![]() |
![]() |
![]() |
Театар и библиотека - Тетово |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Со 23 милиони евра ќе се опремува Тетовскиот театар кој се гради осум години, вкупно ќе чини скоро колку обновениот од „Скопје 2014“
На три дена пред локалните избори, претставници на Министерството за култура и на локалните власти во Тетово потпишаа договор со кој се доделуваат 23 милиони евра во следните четири години за внатрешно опремување на објектот на новиот тетовски театар и библиотеката во градот, кој со години стои полуизграден, пишува Тетовоинфо. Според најавите на денешното потпишување на договорот за средствата, на кој присуствуваше и градоначалничката и кандидатка за нов мандат, Теута Арифи, објектот ќе биде опремен со „најсовремени аудиовизуелни уреди какви досега нема во државата“, а исто така ќе се опреми ентериерот и инфраструктурата за библиотеката. Зградата на новиот театар почна да се гради во 2014 година, на само неколку метри од веќе постоечкиот Дом на културата, кој има голема сала со 600 седишта. Досега беа потрошени 13,5 милиони евра, а објектот вкупно ќе чини 36,5 милиони, што ќе го направи еден од најскапите објекти од културата во државата, заедно со возобновениот скопски театар од проектот „Скопје 2014“, чија цена надмина 40 милиони евра. Зградата треба да биде завршена во 2025 година, кога ќе поминат 11 години откако започна да се гради. https://www.slobodenpecat.mk/so-23-milioni-evra-kje-se-opremuva-tetovskiot-teatar-koj-se-gradi-osum-godini-vkupno-kje-chini-skoro-kolku-obnoveniot-od-skopje-2014/ |
|
![]() |
|
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
Стварно,не ти е реакцијата за 23 милиони евра доделени пред избори ? ![]() 23000000 евра човече,за библиотека ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() Ја едитирав мојата објава, нема смисла да се повторува една иста вест двапати. А реакцијата ми е за влечкањето, 8 години се премногу за библиотека. |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Вестиве сме ги објавиле во иста минута
![]() Како и да е премногу се завлечка изградбата...исто важи и за Турскиот Театар кој е во многу поназадна фаза и со овие рокови што ги даваат ќе го фати 2035 година. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]()
Edited by Џоле - 14-Oct-2021 at 17:47 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВЛАДАТА ДАДЕ 23 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДОИЗГРАДБА НА ТЕАТАРОТ И БИБЛИОТЕКАТА ВО ТЕТОВО, СЕ ГРАДИ 8 ГОДИНИ, А ЌЕ ЗАВРШИ ВО 2025
![]() Владата во наредните 4 години ќе даде 23 милиони евра за внатрешно опремување на објектот во кој ќе бидат сместени новиот театар и библиотеката во Тетово. Објектот, за кој градежните работи речиси се завршени, сега во втората фаза ќе биде опремен со најсовремени аудиовизуелни уреди какви досега нема во државата, а исто така ќе се опреми ентериерот и инфраструктурата за библиотеката. „Проектот за изградба на театар и библиотека во Тетово е еден од најобемните проекти како во однос на реализацијата, така и во однос на изградбата. Сега успеавме да ги финализираме постапките за почеток на втората фаза од изградбата односно за ентериерот. Објавивме јавна набавка со отворена постапка, значи меѓународен повик, при што е избран понудувачот, а тоа е групата на понудувачи „НБ компани“ од Тетово и „Пелагонија“ од Гостивар, со кои денес склучуваме договор за почеток на работите. Средствата за реализација на изградбата се обезбедени од Владата на Република Северна Македонија преку програмата од Министерството за култура. Втората фаза ќе чини 1 милијарда и 420 милиони денари или околу 23 милиони евра. Парите ќе се пуштаат по фази на изградбата сé до декември на 2025 година, за кога е предвидено објектот целосно да биде завршен со градба и внатрешно да биде опремен“, изјави Арлинд Хусеини, директор на НУ Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово. Иако Тетово има Дом на културата со голема сала со 600 седишта, во 2014 започна да се гради нов објект за театар и библиотека на растојание од неколку метри од постоечкиот Дом. Во првите години изградбата одеше мошне бавно, за конечно годинава, по осум години градење да се заврши првата фаза, односно да завршат градежните работи за што беа потрошени 13,5 милиони евра. Сега одобрените 23 милиони евра се предвидени за ентериерно опремување и за набавка на современа аудиовизуелна опрема. Со ова, Тетово ќе го добие еден од најскапите објекти во државата од областа на културата. Целосната изградба на Театарот и библиотеката треба да завршат на крајот од 2025. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vladata-dade-23-milioni-evra-za-doizgradba-na-teatarot-i-bibliotekata-vo-tetovo-se-gradi-8-godini-a-ke-zavrshi-vo-2025/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Поминаа 7 години од поставување на камен темелникот – театарот во Тетово, сè уште недовршен
Поминаа 7 години од поставување на камен темелникот за изградба на Театарот и библиотеката во Тетово. И од тогаш објектот се уште не е во функција. Ветувањата беа дека театарот ќе биде готов во 2018, меѓутоа сега сме 2021 и до сега е завршена само првата фаза од проектот. Министерката за култура, Ирена Стефкова вели дека од страна на Министерството буџетските средства се издвоени, но без да ја прецизираат сумата и тоа дали се доволни за финализирање на објектот. Го прашавме и директорот на Театарот во Тетово, Беким Исмаили. Рече дека Министерството за култура им ветило дека работите ќе завршат за две години. Исмаили не го крие фактот дека се соочуваат со големи тешкотии поради тоа што немаат објект. „Ни се создадоа многу пречки поради тоа што немаме свој објект. И со библиотеката го имаме истиот проблем. Во контакт сме и со директорката, тие имаат проблем што немаат каде да ги остават книгите, а ние имаме други проблеми – немање простории и матична сцена. Сцената на Театарот во Тетово е во центарот за култура, значи проблем е сцената, потоа местото, костими, сценографија, администрација“, посочи Беким Исмаили. Врз основа на информациите, Театарот треба да чини околу 26 милиони евра а до сега се потрошени над 13 милиони евра. https://mk.tv21.tv/pominaa-7-godini-od-postavuvane-na-kamen-temelnikot-teatarot-vo-tetovo-se-ushte-nedovrshen/ Edited by stef4o - 24-Aug-2021 at 11:56 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() http://upc.mk/mk/portfolio/тетовски-театар/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Може за избори да го завршат, таман може да му се најде правата функција, како во ова видео на пример. https://www.facebook.com/watch/?v=528356834685976 Не е од youtube, неможам embed да го постирам.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Седум години од камен темелникот, зградата на Тетовскиот театар далеку од финализирање
![]() Зградата на Тетовскиот театар, во седмата година од поставувањето на камен-темелникот, застана во првата фаза од изградбата. Иако ветувањето на претходната влада на ВМРО ДПМНЕ – ДУИ беше дека објектот ќе се заврши до 2018 година, работите се уште се далеку од завршени. Досега, и покрај одложувањата, потрошени се 13,5 милиони евра, додека од Театарот велат дека ќе бидат потребни уште 26 милиони евра за втората фаза. Надлежните ги оправдуваат одложувањата со изборите и пандемијата. „Имавме избори, работата беше одложена, сигурно дека ова влијаеше на одолговлекувањето на годината што ја изгубивме, што и онака нè чини. Она што можам да го кажам е дека нашата желба е таа да биде завршена за три години, но сè ќе зависи од Владата, колку буџет има и колку може да обезбеди средства за реализација на динамиката што ќе ја дадеме преку финансиите“, рече Артан Арслани, в.д директор на Домот на културата, Тетово. Овие одложувања му штетат на Тетовскиот театар. Директорот, Беким Исмаили, вели дека во отсуство на нови простории и услови, се реализираат само половина од проектите. „Вистина е дека поради недостаток на објект, услови, ние го правиме годишниот план, така што и овој план за 2021 година е планиран врз основа на овие услови. Да го имавме новиот објект, верувам дека ќе имавме поголем број на проекти“, рече Беким Исмаили, директор на театарот на Тетовo. Според информациите на Алсат, финансиската полиција ја проверила документацијата и проектот за изградба на Театарот во Тетово, поради сомневања за злоупотреба. Новото ветување е дека работите ќе завршат до 2025 година. https://alsat.mk/mk/sedum-godini-od-kamen-temelnikot-zgradata-na-tetovskiot-teatar-daleku-od-finalizirane/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Доцни проектот за доградба на тетовскиот театар, актерката Љоки: Ова одложување наликува на канцер
Втората фаза од изградбата на новата театарска зграда во Тетово никако да започне и зошто се случува ова, одговор нема од директорот на Центарот за култура во Тетово. Актерката Албана Љоки вели дека не се надева дека тоа ќе се случи, а одолговлекувањето на културните проекти го нарекува „канцер“ што ќе експлодира еден ден, пишува „Порталб.мк“. Според директорот на Центарот за култура во Тетово Артан Арслани, не е јасно зошто Владата сè уште нема преземено мерки за одобрување на втората фаза, иако истиот проект е прифатен уште од декември минатата година. „Ништо не е сменето од мојата последна изјава што, во врска со ова ја дадов одамна, сè уште чекаме Владата да го одобри проектот и да започне со јавната набавка за втората фаза. Проектот го доставивме во декември минатата година, немаме никаков одговор и не знам зошто се случува ова. Во втората фаза е предвидена изградба на ентериерот и театарската сцена. За динамиката на работата и за сè друго, одлучува Владата“, рече Артан Арслани, директор на Центарот за култура во Тетово. Една од актерките од Тетово, Албана Љоки, за „Порталб.мк“ изрази голем песимизам во врска со текот на изградбата на овој театар. Според неа, на културата во Тетово со бавни, но сигурни чекори, и се инсталира „канцер“ а ние ќе реагираме, кога истиот веќе ќе избувне. „Поминаа повеќе од 10 години откако изградбата на овој театар е барање на актерите од регионот, а состојбата и понатаму останува иста. Ние луѓето сме чудни, во моментот кога имаме главоболки не се грижиме и затоа и така нашето тело навикнува на таа болка сè до моментот кога ќе се појави канцер. Така навикнати сме со нереализирање на проекти сè до моментот кога ќе се појават експлозии, што во овој случај е уништување на културата, како многу важна сфера на нашите животи. Јас лично не верувам во ништо во оваа земја, особено не за градење на успех, ние како народ треба да бидеме посвесни за тоа што се случува и да не трчаме по толпата“, рече Албана Љоки, актерка. Се ветува уште од 2010 година! Изградбата на Центарот за култура во Тетово беше ветена на 6 октомври 2010 година, кога тогашната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, го претстави идејното решение за изгледот на еден мултифункционален театар, што треба да понуди театар, кино и библиотека. Камен-темелникот за изградба на овој објект беше поставен на 28 ноември 2014 година. Цената на првата фаза за изградба на објектот беше проектирана на 13,5 милиони евра, додека со почетокот на втората фаза и објавувањето на тендерот за внатрешно средување, цената ќе достигне 40 милиони евра. Проектот за изградба на овој мултифункционален културен центар е еден од капиталните проекти на претходната влада, планиран да се реализира пред неколку години. Со изградбата на центарот ќе се реши просторниот проблем за повеќе институции во Тетово, како што се театарот, библиотеката, културниот центар и други, кои функционираат на едно место неколку години. Чекајќи ја реализацијата на овој проект, културните и уметничките активности се одвиваат во привремени објекти во услови надвор од стандардите, додека Библиотеката „Кочо Рацин” и понатаму останува мала, со малку книги и лоши услови. https://meta.mk/doczni-proektot-za-dogradba-na-tetovskiot-teatar-akterkata-loki-ova-odlozhuvane-nalikuva-na-kanczer/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Неколку пати пробиен рокот за завршување на новата зграда на Театарот и библиотеката во Тетово
https://alsat.mk/mk/nekolku-pati-probien-rokot-za-zavrshuvane-na-novata-zgrada-na-teatarot-i-bibliotekata-vo-tetovo/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Аслани: Завршена е првата фаза од изградбата на Центарот за култура во Тетово, ја чекаме втората фаза
Заврши првата фаза од изградбата на новиот Центар за култура во Тетово. Директорот Артан Аслани, истакна дека преостанува само записникот и се очекува да се формира Владата за да започне втората фаза. Првата фаза требаше да заврши во декември 2019 година, но според директорот, таа е одложена поради бирократски процедури, известува Порталб.мк. Иако првата фаза од изградбата на Центарот за култура требаше да заврши во декември 2019 година, како што изјави претходно директорот на Центарот за култура за Порталб.мк, таа беше завршена пред неколку дена. „Првата фаза заврши пред неколку дена, треба само да се изготви записникот. Сега ја чекаме втората фаза. Но, прво треба да се формира Влада, а потоа ќе видиме како ќе се одвива постапката и каква одлука ќе се донесе“, вели Аслани. На прашањето на Порталб.мк, зошто не се казнети одговорните за одложувањето, тој вели дека работите се завршени во декември, додека фазата била блокирана во управни постапки. „Работите се оддолжени поради причини што се споменати претходно, проблемот со дислокација на трафостаницата и отстранување на бараките. Работите беа завршени навреме на 20 декември, додека работата на записникот е одложена поради пандемијата и не претставува никакви пречки за втората фаза, тоа е едноставно административен и бирократски процес. Исто така, центарот за култура ги има завршено сите потребни процедури за отворање на тендерот за втората фаза, само се очекува зелено светло од Владата“, додаде тој. Инаку, цената на првата фаза за изградба на објектот беше проектирана на 13,5 милиони евра, додека со почетокот на втората фаза и објавување на тендерот за внатрешно регулирање, цената ќе достигне 40 милиони евра. Камен темелникот за изградба на овој објект беше поставен на 28 ноември 2014 година. https://meta.mk/aslani-zavrshena-e-prvata-faza-od-izgradbata-na-czentarot-za-kultura-vo-tetovo-ja-chekame-vtorata-faza |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Бидејќи дел од фотките веќе не долг период не се отвораат извадив 10-тина фотки од страната на изведувачот
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() http://upc.mk/en/portfolio/tetovo-theater/ најновите фотки од мојот пост погоре ![]() ![]() |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
![]() сакав да кажам саркастично дека е 100% достоен на рендерот, ама гледам дека има некакви држачи на фасадата, па сигурно нема ова да му е краен изглед |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() https://www.facebook.com/viktoriatetove |
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Тоа што ми е симптоматично...
1. Театар изграден на парцела на единствениот парк во Тетово 2. 10 години се гради уште не е готов 3. Верен на рендерот ![]() ![]() Edited by kiriOK - 16-Nov-2019 at 08:44 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Новиот Дом на култура во Тетово, започнат во 2014 година, ќе се гради уште три години!
![]() ![]() Новиот Дом на културата во Тетово веќе пет години се гради и никако да заврши – според одговорните, се предвидува дека ќе бидат потребни уште три години за да биде готов, пишува „Порталб.мк“. Првата фаза на изградба, според директорот, Артан Арслани се очекува да заврши во декември. Во изјава за Порталб.мк, тој вели дека ќе има пенали ако работата не биде завршена до тогаш. – Првата фаза ја опфаќа затворената карабина на објектот, која е при крај. Според информациите од терен, таа се очекува да биде завршена во рок од еден месец. Активностите за оваа фаза се речиси готови, остануваат само неколку прозорци и неколку ѕидовите се обојат. На крајот на декември истекува договорот на ангажираните работници за оваа фаза, ако не ги завршат работите до тогаш, следуваат пенали – изјави Арслани за „Порталб.мк“. Според него, паралелно се работи и на втората фаза „бидејќи не сакаат да губат повеќе време“. – Паралелно работиме и на втората фаза, постапките за оваа фаза се долги и токму поради тоа не сакаме да губиме повеќе време. Во моментов сме при крај со проектирање на ентериерот, фирмата ги заврши работите, меѓутоа вршиме мали исправки. Втората и завршна фаза се очекува да заврши три години од започнувањето – објаснува директорот. По завршувањето на подготовката за втората фаза, оваа институција ќе треба да достави извештај до Владата за тоа дека се подготвени за започнување на втората фаза, извештај што Владата ќе треба да го усвои, за да се отвори тендерот за втората и завршна фаза. Изградбата на Домот на Културата во Тетово беше ветена уште на 6 октомври 2010, кога тогашната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска го претстави идејното решение за изгледот на мултифункционалниот објект, кој ќе треба да понуди театар, кино и библиотека. Камен-темелникот за овој објект беше положен на 28 октомври 2014. Цената за првата фаза од изградбата на објектот беше проектирана на 13,5 милиони евра, а со почетокот на втората фаза и објавувањето на тендерот за внатрешно уредување цената ќе достигне до 40 милиони евра. Проектот за изградба на овој мултифункционален културен центар е еден од капиталните проекти на претходната влада, предвиден да биде реализиран неколку години наназад. Со изградбата на овој центар ќе биде решен просторниот проблем на повеќе институции, како театарот, библиотеката, Центарот за култура и други, кои неколку години функционираат во едно место. Во очекување на реализација на овој проект, културната и уметничката дејност се одвиваат во привремени средини и вонстандардни услови, а Библиотеката „Кочо Рацин” останува премала, со малку книги и со лоши услови. https://meta.mk/noviot-dom-na-kultura-vo-tetovo-zapochnat-vo-2014-godina-ќe-se-gradi-ushte-tri-godini/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |