![]() |
![]() |
![]() |
Автопат Скопје - Македонски Брод |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Author | |
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
user8642 интересна идеја, мислам дека оваа опција би требало сериозно да се разгледа и да се стави на кантар во институциите каде што се одлучува. Особено затоа што Груевски веќе му се посра на просторниот план на РМ, па слепо продолжување на реализација на остатоците од тој план сигурно не е најдобро решение, туку треба да се види кои се опциите за прилагодувања при постојната ситуација. Инаку впечаток ми е дека прилично го потценуваш трошокот на предложената траса. Само тунелот (кој ми изгледа дека би бил минимум 11km, а не 9km, би го проголтал целиот буџет што го имаш во предвид и веројатно уште значително повеќе. И тоа под претпоставка дека би се нашло адекватно решение за должината да не отиде сосема вон овие граници, затоа што висинската разлика меѓу Патишка Река и Белица е огромна, што секако ќе биде значителен ограничувачки фактор. А можеби има и геолошки фактори што дополнително би ги искомплицирале работите во однос на тоа каде би се движел тунелот. Во секој случај, мислам дека доколку би се одело на толку голема инвестиција, нерационално би било да се прави како било што друго освен како автопат, но автопат кој ќе биде трајна замена за Велес-Прилеп и за Гостивар-Кичево. На таков начин со помош на автопат преку Поречието би ги оствариле најпотребните внатрешни поврзувања, а де факто би ги реализирале и меѓународните коридори VIII и Xd. ![]() Ова погоре би можело да биде ситуација на терен за некои 7-8 години (најоптимистичка варијанта). Сините се експресни патишта, но не мижи да ти баам „експресни патишта“ како Велес-Кадрифаково, туку 2x2 профил со еластична ограда во средината, со денивелирани јазли, и изведени генерално по повисоки стандарди. Но да се вратам на конкретниот предлог за коридор низ Поречието. Цената би била висока не само поради тунелот, туку и теренот во голем процент на трасата е тежок (иако не баш толку тежок колку што претходно мислев), а и поради тоа што во скопскиот регион би била потребна обемна и скапа експропријација. За делот во генерален правец од Хиподром кон Драчево/Пинтија секако сметам дека треба да се продолжи скопската обиколница во некаква форма, па тоа не го сметам како дополнителен трошок. Дополнителен трошок во однос на сегашните планови би бил автопатот Кичево - Македонски Брод. Исто така дополнителен трошок би биле новите две пелагониски траси (засебни врски до Прилеп и Битола) кои логично би требало да бидат експресни патишта) Она што може да се одземе од трошоците се три автопати кои инаку би биле потребни, од кои првите два се многу скапи: - Велес-Прилеп - Гостивар-Кичево - Прилеп-Битола ![]() Неградењето на овие автопати би „ослободило“ огромни финансии, а дали тие финансии би биле доволни или приближно доволни за рокадава, тоа може да даде одговор само темелно истражување. Главни предности на ова решение: - Значително кратење на врската Ск-Бт - Значително кратење на врската со Скопје на М.Брод, Преспа, Крушево, Д.Хисар, добар дел од Пелагонија. Тие сами по себе се ситна боранија, но кога ќе се собеерат сите на куп, веќе не се за занемарување. - Прилеп ми личи дека би добил некое минимално кратење према Скопје (во однос на пат преку Бабуна), ама тоа вака од око. - Централизирањето на автопатската мрежа во скопскиот регион има и предности, таквиот транспортен јазол и зголемената „гравитација“ што ќе ја добие Скопје би имале одредени ефекти малку пошироко од границите на Македонија. Главни недостаоци на ова решение: - Генерално полошо поврзување на остатокот од државата меѓусебно. Многу врски помеѓу градови (особено во правец исток-запад) се полоши. Ова може да се ублажи со тоа што постоечките патишта кои ги поврзуваат тие градови ќе се доведат во многу подобра состојба, нешто што секако треба да се направи. На пример Охрид-Ресен-Битола-Прилеп-Градско нема да треба да биде експресен пат освен можеби поедини делници, но ќе треба да е top-notch. Исто така би било многу потребно да се изградат навистина добри патишта Дебар-Кичево и Струмица-Валандово-Смоквица. - Потребно ќе биде време добро да се истражи новата траса и да се дадат одговори на некои прашања кои во моментов се тотална непознаница. - Најверојатно повисока вкупна цена (како заокружено решение што е замена за Велес-Прилеп-Битола и за Гостивар-Кичево), но главното прашање е колку повисока... - И покрај тоа што меѓународните коридори (Коридорот 8 и Коридорот 10d) се зачувани, а целосно би ги запазиле и нивните влезно-излезни точки од државата, можеби ваквата рокада би го отежнала добивањето финансии од одредени извори? Ова се „пан-европски коридори“ зацртани дефакто од ЕУ бирократија, а капацитетот на бирократија за наоѓање на проблеми таму каде што не постојат не треба да се потценува... Edited by Cloverstack - 06-Jun-2020 at 03:51 |
|
![]() |
|
elnino ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Mar-2010 Location: kavadarci Online Status: Offline Posts: 129 |
![]() ![]() |
ме бендиса размислувањето и агрументите
|
|
![]() |
|
Bistro ![]() Senior Member ![]() Joined: 16-Dec-2018 Online Status: Offline Posts: 101 |
![]() ![]() |
Алтернативен пат за Скопје до Охрид постои, тоа е патот преку Плетвар-Прилеп-Битола-Ресен. Тој се користеше во 2001 год. Затоа и тогаш е направена третата лента на Плетвар. Кога заврши конфликтот и се продолжи повторно преку Тетово се батали доградбата на овој пат, до ден денес не ја дозавршија една делница од 10тина километри на Плетвар за да биде цел превој со 3 ленти, а таа делница е релативно права и лесна за проширување, ни тунел треба ни вијадукти ништо скапо.
|
|
![]() |
|
Vasilij ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jun-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 339 |
![]() ![]() |
Што сакаш да кажеш со делот долгорочноста и одржливоста на оваа држава?! Ако мислиш на Тетово и Гостивар тогаш ова ми делува како на МАНУ една идеја од пред 20 години. Не сакам навистина да мешам политика ама оваа држава е членка на НАТО, границите на оваа држава не се од вчера и не се цртани баш рандом, туку истите одат по планини, сртови, а внатре секој регион е нерасинлив дел (барем географски) од остатокот. Не гледам како би постоела оваа воопшто без Тетово Гостивар и Кичево, а патем во тие 3 града живеат можеби 40-45% од албанците во Македонија, другите 50-55 се во Скопје, Куманово и Липково. Поентата е, не е ова Босна, па да има етнички чисти средини со Бошњаци, Хрвати или Срби, и не е Македонија 100 000км2 па да си прекројува некои граници. Државата можеби е на климави нозе од аспект на институции, владеење на правото и економија, ама во поглед на територјалниот интегритет никако.
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Не ми беше муабетот какво е локалното население во Патишка Река, тоа е небитно и минорно. Скопје мора да има алтернативна куса врска со Брод, Кичево, Охрид, не да се ослонува само на полошката која е најефтина и пред се постоечка. Гостивар-Кичево автопат не е некоја голема разлика во цена. Мислам ако долгорочноста и оддржливоста на оваа држава е на климави нозе, и тоа не го правиме табу тема, туку на време размислуваме на future-use коридори, врска Скопје-Охрид алтернативна мора да постои.
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Во тој дел има доста Македонци кои биднале Албанци.
Имајќи предвид дека е заштитено подрачје, а теренот е многу тежок, тешко дека би бил изводлив експресен пат. И да го има, само тунелот од 9km би чинел над 200 милиони. |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Marxentric ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
Се согласувам за тунелите, но зарем не мислиш дека ова би бил прескап проект, со оглед на сите тие планини, Козјачкото езеро итн.? Не ми е познат тој регион, читав нешто за Патишка Река, пишува дека таму живеат православни Албанци, тоа е причината што мислиш дека демографски е издржана идејата? |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Најдобра работа што може Македонија да направи на долг рок е да пробие тунел 9км ПатишкаРека-Белица и да се добие експресен пат со разумни радиуси. Еден тунел е голем, другото се само мали засеци, ептен кратки тунели, галерии, насипи. Скопје-Прилеп 110км, Скопје-Битола 130км, Скопје-Брод 70км, Скопје-Кичево 100км, Скопје-Охрид 150км. Со оглед на тоа што би привлекло сериозна бројка возила и би имало рачуница за инвестирање. 9км не е научна фантастика по свет веќе 40тина години се пробиваат и 20км-ски тунели.
![]() Неколку аспекти на ваквата опција. Немора да се инвестира цела одеднаш, може да се градат парцијално елементите: - Прво тунелот најголем кој ќе се усклопи привремено на постоечка патна мрежа. Би се наплаќало тунеларина. - Усеци, засеци, помали тунели, постепено пробивање на трасата. - Ставање во функција на овие елементи изградени во функција на локалната патна мрежа и така постепено да се изцрта експресниот пат. - Не мора да се прават големи известиции и да се очекува све наеднаш да се заврши. - Процена 150-200 милиона. Со 30-40 милиона може да се завршат неколку покрупни зафати и да се успостави разумен коридор за патен сообраќај но не и товарен на пример. - Ако веќе се гледа кој и дали заслужува, кога веќе во таа насока се однесе муабетот, мисламд ека тука има поголема маса народ која заслужува добар излез према главниот град и према Европа. - Поречието може да биде елитна спална соба на Скопје и нагло да му се крене цената. Edited by user8642 - 04-Jun-2020 at 16:52 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |