![]() |
![]() |
![]() |
Градилишта |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
К.Вода на бул,Борис Трајковски скоро цела десна страна во правец кон исток е узурпирана од новите градилишта
![]() https://www.facebook.com/photo/?fbid=216233894637035&set=a.112991501627942 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПОВЕЌЕ ГРАДЕЖНИЦИ ГРАДАТ СПРОТИВНО НА ЗАКОН, ЌЕ ГИ ЗАЧЕСТИМЕ КОНТРОЛИТЕ, ВЕЛИ ГЕРАСИМОВСКИ
Повеќе градежници не ги почитуваат законските прописи на градилиштата, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Затоа, вели тој, формирана е нова комисија која секојдневно ќе врши инспекциски контроли низ општината. „Иако имаат уредна документација за градба, по зачестените контроли на терен увидовме дека не се почитуваат законските прописи на повеќе градилишта. Поради тие причини формиравме нова комисија и тројно ги зголемивме инспекциските контроли. Новата комисија ќе врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби. Тие ќе бидат одговорни да следат точно што се случува на терен, од почнување на градбата до нивно завршување“, вели Герасимовски. Општина Центар во моментов е претворена во големо градилиште. Откако се укина мораториумот инвеститорите повторно ги започнаа постапките за добивање градежни дозволи, со што се продолжи бетонизацијата на центарот на градот. Покрај контролите за дивоградби и за одвивање на градежните зафати кај легалните објекти со одобренија за градба, комуналните инспектори од Општина Центар изминатите неколку недели спроведуваа контроли согласно Законот за јавна чистота. На терен изведувачите се информираат за насоката градежните објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани тркала, да не оставаат градежен шут, отпад и градежен материјал, освен на места определени за таа намена и да не се пали и уништува смет. Инспекцијата апелира и граѓаните да се воздржат од палеље на огнови на отворено за греење на работниците. Сите возила што излегуваат од градилиштата мора да имаат чисти и измиени тркала и да се покриени со церади, поради контрола на прашината. Според извештаите од комуналната инспекција, известени и контролирани се околу 20 градилишта, утврдени се неколку неправилности и санкционирани се превозници со валкани тркала. Извршени се повеќе вонредни надзори по пријави од граѓани, при што се изречени 3 глоби на правни лица и одговорни лица, во вредност од по 1.300 евра за оставање градежен шут на јавни површини и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/poveke-gradezhnitsi-gradat-sprotivno-na-zakon-ke-gi-zachestime-kontrolite-veli-gerasimovski/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Сè почесто гледаме хаос: Потребни се организирани и безбедни градилишта
Една од темелните фази при изградба на објектите е добрата организација и изработката на шемата на градилиштата, но инвеститорите, проектантите, ревидентите, изведувачите, надзорот и инспекциските служби како да забораваат да ги исполнат своите професионални и законски обврски. Многу малку се посветува потребното внимание на речиси секое градилиште во земјава, особено во градовите на локациите каде што има тесни грла или на локации со целосна околна изграденост. Градилиштето е простор на кој се гради градежен објект или се изведуваат градежни работи и простор на кој се сместуваат машините за градење, градежните материјали за градба, работилници за припремни работи, инсталации потребни за градба, канцелариски простории, санитарни јазли, опрема и инсталации за безбедносен надзор или простор за чувар. Градилиштето треба да биде оградено и да има информациона табла со податоци за инвеститорот, проектантот, изведувачот на работите, надзорот, името и видот на објектот, податоци за градежната дозвола, почеток и завршеток на работите. Како резултат на пропустите на некои чинители во организацијата на изградбата на објектите, денес сè почесто гледаме и среќаваме градилишта каде што владее општ хаос, опасност од повреди, застој во изведување на работите, опасност од пожари, застој на функционирање на сообраќајот и околниот простор и слично. Честа е сликата на монтажа и движење на кранови и дигалки вон локацијата за градба на објектот, како и попречување, а дури и спречување пристапи кон соседните, веќе изградени објекти, со несоодветно складирани градежни материјали. Се узурпираат постојните паркинзи и локалните улици, за што понекогаш се бара интервенција и асистенција на полициските органи, ги нема заштитните огради, оплатите против одрони, неретко изостанува обезбедување на градежната јама со шипови, или тоа се прави недоволно, а изостанува и потребното ноќно обележување и осветлување. ![]() ![]() Ретко се монтираат заштитни оплати за минувачите и за соседните објекти или соодветни заштитни скелиња за работниците и техничкиот персонал на објектот. Посебна приказна е траспортот на градежните материјали, особено при транспортот на бетон, цемент, вар, разни малтери, земја, песок и чакал, кога од пумпите за бетон, миксерите за бетон и камионите се истураат многу од набројаните материјали, кои потоа не се чистат и се разнесуваат во околните објекти, или преку воздухот се пренесуваат и во подалечната околина. За чистење и миење на транспортните средства ретко се преземаат активности. Неретко на градилиштата се среќаваат импровизирани електрични приклучоци, кои се потенцијална опасност за вработените и минувачите. Исто така на повеќето градилишта не се почитува обврската за носење лична заштитна опрема, а нема ниту соодветни информациони табли за градилиштето. Сите овие пропусти и недостатоци придонесуваат за поскапа градба и небезбедна организација на градилиштата, која пак доведува градежната индустрија да биде при врвот по повредени и починати работници, за што одговорност речиси никој и не презема. За ефикасно да се уреди и организира градилиштето, како и да се елиминираат повеќе од набројаните пропусти, потребно е да се изработи соодветен елаборат за уредување на градилиштето (план за уредување на градилиштето или проект за уредување на градилиштето) и истиот доследно да се реализира и контролира. Шемата на градилиште претставува детален приказ – ситуација, која во зависност од големината на локацијата се изработува во размер од 1 : 200 до 1 : 1.000, по потреба со додатни цртежи или скици, кои може да бидат изработени и во други размери. Шемата на градилиштето содржи: - димензии на градежната парцела - висински коти и нивелација на постојното земјиште - регулациони и градежни линии, положба и катност на објектите - положба и броеви на соседните катастарски парцели и згради и име на улиците - приказ на објектот кој се гради - распоред на опремата за работа - приказ на планираните привремени објекти - распоред на приклучоците за инфраструктура - места за складирање на градежните материјали - влез и излез од градилиштето со внатрешните сообраќајници Ако доследно ги почитуваме сите погоренаведени мерки секако дека ќе имаме добро организирани и безбедни градилишта. ![]() https://www.porta3.mk/se-pochesto-gledame-haos-potrebni-se-organizirani-i-bezbedni-gradilishta |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Двајца починати и еден повреден при пад на кран во Кавадарци
https://kanal5.com.mk/dvajca-pochinati-i-eden-povreden-pri-pad-na-kran-vo-kavadarci/a537279 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ДВАЈЦАТА РАБОТНИЦИ ГО МОНТИРАЛЕ КРАНОТ КОЈ СЕ ОТКАЧИЛ: Падот од огромна висина бил кобен за нив, увидот се уште трае
Причината за загинувањето на двајцата млади работници од Скопје е откачувањето на кранот кој го монтирале за да се изведуваат градежните работи на станбена зграда со деловен простор на влезот на Кавадарци, потврди за Фактор, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. -Несреќата се случила точно во 9.40 утринава. Работниците се од Скопје. Станува збор за млади луѓе. Неофицијално едниот е околу 30 години, другиот околу 50. Тие го монтирале кранот за да може да се изведуваат градежните активности на новата станбена зграда. При самата монтажа кранот се откачил, и за жал падот од огромна висина за нив бил кобен. Зградата што се гради е на самиот влез на Кавадарци, спроти хотелот ФЕНИ. Јас сум уште тука, увидот трае, вели јанчев во изјава за Фактор. Директорот на Опшатата болница-Кавадарци, д-р Диме Коцев, вели дека работниците воопшто не се донесени во болницата, бидејќи брзата помош на лице место констатирала смрт. -За жал работниците загинале на лице место. Тоа го констатираше екипата на Брзата помош и во таков случај, воопшто не ги носат во болница. Веднаш е повикана полиција и јавен обвинител и телата ќе бидат дадени на обдукција. На градежната локација има и трудова инспекција, вели д-р Коцев. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот. https://faktor.mk/dvajcata-rabotnici-go-montirale-kranot-koj-se-otkachil-padot-od-ogromna-visina-bil-koben-za-niv-uvidot-se-ushte-trae |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Последна активност од градот во врска со овој проблем била направена во 2018 и тоа мислам од градилиштето кај Веро Тафталиџе
![]() Значи сепак има основа за казнување и регулирање на овој проблем но очигледно се нема волја кај надлежните да се ажурни и да ги санкционираат ваквите работи. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Бидна кал и прашина по цел град. Едноставно никој не се замара со тој проблем,не знам дали и како е законски регулирано но секој што се решил да прави зграда и да инвестира милиони сигурно може да издвои 100-200 евра за најобичен автомат и да издвои двајца вработени кои ќе ги поминуваат тркалата од секое возило пред да го напушти градилиштето. Ама очигледно не сакаме да ни биде чист градот и успешни сме во тоа. Големите комплекси што се градат генерираат огромна прашина(Ист Гејт,Супериум,Дајмонд и ред други).Пред некој ден кога бев низ Автокоманда околу Пожарна и во околината буквално улиците беа бели од ситна градежна прашина,ништо подобро не е ниту Кисела Вода ниту Аеродром. |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
а што бидна со тоа дека камионите и машините не смеат да го напуштаат градилиштето калливи?
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |