![]() |
![]() |
![]() |
Skopje East Gate (поранешно ERA City) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1516171819 40> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Напредок во изградба февруари 2021
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://eastgate.mk |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Керем Јазган е архитект со бројни награди и долго меѓународно искуство. Погледнете го интервјуто во кое тој зборува за неговата изработка на проектот East Gate.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/bochvarskiblagoj |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
LPP” модните брендови ги отвораат своите први продавници во Ист Гејт Мол во Скопје
Полската модна компанија и воедно реномиран моден бренд ,,LPP SA” ги отвора своите први продавници во Скопје во Ист Гејт Мол наесен годинава. ,,LPP SA” е групацијата која раководи со пет познати брендови: Reserved, Mohito, House, Cropp и Sinsay. Секој бренд е насочен кон различна целна група, нуди различен стил и претставува поинаков начин на изразување. LPP SA е глобална компанија со присуство на 38 пазари (директно и со продажба преку интернет), има 1.800 продавници и повеќе од 24.000 вработени во Европа, Азија и Африка. LPP SA е една од најбрзо растечките модни синџири во источна и централна Европа. Компанијата официјално котира на најразвиената берза во централна и источна Европа, берзата во Варшава, и тоа на индексот WIG20 - кругот на најсилните полски компании, а акциите на LPP SA се дел од престижната листа MSCI на ниво на Полска. Олга Јосевска, Претставник на ,,LPP” за Северна Македонија, Албанија и Косово изјави: ,,Среќни сме што ги отвораме првите продавници во Северна Македонија, која е седма земја на балканскиот пазар во која ја нудиме нашата мода. Стилот и разновидноста на нашите колекции се одлично прифатени од страна на клиентите во овој дел на Европа. Веруваме дека клиентите во Северна Македонија, според интересот што го покажуваат за модна инспирација, ќе добијат многу можности да го пронајдат својот стил и да ја изразат својата исклучителност, благодарение на нашите пет брендови. Н.Е. Амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Војциех Тицињски, изјави: ,,Огромна чест е да се има водечкиот европски бренд од Гдањск во Северна Македонија, кое додава вредност на светскиот избор на брендови кој ќе го понуди најмодерниот трговски центар во Скопје, Ист Гејт Мол.” Извршниот директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков подвлече дека присуството на LPP со целокупното портфолио на брендови ги носи најсвежите новости и најинтересните трендови во модниот сегмент за жени, мажи и деца. Како една од најголемите меѓународни малопродажни синџири за облека, групацијата LPP со над 6.500м2 изнајмена површина, се позиционира како стратешки бренд на македонскиот моден пазар. https://kanal5.com.mk/-lpp-modnite-brendovi-gi-otvoraat-svoite-prvi-prodavnici-vo-ist-gejt-mol-vo-skopje/a461856 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/eastgatemall.mk/videos/144686340833204 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЗА ПРВ ПАТ ВО ЗЕМЈАВА ДОАЃААТ ZARA HOME и OYSHO - ќе ја имаме најголемата ZARA во регионот
Светскиот моден магнат од Шпанија, Групацијата ИНДИТЕКС ќе закупи деловен простор за сите свои брендови, со што популарната седморка: ZARA, ZARA HOME, ОYSHO, МassimoDutti, Bershka, Pull and Bear и Stradivarius, ќе се најдена само едно место во Ист Гејт Мол. Оваа информација за Фактор ја потврдуваат од Скопје Ист Гејт. „Групацијата Индитекс постигна договор со Ист Гејт Мол за историски најголемиот закуп на малопродажен деловен простор во Македонија. Договорот предвидува закуп на малопродажна површина од 8.600 м2 за сите седум брендови. За прв пат на пазарот Групацијата Индитекс во Ист Гејт Мол ќе се појави со брендовите ZARA HOME и OYSHO, а брендот ZARA ќе се простира на повеќе од 4.600 м2, со што станува најголемата ZARA во целиот регион“, се вели во информацијата што ја добивме од компанијата. Оттаму нагласуваат дека со оваа трансакција Ист Гејт Мол стратешки се позицинира како една од клучните малопродажни дестинации во регионот, обезбедувајќи притоа предуслови за стабилни инвестициски параметри на ниво кое вообичаено се бара од инвеститорите кои вложуваат во ваков тип на недвижнини. „Со ZARA HOME, Ист Гејт Мол станува идна водечка дестинација за додатоци во домот при што купувачите ќе добијат можност да ги следат најновите трендови во ентериерниот декор и да имаат пристап до најновите колекции во ист момент кога ќе се појават на пазарот. OYSHO e специјализирана модна марка за удобна примарна гардероба за дома, за спортски активности како и квалитетна долна облека. Нивните колекции се создадени за жените и ја следат линијата на мода и елеганција со удобност и квалитет. Продавниците ќе бидат изградени според најновиот дизајн, автентичен на современиот имиџ на ZARA HOME и OYSHO ширум светот“, потенцираат од компанијата. Велат и дека форматот на продавниците на Групацијата ИНДИТЕКС во Ист Гејт Мол, налага сите брендови да се презентираат со целото свое продуктно портфолио, обезбедувајќи со тоа широка палета на производи и диверзифитет во понудата пред македонските потрошувачи. Фактор веќе пишуваше дека оваа есен скопјани, но и граѓаните од цела држава и пошироко, ќе имаат прилика да го посетат најголемиот и убедливо најрепрезентативниот шопинг центар во регионот, Ист Гејт Мол. Објектот интензивно се гради, а од компанијата велат дека активностите, и покрај проблемите и забавувањата кои ги наметна пандемијата, течат според планот, па инвестицијата ќе биде завршена во предвидениот рок. https://faktor.mk/pokraj-najgolemata-zara-vo-regionot-na-4600-m2---vo-skopje-za-prv-pat-doagjaat-i-zara-home-i-oysho |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Штом се тргнати скелињата не верувам дека наскоро ќе интервенираат нешто дополнително врз фасадата воедно многу е глупаво ако остане во ваква боја,можеби некој друг подизведувач имаат ангажирано па во текот на следните месеци нешто можеби пак ќе прават. Наскоро фокус ќе стават на East Gate Living(станбениот комплекс) кој веројатно пролетва ќе се интензивира веројатно ќе почнат со првите две згради.
|
|
![]() |
|
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
isto pomisliv
|
|
![]() |
|
IN_MOTION ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Jul-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 204 |
![]() ![]() |
Оваа праска боја јас не ја видов никаде на рендерите. Се надевам дека финишот нема да им биде со абрип и стиропор туку со модерна вентилирачка фасада.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Денешни
![]() ![]() |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Изјавата „во регионов“ ако не научивте досега е општа и важи за секоја намена. Регион може да биде и Скопски Регион
![]() |
|
![]() |
|
David ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
Можат да престанат да лажат дека ќе биде "најголем во регионот",научија и врапчињата дека во косово се гради трговски 5 пати поголем а во белград веќе изградија 6 пати поголем од булшитов во најава.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() https://faktor.mk/ekskluzivno-za-ist-gejt-mol-koi-modni-brendovi-i-poznati-restorani-kje-bidat-locirani-vo-najgolemiot-shoping-centar-vo-regionot |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ИСТ ГЕЈТ МОЛ: Кои модни брендови и познати ресторани ќе бидат лоцирани во најголемиот шопинг центар во регионот
Есенва скопјани, но и граѓаните од цела држава и пошироко, ќе имаат прилика да го посетат најголемиот и убедливо најрепрезентативниот шопинг центар во регионот, Ист Гејт Мол. Објектот интензивно се гради, а од компанијата велат дека активностите, и покрај проблемите и забавувањата кои ги наметна пандемијата, течат според планот, па инвестицијата ќе биде завршена во предвидениот рок. Фактор разговараше со менаџментот на Скопје Ист Гејт за нивните планови, очекувања, финансиски анализи, но и за новите брендови, од кои многу ќе бидат сосема нови на македонскиот пазар. Тие за нашата редакција откриваат ексклузивни детали за новата инвестиција и за тоа како ќе изгледа новиот шопинг мол, со какви содржини ќе располага, но и за тоа дали ова мега вложување ќе биде исплатливо и дали ќе ги даде очекуваните резултати. Објавуваме и фотографии со симулации за тоа како ќе изгледа шопинг центарот кога ќе биде целосно финализиран и подготвен да ги отвори своите врати за потрошувачите. ,Активностите на терен се во полн ек, со видлив прогрес секој месец. До јануари 2021 година имаме готова карабина, со инсталирани системи според проектот за машинство и електрика, а ентериерните работи течат според планот. Пандемијата која го зафати целиот свет на почетокот на минатата година, не не поштеди ниту нас. Најголемите предизвици се случуваа во полето на промената на методологијата на градење според мерките за заштита, работа со намален градежен кадар и денови на карантин, во поле на забавен увоз на градежни материјали, кои ја забавија динамиката на работа, но не ја стопираа. Успеваме да го развиваме објектот според планираното и го користиме секој момент на погодните временски прилики за градба. Ист Гејт Мол се отвора наесен оваа година“, вели за Фактор Игор Давков, извршен директор на Скопје Ист Гејт. Оваа инвестиција, како што потврдува Давков, изнесува 103 милиони евра, од кои 41 милион евра се капитал на сопствениците, додека 72 милиони евра се обезбедени од синдициран банкарски кредит преку етаблирани домашни и меѓународни банки. Проектираниот рок на поврат на инвестицијата е во рамките на просечниот временски распон за поврат на инвестиција во ваков тип на комерцијални недвижнини во регионот. Стапката на поврат на инвестицијата зависи од повеќе фактори, а пред се дефинираната стратегија за периодот на задржување на инвестицијата (investment holding period), како и на движењето на приносот на инвестиции во недвижности на пазарот, кој е перцепција за ризикот од вакви вложувања на пазарот“, дополнува Давков. Во услови кога во земјава веќе сосема успешно работат неколку репрезентативни и големи шопинг центри, го прашавме менаџментот што говорат анализиоте, во смисла дали новиот мол ќе има доволно купувачи за тој да биде исплатлив, бидекјќи Македонија е, сепак, мал пазар. Ги реализиравме сите потребни анализи на пазарот уште пред скицирањето на Ист Гејт Мол, и тоа за потребите на потрошувачите, куповната моќ, трговските капацитети во земјава, како и аспирациите на странските трговски куќи. Според тековните податоци, околу 300 интернационални бренда чекаат за влез во Северна Македонија преку современ и реномиран трговски центар. Ист Гејт Мол има територијален опсег од популација од 1,2 милиони потрошувачи кои живеат во близина на три часа возење, и според тоа, анализите покажаа дека 12 милиони домашни и странски посетители ќе го посетат центарот само во првата година и дека барем 1/3 од 6,9 милиони транзитни патници од автопатот М4, ќе застанат на попатна пауза трошејќи минимум 15 евра“, објаснува Игор Давков. Не е тајна дека новиот мол ќе го заземе лидерското место во регионот во поглед на големината. Со бруто изградена површина од 160.000m2, 57.000м2 бруто површина за изнајмување и 250 продажни единици, Ист Гејт Мол се рангира како најголем трговски центар не само во нашата држава, туку и во регионот. Давков нагласува дека со својата големина, архитектура, ентериер, содржини и разновидна понуда Ист Гејт Мол е на ниво на западноевропските модерни трговски центри. Просторот во Ист Гејт Мол е речиси целосно закупен. Имено, денес 95 отсто од локациите во трговскиот центар веќе се закупени или се резервирани со веќе утврдени комерцијални услови за закуп. Меѓу нив има сосема нови бренд имиња на модната сцена во земјата, кои се простираат на повеќе од 40 отсто од вкупната површина за изнајмување. Заедно со веќе расположивата понуда на пазарот се очекува тие да креираат атрактивна понуда за потрошувачите во Скопје и пошироко, што ќе го направи Ист Гејт Мол локално и регионално една од најатрактивните шопинг дестинации“, вели Наташа Апостолов, Лизинг Менаџер во Ист Гејт Мол. Се интересиравме и колку ќе чини закупот на еден вака атрактивен простор. Давков објаснува дека износот на закупот зависи од големината и местоположбата на комерцијалниот простор, како и од секцијата во која припаѓа. „Оттука, не може да се генерализира со просечна цена за еден метар квадратен. Дополнителни фактори кои влијаат на висината на рентата се и очекуваните промети на трговците во единиците во трговскиот центар, кои исто така се фактурираат во закупнината. Како и да е, ако се мери регионално може да се каже дека висината на рентата е во линија со просекот гледано регионално со трговските центри во Србија и Бугарија“, објаснува извршниот директор на Скопје Ист Гејт, Давков. Најавено е дека во новиот мол ќе ја има најголемата Зара на Балканот. Таа информација ја потврдуваат и од Скопје Ист Гејт. „Да, можам да потврдам дека се работи за новиот формат кој е повеќе од двојно поголем од форматот со кој овој моден бренд е присутен на пазарот во Скопје. Овој формат секако ќе влијае и на понудата на добра кои ќе може потрошувачите да ги купат кај овој интернационален моден бренд. Истото важи и за сите останати брендови од групацијата на Индитекс, односно сите влегуваат со нови формати на продавници кои се приближно двојно поголеми од оние со кои се присутни денес во Скопје. Дополнително Индитекс отвора и два нови бренда со кој денес не е присутен во Скопје, нивниот моден бренд за долна облека (OYSHO) и нивниот бренд за покуќнина (ZARA HOME)“, открива Наташа Апостолов. Преку 40 нови брендови, пак, за прв пат ќе се појават на македонскиот пазар преку своја локација Ист Гејт Мол. „Заради доверливоста на преговорите, како и фактот дека се работи за интернационални брендови кои имаат своја изградена ПР стратегија, сеуште не можеме да откриеме за кои брендови станува збор. Како и да е, како што ќе се создаваат услови за нивно објавување, нашиот ПР тим ќе пласира соодветни објави во јавноста. Во оваа прилика би ги повикал сите заинтересирани идни посетители на трговскиот центар да почнат да не следат на социјалните мрежи каде што редовно се објавуваат информации за тоа што се случува, како со изградбата на трговскиот центар, така и со миксот на закупци“, вели Игор Давков. А новиот мол ќе има и богата гастрономска понуда. Гастрономскиот избор во центрите игра се поважна улога во миксот на закупци. Трендот на користење на трговските центри, како место за излегување и социјализација, станува се поважен фактор за привлекување на посетители. Уживањето во ултра модерни ресторани, со уникатно мени и потпис на врвни кулинарски шефови беше во фокус на Ист Гејт Мол, и го користевме како еден од критериумите за селекција на ресторани и синџири за прехрана. Ист Гејт Мол ќе има одлична гастро понуда и во делот на фини ресторани и во делот на брза храна од различни светски кујни“, открива Натша Апостолов. И секако, за новиот мол се предвидени и многу други содржини. Зеленило и паркови од 12.000 м2 зелена површина ќе има околу трговскиот центар. Знаеме колку зеленилото е важно за пријатна атмосфера и безбедност за посетителите. Паркингот за возила е единствено можен само на паркинзите на две нивоа под приземјето“, потенцира лизинг менаџерката. И конечно, од компанијата откриваат и дека Ист Гејт Мол ќе понуди различно искуство и забава со најголемата игротека за деца во Скопје, на приближно 2.000 м2, како и кино со 8 кино сали. https://faktor.mk/ekskluzivno-za-ist-gejt-mol-koi-modni-brendovi-i-poznati-restorani-kje-bidat-locirani-vo-najgolemiot-shoping-centar-vo-regionot |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Retail е малопродажба на нашки. Плус, не ни треба LIDL, си го имаме КАМ, low cost верзија на LIDL.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
''Лидл сепак не планира да се шири во Македонија
Лидл не планира отворање супермаркети во Северна Македонија, ниту пак засега постои план за ширење во земјата, велат од еден од најголемите трговски синџири во Германија и Европа за Дојче веле. Деновиве во македонската јавност проструи веста дека Лидл уште годинава ќе отвори супермаркет во земјата. Од Лидл велат дека тоа не е точно.'' Може да дојде некој од споменативе маркети али зад него да стои некој албански или торбешки бизнисмен...веќе цел ретајл сектор во градов е во нивни раце. |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Нека им успее и Примарк, нискобуџетната марка и имаат регионална посетеност
![]() |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Денес имаат извадено некое видео, ама неможам да го репостирам зашто е на Linked-In. Ако може некој нека го прехостира на јутјуб, ама и нема нешто многу интересно.
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
потреба за конференции, саеми, изложби и останати евенти секогаш има, во секој град каде има пазари и бизниси |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1516171819 40> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |