![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1213141516 159> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Тргни - застани, не се нервирај, доцниш секако...
![]() Денеска и вчера, а и денови претходно од пандемискиот септември, во Скопје владее сообраќаен метеж. И за тие што се на работа од 7 часот, и за тие среќници што работат од 8 или 9 часот, или имаат други обврски, секако и за учениците во градските автобуси со маски на лицата, кои ќе продолжат да ги носат и на часовите во училиште. Нашето утринско искуство од 9 часот вели дека од Ново Лисиче до Карпош се потребни 40 минути со автомобил. После „Три бисери“ до Железничка станица беше тргни - застани во три ленти. Тргни - застани и до Народната банка.Го избегнавме булеварот кој води до судскиот комплекс, бидејќи деновиве се возеше по една лента заради градежни работи. Но кон Црвен крст повторно метеж, но уште поголем кон Градска болница и Рекорд. https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/trgni-zastani-ne-nerviraj-se-docnish-sekako |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Предолги колони секое утро од 07 до 10 часот,веројатно сите го избегнуваат мостот Близнак поради реконструкцијата кај Бриколаж но денес чинам и кај МАНУ било затворено заради гребење на асфалтот или стеснето во една лента
Од твитер ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СЕ РЕКОНСТРУИРА ПАТОТ ДО БОЈАНЕ ВО ОПШТИНА САРАЈ
Градоначалникот Петре Шилегов, премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска извршија увид во градежните работи за реконструкција на патот до Бојане во општината Сарај, што е во тек. - Селото Бојане е последното населено место во градот Скопје кон граничната општина Желино и долги децении било и заборавано и запоставувано од градските власти. Ова сега е доказ како во соработка меѓу Општина Сарај и Градот Скопје, помогнати и од Владата на Република Северна Македонија успеваме да го решиме овој децениски проблем на граѓаните на Бојане кои сега се поврзуваат со најдобрата инфраструктура – рече денеска градоначалникот Шилегов. Реконструкцијата на овој пат се изведува во должина од 3 километри. Покрај реконструкцијата на коловозот се обновуваат и водоводната, атмосферската и канализациската мрежа во должина од 3 километри. Се обновуваат и рабниците од двете страни на патот, се обновува зеленилото, а се гради и нова пешачка патека од бекатон плочки со ширина од 1,5 метри во должина од 3 километри. Станува збор за инвестиција од 101,5 милиони денари со вклучен ДДВ од буџетот на Град Скопје. За премиерот Зоран Заев, од ваквите зафати се гледа грижата на локалната и на централната власт за потребите на граѓаните, зашто квалитетот на живот треба да биде рамномерен и во селата и во градовите. - Реконструкцијата на патот до село Бојане е само еден од десетиците инвестициски проекти на локалните власти во нашата земја кои ја имаат целосната поддршка на Владата низ повеќе различни програми. Со 70 милиони евра директна помош за општините во наредниот период планираме да продолжиме да реконструираме околу 450 километри локални улици и патишта во сите 80 општини во државата и Градот Скопје. Со првиот повик опфативме 17 општини и реконструкција на 27 улици со вкупна должина од 23,62 км, проект вреден преку 4 милиони евра. Реализиран е и вториот повик, започна реконструкцијата на 35 улици во 21 општина, со вкупна должина од 35,5 км, во вредност од околу 7 милиони евра. Во тек е подготовка на трет повик кој ќе опфати обнова на дополнителни 60 км локални улици. На секоја општина за оваа намена на располагање и стојат од 500.000 евра до 2 милиона евра, неповратни средства. Дополнително, тука е програмата на ТАВ со која се реализираат 94 инфраструктурни проекти, а се реализираат и програмите за туристички развој и програмата за водоводи и канализации – појасни премиерот Заев. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Вечерва ќе биде затворен за сообраќај дел од бул. „Крсте Мисирков
Градот Скопје јавува дека вечер, од 22 часот до 5 часот наутро, поради изведба на градежни работи на булеварот „Крсте Мисирков“, комплетно затворен за сообраќај ќе биде потегот од пешачкиот премин кај Судовите/Адвокатска улица до крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“, односно коловозните ленти од страната на Судовите (источна страна). Додека екипите ќе работат на терен сообраќајот ќе се пренасочува кон улицата „Кеј 13 Ноември“ (кај МКЦ) и по сервисните улици кај Судовите. Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. https://nezavisen.mk/vecherva-kje-bide-zatvoren-za-soobrakjaj-del-od-bul-krste-misirkov/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СЕ РЕКОНСТРУИРА БУЛЕВАРОТ КРСТЕ МИСИРКОВ КАЈ МАНУ
Денеска извршив увид во градежните активности за реконструкција на булеварот Крсте Мисирков во делот на општина Центар. Булеварот се реконструира на потегот на потегот од зградата на МАНУ до крстосницата кај Мавровка, во должина од 550 метри. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/photo?fbid=404681217692943&set=pcb.404682917692773 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Кога станува збор за сообраќајот во центарот на градот, со години една од најпроблематичните точки се улиците околу Клиничкиот Центар Скопје, каде секојдневно се создава метеж од големиот број на автомобили кои се движат во таа област од градот.
Поради тоа, за да го олесниме протокот на сообраќајот, започнуваме со пробивање на нова улица која ќе отвори и секундарен влез во Клиничкиот центар, со што овој проблем значително ќе се олесни а движењето на граѓаните и автомобилите ќе стане далеку поедноставно и побрзо ![]() https://www.facebook.com/photo?fbid=404613091033089&set=a.270845021076564 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
никогаш не сум видел колона до три бисери до сега... дали ова се должи на реконструкцијата на делницата кон автокоманда?
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Скопје утрово со „запушени артерии“: Сообраќаен метеж и колони возила од Аеродром до Центар/ФОТО
![]() ![]() Утрово Скопјани ги дочека вистински сообраќаен метеж во населбата Аеродром. Колоната возила која почнува од Трговскиот центар Бисер, па се до Железничката станица и центарот на градот, предизвика револт и нервоза кај граѓаните кои возе буквално „во место“. Оваа ситуација на сообраќаен метеќ и долги колони возила особено во утринските часови е честа за овој дел од градот, а не изостануваат и останатите делови на Скопје, особено кога станува збор за септември и почеток на учебната година https://www.vecer.press/скопје-утрово-со-запушени-артерии/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
На еден од најфрекфентните скопски булевари “Киро Глигоров” работиме само ноќе. Индустрискиот сообраќај преку ден ќе се одвива непречено !
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/p.shilegov |
|
![]() |
|
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
баш тоа сакав да пишам, кај нас се толку неуки околу овие прашања што жал ме фаќа |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВИДЕО: Предлог Студија за регулирање на сообраќај во населба Автокоманда
Целта на Студијата е унапредување на севкупното ниво на сообраќајна услуга и зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот преку дефинирање на најоптимално сообраќајно решение со воведување на еднонасочен режим на движење и стационарен сообраќај (паркирање) на постојна состојба на уличната мрежа во населба Автокоманда https://www.facebook.com/GeorgievskiBoris/ |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Која е потребата за ваков џиновски коловоз и минијатурни тротоарчиња? Секако дека за паркинг, ама можело да се реши поинаку.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЦЕЛОСНО ОБНОВЕНА УЛИЦАТА „ПАРИСКА“ ВО ТАФТАЛИЏЕ
![]() ![]() ![]() Денеска завршува реконструкцијата на улицата „Париска“ во населбата Тафталиџе 1. Асфалтирана е површина од 5.700 м2 или 407 метри должина, со што се подобрија условите за движење по оваа сообраќајница. Градежните активности се одвиваа подолг временски период, од причина што се работеше и на изведба на поливателни бунари за одвод на атмосферски води. Со истите, ќе се овозможи непречено движење по улицата и во случај на поголеми врнежи од дожд. Денеска, во теренски увид на активностите беа градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. - Улицата „Париска“ го поврзува булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Прашка“, токму во оној дел, којшто во минатото „настрада“ од агресивна и непланска урбанизација. Сепак, во изминативе четири години навистина вложивме во подобрување на инфраструктурата во овој дел на општината. Работевме и на поставување на нова канализациона мрежа на улицата „Варшавска“, а пробивме и сервисна улица меѓу „Прашка“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Општина Карпош во меѓувреме продолжува со обнова и на улиците „Иван Аговски“ и „Гиго Михајловски“ во Карпош 1, како и на „Шекспирова“ во Карпош 2, рече Богоев. Во периодот што следи долж „Париска“ ќе биде поставена и нова сообраќајна сигнализација, со цел да се овозможи полесна регулација на сообраќајот https://www.facebook.com/OpstinaKarpos |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Некако спласна работата со летната градежна офанзива,скоро цело лето помина но немаше активности.Не се искористи периодот кога градот беше полупразен да се работи на К.Ј.Питу,на Гологанов,Крсте Петков Мисирков кои од септември ќе бидат многу оптоварени и ако тогаш решат да ги раскопуваат ќе биде голем хаос во сообраќајот.И овие денови кај Транспортен е доста голема гужва дури се спојуваат колоните и се блокира раскрсницата од страната на Аеродром...
Не знам кога планираат да ги прават зафатите но овој дел околу Транспортен ми се чини од ден на ден станува се поголема гужва и тоа зборувам за период во кој скоро 2 години не работат школи,факултети и некои други дејности. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛ. „ШЕКСПИРОВА“ ВО КАРПОШ 2
Општина Карпош започна со реконструкција на улицата „Шекспирова“ во населбата Карпош 2. Во тек е ископ на постоечката оштетена подлога, а за непречено одвивање на изведбените работи, воспоставен е и нов сообраќаен режим. Поставена е нова сообраќајна сигнализација (знаци), со цел полесно и побезбедно одвивање на сообраќајот додека траат инфраструктурните активности. Претстои реконструкција на 260 метри од улицата, при што ќе се обноват и рабниците, како и пешачките зони – тротоарите. Општина Карпош интензивно работи на подобрување на инфраструктурата во сите населби. Заврши реконструкцијата на улицата „Мирка Гинова“ во Карпош 1, а деновиве претстои асфалтирање и на ул. „Париска“ во Тафталиџе, како и на „Иван Аговски“ (Карпош 1). Им благодариме на сите граѓани кои ги почитуваат новите сообраќајни режими по сервисните улици. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/OpstinaKarpos/ |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
причината поради која се вози пребрзо и неодговорно по споредни улички е дека полицијата главно ги обезбедува булеварите... веќе секој што е почесто возач знае каде стојат контролите отприлика
не мора мора секоја улица да биде проодна само со теренец, доволно е само малку повеќе истражување и организација, нешто тотално непознато за неспособни македонски институции и самава статија кажува дека лежечките полицајци се неефективни и дури создаваат повеќе опасност, не гледам како поставување повеќе ќе го реши |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
И преку споредните улички се вози пребрзо
![]() ПРОДОЛЖУВА БРЗОТО ВОЗЕЊЕ ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА ЖЕЛЕЗАРА Откако пред околу еден месец на улицата Коце Металец во скопската населба Железара згасна животот на млада мајка, која беше прегазена на пешачки премин, а нејзините сожители излегоа на протести за да го искажат својот револт поради сообраќајното дивеење на оваа улица, но и за да побараат од градските и локалните власти и од сообраќајната полиција конкретни мерки за да се спречат ваквите катастрофи во оваа населба, барањата конечно им беа реализирани. На оваа сообраќајница се постави опрема за намалување на брзината во сообраќајот, а присуството на сообраќајната полиција може да се забележи секојдневно. КАКО ДА СЕ РЕШАТ ПРОБЛЕМИТЕ СО СООБРАЌАЈНОТО ДИВЕЕЊЕ И покрај тоа што се реализира и исполни голем дел од барањата на жителите на населбата Железара, сега сообраќајниот хаос се префрли на паралелната улица, позната како Гемиџиска. На оваа сообраќајница, која минува помеѓу голем број куќи, сѐ уште нема лежечки полицајци, па возачите, сакајќи да ги избегнат оние што се поставени на улицата Коце Металец, сега ја користат оваа улица за побрзо да го поминат овој потег од градот. Жителите се гневни поради ваквата ситуација. Велат дека и тука итно мора да се постават лежечки полицајци, затоа што возачите буквално дивеењето го префрлиле на оваа улица. – Бидејќи сега на горната и главна улица во Железара има многу лежечки полицајци, возачите сѐ почесто ја користат нашава улица за да „прелетаат“ и побрзо да стигнат до саканата дестинација. Општината мора итно и тука да постави лежечки полицајци, затоа што навистина возат брзо и бесно – вели Перо М., жител на оваа населба. Тој вели дека оваа населба е преполна со дечиња што играат и трчаат и вели дека мора да се најде начин првенствено за да се заштитат токму тие, но и сите други жители на населбата. – Не можеме секојдневно да ги посетуваме игралиштата, па нашите деца играат тука, пред куќите каде што живеат. Така растевме и ние, игравме топка на улица, а возилата што доаѓаа не возеа брзо, па дури и имаа трпение да нѐ почекаат додека да се тргнеме од улицата. Сега е хаос. Мора ние возрасните да изигруваме редари, да ги стопираме возилата, да трчаме по децата за да ги тргнеме од улица. Навистина е лудница – вели тој. ЖИТЕЛИТЕ СТОЈАТ НА УЛИЦА И ПАТРОЛИРААТ Во обид да провериме дали навистина е така, екипа на „Нова Македонија“ неколку дена беше на терен на двете улици во оваа населба, за да ја утврдиме фактичката состојба и да провериме дали навистина ситуацијата е толку загрижувачка како што тврдат жителите. И навистина, како што минуваше времето, така стануваше јасно дека ситуацијата е уште полоша од претходно. На главната улица Коце Металец возилата се обидуваат да ги заобиколат лежечките полицајци на самата автобуска постојка, каде што коловозот е поширок од вообичаено. Паралелно со оваа улица, на улицата Гемиџиска, додека минувавме со автомобил, почна да алармира еден повозрасен вознемирен човек, кој за момент помисли дека сме некои други што возеле пребрзо на оваа улица. Кога објаснивме кои сме, човекот вознемирено ни раскажа дека мора да стои среде улица затоа што има возачи што возат и до 100 километри на час. – Ова не е нормално. Хаосот од горната улица сега ни се префрли тука пред врата. Имаме внучиња и мали деца, кои лесно може да настрадаат поради таквото несовесно однесување на поединци – ни раскажа жителот. И навистина, сега оваа сообраќајница се користи за побрзо возење, бидејќи таа нема никаква опрема за да намалување на брзината во сообраќајот, а е доста атрактивна за „прелетување“, бидејќи коловозот е рамен и таа е доста пространа и широка. Само додека ние бевме на оваа локација забележавме повеќе од десет возила што, и покрај дозволените 30-40 километри на час, возеа двојно побрзо. ЌЕ СЕ ПОСТАВУВА ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ВО СООБРАЌАЈОТ Градските, локалните и полициските власти веќе презедоа голем број мерки за регулирање на проблемот со сообраќајното дивеење во Железара. Зголемен е бројот на лежечки полицајци, пред кои возачите мораат да ја намалат брзината и, наместо гас, да притиснат кочница. Од Општина Гази Баба велат дека и на оваа улица ќе се постават лежечки полицајци за да се спречат сообраќајни инциденти. – Лежечки полицајци се предвидени и за улицата Гемиџиска, конкретно на делот кај ролетарот Војо, каде што доаѓа пешачката патека пред влезот за детската градинка „Калинка“ и сервисниот влез за ООУ „Григор Прличев“. Освен улицата Коце Металец, во населбата Железара е предвидена и поставена опрема за намалување на брзината во сообраќајот и на улицата Душан Тасковиќ, Филип Филиповиќ, Рударска и Гемиџиска – информираат локалните власти. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/и-преку-споредните-улички-се-вози-преб/ |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Пред избори секакви вести излегуваат, а генерално поддржувачите на опозицијата не се баш најбистри луѓе, па ете, ќе извадат муабети дека ќе ја рушат цела сала... А дека би ги рушеле објектите на трасата како лизгалиштето и тениските терени, ич да не чуди, властите се тотално неспособни за нешто суштинско. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
Дали стварно некој со здрав разум мисли дека ќе се урива салата?
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Од пред неколку дена се збори за уривање на А1 Арена заради изградба на улица,булевар и згради,ако некој знае да разјасни за што станува збор....
![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/Заштита-на-Спортскиот-Центар-Борис-Трајковски- |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1213141516 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |