![]() |
![]() |
![]() |
Проширувања на балкони |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Author | |
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Здраво Стефан
![]() За првото прашање кое го поставуваш немам одговор но претпостаувавам дека си во право кога велиш дека процедурата сега се тера преку локалната самоуправа (логично со оглед на тоа дека сите градежни дозволи идат на тој начин). Може да се потрудиме и да најдеме одговор на ова. Искрено не верувам дека се користи некоја правна дупка. Можеш ли да образложиш зошто го имаш тој впечаток? Веројатно постои некоја регулатива под кои услови и на кој начин може да се прават овие екстензии и реновирања но не верувам дека таа се зема премногу во предвид. Незнам дали постои дискусија за ова прашање на академско ниво но во пошироки рамки во јавноста, во медиумите ова (за жал) и воопшто не се третира како отворено прашање иако како што и самиот велиш последиците од ова се далекусежни и тоа од повеќе аспекти од естески до сигурносен. Значи со ова на некој начин давам одговор (т.е.) мислење околку твоето второ прашање а тоа е дека надлежните воопшто не се заинтересирани околу овој проблем и не сум сигурен дека воопшто го перципираат како проблем. Мое мислење е дека вакви проширувања воопшто не треба да се дозволуваат под никакви услови. Во поразвиени општества поставување на клима уреди е строго регулирано т.е. забрането а каму ли вакви суштински интервенции. Искрено незнам како би се спровело тоа кога сигурно повеќе од пола балкони во градов се во најмала рака затворени со алуминиумски прозорци. Се работи за феномен на ниво на епидемија и што е најстрашно не се случува само на старите дотраени згради туку често гледам нови објекти кои само месец дена по пуштањето во употреба имаат разни израстоци или модификации. Инаку одлична тема за дискусија ![]() Edited by pbanks - 14-Jun-2008 at 23:36 |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
имаме веќе ваква тема. побарај урбано дивјаштво.
|
|
![]() |
|
Stefan Buzar ![]() Newbiе ![]() Joined: 14-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Поздрав до сите членови на форумов (кој е одличен, и одамна го следам)
Имам неколку прашања до сите вас - Моментално работам на истражување на тема "Влијание на надворешните проширувања на станбените згради врз урбаниот простор во земјите во транзиција". Резултатите на истражувањето ќе бидат издадени во форма на научна статија која ќе биде предложена за публикација во стручното списание "Urban Studies" Проширувањето на балкони е многу честа, би рекол доминатна појава во делови на Скопје и други градови низ Македонија. Честопати под ова "доградување" балкони се подразбира целосно проширување на зградата со додавање и на нови целосно преградени простории. Се што знам досега е дека порано оваа постапка била регулирана преку подрачните единици на Министерството за транспорт и врски. Потребна била согласност од сите станари во еден влез, при што се поднесувала молба до Министерството за "реконструкција на фасадите" на зградите, која подразбирала и проширување на балконите. Ваквите зафати можеле да бидат одобрени само под услов да не го "нарушуваат архитектонскиот и естетскиот концепт на објектите". Меѓутоа, сега правната процедура веројатно е променета поради децентрализацијата. Исто така, не ми е јасно како може да биле одобрени некои од постојните проширувања (посебно на пр. во Карпош 4) - буквално на некои згради се додава уште цела една цела зграда до неа. Не само што е нарушен естетскиот изглед туку (веројатно) и статиката на објектот. Затоа, во потрага сум по одговори на следните прашања: - Дали некој од вас е запознаен со правната регулатива во овој домен (посебно имајќи го во предвид пренесувањето на надлежностите кон општините) - дали адекватно е предвидена плановите и законите? Имам впечаток дека се користи некаква правна дупка за да бидат изградени. - Дали имате некои информации или мислења за односот на надлежните власти кон оваа појава? Имам впечаток дека се толерира се, без некое посебно размислување за долгорочните последици - по сеизмиката на објектите, но и по можноста за нивна замена со нови (на многу од "руските" панел-згради во Скопје полека им минува рокот на траење!) Буквално сум на почеток на истражувањево така што секакво мислење или информација се добредојдени. Но истовремено е и интересна тема за дискусија – посебно затоа што има големи влијанија врз употребата и изгледот на урбаниот простор. Поздрав, Стефан Бужаровски – Бужар (Универзитет во Бирмингем) |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |