![]() |
![]() |
![]() |
Урбана мафија и дивоградби (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 27> |
Author | ||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ДИВОГРАДБАТА НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ НА ПЛАСТИЧАРСКА Е ПРЕД ВСЕЛУВАЊЕ, ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР ВЕЛАТ ДЕКА МВР НЕ ИМ ПРАЌА АСИСТЕНЦИЈА ЗА ДА ЈА УРНАТ
![]() Дивоградбата на државно земјиште на Пластичарска улица во Скопје веќе е изградена и е објект пред вселување. Општина Центар пет месеци ниту ја стопира градбата, ниту го урива објектот и дозволува од ноември наваму на диво да се гради. За објектот општината нема издадено никаква градежна дозволa, туку постои решение за уривање уште од 2016 година за непознат инвеститор. Велат дека објектот ќе се урива, но чекаат асистенција од полицијата. „Од страна на Сектор за инспекциски работи на Општина Центар минатиот месец беше побарана полициска асистенција за обезбедување на локацијата додека трае отстранувањето на објектот. На ова, од МВР беше одговорено дека поради безбедносни причини поврзани со лажните дојави за бомби во училиштата, нема да бидат во можност да испратат полициска асистенција. За ова Општина Центар достави уште едно барање до МВР за полициска асистенција, за кое општината сѐ уште нема добиено одговор“, велат од Општина Центар. Од МВР пак велат дека до СВР Скопје имаат доставено барање да ѝ се даде асистенција асистенција на Општина Центар. Дивоградбата почна да се гради уште во времето на ексградоначалникот Андреј Жерновски, но општината донесе решение за уривање и со асистенција на полицијата се уриваше во три часот наутро. Но, тогаш објектот не беше целосно урнат туку искршени беа носечките столбови. Така стоеше повеќе од 6 години, сè до пред неколку месеци кога градежна механизација се појави на терен и почна да го урива објектот. Жителите од околните куќи тогаш алармираа дека објектот се урива за да се гради нов. Три месеци подоцна веќе е кренат објект, со приземје и еден кат. Поставени се врати и прозорци и во моментов се работи на фасадата. „Тоа од што стравуваме се случи, на државно земјиште никна дивоградба, а општината не реагира иако е запознаена со овој проблем и сме алармирале до неа. Тоа значи дека секој од нас може во Градски парк или на друг државен имот да почне без никаква дозвола да си гради зграда“, велат граѓани кои живеат во овој дел од градот. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/divogradbata-na-drzhavno-zemjishte-na-plasticharska-e-objekt-pred-vseluvane-od-opshtina-tsentar-velat-deka-chekaat-asistentsija-od-mvr-za-da-urivaat/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
„Пиреј“ – дивоградбата на Пластичарска останува бауч за Општина Центар
Станува збор за нелегална градба на непознат инвеститор на булеварот „Никола Карев“, која на почетокот на месецов градежните инспектори на Општина Центар ја „маркираа“ за уривање. Оттогаш градбата не само што не е отстранета туку, напротив, расте во својот габарит и се опремува со фасадни материјали. Инаку, се работи за истата дивоградба која во 2017 година беше урната кога со Општината раководеше Андреј Жерновски. По неколкугодишно затишје, објектот повторно почнува да „никнува“ на Пластичарска Ова беше доволен повод да испратиме прашања со Општина Центар за тоа дали се запознаени со ваквиот заплет на ситуацијата, што преземаат и воопшто да добиеме повеќе информации за случајот. Две недели подоцна единствениот одговор што го добивме, телефонски, гласеше: „Општина Центар нема одговор“ Нема земјоделец кому пирејот (во дел од говорните подрачја во земјава познат и како пир) не му задавал главоболки. Станува збор за мошне застапено повеќегодишно растение од семејството треви, автохтоно во Европа, Азија, на Арктикот и во Северна Африка. Пирејот во целиот свет се смета за инвазивно растение и е многу тешко за отстранување бидејќи ризомите (видоизменети стебла со дополнителни корења) се преплетуваат со корените на другите растенија. Дополнителна тешкотија задава тоа што секој откинат ризом потоа се развива во посебно растение. Овој феномен изминативе години во земјава се пресели од руралните во урбаните средини добивајќи, во симболична смисла, своја неорганска форма преточена во дивоградби од бетон и челик. Разликата со органскиот, односно вистинскиот пиреј, е во интензитетот на главоболката, кој по сè изгледа е помал кај надлежните за одржување на редот во урбаното поле отколку кај земјоделците. Карактеристичен пример е дивоградбата на булеварот „Никола Карев“, познат и како Пластичарска улица, што ја гради непознат инвеститор, која еднаш беше „откорната“, но изминатиот месец почна повторно да „никнува“. Кога точно почнале градежните активности на оваа локација, не може да се утврди, но објектот што се гради нелегално Општина Центар го врати во радарот на јавноста. Имено, на 7 декември годинава оттаму соопштија дека Градежниот инспекторат на Општина Центар дента затворил нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“, а истиот ден бил извршен вонреден инспекциски надзор во кој е констатирано дека станува збор за непознат инвеститор и се гради објект за кој нема издадено одобрение за градба од страна на Општината. Со информацијата за утврденото на терен и преземените активности, Општината упати и апел до инвеститорите и сопствениците да си ја обезбедуваат документацијата пред да почнат да градат, а во случаи како овој да постапат според решението за отстранување на нелегалните објекти. Општина Центар соопштението го поткрепи и со фотографии од активностите на нејзините градежни инспектори. На нив можат да се забележат жолтите ленти поставени околу градбата од инспекторите со ознака „Затворено од Градежна инспекција на Општина Центар“. Градбата, како што можеше да се види од фотографиите, е со кренато приземје со дрвена граѓа и челична арматура за кревање кат. Фотографија на „360 степени“ од неделата, кога инспекторите на Општина Центар излегоа го затворија градилиштето, сведочеше дека на локацијата не само што не се урива туку работата на објектот оди нагоре. Точно една недела подоцна „360 степени“ ја посети локацијата со цел да видиме дали интервенцијата на Градежниот инспекторат дала резултат или во најмала рака дали „непознатиот инвеститор“ постапил по наредбата на надлежните. Наидовме на и не толку зачудувачка глетка. Не само што дивоградбата сè уште стоеше нечепната туку имаше и кат, кој никнал за една недела откако градежните инспектори го пломбираа градилиштето и најавија негово уривање доколку инвеститорот не го стои тоа сам. Дополнително, на карабината беше извлечена арматура за нов кат или, во најмал случај, поставување корвна конструкција. ![]() На градбата може да се забележат и работници, а од жолтите ленти немаше ни траг. Не може да се видат ниту меѓу градежниот шут. Ова беше доволен повод да испратиме прашања со Општина Центар за тоа дали се запознаени со ваквиот заплет на ситуацијата и воопшто да добиеме повеќе информации за случајот. Прашањата што ги испративме до Општината беа следни: Дали Општина Центар и надлежните служби, односно Градежниот инспекторат при Општината се запознаени со ваквата состојба и доколку се, дали и какви мерки се преземаат за нејзино решавање? Во чија сопственост е земјиштето на кое се гради нелегалниот објект? Бидејќи не станува збор за нов случај, туку за него досега имаше повеќе интервенции од Општината, ве молиме да ни одговорите колку предупредувања и решенија за уривање, како и постапки за уривање на нелегалниот објект се извршени од Општината изминатите години? Зошто Општина Центар не може да утврди кој е инвеститорот што ја гради нелегалната градба? Кој е временскиот рок во кој надлежните служби на Општина Центар треба да постапат за отстранување на објектот доколку инвеститорот не го стори тоа? На одговори од надлежните чекавме две недели. Откако ги испративме прашања, од Секторот за односи со јавност ни беше кажано дека тие се препратени до Градежниот инспекторат при Општина Центар и дека штом испратат одговори оттаму веднаш ќе ги добиеме. Две недели подоцна единствениот одговор што го добивме, телефонски, гласеше: „Општина Центар нема одговор“. Во меѓувреме градежните активности на „непознатиот инвеститор“ продолжија, иако не се со оној интензитет што го очекувавме. Дивоградбата нема уште еден кат. Првичниот впечаток беше дека е речиси во истата состојба како од пред две недели, да не беа металните рамки на приземјето за поставување изложни прозорци, од кои речиси половина веќе и беа на своето место. ![]() Ако може да се суди според претходното искуство со оваа дивоградба, тогаш претстои нова одисеја со овој „пиреј“ на Пластичарската улица. Вниманието на јавноста со оваа дивоградба, според она што може да се пронајде во архивите на интернет, прво беше свртено кон средината на декември 2016 година. Редот на настаните е како пресликан со индиго. Тогаш медиумите известиле дека Општина Центар, со која тогаш како градоначалник раководеше Андреј Жерновски, спречила да никне дивоградба на аголот на улиците „Самоилова“ и булеварот „Никола Карев“, односно овластен градежен инспектор го затворил градилиштето, со што се стопира градбата. Претходно пишувал порталот „Порта 3“, кога објектот беше во фаза на ископ, инспекторот донесе решение за враќање во првобитна состојба. Решението никој не го примил, а инвеститорот, кој е непознат, продолжил со градбата, иако нема соодветно одобрение. Неколкупати на објектот била оставана покана инвеститорот да дојде во Општина Центар, но на ова тогаш не се одзвал никој. Во меѓувреме динамиката со дивоградбата била идентична со сегашната. Дивоградбата на аголот на булеварот „Никола Карев“ и улицата „Самоилова“, која Општина Центар пред два месеца ја стопира, сега е веќе зграда, пишувал на 13 февруари 2017 година порталот „Сакам да кажам“. Во текстот се посочува дека инспекторите од Центар утврдиле дека објектот е дивоградба во период кога тој сѐ уште бил издигнат над земја. На терен тогаш излегле и инспектори од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и заеднички констатирале дека се работи за дивоградба на непознат сторител. Општината изготви решение за стопирање на градбата и му наложи на непознатиот сторител да ја отстрани, но два месеца подоцна градбата не само што не е отстранета туку е и порасната, посочува СДК. Тогаш дошла и најавата од Центар дека се подготвува да ја урне дивоградбата. На акцијата за уривање се чека речиси два месеци. Рано утрото на 4 април 2017 година во 3:30 часот Општина Центар, со асистенција на екипи на Министерството за внатрешни работи, ја урна дивоградбата помеѓу улиците „Самоилова“ и „Никола Карев“. При уривањето искршени биле делови од столбовите и последната плоча на објектот. Ниту утрото на 4 април 2017 година на местото на дивоградбата не се појавил инвеститорот на објектот кој, како што пишува СДК, и тогаш останал непознат и покрај претходната најава од Жерновски дека покрај тоа што ќе го урнат дивоизградениот објект од инвеститорот ќе бараат одговорност и за тоа што не го почитувал решението за стопирање на градбата. https://360stepeni.mk/pirej-divogradbata-na-plasticharska-ostanuva-bauch-za-opshtina-tsentar/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
БУТИКОТ ВО СТАКЛЕНИК ЗА ЛЕТНА ТЕРЕСА НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ УРИВА ДОГОДИНА СО НОВИОТ ТЕНДЕР ЗА УРИВАЊЕ ДИВОГРАДБИ
