Author |
Topic Search Topic Options
|
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#281 Posted: 11-Nov-2009 at 12:21 |
Новиот Cosmofon (One)
http://www.one.mk/
Дигитална телевизија BoomTV
http://boomtv.mk/
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#282 Posted: 11-Nov-2009 at 01:59 |
И јас имам слушнато дека тоа ќе биде името. А иако немам слушнато, убеден сум дека оние СЕКАДЕ реклами деновиве се нивни. Завчера видов дека го расклопиле и дуќанот во ГТЦ и го реновираат.
|
 |
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#283 Posted: 11-Nov-2009 at 01:54 |
Изгледа денес ќе биде ребрендирањето и спојувањето на Он.Нет и Космофон, а во јули од страна на Космофон била регистрирана некоја страница www.ONE.com.mk
http://dns.marnet.net.mk/registar.php?dom=one.com.mk
Па, дали тоа ќе биде името новиот оператор?
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#284 Posted: 03-Nov-2009 at 14:40 |
Еве уште една веќе стара вест, каде освен за домените и кириличното писмо може да научите и дека Сеул се наоѓа во Северна Кореја
Од 2010 година ќе може да се регистрираат домен адреси на кирилично писмо
Граѓаните на Македонија од наредната година ќе имаат можност да регистрираат домен адреси на кирилично писмо. Ваква одлука беше донесена од Управниот одбор на интернет корпорацијата (ИКАН), минатата недела во Сеул, Северна Кореја каде се одржа 36-тиот форум на ИКАН, каде Македонија за прв пат имаше своја делегација, рече министерот за информатичко општество, Иво Ивановски.
“На ова историско заседание на ИКАН, се донесе таа одлука со која што за брзо време домен адресите од почетокот на адресата до самиот крај ќе бидат на мајчин јазик. Покрај латинската азбука, ќе се воведат уште 100 илјади карактери за пребарување на интернет адреси”, додаде Ивановски.
Главната тема на конференцијата била препораката на владиниот советодавен комитет за воведување на т.н Брза патека за интернационализирани домен адреси.
На ова заседание била усвоена и апликацијата со која Македонија станува рамноправна членка во владиниот советодавен комитет на ИКАН.
Во рамките на конференцијата, министерот Ивановски остварил средба со професорот,Стив Крукер кој што заедно со уште двајца професори од САД , го дизајнираа интернетот и претседателот и извршниот директор на ИКАН, Род Бескром. | http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=63716&kategorija=1
Edited by pbanks - 03-Nov-2009 at 14:40
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#285 Posted: 03-Nov-2009 at 12:53 |
Веќе неколку дена стара вест но ја немаме евидентирано
EQ TV нов сопственик на КејблтелМакедонскиот кабелски и телекомуникациски провајдер Кејблтел од неодамна се наоѓа под чадорот на водечкиот Европски инвестициски фонд „И КЈУ ТИ ВИ“ (EQ TV). EQ TV е водечки приватен инвестициски фонд, кој работи во Северна, Централна и Источна Европа, САД и Азија. Во компаниите што се под закрила на овој фонд има повеќе од 500.000 вработени, а годишниот пораст на корпоративните приходи се движи околу 13%. Седиштето на EQ TV за Централна и Источна Европа е во Варшава. Со одлуката на EQ TV за ширење на источноевропскиот пазар, покрај македонскиот кабелски оператор се опфатени и двата водечки оператори во соседна Бугарија, Кејблтел и Еуроком. Станува збор за инвестиција вредна 200 милиони евра, која е една од најголемите странски инвестиции во овој сектор во регионот. Искуството на EQ TV и локалната експертиза од Кејблтел, се очекува да резултираат во проширување и подобрување на услугите од сегментите на дигиталната телевизија, интернетот и телефонијата кон крајните корисници во Македонија. Македонскиот кабелски и телекомуникациски провајдер Кејблтел е создаден со обединување на 13 кабелски оператори во Македонија со стратешки американски инвеститори. | http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=19581
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#286 Posted: 03-Nov-2009 at 01:44 |
Тотал ТВ Кабелска сателитска телевизија
Понеделник, 02 Ноември 2009 18:18 |

Тотал
ТВ директна до дома платформа е новиот кабелски оператор во Македонија,
кој по освојувањето на публиката во Србија, Црна Гора, Словенија, Босна
и Херцеговина и Хрватска од сега и во Македонија. Различни се од
другите.
„
Оваа услуга е првенствено наменета за региони во кои во моментов нема
покриеност со кабелска телевизија, што не значи дека и во регионите
каде што има кабелски телевизии не е достапен овој сервис" вели Кире
Трендафилов директор на Тотал ТВ кабелската сателитска телевизија.
Се
работи за кабелска дигитална телевизија преку сателит со опрема која ја
обезбедува телевизија но и можност освен за редовна месечна претплата и
на припејт услуга.

„
Освен што нудиме повеќе од 100 домашни и странски канали ќе добиете и
преку 200 слободни канали кои се на располагање на двата сателита кои
што корисниците ќе ги одберат при инсталирањето на оваа опрема. Значи
два саталита, едниот е задолжителен тоа е ЕУТЕЛ САТ В2 на кој ќе ги
емитуваме нашите програми кодирани и по Ваш избор ќе одберете уште
ХОТБРД или АСТРА, на кои ќе ги добиете т.н. слободни канали, ВЕБ
страница, кол центарот кој ќе биде на ваша услуга во секое време" вели
Трендафилов.
Во регионот доби милионска публика.

„
Во регионот име преку еден милион претплатници, содржината на каналите
кои ги нудиме е дека сме поконкурентни од актуелните кабелски оператори
во Македонија" вели тој.
Се надеваат дека со новната квалитетна понуда за скоро време ќе го освојат телевизискиот пазар во Македонија.
Стево Башуровски
|
|
http://www.tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=14112:2009-11-02-17-20-12&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#287 Posted: 26-Oct-2009 at 18:50 |
Македонија лидер во регионот бројот на интернет корисници!
Македонија со 50,3% е лидер на Балканот според бројот на интернет корисници постари од 15 години, покажува истражувањето спроведено од GfK, а се однесува на земјите од Централна и Источна Европа. Веднаш по Македонија се сите соседни земји, од Балканоткако и двете нови членки на ЕУ, Бугарија (со 33,1%) и Романија (со 32,5%). Од сите 17 земји вклучени во истражувањето, на врвот се Естонија со 70,3%, следува Словенија со 67,5%, а на третото место е Австрија со 58,7%. Македонија е на средината од листата, во друштво на Словачка со 51,2% корисници на интернет и Хрватска со 47,5% интернет корисници.
Според бројот на корисници на дневна база Македонија со 50,3% се најде на деветтото место, а најголеми дневни “интернет сурфери’ се граѓаните на Естонија со 82% од вкупниот број на корисници, потоа следува Романија со 45%, па Словенија со 71% од вкупниот број на интернет корисници.
Интернет конекција од дома имаат 43% од Македонците, а на врвот се Естонија и Словенија со 74%, како и Латвија и Австрија со 60%,каде што интернет корисниците кои имаат интернет конекција во своите домови. Слично е и споредувањето за користење на интернетот за дневно информирање и пребарување на нови вести. Во таа категорија Македонија е на третото место во категоријата (од 67 до 61%), заедно со Хрватска Унгарија, Словачка, Чешка, Австрија, Полска и Македонија. Во оваа категорија на врвот е Естонија со 83%, а позади неа се Словенија, Литванија, Латвија и Романија со број на корисници од 72% до 78%. Македонија заедно со Бугарија со 48% е на самиот врв по бројот на интернет корисници кои користат “CHAT” и други видови социјални мрежи, а сме на дното во категоријата “купување преку интернет“, каде само 8% од вкупниот број на интернет корисници ја користат оваа услуга, но сепак и тука сме во друштво на земјите членки на ЕУ и далеку пред нашите соседи.
(Тотал)
http://total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=15291
|
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#288 Posted: 22-Oct-2009 at 14:28 |
АЕК ќе ги пребројува корисниците преку активни броеви22.10.2009 14:52 | Кај „Ти-мобајл“ изнесува 64,8% |
| |
Агенцијата за електронски комуникации ја смени методологијата за пребројување на корисниците на мобилен телефон. Повеќе нема да се применува праксата евиденцијата да се прави со регистриран број во базата на операторите, туку со активен припејд и постпејд корисник во текот на цели 3 месеци. Според новите мерења во вториот квартал, лидер е „Ти-мобајл“ со пазарен удел од 64 проценти, „Космофон“ има удел од 23 проценти, а ВИП операторот удел од 12 проценти. „Кај „Ти-мобајл“ изнесува 64,8%, ова е уделот врз основа на активни претплатници по дефиницијата од 3 месеци, не врз основа на приходи, туку претплатници. На „Космофон“ изнесува 23,37%, додека ВИП во целокупниот пазар по бројот на активни претплатници изнесува 11,95%“, вели Васка Петровиќ, АЕК. | http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115305
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#289 Posted: 12-Sep-2009 at 13:55 |
Многу пати сум се нервирал со овие операторите што бараат некои договори на одредено време за да веднаш следниот месец се смалат цените, а договорот те обврзува на две години. Јас разбирам да имам земено некаков апарат на користење па да треба да го одплаќам на рати, но за цени кои варираат (претежно паѓаат) да треба да се плаќа фиксна нереална цена. Затоа и кога правев избор на интернет провајдер пред неколку години, го ордбрав единствениот пакет од CableTel (бивши КабелСат) кој беше на неопределено време и единствен пакет што всушност цените автомтаски паѓаа (два пати паднаа) при промена на цени.
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#290 Posted: 12-Sep-2009 at 13:32 |
Originally posted by beTon
Originally posted by beTon
таман мислев дека со космофон со ало-ало пакетот ќе пуштат и интернет за домашни корисници, кога ето словенечка статива!
ајде може и ќе пуштат срце словенциве па малку и да ја дисперзираат концентрацијата на интернет исклучиво по жица! ова со интернет по ало пакетот ќе дојде нешто kako старата понуда на он.нет со wadsl доколку и навистина направат вакво нешто во иднина! |
Originally posted by lslcrew
Па спојувањево не очекувам нешто драстично да смени освен што ќе добиеме уште една трпл-плеј понуда на пазарот покрај сегашните на т-мобиле и кабелтел.
Во последно време на пазарот веќе сервисот не бира медиум, односно сите три сервиси (тв+нет+тел) веќе се присутни преку сите оператори (мобилни+фиксни+кабелски) што е доста здраво за пазрот на телекомуникации. Ваквите окрупнувања како неодамнештото со т-хоме и т-мобиле и сегашново на словенциве само ја олеснува дистрибуцијата на сервиси до граѓаните. |
јас посочувам за ало ало пакетот како бежична припејд телефонска конекција, значи како што тераат интернет со 3G да тераат и со ало ало, но ало телефонијата мислам дека е на wadsl принцип !? |
ALLONET ФИКСНА ЛИНИЈА И ИНТЕРНЕТ ДОСТАПНИ НАСЕКАДЕ  COSMOFON и ON.NET Ви го нудат AlloNet - фиксна линија и ADSL интернет заедно, достапни насекаде и за секого. AlloNet Ви овозможува: до 300 минути вклучено време за разговор кон сите национални фиксни мрежи, секој месец- до 30 GB вклучен интернет во претплатата, секој месец
- најниска претплата за фиксна линија и интернет
- една сметка за фиксна линија и интернет
најниска цена за повици кон мобилните и фиксните корисници на COSMOFON и ON.NET - иста цена за локални и национални повици
- без трошоци за приклучок, модем и инсталација
- договор на неопределено време
Во промотивниот период, до 31 октомври 2009, сите AlloNet корисници добиваат 1000 денари бонус за разговори, кој може да се користи 3 месеци од денот на активација. Бонусот со ДДВ изнесува 1180 денари.
Одберете еден од двата тарифни модели - AlloNet 899 или AlloNet 1099, во зависност од Вашите комуникациски потреби. |
Edited by Max - 12-Sep-2009 at 13:34
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#291 Posted: 04-Sep-2009 at 14:17 |
Европска унија има зацртано до 2012 година да го дигитализира тв етерот, вклучувајќи и терестријатниот домен (безчини ухф вхф), со тоа што сите дома ќе треба да имаме дигитани приемници, а и новите телевизори веќе се произвеуваат и со дигитални приемници да не треба дополнителен уред да се купува. Македонија е доста напред во однос на дигитализацијата на кабелскиот домен, веќе скоро сите од кабелските оператори имаат дигитални услуги, трипл плеј и слично. Во врска соп терестријалната имаше некои најави дека он нет требаше првично да набави околу сто илјади апарати за домаќинства и да биде оператор, ама незнам што бидна со тоа. Има премногу глутници гладни за пари што вијат околу мтв радиодифузен сектор и слично, така да некаде може да се заглавила работата предходно.
Далеку од тоа дека сме до толку добри да бидеме една од водичите во европа, но во секој случај не заостануваме и мислам дека сме во солиден чекор со еу околу тој процес, за разлика од многу домени каде шпто сме децениски назад.
Edited by lslcrew - 04-Sep-2009 at 14:18
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#292 Posted: 04-Sep-2009 at 14:10 |
Телеком Словенија стартува со дигитална телевизија во Македонија
Телеком
Словенија, сопственик на мобилниот оператор Космофон и на Оннет,
започна со емитување на дигитална телевизија на целата територија на
земјата. Како што информираат од компанијата, оваа есен 95% од
домаќинствата во Македонија ќе бидат во можност да уживаат во
програмски пакет со супериорна дигитална слика и звук, преведени
странски програми на македонски јазик, електронски програмски водич за
седум дена однапред, можност за снимање и премотување, како и видеотека
со најнови филмски наслови и интерактивни сервиси. Со ова, Македонија станува една од првите европски земји кои го започнуваат процесот на дигитализација на тв етерот. Во
наредните недели, 500 македонски домаќинства ќе имаат можност бесплатно
да го пробаат новиот тв сервис, во кој ќе бидат понудени голем број
домашни и странски канали од најпопуларните жанрови меѓу македонските
гледачи; спорт, филм, музика, детска, документарна и образовна програма
и канали за возрасни со посебна заштита за децата. Најголема
новина е локализацијата на македонски јазик, што значи дека странските
канали се титлуваат или синхронизираат на официјалниот јазик во РМ ,
онака како што е пропишано во домашните закони. Инвестицијата
во безжичната дигитална телевизија за Република Македонија е во целост
финансиски обезбедена и Телеком Словенија е сигурен дека на
македонските домаќинства од оваа есен ќе им овозможи да следат ТВ
програми по сите најнови светски стандарди. /крај/со/ст |
http://www.makfax.com.mk/mk-mk/Details.aspx?itemID=8619
Со ова, Македонија станува една од првите европски земји кои го започнуваат процесот на дигитализација на тв етерот. |
Ме интересира колку од ова е вистина?
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#293 Posted: 18-Aug-2009 at 22:10 |
Шокантно  Мислам и на мало дете му е јасно колку беше без врска цел овој "проект" уште пред да се реализира.
Бесплатен интернет има, сурфери ни за лек!
Ниту во паркот
Жена - борец, ниту во Градскиот парк спроти бараките на
администрацијата на Град Скопје не можат да се видат граѓани со лаптопи
в раце кои сурфаат по веб страниците. Безжичната конекција иако е
достапна во текот на 24 часа, ретко се користи и преку мобилни телефони
Скопјани
не ги користат поволностите од бесплатни интернет - зони што пред
триесетина дена им ги овозможија градските власти. Ниту во паркот Жена
- борец, ниту во Градскиот парк спроти бараките на администрацијата на
Град Скопје не можат да се видат граѓани со лаптопи в раце кои сурфаат
по веб страниците. Безжичната конекција иако е достапна во текот на 24
часа, ретко се користи и преку мобилни телефони. На бројните
посетители на паркот, ништо не им значат ни информативните табли на кои
пишува дека се наоѓаат во слободна интернет зона. - Гледате и
сами, во парков доаѓаат повозрасни луѓе, пензионери или родители кои ги
шетаат своите деца. Ние доаѓаме за муабет, за дружење, за партија шах
со другариве, за малку одмор во зеленилово. Не знам да работам со
компјутер, а да ти кажам право и да знам тоа не би го правел овде во
парк, туку дома. Можеби тоа е модерно, ама не сум видел никој овде да
седи со компјутер - ни рече чичко Стојан кој е еден од најредовните
посетители во Жена Парк. Младите пак, кои без исклучок се зависници од
интернет комуникацијата и редовно се приклучени на популарните скајп,
месинџер, на блогови, ги поддржуваат ваквите проекти, но велат дека
треба да помине време да се створи навика кај населението.
-
Во светот лаптопите се многу поевтини од кај нас, така што таму може да
си дозволи да си купи секој. Кај нас најчесто ги користат деловните
луѓе, а за нив е можеби малку социјално да седнат на клупа за да
завршат некоја работа на интернет. Препоставувам дека попрво би седнале
во кафуле. Сепак добро е што вакви проекти почнаа да се реализираат и
кај нас, што ми дава надеж дека и ние ќе го стигнеме светот - вели
студентката Мирјана Анчева. Од Градот Скопје велат дека се уште е
рано за конкретни заклучоци околу позитивните или негативните резултати
на проектот бидејќи во моментов течел тест периодот во рок од месец.
Сепак, задоволни се од досегашното функционирање и најавуваат дека
догодина слободните интернет зони ќе ги прошират уште на неколку
локации. Безжичниот интернет-пристап е слободен, без лозинка и
може да го користи секој што има пренослив компјутер или пак, мобилен
телефон што има можности за безжична конекција. Минималната брзина на
преземање на податоци од Интернет е четири мегабита во секунда, а
минималната брзина за испраќање на податоци е биде 512 килобита во
секунда. Вкупните трошоци на проектот за двете локации изнесуваат
24.800 денари месечно или 298.000 денари на годишно ниво. Овој проект е
предвидено да заврши во 2010 година.
|
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=CFA4361818DAF844B8C65132A391209D
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#294 Posted: 29-Jul-2009 at 08:51 |
Интересна вест, штета што нема податок за процентот на интернет пенетрација:
[quote]
Расте пазарот на електронски комуникации
28.07.2009 14:55
Приходите на пазарот на електронски комуникации од година во година бележат значителен раст во сите сегменти, освен во фиксната телефонија.
Најголем дел од вкупните приходи отпаѓа на мобилната телефонија - 58 проценти, фиксната телефонија учествува со 32, интернет услугите со осум, а најмал дел од два отсто има преносот на радио телевизиска програма до крајните корисници.
На пазарот за фиксна телефонија во Македонија во првото тримесечие од годинава активни се шест оператори, на пазарот за мобилна телефонија три, како и 70 кабелски оператори, 52 интернет провајдери и 42 даватели на јавно достапни телефонски услуги на фиксна локација (ВОИП).
Тоа се наведува во Извештајот за развојот на пазарот за електронски комуникации во Македонија за првиот квартал од годинава, што денеска го објави Агенцијата за електронски комуникации.
Раководителот на Секторот за анализа на пазар при АЕК Васка Петровиќ истакна дека кај фиксната телефонија утврден е значителен процент на опаѓање на фиксните линии во однос на првиот квартал од 2008 година од 399.975 линии на 375.461.
Тоа не се однесува на деловните линии во фиксната телефонија кои од квартал во квартал, како што вели Петровиќ, одат во нагорна линија, од 37.057 на 41.535 крајни корисници.
[/qoute]
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#295 Posted: 27-Jul-2009 at 23:31 |
Се сложувам со Пбанкс, мислам дека на оваа вест не и заслужува да и се даде воопшто некаква важност. Па на тие локации ионака се фаќаат 5-6 слободни мрежи од околните кафулиња, а и мислам дека воопшто не е работа на градот да обезбедува бесплатни сервиси. Градот наместо бесплатен интернет би можел да ги понуди бесплатно само градските сервиси и информации, па на различни места да можат туристите на своите мобилни да добијат информација повеќе за градот, објаснување, може и аудио за што точно се наоѓа пред туристот и сл. Тоа веќе би била соодветна употреба на безжичните телекомуникациски сервиси и технологии на модерен начин, а во полза на градот.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#296 Posted: 27-Jul-2009 at 15:38 |
 мене ми е комплетно безвезна. Прво кој е тој интернет што кошта 500 ЕУР месечно. Второ... зошто треба да се трошат буџетски пари на вакви глупости (макар што е банална сумата) во време на 3G и во време кога секој кафиќ има WiFi. Знам дека му беше во програмата ова, но мене ми е комплетно безвезна идејава
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#297 Posted: 27-Jul-2009 at 15:25 |
Не премногу битна, но интересна вест
ВО ГРАДСКИ ПАРК И ВО „ЖЕНА-БОРЕЦ“
Бесплатен безжичен интернет за скопјани
Скопјани,
почнувајќи од викендов, имаат можност во Градски парк, спроти бараките
на администрацијата на Град Скопје, и во паркот „Жена борец“ да
користат бесплатен безжичен интернет. Интернетот е бесплатен и се
користи без впишување лозинка. - Со овој проект Градот Скопје се
приклучува кон развојот на Република Македонија со информатичка
технологија. Вкупните трошоци на овој проект се 24.800 денари месечно
или околу 300.000 денари годишно, изјави градоначалникот Коце
Трајановски, кој го промовираше проектот за бесплатни интернет-точки.
Тој посочи дека реализацијата на проектот била предвидена за 2010
година, но е завршена порано. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1768&ArticleID=118585
Edited by Cloverstack - 27-Jul-2009 at 15:25
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#298 Posted: 03-Jul-2009 at 22:19 |
Пенетрацијата на мобилна телефинија е само 80 проценти
Вип
оператор останува да работи само во мобилната телефонија и нема да шири
својот дијапазон на услуги во фиксната телефонија или во броудбендот
(интернетот). Главниот извршен директор на Вип оператор, Никола Љушев
смета дека на мобилниот пазар во земјава има се уште простор за работа
и остварување на приходи. -Погрешно е тврдењето дека стапката на
пенетрација на мобилната телефонија изнесува 115 проценти. Според
истражувањето што го нарачавме од независна куќа покажа дека
пенетрацијата е околу 80 проценти што говори дека другите два оператори
покажуваат неточни податоци за бројот на нивните активни СИМ броеви.
Значи дека нашата конкуренција дава искривена слика за пазарот бидејќи
ги брои и оние мртвите, неактивни СИМ броеви што се изгубени или фаќаат
прашина во некоја фиока - смета Љушев.
Од Вип нагласуваат дека од декември 2008 година и заклучно со јуни
годинава нема корекција на стапката на пенетрација што говори дека
кризата го забавува пазарот и операторите единствено водат борба за
преземање на корисници од своите конкуренти. Во таа насока од Вип ја
поздравуваат последната одлука на Агенцијата за електронски комуникации
(АЕК) за намалување на цената за преносливост на броевите од еден во
друг оператор на само 200 денари плус ДДВ. -Со последната одлука
на АЕК се дефинираат точно условите под кои не може некој корисник да
премине кај друг оператор. Досега многу често се злоупотребуваа
договорите за лојалност за да не му се дозволи на некој корисник да
премине во друг оператор. Придобивка е и скратувањето на времето од 14
до 16 дена на само пет дена за пренесување на бројот од еден кај друг
оператор - рече Љушев.
Од 1 септември, од кога е воведена можноста за преносливост на
броевите, 1.623 корисници од другите оператори ги пренеле своите броеви
во ВИП оператор, а во истиот период 70 корисници од ВИП заминале кај
другите оператори.
Љушев истакна дека од 3.870 барања кои биле поднесени за
преносливост на броевите, одобрени се 2.247 од страна на операторите
каде што биле корисниците на поднесените барања. Од страна на ВИП
оператор биле одбиени 51 барање за преносливост на броевите. ВИП
оператор, како што информира Љушев, веќе ја применува најновата одлука
за преносливост на броевите, која досега чинела 300 денари плус данокот
на додадена вредност.
Тој ја поздрави одлуката на АЕК за воведувањето на асиметричната
интерконекција која очекува дека ќе му овозможи на Вип, како најмлад
оператор на пазарот, да оствари задоволителен пазарен удел од 20
проценти. Љушев го поздрави новиот менаџерски тим на Космофон и очекува
дека тие ќе се однесуваат фер-плеј и нема да настапат со агресивни
цени. За навестувањата за спојување на Македонски телеком со Т-Мобиле,
Љушев смета дека имаат повеќе разработени сценарија кога ќе се случи
тој чин, но очекуваат дека Телеком, како оператор со значителна пазарна
моќ нема да може да протежира својот мобилен оператор на сметка на
другите. |
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=BD686094050F494B84800F33836D77E7
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#299 Posted: 02-Jul-2009 at 15:05 |
Преносливоста на броеви ќе чини најмногу 200 денари
Најмногу 200 денари плус ДДВ еднократно ќе смеат да наплаќаат
мобилните и фиксните оператори за услугата преносливост на броеви, што
е многу пониска цена од досегашните. Одлуката за намалување на
еднократниот трошок стапи во сила вчера, а операторите имаат рок до 1
август да ги приспособат своите системи на промената, соопштија вчера
од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Од почетокот на
услугата преносливост на броеви пред 10 месеци, операторите наплаќаа
различни цени. Дел воопшто не наплаќаа, додека меѓу тие што наплаќаа
највисокиот износ во фиксната телефонија изнесуваше 800 денари, а во
мобилната 600 денари плус ДДВ.
Според податоците на Агенцијата,
услугата преносливост на броеви досега ја искористиле 3.500 корисници
во мобилната и 11.000 од фиксната телефонија. Директорот на АЕК, Петар
Ивановски, објасни дека оваа услуга во европските држави просечно чини
5,5 евра, поради што оцениле дека за македонски услови најсоодветен
износ на тој надомест е околу четири евра.
|
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3879F9C92EF9FB439AED1375044A776A
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#300 Posted: 30-Jun-2009 at 22:08 |
Космофон нема да се вика Космофон!
Телеком
Словенија до крајот на годинава ќе ги спои Космофон и Он.нет кои ќе
работат под заедничко комерцијално име што нема да ги содржи називите
на двете компании
До
крајот на годинава, Космофон и Он.нет ќе се спојат во една заедничка
компанија и ќе работат под едно заедничко име кое засега одговорните во
двете компании не сакаат да го обелоденат. Според првиот човек на
Космофон, Оливие Понсин, новата заедничка компанија ќе има име кое нема
да ги содржи сегашните комерцијални називи на двата оператори. -
Новиот назив на заедничката компанија ќе биде нешто ново и свежо, што
нема да ги содржи имињата на Космофон и Он.нет, ниту пак некој назив на
бренд од Телеком Словенија. Значајно е што ќе ги споиме сите технологии
што ги поседуваат двете компании - нагласи Понсин.
Тој не прецизира колкаво намалување на бројот на вработени ќе
предизвика спојувањето на мобилниот и фиксниот оператор со интернет
провајдерот. -Телеком Словенија, а ниту јас имаме некаков таен
план за отпуштање на вработените. Откако ќе се направи спојувањето на
двете компании ќе видиме дали има преклопување на работните места.
Тогаш ќе има реорганизација и анализа на функциите. Некои од
вработените ќе си заминат, но не се знае колку - појасни Понсин.
Тој најави дека за неколку дена во Космофон и Он.нет ќе бидат
назначени нови менаџерски тимови. Промени во раководството и
реорганизацијата во Космофон уследи откако негов нов сопственик кон
крајот на март годинава стана Телеком Словенија, кој од грчки Космоте
го купи мобилниот оператор и продажниот синџир Германос за 190 милиони
евра.
Телеком Словенија неодамна од Агенцијата за електронски комуникации
доби лиценца за услугата дигитална телевизија, чиј старт го најави за
септември годинава. Според последните најави на раководството на
Телеком Словенија, првиот човек на Он.нет, Предраг Чемерикиќ ќе ја
раководи компанијата што ќе го менаџира работењето на дигиталната
телевизија. Понсин вели дека ќе учествуваат и на вториот тендер за фиксна телефонија на владините институции што ќе биде распишан наскоро. |
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=2E7AB2806620AA4184DE95411977E4A1
|
 |