде и да немаме повеќе бит-пазар клучки.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2732 Posted: 17-Jun-2009 at 13:06 |
ВО СВЕТОТ Е ТРЕНД, КАЈ НАС СЕ ПРИФАЌА БАВНО
Кружен тек за излез од сообраќајниот метеж
Бескрајни
редици автомобили, турканици и нервози на секоја пофреквентна
крстосница се секојдневие за скопјани, кои по половина час и повеќе
патуваат од поблиските населби до центарот на градот. Проблемите со
сообраќајниот хаос не се ниту нови, ниту непознати, но нивното
разрешување со години тапка в место. Најголемиот метеж се случува на
крстосницата на Илинденска, мостот „Гоце Делчев“, кај Судска палата, на
булеварот Свети Климент Охридски, Партизанска, кај Железничка станица,
пред Народна банки, кај Стара рампа во Кисела Вода, на крстосницата кај
„Тутунски комбинат“ и на други локации. Сообраќајните инженери
посочуваат дека денес во светот е тренд крстосниците да се решаваат со
кружен тек. Според нив, кружните текови не предизвикуваат застој и
чекања на семафори, со тоа се намалува и загадувањето на воздухот, но и
потрошувачката на граѓаните кои ги користат автомобилите. - Во одделни
земји, особено во западна Европа, се промовира како добро решение зашто
се елиминира семафоризацијата, а и протекот на возила е поголем. Но
мора да се има предвид дека ваквото решение важи само за определен број
возила. На пример, ако протекот е од 900 до 1.000 возила на час и
притоа на кружниот тек се вкрстува широка улица со три ленти, во таква
ситуација ќе се создаде метеж и ќе мора да се постави семафор “ смета
Никола Крстаноски, професор на отсекот сообраќај и транспорт на
битолскиот Технички факултет. Според него, ваквите решенија треба да се
проектираат внимателно и посебно да се внимава на радиусот на кругот и
приодите. - Ги поддржувам овие решенија затоа што имаат многу
предности, па дури има и истражувања кои покажуваат дека се добри од
визуелен аспект, бидејќи кога ќе се приближат возачите, автоматски ја
намалуваат брзината затоа што мора да свртат, а со тоа се намалува и
опасноста од сообраќајни несреќи. Сообраќајниот дел не е скапа
инвестиција, но проблем кај нас е што немаме катастар за подземните
инсталации, па преместувањето на цевки дополнително чини пари и време “
додава Крстаноски. Последни локации за кои се споменуваше изградба на
кружен тек во градот се крстосницата кај црквата „Светите Петар и
Павле“ во Ѓорче Петров и Католичката црква во Капиштец. Во првиот
случај, каде што се вкрстуваат пет улици, општинските власти најавија
дека е во тек тендер за изработка на идејно решение. За вториот случај,
со смена на власта и доаѓањето на нов градоначалник, се променија и
најавите од почетокот на годинава кога властите велеа дека проектот за
идејно решение е готов, па ќе распишат тендер за основен проект. - Во
програмата на градоначалникот Коце Трајановски е предвиденопроширување
на булеварот Теодосиј Гологанов. Во моментов се подготвуваидејно
решение кое најдобро ќе покаже како треба да се реши проблемот
сорегулацијата на оваа фреквентна сообраќајница “ соопштија од Град
Скопје, без да одговорат јасно дали се откажале од идејата за кружен
тек кај црквата. Кружниот тек како сообраќајно решение се користи и во
Тетово, Охрид, Штип, а надвор од земјава доста се применува во
Словенија, Софија, Белград, Букурешт, Франција, Шпанија, Австрија. Во
арапските земји е особено популарен, како на пример во Египет, каде што
најголем дел од сообраќајниците се решаваат на овој начин. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1733&ArticleID=115877 |
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#2733 Posted: 14-Jun-2009 at 18:02 |
Проектот за
трамвај се уште се еволуира од страна на градоначалникот. Aу и ЕВОЛУЦИЈА на трамвајот ли ќе измислиме?!? ЕвАлуира неписнемни одвратни новинари! Евалуација=оценување, проценка Ова се се радосни вести, заради утнатите проекти на неколку градски администрации по ред, но доаѓаме до точка кога во град како Скопје не се гради ниту еден капитален инфраструктурен објект, што е очајно!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#2734 Posted: 14-Jun-2009 at 16:52 |
Кај нас многу работи се поставени наопаку, па еве и во овој случај треба да се радуваме за кратење на средства и нереализирање на проекти. Бришењето на ставката за претворање на „Гологанов“ во булевар е одлична вест бидејќи тој проект беше импровизаторска крпеница наместо да се гради јужен булевар. Во меѓувреме можеби ќе созрееме и ќе видиме дека со такви работи нема зезање, па еден убав ден можеби ќе го дочекаме и јужен булевар, токму онаков каков што е зацртан во ГУП.
ЌЕ СЕ СКРАТАТ ГРАДСКИТЕ ПАРИ ЗА ГОЛЕМИТЕ ПРОЕКТИ
Трамвај во Скопје, можеби
Средствата
во буџетот на град Скопје предвидени за трамвај, најверојатно, ќе се
намалат за околу 400 милиони денари, односно ќе останат пари само за
ревизија и за консултанти за проектот. Со ребалансот, кој
градоначалникот Коце Трајановски го предложи до советниците за
наредната седница, ставките за трамвајско депо, изградба на шини и
трафостаница, како и за кредити целосно се бришат. Остануваат само 42
милиони денари за проект, ревизија и за консултанти за трамвај.
Вкупниот буџет на Скопје се намалува за околу пет милијарди денари. Од
Град Скопје велат дека не се откажуваат од проектот, но се уште го
разгледуваат како можност. - Ребалансот е направен бидејќи буџетот не
одговара на реалната состојба, туку е предимензиониран. Намалени се
средствата во повеќе ставки кои биле нереално планирани. Проектот за
трамвај се уште се еволуира од страна на градоначалникот. Тој влегува
во ребалансот, но со оглед на тоа што е вклучен и во програмата за
работа за периодот од 2009 до 2011 година, сепак не може да се каже
дека градоначалникот се откажал од него “ вели Неделчо Крстевски,
портпарол во Град Скопје. Меѓу проектите со скратени средства се и
проектите за Илинденска, за која наместо предвидените 120 остануваат 40
милиони денари, плоштадот на кејот Димитар Влахов, поточно околу
црквата „Раѓање на Пресвета Богородица“, реконструкција на улици, а
целосно се бришат ставките за изградба на првата фаза од булеварот
Гологанов и за тротоари. Четирикратно се намалува и сумата за набавка
на опрема за сообраќајници, а ќе се зголемат средствата за клучката
Бит-пазар и за булеварот Гоце Делчев. - Илинденска се наоѓа во
програмата на градоначалникот и ќе се реализира, а овие средства во
буџетот се за проектирање, не за нејзина изведба. За проектите на
градоначалникот немаше изработени изведбени проекти, а и доколку има
нешто, тоа е на база на идеен проект “ вели Крстевски. Во програмата на
Градот за следните три години остануваат проектите за обнова на првиот
и на вториот дел од Градски парк, регулација на Вардар во близина на
изворот Рашче, систем за одведување отпадни води во општина Аеродром и
Центарот за управување и контрола на сообраќајот. Со предлогот на
градоначалникот трошоците за работа на градската администрација, во
делот за снимање на ТВ-емисии и кампањи за промоција на нивната работа,
ќе се намалат. Парите за проектите на „Паркови и зеленило“ за цветни
знамиња, хортикултурниот проект за аквадуктот, уредувањето за новиот
театар и висечките жардиниери на канделабрите се бришат, а се намалува
и сумата за обнова на градското зеленило. Отпаѓаат и реализацијата на
патеката „Виа ферата“ за екстремно планинарење на Матка, уредување на
пештерата Дона Дука во Сарај и за природно-научниот музеј и
спасителната станица во кањонот. Се намалуваат и ставките за изградба и
обнова на Зоолошката градина со буџетски пари. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1730&ArticleID=115650
Edited by Cloverstack - 14-Jun-2009 at 16:53
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#2735 Posted: 10-Jun-2009 at 14:43 |
Еве до каде се стигнати со проширувањето на БУЛ „Видое Смилевски Бато“. Премногу се задржуваат, ова требаше бар пред месец да биде готово. 41°58'52.04"N 21°28'30.16"E 1.  2.  3. 
Edited by La Linea - 10-Jun-2009 at 14:45
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2736 Posted: 05-Jun-2009 at 12:41 |
19.05.2009,
18:58
ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА ТОДОР ЧАНГОВ
УЛИЦАТА ПРЕД ГРАДСКИОТ СТАДИОН СО МЕСЕЦИ ОСТАНУВА РАСКОПАНА
Раскопани дупки, извадени коцки, крпеници… Вака изгледа улицата пред Градскиот стадион на влезот на Градскиот парк.

Уште пред неколку месеци улицата беше раскопана
поради менување на кабли, но по завршувањето на работата никој не најде
време и начин да ја врати барем во првобитната состојба. Ниту оние кои
ја раскопаа, ниту општината. Граѓаните се револтирани. Велат како може
една толку фрекфентна улица да биде оставена во ваква сосотојба.
Наспроти
ова, подобрување во општина Аеродром. Улицата Тодор Чангов која со
години беше заборавена од претходните градоначалници, од денеска добива
нов лик.
Како што посочи и министерот за транспорт и врски и
останатите градоначалници треба да го следат овој пример и да ги
исполнат ветувањата пред граѓаните. http://www.sitel.com.mk/default-mk.asp?ItemID=2379AC727E37104BA17F08D25B27E4BE |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2737 Posted: 03-Jun-2009 at 21:37 |
И повторно објектот на АУТОВУЛЕ си остана тука да прави гужва. Имаме некое нагло свртување на целата улица со цел да се избегне времен објект. Апсолутно нелогична ситуација. Можеби неколку пати наназад низ нишкав ја потенцирам таа точка која е најголемиот трн во потегот од пролече до тутунски. Таа е точката поради која што потегот во голем дел беше со три ленти, дополнително создава непрегелда ситуација зашто како насилно упаѓа на улицата, има стеснуавање на тротоарот, а за дополнително да се изгуби од непрегледност и проодноста на торарот има зленеило ван контрола и котејнер! Никаков тобоган како овој што сега се гради неможа да ги замени четрири прави ленти.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#2738 Posted: 03-Jun-2009 at 21:08 |
Originally posted by zabegan
не гледам некоја посебна потреба од проширување на улицата кон корчагин, ама ако
|
Ко ќе земеш возачка и ко ќе купиш стан таму ќе видиш и те како дека има потреба
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#2739 Posted: 03-Jun-2009 at 20:57 |
не гледам некоја посебна потреба од проширување на улицата кон корчагин, ама ако
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#2740 Posted: 03-Jun-2009 at 20:47 |
 Епа те претркав  1 Вртење од кај Злате кон Корчагин и новоформираното островче  2 Улицата кон Корчагин проширена  3 Новиот тротоар и отстранетите дрвени столбови за телефонија од овој потег. Незнам зошто не ги отстранија дрвените столбови и од ул. Ленинградска во продолжение кога комплетно ја реновираа пред 2 години  4 Новото островче гледано од страната на ТКС кон Злате  5 Правецот кон ТКС  6 Убав поглед кон проширениот сегмент  Инаку ако веќе не сум спомнал до сега. Скоро целиот потег на слика 6 од местото каде што сликам па се до зградата беше новоизградено "паркче" од страна на општина центар отворено само неколку месеци пред градот да го најави овој проект. Не дека се работеше за нешто грандиозно но во нивни добро познат стил истрошија НАШИ пари за некое паркче кое го срушија за само неколку месеци.  Секако никој не одговара за таа некоординираност и бахатост.
Edited by pbanks - 03-Jun-2009 at 20:50
|
 |