![]() Бутикот во стакленик за летна тераса на улица Македонија во најстрогиот центар на Скопје и понатаму работи. И покрај тоа што нема дозвола да продава облека на јавна површина и од Општина Центар му е пратено решение за уривање, сопственикот и понатаму си тера бизнис, а Општината не го урива. Од Општина Центар велат дека бутикот во летна тереса ќе се урива догодина со новиот тендер за отстранување на дивоградби. „Парите предвидени со тендерот за уривање дивоградби за оваа година се потрошени. Со новиот тендер кој ќе биде распишан после Нова година ќе биде отстранет и овој објект“, велат од Општина Центар. Јавна површина може да се користи за летни тераси на кафулиња, но не и за бутици и продавници. Газдите на локалите за да добијат дозвола да заградат дел од јавна површина треба да достават елаборат до Град Скопје односно во Општина Центар ако локалите се во Дебар Маало. Во елаборатот се наведува колку простор ќе се зафати, односно колку маси и столици ќе има, а притоа треба да биде оставен простор најмалку од 2,5 метри за движење на пешаци. Откако елаборатот ќе се одобри се одредува комунална такса која изнесува 15 денари за метар квадратен од ден. Сопственикот на бутикот не може да има дозвола и не може облеката да ја продава на јавна површина, но иако поранешната застаклена летна тераса веќе два месеца е претворена во продавница на плочникот од главната пешачка улица во Скопје, тоа никој не го забележа додека САКАМДАКАЖАМ.МК не објави текст и не постави прашања во Општината зошто се дозволува ваква узурпација на јавна површина. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/butikot-vo-staklenik-za-letna-teresa-na-ulitsa-makedonija-ke-se-uriva-dogodina-so-noviot-tender-za-urivane-divogradbi/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
од твитер
![]() |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Општина Центар: Затворено нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“
![]() Градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, денеска изврши вонреден инспекциски надзор и затвори градилиште на булеварот „Никола Карев“, известуваат од општината. -При надзорот, констатирано е дека се работи за непознат инвеститор и се гради објект за кој нема издадено одобрение за градба од страна на општината. Градежниот инспектор по увидот и затворањето на градилиштето донесе решение за отстранување на нелегалната градба, во законски предвиден рок. Доколку истата не биде отстранета, општината ќе пристапи кон административно извршување на објектот, за кое трошоците ќе паднат на товар на инвеститорот, соопштуваат од општина Центар. Од локалната самоуправа апелираат до сите инвеститори и сопственици да ја поседуваат целосната документација при почеток на градба. -Доколку поседуваат решенија за отстранување на нелегални објекти самите да постапуваат по истите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопоственците на нелегално поставените објекти, велат од општина Центар https://www.vecer.press/општина-центар-затворено-нелегално-г/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ОПШТИНА ЦЕНТАР НЕ ЗНАЕ КОЈ ЈА УРИВА ДИВОГРАДБАТА НА ПЛАСТИЧАРСКА, ЖИТЕЛИТЕ ВЕЛАТ ПАК ЌЕ СЕ ГРАДИ НА ДИВО НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ
![]() Со градежни машини и работници се урива дивоградбата на Пластичарска улица на државно земјиште, но никој не знае кој и зошто ја урива. Станува збор за дивоградба помеѓу улиците Никола Карев и Самоилова, која пред 6 години, односно во април 2017 ја уриваше Општина Центар затоа што за објектот немаше издадено градежна дозвола и се градеше на диво. Ни тогаш не се дозна кој е сопственик на дивоградбата. Граѓани од околните куќи на улицата Самоилова стравуваат дека објектот кој беше разрушен пред 6 години се урива за да се почне повторно да се гради на диво. „Станува збор за државно земјиште и наместо Општината да го реши проблемот и на тој потег да се изгради катна гаража бидејќи на Пластичарска нема паркинзи па секој паркира кај ќе стаса, се дозволува самоволие. Убедени сме дека објектот се урива за повторно да се дигне дивоградба. Ниту негде има табла, ниту некој кажува зошто токму сега се урива објектот. Се повторува истата слика од пред 6 години“, велат граѓани од соседството кои се јавија во нашата редакција. Од Општина Центар во 2017 не дознаа која го гради објектот, ниту пак сега знаат кој и зошто го урива. Трошоците за уривање што ги направи Општината останаа непокриени бидејќи немаше кому да му се достави фактура. „Надлежен испектор излезе на терен и констатирано е дека објектот за кој постои решение за уривање уште од 2017, се урива. Не знаеме кој го урива. За тоа локација нема издадено никаква градежна дозвола“, велат од Општина Центар. Дивоградбата на Пластичарска во 2017 се уриваше со асистенција на полиција во 3 часот наутро од страна на фирма која на тендер беше избрана од Општина Центар. Решението за уривање беше издадено уште кога објектот беше во фаза на ископ, но никој не го примаше и објектот си продолжи да се гради, беа кренати столбови и поставена плоча за првиот кат. Општината тогаш не го сруши целосно објектот туку само го разурна и го остави така да стои. Не беше ниту откриено кој го градеше објектот. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-tsentar-ne-znae-koj-ja-uriva-divogradbata-na-plasticharska-zhitelite-velat-pak-ke-se-gradi-na-divo/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Еве како изгледа од задната страна ![]() ![]() |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() https://skopje1.mk/archives/177286 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Општина Центар затвори градилиште на Водно – место објект од 11 метри изградил зграда од 20 метри
Секторот за инспекциски работи на Општина Центар затвори градилиште на Водно, односно на улицата „Христо Чернопеев“ бб. Овластен градежен инспектор доднесе решение со кое се наредува на инвеститорот, физичко лице со живеалиште во Струга, во законски предвидениот рок да прекине со сите градежни активности и да ја отстрани градбата. Се работи за објект од втора категорија со намена А1 – домување во станбени куќи, со димензии 11.8 метри на 8.9 метри, изграден од армирано бетонска конструкција на улица „Христо Чернопеев“ бб, дел од локалитетот Тасино Чешмиче 1 и Тасино Чешмиче 2, а инвеститорот изградил далеку поголем објект од дозволеното. На инвеститорот на објектот, овластен градежен инспектор на 20.7.2021 година, му издал Решение со кое му се наложува итен прекин на градежните работи. И покрај добиеното решение за прекин на изградбатата, инвеститорот продолжил со изградба на објектот, спротивно на издаденото одобрение за градење и заверениот основен проект. Врз основ на член 134, став 1, алинеа 3 и 4 и член 137 став 1 од Законот за градење, овластен градежен инспектор постапувајќи по службена должност, изврши контролен инспекциски надзор и донесе решение со кое му наложи на инвестирот во зададен рок да ја отстрани градбата. Во спротивно, општината ќе пристапи кон присилно административно извршување, со што трошоците од извршувањето ќе паднат на товар на инвеститорот. Упатуваме апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти, да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, како во овој случај, така и понатаму, општината присилно ќе ги отстранува објектите, со што трошоците за отстранувањето паѓаат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените и изградени објекти. https://nezavisen.mk/opshtina-centar-zatvori-gradilishte-na-vodno-mesto-objekt-od-11-metri-izgradil-zgrada-od-20-metri/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Затворивме градилиште на улица „Христо Чернопеев“ бб на Водно.
Постапувајќи по службена должност, овластен градежен инспектор на Општина Центар на инвеститорот на објектот му издаде решение за итен прекин на градежните активности и отстранување на градбата. Доколку инвеститорот во предвидениот рок не ја отстрани градбата, истото ќе го стори општината, со што трошоците за извршувањето ќе паднат на товар на инвеститорот. Апелирам до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти, да ги почитуваат издадените решенија за отстранување на објекти, затоа што во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, а трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците. ![]() ![]() https://www.facebook.com/photo?fbid=367479788725803&set=pcb.367479922059123 |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
Leo ![]() Groupie ![]() Joined: 02-Mar-2022 Online Status: Offline Posts: 99 |
![]() ![]() |
|
+ имаше нешто и со лифтот...
зградата немаше лифт а требало да има доправаа нешто од надвор од задната страна не ми текнува што и како беше, поминаа скоро па 20 години |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
инаку кровот виси така полураспаднат со години, не е од сега... имаше случај каде покривот скроз беше откорнат од ветер па го крпеа нешто, па сега виси вака
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
Leo ![]() Groupie ![]() Joined: 02-Mar-2022 Online Status: Offline Posts: 99 |
![]() ![]() |
|
Зградата е изградена некаде 2002ра година. Во 2003та година менувавме стан и сакавме да го купиме станот на високо приземје на ќошот од зградава. Цената беше примамлива (искрено не ми текнува точно ни колкав беше станот ни која беше цената). Среќа (што се вика имало господ) една комшика од старо маало има тука дуќан во трговскиот и кога разбра каде гледаме стан, само ни рече, БЕГАЈТЕ ОД ТАА ЗГРАДА! |
||
![]() |
||
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
|
Не е во Скопје ова, ама не е тешко да се најде вакво нешто
|
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Силен ветер во Скопје откорна дел од покрив од зграда во Аеродром
https://kanal5.com.mk/silen-veter-vo-skopje-otkorna-del-od-pokriv-od-zgrada-vo-aerodrom/a523849 |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Зградава мислам е дивоградба,се изгради меѓу првите во оваа уличка пред 15-тина години и како што се гледа на втората фотка е за 2 ката пониска од соседната градена 2015-та.Не знам како не им пречи на тие на горните катови да живеат со полураспаднат кров од каде постојано нешто виси и е опасност за околината.
Треба барем да вложат да го средат поткровјето ако ништо друго но сигурно има нерегулирани правни работи па никој не чепка ништо. |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Зградата е со нерегулирани правни односи, можда и дивоградба да е сеуште нелегализирана, и никој нејќе да вложи денар.
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Зградава и по толку изминати години пак претставува опасност по луѓето...
Ветерот откорна кров од зграда во Мичурин ![]() ![]() https://lokalno.mk/politsija-i-pozharna-na-teren-veterot-otkorna-krov-od-zgrada-vo-michurin-foto/ |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Кондово, дивоградба на сред шума- Општина Сарај бара уривање на објектот
Ова е најновиот пат кој води до шумата во село Кондово. Патот е отворен неодамна, но не се знае од кого. Сечени се и дрвја, а жителите од оваа област до редакцијата на ТВ21 пријавија дека над нивните куќи има многу прашина од копањата направени во последно време. Жителите на с. Кондово се жалаат дека се копа патот за камења во нивната шума, но состојбата на терен е поинаква. Како што видовме и ние, почнало да се гради викендичка. Поставено е железна арматура и е подготвено местото за поставување на бетонска основа, но таму денеска не се работеше. Градежните работи се во прекин а во близина имаше истоварени тули. Жителите се пожалиле и до општина Сарај, од каде велат дека Градежниот инспекторат на општината веднаш излегол на терен и констатирал дека се работи за дивоградба и узурпација на државно земјиште. „На 16.02.2022 Инспекторатот за градежништвово излезе на терен и констатираше дека е узурпирано државно земјиште, оштетена е шумата и има дивоградба. Подготвен е записник и донесена е одлука за уривање на објектот. Во постојан контакт сме со МВР, Државниот инспекторат на шумарство и другите институции“, велат од општина Сарај. Од општина Сарај велат дека го следат случајот одблиску и делуваат според законските надлежности и обврски, а додаваат дека жителите се жалеле дека се плашат од можните поплави од дожд. Од снимките на ТВ21 се гледа дека во шумата се изградени и неколку други куќи. https://mk.tv21.tv/kondovo-divogradba-na-sred-shuma-opshtina-saraj-bara-urivane-na-objektot/ |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 27> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |