![]() |
![]() |
![]() |
Такси превоз |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 16> |
Author | |
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
![]() Ako nadleznite nemaat volja za sreduvanje na taxi-prevozot segasnava situacija ke ostane zasekogas. Celta e kreiranje standardi i otstranuvanje na natrapnicite. Sekako dobra Taxi usluga pidrazbira i povisoka cena, taka sto ne ke moze sekoj da se vozi so Taxi kako sto e sega. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Не постои никаква унифицираност на возилата се тера со возила стари по 30 години освен Глобал(кои имаат понови возила и почесто ги менуваат Kia Ceed и Hyundai I30) и Камео со новите Dacia Logan другите се под било каков стандард за такси превоз. До толку се паднати условите што се дозволува Клио,Корса и Пунто да бидат такси возила.
Повторно сето тоа е поврзано со економските можности ако се заострат критериумите тогаш бројот на возила драстично ќе се намали. Што се однесува до културата на возење тоа е посебна приказна,прават многубројни прекршоци секојдневно низ градот и често застануваат на автобуски постојки,во најголемиот шпиц застануваат ненадејно или вртат преку полна за да соберат патник отспротива и низа други прекршоци. Незнам колку децении би требало да поминат за да имаме поголем напредок во оваа област. |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
1. претешко е да добиеш такси во одредени интервали од денот, временски услови или кога има настани... плус тоа има некој лош диспечинг систем каде што не дај-боже да си вон стандардни линии што ги вртат, може да се јавиш на 100 компании и да не добиеш недно возило, па опција да ти биде некој рандом див таксист со кој случајно ќе вкрстиш пат 2. има малку станици и најчесто се на лоши места, да не збориме што кочат сообраќај, па таксистите паркираат на сообраќајни ленти и тротоари и на нив се тепаат таксистине ко див запад да е 3. ниедна компанија нема опција да платиш со картичка/телефон сеуште, или да имаат понуди за чести корисници... единствена што се обиде да го направи ова е Камео, и тие џабе со апликациите, кога возачите не знаат да ги користат 4. дивите таскисти уште роварат низ цел град и користат табли од компании гледајќи кај бевме пред 10-15 години, имаме напреднато малку, ама уште сме во среден век за некои работи |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
Skopskoto Taxi e bruka e katastrofa. 10 dena se vozev isklucivo so Taxi i ne naidov na nitu edno vozilo ili taksist koj ispolnuva minimum standardi za normalen taxi-prevoz. Avtomobilite stari, necisti, smrdlivi, nekoi premali za taksi-prevoz, vozacite voglavnom mislat deka nivna rabota e samo da vozat i da te prevezat od A do B.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
НЕМА ВЕЌЕ ПОПУСТ НА ТАКСИ ВО СКОПЈЕ, КОМПАНИИТЕ СЕ ВРАТИЈА НА СТАРИТЕ ЦЕНИ ПОРАДИ ПОСКАПУВАЊЕТО НА ГОРИВОТО
Такси компаниите во Скопје повеќе не даваат попусти. Поради зголемување на цената на горивото од почетокот на овој месец, една по една такси компаниите ги укинаа попустите. Сега возат според официјалната цена одредена пред 10 години од Град Скопје, 40 денари старт и 25 денари за секој изминат километар. „Ние моравме да почнаме да даваме попусти, бидејќи дивите таксисти кои не плаќаат никакви давачки на државата го правеа тоа. Сега кога се зголеми цената на горивата, на сите не ни се исплати да возиме ако даваме попусти. Цената на плинот скокна од 28 на 45 денари, па го укинавме оној попуст од 40 денари“, вели Абдула Рушити, претседател на Асоцијацијата на авто-такси превознци. Сашо Рајчановски од Групацијата на авто-такси превозници вели дека нема да бараат од Град Скопје цената на такси превозот да поскапи поради зголемените цени на горивото. „Цените остануваат исти според ценовникот од пред 10 години. Поради новата ситуација дел од членовите решија да ги укинат попустите, а дел ги намалија“, вели Рајчановски. Во Скопје има 2.700 таксисти, според бројот на лиценци издадени од Град Скопје. Од Асоцијацијата на авто-такси превозници, во која се членови компаниите кои имаат свои возила и кои вработуваат таксисти, велат дека состојбата со такси превозот е лоша поради нелојалната конкуренција. Голем е бројот диви таксисти, кои не плаќаат никакви давачки кон држвата и возат со стари и нееколошки возила. И покрај големиот број издадени лиценци, во Скопје попладне, а особено навечер не може да се најде слободна кола. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/nema-veke-popust-na-taksi-vo-skopje-kompaniite-se-vratija-na-starite-tseni-poradi-poskapuvaneto-na-gorivoto/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Штипските такси превозници од новиот локален совет ќе бараат повисоки цени на такси превозот
Глигор Арсов, претставник на Здружение на такси возачи – Штип, вели дека барањето им е подготвено, се чека само формирањето на новите локални совети. Според штипските таксисти, стартната цена од 50 денари треба да се зголеми на 70, бидејќи возат со загуба, а се зголемува и цената на горивото. Арсов вели дека ако пред четири години во Штип имало 300, сега има 150 такси возачи. Причина за намалување на такси возилата низ улиците е пандемијата, како и неисплатливоста да се занимаваат со овој бизнис. Арсов посочува дека новите законски одредби за смена на регистерските таблички кои се веќе во сила, односно, секое такси возило мора да има жолта регистерска табличка, им оди во прилог на поголема професионализација на такси превозот и јасни правила во овој бизнис. – Новите жолти регистерски таблички, како и доколку се прифати и ограничувањето на староста на возилата, а во моментов се возат и возила од деведестеттите години ќе придонесат за поголема професионализација, но, и за поквалитетни услуги кон патниците. Нема да има диви такси превозници, а ќе имаме осигурани возила, како и патници, вели Арсов. Такси возачите регистерските таблички треба да ги заменат во рок од една година, односно кога ќе го регистрираат своето возило https://kanal5.com.mk/shtipskite-taksi-prevoznici-od-noviot-lokalen-sovet-kje-baraat-povisoki-ceni-na-taksi-prevozot/a499729 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Диви таксисти дивјачки го празнат паричникот на граѓаните
ГОРЧЛИВИ ПРОБЛЕМИ СО ТАКСИ-ПРЕВОЗОТ ВО СКОПЈЕ Изминатиот период Скопје мака мачи со такси-превоз. Иако навидум изгледа дека такси има речиси на секој чекор, сепак, кога граѓаните ќе се обидат да повикаат такси до домашната адреса, речиси никогаш не можат да пронајдат. Одговорот од диспечерот најчесто е: „Извинете, немаме слободно возило“. Меѓутоа, за жал, тоа и не е единствениот проблем на граѓаните. Под закрилата на таблите од компании регистрирани да вршат превоз честопати се кријат диви таксисти, кои дебело ги крпат паричниците на граѓаните, бидејќи наплатуваат дупло од оние таксисти што работат по утврдениот ценовник од страна на Град Скопје. НЕДОСТИГААТ ТАКСИ-ВОЗИЛА Животот во една метропола како што е Скопје, во буквална смисла, станува сѐ потежок. За најобичен такси-превоз, граѓаните буквално губат нерви и, како што велат, кога ќе добијат такси возило што ќе дојде да ги земе од дома, се чувствуваат како да добиле на лото. Граѓаните велат дека не е нормално во град од речиси 600 илјади жители, ако не и повеќе, да постои ваков проблем. – Во неколку наврати брзав детето да го однесам на лекар. Се јавив во неколку такси-компании, чие седиште со сигурност знам дека е од овој реон, но немаше слободно ниту едно возило. Јас сум од Чаир, во близината на такси-станицата во Бутел 2. Ѕвонам во компанија чии такси-возила знам дека стојат на станицата, но бидејќи детето ми е мало, не можам да одам дотаму, ѕвонам за да ме земат од пред врата. Ниту од таму ниту од друга такси-компанија немаше слободно возило – вели Надица Стојановска. И за жал, според тврдењата на граѓаните, ова не е единствениот проблем само во овој дел од градот. Такси нема ниту во Центар, ниту во другите делови. – Бев на забар во близината на Универзална сала, на повик не дојде ниту едно возило, па одев пеш дури до крстосницата во близината на Соборниот храм, каде што има такси-станица. Ајде, недостигот од возила му го припишував на врнежливото време, но, сепак, на толкав град да не може човек да најде такси половина час, навистина не е нормално. Со автобус не можев да се возам затоа што е побавно патувањето, а мене дома ме чека бебе на кое сум му потребна – вели Гордана Милошевска. МНОГУ НЕЛЕГАЛНИ ТАКСИСТИ Кога малку би се обиделе да истражите што точно се случува со такси-превозот, веднаш ќе ви стане јасно дека проблемот е уште поголем и дури навлезен во порите на овој вид превоз во метрополата. Буквално врие од диви таксисти на секој чекор, и тоа добро затскриени, обележани, обоени со жолта боја, а на покривот носат табла од некоја од регистрираните компании што имаат лиценци за вршење такси-превоз. Екипа на „Нова Македонија“ изминатата недела теренски го опипа пулсот на такси-превозот во Скопје. Заклучокот е застрашувачки. Во градот има огромен број инфилтрирани таксисти помеѓу оние легалните, со цени буквално што, како што би рекле старите, „бричат“. Ако од Чаир до Центар се плаќа околу 150 денари, кога наивно ќе нагазите на ваков див таксист, ќе се олесните 100-150 денари плус, или околу 250 -300 денари. Кога јас, како дел од истражувањето, го прашав таксистот дали ќе ми даде фискална сметка, бидејќи и јас мислев дека влегувам во лиценцирано такси-возило, возачот ми го даде следниот одговор: „Девојче, се борам за пензија и леб. Не сум лиценциран, не сум дел од ниту една такси-компанија. Мора да се бориме за да преживееме.“ Кога го прашав како тогаш вози под таблата на компанијата за која сите знаеме дека сѐ уште одлично функционира во градот, добив одговор дека така „лови“ повеќе патници, бидејќи граѓаните сѐ повеќе сакаат да се возат со легални такси-возила, кои работат по сите европски и светски стандарди и прописи. Многу голем проблем е и крајната непрофесионалност на некои возачи во такси-возилата, па дури и на оние што возат под името на реномираните компании. Па, така, ќе наидете на возачи што целиот пат додека ве возат зборуваат со блиски пријатели и роднини на телефон, послужувајќи ви ги сите приватни проблеми со кои се соочуваат. Секако, сето тоа дополнително зачинето со мирисот на цигара, која возачот нервозно ја пуши објаснувајќи ги своите приватни проблеми. Во обид да дознаеме повеќе за проблемот околу недоаѓањето на такси-возила на повик, голем дел таксисти велат дека немаат сметка да го прават тоа со поскапувањето на горивото. – Повеќе ни се исплати да му застанеме среде улица на некој патник, отколку да одиме на повик. Нам одењето до домашна адреса не ни се плаќа, туку таксиметарот отчукува кога возиме патник. Не ни е економично да го трошиме горивото – ни раскажа еден такси-возач. ГРАДОТ „ГИ ЛОВИ“ ДИВИТЕ ТАКСИСТИ Во однос на тоа како се справуваат градските власти со проблемот со дивите таксисти, надлежните велат дека нивните инспектори се постојано на терен. – Во однос на сузбивањето на т.н. диви таксисти, инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје вршат редовни контроли и инспекции за тоа дали такси-превозниците се придржуваат до одредбите и правилата во согласност со одлуката за автотакси-превоз на патници на подрачјето на градот Скопје. Во изминатите две недели (од почетокот на месецот до 14 октомври), казнети се и одземени им се возилата на 12 диви превозници – велат од Градот. МАЛКУ ТРЕБА ЗА ТРАЈНО ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ Според претседателот на Групацијата на автотакси-превоз на Град Скопје, Сашо Рајчановски, најголемиот проблем во автотакси-превозот се дивите таксисти, односно нелојалната конкуренција, бидејќи има голем број диви таксисти со нелиценцирани возила, без фискални таксиметри, непријавени такси-возачи, пензионери такси-возачи итн. – Многу малку треба за трајно да се реши проблемот во автотакси-превозот. Имаме закони, правилници, одлуки што го регулираат автотакси-превозот, доволно е само да се спроведат, а со нивното спроведување ќе се намали бројот на такси-возилата во градот (ќе се намали и загадувањето од издувните гасови), а ќе има брзо вработување на најмалку 1.000-1.500 такси-возачи што сега не се пријавуваат, бидејќи никој не ги контролира. Има повеќе од 3.000 таксисти во градот, а во Агенцијата за вработување се пријавени како вработени само околу 400 такси-возачи – потенцира тој. Според Рајчановски, сегашнава цена-тарифа на фискалните таксиметри е стара десетина години и е 40 ден. старт, 25 ден. изминат еден километар и 300 ден. чекање еден час. – Со последното зголемување на цената на горивата нема да има зголемување на цената во автотакси-превозот во Град Скопје, бидејќи досега ниту една такси-компанија нема доставено барање за зголемување на цената на такси-превозот. Единствено е забележливо дека има такси-компании што го намалија процентот на попустот, а некои и го укинаа попустот, така што сѐ е во рамките на цената, односно тарифата што ја имаме многу години – потенцира тој. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/диви-таксисти-дивјачки-го-празнат-пар/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ковид кризата силно го погоди и такси превозот, лани повеќе од тројно намален бројот на патници
Пандемијата на ковид-19 што ја зафати земјава силно го погоди и такси превозот. Граѓаните помалку користат такси превоз за време на корона кризата, што се одрази и на бројките на превезени патници. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), лани во земјава биле превезени 11.083.000 патници. Односно, таксистите од целата земја превезле 10.404.000 патници во градскиот превоз, додека такси превозот во меѓуградскиот превоз го користеле 679.000 патници. „Со 1.860 патнички автомобили опфатени во истражувањето, се изминати вкупно 51.365.000 километри, од кои 45.554.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 5.811.000 километри. Податоците за такси-превозот се добиени од 241 извештајна единица“, се вели во Извештајот на ДЗС за 2020 година. Статистичките податоци покажуваат дека во периодот на пандемијата лани повеќе од тројно бил намален бројот на патници. Колку за споредба, во 2019 година такси превозот го користеле 39.072.000 патници, од кои 33.970.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се превезени 5.102.000 патници. https://meta.mk/kovid-krizata-silno-go-pogodi-i-taksi-prevozot-lani-povekje-od-trojno-namalen-brojot-na-patnici |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Не во Србија, во ЕУ држава. Реално за поголем период нема попуст (баш на границата на исплатливоста им е), но за 15 дена не верувам дека би било 1/2 цена. Ќе биде пример 150EUR. Сепак, многу многу евтино (и претпоставувам дека е поради тоа што е слабо со туристи, а rent-a-car компанија зависи од туристи).
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
Да, цената е доста прифатлива, од кого изнајмуваш? И дали мора да биде на месец или може на поголем или помал временски ериод?
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Јас изнајмувам вака кола привремено, 250EUR за дизел Yaris, трошам помалку од 10 евра дневно заедно со горивото. Подобро отколку такси. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
Во Србија некои рент а кар компании нудат таканаречен , абонман програмпонуда за повеќемесечен закуп на автомобил со голем попуст. Цените одат толку ниско што почнаа да се бунат таксистите, бидејќи имаат нова конкуренција.
Не знам дали е можно и кај нас ова, бидејќи од компаниите се бара гоме број на возила. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Видео) Регионалниот такси-превозник „Камео“ почна со превоз на патници во Скопје
На големиот паркинг на средно Водно, преку официјално претставување на својот возен парк на свечен настан, со присуство на претставници на град Скопје, претставници на медиумите, компании соработници, гости и граѓани на Скопје, „Камео“ го промовираше своето започнување со работа. Со обраќање на извршниот директор на „Камео груп Македонија“, Стефан Николиќ, кој верува дека „Камео“ ќе донесе нова димензија и нов квалитет во такси-превозот во Скопје, денеска се отвори едно ново поглавје од приказната на „Камео“ групацијата во Скопје. Николиќ ги повикува сите граѓани на Скопје и нивните гости да нарачаат услуга преку бројот 15 777 или апликација „Камео“, а тимот „Камео“ ќе направи сè да пружи најдобра услуга и да има задоволни патници и клиенти. Притоа, порача дека со огромна чест и задоволство започнуваат со работа и со нетрпение очекуваат да се запознаат со граѓаните на Скопје, при што од денес „Камео“ го вози цело Скопје 3 дена гратис, а понатаму ќе има многу изненадувања и поволности за патниците на „Камео“. Камео такси“ доаѓа со флота од нови возила со метан како погонско гориво, коешто е еколошки најприфатливо гориво, со најмала емисија на загадување и како такво се смета за „зелено гориво“, со што, „Камео“ е првото еколошко – „зелено такси“ на улиците на Скопје. „Камео“ се води од слоганот кој гласи:,,Каде и да одиш, ние одиме во твој правец‘‘, при што нуди такси-превоз 24 часа дневно, 7 дена во неделата. Од компанијата велат дека вработуваат возачи со почетна загарантирана нето-плата од 400 евра и бонуси за остварувања. Гарантираат дека инвестираат во нивната едукација и лиценцираност, при што преку сопствената академија „Камео“ креираат професионалци подготвени за давање најдобра услуга на патниците. Во услови на Ковид-19 вирусната пандемија, сите возила на „Камео“ на ниво на цела групација имаат прегради кои го одделуваат возачкиот од патничкиот простор во возилата, при што, покрај постојаната дезинфекција и миење на возилото, можноста за пренос на вируси е сведена на минимум, а степенот на заштита на патници и возачи е највисок. Групацијата „Камео“ работи во 5 држави и повеќе од 40 градови, брои речиси 1.500 вработени и 1.000 автомобили со коишто годишно превезува повеќе од 12 милиони патници и тоа со поминати приближно 50 милиони километри. Во последните 14 години е дел од секојдневието на илјадници луѓе во Хрватска, Словенија, Чешка и Србија, при што се води од мислата дека такси-превозот мора да стане достапен како вода и прифатлив за сите – од студенти до пензионери. Од денес „Камео“ e и дел од секојдневието на граѓаните на Скопје што за целата групација „Камео“ претставува посебна чест и задоволство имајќи го предвид македонското потекло на сопственикот и директор на групацијата, Владимир Миновски, којшто е роден во Македонија. „Камео“ нуди и широк спектар на услуги на пазарот, и тоа: од урбан градски, меѓуградски и меѓудржавен превоз, корпоративен превоз, премиум превоз за ВИП-личности, продажба на франшиза, развој и продажба на IT-софтвер и познатата Taxi Navigator платформа, која ја користат повеќе од 13.000 такси возила во светот, од Катар до Германија, до продажба на маркетингшки простор на возилата, но и во самите возила. „Камео“ е компанија со целосно дигитализирани и автоматизирани деловни процеси, кои резултираат со оптимизирано работење и висока продуктивност и ефикасност, а со тоа и подобра услуга за своите клиенти. „Камео“ покрај понуда на услуги во главниот град, во блиска иднина постепено ќе ги понуди своите услуги и во останатите поголеми македонски градови. https://24info.mk/видео-регионалниот-такси-превозник/ |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Налик на Uber?
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
CAMMEO TAXI ГО ВОЗИ ЦЕЛО СКОПЈЕ 3 ДЕНА ГРАТИС – ИНТЕРВЈУ СО М-Р СТЕФАН НИКОЛИЌ, ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА CAMMEO ГРУПА МАКЕДОНИЈА
CAMMEO – Најдоброто такси во регионот започнува со превоз на патници во Скопје Стефан Николиќ е Извршен Директор на Cammeo Група Македонија, кој доаѓа на оваа позиција од висока менаџерска функција од Банкарскиот Сектор, при што, со амбициозен план и дефинирана стратегија, како и know how и поддршка од Cammeo Групацијата која работи во 5 држави и повеќе од 40 градови, верува во целосен успех на Cammeo на Македонскиот пазар. Имајќи ја предвид неговата посветеност за остварување на поставените цели, како и неговите професионални квалитети, сигурен е дека Cammeo ќе биде компанија од која граѓаните со задоволство ќе ги користат услугите за превоз, но и во која луѓето ќе сакаат да се вработат, затоа што Cammeo е креиран според високи европски корпоративни стандарди по принципот „од луѓе за луѓе“. Со Cammeo, европскиот квалитет на давање на услуги во такси дејноста преку понуда на еколошки, поволен, достапен, квалитетен и безбеден превоз, како и европските услови за работа и корпоративната култура ќе ги донесеме овде – вели Стефан Николиќ. Cammeo ќе биде компанија во која клиентите ќе уживаат во користењето на Cammeo услугите, а луѓето ќе сакаат да се вработат. Кога започнувате со оперативно работење? Стефан Николиќ: Одбројуваме и со нетрпение очекуваме да започнеме со оперативно работење и одблизу да се запознаеме со граѓаните на Скопје и сите останати граѓани кои доаѓаат во главниот град со цел да им понудиме најдобри услуги и најквалитетен превоз по најповолни цени. Веруваме дека нашиот квалитет и високите стандарди кои што ги имаме поставено на ниво на цела Групација како единствена такси компанија во ЕУ со ISO 9001 сертификат, ќе донесат нова димензија и нов квалитет во такси превозот во Скопје како што доликува за една метропола. Официјално нашиот почеток ќе биде во четврток на 20.08.2020 година, при што цели три дена од 20.08.2020 година од 09 часот и 30 минути до 23.08.2020 година до 06 часот, CAMMEO TAXI ЌЕ ГО ВОЗИ ГРАТИС ЦЕЛО СКОПЈЕ, односно нема да наплатува за дадените услуги во висина од 200 денари по возење во рамките на градот. Затоа, ги повикувам и поканувам сите граѓани на Скопје заедно да започнеме една успешна приказна во која тие ќе уживаат во користењето на нашите услуги, а ние ќе направиме се да бидат задоволни со превозот до нивната дестинација на најдобар и најквалитетен начин - вели Стефан Николиќ. Cammeo започнува со превоз на патници во четврток на 20.08.2020 година, при што, цели три дена ќе го вози гратис цело Скопје Како може корисниците да ги нарачаат вашите услуги? Стефан Николиќ: 15 777 е бројот на кој што може да не добијат корисниците на нашите услуги каде што 24 часа секој ден во годината нашиот Call centеr тим стои на располагање за сите наши клиенти и е подготвен да одговори на сите нивни барања и да ги опслужи на најбрз и најпрофесионален начин. Исто така, функционален е и телефонскиот број 02/2 777 666 кој генерално е наменет за корисници на нашите услуги кои доаѓаат од странство, а кои со нивните телефонски броеви не можат да го повикаат нашиот специјален скратен број. Сепак, наша најголема компаративна предност и наша најкористена алатка за нарачка на такси услуга и возила е постоечката подобрена апликација која всушност нуди многу можности и тоа: од нарачка на возило, промена на дестинација во текот на возењето, до оценка на возачот и директно плаќање преку самата апликација. Затоа, им препорачувам на сите наши потенцијални клиенти да ја симнат Cammeo апликацијата и да уживаат во нејзините придобивки и можности и да нарачаат возилo и услуга на најпрактичен и најзабавен начин. Повикајте 15 777 или нарачајте возило директно преку мулти функционалната Cammeo апликација - симни апликација на Android: https://goo.gl/gtozU5 и iOS: https://goo.gl/MPtXIM Cammeo ќе биде првото зелено такси во град Скопје – што значи тоа за неговите жители? Стефан Николиќ: Cammeo како водечки такси превозник во овој дел од Европа, од 2006-та година континуирано поставува високи стандарди во секој аспект на своето работење, па така и од аспект на еколошката свест и заштита на животната средина. Во таа насока, токму Cammeo ќе биде првото и единствено ,,зелено‘‘, односно еколошко такси на улиците на Скопје. Имено, на ниво на цела Cammeo групација, покрај тоа што сите наши возила се нови, истите возат на плин (LPG) кој е еколошки прифатлив. На македонскиот пазар, такси возилата на Cammeo ќе возат на енергетски многу поефикасниот гас метан (CNG), кој, по електричната енергија е еколошки најприфатливо погонско гориво. Со оглед на тоа што Скопје спаѓа во редот на најзагадените градови, Cammeo порачува дека токму неговите ,,зелени‘‘ такси возила ќе придонесат како во подобрување на квалитетот на воздухот, така и во квалитетот на животот во градот генерално. Притоа, Cammeo нема да запре тука од аспект на заштита на животната средина, туку напротив, веќе постигна електрификација на флотата во Словенија како пилот проект, при што таквата пракса планираме во блиска иднина да ја спроведеме во сите земји каде што Cammeo работи, а со крајна цел да постигнеме нула емисија на загадување и здрава животна средина. Според тоа, Cammeo е високо општествена одговорна компанија со која сите заедно ќе се „возиме зелено“ за наша подобра и „зелена иднина“. Cammeo ќе биде првото и единствено ,,зелено‘‘ - еколошко такси на улиците на Скопје Ќе понудите услуга на сосема ново ниво – кои ќе бидат придобивките за клиентите? Стефан Николиќ: Услугата за превоз на Cammeo се води од слоганот кој гласи:,,Каде и да одиш, ние одиме во твојот правец‘‘. Ние нудиме, најдобар и најсигурен такси превоз кој ќе можат да го користат жителите на Скопје и нивните гости, 24 часа дневно, 7 дена во неделата. Нови возила, униформирани и професионални возачи со сертифицирана обука во Cammeo Aкадемијата, највисоки стандарди од аспект на хигиена и чистота во возилата, како и највисок степен на безбедносна и здравствена заштита за клиентите, но и за возачите, се наша карактеристика и поставен стандард за квалитет, но и постојан приоритет. Cammeo вработува возачи со почетна загарантирана нето плата од 400 евра и бонуси за остварувања и инвестира во нивната едукација и лиценцираност, при што креира вистински професионалци подготвени за давање на најдобра услуга на патниците. Во услови на Covid 19 вирусната пандемија, сите наши возила на ниво на цела групација имаат прегради кои го одделуваат возачкиот од патничкиот простор во возилата, при што, покрај постојаната дезинфекција и перење на возилото, можноста за пренос на вируси е сведена на минимум, а степенот на заштита на нашите патници и возачи е највисок. Со тоа, Cammeo ќе биде првото такси во Скопје во кое здравјето на патниците и вработените е приоритет и на тој начин ќе го олесни животот на сограѓаните во овие ново настанати корона услови. За нашите патници покрај можноста да се нарача услуга преку Call center-от и преку Cammeo апликацијата на iOS и Android смарт телефони, нудиме и бројни погодности, како што се плаќање со картичка преку Pos terminal-и, плаќање преку нашата апликација со поврзување на нивните платежни картички (Card on file) или со паричните средства на нивниот account во самата апликација, што ќе им го направи возењето безгрижно и уште поудобно. Покрај тоа, ќе понудиме најповолен и најквалитетен Корпоративен Бизнис ВИП превоз за сите правни лица кои имаат потреба од таква услуга, но и превоз на деца врз основа на договор и согласност од нивните родители. Нови возила, униформирани и професионални возачи, највисоки стандарди од аспект на хигиена, како и највисок степен на безбедносна и здравствена заштита за клиентите и возачите се стандард и постојан приоритет за Cammeo. Какви се идните планови на Cammeo за македонскиот пазар и генерално за соседните земји од регионот? Стефан Николиќ: Во моментов наша примарна цел е градот Скопје и постепен раст на нашето пазарано учество во дејноста во него, а во блиска иднина постепено ќе ги понудиме нашите услуги и во останатите поголеми македонски градови директно или индиректно преку програмата Cammeo Partner. Под лидерство и со визија на г-дин Владимир Миновски - сопственикот, основач и CEO на цела Cammeo Групација, Cammeо денес не е само такси превозник, туку нуди и широк спектар на услуги на пазарот и тоа: од урбан градски, меѓуградски и меѓудржавен превоз, корпоративен превоз, премиум превоз за ВИП личности, продажба на франшиза, развој и продажба на IT софтвер и познатата Taxi Navigator платформа која ја користат повеќе од 13 000 такси возила во светот од Катар до Германија, до продажба на маркетингшки простор на возилата, но и во самите возила. Cammeo е компанија со целосно дигитализирани и автоматизирани деловни процеси, кои резултираат со оптимизирано работење и увид во аналитички извештаи и бази на податоци во живо, што води до висока продуктивност и ефикасност, а со тоа и подобра услуга за нашите клиенти. Со долгорочна стратегија и сигурен и стабилен раст, Cammeo покрај понуда на услуги во главниот град, во блиска иднина постепено ќе ги понуди своите услуги и во останатите поголеми македонски градови, а подоцна и во соседните земји од регионот. За крај што ќе им порачате на граѓаните на Скопје? Стефан Николиќ: Ни преставува огромна чест и задоволство да ви ги понудиме нашите услуги и да станеме дел од вашето секојдневие, а такси превозот со нас да стане достапен како вода што е и наша основна цел. Cammeo постои од Вас и за Вас и наша најголема награда и сатисфакција е да имаме задоволни клиенти и заедно со нив да создадеме едно големо Cammeo семејство. Од 20.08 (четврток) нарачајте услуга преку нашиот специјален број 15 777 или нашата Cammeo Апликација, а ние со нетрпение очекуваме да се запознаеме со Вас и да постигнеме „љубов на прв поглед“ меѓу нас. Cammeo тимот ќе направи се да пружи најдобра услуга и да има задоволни патници и клиенти. За сите наши патници ќе има многу изненадувања и поволности, но за сега не би откривал премногу, а за да ги дознаете први сите Cammeo информации и акции следете не на нашата web страна: cammeo.mk или на нашиот Facebook page: Тaxi Cammeo – mk. Каде и да одите Cammeo секогаш оди во вашиот правец. https://faktor.mk/cammeo-taxi-go-vozi-celo-skopje-3-dena-gratis--intervju-so-m-r-stefan-nikolikj-izvrshen-direktor-na-cammeo-grupa-makedonija |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
ме Чуди зошто Такси Службата не се размислува како да бидне втора рака на Полиција, а во костец постојните ризици од криминал, а не пак идни кога евентуално со Мигранти би биле преплавени по следната светска рецесија!? прво доколку е задолжително Секој Таксист да поседува Огнено Оружје и бар некаков урбан Курс за Самоодбрана, така мнозина Луѓе затекнати во неволха на Улица попрво би се стрчале до првиот таксист него да чекаат Полиција да притекне, Такси Возила имет на секој чекор Џандарски тук-таму, второ доколку имаат задолжително и дашкам може да бидат повикани од Полиција како пазачи на некоја локација, и трето би било паметно така да може да се користат Солидарно од страна на ВелоПолиција Пожарникари или Доктори за Прва Помош на кои им треба Итно трансфер од локација до локација а не се во можност со Службено Возило да ја завршат работа, нормал за ова би им биле покроени трошоците во однос Гориво а Бонус би им било што би им дозволиле Бесплатна Патарина надвор од Град или која и да е друга поволност како компензација, Просто Е Таксистите Треба Да Се Во Полна Служба На Народ и Негоите Итни Служби, пр. Вело Полиција така брзо би можела да се вдаде и со Возило во Потера за додека дочека Засилување да ги има на око разбојници, што можеби нема да биде честа појава, но којзнае, зошто да не е ова уредено некако со Закон!? туку како ќе го рекетираат Хрватскиов Велешанец тро тешко бидејќи би се дигнало регионално џева ако се одважи да пропее за евентуален удбалитичарски мобинг https://sitel.com.mk/kameo-makedonec-sopstvenik-na-najgolemata-taksi-kompanija-i-taksi-softver-vo-hrvatska Edited by Zelenikovo - 24-Jul-2020 at 01:45 |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
можеби едно Чаре е да мора секој еден Таксист да има и Задолжително Дозвола За (Ем) Огнено Оружје, кусур доколку имаат и блиндирани аута ![]() https://www.iru.org/resources/iru-library/taxistars-booklet http://training.taxistars.eu/en/mod1/mod1.html https://www.youtube.com/user/taxistarseu/videos ~ инаку Германија си се реосигурани од пред пола век
|
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
http://www.safetravelsmagazine.com/2019/07/24/quick-read-are-motorcycle-taxis-making-the-ebola-crisis-worse/ https://www.unicef.org/drcongo/en/stories/motorcycle-taxi-drivers-engage-fight-Ebola ~ но кој да мисли по ризиците на таксистите [1] http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3583&PID=243148#243148 this happens very often with taxi drivers. but Unfortunately there is no law ... ~ па бар Паник + Алерт Копчина да се задолжителни [1] [1] https://staysafeapp.com/blog/2020/04/01/panic-alarms-lone-workers/ [1] https://www.oraforyou.com/pages/workplace-safety [1] |
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
На релација Сарај-Ново Лисиче може да се организира уникатно градско такси со амфикари по Вардар. ![]() |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
![]() и без сарс-2 вакво нешто кај нас е ризик од повеќе аспекти како денес си тера на фејкбук, а редно време ет некој да стори Џева ако не Промо за МакБлаБлаКар ... но може да се има и поатрактивен пристап доколку секое возило натака бидне задолжително да има даш-кам, кое како во црна кутија би можело да препознае и рфид-тагот од личните карти, под претпоставка дека при следна светска економска рецесија за мнозина ќе биде невозможно скапо да користат редовно меѓуградски превоз, а во кој случај не само што поефтина опција би било БлаБлаКар ко шеред-превоз, туку со комоција ќе може секој еден шофер така виа тагнат авѕостопер да качи непознат напат ... во однос пак Такси Превоз фора која порано или подоцна ќе се појави тука ќе биде Uber Moto што и сега сред ковид-околности функционира, а не пак натака ... https://www.voanews.com/east-asia-pacific/uber-others-change-vietnams-motorbike-culture |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 16> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |