![]() |
![]() |
![]() |
Автопат Кичево - Охрид |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1617181920 45> |
Author | |
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Кој дел од веста е лажна?
|
|
![]() |
|
AmyntA ![]() Groupie ![]() Joined: 07-Nov-2011 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 91 |
![]() ![]() |
Да се бориме против лажните вести. Заев:
„ цела траса е промашена на патот Охрид – Кичево, проектот и она што е вистинската траса“ |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Со 2,3 милиони евра ќе се поправаат грешките во проектот за автопатот Кичево – Охрид Градежниот институт Македонија (ГИМ) ќе го врши препроектирањето и допроектирањето на утврдените пропусти и недостатоци во проектната документација за автопатот Кичево – Охрид. Како што се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки, Јавното претпријатие за државни патишта издвоило околу 2,3 милиони евра за докомплетирање на проектната документација, со што се отвора вратата за довршување на изградбата на автопатот долг 57 километри. – Предвидениот временски рок за изготвување на проектната документација изнесува 12 месеци по склучување на договорот – велат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта. Изготвувањето на проектната документација е поделено во три фази заради практичност и континуирано градење на самиот автопат. Договорот со ГИМ е склучен на 4 септември годинава. Идниот проектант ќе треба да ги изработи и докомплетира основните проекти и проектите за инфраструктура за сите пет подделници на автопатот. Обемната листа вклучува препроектирање за стабилизација на косините и санација на свлечиштата долж целата траса, изградба на контролен центар за тунелот „Пресека“ долг 2 километри, нови патни јазли кај Требеништа и Свети Еразмо, денивелација на патиштата поврзани со автопатот, како и проектна документација за идните пристапни правци од околните села до автопатот. Паралелно на докомплетирањето на проектната документација, на автопатот Кичево – Охрид ќе продолжи изградбата на оние сегменти од трасата што не се спорни во проектот. Кинескиот изведувач „Синохидро“ има рок до 30 јуни 2021 година за да ја заврши изградбата на автопатот. Висината на инвестицијата во овој проект од Коридорот 8 изнесува 598 милиони евра. |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Китанов: Ќе се забрзува интезитетот на изградбата на автопатот Кичево – Охрид Скопје/Охрид, 25. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Стигна одобрувањето за останатите средства од постоечкиот кредит за автпатот Кичево – Охрид, но и одобрувањето за новиот кредит, и денеска во Владата изведувачите и подизведувачите на средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев ќе донесат програма како ќе се одвива интезитетот на работа во наредниот период на овој автопат, информираше денеска директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов. Тој рече дека е дадена е наредба на „високо црвено светло“ за програмата што ќе биде донесена на состанокот со Анѓушев, да се работи интезивно на изградбата на оваа делница и дека со изведувачите ќе се разговара за конкретни активности кои мораат да ги завршат во договорениот период. Китанов рече дека ќе се потрудат да го запазат дадениот рок за изградба на автопатот, но и дека паралелно ќе се пуштаат сите делници кои ќе бидат изградени од потегот од Охрид кон Кичево. Тој информираше дека од многуте експропријации за решавање каде поминува автопатот, останати се уште три. (Крај) |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Хаха сагата продолжува. Догодина ако мисли на 2021 или покасно во ред. Од Врбјани до Охрид имаат еден милион нерешени имотно правни проблеми кој неможат така лесно да се решат.
Пред Песочани две куќи, пред Ботун клизишта, Две бензински пумпи на патот, поврзување со Аеродром и малку пред Аеродромот поврзување со пат за село за кое нема друг пристап, мостовската конструкција на постоечката клучка за Струга треба да се урне и да се преправи со тоа што ќе се навлезе во насипот за да се отвори нов правец. Се работи на клучката што е факт, но се работи само кривината за влез на патот кон Струга. Не се сеќавам што се уште видов, но битно на секој 500-1000м имаат дел каде што не е чепнато ништо поради проблеми со имот и пристапи. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Ај, баш да видиме дали ќе биде така...
Дел по дел: Половина од автопатот Кичево-Охрид во функција догодина Планираме наредната година да се обидеме триесете километри од Охрид до Врбјани да ги оспособиме и да може да се вози по тој пат, по тој дел од автопатот Кичево-Охрид, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Тој исто така рече дека кинеската Еским банка ги известила институциите дека ќе бидат исплатени резервираните 200 милиони евра од првиот кредит и 180 милиони од вториот кредит и очекува динамизирање на активностите за изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Наредната година министерот Сугарески очекува по дел од автопатот да се вози, да биде во функција а другитот дел да се изгради и да се стави во употреба согласно рокот во 2021 година. https://faktor.mk/del-po-del-polovina-od-avtopatot-kichevo-ohrid-vo-funkcija-dogodina |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Гранит“ наместо „Трансмет“ ќе го догради автопатот Кичево – Охрид
Скопски „Гранит“ ќе продолжи со изградбата на автопатот Кичево – Охрид онаму каде што запре фирмата „Трансмет“ на Сеад Кочан. Вредноста на неизвршените работи изнесува 54.442.364 евра. „ГД Гранит АД Скопје потпиша договор за отстапување на подизведувачките договори од Конзорциумот „Трансмет“ ДОО и „Херинг ДД Широки Бријег“ за изведување на Автопат Кичево – Охрид“, се наведува во соопштението на „Гранит“ објавено на веб – страницата на Македонска берза. Главен изведувач на овој автопат е кинеската компанија „Синохидро“, додека „Гранит“ и други фирми се ангажирани како подизведувачи. Ваквиот епилог доаѓа откако кинеската Ексим банка им ги стави на располагање неопходните 380 милиони евра на македонските власти за довршување на автопатот Кичево – Охрид. Во речиси идентичен период, Јавното претпријатие за државни патишта во моментов избира проектант што ќе ја докомплетира проектната документација за автопатот, со што ќе се надминат веќе констатираните грешки во проектот. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека следната година ќе биде завршен половина од автопатот долг 57 километри, на потегот меѓу Врбјани и Охрид. Преостанатата траса на овој автопат е предвидено да се комплетира до јуни 2021 година. Проектот за изградба на автопатот Кичево – Охрид чини вкупно 598 милиони евра. https://meta.mk/granit-namesto-transmet-ќe-go-dogradi-avtopatot-kichevo-ohrid/ |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Викторија Инвест и Илинден од Струга се вратени на трасата со по неколку десетици работници, работат на сливници и рабници на одредени делови.
Видов околу тунелите некоја активност но многу мало движење за да разберам што се работи, на останатиот дел ништо засега. |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Кинезите одобрија нова транша за продолжување на изградбата на автопатот Кичево – Охрид
Охрид, 10. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Она на што се чекаше за да продолжат градежните зафати на автопатот Кичево – Охрид е завршено, кинезите одобрија нова транша. Надлежните велат пробивање на роковите нема да има, па се очекува интензивирање на градежните зафати за автопатската делница да биде готова до јули 2021 година. – Амбасадорката најави дека кинеската страна го одобрува кредитот за продолжување на изградбата на автопатот Кичево – Охрид кој го чекавме како одлука од Народна Република Кина. Порачувам дека продолжуваме интензивно да работиме на комплетирање и завршување на негова изградба, изјави премиерот Зоран Заев. – Автопатската делница наскоро ќе почне со полна имплементација мислам дека со кинеските партнери постигнавме разбирање и наскорот може да очекуваме оваа автопатска делница да почне да се гради со забрзана динамика, за бенефит на граѓаните од западниот дел на земјата но и за туристичките потреби, потенцира вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Владата претходно потпиша два анекс договори со кинески „Синохидро“, за продолжување на рокот за изведба и за дополнителната сума што ќе треба да се одвои за изведба на клучки, изградба на патишта, санација на косини и стабилизација на свлечишта. Автопатот во должина од 57 километри, кој почна да се гради во февруари 2014 година, сега ќе чини 598 милиони евра. (Крај) |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Најдов уште една фотка што сум ја штракнал, на која се гледа еден завршен мост/вијадукт (само не можам да се сетам на точната локација):
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Една фотка од петокот...
![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
Нажалост сите проекти кои имаат грешки при фундаменталното проектирање се осидени на долгогодишни одлагања. И ова е независно од државата, само погледнете колку долго се работи на новиот берлински аеродром, само посради фундаментални грешки при проектирањето. Јас сум сигурен дак ако почнат сега со полна финансиска подршка и прописно да го испоректираат гостивар-кичево, ќе го завршат со изградба отприлика во исто време со Кичево-Охрид. За ова можеме да го земеме Демир Капиј-Смоквица за пример, каде се беше добро испроектирано и се заврши со не така големи одлагања.
|
|
![]() |
|
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
Како што сите проекти кај нас се одолговлекуваат за подолго време така и јас очекувам автопатот да се пушти можда и покасно од 2023 или со други зборови кажано мнооогу анекси малку работа и поминати 10-тина години во градба на една делница од коридорот 8, а кога ќе ми текне дека допрва најавуваат автопат Гостивар-Кичево и каков е теренот таму излегува само за западниот дел од коридоров потрошени деценија и пол ако не и повеќе
![]() |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Со оглед на тоа што автопатот ќе се репроектира до лето 2020, а крајниот рок е лето 2021, мислам дека е логично да се заклучи уште сега (2 години пред истекот на рокот) дека крајниот рок нема да биде постигнат. Така што веројатно 2023 е реално да се очекува
![]() |
|
![]() |
|
husejin ![]() Groupie ![]() Joined: 07-Dec-2018 Location: Malmö Online Status: Offline Posts: 45 |
![]() ![]() |
Narodot plaka.Uste mnogu aneksi ke se donesat pred da bide izgraden Avtopatot.Sekogas siromaviot plaka naj skapo.Blagodarenie na pametnite politicari.Barem od predhodnite greski da se naucija ke bea specialisti sega.
|
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
Ako "Miladinovci-Tri Cesmi" docni dve godini, ovoj avtopat ke docni dvaeset!?
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Една година ќе се исправаат пропустите во проектот на автопатот Кичево-Охрид Скопје/Охрид, 3. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Најдоцна за една година треба да се заврши препроектирањето на утврдените пропусти кај автопатот Кичево-Охрид. Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за докомплетирање на проектната документација за делницата долга 57 километри, за која државата за нејзината изведба ќе треба да издвои вкупно 598 милиони евра. Како што се наведува во тендерот објавен на Електронскиот систем за јавни набавки, идниот проектант ќе треба да ги изработи и докомплетира основните проекти и проектите за инфраструктура за сите 5 подделници на автопатот. Обемната листа вклучува препроектирање за стабилизација на косините и санација на свлечиштата долж целата траса, изградба на контролен центар за тунелот „Пресека“ долг 2 километри, ново патни јазли кај Требеништа и Свети Еразмо, денивелација на патиштата поврзани со автопатот, како и проектна документација за идните пристапни правци од околните села до автопатот. Поучени од досегашното искуство со проблемите што произлегоа од првичниот проект, ЈП за државни патишта во актуелниот тендер воведува два критериума за избор на најповолен понудувач. Покрај најниската цена, со 40 бодови ќе се вреднува квалитетот на понудувачите преку испитување на веќе извршените услуги од нивна страна за проектирање и ревизија во последните 3 години. Идниот проектант ќе треба да ја докомплетира проектната документација за автопатот Кичево-Охрид до летото 2020 година. Кинеската компанија „Синохидро“ пак има рок до 30 јуни 2021 година за да ја заврши во целост изградбата на овој автопат. Првичниот рок за негова изведба е продолжен за три и пол години, а заедно со него и вредноста на автопатот проценета на 411 милиони евра. Новата влада најпрво ги откри сите неправилности и грешки при изградбата на автопатот Кичево-Охрид, по што склучи и два нови анекса на договорот за неговото целосно завршување. |
|
![]() |
|
STEALTH ![]() Newbiе ![]() Joined: 05-Feb-2016 Online Status: Offline Posts: 12 |
![]() ![]() |
Сликано со Kompir Galaxy S11 5kg
|
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
![]() https://ohridpress.com.mk/109877?fbclid=IwAR2J70QRM7m6kfXPwc_C85yavRd4geObPLk7EW5R6DoGj2PomF3DhAp6Lrg Илинден ќе се продлават.Втор пат на автопатов на истото место, за нецели два месеци. На реконструкцијата на Железничка во Охрид им пропадна камион во дупка... 10.05.2010 ![]() http://tvm.mk/vesti/ohrid/8403-kamion-propadna-zeleznickaВтор дел...Втор дел.... Edited by Тркало - 01-Jun-2019 at 09:58 |
|
![]() |
|
elnino ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Mar-2010 Location: kavadarci Online Status: Offline Posts: 129 |
![]() ![]() |
патот има димензии за трета лента за застанување, засега се две оти се користи како магистрален
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1617181920 45> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |