![]() |
![]() |
![]() |
Кучиња скитници |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 15> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Наместо да се реши проблемот се прави лотарија
![]() ---------------------------------------------------------------- ТЕТОВЦИ ЌЕ ДОБИВААТ ПОЕНИ ЗА ТОА КОЛКУ ПАТИ И КАДЕ БИЛЕ КАСНАТИ ОД КУЧЕ СКИТНИК ВРЗ ОСНОВА НА КОИ ЌЕ ИМ СЕ ПРЕСМЕТУВА ОТШТЕТА ![]() Ако ве касне куче скитник во Тетово, треба да го земете правилникот издаден од Општина Тетово и според него да утврдите колку поени ќе добиете врз основа на кои ќе ви се исплати надомест. За каснување се добиваат од пет до 15 поени, во зависност од тоа колку било силно. Ако ве каснало еднаш или повеќепати, повторно добивате од пет до 15 поени. Различен број поени се добиваат и за големината на претрпениот страв и за последиците на каснувањето. Ова е само дел од правилникот што го издаде Општина Тетово, со кој се утврдуваат критериумите за висината на надоместокот што ќе го добијат граѓаните по каснување од куче скитник. Според него, секој каснат граѓанин ќе добие предлог-спогодба и можност за надоместок од минимум 30.000 до максимум 100.000 денари. Исплатата ќе биде од буџетот на општината, а сумата ќе ја одредува посебна Комисија за надоместок на штета, во која, покрај вработени во општината, се и лекар трауматолог и лекар психијатар. „Правилникот во кој е објаснета целата процедура е објавен на веб-страната на општината, заедно со барањето кое оштетеното лице треба да го пополни и достави преку архивата до Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета. Со ова, Општина Тетово им излегува во пресрет на граѓаните, со тоа што процедурата за вакви случаи се поедноставува и се намалуваат, односно избегнуваат судските трошоци, како и трошоците за извршители, адвокати и така натаму“, соопшти Милена Вучевска од канцеларијата за односи со јавност на Општина Тетово. Од Општина Тетово не соопштуваат колку пари досега им биле исплатени на граѓаните кои ја тужеле општината зашто биле каснати од кучиња скитници. Таа исплата досега одела преку Јавното комунално претпријатие, кое подолг период е во финансиска криза и со блокирана жиро-сметка, па многумина тетовци чекаат на исплата, а за дел од нив сè уште траат судските рочишта. „Лани во февруари, кога излегував од работното место, за нога ме касна куче скитник. Имаше цела глутница кучиња. Ја тужев општината, но сè уште нема конечно решение за исплата. Спорот го добив, беше пресудена отштета од околу 90.000 денари, но општината се жалеше и сега спорот е на апелација“, вели Ана Марија Блажевска, жителка на Тетово https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/tetovtsi-ke-dobivaat-poeni-za-toa-kolku-pati-i-kade-bile-kasnati-od-kuche-skitnik-vrz-osnova-na-koi-ke-im-se-presmetuva-otshteta/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
Тие лајнари што ги ранат џукеливе го прават цел проблем,континуирано,индиректно го загрозуват живото на сите други ! Неспособната власт и институции се само плус,сите заедно требит кривично да одговарат ! Не се трпи ова со џукеливе веќе !
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Последниве денови проблемов се актуелизира но чинам ќе биде само една фарса без некој успешен епилог.
Особено изразен е проблемот во Скопје,Струга,Кичево и Битола. ------------------------------------------------------- ПОЛА БИТОЛА СЕ ЖАЛИ, А ПОЛА ГИ ХРАНИ УЛИЧНИТЕ КУЧИЊА, ЗА ПРИФАТИЛИШТЕТО ДОПРВА ЌЕ СЕ РАСПИШУВА ТЕНДЕР ![]() Уличните кучиња кои се намножени во Битола, а дел во глутници го запоседнаа центарот, Широк Сокак и долниот дел од паркот, ги поделија битолчани. Едни се жалат дека не можат да прошетаат низ Битола, а уште помалку со себе да ги поведат миленичињата зашто глутниците бездомни животни ги напаѓаат, а други пак ги хранат. „Некој нека ми каже како да го прошетам кучето до Шеталиште, а да не ме нападнат уличните кучиња на Широк Сокак во Битола? И со кое право се неприкосновени уличните кучиња и го имаат запоседнато Широк Сокак, за сметка на домашните, со кои што не можеме да поминеме поради агресивноста и навлегување во нивниот терен? Еве јас ќе го дадам кучето на некој доброволно што ќе се пријави да го прошета низ Широк Сокак, а да не го нападнат уличните кучиња“, коментира револтиран битолчанец. Додека едните се жалат, другите ги хранат. „Секој ден сретнувам битолчанец како им носи храна на кучињата во долниот дел од паркот. Таму се насобра цела глутница. На стотина метри погоре има детски парк. За да се качите на Тумбе Кафе потребно е да поминете покрај нив. Кај Безистенот им оставаат сомуни леб. Немам ништо против кучињата, но мора да се соберат во прифатилиште, да добијат потребна грижа, а и ние безбедно да се движиме низ улици“, вели битолчанка. Кучињата ги закараа дури и соседите. „Еден ден сосетката ми вели: ‘Ти си тој што пишува на Фејсбук против кучињата? Поради тебе ќе ги застрелаат по улици и ги трујат’. И од тогаш престана да ми зборува, а не сака да чуе дека ќерка ми навечер дома не може да се врати од кучиња. Пред некој ден за да се спаси се качи на хауба од возило паркирано крај патот“, вели битолчанец. Општината во 2020 исплатила 1,29 милиони денари (над 30.000 евра) по тужби на граѓани каснати или нападнати од кучиња, а во 2021 сумата уште повеќе се зголеми. Од 21 октомври до 16 ноември 2022 , за неполн месец, Апелациониот суд од Битола решавал дури по 12 случаи за надомест на нематеријална штета поради каснатини од кучиња. На оштетените им се доделуваат средства за претрпен физички бол и страв. Едно од главните вертувања на сегашната локална власт беша изградба на прифатилиште. Минатата година имаше најави дека во дел ќе биде направено до Нова година. Сега велат дека не можат да прецизираат рокови зашто се врзани со тендерска постапка. „За прифатилиштето, лоцирано во близина на Средното земјоделско училиште ‘Кузман Шапкарев’, во тек е подготовка на тендерска документација за адаптација на објектот. На почетокот на оваа година ќе биде распишана јавна набавка за адаптација, по што ќе започне изведбата на терен. Во меѓувреме, до објектот е донесена санитарна и техничка вода, како и одводна мрежа. Минатата година е направен проект и обезбедена е дозвола за градба“, соопштија од Општина Битола. Дотогаш приватна ветеринарна установа веќе врши заловување, стерилизирање и кастрирање на кучињата. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pola-bitola-se-zhali-a-pola-gi-hrani-ulichnite-kuchina-za-prifatilishteto-doprva-ke-se-raspishuva-tender/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОПШТИНА СТРУГА СО 10.000 ЕВРА ЌЕ ГИ СТЕРИЛИЗИРА КУЧКИТЕ И КАСТРИРА КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ
![]() Општина Струга во буџетот за 2023 предвиде 600.000 денари (10.000 евра) за решавање на проблемот со уличните кучиња. Следи постапка за избор на фирма која ќе врши хуман третман, заловување, кастрација и чипирање на бездомните животни и нивно повторно враќање на заловеното подрачје. Од Општината велат дека првата работа што ќе се направи ќе биде фаќањето на кучките, потоа нивна стерилизација, што значително ќе влијае на наталитетот за најмалку 16 пати помалку. Следната активност ќе биде кастрација на мажјаците и поставување обетки или чипови за да се обележат како такви. Некои од тие кучиња ќе останат изолирани додека нивната агресивност не се намали или целосно не се изгуби, додека дел од кучињата ќе се третираат според важечките закони. Градоначалникот Рамиз Мерко вели дека ова е единствениот начин да се намали агресивноста и популацијата на кучињата оти Општината нема капацитет да направи центар за нивно згрижување. „Кучињата скитници се голем проблем со кој треба да се справуваме. Ние работиме во изнаоѓање на решение, со тоа што како локална самоуправа не можеме сами да се справиме со кучињата скитници“, вели Мерко. Бројот на уличните кучиња низ Струга од година во година расте, а сè почести се и нападите врз граѓаните. Општината изминативе години исплатила милионски суми во денари за отштети кон нападнати жители од улични кучиња. „Плаќаме големи отштети, поголеми се отштетите него да се справуваме со проблемот. Тие средства можеме да ги дадеме на институцијата која ќе се занимава со таа проблематика“, додава Мерко. Од Општина Струга апелираат до граѓаните ако забележат дека се носат кучиња скитници од другите општини да ги сликаат возилата, автомобили, комбиња, камиони, кои вршат истовар и сликите итно да ги достават до Општината или до полиција. Советот на Општина Струга пред шест месеци ја изгласа иницијативата за формирање посебно тело кое ќе се справува со проблемот со кој им е загрозена безбедноста на стружани, но до денес нема реализација. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-struga-so-10-000-evra-ke-gi-sterilizira-kuchkite-i-kastrira-kuchinata/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
НЕ Е ВО НАША НАДЛЕЖНОСТ, ОДГОВОР НА ИНСТИТУЦИИТЕ: Но, опасноста од уличните кучиња ги надминува сите граници
Проблемот со бездомните кучиња во Скопје, но и во останатите градови во Македонија не само што не се решава со години, напротив, во последно време станува сè посериозен. Голем е бројот на граѓаните кои секојдневно пријавуваат дека се каснати од куче, и тоа некои од нив се здобиваат со сериозни повреди. Освен тоа стравот и траумата стануваат долготрајни и кај оние кои досега воопшто не се плашеле од кучиња. Фактор поразговара со некои скопјани кои сведочат дека без никаква причина биле нападнати од улични кучиња. 55-годишниот Димитар Н. вели дека во центарот на градот, односно на скопскиот плоштад бил каснат од куче додека возел велосипед. -Секојдневно поминувам од таму, секогаш сум велосипед. Знам дека во тој дел на градот има многу, особено зошто во тој ред по кејот на Вардар има многу кафанчиња и ресторани и луѓето ги хранат. И тоа е во ред, зошто да се фрла храната, нека ги нахранат. Но, не можев да поверувам дека без никаква провокација оддеднаш ме касна куче во потколеницата. Веднаш бев на лекар, случајот беше документиран, земав оштета од град Скопје, но тоа не е решение. Мојата повреда не беше толку страшна, има луѓе кои се нападнати од по неколку кучиња. Навистина не знаеме каде веќе може да се обрати човек и овој проблем да се реши еднаш засекогаш, посочува Димитар. Истовремено, граѓани од населбата Тафталиџе, односно од една од поновите згради (Импексел) извесно време пријавуваат дека во влезот има болно куче кое никако не може да го извадат, но од ЈП Лајка добиваат, како што велат „зачудувачки одговор“ -Кучето е болно, мириса цел влез и никој не може да го извади. Мирно е и не се плашиме дека ќе не повреди, но нехумано е така да се остави. Нема ден да не помине, а некој од нас да не се јави во „Лајка“. Од таму ни велат, „кучето не е на јавна површина, ние немаме ингеренции“. Тогаш кој има ингеренции ако не претпријатие кое е создадено и финасирано од градот. Навистина никој не си ја работи работата како што треба. Уште еден проблем кои ни го посочија граѓани кои работат во фирми кои се наоѓаат меѓу Лисиче и Пинтија е тоа што во тој дел на градот гледаат како секојдневно се оставаат најмалку по три четири кучиња. -Ги носат со пикапи, со комбиња. Ги вадат и ги оставаат. Од каде ги носат никој не знае. Има и големи и мали кученца туку што родени. Е така се создава проблемот со бездомните кучиња. Постојано пријавуваме со колегите. Никој не ги зема, да не зборувам за Лајка. Еднаш или до два пати ако се заангажираа. Ние самите ги носиме по прифатилишта, а за храна и за стерилизација не знам колку пари сме дале. Ова е проблем кој се повеќе станува алармантен, а сите остануваат глуви, вели Мила С. од Скопје А за тоа дека податоците се навистина алармантини во однос на напднати граѓани од улични кучиња за Фактор говори и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. -Според податоците кои ги добивме од МВР, во 2020 госдина има 1 062 напади од бездомни кучиња врз луѓе, во 2021 година има 1 315 пријавени напади, во 2022 година до крајот на октомври 1 283 напади на кучиња. Или, вкупно 3 660 напади за последните три години.Од овие напади врз луѓе, 498 се деца. Ако на тоа додадеме дека има одредена бројка на напади кои ги немаме во систем тогаш состојбата е уште поалармантна. Најмногу напади има во Скопје, но и во другите градови. Во Скопје – 1 853 напади од кучиња, во Кичево – 439, Велес – 250, Струга – 177, Тетово – 170, Битола – 149, во Прилеп – 122, Гостивар – 98, Куманово – 75, Охрид – 50, вели Ангелов. Од неформални информации, како што посочи, во одредени општини бројот на напади е значително поголем од пријавените напади. Според него стерилизацијата е клучна за искоренување на овој проблем. -Со 75 отсто стерилизација на уличните кучиња нивниот број нагло ќе падне бидејќи нема да можат да се размножуваат, вели Ангелов. https://faktor.mk/ne-e-vo-nasha-nadleznost-odgovor-na-instituciite-no-opasnosta-od-ulichnite-kuchinja-gi-nadminuva-site-granici |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Заробен стационар, заглавен закон - Скопје „врие“ од бездомни кучиња
![]() Проценките се дека во Скопје има над 4.000 бездомни кучиња. Јавната свест за вдомување е ниска, јавното претпријатие кое треба да ги стерилизира е заглавено во долгови, а законот со кој треба да се „стегнат“ несовесните граѓани што фрлаат миленици три години е во процедура за донесување Во Скопје „врие“ од бездомни кучиња. Ги има насекаде, по плоштадите, тревниците, на улиците. Дел од нив се стерилизирани односно им е одземена можноста да се размножуваат, за што сведочи ушната маркица. Поголемиот дел, ваква маркица немаат. Граѓаните реагираат дека глутници кучиња се собираат во градот, па бараат од надлежните да преземат решенија. Душка, која е пензионерка од Аеродром неодамна имала лошо искуство со бездомните кучиња кои живеат близу трговскиот центар Капитол. Едно од нив, инаку големо по раст, се пуштило по мало куче- домашен миленик, и ја турнало нејзината сосетка додека заедно чекале зелено светло на семафор. „Кучињата треба да се отстранат“, децидна е пензионерката за која ова е еден од најголемите проблеми во општината. И за нејзината сограѓанка, Јадранка Божиновска, бездомните кучиња се голем проблем во градот. „Не може да се помине наутро кога се оди на работа, огромни кучиња има. Јас не велам сега да се уништат, туку да се приберат некаде. Тоа е најбитно“, вели Божиновска. Кога во септември 2007 година, во Скопје беше отворен стационарот „Вардариште“ и воведена програмата „Залови, стерилизирај, вакцинирај, врати“, најавите беа дека за една деценија ќе се реши проблемот со бездомните кучиња во главниот град. Но 15 години подоцна, кучињата се уште се на улиците, голем дел од нив остануваат нестерилизирани, а тука се и тужбите од граѓаните за кои се плаќаат милионски отштети Единствено што е променето е тоа што од пред две години, наместо „Вардариште“, Градот го формираше јавно претпријатие „Лајка“, кое ќе ја спроведува истата програма, во истиот стационар, но ќе се обврзе на похуман третман на животните, нешто за што многупати беше критикувано „Вардариште“. Во април 2019 година стационарот „Вардариште“ беше затворен од Агенцијата за храна и ветеринарство поради појава на заразни болести и пропусти во работењето. Оттогаш скоро две година тој речиси и да не функционираше додека да се реновира и започне со работа како „Лајка“. Овој меѓупериод само дополнително ја влоши состојбата на теренот. Има ли решение? „Лајка“ од пред неодамна има нова директорка, која доаѓа од редот на активистите за заштита на животните. Радмила Пешева наследи долгови, блокирана сметка, или како што самата ќе каже - заробен стационар. Има визија што треба да се прави, ама и куп проблеми. „Наша визија е да стерилизираме најмалку 75% од кучињата во многу краток рок, за да ја можеме под контрола да ја имаме ситуацијата, на улица да имаме кучиња кои понатаму нема да се размножуваат“, вели новата директорка. Идејата е да се продолжи програмата таму кадешто се застана. Да се заловат кучињата, со хируршка интервенција да се оневозможи нивно размножување, да се вакцинираат и вдомат, или ако нема каде, да се вратат оттаму од кадешто се земени. Животниот век на кучињата на улица е околу три години, а кога се стерилизирани и нивното однесување е помирно. Ама за тоа да се случи, проценката на „Лајка“ е дека во една година ќе треба да се стерилизираат околу 3000 животни само во Скопје. Тоа во моментов е невозможно поради финансиите. Од почетокот на годинава биле заловени 466 кучиња, што е шестпати помалку од планот кој би можел да помогне за помалку кучиња по скопските улици. Па така, сега сите надежи се свртени кон градскиот совет. Пешевска појаснува дека во моментов на сметка имаат 0 денари, а за „Лајка“ има резерирано средства од 10 милиони денари кои мора да се изгласаат на Советот. „Неопгходно е советниците да ја увидат важноста што Лајка ја има“, алармира таа. Покрај градот, пари за „Лајка“ треба да дадат и општините кои е потребно да исплатат по два милиони денари на годишно ниво. Од вкупно 10 општини во 2022 година, редовно исплаќале само општините Аеродром, Центар и Гази Баба. Одредени исплати има и од Бутел и Ѓорче Петров, додека другите општини не платиле ништо. Место за ефикасно работење, парите одат за отштети Според статистиката која ја води „Лајка“, Градот во 2021 година им исплатил 23 милиони денари, а за годинава уште 20 милиони. Истовремено, на 30,5 милиони денари се проценети потенцијалните обврски кои можат да произлезат од постапките за штети на граѓани кои пријавиле каснување од куче. Пресметката која се однесува на крајот на минатата година ја констатирал независен ревизор во финансиски извештај за „Лајка“ за 2021 година. Во принцип, секој граѓанин кој ќе биде каснат од улично куче има право на отштета од Градот и претпријатието кои ги делат трошоците. Поради високите суми, од оваа година Градот одлучи место на суд, ваквите спорови да се решаваат со директна спогодба. ![]() Со законски измени до поодговорни сопственици Честа е праксата на оставање штотуку родени кучиња во приградските населби или на Водно, за што честопати сведочат и граѓаните и активистите. Гизела Бошковска од Анима Мунди, живее во Аеродром и вели дека иако секојдневно е со бездомните кучиња, досега не наишла на штотуку породена женка. Сите мали кучиња кои ги сретнала биле оставени од поранешни сопственици. „Значи ние и практично сите животни денес да ги тргнем од улица, еве Лајка да направи некоја магија и да ги собере сите и смести на едно место, утре некој пак ке фрли куче, задутре исто. Тие две ќе се спарат и ќе се родат шест, и тоа е најпростата логика. И тој циклус ке продолжи се дури тој еден не се санционира. И тука затајуваат институциите. Значи казни за неодговорно сопствеништво има многу малку , а и самата казна е премногу мала“, децидна е активистката. Чипирањето на милениците на пример е задолжително и казната е 100 евра, додека напуштање миленик пак се санкционира со 500 евра. Ама АХВ работи со 4 инспектори за цело Скопје, а бездомните кучиња се само мал сегмент од нивната работа. Лани, според одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животни АХВ во земјава направиле 26 контроли, донесени биле 6 решенија, а изречени исто толку мерки едукација и 2 глоби ( парични казни). Од почетокот на годинава според истиот Закон биле спроведени 14 контроли, донесени се 5 решенија и изречени 3 мерки едукација. Законот за благосостојба на животните на пример предвидува казна за одгледувачниците на домашни миленици кои нема да се регистрираат, ама до овој момент во Агенцијата за храна и ветеринарство нема регистрирано ниту една одгледувачници на кучиња бидејќи Законот за измени и дополнувања на Законот за благосостојба е во процедура на донесување. Со измените кои се најавуваат повеќе од две години се предвидува казна од 100 евра ако сопственикот не го стерилизира домашниот миленик, не го однесе еднаш годишно на ветеринар, или ако не пријави леглото со мали кучиња во ветеринарна амбуланта. И додека граѓаните чекаат да се реши проблемот со кучињата, активистите се обидуваат да ги залечат последиците, преку помагање на кучињата и обиди за нивно вдомување. Па така, околу 2000 кучиња веќе успеале да вдомат во странство изминатите години, бидејќи како што вели Бошковска, кај нас свеста за вдомување е ниска. „Какво и да е јавното мислење за активистите, ние практично со граганите ја делиме истата желба, да нема кучиња на улица. Да нема мачки на улица. Ние не сакаме да имаме животни на улица“, децидна е активистката. https://www.slobodnaevropa.mk/a/заробен-стационар-заглавен-закон---скопје-врие-од-бездомни-кучиња-/32105038.html |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
главен проблем се активисти за права на животни кои не превземаат ништо во врска со проблемот а се пенават кога општините треба да донесат било какво решение
исто, да го земеме фактот колку кучињава се нагувани, чувани и ранети од страна на граѓани додека се на улица... значи се има свест да ги галиш и да ги раниш наоколу и да ги чуваш по влезови од згради, ама не и да ги вдомиш или ако ништо друго да им најдеш дом |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Треба во општинска/градска зграда да им влезат кучиња-скитници, па може тек тогаш ќе им текне да го решаваат проблемов.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Никој ништо не превзема,по сите градови ги има се повеќе.Некои се и доста агресивни особено кон велосипедисти и пешаци а се опасност и за целокупниот сообраќај. Ова е во Битола(од твитер) ![]() Нема решение и по другите градови ни во Скопје и покрај тоа што има ЈП Лајка сепак има премногу кучиња по населбите,а и принципот им е заловување и ако по 2-3 месеци не бидат од некого вдомени ги враќаат на истото место. Уште долги години ќе биде присутен овој проблем. ------------------------------- Кучиња скитници во Охрид и Струга https://24.mk/details/kuchinja-skitnici-vo-okhrid-i-struga |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
До каде е новава градска власт со решение на овој проблем?
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Мичурин кај Транспортен Центар ова е само дел вкупно се негде околу 12,најчесто се кај напуштената куќа отспротива и кај црквата.Многу лоша глетка и опасност за пешаци и велосипедисти секој ден.(од твитер)
![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЈП „Лајка“: Заловени се кучињата кои беа посочени дека нападнале жители од Аеродром
На заловените кучиња кои веќе го имаат поминато хуманиот третман, ќе им бидат направен тест за социјализација од страна на стручно овластено лице за спроведување на овие тестови во ЈП „Лајка“ Откако граѓани пријавиле дека биле нападнати од бездомни кучиња во Аеродром, екипи на ЈП „Лајка“ веднаш излегле на терен и ги заловиле. – По пријава од граѓани за напад од бездомни кучиња во скопската населба Аеродром позади објектот на трговскиот центар Капитол, заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“ беше да интервенира на терен и ги залови кучињата кои беа посочени дека нападнале жители од оваа населба, во изминатиот период. На заловените кучиња кои веќе го имаат поминато хуманиот третман, ќе им бидат направен тест за социјализација од страна на стручно овластено лице за спроведување на овие тестови во ЈП „Лајка“- информираат од ова јавно претпријатие. https://www.slobodenpecat.mk/jp-lajka-zaloveni-se-kuchinjata-koi-bea-posocheni-deka-napadnale-zhiteli-od-aerodrom/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Агресивни улични кучиња напаѓаат во Сопиште, граѓаните бараат помош оти не смеат да излезат на улица
![]() Група од десетина улични кучиња ги плашат, но и ги напаѓаат жителите на скопско Сопиште. Граѓаните велат дека на улица не смее да помине ниту возрасен, а уште помалку децата будејќи во глутницата има и големи кучиња кои се агресивни и може да повредат. Жителите апелираат овој проблем да се реши и надлежните да реагираат додека некој сериозно не настрадал. Пред неколку месеци дел од овие кучиња беа мали оставени во пакети, а сега пораснале и се големи и агресивни и напаѓаат.", вели жител на улицата со број 37 во ова место каде се наоѓаат уличните кучиња. Жителите пријавувале во општина Кисела Вода, но од таму добиле одговор дека не се надлежни. Се обратиле и до Јавното претпријатие за третман на улични кучиња „Лајка“, но и од таму добиле одговор дека и тие не се надлежни. Сликата со улични кучиња е секојдневие речиси секаде во главниот град. Во Билтенот на МВР речиси секојдневно има пријави од граѓани кои се каснати од улични кучиња. Голем број улични кучиња има и во Драчево, Долно Лисиче, Аеродром, Ѓорче Петров... https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/ulichni-kuchinja-napagjaat-vo-sopishte-gragjanite-baraat-pomosh-oti-ne-smeat-da |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Тетовци на мака со кучињата скитници, на секои 34 часа нападнат по еден граѓанин, општината разгледува план
Од први јануари во Тетово од кучиња скитници биле каснати 13 граѓани. Дветнина биле нападнати и се здобиле со повреди во последните две недели. Минатиот месец на 11 тетовци им била пружена лекарска помош во Клиничката болница, соопштуваат од СВР Тетово. Дали Општината презела некаква мерка за кучињата скитници? „Во текот на неделата се очекува да се објави проектот. Го очекуваме планот според кој што ангажиравме претпријатие, но чекаме и приватни компании да ги достават нивните планови за одржливо решение. Кој ќе биде најдобар план, тој ќе се спроведе“, велат од Општина Тетово. Ветеринарот Рами Селмани оствари средба со градоначалникот Биљал Касами кому му понудил модел за долгорочно решение на ова прашање. Имавме средба со градоначалникот и му го објаснивме најдобриот можен план за Тетово. Треба да се дејствува поинаку и да биде првиот град во Македонија за да се направи нешто посебно и тоа да биде успешно. Тоа е собирање на кучињата од улица и нивно сместување во стационари. Ова е единствен модел кој би бил успешен“, вели Селмани. Градот Тетово во моментов е преполн со кучиња скитници а во судовите многу граѓани имаат започнато судски процеси и се уште не добиле никаков надомест. Пред неколку недели, во Тетово за еден час беа нападнати 3 граѓани. https://mk.tv21.tv/tetovtsi-na-maka-so-kuchinata-skitnitsi-na-sekoi-34-chasa-napadnat-po-eden-graganin-opshtinata-razgleduva-plan/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ГЛУТНИЦА КУЧИЊА ВЛЕВА СТРАВ ВО РАДИШАНИ Гризнати три жени и девојче
![]() Најмалку три жени и едно девејче биле гризнати од кучиња скитници во скопската населба Радишани, се пожалија жители од населбата во редакцијата на Плусинфо. Тие сведочат дека кучињата се агресивни, дека најчесто се движат во група по неколку и претставуваат страв и трепет за жителите во секое доба од денот. – Се јавивме во Лајка, во МВР, но нема никаква реакција. Не знаеме веќе кому да се обратиме. Еве ги сега седат пред мојата куќа и страв ми е да излезам надвор, а камоли децата да ги пуштам – се пожали Александар од Радишани. https://plusinfo.mk/glutnica-kuchi-a-vleva-strav-vo-radishani-griznati-tri-zheni-i-devo-che/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Битола врие од улични кучиња - Општината плаќа годишно над еден милион денари отштета
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски рече дека по тужби на граѓани каснати или нападнати од кучиња во 2021 година Општината исплатила над милион денари. Општината за годинава одвоила пари за подготовка на проектна документација за решавање на проблемот со бездомните животни. Битола е преполна со кучиња скитници. Можат да се сретнат во чопор на Широк Сокак, старата чаршија, по градските паркови, во тревниците на државни институции и низ улици. Има повеќе граѓани кои биле каснати, а останатиот дел од битолчани мака мачат да изберат улица кога се движат пеш, а да не налетаат на кучиња. „Опасни се, мене ме имаат каснато.“ „Ова е голем проблем, посебно кога се збираат во глутници можат да ве нападнат“, велат битолчани. За проблемот се дискутираше и на седница на Совет. „Колку тужби од лица кои биле каснати од кучиња имало за Општина Битола во 2021 година? И колку пари по тој основ биле исплатени во 2021 година?, праша советникот Ѓорги Ѓоргиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Советничката Жаклина Наумовска од СДСМ, пак праша: „Колку ќе чини одржувањето на годишно ниво на стационар за кучиња и дали буџетот на Општина Битола би можел да го издржи тој товар“. Градоначалникот на Битола Тони Коњановски рече дека по тужби на граѓани каснати или нападнати од кучиња во 2021 година Општината исплатила над милион денари. „Во однос на тужбите од каснати граѓани или нападнати, Општината Битола платила отштета 1. 129 000 денари во 2021 година, а се водат уште десетина премети кои не се дојдени до завршна фаза. Ова е горлив проблем на сите нас, кој во изминатиот период нашите претходници воопшто не се обидоа или не најдоа решение“, рече Коњановски. Тој оствари средба со здруженијата за заштита на животните на која ги информира дека во буџетот на Општина Битола за 2022 година предвидени се средства за подготовка на проектна документација за решавање на проблемот со бездомните животни и дека тоа ќе биде институционално. За да се реши проблемот најпрво треба да се започне со примена на стратегија за масовна стерилизација, како и да се воведе одговорно сопствеништво на миленици и контролирана трговија со истите, спроведување на кампања за заштита на животни, ограничување и контрола на слободната продажба на високотоксични материи, кои се злоупотребуваат за труење на животни и поголем инспекциски надзор низ градот во откривањето на мачењето на животни. „Веднаш ќе почнеме да работиме барајќи некаков преоден модел. Понатаму и системски преку стационар за згрижување на бездомни животни. Тоа мора да го сработиме зашто сите сме сведоци дека градот од Широк Сокак, па понатаму е преплавен со кучиња ,а побарувањата се огромни од луѓето кои претрпеле штета“, рече Коњановски. https://www.slobodnaevropa.mk/a/31684864.html |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Остра дебата за кучињата скитници во Кичево, општината без рокови и конкретен план за изградба на стационар
Решавањето на проблемот со кучињата скитници во Кичево беше тема на остра дебата во општинскиот совет. Претставничката на Општината за третирање кучиња скитници, Емилија Петреска, презентирајќи ја програмата кажа дека се издвоени 1 милион денари за третирање на кучињата, 600 илјади денари з а кампања за подигање на свеста и 20 милиони донација за кучињата скитници. Но од сите овие обезбедени средства за 2022 не е објавен ниеден конкретен план за проблемот со кучињата скитници освен за нивно третирање. Советниците го кренаа гласот барајќи конкретен рок за изградба на стационар бидејќи, според нив, ваквата состојба го оштетува општинскиот буџет, бидејќи оштетите што ги добиваат граѓаните кои биле каснати од кучиња скитници достигна висока сума. Податоците на СВР Охрид покажуваат дека во текот на 2021 имало 237 напади од кучиња скитници и минималната оштета што ја добиваат граѓаните изнесува 500 евра. Базирајќи се на овие бројки, советникот на АА, Абдула Сејдини рече дека општината за 2021 дала 120 илјади евра оштета. Ако ги погледнеме овие издвоени средства поради недостиг на стационар, тогаш тоа е товар за буџетот на општината и од друга страна граѓаните не се безбедни. Советничката од СДСМ, Олгица Попоска вели дека бројот на каснувања од кучиња скитници е многу повисок. Советникот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека потребно е да се има рок за изградба на стационар а не само да предвидуваме како да читаме хороскоп. Седницата на советот беше прекината бидејќи претседателот на Советот си замина без да образложи зошто. Советниците од опозицијата рекоа дека ова се случува поради немањето мнозинство гласови за следните точки. https://mk.tv21.tv/ostra-debata-za-kuchinata-skitnitsi-vo-kichevo-opshtinata-bez-rokovi-i-konkreten-plan-za-izgradba-na-statsionar/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ИНТЕРВЈУ СО В.Д. ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „ЛАЈКА“, ВОЈИСЛАВ ДИМИТРОВСКИ: Ќе го спречиме приливот на нови бездомни кучиња
Главната цел ни е контрола на бездомните кучиња на територијата на Град Скопје, со што ќе ги гарантираме здравствената заштита и јавната безбедност на населението, а со тоа ќе го спречиме приливот на нови кучиња по градските улици – вели директорот на јавното претпријатие „Лајка“, Војислав Димитровски, за весникот ВЕЧЕР Контролата на популацијата на бездомните кучиња првенствено се постигнува со стерилизација/кастрација, вакцинација, обележување со ушни маркици и повторно враќање на матичната локација каде што биле заловени, смета в.д. директорот на јавното претпријатие „Лајка“, Војислав Димитровски, кој за весникот ВЕЧЕР зборува за воведувањето новитети во работењето и настојувањето да се постигне контрола на популацијата на бездомните кучиња Почнавте со воведување неделен извештај за тоа колку кучиња се заловени, колку се вдомени, колку се евтаназирани, колку се стерилизирани, кастрирани, итн. Уште какви други новини планирате да воведете во работењето на ова јавно претпријатие? – Воведувањето на неделниот извештај го сторивме бидејќи сакаме да бидеме транспаренти во јавноста и да ги информираме граѓаните на неделно ниво за нашите активности. Секако дека планираме новитети во работењето, во насока на вклучување волонтери во секојдневната работа на претпријатието, воспоставување дежурна служба за заловување кучиња во случај на инцидент. Ќе го водиме претпријатието во насока на активно спроведување зелена политика и заштита на околната средина, како и заштеда на ресурси. Планираме и активности за зголемување на јавната свест на граѓаните за одговорно сопствеништво, со крајна цел да се запре изворот на бездомни кучиња кои доаѓаат од домашните кучиња. Сепак, главната цел ни е контрола на бездомните кучиња на територијата на Град Скопје, со што ќе ги гарантираме здравствената заштита и јавната безбедност на населението, а со тоа ќе го спречиме приливот на нови кучиња по градските улици. Кое е Вашето основно мото за намалување на бројот на бездомните животни? – Контролата на популацијата на бездомните кучиња првенствено се постигнува со стерилизација/кастрација, вакцинација, обележување со ушни маркици и повторно враќање на матичната локација каде што биле заловени. Секако, сакаме и целиме кон тоа да му најдеме на секое куче топол дом, и засега добро ни оди. Декември ни беше рекорден месец во однос на вдомувањето на кучиња. Беа вдомени 45 кучиња од ЈП „Лајка“, што претставува 25 проценти од вкупно вдомените од почетокот на функционирањето на претпријатието во 2020 година. Секако, овие вдомувања беа реализирани и во соработка и со несебична помош од здруженијата и активистите за заштита на животните и граѓаните на цела Македонија. Успешно го спроведуваме процесот на вдомување бездомни кучиња и многу ми е мило што со тоа ја подигнуваме свеста кај граѓаните за одговорно сопственишто. Имате ли бројка колку бездомни животни сега има низ улиците на Скопје, а колку во моментов се наоѓаат во стационарот на „Лајка“? – Според броењето на Факултетот за ветеринарна медицина Скопје, во градот, за 2021 година, се изброени околу 1.800 бездомни кучиња. При користењето на оваа методологија, статистички не се вметнати домашните миленици, што нè води до заклучокот дека бројката е поголема од утврдената од Факултетот за ветеринарна медицина. Здруженијата располагаат со бројка од 6.000 до 8.000 единки, според статистичка методологија за броење бездомни кучиња. Според мене, бројката е некаде на половина. За 2022 година имаме проектирано дека со хуман третман ќе бидат третирани 2.500 единки, со што сметаме дека на ваков начин би биле третирани барем 75 проценти од популацијата на бездомни кучиња во рамките на градот, што е основа за контролирање на проблемот со бездомните кучиња во иднина. Нашиот стационар е секојдневно исполнет, динамична ни е работата. Едно куче се заловува, друго или се вдомува или се враќа на матичната локација, каде што било првично заловено, но бројката на кучиња кои се секојдневно во ЈП „Лајка“ од 180 во декември 2021 година ја намаливме на 120, при што ниту едно не е евтаназирано. Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бара итен инспекциски надзор на ЈП „Лајка“ и констатирање на фактичката состојба, ревизија на сите продуцирани документи кои се однесуваат на работата на претпријатието во време на мандатот на директорката Тина Петрушевска, на годишните програми и проверка на точноста на годишните извештаи за работа. Тие сметаат дека таа лажирала провала во стационарот, со цел да исчезнат документи од работењето на јавното претпријатие „Лајка“ за, како што велат, да се скријат податоците за евтаназираните кучиња. Кој е Вашиот став околу ова? – Јавното претпријатие „Лајка“ работи транспарентно и е отворено за јавноста во однос на сите активности што се спроведуваат во негови рамки. Во изминатиот период, по иницијатива на здруженијата за заштита на животните, имавме инспекциски надзор од Агенцијата за храна и ветеринарство, при што се утврдија определени неправилности во работењето од изминатиот период, по кои постапуваме во моментот. Исто така, по иницијатива на Управниот одбор на претпријатиетo беше спроведена ревизија од Секторoт за внатрешна ревизија на Град Скопје, која, исто така, посочи на определени нерегуларности во работењето, по кои постапуваме и работиме во моментот, за да не се повторат во иднина. Во однос на процесот на евтаназија на кучиња, во ЈП „Лајка“ се води евиденција за секое евтанизирано куче и постојат записи за причината и под кои услови е евтанизирано тоа. Доколку утврдиме определени нерегуларности во однос на оваа процедура, со сигурност ќе пријавиме кај надлежните органи. Причините и мотивот за полицискиот надзор во ЈП „Лајка“, за мене, се непознати. Не би можел да избрзувам со заклучоци во однос на ова. Дали во Програмата на ЈП „Лајка“ се остава можност, освен третман и задржување на бездомни кучиња, да се задржуваат и загубени, односно оставени коњи, бидејќи сме сведоци дека секојдневно можат да се видат на градските јавни површини без сопственици и доколку е наведено, може ли да ни ја објасните постапката? – Да, за жал, континуирано сведочиме за такви немили настани, но нашиот стационар е исклучиво наменет за бездомни кучиња на територијата на Град Скопје. Сконцентрирани сме на хуманиот третман на животните, односно на спроведување на активноста „Залови, стерилизирај, вакцинирај врати“, со цел да се намали популацијата на уличните кучиња, бидејќи оваа активност е единствената ефикасна стратегија што е востановена и од Светската здравствена организација (СЗО) до која ние се придржуваме. Исто така, ЈП „Лајка“ подготвува и ќе учествува во активности во однос на зголемување на јавната свест за одговорното сопствеништво на домашни животни кои ќе бидат во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство и со Зоолошката градина. За благосостојбата на коњите е задолжена Агенцијата за храна и ветеринарство, која во минатото реализира кампања за подобрување на состојбата на коњите во државата, и се надевам и во иднина ќе се посвети на овој голем проблем од гледна точка на благосостојбата кај животните. Задржан ли е досега некој коњ во стационарот и што мислите за нивното присуство во урбаните средини? – Од вработените добив информација дека со претходното раководство е задржан еден коњ, кому, според условите во прифатилиштето, местото не му е во ЈП „Лајка“. Потребно е добро осмислен проект, кој ќе биде наменет само за коњи и нивни третман. https://www.vecer.press/ќе-го-спречиме-приливот-на-нови-бездом/ |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Проблемов мора под итно да се реши!
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Мичруин(околу напуштената куќа и црквата),ги има околу 12-13 во глутници од по 5-6 шпартаат дење ноќе за малку пред некој ден ќе паднеше еден велосипедист во обид да ги избегне,исто така трчаат по речиси секое возило особено на авто школите кои возат побавно.Никој не се зафаќа со посериозен пристап кон проблемов од кој може да произлезат голем број други незгоди,сообраќајки и слично. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 15> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |