Author |
Topic Search Topic Options
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#261 Posted: 16-Feb-2010 at 17:39 |
Овој кич метастазира и во поширокиот центар со несмалено темпо и продолжува да биде немилосрден кон контекстот и окружението.
Ако некој имаше дилеми дали современа архитектура е компатибилна со Калето и турската чаршија не би знаел да кажам кои ќе бидат дилемите тука. Како овој објект на било кој начин се вклопува со прометен булевар, зградата на МТВ, Мавровка, постоечките судски палати или универзитетскиот комплекс?
Имам впечаток дека ова што го гледаме на рендерите е помалку кичесто од некои од другите објекти (принципелно се исто ѓубре но барем спрема мене постојат нијанси помеѓу ова и оној стравотен рендер за хотелот на плоштад).
Но дури и да го почитував овој тип на архитектура, неможам да разберам што бара на даденава локација.
Edited by pbanks - 19-Feb-2010 at 23:40
|
|
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#262 Posted: 16-Feb-2010 at 16:04 |
pbanks мислам дека и тема можеш да отвориш па да јадеме трици таму т.е да ни ја елаборираат нашите елоквентни колеги членови на форумов и оваа фантастична креација...колку да не ја загушиме оваа тема...
Edited by Dave Gahan - 16-Feb-2010 at 16:05
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
|
Quote Reply
#263 Posted: 16-Feb-2010 at 15:29 |
ova e veke naglost.ako za gradbive vo centar kakov takov argument bese deka sakaat da dobijat edna celina,tuka ne znam kako bi se opravdal vakov objekt
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
alexgizh
Moderator Group
Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1975
|
Quote Reply
#264 Posted: 16-Feb-2010 at 15:26 |
хехе, како ги штанцаат...
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#265 Posted: 16-Feb-2010 at 14:52 |
Уште има... 01. 02. 03. 04. 05. www.pravda.gov.mk
Edited by lslcrew - 16-Feb-2010 at 14:52
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#266 Posted: 16-Feb-2010 at 14:43 |
Еве и рендер... www.pravda.gov.mk
Edited by lslcrew - 16-Feb-2010 at 14:44
|
|
xnx
Senior Member
Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
|
Quote Reply
#267 Posted: 16-Feb-2010 at 14:34 |
deneska zabelezav deka celiot prostor pred MOB e ograden sto znaci ke se gradat site tie zdanija koi ke go pokrijat MOB i filharmonijata. bravo... mozda trebase animacijata da izleze godina dena otkako ke se izgradi sve, da mozeme da si diskutirame na vreme.
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#268 Posted: 16-Feb-2010 at 14:29 |
Нов објект на Кривичен суд во Скопје
Нов објект на Кривичен суд ќе се гради во Скопје, најави во вторник, Министерот за правда Михајло Маневски.
Новата судска зграда е проектирана со десет ката, приземје на два
ката плус шест ката и поткровје. Ќе се наоѓа до сегашниот Основен суд
I, веднаш до зградата на МРТВ и треба да биде готов за 18 месеци.
„Вкупната површина изнесува 8826 метри квадратни и овозможува простор за сместување на седум оддели на кривичниот суд.
Судот ќе располага со вкупно 74 судски кабинети, 22 средни судници и
две репрезентативни судници за случаите на организиран криминал“
соопшти Маневски.
Едната од репрезентативните судници ќе има капацитет за 100 лица, а
другата, која ќе се наоѓа на првиот кат, ќе има капацитет за 200 лица.
Министерот не коментира за тоа што новата зграда потсетува на античките градби.
„Не знам што се тоа антички градби, знам само дека судовите се
градби кои во сите земји во светот се монументални објекти кои траат со
години“ рече Маневски.
Целиот проект за реновирање на судовите чини 10 милиони евра,
позајмени од Светската банка за обнова и развој, а државата учествува
со 16 отсто.
http://makfax.com.mk/_tools/article/99438/view |
|
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#269 Posted: 05-Jan-2010 at 14:46 |
6 милиони евра за новата судска зграда
|
|
|
вторник, 05 јануари 2010 |
|
|
|
|
|
Новата зграда ќе има околу 8 000 метри квадратни, со судници за 200 луѓе, за 100, за 35 луѓе, како и 70 до 80 судиски кабинети
|
|
Кривичниот суд или познат како Основниот суд Скопје 1 добива нова
зграда. Во текот на месецот ќе биде објавен тендер за изградба и
уредување на зградата. Дел од средствата, околу 5 милиони евра ќе бидат
обезбедени од Светката банка, а еден милион од Буџетот на Владата на
Македонија.
Според плановите, градежните работи ќе започнат во текот на март, а со
новата зграда треба да бидат надминати проблемите со недостаток на
простор. Новата зграда ќе се наоѓа во непосредна близина на постоечкиот
суд, кај споменикот познат како Бомба.
Новата зграда ќе има околу 8 000 метри квадратни, со судници за 200
луѓе, за 100, за 35 луѓе, како и 70 до 80 судиски кабинети. Во
Министерството за правда велат дека е планирано да се направи
библиотека, како и простории каде ќе се чуваат приведените лица. Во
новата зграда ќе биде сместено и одделот за организиран криминал.
Според проектот предвидено е сите судници да бидат опремени со
аудиовизуелна опрема која ќе овозможи постојано снимање на судските
процеси, со што ќе се овозможи подобар процес, како за странките така и
за судиите.Објектот ќе има приземје со пет ката, а според проектот
предвидени се посебни канцеларии за адвокат ите и за новинарите.
Адвокатите во неколку наврати посочуваа дека носењето на тоги за време
на судењата им е проблем, бидејќи немале простории каде што можат да ги
облечат тогите, да ги остават. Тие бараа и просториија каде што ќе
можат да подготват некои итни барања и претставки додека се во судската
зграда.
Во сега постоечката зграда најверојатно ќе се сели Управниот суд, кој
сега е сместен во зградата на Македонски пошти на плоштадот
Македонија.Новата зграда треба да биде готова до септември 2011 година. http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=39998
| |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#270 Posted: 06-Nov-2009 at 12:40 |
Обвинителите и обвинетите нема веќе да се во иста чекалница
Новата
зграда на кривичниот Основен суд Скопје 1, во чии рамки е и Одделот за
организиран криминал и корупција, ќе се почне да се гради напролет
во март. Зградата ќе има пет ката и ќе се наоѓа кај Споменикот бомба,
на ширината меѓу МРТВ и сегашната зграда на Основниот суд Скопје 1. Во
секоја судница ќе има монтирано аудио и видеоопрема. Сите судења ќе се
снимаат, со што, според официјалните извори од Основниот суд Скопје
1, ќе се олесни проверката на сe она што било кажано на судењата.
Тоа, според соговорниците, ќе биде многу скапа работа и новина во
судството во Македонија. Во новиот објект ќе бидат сместени сите
судии и одделенија, и Судот комплетно ќе се пресели во новата зграда.
Во сегашната, најверојатно, ќе се всели Управниот суд. Иако
проектот е претходно направен под капата на Министерството за правда и
на УСАИД, со пари од Светска банка, Скопска единица се бори да изврши
одредени корекции, па за обвинителите што чекаат во иста чекалница со
обвинетите и со останатите странки и новинарите, да има во новата
судска зграда посебна просторија, адвокатите и обвинетите своја, а
посебна соба да добијат и новинарите, фоторепортерите и камерманите.
http://vest.com.mk/?ItemID=07DA7F896B136043A7FFF5367B1F2AE6 |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#271 Posted: 06-Nov-2009 at 07:00 |
Камери ќе снимаат судења во скопскиот Кривичен суд
Нова зграда
на пет ката со доволно простории и модерна опрема ќе се гради во март,
а со неа ќе се реши хроничниот проблем од недостиг на простор во
Основниот суд Скопје 1
Тесните и задушливи судници во кои половина од присутните со часови
стојат на нозе, „рентањето“ сали во соседните судови, немањето
соодветни простории во кои адвокатите и обвинителите ќе може да се
подготват за судење и низа други проблеми со кои се соочува најголемиот
суд во земјава, Основниот суд Скопје 1, наскоро ќе станат минато.
Најавено е дека од март в година ќе почне изградбата на новата зграда
за овој суд, која ќе биде лоцирана веднаш до стариот објект.
Според
претседателка на Судот, Лидија Неделкова, проектот за изградба на
новата зграда е на Светска банка и на Министерството за правда. Таа
вели дека со префрлање на Кривичниот суд во нов објект ќе се обезбеди
доволно простор за непречена работа на судиите, обвинителите,
адвокатите, но и на странките и на медиумите. Планирано е објектот да
има пет ката, а судниците да бидат опремени со сите потребни технички
помагала. Неделкова рече дека судењата во новите судници ќе бидат
снимани со камери и со тоа ќе се обезбеди поголема регуларност на
целата постапка.
За големината и за важноста на овој суд
говори фактот што само во 2008 година во работа имало 196.126 предмети,
над половина од таа година, а останатите „наследени“ од претходните
години. Лани овој суд решил 134.009 предмети, а нерешени останале
62.117 предмети.
Поради обемниот број предмети овој суд со
години има хроничен проблем со недостиг на простор за работа. Многумина
од судиите не можат да обезбедат судница бидејќи некој од колегите веќе
ја „резервирал“. И вчера претседателката Неделкова со пример посочи
дека просторот е проблем - тројца новоизбрани судии немаат свои работни
простории од едноставна причина што секое ќоше во судот е „зафатено“.
Често се случува поголемите судења со над десетина обвинети, кои ги има
се' почесто во последните неколку години, да не можат да се судат во
простории на Кривичниот суд. Тие се закажуваа во големата сала на
Врховниот суд или, пак, во Апелацискиот суд во Скопје.
Поради
неможноста сите оддели на Судот да се сместат во сегашниот објект, кој
е на три ката, Одделот за прекршоци е сместен во бараките во Градскиот
парк, а одделот за извршување на санкции, одделот за малолетници и дел
од истражниот оддел што постапува по определени истражни предмети се
сместени во зградата на Апелацискиот суд Скопје.
Вчера
официјално беше соопштено дека во рамките на Основниот суд 1 во Скопје
функционира Канцеларија за односи со јавноста, во која ќе може
информации да добијат медиумите, но и граѓаните.
Како
портпарол на судот ќе функционира истражниот судија Владимир Туфегџиќ
од Одделот за борба против организираниот криминал и корупција.
Претседателката Неделкова соопшти дека на официјалната
интернет-страница на Судот редовно ќе се објавуваат донесените пресуди.
Кривичниот суд во Скопје, поточно Основниот суд Скопје 1 во
почетокот на неговото формирање во 1945 година бил сместен во бараки
што се наоѓале спроти Градежниот факултет во Скопје и пазарчето
„Буњаковец“, а во сегашниот објект на булеварот Гоце Делчев е сместен
во 1972 година.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=580DB7565594E041B965ADDDFBE4FEFC |
Edited by lslcrew - 06-Nov-2009 at 07:01
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#272 Posted: 21-Jul-2008 at 12:14 |
Originally posted by lslcrew
Да не случајно зградата ќе биде на управниот суд?! Сега знам дека имаат простории во пошта.
|
Еве најдов за што се работи. Барем според оваа информација од Јануари 2007 година. Дефинитивно го отстранија споменикот кој се наоѓаше таму баш денеска загледав кога проаѓав.
Ќе се гради нова судска зграда со пари на Светска банка
Изградбата на новата неколкукатна судска зграда, која ќе се наоѓа зад
Основниот суд - Скопје 1, ќе почне кон крајот на септември или
почетокот на октомври оваа година, кога ќе биде поставен
камен-темелник, најави вчера министерот за правда, Михајло Маневски.
Министерот потенцираше дека работите на изградбата на новата судска
зграда, која ќе се финансира од средствата на Светска банка, се во
напредната фаза. Се расчистува локацијата, а во соработка со Заводот за
заштита на културното наследство и во согласност со авторите се
договора преместување на споменикот што се наоѓа на тоа место.
Моментално се прави физибилити-студија и се подготвува целата
документација за да може побрзо да се ефектуираат средствата од
кредитот на Светска банка. Истовремено, Министерството за правда прави
„снимање“ на состојбите на 12 суда со проширена надлежност, кои се
предвидени во проектот, за да се видат потребите од нивно реновирање.
(Г.Д.) |
Извор: Утрински весник
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#273 Posted: 16-Jul-2008 at 14:46 |
Да не случајно зградата ќе биде на управниот суд?! Сега знам дека имаат простории во пошта.
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#274 Posted: 16-Jul-2008 at 08:29 |
Денес се шуњаа некои багери меѓу МТВ и судска палата каде што треба да се гради уште една зграда за судовите (изградбата требаше да почне пред скоро една година) и нешто подработуваа.
На момент помислив дека се работи за припреми за проширување на Гоце Делчев но сепак не верувам дека е за тоа. Да се надеваме дека судот конечно ќе почне да се гради.
|
|