![]() |
![]() |
![]() |
Јавна чистота |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1213141516 34> |
Author | |
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Битола, 21 век, како се чистат улиците и тротоарите од снег...
![]() https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10203373626680667&set=pcb.599780120153422&type=1&theater |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Чаир, Гази Баба и Kисела Вода добија контејнери за селекција на пластика
На територијата на општините Чаир, Гази Баба и Kисела Вода се поставени вкупно 100 контејнери наменети за селекција на пластиката од комуналниот отпад од домаќинствата и фирмите. Од јавното претпријатие „Kомунална хигиена“ информираат дека овие контејнери се донација на „Еуроекопак“ за Скопје и ќе бидат наместени покрај постојните контејнери од 1,1 кубик за мешан отпад. повеќе на: http://www.dnevnik.mk/?ItemID=ACD3FEF36DE95844A3C5C8B97838AFB2 |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Овие кај "Три Бисери" минатиот викенд поминав од таму гледам дупка има ископано.
Сега им заврна тешко дека ќе можат да ги постават. |
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
У Аеродром не се прават контејнериве. Ова беше само за Курир, Сител и сл. на нив да објават некоја информација.
Еве што има у Аеродром, "аеродромско блато"... |
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Во Аеродром се „утепаат“ од местење нови контејнери...Па и овие подземниве освен сликиве што се направени за во весниците и една табла и зелена ограда (од земјоделска аптека онаа зеленана мрежа) ништо друго нема , всушност има ископан асфалт 1х1м.
|
|
![]() |
|
Teglarot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 15-Nov-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 569 |
![]() ![]() |
Овие на аеродромци барем нови контејнери им ставиле. Свесен сум дека Коце не смее да направи нешто во Центар додека има градоначалник од другиот табор, но можеа барем на "Народен фронт" да ги сменат контејнерите. Кај се смрдливи, тотално се и уништени и дотраени, па нема смисла.
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
ПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општината Аеродром, Ивица Коневски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, денеска /17.11.2014 година/ го промовираа системот за поставување подземни контејнери за одлагање комунален отпад на булеварот Јане Сандански, пред ТЦ „Три бисери“. - Денеска почнаа градежните работи за инсталирање систем за поставување подземни контејнери за одлагање комунален отпад на територијата на општина Аеродром, што е дел од втората фаза на проектот за поставување Систем за подземни контејнери. Во рамките на оваа фаза ќе бидат поставени подземни контејнери на девет микро-локации, односно по три контејнери на три-микролокации во секоја од општините: Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба. На 3 локации во општината Аеродром ќе се поставуваат вкупно 9 подземни контејнери, од фирмата АТРИКОТ од Република Словенија. За реализација на овој значаен проект се издвоени вкупно 6,6 милиони денари, од кои секоја од трите вклучени страни издвојува по 2,2 милиони денари, односно подеднакво инвестираат Градот Скопје, општината Аеродром и ЈП „Комунална хигиена“. Со овој проект за поставување подземни контејнери во втората фаза се опфатени 3 општини, а бидејќи проектот е прифатен од граѓаните заради големите придобивки, планираме оваа активност да се прошири и во другите скопски општини – истакна градоначалникот Трајановски. Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи ги информира присутните дека овој систем за складирање отпад е посовремен од претходниот, изменет е дизајнот на надворешните кутии и има поголема заштита на контејнерот за ПЕТ амбалажа, и се надева дека за неколку години градот Скопје ќе има лик на вистинска метропола. Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски истакна дека со поставувањето на подземните контејнери на трите локации во неговата општина, кај ТЦ „Три бисери“, кај ТЦ „Бисер“ и во населбата Лисиче, во близина на ОУ „Лазо Ангеловски“, ќе се придонесе за поголема хигиена во општината. Подземните контејнери имаат зафатнина од 3 кубни метри, во нив отпадот се складира на пониска температура, притоа не зафаќајќи слободна површина над земјата. Празнењето на подземните контејнери е на хидрауличен погон, за што ќе се употребуваат три од постојните возила на ЈП „Комунална хигиена“, коишто се специјално надградени за оваа намена. Системот за собирање на комуналниот отпад во подземни контејнери е исклучително софистициран и успешен и веќе подолг период се применува во светски рамки, со одлични ефекти во заштитата и зачувувањето на здравјето на граѓаните и природната околина. http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=6968&mid=482&tabId=1 |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Интересно или малку смешно, минатата гарнитура беше поагилна баш за снежните ситуации (значи во поголем број ситуации и директорот лично излегуваше и во 12, 1 по полноќ во обиколка и со вонредни екипи!), а оваа поагресивна е за зеленило и патишта.
Овие се од 2012 и 2013: ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
шпорињата сигурно ги оставаат пред плажа за тоа камперите да можат да печат пипер и пржат ајвар ![]() |
|
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|
![]() |
|
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
ако се вака агилни и кога снег има, сигурно Охриѓани ќе останат без зборои ![]() |
|
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Ноември 2014
Охридски Комуналец со чистење на паднати лисја од улиците (два пати дневно - во централниот дел и улиците со зеленило до три пати дневно) ![]() ![]() ![]() Холандски Парк ![]() чистење на патот Охрид - Свети Наум и пристапни патишта ![]() ![]() чистење на дел од кејот од надојдени алги, тиња и отпад ![]() ![]() корито на реката Грашница ![]() расчистување околу спомениците на народни херои од 2 СВ ![]() ![]() ![]() И редовни активности по кои пак среќаваме лоши слики (менталитетот) Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 08.11.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.14 „Радојца Новичиќ„. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Со оваа акција завршува циклусот на годинешните акции за подигање на кабаст отпад на територијата на општина Охрид. Согласно испланираниот календар за 2014 год. останува да се реализираат уште 4 (четири) акции за подигање на зелен отпад на 15.11.2014 год (нас.Христо Узунов, Горна Влашка мала), 29.11.2014 год. (нас.Воска и нас.Даљан), 06.12.2014 год. (нас.Видобишта) и 13.12.2014 год. (нас.Радојца Новичиќ). Edited by Тркало - 15-Nov-2014 at 17:52 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
![]() Големата депонија од најразличен отпад и секаков вид на ѓубре и
смет кој пред извесен период можеше да се забележи на локалниот пат
кој води кон населбата Боровец и дел кој се поврзува со населбата
Лабуништа денеска конечно беше отстранет. http://spektra.com.mk/lokalni/se-rascistuva-divi-deponii-vo-labunishta Edited by kultuzin - 01-Nov-2014 at 23:02 |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Низ цел град ќе има подземни контејнери
Општинските власти, заедно со градот и со комуналното претпријатие, ја продолжуваат втората фаза од проектот, која, освен во Кисела Вода, ќе се спроведува и во Аеродром и во Гази Баба. ![]() Продолжуваат инвестициите за решавање на проблемите со отпадот Поставувањето на подземните контејнери низ градските општини беше најавено уште во 2012 година, како решение за расфрланото ѓубре што ги задушуваше скопските улици. Првите контејнери беа поставени во 2013 година, во општините Центар и Чаир, а сега властите одлучија да го прошират проектот и на територија на општината Кисела Вода. Граѓаните релативно позитивно реагираа на подземните контејнери, иако дел од нив ги уништуваа, шараа, но и влегуваа во нив за да ги соберат пластичните амбалажи за да ги продадат како стара пластика. Акција во Кисела Вода Во општината Кисела Вода вчера беше промовиран системот за поставување подземни контејнери за одложување комунален отпад. Со почнувањето на градежите работи ќе му се стави крај на ѓубрето што од разни причини завршуваше на тротоарите и на улиците, сметаат од оваа општина. Граѓаните досега постојано се соочуваа со расфрлани отпадоци, а најголем проблем предизвикуваа вандалите, кои намерно ги кршеа садовите за отпад, па немаше каде да се фрла ѓубрето. За 60 дена жителите на Кисела Вода ќе добијат нов, современ систем за фрлање ѓубре. Општинските власти, заедно со градот и со комуналното претпријатие, ја продолжија втората фаза од проектот, која, освен во Кисела Вода, ќе се спроведува и во Аеродром и во Гази Баба. Од општината велат дека подземни контејнери ќе бидат поставени на три локации. - Одредивме три локации на кои ќе бидат поставени подземните контејнери. Првата е оваа од каде што симболично почнува овој проект, т.е. улицата Христо Татарчев, во Расадник. Се работи за доста фреквентна локација, во непосредна близина има градинка и големи станбени единици, па и потребите беа поголеми. Втората локација на која ќе се постават подземните контејнери е улицата Димо Хаџи Димов, и третата, во Драчево, на улицата Јанко Мишиќ - истакна градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ. Според неа, предноста на овој начин на собирање на отпадот е повеќекратна, особено ако се има предвид фактот што еден ваков подземен контејнер според капацитетот заменува три од постојните контејнери што се во употреба, па се постигнува повисок степен на хигиена и избегнување на непријатната миризба, која често е присутна во близината на контејнерите. Поставувањето ќе продолжи Градските власти што во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ и општините пред повеќе од една година го почнаа овој проект велат дека подземни контејнери ќе бидат поставени во сите скопски општини и нагласуваат дека сега почнува втората фаза од проектот. - Во рамките на оваа фаза ќе бидат поставени подземни контејнери на девет микролокации, односно по три контејнери на три микролокации во секоја од општините: Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба. На три локации во општината Кисела Вода ќе се поставуваат вкупно девет подземни контејнери, од фирмата „Атрикот“ од Република Словенија. На секоја локација ќе се постават по два контејнера за мешан отпад и еден за ПЕТ-амбалажа. Системот што ќе се користи за вадење и спуштање на контејнерите, oдносно за нивно празнење, е на хидрауличен погон и е еден од најсовремените во регионот. За реализација на овој значаен проект се издвоени вкупно 6,6 милиони денари, од кои секоја од трите вклучени страни издвојува по 2,2 милиони денари, односно еднакво инвестираат градот, општината Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“. Со овој проектот за поставување подземни контејнери во првата фаза беа опфатени општините Центар и Чаир, со втората фаза уште три општини, но ние планираме оваа активност да се прошири и во другите скопски општини - истакна градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, на промоцијата истакна дека овој систем за складирање отпад е малку посовремен од претходниот, односно дека е сменет дизајнот на надворешните кутии и има поголема заштита на контејнерот за ПЕТ-амбалажа. Подземните контејнери имаат зафатнина од три кубни метри, во нив отпадот се складира на пониска температура, притоа не зафаќајќи слободна површина над земјата. Празнењето на подземните контејнери е на хидрауличен погон, за што ќе се употребуваат три од постојните возила на комуналното претпријатие, кои се специјално надградени за оваа намена. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1022141136516&id=14&prilog=0&setIzdanie=23304 |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
ПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општината Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, денеска /21.10.2014 година/ го промовираа системот за поставување подземни контејнери за одлагање комунален отпад на ул. Христо Татарчев, општина Кисела Вода. - Денеска почнаа градежните работи за инсталирање систем за поставување подземни контејнери за одлагање комунален отпад на територијата на општина Кисела Вода, што е дел од втората фаза на проектот за поставување Систем за подземни контејнери. Во рамките на оваа фаза ќе бидат поставени подземни контејнери на девет микро-локации, односно по три контејнери на три-микролокации во секоја од општините: Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба. На 3 локации во општината Кисела Вода ќе се поставуваат вкупно 9 подземни контејнери, од фирмата АТРИКОТ од Република Словенија. На секоја локација ќе се постават по 2 контејнера за мешан отпад и еден за ПЕТ амбалажа. Системот кој ќе се користи за вадење и спуштање на контејнерите, oдносно за нивно празнење, е на хидрауличен погон и е еден од најсовремените во регионот. За реализација на овој значаен проект се издвоени вкупно 6,6 милиони денари, од кои секоја од трите вклучени страни издвојува по 2,2 милиони денари, односно подеднакво инвестираат Градот Скопје, општината Кисела Вода и ЈП„Комунална хигиена“. Со овој проектот за поставување подземни контејнери во првата фаза беа опфатени општините Центар и Чаир, со втората фаза уште 3 општини, но ние планираме оваа активност да се прошири и во другите скопски општини – истакна градоначалникот Трајановски. Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи ги информира присутните дека овој систем за складирање отпад е малку посовремен од претходниот, односно е сменет дизајнот на надворешните кутии и има поголема заштита на контејнерот за ПЕТ амбалажа. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ истакна дека поставувањето на подземните контејнери ќе придонесе за поголема хигиена во општината, бидејќи нема можноста за негово разнесување во околината, што е од големо значење затоа што првата локација каде што ќе се поставуваат контејнерите е спроти градинка. Подземните контејнери имаат зафатнина од 3 кубни метри, во нив отпадот се складира на пониска температура, притоа не зафаќајќи слободна површина над земјата. Празнењето на подземните контејнери е на хидрауличен погон, за што ќе се употребуваат три од постојните возила на ЈП „Комунална хигиена“, коишто се специјално надградени за оваа намена. Системот за собирање на комуналниот отпад во подземни контејнери е исклучително софистициран и успешен и веќе подолг период се применува во светски рамки, со одлични ефекти во заштитата и зачувувањето на здравјето на граѓаните и природната околина. Рокот за поставување на подземните контејнери е околу 60 дена http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=6888&mid=482&tabId=1 |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ ВО АЕРОДРОМ, KИСЕЛА ВОДА И ВО ГАЗИ БАБА
![]() По општините Центар и Чаир, подземни контејнери ќе се постават и на териториите на Аеродром, Kисела Вода и Гази Баба. Јавното претпријатие „Kомунална хигиена“ склучи договор за набавка на овие подземни контејнери со фабриката „Kарпош“, вреден 23 милиони денари, односно 371 илјада евра. - Се работи за вкупно 27 контејнери. Секоја општина ќе добие по 3 контејнери на три локации, односно во секоја ќе има по 9 подземни контејнери. Еден од контејнерите ќе биде за ПЕТ-амбалажа, а останатите два за мешан комунален отпад - информира Ана-Марија Бранѓолица, портпарол во „Kомунална хигиена“. Една третина од вкупниот износ на инвестицијата ќе ја плати претпријатието, една третина Градот, а остатокот го плаќаат општините. Според договорот, фабриката „Kарпош“ има рок од една година да ги постави подземните садови за отпад. Бранѓолица вели дека за поставување подземни контејнери постои интерес и кај другите општини, а целта на претпријатието е овој проект да прошири на територијата на целиот град. Во Центар се поставени 46 контејнери на 14 локации, а четири контејнери на една локација има и Чаир. Подземните контејнери се со зафатнина од 3 кубни метри. http://www.dnevnik.mk/?ItemID=28696B55EF7DB544BB0ACBD705FE87FF |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
А кога сме веќе кај јавната чистота, и Матка ја упропастивме поради нашата неодговорност... И после ќе сме развивале туризам.
ГАЛЕРИЈА Од дневникот на Матка Повеќе на http://www.plusinfo.mk/vest/148150/GALERIJA-Od-dnevnikot-na-Matka |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Со големо жалење ќе потврдам дека речиси сето она што е наведено во статијата е точно. Има и фотографии, од кои некои се со лоша резолуција, но сепак ќе сфатите за што станува збор. Патем, денес поминав низ чаирскиот парк - и сликата беше поразителна. Тоа веќе не е парк, тоа е депонија. Да потсетам само дека официјално чаирскиот парк е најстариот парк во Скопје.
Чаир се „дави“ во ѓубре, а урбан хаос поддржан од влатите го „јаде“ зеленилото http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=22&vest=16239 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
кај нас проблемот беше што сите градоначалници до сега го чистеа кејот само до мостот кај градската болница,а покрај болницата надолу се до сливот не се чешкаше со години.
41.509927,20.961739 иако досегашниот градоначалник ми е пријател(сум кажал дека јас го наследив неговото поранешно работно место кога тој замина во политика),за чистење на кејот некако не му се слушаше. значи реката минува покрај самата болница,а баш им беше гајле .да се направи дувло на змии е срамно за еден град |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Алал да му е градоначалникот и на тебе Ѓоко ,се надевам дека вакви едноставни работи ќе се реализираат постојано во Кичево, но и дека останатите градови ќе земат пример.
Инаку пример за убаво корито може да биде и коритото на Луда Мара во Кавадарци (мислам дека на таа река беше). |
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
E тоа ти се вика градоначалник.
Се плашев дека кичевци ќе си добијат градоначалник каков што има Чаир или Куманово, но човекот демантира со конкретни дела. |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1213141516 34> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |