build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 27>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 19-Dec-2021 at 12:19
Јас незнам до кога ќе чекаме некоа Врховен Совет пи ЦК на СКМ да утврдува колку било "фер" да бидат цените и слични такви антипазарни механизми во оптек, оставштини. ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА!!! Тотален free-market на струја, па после тоа ако треба ќе дели владата субвенции за одредени групи, ама битно да се купува и продава по пазарни цени, и да дојдат уште многу мали терциајрни дистрибутери. За да нема повеќе ситуации Грчец и подрумот на ГТЦ. Ако се крадат меќу себе нека се крадат.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2086
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 18-Dec-2021 at 18:57
Ако ова не е доволен поттик за државата да почне на големо да вложува во обновливи извори на енергија не знам што треба да се случи...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 18-Dec-2021 at 15:50
РЕАЛНО БИ БИЛО СТРУЈАТА ДА ПОСКАПИ ЗА 50 ОТСТО - експертите децидни, Владата стои на 10 проценти, РКЕ не сака да лицитира

Барањата за поскапување на струјата за 40 отсто, според експертите, се реални, поради високите берзански цени и ниското домашно производство.

Професорот Константин Димитров за Канал 5 изјави дека државата ќе треба повеќе да го одврзе кесето за да ги покие трошоците и цената на струјата од први јануари да остане ниска.

„Најреално би било струјата да оскапи до 50 отсто, ако биде под 50 отсто, тоа е политичка мерка. РКЕ си кажа јавно, една или две фирми си бараат најреално 30 проценти. Значи, најреално поскапувањето би било 50 отсто. Владата може да донесе политичка мерка да ја 'замрзне' цената на струјата, ама реално тие пари мора да ги издвои од буџет и да им ги плати на компанииве. Тие инаку можат да речат, не увезуваме струја, немаме пари“, вели Димитров.

Финалната одлука ќе ја донесе РКЕ до крајот на идната недела.

Канал 5 имале сознанија дека ТЕЦ Осломеј веќе неколку дена не произведува струја.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски порачува дека како регулатор нема да лицитираат со цената на електричната енергија што ќе ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар по 1 јануари се додека не ги направат потребните анализи. Посочува дека одлуката за цената треба да биде донесена до крајот на месецов и нагласува дека јавноста детално ќе биде информирана колку биле, кои се трошоците и што предизвикува да има промена на цената на електрична енергија.

Тој во интервју за МИА посочува дека одлуката за цената треба да биде донесена до крајот на месецов и нагласува дека јавноста детално ќе биде информирана колку биле, кои се трошоците и што предизвикува да има промена на цената на електрична енергија.

„Ние кажавме дека со цени нема да лицитираме. Ги добивме барањата од сите три компании. Сега ги анализираме, ги разгледуваме и тоа во делот на набавка на електрична енергија, трошоци за обновливи извори, дали ќе има трошоци за увоз, тоа е кај ЕВН Хоум и во делот кај Електродистрибуција и кај МЕПСО. Факт е дека двете компании пријавуваат значително зголемени трошоци за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во нивните мрежи и всушност тоа го прави најголемиот притисок врз цената. Ние ќе видиме дали се реални тие цени коишто тие ги побарале за набавка на електрична енергија, негде се околу 220-230 евра за мегават час, дали може да бидат пониски и врз основа на тоа ќе ја донесеме нашата одлука. Потенцирам дека ние со цени нема да лицитираме додека не направиме анализи и за сето тоа ќе ја информираме јавноста колку биле, кои се трошоците и што предизвикува да има промена на цената на електрична енергија.

Факт е дека најголем проблем ни е покривање на загубите и во преносната и во дистрибутивната мрежа. Во преносната мрежа се некаде околу 15-16 милиони евра побарано од нив дека се зголемени нивните трошоци, а во дистрибутивната мрежа 134 милиони евра. Значи, тоа се факти. И тука не може да се лаже. Тоа се тие бројки коишто ги пријавиле како трошок и факт е дека електричната енергија на берзата во Унгарија на ХУПЕКС денеска се приближи на 400 евра за мегават час. Тоа е фантастична цена и транспарентно го објавуваме и го кажуваме дека тоа има сериозно влијание и општо врз целокупниот пазар на електрична енергија не само во земјава, туку и во целиот регион“, рече Бислимовски.

https://faktor.mk/realno-bi-bilo-strujata-da-poskapi-50-otsto---ekspertite-decidni-vladata-stoi-na-10-procenti-rke-ne-saka-da-licitira
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 16-Dec-2021 at 10:01
НАЈАВЕН ЕЛЕКТРИЧЕН ЦЕНОВЕН ШОК ОД 38 ОТСТО Како ќе пресечат регулаторите следната недела?

Енергетските компании веќе доставија пресметки за тоа колку им пораснале трошоците во исминатиот период со барање за зголемување на цената на струјата за крајните потрошувачи. Регулатоната комисија следната недела ќе одлучи колку од овие трошоци ќе признае и ќе одлучи колкава ќе биде зената за домаќинствата. најавено е зголемување но засега не се знае за колкав процент.

Според она што го побарале енергетските компании може да се очекува зголемување од околу 38 отсто, но регулаторите имаат механизми да определат понизок процент.

ЕВН – Електродистрибуција веќе доставила барање за 100 отсто зголемување поради големите загуби во мрежа и високите берзански цени на струјата, што би значело 34 отсто зголемување на крајната сметка за струја. Се очекува да пристигне и барањето од МЕПСО, кои веќе најавија дека нивните пресметки покажуваат 60 отсто поголеми трошоци, што би значело дополнителни зголемување од 4 отсто на крајната сметка. Освен МЕПСО, се очкеува и барањето на ЕВН Хоум.

– Побарано е 100 отсто пред се зголемени трошоци за загуби кои вклучуваат 140 милиони евра поради надворешни влијанија, нема нови вработувања таму. И доколку се прифати 33 – 34 отсто на крајна цена. Доколку е така крајна цена дополнително 4 отсто, значи без ЕВН 37-38 отсто зголемување – изјави Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Останува отворено прашањето и дали по Нова Година се уште ќе има дневна евтина тарифа.

Бислимовски објаснува дека тоа ќе зависи од повеќе фактори и допрва ќе се анализира дали ќе се укине или не, со цел да нема дополнителен ценовен шок за домаќинствата.

https://plusinfo.mk/na-aven-elektrichen-cenoven-shok-od-38-otsto-kako-e-presechat-regulatorite-slednata-nedela/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 08-Dec-2021 at 15:59
АКО ДОСЕГА ПЛАЌАВТЕ 3.000 ДЕНАРИ ЗА СТРУЈА, ОТСЕГА ЌЕ ПЛАЌАТЕ ОКОЛУ 3.300 ДЕНАРИ Поскапувањето нема да надмине 10 проценти

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека не очекува зголемувањето на цената на електричната енергија да надмине 10 проценти. Утре се очекува ЕСМ да донесе одлука со каква цена ќе учествува на јавниот тендер на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

– Согласно Законот за енергетика, цената на струјата од 1 јануари за првите шест месеци од 2022 година ја потврдува Регулаторната комисија за енергетика, но имајќи предвид дека цената што ќе ја понуди ЕСМ кон универзалниот снабдувач многу влијае врз финалната цена, согласно сите проекции, зголемување над 10 отсто нема да има. Со тоа се отфрлаат сите предвидувања од експерти во областа на енергетиката и од одредени политички партии дека зголемувањето ќе биде 30, 40 или 50 отсто – изјави Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на ски центарот Попова Шапка.

Според него, доколку енергетските компании работат како треба, тогаш не би требало и во иднина да има зголемување на цената на струјата.

– Ако енергетските компании работат на начин како сега, односно двата блока во РЕК Битола, во функција е и ТЕЦ Осломеј, а наредната недела чекаме да почне испораката на мазут за да се стави во функција и ТЕЦ Неготино и ако се подобри и хидролошката состојба, тогаш убеден сум дека и во иднина ќе нема зголемување на цената на електричната енергија. Зборувам за регулираниот пазар, за домаќинствата бидејќи обврска на ЕСМ е да покрива 60 отсто од потребите на универзалниот снабдувач, но за да нема зголемување на цената, одлучивме ЕСМ во првите шест месеци од 2022 година да покрива 100 отсто од потребите на универзалниот снабдувач кој ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи – рече Бектеши.

https://plusinfo.mk/ako-dosega-pla-avte-3-000-denari-za-stru-a-otsega-e-pla-ate-okolu-3-300-denari-poskapuva-eto-nema-da-nadmine-10-procenti/?fbclid=IwAR1ZZwTS9Cd9_iclPlEKPrVVFEzr0JMwd236mlMmZMFqz6ivAdx-n1ey4_4
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 01-Dec-2021 at 14:00
ВЛАДАТА ЈА ПРОДОЛЖИ КРИЗНАТА СОСТОЈБА ЗА СНАБДУВАЊЕ СО СТРУЈА ДО 9 ЈУНИ

Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со струја за дополнителни 6 месеци, односно до 9 јуни. Предлог-одлуката ќе биде доставена на усвојување до Собранието.

„Предлогот за продолжување на рокот на кризната состојба има за цел да обезбеди континуитет во спроведувањето на мерките и активностите за надминување на состојбата во снабдувањето со електрична енергија“, се вели во соопштението на Владата.

Владата на 9 ноември донесе одлука за воведување кризна состојба во траење од 30 дена заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија. Тогапш министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека со прогласувањето на енергетска кризна состојба, единствена мерка која произлегува од оваа одлука е да се вбризгаат финансиски средства во енергетските компании со цел да се стабилизира состојбата на пазарот на електрична енергија, односно не се предвидени рестриктивни мерки.

„Операторот на преносниот систем МЕПСО изготви Извештај за проценката на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за последниот квартал на оваа година. Според доставениот извештај, Комисијата процени дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија“, кажа на прес-конференцијата на 9 ноември министерот Бектеши, додавајќи дека ваквата проценка на ризици се темели на намалените капацитети на домашното производство, но и поради зголемените цени на светските пазари.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/vladata-ja-prodolzhi-kriznata-sostojba-za-snabduvane-so-struja-do-9-juni/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 24-Nov-2021 at 07:39
РЕГУЛАТОРНА В ГОДИНА ЌЕ ИМА ЗГОЛЕМЕН ТРОШОК ЗА ЕНЕРГИЈА ЗА 35 ОТСТО - колку ќе порасне цената на струјата

Регулаторната комисија за енергетика идната година ќе потроши повеќе пари за енергија, односно за струја и нафтени деривати, во споредба со оваа година.

Поточно, предвидено е расходите за енергија идната година на енергетскиот регулатор да му се зголемат за 35,14 отсто, а тоа е наведено во Финансискиот план за 2022 година на оваа институција.

Или, ако оваа година РКЕ, според пресметките досега и претпоставките за до крајот на годинава, за струја има потрошено 12.000 илјади евра, за идната година се очекува тој трошок да биде близу двојно поголем, односно 22.800 илјади евра.

Кога станува збор за трошоците за бензин, нафта и други деривати, пак, ако годинава тие изнесуваат 8.550 евра, в година ќе бидат нешто повисоки, на ниво од околу 10.000 евра.

Или вкупно, ако годинава за енергија се потрошиле 20.500 евра, идната година енергетскиот трошок на РКЕ ќе и тежи 32.500 евра.

Во Финансискиот план енергетските регулатори го напишале следното објаснување.

„Расходите за потрошена енергија за 2022 година се предвидува да се зголемат за 35,14 отсто во однос на одобрените расходи за енергија со финансискиот план за 2021 година, како резултат на зголемената цена на електричната енергија и нафтените деривати на енергетските пазари“, се вели во објаснувањето од РКЕ.

Ова прашање од аспект на РКЕ не е толку интересно, колку што е интересно од аспект на објаснувањето за зголемената цена на струјата, и значи ли тоа всушност предвидување дека од стартот на идната година за толку ќе се зголеми цената на електричната енергија во земјава, па Регулаторна го вкалкулира во својот финансиски план за идната година.

Фактор ја праша РКЕ зошто предвидува за над 35 отсто да и се зголемат трошоците за струја, и значи ли ова дека РКЕ веќе има некои пресметки дека струјата во земјава идната година ќе поскапи за над 35 отсто.

Од РКЕ велат дека се планира трошоците да се зголемат дел заради враќањето на комисијата во нормално работење после пандемијата, што значи ќе нема работење од дома, дел поради зголемениот обем на работа, но и признаваат дека тие купуваат струја на слободниот пазар, а знаеме дека таму се многу повисоки цените на електричната енергија.

„Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги во Финансискиот план за 2022 година ги проектира расходите согласно актуелната пост пандемиска година во која се планира враќање во целосна нормала и функционирање на целокупната економија. Што се однесува до расходите кои се наменети за потрошувачката на електрична енергија за 2022 година, истите се зголемени согласно очекувањата за враќање во целосен континуитет на нормален режим на работа, што подразбира зголемена потрошувачка на електрична енергија, за разлика од претходната година кога беа спроведени превентивни мерки на Владата на РСМ за заштита и превенција од ширење на Ковид-19, кои се однесувааа на работа од дома, во смени или ротации. Дополнително поради зголемените надлежности во РКЕ кои произлегуваат од Законот за управување со отпадот, се планираат неопходни-нови вработувања, што значи и дополнителни средства во однос на потрошувачката на електрична енергија. Во исто време Ве информираме дека РКЕ набавува електрична енергија на слободниот пазар“, се вели во одговорот од Регулаторната комисија за енергетика.

Уште една друга работа паѓа во очи од Финансискиот план на РКЕ, а тоа е дека идната година оваа институција ќе има значајно зголемени трошоци за плати. Односно, ако годинава за плати биле исплатени 533.000 евра, идната година за таа намена ќе се потрошат 634.000 евра.

Или, трошоците се зголемени за близу 20 проценти.

„Предвидени се средства за платите на вкупно 49 вработени во Регулаторната комисија за енергетика, од кои 44 се тековно вработени и пет се нови вработувања, што е предвидено да се реализираат во 2022 година, врз основа на планираниот зголемен обем на работни обврски, а согласно новите надлежности на Регулаторната комисија за енергетика, предвидени со Законот за управување со отпадот. Ставката Плати и надоместоци на плати ги содржи потставките - нето плати, задолжителни придонеси од плати, персонален данок и останати надоместоци во согласност со закон, и планираниот износ е за 19,94 отсто поголем во однос на одобрениот со финансискиот план за 2021 година“, се вели во Финансискиот план за идната година.

До РКЕ поставивме прашање зошто планираат расходите за плати да се зголемат за над 19 отсто, односно дали тоа е само за новите вработувања, или ќе има и зголемување на платите на постојните вработени.

Оттаму се децидни дека РКЕ со предложениот финансиски план за 2022 година не планира зголемување на платите на вработените. Но, ќе има нови вработувања поради новите надлежности на комисијата, а РКЕ презела и двајца согласно Рамковниот договор, па и за нив треба да се предвидат плати.

„Согласно новиот Закон за управување со отпад кој беше донесен во 2021 година на РКЕ и е доделена нова дополнителна надлежност која подразбира регулаторот да ги утврдува тарифите за управување со комунален отпад. Согласно новата надлежност, која е комплексна, неопходно е РКЕ да се доекипира со соодветни кадри и да формира дополнителни организациони единици. Дополнително, во текот на оваа година во РКЕ согласно Законот за преземање на административни службеници вработени преку К-5 програмата во Министерството за политички систем и односи меѓу заедницитебеа преземени двајца вработени, што дополнително влијае врз расходната страна на буџетот на РКЕ“, објаснуваат од Регулаторната комисија за енергетика.

https://faktor.mk/regulatorna-v-godina-kje-ima-zgolemen-troshok-za-energija-za-35-otsto---kolku-kje-se-zgolemi-cenata-na-strujata
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 893
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 23-Nov-2021 at 21:51
Баш ме интересира дали и Ковачевски си купва дрва за грејната сезона во средина на Декември.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 23-Nov-2021 at 16:14
ЕСМ набави само 90 илјади тони јаглен од Косово, за останатите количини ќе има нов повик

Електрани на Северна Македонија објави дека е прифатена понуда од 90 илјади тони јаглен од Косово за потребите за РЕК Битола, додека за останатите 810.000 тони ќе има повторно нов, односно трет повик за прибирање понуди.

„Од деветтте фирми кои дадоа 14 понуди од различни рудници во Р. Северна Македонија и од регионот, дел од понуди не одговараа технички во однос на јагленот, додека дел имаа недостатоци во економско-финансиската евалуација, односно во назначениот рок немаа доставено комплетна документација.

Од тие причини, повторно ќе биде објавен отворен повик во времетраење на целата грејна сезона и очекуваме да се обезбедат дополните 810 илјади тони јаглен за РЕК Битола и 170 илјади тони за РЕК Осломеј“, се вели во соопштението на најголемиот производител на струја во земјата.

Само понудата на јаглен од Косово ги задоволувала техничките, финансиските и количинските барања на повикот.

„Економскиот оператор не успеа во првиот рок навремено да достави договор склучен со КЕК-државните електрани на Косово како испорачувач на јагленот, поради тековната промена на раководниот тим во косовските државни електрани. Сите економски оператори ќе имаат можност во текот на грејната сезона да доставуваат понуди, до обезбедување на бараните количини“, се дополнува во информацијата.

АД ЕСМ,дополнува дека нивото на ископан јаглен на депонијата во РЕК Битола изнесува 200 илјади тони.

https://faktor.mk/esm-nabavi-samo-90-iljadi-toni-jaglen-od-kosovo-za-ostanatite-kolichini-kje-ima-nov-povik
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 17-Nov-2021 at 17:59
Третиот блок во РЕК Битола нема да проработи до крајот на годинава



https://telma.com.mk/2021/11/17/третиот-блок-во-рек-битола-нема-да-прор/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 17-Nov-2021 at 16:36
МИЦУБИШИ“ ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО РЕК БИТОЛА? Јапонците заинтересирани да градат гасна електрана

Делегација на јапонскиот производител „Мицубиши“ ги посети АД ЕСМ и Подружницата РЕК Битола за да ги испита можностите за изградба на гасна електрана со моќност од 250 MW во кругот на РЕК Битола.

На средбите со Управниот одбор на АД ЕСМ и со менаџерскиот тим на РЕК Битола, претставниците на јапонскиот гигант изразија подготвеност за активно учество во изградба и на други постројки кои се предвидени во планот за трансформација на производството на електрична енергија во Република Северна Македонија, односно за реализација на т.н. зелено сценарио во енергетиката. Согласно податоците што ги сподели делегацијата на ‘Мицубиши’, изминатите три години оваа јапонска компанија има вложено околу две милијарди евра во изградба на гасни централи за производство на електрична енергија. Врз основа на овие импозантни податоци, претставниците на ‘Мицубиши’ гарантираат ставање во функција на гасната централа во РЕК Битола до почетокот на 2026 година“, соопшти ЕСМ.

Делегацијата на „Мицубиши“ оствари средба и со претставници на Владата на Република Северна Македонија од каде била изразена подготвеност заедно со АД ЕСМ да се работи на проект за стратешко партнерство со јапонскиот производител.

https://plusinfo.mk/micubishi-e-vleze-vo-rek-bitola-aponcite-zainteresirani-da-gradat-gasna-elektrana/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 15-Nov-2021 at 17:46
ЕСМ не се јави на тендерот на ЕВН, струја за граѓаните ќе се увезува од странство а сметките ќе растат



На тендерот на универзалниот снабдувач за обезбедување на струја за граѓаните за следната година, државната ЕСМ не даде понуда, дознава Сител.

Согласно законот за енергетика, државните електрани имаат обврска да покријат 60 проценти од потребните количини за домаќинствата. Со ова дополнително се проблематизира работата со електрчната енергија, бидејќи сега согласно законот ЕВН ХОУМ ( Универзалниот снабдувач) ќе мора потребните количини да ги обезбеди од увоз на струја по рекордно високи цени.

Како за илустрација, државната ЕСМ досега на ЕВН ХОУМ, струјата за домаќинствата му ја продаваше за 37 евра за мегават час, а сега ќе мора да ја купи за над 200 евра за мегават час. Вообичаено компанијата за да ја држи ниска цената за граѓаните, ја нудеше својата електрична енергија по дампинг цена. Со ова станува се позвесно дека цената за домаќинствата од јанаури ќе се зголеми двојно.

Инаку тендерот беше распишат на 2 ноември согласно законот кога требаше да се обезбеди струја за домаќинствата за 2022 година.

За лошата состојба со струјата, неколку пати предупредија и експертите и посочија дека не чека тешка зима. Објектите се стари и дотраени и не може да ги испорачаат потребните количини струја.

Пред неклку дена и владата прогласи кризна сосотјба во енергетиката, во времетраење од 30 дена. 65 милиони евра се префрлија на ЕСМ но за што точно ќе се користат овие пари се уште не се знае. Во меѓувреме и МЕПСО ја чека сметката за влечењето на струјата од европската мрежа која се чека да биде најмалку 16 милиони. Очекувањата се дека сосотојбата со струјата ќе се стабилизра дури во втората поливна догодина.

https://sitel.com.mk/esm-ne-se-javi-na-tenderot-na-evn-struja-za-gragjanite-kje-se-uvezuva-od-stranstvo-smetkite-kje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 15-Nov-2021 at 15:03
СТРУЈА ПАК САМО ОД ЕДЕН БЛОК НА РЕК БИТОЛА: Блок 2 го пуштија ноќеска, а сега го испитуваат

Во функција е ама не произведува струја. Вториот блок на РЕК БИтола сега повторно не произведува струја откако синоќа во 2.45 часот бил пуштен на мрежата. Од комбинатот потврдуваат дека моментно на постројката се изведувал технолошки процес на испитување на заштитата на генераторот. Ветуваат дека ова ќе заврши до крајот на денот. Сега, значи повтроно струја произведува само еден болк на комбинатот.

„Станува збор за испитување на нова, софистицирана опрема за заштита на генераторот од германскиот производител Сименс која беше набавена и инсталирана со цел зголемување на доверливоста на капацитетот и заштита на опремата. Испитувањата се очекува да завршат во попладневните часови по што Блок 2 повторно ќе биде пуштен во електроенергетската мрежа, велат од РЕК Битола.

https://faktor.mk/struja-pak-samo-od-eden-blok-na-rek-bitola-blok-2-go-pushtija-nokjeska-a-sega-go-ispituvaat
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 14-Nov-2021 at 19:42
@Гитардемон Сакаш да кажеш дека граѓаните со желбата за здрав воздух за дишење и заштита на националните паркови допринесоа ПРЕНЕСПОСОБНИТЕ државни власти да не доведат во ситуација во државава да не се произведува струја колку што се произведувало во 1996 година?!?

Која постројка е затворена поради граѓаните?

Ситуацијава не е воопшто наивна, а во тоа најмалку се виновни граѓаните.

Зашто никој не го споменува криминалниот закон донесен во време на поранешниот вицепремиер во кој стриктно се забрани домаќинствата да продаваат електрична енергија добиена преку ветер/сонце на нивните покриви на самиот систем со што практично се уништи единствената шанса да се мрднеа работите од мртвило.

Дополнително, неспособните власти со неископаните количини на јаглен, неизвршените ремонти, непредвидените празнења на езерата продавајќи енергија претходно, немањето стратегија за било што, ниту изградбата на било каков друг енергетски објект се ЕДИНСТВЕНИТЕ виновници за ова.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1161
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 14-Nov-2021 at 16:17
Може и тоа и тоа. Битола, Осломеј и Неготино на гас. Секако, прво до Москва и Катар на баци рака. Паралелно со тоа, привлекување приватен капитал за Чебрен, Галиште, соларни електрани и ветерни паркови.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 14-Nov-2021 at 15:11
Е сакаме и здрава животна средина, а сакаме и струја. You can't have your cake and eat it (Не може и волкот сит и овците на број).

Не сакавме да инвестираме во Белене, бевме против Чебрен и Галиште, и РЕК Битола и Осломеј ни пречат... Ништо лошо во тоа, ама струјата нема магично да излезе од никаде. Ќе ја плаќаме по увозни цени. Да, неспособни се властите, ама и да беа способни пак ќе требаше да се изградат дополнителни капацитети, особено хидроцентрали.

Edited by гитардемон - 14-Nov-2021 at 15:11
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 14-Nov-2021 at 14:57
од твитер

Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 13-Nov-2021 at 21:01
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 893
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 13-Nov-2021 at 20:14
Ако не грешам, ова "79% од вкупното дневно производство" се однесува само на домашното производство, што нема врска со потрошувачката, и тука статијата е нејасна. Не знам точно колку беше, ама ми се чини дека во нормални услови произведуваме, со сите капацитети, околу 60-70% од тоа што го трошиме/ни е потребно. Некој поупатен?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 13-Nov-2021 at 18:00
ТЕМА НА ТВ 24: ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТИ ВО ЗЕМЈАВА - КАКО ДОЈДОВМЕ ДО СОСТОЈБА НА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА?



8 големи и 93 мали хидроцентрали, 3 термоцентрали на мазут и јаглен и три на биогориво, 1 ветерна електрана и 63 фотонапонски електроцентрали. Ова е вкупниот електроенергетски капацитет со кои располага Македонија.

Термоцентралата РЕК Битола е најголемиот производител на струја кај нас. Заедно со термоелектраната Осломеј, обезбедуваат 79% од вкупното дневно производство на електрична енергија. Токму овие два капацитети се во фокусот на вниманието деновиве. За да ја амортизира енергетската криза, државата набави јаглен, за да ги стави во целосен погон овие две централи. Сепак, застарената опрема и слабото одржување, прават чести испади од системот. Последните се случија пред неколку дена, кога во РЕК Битола прво се запали трансформатор, па пукна цевка, поради што мораше да се запре производството на струја.

И РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј се изградени пред точно 41 година. Последниот блок на битолската електрана е пуштен во употреба во 1988 година. Оттогаш, Македонија нема изградено сериозен електроенергетски капацитет, со кој земјава не би била увозно зависна.

Македонија веќе 12 години не ја користи термоелектраната во Неготино за производство на струја. Иако нејзиниот капацитет е една третина од РЕК Битола и не е неза-немар-лив, централата која како енергенс го користи мазутот, не е во функција. Сериозната енергетска криза ја натера владата да прави сценарија, со кои наскоро ќе го пушти овој капацитет во погон.

Пред две недели од таму соопштија дека анализираат можности за обезбедување на мазут во најкус можен рок, како би можело и ТЕЦ Неготино да се вклучи и да работи со целосниот капацитет. Во секој момент се очекува оваа термоелектрана да започне со пробна работа, оти последен пат работела во 2009 година.

Вториот голем потенција за производство на струја е водата. Најзначајни се хидроелектраните Вруток и Тиквеш. Првата е дел од трите хидроелектрани од т.н. Мавровски слив. Според експертите, ова производство е најефтино, но тоа зависи од хидропотенцијалот на акумулациите. Поради ова, но и поради капацитетите на централите, само 18 проценти од дневното производство на струја во земјава отпаѓа на хидроелектраните.

Земјава има потенцијали за користење на обновливи енергетски извори. Веќе се инвестира во користење на сончевата енергија, енергијата на ветерот и биоенергијата добиена од отпадната маса од земјоделието. Но, капацитетите се се уште мали, па само околу 3 отсто од дневното производство отпаѓа на нив.

Македонија е енергетски неефикасна земја, губи премногу енергија, долго не инвестира во нови енергетски капацитети, поради што е увозно зависна, веќе долго време апелираат експертите. Ако не се подобрат постојните енергетски извори и не се изградат нови, земјава ќе се соочи со забавување на целата економија, огромен трговски дефицит и недостиг од ресурси, коментираат тие.

https://24.mk/details/tema-na-tv-24-energetski-kapaciteti-vo-zemjava-kako-dojdovme-do-sostojba-na-energetska-kriza
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.379 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.