Author |
Topic Search Topic Options
|
Raisinloaf
Senior Member
Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
|
Quote Reply
#361 Posted: 10-Oct-2008 at 16:30 |
Ke vidime kako ke se vklopi koga ke se izgradi mene ne mi izgleda tolku loso
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#362 Posted: 10-Oct-2008 at 03:07 |
 На претходната страна фигурираат попрецизни ветувања, меѓу кои најбезобразно е ова искажано во август:
Спомен - куќата на Мајка Тереза готова во септември |
Е сега се наметнува логично прашање, да не мислеле на септември 2016  Но не сум баш многу потиштен што овој проект касни (иако во рамките на своите способности максимално го форсираат). Градот е подобар без оваа перверзија на Вангел Божиновски и јас се трудам да уживам во последните моменти додека не го нагрдила целиот тој простор во нејзината близина.
Edited by Cloverstack - 10-Oct-2008 at 03:08
|
 |
Cibi
Senior Member
Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
|
Quote Reply
#363 Posted: 09-Oct-2008 at 09:46 |
ветуваа дека некаде при крајот на годината спомен куќата на мајка тереза ќе биде готова,ама не ми се верува по сликите што ги гледам.
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#364 Posted: 06-Oct-2008 at 23:26 |
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#365 Posted: 23-Sep-2008 at 11:40 |
Значи ова нашиве новинари се толку површни. Во ист ден едниот вика ќе се завршел музејот во Ноември, другиот во Октомври, а јас ви гарантирам до Февруари 2009 нема да биде готов музејот. Па побогу не пишуваат за апстактни работи, датми на завршување и буџети се ептен егзактни работи. 
Edited by UrbanFreak - 23-Sep-2008 at 11:41
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#366 Posted: 23-Sep-2008 at 11:21 |
Куќата на Мајка Тереза готова во октомври

Спомен-куќата на Мајка Тереза ќе биде готова до средината на наредниот
месец. Ова вчера го најави премиерот Никола Груевски кој, заедно со
министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска беа на
градилиштето да проверат како течат градежните работи за изградба на
куќата на големата хуманистка. Груевски рече дека е задоволен од текот
на активностите и оти се се одвивало според предвидената динамика. Ова
изјава на Груевски доаѓа само една недела откако Министерството за
култура информираше дека Куќата на Мајка Тереза ќе биде готова до
крајот на годинава.
Спомен-домот на Мајка Тереза се гради на местото каде што некогаш била
Католичката црква во Скопје, во која Гонџа Бојаџиу е крстена, според
проект на архитектот Вангел Божиновски. Таа зафаќа површина од 592
квадратни метри и ќе биде во духот на македонската национална
архитектура. Околу Спомен-куќата се предвидени мини-плоштад и двор. За
изградба на Спомен-домот на Мајка Тереза ќе се потрошат два милиона
евра кои ги обезбеди Министерството за култура. (А.А.) http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157333&idg=8&idb=2481&rubrika=Skopje |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#367 Posted: 22-Sep-2008 at 21:53 |
Груевски: Ние чувствуваме потребна да изградиме Спомен обележје за Мајка Тереза

Премиерот
Никола Груевски денеска го посети Спомен домот, кој што е во изградба,
на големата хуманистка и нобеловка Мајка Тереза.
По разгледувањето на градежните работи, премиерот истакна дека сите
градежни работи се одвиваат според предвиденото и Спомен домот се
очекува да биде готов во ноември.
“Овој проект ќе не чини околу два милиони евра, ќе биде посетувана
од бројни посетители како од земјата така од странство и кој што ќе
биде едно од главните обележје не само на Скопје туку и на целата
држава. Мајка Тереза е родена во Скопје, кад што голем број од
нејзините години ги поминала во Скопје, потоа по заменувањето станува
светски позната поради својата хуманост и низ секаде во светот ја
познаваат нашата гордост која е родена тука и учела во овој град“, рече
премиерот Груевски.
“Мајка Тереза е скопјанка и ние чувствуваме потребна да изградиме
спомен обележје за неа кој ќе не потсетува на неа и ќе испраќа порака
за нејзините чекори што ги направи во животот, помагајќи на илјадници
луѓе ширум светот независно од верската, етничката и националната
определеност. Одејќи сама според принципот на хуманоста и принципот да
му се помогне на секому што може да се помогне, тоа е порака што сите
граѓани во Македонија треба во иднина да ја чувствуваме и живееме“,
додаде Груевски. http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=40461&kategorija=1
 |
Edited by lslcrew - 22-Sep-2008 at 21:58
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#368 Posted: 17-Sep-2008 at 16:28 |

ДОЦНИ ИЗГРАДБАТА НА СПОМЕН-ДОМОТ НА ГОНЏА БОЈАЏИУ
Куќата на Мајка Тереза готова до крајот на годинава
На
поставувањето на камен - темелникот во мај, премиерот и сегашната
министерка за култура најавија дека објектот ќе биде готов до септември
 Изградбата на спомен-куќата на Мајка Тереза, пред Домот на Армијата,
доцни. Министерката за култура Елизабета Канчевска - Милеска и
премиерот Никола Груевски при поставувањето на камен - темелникот во
мај ветија дека куќата ќе биде готова до септември. Но спомен -
обележјето на Мајка Тереза се уште е опкружено се скелиња, а последниве
неколку недели пак работници не доаѓаат на градилиштето.
Од Министерството за култура не сакаа да кажат зошто се доцни со
изградбата на куќата. Наместо објаснување за доцнењето од таму даваат
нови рокови за завршување на изградбата.
"Според динамичниот и финансискиот план доставен од ГП'Гранит' кое е
изведувач на објектот, градежните работи ќе завршат до крајот на
годинава", велат од Министерството за култура.
Спомен - домот на Мајка Тереза се гради на местото каде што некогаш
била Католичката црква во Скопје во која Гонџа Бојаџиу е крстена,
според проект на архитектот Вангел Божиновски. Таа зафаќа површина од
592 квадратни метри и ќе биде во духот на македонската национална
архитектура. Околу спомен-куќата е предвиден мини плоштад и двор. За
изградба на спомен-домот на Мајка Тереза ќе се потрошат два милиона
евра, кои ги обезбеди Министерството за култура.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157064&idg=8&idb=2476&rubrika=Skopje |
Edited by lslcrew - 17-Sep-2008 at 16:31
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#369 Posted: 01-Sep-2008 at 22:19 |
... се си е на место !
Edited by beTon - 14-Oct-2008 at 12:29
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#370 Posted: 01-Sep-2008 at 22:02 |
ИЗГРАДБАТА НА СПОМЕН-КУЌАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА Е ВО ПОЛН ЕК
Светлината на Блажената го грее градилиштето
Изградбата на
овој објект не ни е само предизвик, туку работа што ја извршуваме со
многу љубов и посветеност. Можеби за вас е неверојатно, но додека
градиме сите ние ја чувствуваме енергијата и светлината која зрачи од
објектот - вели еден од градежниците и додава дека градилиштето е многу
атрактивно за странските туристи кои дури земаат и парче градежен
материјал за спомен
Спомен-куќата
на Мајка Тереза, која пред четири месеци почна да се гради пред Домот
на АРМ, ќе биде готова за еден месец. Деновиве беше поставена првата
плоча, а во тек се подготвителните работи за леење на плочата на
потпокривот. Градежните екипи од Гранит велат дека првично предвидениот
рок од пет месеци целосно ќе биде испочитуван, па затоа понекогаш
работат и во трета смена. - Изградбата на спомен-домот на Мајка
Тереза не ни е само предизвик, туку работа што ја извршуваме со многу
љубов и посветеност. Можеби за вас е неверојатно, но додека градиме
сите ние ја чувствуваме енергијата и светлината која зрачи од објектот
- вели еден од градежниците и додава дека градилиштето е многу
атрактивно за странските туристи. "Доаѓаат посетители, се распрашуваат,
сакаат да знаат кога ќе биде целосно готова, а странците земаат камче
или парче градежен материјал за спомен, вели нашиот соговорник.
Музејот се гради според идејното решение на архитектот Вангел
Божиновски на парцела од 1.000 квадрати, врз темелите на некогашната
католичка црква "Пресвето срце Исусово", од каде што Гонџа Бојаџиу
тргнала во хуманитарните мисии низ светот. Самата градба претставува
многу атрактивен спој на световната и на духовната природа на Мајка
Тереза. Има два подземни катови, приземје и потпокрив кои се необичен
спој на македонската традиционална архитектура и футуристички елементи
изработени од витражно стакло и кристал. Во внатрешноста ќе има
аквариум во форма на цилиндар, во кој ќе пливаат златни рипки, како
потсетување на бунарот во куќата во која живеела Мајка Тереза. Куќата
има мултифункционален карактер со делови наменети за одржување на разни
културни манифестации, со галериски простор, за духовни обреди. Од
Стојан Тренчевски од Граѓанската асоцијација Мајка Тереза, којшто го
затекнавме на градилиштето, дознавме дека витражот и панорамската
купола се нарачани и веќе се изработуваат во Италија.
- На покривот има футуристички осмислена капела. Се надевам токму од
тоа место во 2010 година лично Папата Бенедикт 16 ќе ја прогласи Мајка
Тереза за Светица - рече Тренчевски. Проектот е одлично вклопен во
целиот амбиент, а се очекува наскоро и целата околина да биде и
официјално именувана во плоштад "Мајка Тереза". http://vecer.com.mk/?ItemID=2CDA7E1CE4527E4F9CE4289E1E42211A
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#371 Posted: 26-Aug-2008 at 03:57 |
пред 98 години се роди СКОПЈАНКАТА ШТО ГО ЗАДОЛЖИ СВЕТОТ
Спомен-дом посветен на хуманата мисија на Мајка Тереза
Очекуваме во 2010 година,на 100-тиот роденден на хуманистката папата Бенедикт Шеснаесетти да ја посети Македонија и да го освети Спомен-домот, а Мајка Тереза да ја прогласи за светица, вели Стојан Тренчевски, претседател на граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“
 Објектот ќе има меморијален, световен и сакрален дел, а во домот ќе има простор за миси и за духовни чествувања
Спомен-домот на големата хуманистка и нобеловка Мајка Тереза ќе биде завршен до средината на октомври до кога е крајниот рок согласно со потпишаниот договор, велат од градежната фирма „Гранит“, која е задолжена за изградбата.Изградбата на објектот на просторот пред Домот на АРМ до споменикот на познатата скопјанка засега оди според предвидениот динамичен план. Во моментов се подготвува плочата за првиот кат, а досега се изведени подрумскиот дел и приземјето.Иницијаторот за изградбата на спомен-домот, Стојан Тренчевски, претседател на граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“, се надева дека во 2010 година, на 100-тиот роденден на Мајка Тереза, папата Бенедикт Шеснаесетти ќе го посети Скопје и Македонија и ќе го освети Спомен-домот, а неа ќе ја прогласи за светица.Лефко Манчевски, раководител во „Гранит“, вели дека Спомен-домот има специфична и нестандардна конструкција и се гради како еден вид скулптура.
- Објектот ќе има ѕидови-платна, ќе биде со рамни плочи, при што се применува безгреден систем со скриени носачи. На врвот ќе има купола. Сега се прави плочата на приземјето за катот. Се работи во две смени и за време на викендите за да се запази рокот. Во една смена работат по 17 работници, зошто толку дозволува и просторот на кој се изведуваат работите. Сакавме да работиме и во три смени, но на околните жители им пречи бучавата - вели Манчевски.Спомен-домот ќе има подрум, приземје, два ката и потпокрив. Тој ќе се гради на површина од 1.000 квадратни метри. Од нив, 500 квадрати е површината на куќата, а остатокот се за дворот и за малиот плоштад околу неа. Објектот ќе има меморијален, сакрален и световен дел. Покрај изложбениот дел, во домот ќе има простор за миси и за духовни чествувања.
- Во подрумот ќе има повеќенаменска сала во која посетителите ќе може поподробно да се запознаат со животот на Мајка Тереза. А од плочата на приземјето кон подрумот ќе има голем и атрактивен аквариум - објаснува Манчевски. Стаклена фасада и акрилните стакла се само дел од невообичаените материјали кои ќе се користат при изградбата на овој објект. Овие материјали првпат се употребуваат во градежништвото во земјава. Во несекојдневниот изглед на Спомен-домот симболично се вткаени различните фази од животот на Мајка Терза и од земјите во кои таа престојувала и живеела.Спомен-домот на Мајка Тереза се гради според проектот на архитектот Вангел Божиновски како израз на големата почит што Македонија ја негува кон неа. Во него, Скопје ќе добие паметник чии порти секогаш широко ќе бидат отворени за сите хуманисти, миротворци, намерници, туристи и гости на родниот град на Мајка Тереза, како што беше нејзиното срце во кое имаше љубов за сите.
Парите за изградба на Спомен-домот на Мајка Тереза во износ од два милиона евра ги издвои Владата преку Министерството за култура.Од денеска па до 25 септември ќе се одржат чествувања за Мајка Тереза во организација на Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза. Со пригодни манифестации денеска ќе се прослави нејзиниот роденден. На 5 септември ќе се одбележи 80-годишнината од нејзиното заминување од Скопје за Калкута, а на 25 септември - денот на упокојувањето.Денеска, во 10.30 часот ќе биде положено цвеќе на Споменикот на Мајка Тереза пред Домот на АРМ, а во11.00 часот во Спомен-собата на Мајка Тереза ќе биде промовирана книгата „Наша мајка“, од авторката Кадрие Зејнулаху. Во 14.00 часот во Собранието ќе им биде врачена државната награда „Мајка Тереза, Собрание на Македонија на хуманистите за 2008 година“ на д-р Љупчо Ајдински и на Антон Серечи.Цвеќе на Споменикот на Мајка Тереза ќе биде положено на 5 септември во 10 часот. Напладне, на свечена академија која ќе се одржи во МАНУ, ќе бидат врачени статуите „Мајка Тереза“ на заслужни лица посветени на хуманоста.На 25 септември ќе биде промовирано дивиди со филмскиот патопис „По скопските патишта на Гонџа Бојаџиу, блажената Мајка Тереза“, по сценарио на Стојан Тренчевски, а во режија на Кирил Узунов. Продуцент на патописот е Александар Карпузовски. Филмот е снимен во автентичните места од детството и младоста на Гонџа Бојаџиу во Скопје. ТВ-патописот трае 40 минути, содржи музика посветена и инспирирана од Мајка Тереза. Посебен дел е посветен на Тоше Проески и неговата хуманост, поради што ја доби статуата „Мајка Тереза“ на својот последен концерт во Скопје.
Анела Петрова Фото Маја Златевска
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#372 Posted: 22-Aug-2008 at 13:44 |
Да и тоа што викаш
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#373 Posted: 22-Aug-2008 at 12:42 |
najveke mi e krivo sto so ovaa zgrada nema nisto da se vidi od begovata kula ,toa e pobitno nesto od kukata na majka tereza spored moe mislenje  vie sto mislite?
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#374 Posted: 22-Aug-2008 at 02:11 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#375 Posted: 22-Aug-2008 at 01:54 |
изградени во духот на македонската
архитектура |
Како да не!!!!
топката што ќе се постави на врвот од објектот, која
најверојатно, ќе биде донесена од Колорадо |
тц тц тц тц тц ........
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#376 Posted: 22-Aug-2008 at 01:44 |
За два месеца ќе биде готова куќата на Мајка Тереза

Објектот е стасан до првата плоча на приземјето, деновиве ќе се бетонираат ѕидовите
Два месеца од почетокот на изградбата на спомен-куќата на Мајка
Тереза, објектот е стасан до изведба на првата плоча на приземјето.
Деновиве е предвидено да се бетонираат ѕидовите. Градежните работи се
одвиваат според планот на инвеститорот - Министерството за култура - и
се очекува објектот да биде готов до средината на октомври. Левко
Манчевски, раководител на проектот што го изведува АД „Гранит“, вели
дека е задоволен од досегашниот тек на активностите и посочува дека
засега на теренот не се појавиле некои поголеми непредвидени проблеми.
„Два-три
дена задоцнивме со почетокот на изградбата поради неопходната
дислокација на водоводната и телекомуникациската инсталација, но сето
тоа се надомести. Се работи секојдневно, па дури и за време на
викенди“, вели Манчевски. Тој укажува дека спомен-куќата ќе биде
единствениот објект не само во Скопје, туку и во државава изведен
делумно со специфични материјали. Станува збор за стаклата, делот од
фасадата и топката што ќе се постави на врвот од објектот, која
најверојатно, ќе биде донесена од Колорадо. Објектот ќе поседува и
специфична конструкција, која во делови се изведува како еден вид
скулптура.
Инаку, проектот за спомен-куќата на Мајка Тереза,
чиј автор е архитектот Вангел Божиновски, предвидува објектот да има
подрум, приземје, кат и потпокрив изградени во духот на македонската
архитектура. Куќата ќе зафаќа површина од 592 квадратни метри и околу
неа ќе има плоштад и двор. Инвеститор на објектот е Владата, односно
Министерството за култура кое инвестира околу два милиона евра. (Дс.Т.)
http://utrinski.com.mk/?ItemID=1E41DD21287E204A8BFFF784131BAC01
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#377 Posted: 17-Aug-2008 at 19:20 |
 Да, уште еден доказ дека кај нас баш дебилните проекти се одвиваат експресно  Еве и слики... Од сите градилишта што ги обиколив денеска (недела, одмори...), само ваму се работеше (и тоа се работеше со полна пареа). Малку ми е преоптимистички тоа со септември, ама очигледно гледаат да завршат најбргу што можат. Тој пореметениот Вангел очигледно е прилично влијателна личност во нашево чудно општество  ...Кај нас све живо касни, ама за ова баш нема зима. 1  2 
Edited by Cloverstack - 18-Aug-2008 at 00:16
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#378 Posted: 14-Aug-2008 at 04:55 |
Спомен - куќата на Мајка Тереза готова во септември
Хрватскиот амбасадор во земјава Иво Кујунџиќ вчера положи свежо цвеќе
пред Споменикот на Мајка Тереза, а потоа ги посети Феудалната кула и
градилиштето на спомен-куќата за големата хуманитарка пред Домот на АРМ
во центарот на Скопје. Кујунџиќ рече дека е добар гест тоа што Владата
на Република Македонија ја финансира изградбата на спомен-куќата на
Мајка Тереза и оти тоа е доказ за отвореност кон мултикултуралноста на
Македонија. Тој рече дека и Владата на Република Хрватска помага вакви
значајни проекти, како што е изградбата на оргулите во Католичката
црква во Скопје, која се надева дека ќе заврши до крајот на годината.
Градежниците од "Гранит" го информираа амбасадорот дека немаат проблеми
при изградбата и дека спомен-куќата ќе биде готова во предвидениот рок
од четири месеци кои истекуваат во септември. (Е.А.)
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=153941&idg=8&idb=2419&rubrika=Skopje
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#379 Posted: 13-Jun-2008 at 13:00 |
Проектот е толку очаен, што квалитетот на рендерот не игра некоја улога. Плус тоа авторот на проектот низ медиумите многупати со свои зборови ни го опишуваше проектов и описот беше доволен да ми се крене косата на главата.
А за тоа дека не треба да сме изненадени за „фер“ односот си во право, ама мислам дека и не сме баш толку изненадени (освен од тоа дека во овој случај беше прилично екстремно). Како и да е, тоа што не сме изненадени не смее да не спречи да го кренеме гласот против тоа и на тој начин да се бориме тоа да почне да се менува. Со молчење и помирливост нема да мрднеме нанапред.
|
 |
GreatMakedon
Senior Member
Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
|
Quote Reply
#380 Posted: 13-Jun-2008 at 12:14 |
taka rekov zas nasive pravat crtani renderi so slab kvalitet, pa mnogu objekti ispaget poinakvi vo realnost nego na render.. a za drugoto sto kaza se soglasuvam, no barem za vie sto ziveete vo MK ne treba da bide iznenaduvanje za "fer" odnosot "transparentnosta" koja postoi vo MK koga stanuva zbor za dodeluvanje na proekti/gradbi itn.
|
 |