Author |
Topic Search Topic Options
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#3061 Posted: 05-Jun-2008 at 22:39 |
 Пред некој ден поминував од тука пробувајќи да заобиколам некои гужви. Прекрасна уличка, без кратери и езерца и кал.
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#3062 Posted: 05-Jun-2008 at 22:36 |
Реконструкција на повеќе улици
Во
општината Кисела Вода се реконструираат повеќе улици. Во моментов се
работи на улицата Драга Стојанова, на која се врши реконструкција на
коловоз и поставување на рабници во должина од 60 метри и широчина од 4
метри. Улицата Невена Георгиева-Дуња,пак, се реконструира во должина од
330 и широчина од 5 метри. Изведувач на работите на овие улици е
фирмата ММ Инжентеринг додека во МЗ Усје, фирмата Метал инженеринг
работи на реконструкција на повеќе улички во должина од 1 километар.
Градежни работи се изведуваат и во населбата Драчево. Таму е
завршена реконструкција на улицата "Славка Динкова", која е асфалтирана
во должина од 300 метри и широчина од 6 метри, а изведувач беше фирмата
Камацо-И. Исто така фирмата Метал инжентеринг го заврши потпорниот ѕид
кај училиштето Круме Кепески. На улицата "Томе Арсовски" деновиве треба
да започне изградба на паркингот со површина од 750 метри квадратни.
(Д.Т.)
http://vecer.com.mk/?ItemID=BA92300CCEAB5C419DE7152A6406AB6C
Го знам маалово, со улиците може да му парира на маџир-маало! Стварно треба тука темелна реконструкција.
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#3063 Posted: 26-May-2008 at 15:47 |
Дефинитивно, голема гужва се ствара само ме буни малце каде ќе прават паркинг за 95 возила, во статијата не објаснуваат баш најдобро...
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#3064 Posted: 26-May-2008 at 15:23 |
Знам каде е тоа. Навистина беше потребно
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#3065 Posted: 26-May-2008 at 11:05 |
ВО АВТОКОМАНДА
Проширена улица и нов паркинг
Проширена улица и нов паркинг за растоварување на сообраќајот зад пазарчето во Автокоманда. Активностите ги презеде Општина Гази Баба од каде информираат дека проширувањето на улицата "Бапчор" е неопходно заради сообраќајниот метеж пред пазарчето, градинката "25 Мај" и ОУ "Стив Наумов". Улицата е надоградена за една коловозна лента која е исклучиво за застанување.
- Со цел решавање на проблемот со паркирање на овој простор општината започна и со изградба на паркинг простор зад пазарчето. Паркингот е во тек на изградба и е со капацитет од 95 возила. Овој паркинг простор ќе биде наменет и за околните згради, велат од Општината.
Работите ги изведува фирмата "Техноградба-инжинеринг", додека одводнувањето на паркинг просторот општина Гази Баба го работи заедно со ЈКП "Водовод и Канализација", велат од Општината.
|
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#3066 Posted: 19-May-2008 at 05:06 |
ВО ЈУНИ ЌЕ СЕ ПРОШИРУВААТ ПОВЕЌЕ БУЛЕВАРи
Возачите да се стрпливи додека улиците се затворени

Во текот на јуни скопјани може да очекуваат метеж по градските улици, бидејќи градските власти за тогаш најавуваат дека повеќе сообраќајници ќе бидат затворени поради градежни зафати. Ќе се прошируваат улицата Илинденска, булеварот Гоце Делчев, раскрсницата кај Тутунски комбинат и ќе се гради нов надвозник во форма на детелина кај Бит-пазар. Според досегашните искуства, дури и мала блокада на некоја од овие улици, како штрајк или незгода, предизвикуваше колапс како во центарот, така и во другите делови од градот.Со почетокот на градежните зафати, од Градот најавуваат дека постепено ќе ги затвораат улиците и ќе воведат соодветен привремен сообраќаен режим. Проектантските куќи што ги изготвуваат проектите за проширувањето на „Илинденска“, крстосницата кај Тутунски комбинат и на дел од булеварот Гоце Делчев се должни да изготват и решенија за привремен режим на сообраќајот за време на изградбата. Начинот на движење на возилата ќе се уредува во зависност од фазите на градежните работи. Инаку, ние само ги одобруваме овие привремени режими. Очекуваме, како и при секој градежен зафат, да има одреден намален проток на сообраќајот во овие делови на градот - велат во одделението за односи со јавноста.Оттаму посочуваат дека овие проекти се многу значајни за зголемување на проточноста на сообраќајот, бидејќи нивната реализација ќе придонесе за подобрување на сообраќајната инфраструктура. Се надеваат дека изведувачите ќе се придржуваат до договорите и ќе работат интензивно за што побрзо да заврши реализацијата на проектите. Тие апелираат до возачите да бидат трпеливи и да се придржуваат до новите сообраќајни режими.Во моментов во тек се тендерските постапки за избор на изведувачи, кои се очекува да завршат до крајот на мај. Освен проширувањето и изградбата на булевари и надвозници, од Градот најавија и дека ќе градат жардиниери во средишно зеленило, како и натпатници за поголема безбедност на пешаците.
|
Dnevnik
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#3067 Posted: 05-May-2008 at 09:54 |
НОВИ КОЛОВОЗНИ ЛЕНТИ ЗА ПОМАЛ СООБРАЌАЕН МЕТЕЖ
„Илинденска“ и „Гоце Делчев“ ќе се прошируваат во јуни
Летово, како дел од Акциониот план на градоначалникот Костовски, ќе биде проширена и крстосницата кај Тутунскиот комбинат и ќе биде изграден нов надвозник кај Бит-пазар

Градските власти од наредниот месец со полна пареа ќе почнат градежна офанзива во Скопје. Ќе се прошируваат булеварите Илинден и Гоце Делчев, како и раскрсницата кај Тутунскиот комбинат и ќе се гради надвозникот кај Бит-пазар, кој ќе има форма на детелина. За поголема безбедност на пешаците, ќе бидат изградени повеќе натпатници. Од Градот велат дека со овие градежни активности Скопје ќе добие пошироки улици, нови тротоари и жардиниери со зеленило на средината на булеварите. Проширувањето на сообраќајниците се првите активности од Акцискиот план на градоначалникот Трифун Костовски за 2008 и 2009 година.Во тек се постапките за избор на изведувачи, кои се при крај. До крајот на мај ќе бидат избрани изведувачите на клучката детелина на Бит-пазар и на проширувањата на булеварите Гоце Делчев и Илинденска и на крстосницата кај Тутунски. Спроведуваме и тендерска постапка за избор на изведувач за средишните зеленила за седум булевари. И овој јавен повик треба да заврши до крајот на мај. По затворањето на јавните набавки, веднаш ќе почне реализацијата на проектите, според предвидената динамика - објаснуваат од Градот. Паралелно со новите градежни активности, ќе се одвиваат и неколку стари проекти, кои се почнати лани или пред неколку месеци. Тоа се пробивањето на булеварите Србија и Македонска војска, како и изградбата на клучката кај „Континентал“. Кај пробивањата на булеварите има извесни задоцнувања од административен карактер, меѓутоа деновиве очекуваме работите да почнат со полна пареа и многу брзо да заврши изградбата. Проблем се појави на булеварот Македонска војска во Ѓорче Петров со дислокација на еден привремен објект на Јавното претпријатие за стопанисување станбен и деловен простор, од каде што бевме замолени да почекаме некое време - објаснуваат надлежните. Градските власти велат дека и проектот за изградба на натпатници е веќе готов. Избрале два вида, кои ќе бидат поставени над некои улици и булевари, но се' уште не откриваат над кои. Пред да бидат поставени натпатниците, Градот ќе се координира со општините. Унифицирани се два вида натпатници, бидејќи магистралните улици се разликуваат според широчината и средишната структура. На пример, за локацијата кај Бит-пазар е предвиден типот на натпатник за улици со помал профил и без средишно зеленило, а за булеварите како што е „Партизанска“ се предвидени натпатници од друг тип. Тоа е затоа што „Партизански одреди“ има поширок профил и средишно зеленило во кое не можат да се поставуваат носечки столбови за преминот - велат во Градот. Се очекува проширувањето на улиците и изградбата на нови да го намалат сообраќајниот метеж во Скопје.
Јорданка Ивановска
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0B42C30FBF4F6449A42279D69C1A4CFD
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#3068 Posted: 01-May-2008 at 23:58 |
 Ми се повраќа кога ги слушам овие глупости, ем поради бројните лоши и импровизаторски сообраќајни решенија, ем поради бесрамните оптимистички најави чија веродостојност може да се процени од досегашните „успеси“ на Трифун и компанија.
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#3069 Posted: 01-May-2008 at 22:45 |
Повторно најави за старите проекти.
ИНТЕРВЈУ: АЉОША ШОПАР, РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОРОТ ЗА УРЕДУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ ПРИ ГРАД СКОПЈЕ
Скопјани ќе здивнат од сообраќајниот хаос
Пред речиси еден месец Градот најави проекти со чија реализација треба да се зголеми проточноста на возилата и да се намали сообраќајниот хаос. Проширување на булеварот "Гоце Делчев" и "Илинденска", изградба на клучката- детелинка на Бит Пазар и проширување на крстосницата кај Тутунски комбинат, треба да започне веќе во јуни
Градот пред речиси еден месец најави проекти со чија реализација се очекува скопјани конечно да здивнат од сообраќајниот хаос. Три градежни зафати кои се од капитално значење за градот, булевар "Србија", "Македонска војска" и најзначајниот, клучката кај хотелот "Континентал" се во тек, а веќе во јуни треба да почне и реализација на уште 4 , проширување на булеварот "Гоце Делчев" и улицата "Илинденска", изградба на клучката -детелинка на "Битпазар" и проширување на крстосницата кај "Тутунски комбинат".
Најавивте градежна офанзива и реализација на сообраќајни проекти кои годинава треба да завршат. Кога ќе стартуваат градежните работи? Сите законски процедури се во тек. Пред неколку дена заврши тендерот за избор на изведувач кој ќе работи на проширување на булеварот "Гоце Делчев" кај МРТВ, а наскоро ќе се изберат и останатите градежни фирми. Јуни е месец кога би почнале сите проекти, што можеби е лошо од сообраќајна гледна точка, но немаме време да ги тегнеме работите. Најдолго ќе трае изградбата на Илинденска, но затоа ќе се работи во фази за да не ја затвораме оваа сообраќајница целосно.
Кажавте дека Скопје летово ќе биде едно големо градилиште. Дали се обезбедени алтернативни сообраќајни решенија додека траат градежните работи? Точно ќе се знае каде ќе биде пренасочен сообраќајот и во кои фази ќе се гради, со цел да не се случат застои во сообраќајот. Ниту МВР нема да ни дозволи да ги почнеме градежните зафати ако немаме изготвено сообраќајно решение. Од друга страна, се работи за летен период кога сообраќајот во градот е малку порастоварен, а луѓето се на одмор. Ако се тече според очекуваното, освен Илинденска која се планира да заврши до крајот на годинава, останатите би требало да бидат готови веќе во септември.
Реализацијата на овие проекти ќе го чини Градот многу пари. Дали во буџетот се обезбедени средства за нивно завршување? Финансиска конструкција за реализација на сите овие проекти е обезбедена во целост. За Бит Пазар планиравме 40 милиони денари, за клучката кај "Тутунски" - 11, за "Гоце Делев" - 22 и за "Илинденска" - 160 милиони денари. Се е влезено во буџетот заедно со трите проекти, кои се веќе почнати. Доколку има застои тоа сигурно нема да биде од финансиска природа. Она што евентуално би можело да предизвика проблеми е подземната инфраструктура, бидејќи се додека не почнеме да градиме не знаеме на што можеме да наидеме. Затоа до сите претпријатија ќе се достават проекти според кои тие ќе почнат дислокација на нивната мрежа каде што е потребно.
Зошто ги одбравте токму овие проекти. Кое е нивното значење за Градот? Целата работа всушност ја повлече клучката кај "Континентал" која претставува влез во градот и која навлекува поприлично голем сообраќај. Еден од сообраќајните токови оди кон "Гоце Делчев", која претставува тесно грло и затоа ја прошируваме. Дел од возилата ќе поминат преку мостот кај Транспортниот центар и ќе дојдат до Тутунски, каде е второто тесно грло. Оние, пак, што ќе продолжат право доаѓаат на клучката кај Бит Пазар, која буквално е затната поради постоечкото семафорско решение. Затоа таму ќе се гради клучка во вид на детелинка без семафори, само со десно вртење и ќе нема пресекување на правци. И на крајот, "Илинденска" ќе се проширува од фонтаната до улицата "8 Септември". Ова го правиме затоа што во тој дел од градот се наоѓа салата, а се очекуваат и големи инвестиции и големи објекти како што е "Меркатор", што пак ќе навлече огромен сообраќај.
Најавивте и изработка на четири други сообраќајни проекти? За нив има пари за проекти, но не за изведување. Тоа е проширување на "Илинденска" од "8 Септември" до Карпош 4 и изградба на мост преку Вардар, што би чинело најмалку 900 милиони денари. Потоа "Булевар Србија", од Јане Сандански до "Првомајска", проширување на "Првомајска" до Драчево и проширување на "Гологанов" како алтернатива на "Јужен булевар", со што би се добила потребната сообраќајна проточност.
Подземни сообраќајници Изградба на подземни сообраќајници со оглед на средствата со кои Градот во моментот располага, можеби е преамбициозен проект но не смееме да се откажеме. Се работи за делот на "Илинденска" од фонтаната до Влада и "Партизанска" од "Тифани" до Комплексот банки. Ќе се потрудиме годинава барем да изготвиме проект, така што веќе разговаравме со 4 странски фирми кои се занимаваат со оваа проблематика. Деновиве во посета беше италијанска фирма, која работи на метрото во Софија, а преку Гранит разговаравме и со фирмата "Вијадукт" од Загреб, со српската фирма "Колубара" и со една австриска фирма.
Даниела ТРАЈКОВСКА Фото:Ѕ.ПЛАВЕВСКИ
|
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D12234B05D82F646949555022C175145
Edited by pbanks - 01-May-2008 at 23:40
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#3070 Posted: 22-Apr-2008 at 23:50 |
Тој што се мисли дека е сообраќаен експерт, да иде да се измоча прво, па после на раат да мисли! НЕ МИ СЕ ВЕРУВА БЕ ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЈ!!!! ТАШАЦИ, СИТЕ ДО ЕДЕН У ГРАДСКА АДМИНИСТРАЦИЈА!!!!!!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#3071 Posted: 22-Apr-2008 at 23:50 |
Кај да гледам?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#3072 Posted: 22-Apr-2008 at 23:48 |
Кловер, гледаш ли вчера со зборевме за под плоштад, дека семафоризација дека не е добро решение за ваква крстосница!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#3073 Posted: 22-Apr-2008 at 23:46 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#3074 Posted: 22-Apr-2008 at 23:37 |
Уште една дивоградба! Глупост на Трифка! Стварно изгледа типов му се наоштрил нешто на јужен булевар!!! Дај нека си иде побрзо!!!

Градот подготвува проект за кружен тек кај Католичка црква

Кружниот тек ќе овозможи поголем проток на возила, без застој
Снежана Калабакова
Сообраќајните експерти во
Градот подготвуваат идејно решение за кружен тек на сообраќајот кај
Католичка црква. Проектот ги вклучува трите сообраќајници „Митрополит
Теодосие Гологанов“ на вкрстување со дел од „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и
улицата „29 Ноември“. Експертските снимања покажале дека семафоризација
пред Католичка црква не е вистинско решение, бидејќи ќе се создаваат
колони од возила, додека кружниот тек нема да предизвика застој и ќе се
овозможи непрекинат сообраќаен тек и со тоа поголем проток на возила.
Проектот ќе биде готов по велигденските празници. Доколку Градот
обезбеди средства од ребалансот на буџетот, тогаш финалниот проект би
можел да почне да се реализира наесен.
Од Секторот за
сообраќај во Градот велат дека крстосницата пред Католичка црква е еден
вид неправилна ипсилон (Y) крстосница, која треба да се преработи во
кружен тек. Се предвидува тој да биде со внатрешен дијаметар на
кружниот остров од 20 метри. Во самиот кружен тек ќе има две
сообраќајни ленти со вкупна ширина од 10 метри. Исто така, две
сообраќајни ленти ќе се оформат во правец од „Нова Македонија“ до
кружниот тек и во правец кон „Треска“. Истовремено, се планира
исклучување со посебна сообраќајна лента кон улицата „Митрополит
Теодосие Гологанов“, пред трафостаницата, значи враќање назад кон
студентскиот дом „Кузман Јосифовски- Питу“, односно во правец на
централното градско подрачје.
„Сега кај Клубот на пратеници има
недефинирана широчина за три сообраќајни ленти и идејата е тие да се
направат. Лентата отспротива, која сега се користи за паркирање, треба
да се намени за движење на возилата во правец од Клубот на пратеници
кон ’Треска‘. Тоа значи дека две ленти ќе има во правец кон центар, а
една ќе биде за движење на возилата во спротивен правец, од Клуб на
пратеници кон Ѓорче Петров. Улицата ’29 Ноември‘ нема да претрпи
никакви промени и ќе остане каква што е“, вели Јован Христовски,
раководител на Секторот за сообраќај во Градот.
Тој објасни
дека ќе има проширување за уште една лента, гледајќи од фабриката
„Треска“ кон „Нова Македонија“, што значи дека и во тој правец ќе
доаѓаат две сообраќајни ленти. Со проширувањето ќе се одземе дел од
тротоарот. Проширувањето ќе значи зголемен капацитет на кружната
раскрсница, со што таа ќе може да прими поголем број возила.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=5D7258B72CDB204F8C77E11F417311C6 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#3075 Posted: 22-Apr-2008 at 12:15 |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BA68E26F6A4B924C99345D567CD8BFED
ИЗВЕШТАЈ НА СВР СКОПЈЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ ВО 2007 ГОД
Партизанска и Првомајска најнебезбедни улици
Главни причини за сообраќајните несреќи се брзо возење, непочитување на првенство на минување, неправилното свртување и возење наназад и неправилното движење на пешаците

Булеварот Партизански одреди и улиците Илинденска и
Првомајска се најнебезбедните сообраќајници во Скопје и важат за црни
точки. Таму лани се случиле најмногу сообраќајни несреќи во кои повеќе
граѓани загинаа, а десетици беа повредени. Од Секторот за внатрешни
работи - Скопје како најчести причини за сообраќајните незгоди ги
посочуваат брзото возење, непочитувањето на правилата на првенство на
минување, неправилно свртување и возење наназад, како и неправилното
движење на пешаците. Според документот, кој утре треба да биде усвоен
на седница на Советот на Градот Скопје, лани во градот и во околината
се случиле вкупно 9.411 несреќи, од кои 1.551 со потешки последици.
Шеесет луѓе го загубиле животот, а 2.298 биле повредени. Во 100 случаи
виновни биле пешаците,кои се движеле непрописно. Според согледувањата
за 2007 година, најзагрозени беа фреквентните улици и булевари. На
булеварот Партизански одреди лани имаше 44 сообраќајни незгоди, во кои
беа повредени 52 лица. На „Илинденска“ се случија 39 сообраќајки, во
кои едно лице загина, а 60 беа повредени. Тројца граѓани загинаа на
„Првомајска“, каде што се случија 34 несреќи, а 49 лица беа повредени -
се вели во извештајот.
БРЗО ВОЗЕЊЕ И БАВНИ ОРГАНИ
Улицата
Првомајска со години важи за една од поопасните улици во градот.
Особено откако пред неколку години беше обновена и проширена во делот
на населбата Кисела Вода. Таму се вози брзо и непрописно се претекнува,
исто како и на делот од „Првомајска“ кон Драчево. Овој дел остана
необновен, темен и тесен. Несовесните возачи престигнуваат на полна
линија, возат со расипани фарови, а чести причинители на незгоди се и
многуте запрежни коли и велосипедистите, кои возат без светла. Со
години бараме Градот Скопје да изгради улично осветление на улицата кон
Драчево - вели Ц.З., жителка на Драчево.На „Партизанска“ со децении
најмногу страдаат пешаците, поради несовесните возачи што возат брзо и
не застануваат на пешачки премин. По целиот булевар, од Центар до Ѓорче
Петров, со години се случуваат сообраќајки и поради трките што
несовесни граѓани ги организираат доцна навечер, кога возат многу брзо
и не застануваат на црвено светло на семафорите. Скоро секоја вечер ги
слушаме како се тркаат со возила и со мотори. Намалуваат и зголемуваат
гас и не' вадат од памет. Тоа не е ништо ново, а органите ништо не
преземаат - вели жител од Центар.Градските власти најавија дека ќе ги
заштитат пешаците со тоа што годинава ќе изградат надземни пешачки
премини на повеќе булевари.
СЕКОЕ ПЕТТО ВОЗИЛО Е НЕИСПРАВНО
Во
извештајот на СВР-Скопје е посочено и дека секое петто возило од оние
на кои им била извршена контрола е технички неисправно, а секој 22-ри
возач бил пијан. Контролирани се вкупно 186.869 возила, при што е
утврдено дека 37.281 биле технички неисправни. Од безбедносни причини
од сообраќај се исклучени 512 неисправни и 6.606 нерегистрирани возила.
Од околу 195.000 возачи, со алкотест беа проверени 10.111 возачи. За
8.877 од нив е утврдено дека консумирале алкохол - се вели во
извештајот.
Јорданка Ивановска |
|
 |
ProMKD
Senior Member
Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
|
Quote Reply
#3076 Posted: 22-Apr-2008 at 05:02 |
Сум бил во грчкиот тунел неколку пати, дел од самиот автопат е. До 2004 за олимпијадата тој пат го направија милина
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#3077 Posted: 22-Apr-2008 at 02:10 |
Добро ја онака сакав да пуштам едно кадро, само за споредба, да знаеме што да очекуваме. Инаку без заебанција крајниот исход би требало да биде нешто како ова горе. Барем според лентите, осветлувањето. Инаку има една работа која несмееме да си дозволиме, а тоа средишниот дел да биде со стубови. Многу се ризични стубовите при сообраќајќи. Ако е ѕид сепак колата сепак ќе излизга по краевите и ништо. А ако е стуб, има да се здрви директива. Се слагам дека приказната е различна, ама се надевам дека ќе го има истиот сречен крај како она горе!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#3078 Posted: 22-Apr-2008 at 02:04 |
Добро ама сепак е сосема различна приказната од она што треба ние да го градиме под центарот.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#3079 Posted: 22-Apr-2008 at 02:03 |
АААА. Абе сега точно да ти кажам незнам, изгледа е дел од Е75. Некако проаѓа под еден дел од катерини. Изгледа се одлучиле за вакво решение, место обиколен пат. Инаку долу мислам дека немаше приклучоци, или па не сум ги видел. Порано па пред да се изгради, ич не ми текнува како се идеше. Ова е како сега под ѓорче да направиш тунел. Направен е за да се иде под еден крак на градот.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#3080 Posted: 22-Apr-2008 at 02:00 |
Originally posted by Cloverstack
Ама чекај тоа е тунел на автопат или градски тунел?
|
И што бидна со одговорот?
|
 |