Author |
Topic Search Topic Options
|
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#301 Posted: 16-Dec-2009 at 12:52 |
Originally posted by pbanks
Јас не сум голем подржувач на овој проект (ниту сличните проекти од овој тип, 10 сали, 100 стадиони итн).
Точно, со изградба на капацитети се врши и стимулација за практикување на некои спортови, но пристапот со кампањско градење на голем број скапи проекти (без никаква претходна анализа) не е добар. Што ако проектот е неуспешен ќе имаме уште еден куп неискористени капацитети кои фаќаат мувла и алги?
Начинот на кој јас би го решил ова е темелно реновирање на неколкути постоечки базени во земјава, пред се Карпош и Олимписки во Скопје, евентуално Струшкиот итн... Дури не би почнал со сите, би почнал со еден од нив. Но не зборувам за еднократно реновирање туку за наоѓање за концепт за одржлив развој. Можеби да се стигне до таму ќе биде потребно субвенционирање на почетокот но доколку се направи добар развоен план, сигурен сум дека успехот е неминовен. Како ќе се зголемува критичната маса (и платежно способната маса) за користење на овие капацитети, така ќе се пристапува и кон нивно ширење.
|
панкс тука си грешка, секогаш е поефтино да кренеш нешто наново него да крпиш старо! патем кај нас не станува збор за ситни крпеници туку за големи закрпи, и технички и естески, како би ги задоволиле олимписките норми... јас сосем го подржувам исфорсираново градење на спортски терени, но сето тоа да е квалитетно изведено, арно ама со ова премисита за тендери дека најефтиниот по дифолт победува, мислам дека многу нешта има простор килаво да се изведат! но од друга страна имаме таков дефицит од спортски терени што и фушерајски да се изведуваат нема да имаме никаков зијан, што повеќе услови толку поголем потенцијал! само во нас.аеродром фалат бар уште едно 20 игралишта, ако сакаме врвни спортисти во иднина мора и изобилство од услови, на 80.000 жители ништо не претставува пример бројка од 20 фудбалски игралишта а кај се другите спортови!? за жал засега во општина аеродром има само 12 нестандирзирани игралишта од кои пола по школски дворови, па тоа е катастрофа, а за другите општини и муабет да не почнуваме! среќа решија тоа тренинг центарот на ффм да го паркираат кај последна 5 во ново лисиче па нешто и ќе се успее да се компензира, но сепак тоа мора да е случај и со цела Македонија
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#302 Posted: 05-Dec-2009 at 16:28 |
Ледената палата ќе причека, карпата ќе се извиши
Роза Петкова
Скопјани
нема да ја добијат најавената ледена палата за зимски спортови ни
идната година. Објектот за хокеј и за уметничко лизгање, наместо на
најавената локација кај хотелот „Александар палас“ и салата „Борис
Трајковски“, се сели во Аеродром, а ќе почне да се гради дури во 2011
година. Ова го потврдуваат од Агенцијата за млади и спорт, која е
носител на идејата, и велат дека проектот е одложен поради економската
криза. - Ледената палата нема да се гради во Карпош, како што првично
беше најавено, туку на кејот на Вардар, на потегот од салата МЗТ кон
мостот „Близнак“. Во следната година продолжуваме да работиме на
проектирањето. Имаме идејно решение и се подготвува основен проект, за
кој веќе е објавен меѓународен повик за јавна набавка. Земени се
контакти од Америка, од луѓе што имаат искуство со зимските спортови,
кои ќе ги искористиме. Сепак, ова е посложен проект и ќе треба повеќе
време за да се реализира - вели Драган Ѓурчевски, директор на
Агенцијата. Тој не открива кои содржини ќе бидат застапени во салата,
покрај теренот за хокеј и за уметничко лизгање. По изработката на
главниот проект, Ѓурчевски вели дека ќе следи јавна набавка за
изведувач, а процените се дека изградбата ќе чини меѓу пет и седум
милиони евра. - Дотогаш тече постапката за вадење градежни дозволи за
локацијата која ја одбравме за салата - вели директорот на Агенцијата и
додава дека во објектот ќе се предвидат и комерцијални намени за да
може да се финансира и одржува неговото работење. Од останатите
најавени проекти Агенцијата овој месец ќе почне со изградба на стоте
тениски игралишта во сите општини и вештачката карпа за планинарење.
Игралиштата, со димензии 38 метри должина и 20 метри широчина, ќе бидат
од отворен тип на тврда подлога, а ќе ги прави австриската фирма
„Алпине“. Вештачката карпа ќе ја гради словенечката фирма „Веград“, на
кејот на Вардар во Карпош, меѓу ресторанот „Имес“ и детското игралиште.
Инвестицијата за игралиштата чини 530 милиони денари, додека за карпата
35 милиони денари. - Ќе се изградат и сите дополнителни елементи,
соблекувални, отворена трибина и санитарни јазли. Изградбата би траела
година и пол - вели Ѓурчевски. Карпата ќе се гради од бетон и ќе има 15
метри височина и 25 ширина. На неа, покрај тренинзи, ќе може да се
организираат и европски и светски првенства во спортско планинарење. http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1885&ArticleID=128352 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#303 Posted: 29-Nov-2009 at 15:24 |
Ранковце гради тениски игралишта Спортскиот
комплекс во општина Ранковце ќе биде комплетиран со две тениски
игралишта. Објектите веќе се во изградба, а покрај новото игралиште за
голем фудбал, планирана е и изградба на базен.
- Изградбата на
спортските објекти е финансирана од Агенцијата за млади и спорт, а овој
комплекс е од особено значење за една рурална општина каква што е
Ранковце. Преку обезбедувањето на терените ќе се создадат услови за
развој на повеќе спортски активности и ќе придонесе за спортскиот дух и
здравиот живот на младите. Со урбанизацијата е предвидена и изградба на
базен и други објекти, наменети за повеќе видови спортови - вели
градоначалникот Орце Тодоровски. (Ж.Ц.) |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5267D6B7C6F2E543B4D671C36E541481
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#304 Posted: 28-Nov-2009 at 12:42 |
Тениско игралиште - бугарска донација за техничкото училиште
ПЕТОК, 27 НОЕМВРИ 2009 18:18
Градоначалникот, присутните министри, бугарскиот амбасадор и конзул први го испробаа теренот на тениското игралиште во Техничкото училиште, бугарска донација кое денес официјално беше пуштено во употреба.
-Среќен сум што ќе го збогатиме говорот со термини како АТП, ВТА, сингл, дабл, кои ќе станат вообичаени во нашето училиште. Се надевам дека на овој терен ќе тренира идниот ако не европски, барем балкански шампион, изјави директорот на Техничкото училиште, Ѓорѓи Ташковски.
-Општина Битола се надевам дека помогна со техничката документација, најголема благодарност зашто финансиски ни помогнавте, рече Владимир Талески, градоначалник на Битола.
Игралиштето е донација вредна 20.000 евра.
-Независно колку чини тој објект тој е подарок од нас за вас од срце. Спортот е неодвоив во формирањето на современите луѓе и затоа ќе се радуваме ако тука го имаме новиот шампион во тенис, изјави Константин Андоно, државен сектретар во МНР Бугарија.
-Како држава-членка на ЕУ, Бугарија е задолжена да дава донации, помош за развој и да ги приближува државите кон евроинтеграциските процеси. Република Македонија е една од шестте држави на кои Бугарија им укажува помош и им дава донации. Овај е прв проект за оваа година, имаме уште два се надеваме дека успешно ќе завршат. Овие проекти имаат една цел, како што е и политиката на Бугарија, пријателска и модерна Македонија.
Се надеваме дека со овие проекти модернизацијата ќе дојде побрзо, изјави Ангел Ангелов, в.д. амбасадор на Бугарија во Македонија.
Исто така Бугарската тениска федерација за игралиштето донираше рекети и топки. |
http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=14941&Itemid=106
Edited by гитардемон - 28-Nov-2009 at 12:42
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#305 Posted: 24-Nov-2009 at 19:23 |
Originally posted by гитардемон
- Покрај можноста за организација на разни првенства, Охрид ќе биде идеално место за подготовки на македонската репрезентација, но и на репрезентациите од околните земји - истакна Влатко Димитров, тренерот на АК Охрид и селектор на македонската атлетска репрезентација. |
Да бе, во околните земји немаат атлетски патеки чекаа ние да ставиме една во цела држава.
Туку нека го суредат опкружувањето на стадионот, еден од трите стадиони во државата со рефлектори е (резил значи), и единствен ќе биде со тартан (додека не го направат и во Скопје). Дај нека го уредат оти на нива личи сето тоа. |
Се согласувам со тебе чак што више трибината на стадионот е монтазна и столчињата дрвени
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#306 Posted: 24-Nov-2009 at 14:51 |
- Покрај можноста за организација на разни првенства, Охрид ќе биде идеално место за подготовки на македонската репрезентација, но и на репрезентациите од околните земји - истакна Влатко Димитров, тренерот на АК Охрид и селектор на македонската атлетска репрезентација. |
Да бе, во околните земји немаат атлетски патеки чекаа ние да ставиме една во цела држава.
Туку нека го суредат опкружувањето на стадионот, еден од трите стадиони во државата со рефлектори е (резил значи), и единствен ќе биде со тартан (додека не го направат и во Скопје). Дај нека го уредат оти на нива личи сето тоа.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#307 Posted: 24-Nov-2009 at 00:22 |
Охрид ја очекува атлетската патека Промоцијата
на новата тартан-патека на стадионот „Билјанини Извори“ и на Охрид како
атлетска дестинација ќе биде со одржување на меѓународен митинг,
веројатно во средината на мај. Следната недела екипа на фирмата Мондо
ќе пристигне во Охрид за да ја постави тартан-патеката, со што ќе се
финализира проектот вреден 500 илјади долари. Охрид и Македонија ќе
добијат многу со поставување на вакво атрактивно борилиште, смета
селекторот на македонската репрезентација, Влатко Димитров. -
Покрај можноста за организација на разни првенства, Охрид ќе биде
идеално место за подготовки на македонската репрезентација, но и на
репрезентациите од околните земји - истакна Влатко Димитров, тренерот
на АК Охрид и селектор на македонската атлетска репрезентација. -
Покрај развојот на атлетиката, современата патека ќе овозможи побрз
развој и на спортскиот туризам, компонента во која македонскиот бисер
се' уште каска зад останатите туристички центри на Балканот.
Организацијата на натпревари од атлетиката би биле новина. По
поставувањето на патеката, Охрид ќе биде домаќин не само на државни
првенства туку и на балкански и европски натпреварувања - истакна
градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Атлетиката е
одомаќинета во Охрид, а охриѓани со Реџеп Селман имаа свој преставник
на ЛОИ во Пекинг. АК Охрид сезонава ја освои двојната круна што
покажува дека иднината на охридската атлетика е светла. Филип
Кафтаноски, кој се натпреварува на 100 метри, смета дека со новата
патека ќе се подобрат условите за тренинг, ќе се намали ризикот од
повреди и ќе има подобрување на резултатите http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3FEE9063DF722C429DDB807E5AC4204E
|
 |
SJCF
Newbiе
Joined: 10-Nov-2009
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#308 Posted: 23-Nov-2009 at 21:30 |
 Биваше ли до толку гадно да го склопат ова
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#309 Posted: 23-Nov-2009 at 16:39 |
 Планинарска "карпа" на средно Водно.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#310 Posted: 21-Nov-2009 at 01:50 |
Не се бледи столчињата, така изгледа поради најлонот
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#311 Posted: 21-Nov-2009 at 01:47 |
Шала на страна, имаше мала донација од општината, мала донација од некоја фирма, после фирмата што го местеше „донира“ попуст за местењето... шпанска серија
Него сосема случајно (или не) ја разгледував оваа слика , и увидов дека многу од црвените столчиња се бледо црвени (како старите стоени на сонце на старата трибина). Па дали е можно да ги ставиле старите столчиња од северна тука, и дали затоа уствари во Битола не стигнале столчиња?
Edited by гитардемон - 21-Nov-2009 at 01:52
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#312 Posted: 21-Nov-2009 at 01:05 |
Originally posted by гитардемон
освен паркетот (кој беше 74,23% донација) |
Ова количински или веројатност?
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#313 Posted: 20-Nov-2009 at 23:38 |
Салата се реновираше цело лето, и освен паркетот (кој беше 74,23% донација) нема никаква друга позабележителна промена, освен свежо исфарбаните железа (црвени), скалите (жолти) и македонското знаме. Од столчињата кои требаше да стигнат од градски во Скопје, уште ништо. Сепак е добро освежување, паркетот беше катастрофа како што верувам сите спортисти во државата знаат.
Еве по некоја слика и извинете за жигот не се мои:
Оттука се гледа покривот.

Edited by гитардемон - 20-Nov-2009 at 23:39
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#314 Posted: 05-Nov-2009 at 16:57 |
Незнам за роковите ама се гледа дека сигурно ќе се тргне, и ќе се среди овој неискористен простор. Крановите веќе се демонтирани, поголемиот дел бараки исто, остануваат само тие "плавите".
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#315 Posted: 05-Nov-2009 at 16:02 |
Во Аеродром се завлечкаа... Уште на почеток рокот за расчистување изгледаше преоптимистички, ама кога веќе се пофалија, се надевав дека ќе работат турбо и дека работата ќе се заврши во разумна рамка. Наместо тоа, рокот е веќе неколкукратно пробиен, а крајот не е на повидок. 1  2  3
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#316 Posted: 02-Nov-2009 at 22:03 |
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=13&PID=50667#50667Спорски комплекс покрај Вардар (ова би дошло под Кале)
Edited by Cloverstack - 15-Oct-2010 at 03:40
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#317 Posted: 30-Sep-2009 at 21:45 |
Почнаа работите од втората фаза од поставувањето на атлетската тартан патека на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид  Оваа фаза опфаќа санација и нивелирање на постојната патека, по што италијанската фирма „Мондо“ ќе пристигне во Охрид за да го постави тартанот. Како што најавуваат од АФМ, атлетската патека (проект вреден околу 500 илјади долари), ќе биде готова до крајот на септември.www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=73091051431&id=20&setIzdanie=21751 |
...Вредноста на овој зафат е над 500 илјади евра, кои ќе бидат обезбедени преку Интернационалниот Олимписки Комитет, МОК, Агенцијата за млади и спорт и компанијата МОНДО која ќе ги изведува градежните работи. Како што истакнаа и градоначалникот Петрески и пратеникот Грозданов, ова ќе биде прв чекор во натамошната заедничка визија, СРЦ “Билјанини Извори“ да прерасне во современ спортски комплекс, со што значително ќе се подобрат условите за спортистите и развојот на спортскиот туризам. www.ohrid.gov.mk/index.asp?PodatociID=1096 |

Edited by Max - 30-Sep-2009 at 21:45
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#318 Posted: 24-Sep-2009 at 17:35 |
Кај градежната база на АДГ Маврово во Јане Сандански солидно се работи, но тешко дека ќе биде испочитуван најавениот рок за расчистување (дваесетина дена) 1  2
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#319 Posted: 10-Sep-2009 at 01:25 |
СЕ РАСЧИСТУВА ЛОКАЦИЈАТА КАДЕ ШТО ЌЕ СЕ ГРАДАТ СПОРТСКИ ТЕРЕНИ
Чистка на бараките на АДГ Маврово
Отстранувањето на времените објекти од спортската сала "Јане Сандански" до мостот Близнак во Општина Аеродром е предвидено да заврши за дваесетина дена, по што Општината во соработка со Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи интензивно да работи на изградбата на спортско-рекреативниот центар
Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, вчера одржа прес конференција пред влезот на Градежното претпријатие "Маврово" во врска со реализација на Деталниот урбанистички план "Јане Сандански". - Со расчистување на локацијата покрај кејот на реката Вардар во делот од спортската сала "Јане Сандански" до мостот Близнак во Општина Аеродром, ќе се овозможат услови за реализација на Деталниот урбанистички план "Јане Сандански" кој предвидува изградба на четири тениски и едно фудбалско игралиште со монтажна трибина и капацитет од 1.000 гледачи - изјави градоначалникот Коневски.
Коневски додаде дека расчистувањето на времените објекти е предвидено да заврши за дваесетина дена, по што Општината во соработка со Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи интензивно да работи на изградбата на спортско-рекреативниот центар.
Со усвојувањето на ДУП-от "Јане Сандански" од страна на Советот, како и согласно Законот за градење, Општина Аеродром има обврска да ги отстрани објектите од базата на АДГ "Маврово" кои биле изградени како времени објекти.
Со отстранување на базата на АДГ "Маврово" и со уредување на овој простор, не само што ќе се отстрани грдата слика во овој дел на општината, туку ќе се овозможат и услови за изградба на нови модерни содржини, меѓу кои и спортска сала, сала за хокеј и олимписки базен. Инаку, ваква акција бараа и голем број жители на Општина Аеродром, особено оние кои живеат во зградите покрај кејот на реката Вардар.
(А.И.)
|
EDIT:
Edited by UrbanFreak - 10-Sep-2009 at 01:26
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#320 Posted: 08-Sep-2009 at 22:08 |
Битола доби хиподром
08.09.2009
По
примерот на големите градови, каде елитните спортови од типот на
коњарството се вистинска атракција и ВИП личностите редовно ги имаат на
својот месечен распоред, и Битола ја доби можноста во близина на градот
да има свој хиподром.
По
примерот на големите градови, каде елитните спортови од типот на
коњарството се вистинска атракција и ВИП личностите редовно ги имаат на
својот месечен распоред, и Битола ја доби можноста во близина на градот
да има свој хиподром. Отворен е на четири километри од Битола, во село
Крклино на површина од 20 илјади квадратни метри. Засега располага со
шест расни коњи, и тоа липицанери и хановеравци. Освен хиподромот во
Скопје, битолскиот е единствен во овој регион до Солун. Хиподромот беше
долгогодишен сон на сопственикот Васко Вељановски. Тој вели дека во
оваа скапа инвестиција влегол од хумани причини.
„Треба
да престанат младите генерации да размислуваат вечер во кое дувло ќе се
пикнат, презачадено и со пребучна техно музика, да не знаат каде е
вратата да излезат. Ние нудиме нешто сосема спротивно.“
Тоа е јавање на хиподромот т.е. во мањажот, рекреативно и теренско јавање низ околината која е преполна со шумски патеки.
„Над
нас се протега дел од планинскиот масив, тоа е подножјето на Пелистер
до Снеговскиот масив на 1400 метри надморска височина. Посетувајќи го
манастирот Свети Илија ти се отвора голема визура на просторот, од
Овчарани, грчка граница до прилепскиот дел, цела Пелагонија ја имаш на
дланка. Уживаш во борова, дабова шума. И атрактивното камено село со
стара архитектура. Тоа ќе ти одземе и време и внимание од три часа
теренско јавање.“
вели сопственикот на хиподромот. Планира местото да прерасне во центар за репродукција на коњи.
„Поготово
во овој југозападен дел на државата, расниот состав на коњите е во
катастрофална состојба. 52 грла во цела Македонија се чисто крвни со
педигре. Тоа значи се друго се дегенеретици, има инцести.“
вели Вељановски. Но, за ваков развој на хиподромот се потребни средства, а засега државата не му подала рака.
„Тоа
не значи дека не сме чукнале по вратите на државните институции, секаде
вратата ни била пред нос затворана. Тоа многу боли да нема слух
државата рака да ти подаде. Освен финансиска помош, не барам милостиња,
не барам грантови, туку да сум обврзан на разумен временски период сума
која би ми била доволна да ја дозавршам инвестицијата, сум ја побарал и
не сум ја добил.“
Цените во школата за јавање се најевтини во
регионот. Часот чини 25, а теренското јавање 50 евра. Во Солун цените
се тројно поскапи.
http://www.makdenes.org/content/article/1818281.html |
|
 |