![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1415161718 159> |
Author | |
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Напротив, баш последните 5 години и малку е мрдната ситуацијава кон подобро со патната инфраструктура. Форумов е сведок за тоа
|
|
![]() |
|
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
Crna Dupka na Balkanov ostanavme so patistata. Do pred 4-5 godini se drzevme na prosek za Balkan, togas site trgnaa napred nie stanavme Severna i tuka se zastana. Gole svaka cast kako sve neodbranlivo branis samo poso tvoite se na vlast. ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() Уште еден сензационалистички наслов што нема врска со реалноста ![]() На сликата се прикажани последните 2-3 км од патот кои се навистина такви, останатиот дел е повеќе од солиден, и обележан, и со соодветни заштитни банкини, итн. итн. Инаку, на излетничкото место голем проблем е отпадот што го оставаат посетителите, се надевам дека со отворањето на ресторанот Аурора сопствениците ќе водат повеќе сметка за чистотата околу објектот, па и пошироко. |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Безбедно се стигнува до Езерото Козјак, ама со оклопно возило (ФОТО)
Одрони од карпи, дупки на патот, небезбеден коловоз, уништен асфалт, искршени или украдени банкини. Ваква е сликата што ја гледаат сите домашни и странски туристи кои одлучиле да го посетат Езерото Козјак и да уживаат во убавините што му ги дарила природата на резерватот Јасен. Не е тешко да се забележи дека дневно, особено за време на викендите, кон Езерото Козјак се упатуваат стотици автомобили и велосипеди, но интересното е во тоа што за да стасаат до посакуваното место, луѓето треба буквално да ги одбегнуваат изронетите карпи и дупки, исто како да се дел од компјутерска игра. Разговаравме со случајните минувачи кои ги сретнавме на ова излетничко мето, а тие велат дека во овие топли денови, освен Козјак, не постои друго место во околината на Скопје каде што има постојан ветер и убави дебели сенки. Но, исто така, ова излетничко место го вбројуваат во места со најлош и небезбеден пат. Секој викенд сме тука и секогаш се соочуваме со истите проблеми. Одроните од карпите не престануваат, големи камења паѓаат на коловозот, а никој ништо не презема. Самите ние неколкупати сме излегувале од возилото и сме ги тргале паднатите карпи, бидејќи било ризично да ги обиколуваме. Сепак, овде мора многу внимателно да се вози, овие кривини не се за шега. Нема прегледност од спротивната насока, а некогаш сме приморани и така да возиме. Си размислуваме, што ако некогаш падне карпа додека сме во движење? Мораат да изнајдат начин и да го обезбедат патот – вели скопјанецот Иван М. Покрај одроните на патот, тука се и непополнетите дупки, поради кои возачите се приморани да возат во спротивната насока, а кривините се остри и многу е опасно и ризично да се вози на тој начин. – Еве ги гледате и дупките, треба да бираме, или да ги искинеме гумите и да ги искршиме колите, или да ризикуваме и повторно да возиме во спротивната лента. Штета е вакво место да нема соодветен пат за пристигнување. Единствената работа која може да влијае негативно врз доаѓањето на посетители тука, ќе биде ужасниот пат и многу честите одрони – додава нашиот соговорник. ![]() ![]() ![]() https://plusinfo.mk/bezbedno-se-stignuva-do-ezeroto-koz-ak-ama-so-oklopno-vozilo-foto/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Богдановиќ го потпиша барањето за реконструкција на улицата „Козара“
Градоначалникот Саша Богдановиќ го потпиша барањето за спроведување постапка за јавна набавка за реконструкција на улицата „Козара“ во Капиштец. По барање на жителите, Општина Центар целосно ќе реконструира 3.900 квадратни метри површина на улицата, при што ќе се овозможат нови инфраструктурни услови за безбедност во сообраќајот. „Ме радува фактот дека почнуваме нова инвестиција од 13.500,000,00 денари и јавно потврдуваме дека Општина Центар е финансиски стабилна општина и самостојно спроведува проекти со општинскиот буџет. Реконструкцијата на ‘Козара’ е дел од големата летна градежна офанзива што ја најавивме годинава и како што е планирано, до крајот на летото треба да бидат реконструирани 37 улици на територијата на Центар“, изјави Богдановиќ. Општина Центар интензивно работи на третата и на четвртата фаза од реконструкцијата на „Орце Николов“ во Дебар Маало, на улицата „Светиниколска“ во Маџир Маало и на улиците „164“, „166“ и „Хусеин Бајрам“ во Крњево. Потпишани се барањата за реконструкција на седум улици и во наредниот период ќе почнат теренските активности на улиците: „Петар Поп Арсов“, „Рајко Жинзифов“, „Дебарца“, „Партизанска“, „Ристо Шишков“, „Црвена Вода“, „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. Во тек се и постапките за реконструкција на „Народен фронт“, „Ленинова“ и „Мирослав Крлежа“, која ќе биде пренаменета во пешачка и резидентна зона. https://faktor.mk/bogdanovikj-go-potpisha-baranjeto-za-rekonstrukcija-na-ulicata-kozara |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Општина Центар доби 8,3 милиони денари за реконструкција на „Адвокатската улица“
Владата одобри 8,3 милиони денари за реконструкција на „Адвокатската улица“ во Центар. На денешната свечена церемонија што се одржа во хотелот „Хилтон“, градоначалникот Саша Богдановиќ го потпиша договорот за реализација на инфраструктурни проекти на локално ниво, согласно Програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти во 34 општини и финансиски средства од Владата, во соработка со меѓународни финансиски институции, партнери и соработници што се насочени кон развој на општините. – Ми претставува задоволство што денес ми беше доделен договорот за реализација на инфраструктурни проекти на локално ниво, проект што е финансиран од Владата на Република Северна Македонија. Соработката и поддршката со централната власт се успешен показател за развојот и јакнењето на инфраструктурата на општинско ниво и за реализацијата на проекти што се во интерес на граѓаните – изјави Богдановиќ. Средствата што ѝ се одобрени на Општина Центар се во износ од 8.300.000 денари, а ќе бидат наменети за реконструкција на „Адвокатската улица“, спроти судовите. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/општина-центар-доби-83-милиони-денари-з/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
После Љубљанска следен на распоред мора конечно да стане проект како мост Маџари-Ново Лисиче кај Вардариште или проект за тунел КиселаВода-Аеродром. И двата проекта не захтеваат експорпријации, а нема Скопје власт уште не дошла ќе се реши да ги спроведе оие два проетка многу побитни него мост на Љубљанска!!!
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Две возила се судрија на крстосница во Мичурин, Брза помош се на местото на настанот
Сообраќајна несреќа се случи денеска околу 10 часот на крстосницата меѓу булевар „Јане Сандански“ и улиците „Симеон Кавракиров“, „Руди Чајавец“ и „Фрањо Клуз“ во Мичурин. Во несреќата се судрија автомобил и такси возило, по што полиција и две возила на Брза помош пристигнаа на местото на настанот. ![]() https://www.vecer.press/две-возила-се-судрија-на-крстосница-во/ Раскрсницава е невиден хаос,што дека има знаци сепак е опасна.Авто школи по пола саат неможат да ја пројдат се создаваат колони,непрописни обиколувања,непрегледност од тарабите кај новите градилишта итн... |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Реконструкција на ул.Светиниколска во Маџир маало
![]() ![]() https://www.facebook.com/sasha.bogdanovik |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Се надевам кај К.Ј.Питу ќе се средат оние вдлабнатини кај Шехерезада и ќе потраат подолго,многу се опасни целосно се пропаднати.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Планирана е изградба или проширување на следните делници:
- Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, на потегот од булеварот Свети Климент Охридски до кружниот тек кај Католичка, на должина од 530 метри; - Булевар АСНОМ, од булеварот Гоце Делчев до влезот во Ќерамидница, на должина од 300 метри; - Улица Васко Карангелевски, на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада, на должина од 1.000 метри; и на - Раскрсница на улицата Скупи и булеварот 8.Септември, раскрсница на булеварот 8.Септември и булеварот Никола Карев и раскрсница на булевар Никола Карев и булевар Словенија (капиталниот проект за изградба на два кружни тека, подвозници и надвозници кај Момин поток). Градежни работи за реконструкција на постојниот коловоз, пак, ќе се изведуваат на: - Улица Бутелска, на потегот од улицата Александар Урдаревски до обиколницата, на должина од 850 метри; - Булевар Борис Трајковски, на потегот од Пинтија до Драчево, на должина од 2.000 метри; - Улица Лука Геров, на потегот од кружниот тек кај пожарната до улицата Волковска, на должина од 1.800 метри; - Булевар Киро Глигоров, од булеварот АСНОМ до булеварот Александар Македонски, на должина од 1.500 метри; - Улица Индира Ганди, втора фаза до обиколницата, на должина од 800 метри; - Булевар Кузман Јосифовски Питу, на потегот од новата железничка станица до булеварот Кочо Рацин; и на - Булевар Крсте Мисирков, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до булеварот Гоце Делчев, на должина од 650 метри; https://www.facebook.com/CityofSkopje Edited by stef4o - 20-Jun-2021 at 09:04 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
![]() |
|
FiLo ![]() Senior Member ![]() Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 148 |
![]() ![]() |
Ако заради влажно време не можат да ја реновираат, тогаш како во "влажно" време го прошируваат и реновираат Никола Карев ?
Потценување на интелигенцијата ти е ова. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ништо од ветувањата за улицата до детската болница – Богоев две години се правда со влажното време
На праг на локалните избори, премиерот Заев и градоначалникот на Град Скопје, Шилегов, постојано се на терен за да промовираат активности и градби. Но, Град Скопје и општина Карпош никако да ја реконструираат улицата која води до детската болница Козле. Таа е тешко проодна, со дупки и унуштена калдрма. ТВ21 веќе две години го актуелизира ова прашање и овој проблем, а како одговор го добива истото образложение дека поради влажното време, работите се одложуваат. Истата изјава, градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев ја повторува неколку пати. Овој пат , решавањето на проблемот го потврди и Петре Шилегов климајќи со глава. Истата причина Богоев ја наведе и минатата година како и пред две години. Инаку оваа улица е доста фреквентна, бидејќи околу 100-тина деца дневно одат на контрола во Болницата за белодробни заболувања во Козле. Должината на улицата за која се ветува дека ќе биде направена е долга само 500 метри. https://mk.tv21.tv/nishto-od-vetuvanata-za-ulitsata-do-detskata-bolnitsa-bogoev-dve-godini-se-pravda-so-vlazhnoto-vreme/ |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
А и нешто друго, зошто на Илинденска повеќе не постои зелен бран?
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Зошто на цела Партизанска наредија семафори на пешачките само од СитиМол накај Ѓорче не?
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
не само поради возачката некултура, туку и поради непрегледноста... во 90% од случаите во возење се ориентирам по тоа дали застанува возилото до мене за да пропушти пешак затоа што едноставно не се гледа значи или пешачки семафори треба да има, или пподземни премини и натпатници за пешаци треба да има... само кај нас ја имам видено таа глупост пешачки премин да има на булевар со 6 ленти и ограничување од 50км/ч |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Партизанска од сабајле во 8:30 носат некој што е очигледно некоја „фаца“ секој ден и ги гасат сите семафори. Буквално треба да застанеш на коловоз за да застане некој и тоа истото да го повториш на секоја лента, зашто еден да застане на една лента не е услов дека другиот од следната нема да те прегази.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Возилата не пропуштаат пешаци на пешачкиот во Карпош 4 каде беше прегазен велосипедист кој почина
https://a1on.mk/macedonia/video-vozilata-ne-propushtaat-peshaci-na-peshachkiot-vo-karposh-4-kade-beshe-pregazen-velosipedist-koj-pochina/ Секаде е скоро вака,за да пројде човек треба 3 услови 1.Да нема возила 2.Да наиде авто-школа(со кандидат) инструкторите не застануваат кога возат сами 3.Да се создаде поголем број на луѓе што чекаат и да се направи притисок за некој да застане(бул.Кочо Рацин и кај Рамстор) |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Реконструкција на пристапната улица кај Билната аптека
Општина Центар ги информира граѓаните и сите учесници во сообраќајот дека во понеделник, 31 мај, ќе започне втората фаза од проектот за реконструкција на коловозните и на пешачките патеки на кракот на улицата „11 Октомври“. Со претходно изведените градежни активности се уредуваше долниот строј и беше направена демонтажа на старите рабници и постојните бехатон елементи, а во втората фаза ќе биде поставена нова асфалтна површина, нови рабници и нови тротоари на пристапната улица кај Билна аптека и кај паркинг-просторот околу зградите. Проектот опфаќа реконструкција на површина од 2.000 квадратни метри, а планирани се 2.212.477 денари од Буџетот на Општина Центар за 2021 година. Поради изведбата на градежните активности целосно ќе бидат затворени пристапната улица кај Билна аптека и кај двете резидентни паркиралишта во периодот од 7 до 16 часот. Апелираме до граѓаните и до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни поради изведбата на градежните активности. https://nezavisen.mk/rekonstrukcija-na-pristapnata-ulica-kaj-bilnata-apteka/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1415161718 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |