![]() |
![]() |
![]() |
Буџет(и) - Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 10> |
Author | |
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Нели годинава ќе почнеа со Љубљанска? Од капиталните добро би било барем Хрватска или Словенија да се почне догодина.
Edited by Staro Skopje - 17-Dec-2020 at 22:28 |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Добро е, има пари за ПР-проекти
![]() ![]() Капиталните проекти не знам дали вреди да ги коментираме, НЕМА. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Очигледно освен за кружниот кај Момин Поток другото е баталено или ќе се одвива со многу слабо темпо(на ниво на најави и некакви си проектирања)
1.Мостот џабе го почнаа кон Саем бидејќи којзнае колку време и пари ќе им требаат за експропријација на 150-тина објекти на тој потег така да мостот и да биде готов следно лето нема поента. 2.Подземната улица што ја прави Лимак и да се заврши за година-две пак ќе биде бескорисна во отсуство на пратечка инфраструктура и кружни текови кои се обврска на градот(судејќи по тоа колку се експедитивни до 2030 ако се комплетира тој потег како што треба добро е) 3.Мавровка не ни ја спомнуваат камо ли да ја решат... 4.Тунел под Кале очигледно ни во блиска иднина. Во принцип планираат и цела следна година да ја сведат на по некој сквер,парк,гребење улици и нивно стеснување со вело патеки исто како во изминатите 3 години. Подобро ќе беше да се фокусираат барем на еден од горниве проекти клучни за решавање на метежот и подобрување на колекциите ама ќе остане за некој следен мандат а можеби ни тогаш... |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Кружен кај Момин Поток, што друго?
Кружен кај Хубо Мост на Љубљанска АСНОМ до Саем Качанички до Словенија? Продолжување на Словенија? Најави за Хрватска? ![]() Што е со проектирањето на влез/излез од подземниот дел на бул.Македонија? Ако булеварот се изгради во пролет 2022 тоа значи дека на крај на 2021 треба да се започне со градба на пристапите. *Тунелот под Кале не го спомнувам ![]() Edited by alexsend - 17-Dec-2020 at 20:57 |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА, УРЕДУВАЊЕ НА КЕЈОТ И НОВИ БУЛЕВАРИ, ДЕЛ ОД КАПИТАЛНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2021
За 8,5 отсто помал ќе биде буџетот на Град Скопје за 2021 година во однос на овогодинешниот. Вкупниот буџет ќе биде 117 милиони евра, додека основниот 70,5 милиони евра. Како што кажа градоначалникот Петре Шилегов намалувањето на буџетот се должи на пандемијата на ковид-19 и е подготвен применувајќи ги начелата на економичност, рационалност, фискална одговорност, отчетност и транспарентност. „Меѓу капиталните проекти за наредната година е реконструкција на Универзална сала, изведба на системот за паметно осветлување, изградба на Луна парк, реконструкција и изградба на нови булевари и улици, уредување не кејот на реката Вардар од двете страни, поставување спортски содржини на отворено, подигнување на ново зеленило. За капиталните проекти предвидени се 40 отсто од средствата во буџетот“, кажа градоначалникот Петре Шилегов. Со буџетот за наредната година се предвидуваат и пари за субвенции за јавните претпријатија поради потешкотии во работењето, уредување на тврдината Кале и Кејот 13 Ноември, изградба на кружен тек и клучка кај Момин Поток, субвенции за инвертери и велосипеди, изградба на зелени кровни површини, реконструкција на фасади, изградба на нови паркови како и детски адреналински парк. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/rekonstruktsija-na-univerzalna-sala-ureduvane-na-kejot-i-novi-bulevari-del-od-kapitalnite-proekti-na-grad-skopje-za-2021/ |
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
капитални проекти?
![]() |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Галески: Шилегов крати од капитални проекти
Вчера Советот на градот Скопје расправаше за ребаланс на буџетот, каде се предвидуваат одредени кратења, помалку пари за одредени проекти, и повеќе субвенции за јавните претпријатија, рече во вторникот Луке Галески, советник од ВМРО-ДПМНЕ. Ваквиот ребаланс беше критикуван од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје. „Пред само две недели на истава говорница се фалевте со финансиските успеси на јавните претпријатија, додека сега на оваа седница кратите од капиталните расходи и ја зголемувате сумата за субвенционирање на јавните претпријатија со парите на скопјани, истакна советникот на ВМРО-ДПМНЕ Луке Галески. Се зголемува сумата за субвенции за јавни претпријатија за 17 милиони денари, додека сумата за капитални субвенции за претпријатија и невладини организации од 9 милиони на 44 милиони денари“, посочи Галески „Ова не е развоен буџет, овој буџет нема да значи решавање на проблемите на скопјани туку крпење на дупки, и купување време. И Градот Скопје го следи неславниот рекорд на Владата па крати од сумата предвидена за капитални инвестиции и ги прераспределува парите во други ставки. Капиталните расходни вкупно се намалуваат за 47 милиони денари, а в исто време се зголемува сумата за купување на мебел за 3 милиони денари, додека за 11 милиони денари се намалува сумата која се издвојува за купување на опрема и машини“, истакна советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галески. Истакна дека градот ја зголемува сумата за привремени вработувања за 12 милиони денари наспроти ветувањата на Шилегов за мала стручна и ефикасна администрација. „Се зголемуваат субвенциите за АД Градски енергетски системи во износ од 5 м денари, би било добро да кажете која услуга ја произведува ова претпријатие за да се додели оваа сума“, истакна советникот Луке Галески. Шилегов беше прашан дал кратењето на парите за одржување на Кејот на Вардар, за Вардариште и булеврите АСНОМ, Србија, Теодосиј Гологанов, Февруарски Поход ќе значи и запирање на овие проекти. Советникот Галески истакна дека Шилегов ветувал чист воздух а крати од секторот животна средина 32 милиони денари. Каков ќе е тој чист воздух кога не инвестирате ништо да подобрите, додаде тој. Советничката од ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова го запраша Шилегов зошто ја покауваше цената на влезниот билет во Золошката градина кога сега со овој ребаланс на буџетот се даваат субвенции за ова претпријатие. Образложението тогаш беше дека на Золошка Градина и требаат пари, а сега и самиот град дава пари. На крајот граѓаните се најоштетени истакна Попова која додаде дека на овој начин граѓаните се изманипулирани и дека не е да има развој кога се кратат пари за едни проекти. Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ посои дека Шилегов нема предвидено и крати пари за Езеро Треска а негово ветување беше дека ова лето Скопјани ќе може да се капат. Воедно посочи дека целосно е заглавена изградбата на улица Есенинова, иако Шилегов наследи готов проект. На ваквите обвинувања градоначалникот на Скопје Шилегов одговори дека погрешно се интепретираат информациите за буџетот. Тој истакна дека парите за капитални расходи се кратат, но тие се користат за други стапки. Истакна дека улицата Есенинова ќе се гради, но и дека сите споменати булвари има активности кои ќе значат нивна градба. Воедно Шилегов посочи дека парите наменети за Градски енергетски ресурси се за плати на вработените. Тој не одговори за зголемените суми за субвенции на претпријатијата, за договрните вработувања, ниту за закениот проект за ревитализација на проектот Езеро Треска. Нетпрес ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ГРАДСКИОТ БУЏЕТ ЗА 2017 ЌЕ ТЕЖИ 80 МИЛИОНИ ЕВРА
Градските власти в година ќе имаат за трошење околу 80 милиони евра, што е за нецели 10 милиони повеќе од парите со кои Коце Трајановски располага годинава. Ова е првичната проектирана сума за буџетот на Град Скопје за 2017 година, за кој изминативе два дена во Маврово дискутираа градоначалникот и градската администрација, заедно со членовите на Советот и претставници на јавните претпријатија. Генерално, најголем дел од парите в година ќе се потрошат за изградба и проширување на улици и булевари, за проектирање кружни текови, за субвенции на јавните претпријатија. Практично, ќе се троши за завршување на тековните проекти, а ќе започне реализација и на неколку нови. Набавката на електрични автобуси, изградбата на Луна паркот, почеток на изградба на нови булевари и проширување на неколку улици, како и проектирање четири кружни текови, се главно проектите што ќе почнат да се реализираат во наредната година. Всушност, тие ќе бидат и адут на актуелниот градоначалник, во случај на негова трета кандидатура на локалните избори што треба да се одржат на пролет. „Еден од приоритетите за в година ќе биде набавката на електричните автобуси. Пари за нив нема да трошиме од планираниот буџет, туку тие ќе се набават на кредит. Значителен дел од средствата за 2017 година ќе се потрошат за набавка на реквизитите за новиот Луна парк, како и за неговата изградба. Планирано е реквизитите да се набавуваат во рок од три години, односно, првиот дел да стигне в година, вториот во 2018, а забавниот парк ќе се комплетира во 2019 година“, појасни Трајановски. Тој рече дека од буџетот ќе се издвојат пари за завршување на булеварите „Србија“, „Борис Трајковски“, „Трета македонска бригада“, „Христијан Тодоровски-Карпош“ од „Веро“ до зградата на Општина Чаир, како и третата фаза кон населбата Бутел. „Проекти што ќе ги започнеме в година се проширување на улицата ‘Теодосиј Гологанов‘ од Клубот на пратеници до раскрсницата со булеварот ‘Климент Охридски‘, проектирање на кружните текови за подземната сообраќајница на Јужен булевар, проширување на улицата ‘Павел Шатев‘ кај Министерството за внатрешни работи со четири ленти, реконструкција на ‘Народни херои‘ во Кисела Вода, како и пробивање на новата улица ‘Есенинова‘ кај Тутунски комбинат, со цел директно поврзување на Кисела Вода со Аеродром“, истакна Трајановски. Во план е со парите од буџетот за 2017 година да се прошири и булеварот „Никола Карев“, односно пластичарска улица. Во Општина Карпош ќе се реконструира улицата „Лондонска“ кај ТЦ „Сити мол“, а ќе се проширува и раскрсницата кај „Хубо маркет“, во Општина Ѓорче Петров улицата „Борис Сарафов“, во Гази Баба булеварот „Александар Македонски“... Планирани над 5 милиони евра за фасади Град Скопје и в година ќе потроши значителна сума за фасади во центар, во стилот на „Скопје 2014“. Во нацрт буџетот се предвидени околу 5 милиони евра за реконструкција на фасади. Околу половина милион евра, пак, е планирано да се потроши за подготовка на проекти, додека нецели 100.000 евра се предвидени во ставката за илуминација на спомениците и фонтаните. Трета среќа за градоначалничката фотелја Коце Трајановски не открива дали ќе се кандидира на претстојните локални избори напролет. Иако избегнува директен одговор на прашањето околу кандидатурата, очигледно е неговото задоволство од сработеното досега, што му дава мотив по третпат да се бори за градоначалничката фотелја. Вели дека тој само за една година направил колку што порано се правело за време на еден цел мандат. „Битно е ние да ги завршиме почнатите проекти и да започнеме со новите. Дали ќе се кандидирам или не, не е толку битно“, вели Трајановски, но индиректно признава дека неговата желба е едно, но оти за евентуална повторна кандидатура влијаат и други фактори. http://utrinski.mk/?ItemID=8E7B5AAEB736EC458F1AAA3A9B8AC8DB |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Се мисли на две нивоа...
Али по тоа што сме навикнале сигурно ќе биде некоја импровизација |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() Кој црн кружен тек кај судска палата ? Кај семафорите кај Мавровка ? Доколку е на таа локација, тогаш овие навистина изгубиле секаков контакт со реалноста. На такво тесно грло не може да се реши сообраќајниот метеж, може само да се контролира со семафори, а кружен тек ќе биде почеток на неконтролиран сообраќаен хаос. Edited by Dexter26 - 04-Oct-2015 at 16:50 |
|
![]() |
|
Baze ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 409 |
![]() ![]() |
Инаку за кружните текови во центар големиот кај НИП и двата мали ќе се издвојат пари за нивни проекти, што значи далеку се од започнување на градежните активности, кога ќе се прочита меѓу редови за овој буџет повеќе ставки се за проекти (проект за продолжување на Теодосиј Гологоанов, проект за кружните текови и тој кај судска палата).
|
|
![]() |
|
Petar Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Sep-2014 Online Status: Offline Posts: 271 |
![]() ![]() |
Да си се вртиме у круг..
|
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Секоја година станува полошо. Изгледа ,,некој,, изгубил осет со фантазиите!
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Значи и за наредните 15 месеци да не очекуваме барем некаков ангажман за изградба на мостот на крајот од Илинденска.
Ама затоа кружни текови и споменици на нив, се разбира, ќе ги има во изобилие. И се разбира, нов карусел за задоволување на детинестите желби на пвеводбениците. |
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Дали овој буџет е само на град Скпје? (без општините)
Дали има податоци за вкупен буџет на град Скопје плус буџетите на деветте скопски општини? Дали има некаква статистичка анализа за тоа колку пари од годишниот буџет му „следува“ на секој граѓанин по различна општина/град/регион? |
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Уш една вртелешка, џизс. Што не ја преместат само оваа што сега го блокира кејот?
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Значи, 2016 г. ќе биде година на кружни текови, на проширени и продолжени булевари и на уште една вртелешка. Голем напредок за Град Скопје.
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Нетпрес Edited by <Fresno> - 03-Oct-2015 at 11:05 |
|
![]() |
|
Teglarot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 15-Nov-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 569 |
![]() ![]() |
Останатите пари, откако ќе се пресметаат трошоците, ќе ги потрошат за прослава за денови на албанска азбука, албанско знаме и други албански работи. За другото по земји ширум светот ќе се заеба*аат.
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
секогаш се јавува стариот проблем со безвезната поделба на општини на градот и неговото расцепкување на буџети
земете ги сите буџети, и соберете ги во еден, ќе добиете еден квалитетна сума со која може да се среди цел град, со капитални проекти кои истовремено можат да ги решат проблемите на на неколку сегашни општини |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 10> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |