![]() |
![]() |
![]() |
Градење куќа во Македонија - услови и комбинации |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 131415 |
Author | |
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
абе толку има на нет планови и комбинации што човек треба да биде компјутер за да се одлучи ѓто му лежи. мое мислење е дека најнапред треба да тргне од себе во каков простор лично тој треба да функционира или што треба да претставува(симболизира) просторот во кој престојува. јас предност им давам на енергетски ефикасните куќи и на еколошките материјали гледано од материјален аспект, а естетски би гледал да живеам во простор опкружен или вплотен во природа кој ќе биде доволно екстремен претоп помеѓу конструкцијата и зеленилата(organic architecture) еве уште некој линк плус
Edited by beTon - 13-Dec-2008 at 10:20 |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
давче, за каков тип на куќа се остриш? И јас сум во процес на "истражување" па баше ме интересира за каков стил си се одлучил. Линковите на бетон се корисни но она што е понудено на нив е сепак премногу "американски" за мој вкус. |
|
![]() |
|
davce99 ![]() Newbiе ![]() Joined: 17-Oct-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
fala mnogu za iscrpniot odgovor ako nekoj ima nekoi idei i sliki od kukji bi go zamolil da postira
Pozdrav!!! |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
се зависи од проектот и нормално зависи од архитектот, минималец за куќа мислам дека е 1 евро - 1 квадрат(готов проект), но најдобро е да се распрашаш по архитекти арх.студија и да си извлечеш средна цена од најповолните понуди. исто зависи дали сакаш сам да ја бркаш цела работа после проектот или тоа ќе му го препуштиш на архитектот. навистина она со стоте евра е омаловажувачки и за еснафот но и лично за човекот, како да го наградиш ефтино оној кој треба да ти ја зацрта статиката во животот
![]()
а за нет само оди на гугл барај free house blueprints and projects и имаш еден тон со булдужер да ги ринеш |
|
![]() |
|
davce99 ![]() Newbiе ![]() Joined: 17-Oct-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Momci edno prashanje, kolku chini proekt za kukja i ako moze da mi posochite web strani za gotovi free proekti i firmi kaj nas koi pravat proekti
Pozdrav!! |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
pbanks еве една пресметка за 100м2 како што му има излезено на еден брат, скоро целосно затворена сосе работна рака во вкалкулирана, може фали само манџата и бакшишот за тајфата. доколку одиш со фирма мислам дека сите позиции почнуваат да растат како тесто, не мора да значи, сепак тука се наведени позиции со прилично квалитетни материјали при калкулација, па така може да ја добиеш и од фирма истава понуда но со многу послаби материјали, затоа прво добро осигурај се со кого и за што фаќаш работа... малтер - внатре/надвор 5eu m2 - 1250 вантрешен ѕид 15eu m2 - 1500 плафон 14eu m2 - 1400 плоча 15eu m2 - 1500 пливачки под - 1300 хидро-изо. - 500 ѕид 10e m2 - 1000 столб 18eu метар должен - 900 темел 25eu - 1750 ископ - 400 исполна 10eu m2 - 600 батуда 3eu m2 - 300 кров 18eu m2 - 3250 паркет 21eu m2 - 2100 врата 150eu парче - 1050 прозор 250eu парче - 1450 парно - 2000 септичка - 500 купатило - 600 вода - 300 струја - 800 демит - 3500 Вкупно - 28000 euro сепак секој нека си остави + 5 за непревидливи трошоци, а што е до пумпата таа можеш кога сакаш да ја инсталираш, но како и со се најдобро е со време да ја поставиш, за мирно да спиеш уште одма! |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
колку што знам градежна дозвола можеш да добиеш само во урбанизирани средини а таму мораш да се држиш до дупот на општината бидејќи тие и го издаваат одобрението за градба. од прилика оди нешто како земаш скица од катастар за плацот што го имаш со се скица уплаќаш уплатница од 50 или100 денари и поднесуваш барање за извод од дуп кое со новата регулаторна гилотина мора најкасно во рок од два до пет работни дена да ти го достават(незнам кои се пеналите доколку каснат), сетне одиш кај архитект со печат да ти направи проект по мерка од дупот кој го поднесуваш пак во општина за да ти издадат одобрение, но се случува и да ти го вратат проектот на доработка доколку некаде габаритот ѕирнал сантим лево или десно па така подобро држисе стриктно до котите во дупот за да не доплаќаш доработки и преправки, после тоа плаќаш комуналии и бујрум легално можеш да почнеш да ја креваш куќата, мислам дека сега имаат донесено и некои нови правилници за подземна инфраструктура и времетраење на изведба на објект но за тоа незнам ништо поконкретно, ако има некој абер нека фрли малку светло и на тоа, е заборавив уште нешто битно а тоа е не заборавај дека доколку сакаш да извадиш утре кредит или лизинг на куќата гледај се да токмиш од материјали и стандарди како за хотел или музеј... ако нешто сум испуштил или искривил некој нека ме исправи! |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Мене пак ме интересира да издискутираме колку од прилика би чинела куќа до фаза на карабина.
Не се разбирам па не би ни паметувал тука туку повеќе би послушал. Значи ме интересира мајсторскиот дел, претпоставуваме дека имам локација, имам градежна дозвола... И сакам да дотерам до карабина, т.е. да сум попрецизен сакам цел екстериер да биде готов а одделни делови од внатрешноста би ги правел понатака. Исто така како иде редот со геотермалната пумпа? Дали е пологично истата да се инсталира при изградба на куќата или пак е безболно тоа да се изведе и подоцна? |
|
![]() |
|
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
Одлична тема беТон. Мене ме интересира исто така и прашањето како до градежна дозвола? Значи делот од купувањето (или имањето парцела) до добивањето на сите градежни дозволи. Дали знаеш нешто на оваа тема?
|
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
доколку заглавите некаде или се интересирате да не заглавите во процесот once maybe twice in a life time добро е да ги консултирате подолниве неколку линка кои се прилично едукативни...
дефинитивно хрватите предничат околу порталите, форумите и блоговите за градење и уредување но кај и да е и ние ќе фатиме чекор, само нека го пуштат лизингот за градба под полна пареа како што е кај нив, кој кај нас само Hypo Leasing скромно го почнаа финансирајќи за сега само градба од типот на хотели, фабрики, магацини, но и готови куќи со висок стандард, но незнам кога ќе ја официјализираат понудата веќе некое време чекаат да се укине двојното оданочување како би излегле со реклама, но никако да дочекаат па доколку некој не му се чека хипо одобруваат проекти но треба да прифати корисникот на лизингот двапати да плати данок еднаш додека објектот е на име на хипо и втор пат откако ќе го исплати лизингот и ќе го земе во владение објектот 9бар така го разбрав јас тоа со двојно ддв), инаку Хипо за 2008 имаат предвидено 30 мил. евра за лизинг на недвижности има мислам инфо на нет... |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
a24e blog o gradnji obiteljke kuće ![]() http://a24e.blog.hr/2006/02/index.html абе ако Хрватите не направат нешто вакво нема кој друг, ај што се педантни туку и хумани стануваат, иако делува дека се отупени од тоа презадолженоста кон надвор. исто имаат и доста форуми на оваа тема но за тоа покасно... за навигација блогов е извондреден во тој белиот круг горе можете по периоди и датуми да возите низ процесот на изведба на објектот или пак десно од спротива имате мени со сите фази при изведбата. блогот е прилично детален и јасен и целиот процес е проследен со фотки, уште и да го филмуваа процесот и дефинитивно ќе беа топ (не дека вака не се)... исто интересно е за споредба со нашите цени - имате лево по страна трошоци по позиција... Edited by beTon - 25-Jul-2008 at 15:50 |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
палирот е битен момент во процесот на изведба на објект, но само ако истиот е дел од тимот, но доколку нарачателот преземе улога на палир е тогаш работите или ќе летаат или ќе се блокираат на чисто...
од секогаш сум се прашувал дали е подобро на мајсторите да им висиш над глава или да ги оставиш да си работат и на крајот од денот да направиш контрола, ова го велам бидејќи од она што го имам чуено мајсторите како и секој занаетчија немаат многу мерак некој да им ги брои чекорите, а грешки секогаш има, но ако потенцијалниот стопан е постојано околу нив а тие направат грешка, истата набрзина ја замачкуваат, место натенане да ја оправат... има ред други ситуации зависно од договорот со тајфата било таа да е фискализирана или не! имам чуено за неколку случки како мајсторите побарале екстра шише ракија која не ја добиле па за казна по цела фасада додека малтареле налепиле парчиња кожа од сланина која после некое време од топлото направила еден куп флеки по фасадата - нешто што натака сигурно го чинело стопанот едно буре ракија за да ја оправи работата, како и екстра време изгубено во чудење и нервози, има уште некој пример со шешири и оџаци, плочки и хартија... не дека сите мајстори се арпаџик, но муабетот е пазете со кого фаќате работа, не игра тука улога цената, договорот, тајмингот, сепак ова е поднебје каде ограничувањата не наидуваат на плодна почва, тука игра улога добрата атмосфера, па имаш сетне обичаи разно разни, па чинел песокот нечинел малтерот итн. затоа е најдобро самиот мајстор да го бира основниот материјал и тајминг (неговиот збор да биде чуен), а за се останато дограмата и изолацијата за тоа си одлучува стопанот но не е на одмет да се осигура дали мајсторите имаат искуство околу монтажа на истите(доколку е договорен ѓутуре) бидејќи секој ден излегува нешто ново или има модификации на постојните материјали, пример за тоа се вентилирачките кровови или пак новите типови изолација за кои треба некакво знаење не само пракса... ![]() Edited by beTon - 25-Jul-2008 at 14:34 |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
пред некое време кога барав инфо околу почнување на градба на куќа, налетав на темава во форумот на bagra.org, едноставен наслов со уште по едноставни одговори ми падна во очи бидејќи човек навистина неочекува дека на доволно опуштен форум ќе налета на ваков муабет, а за чудењето да биде најпозитивно муабетот е стокмен прецизно и разбирливо за секој помалку упатен сограѓанин да може да ја свари лесно процедурата за планирање, започнување и изведување на индивидуален објект за домување или работа...
темава бара простор и тука, со оглед дека местото е стокмено за потенцијални неимари (гр.совети и едукација) па интересно ќе биде секој да остави дел од своите искуства и знаења како би се оформил добар прирачник за сите кои би сакале да почнат на своја рака со анализи и подготовки за изведба на градежен објект... во продолжение ќе ја постирам темата во целост како што е извозена на www.bagra.org за да не ни стегнат копирајт паушал ![]() ![]() ********************************** Градење куќа во МК - инфосторминг ... Апла хардвер... од KraFT на 26 мај 2007 - 07:41 Би сакал да ве замолам тука да ги постирате сите можни информации кои можат да помогнат во процесот - градење на куќа. Чисто информативно, да видиме што све ќе излезе и што све се знаеме за овој процес. Цени и искуства на све што ке ви текне во врска со процесот. Како наплаќаат кај нас архитекти за проекти, како ги прават има ли 3д и сл. Колку и како наплаќаат зидари, град.фирми , теслари и све што се прилепуе на тој процес. Што цаки и фори имаат ... Колку кошта камен колку е цигла, која е боља која нечини ... Кои математики се во опток, квадрат ваков, квадрат таков, која даска чини, која не. Булдожери, потпорни зидови, бунари, септ, јами и све. Бетони, усје мал-голем , керамиди, лимови, олуци . Терволи, стиропори, гуми и тн. За овој процес све знам доколку се одвива на запад. Таму Функциноира на принцип адд-то-карт со маус и некст некст... Од почеток до крај. Би сакал да знам како функционира овде. ********************************** од ZisDead на 26 мај, 2007 - 14:24 За изградба можеш да сметаш на цена од 200 Евра/м2 нагоре, зависи од луксузирањето. Тука треба да се вклучени сите завршни работи, под, санитарии, столарија, односно да биде вселиво. Со 300 Евра/м2 би требало да добиеш висок стандард. ********************************** од Robomarket на 28 мај, 2007 - 05:15 Ме заинтересира еднаш темава ама немав со кого да направам корисен муабет. Ај едно ЧПП на градење куќа. Во сличен контекст, ме интересира како оди купување земјиште кај нас? На пример наоѓам некое ливатче во некој заборавен регион и сакам да го купам. Како иде тоа, колку пари метар квадрат, папири и слично? ********************************** од KraFT на 29 мај, 2007 - 05:30 Robomarket напиша: Во сличен контекст, ме интересира како оди купување земјиште кај нас? На пример наоѓам некое ливатче во некој заборавен регион и сакам да го купам. Како иде тоа, колку пари метар квадрат, папири и слично? Процесот. 1. Наогаш ливада и се договараш за цена. 2. Идеш во катастар и земаш имотен лист. (250 ден - одма.) Бараш и "движење" на имотот. Тоа е лог за сите сопственици на имотот, како се продавало и итн... (250 ден - 7 дена.) 3. Во истиот гледаш дали земјиштето е "трансформирано" и дали е во градежен реон. Ако не е дигаш веднаш рачна и за понатаму се советуваш со КаФка. 4. Ако е ОК, тогаш идеш на нотар. Toj ти спрема договор и пред него броиш кеш и му ги предаваш на сопственикот на ливадата. 5, Му плаќаш и на нотарот кеш 150е и им купуваш Јупи и пиво и излагаш со таквото во раце. Договор не добиваш евра еден тон си се истресол а фискална е "педерски" да побараш" Парите си ги дал а нотарот ти вика , немај гајле - си се потпишал во "книга" Мој совет снимај со мобилен... Не дека нешто.... Овој го праќа договорот службено у општината кај што е ливадата , да кажат и они дека е ок да ти се продаде ливадата и да израчунаат колку данок треба да платиш во зависност од класата на ливадата (класа 1 или 2 ) и каде се наоѓа. Они тоа го враќаат назад па ти плаќаш данок. Е тогаш нотарот ти дава копија од ЗАВЕРЕН нотарски договор. Ова знае да се чека и до година дена затоа фаќаш врски. Идадија итн... ( 100 евра кебапи и многу кретенски муабети ... ) Во меѓувереме пукаат афери за нотари и луѓе што шиткаат еден недвижен имот 100 пати но ти ги игнорораш ладнокрвно ... Ако купуваш дел од ливадата тогаш стануваш акционер во цела ливада односно си процентуален сопственик на вкупната ливада. ![]() 6. После наогаш геодет - 150евра. Идете со катастар колчите таму и правите физичка делба . Твоето парче станува твое а на стариот сопственик му се намалува квадратурата на имотот што го поседувал. 7.Имотен лист итн. http://www.katastar.gov.mk/prasanja_cesti.aspx Овде би сакал да не се шири темата во овој контекст, Да не се јават сеа правници и дрвени адвокоати и да солат памет како треба а како нетреба да биде ... Процесот засега е овој и молам да не се тупи натака... Ако не , нема нива... Толку за Кафка... Затоа сега назад кон видови камења, нивно редење, архитекти, зидари и "газда суво е" фраери ... Без мрза ... најави се или зачлени се за да пишуваш коментари Од готово вересија - од m3chan1k на 29 мај, 2007 - 09:48 За тие што се по градењето - многу среќа и пари, пошто ќе им требаат и двете... Јас претпочитам од тие готовите куќички (www.hot-hot.com.mk). За пристојна сума, горе-долу иста како да си ја градиш сам, минус нервози и други заебанции, добиваш клуч од готова куќа. Без да остане куќата до пола изградена, немалтарена, без гелендери и слично, к'о шо знае Македонче да си напраи кога ќе му снема кеш, жифци или енергија... ********************************** од dimitar27 на 4 јуни, 2007 - 14:52 Крафт бе другарче, со цел памет од БАГРАва очекуваш помош или онака си правиш муабет?? Не дека нејкат, ами не можат да ти помогнат. Со пар исклучоци, другите тројца активни БАГРАши живеат со тато и мама, или под кирија, или ко мене у стан. Мислиш дека некој изградил куќа своја??? Има еден дечко овде, стар БАГРАш, гради сеуште (мислам) куќа у радишани, ама изгледа не ја чита ни он више мртвава ни БАГРА. Искрено и мене ме интересира темава (иако јас би купил веке готова куќа, само да видам да продадам станчињата) ама тешко дека од овде ке се офајдиме со информации, или ко ти што викаш инфостероминг. Поздрав друже и со среќа ако си тргнал по тој долг и трновит пат.Знаеш како викаат, кога ке направиш своја куќа, дури тогаш си ЧОВЕК ) П.С. И уште викаат дека на третата куќа ке знаеш како НЕ ТРЕБА )) ********************************** од Gorco на 15 август, 2007 - 02:16 Друже, гледам дека горе-доле знаеш шо се оди во градење куќа, не си тутуле-бале . Ќе си најдеш градежна фирма или под-изведувач и ќе се информираш околу понудата. За да пројдеш поевтино, барај фирми надвор од Скопје. Консултирај се со неколку фими, барај на интернет за материјалите што ги вградуваат, преговарај за цената. Е сега, најважното: 1. Обавезно договор каде ќе биде прецизиран датумот на завршување. 2. Листа на сите материјали кои ќе бидат вградени на одредени места од градежниот план, со претходно напишани мерки за квалитет! 3. НАЈБИТЕН ДЕЛ: твое присуство во процесот на градба, посебно во почетокот кога се ставаат темели. Ако не си присутен, од каде знаеш колку железо и кој квалитет на бетон е користено?? Ај, ќе бутнеш ѕид за да видиш дебелина на малтер (усје-мал, никако вар) и како се редени циглите (по височина или должина) и нивната дебелина... но темели неможеш да "тестираш" без специјална опрема! Бетонот сигурно ќе го носат од некоја фирма специјализирана само за тоа. Барај документ за квалитет т.е. процент на цемент во него. Од изведувачот барај цена за секој дел поединечно, колку се прозори, колку се вратите, колку е базенот , струјната инсталација (никако кинески, турски или француски елементи), водоводот... па после барај фирми чија специјалност се токму тие сектори, за да споредиш цена. Прашај колку чини само карабина! Прво собери понуди од фирмите, постирај овдека (без мрза) па ќе разглобиме детали. Градење куќа е сериозна пара, може да се изведе за помалку од два месеца, клуч на рака, но само со добро планирање. ********************************** од triipol на 24 август, 2007 - 13:43 Ке ти го кажам најбитното правило кога градиш куќа или реновираш стан НЕ ДАВАЈ КЕШ ОДНАПРЕД НА МАЈСТОРИ / ПРЕДУЗИМАЧИ максимум 30% Ма колку да те вртат дека мора да купат материјал, или треба да платат мајстори итн. никако не давај повеке од 30% Држисе до ова правило, и ке ја изградиш пред време, со квалитет кој си го договорил, бидејки ке треба да земат пари од тебе, мајсторите и предузимачите ке те тинтраат до крај ********************************** па одприлика тоа е тоа плус минус еден два поста, мислам дека екипава во два три поста решила доста муабет, ние ова ќе го имавме развлечено меѓу десет страни, што од сеир што од анализирање, па вака како вовед добро е сега може и ние да му дадеме луфта малку, па да бидне турбо билбил прирачник за потенцијални стопани! Edited by Cloverstack - 02-Aug-2008 at 15:52 |
|
![]() |
|
vardar ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Mar-2008 Online Status: Offline Posts: 1106 |
![]() ![]() |
Малце каснат со ова али сепак
![]() ( повторно се извинувам ако не е за тука
![]()
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 131415 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |