Author |
Topic Search Topic Options
|
Dexter26
Senior Member
Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
|
Quote Reply
#21 Posted: 30-Jul-2013 at 18:58 |
Како тоа ќе биде изработен проект за изградба на нов македонски народен театар ? Па што е ова на нареднава слика, што пишува на источната фасада ?
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#22 Posted: 30-Jul-2013 at 12:36 |
Ќе се гради нов објект за ДрамскиМинистерството за култура денес го презентираше проектот за изградба на нов објект на местото на сегашниот драмски театар.

Како што изјави министерката за култура Елизабета
Канческа-Милевска, покрај овој проект ќе биде изработен и проект за
изградба на нов македонски народен театар.
-Согласно реализацијата на овие проекти по пат на
јавно приватно партнерство, делот во кој ќе бидат сместени театрите ќе
биде во сопственост на државата, додека останатиот дел од објектите ќе
биде даден на користење или, пак, сопственост на приватниот партнер, кој
ќе се вклучи во реализација на проектите, изјави Канческа-Милевска.
Согласно идејното решение и деталниот урбанистички
план, Драмскиот театар ќе биде со висина од 35 метри, а вкупната
нето-површина на објектот ќе изнесува 33.543 метри квадратни.
Како што информира министерката, проектот е веќе
готов,а во тек е изработка на физибилити студија, којашто ќе биде
завршена за околу 70 дена и којашто ќе ја даде оправданоста и начинот на
реализација на проектот. http://ekonomski.mk/?p=49365
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#23 Posted: 23-Jul-2013 at 03:22 |
Избран консултант за изградба на новиот објект на Драмски театарМинистерството
за култура потпиша договор со консултантската куќа „Грант Торнтон“ за
изработка на физибилити студија за оправданоста од воспоставување на
јавно – приватно партнерство и услуги за посредување во реализацијата на
договорот со приватниот партнер за изградба на новиот објект на Драмски
театар. Консултантската куќа доби рок од 160 дена за да ја изработи
документацијата, по што ќе се знае дали надлежното министерство ќе
распише оглас за избор на приватен инвеститор што ќе го гради идното
здание во Карпош 2, на местото на постоечкиот објект. За подготовка на
документација ќе бидат исплатени 10.266.000 денари или околу 165 илјади
евра од државниот буџет. Во изминативе неколку години, за реализација на
новиот Драмски театар беше изработено идејно решение од страна на
архитектите Емил Јегени, Елена Икономов, Јасна Милојковиќ и Билјана
Стојменовска од студиото „Платформа“, но и основен проект од „Монтимпекс
– Инженеринг“ од Скопје.

Идното седиште на Драмски театар треба да биде завршено до крајот на
2015 година. Замислата е постоечката зграда да се сруши и на нејзино
место да се изгради објект со висина од 30 метри. Од предвидените шест
ката, на театарот ќе му припаднат приземјето и првите два ката, додека
останатите простории ќе ги добие приватниот партнер.
Министерството за култура за иста сума
неодамна склучи договор со „Грант Торнтон“ за изработка на физибилити
студија со која ќе се утврди оправданоста од воспоставувањето на јавно –
приватно партнерство и за планираниот нов објект на театарот „Центар“.
#
Објавено на
22.07.2013 во категорија Вести.
Тагови: Архитектонско студио Платформа, Грант Торнтон, Драмски театар, ЗИМ, Културни, Монтимпекс Инженеринг, Скопје, Театри, Тендери и лицитации |
http://www.build.mk/?p=27206
|
 |
S.P.Q.R.
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
|
Quote Reply
#24 Posted: 30-May-2010 at 10:46 |
Почнаа градежните работи за уривање на објектов или нема абер?
|
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
|
 |
S.P.Q.R.
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
|
Quote Reply
#25 Posted: 01-Feb-2010 at 23:57 |
вршат работа фала многу   баш ме интересираше, оти не сум од Скопје а првпат слушам за него
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#26 Posted: 30-Jan-2010 at 22:23 |
Сеуште не се гради, ќе имаше информација ако се градеше  Прво треба да се сруши стариот драмски театар, па на негово место ќе се гради нов објект: 42° 0'8.07"N 21°24'28.48"E координативе вршат работа?
|
 |
S.P.Q.R.
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
|
Quote Reply
#27 Posted: 30-Jan-2010 at 21:47 |
Објектов се гради или што? ако може некој да постира слика каде ќе се наоѓа објектот
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#28 Posted: 20-Nov-2009 at 18:02 |
Еве еден откупен труд Автори: Јован Ивановски Владимир Десков Горан Мицковски Елена Пазарџиевска Ивана ТопаловскаМатеријалите во полна резолуција можете да ги најдете на сајтот на SCArS (во делот „изложба“): http://www.scars.mk/default_mk.html1  2  3  4  5  6  7
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#29 Posted: 25-Apr-2009 at 18:52 |
1  2
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#30 Posted: 01-Apr-2009 at 14:50 |
Originally posted by belo
Aman bre luge...vazno e deka nesto se slucuva...se gradi. Imate tenderi, konkursi-nestata se dzivat...pa koj ke bil gazda...cudoto golemo-ke bide toj sto ke dade pari. ILi mozebi poarno e da skapuvame vo starono teatarce sto prokisnuva od site strani..pa bil li nekoj od Vas vnatre, da proseta zad scena, po gremiorni i drugi prostorii da vidite na sto lici toa???...BTW-dali nekoj znae cii bea proektite sto bea otkupeni na tenderov? |
Во ред е сето тоа што го викаш но неможе да ги игнорираме и "опасностите" во едно такво јавно-приватно партнерство особено поучени од други претходни искуства од сличен тип. Инаку не верувам дека некој е против изградбата на овој објект, напротив одлично е театрите конечно да добијат достоинствен простор. За твоето прашање
Како што е веќе објавено, првата награда за Драмски театар
ја добија архитектите Емил Јегени, Елена Икномов, Јасна Милојковиќ,
Билјана Стојменовска и соработниците Веле Богоевски и Никола Томевски.
Наградата изнесува 400.000 денари. Трудот, според комисијата, е
одбран зашто театарските содржини се функционално распоредени со јасна
комуникација со деловите за публика и оти во густо изградениот простор,
главно со објекти за колективно домување, објектот со неговата
скуптуралност и современ израз ќе го задржи карактерот на маркирна
точка која во моментов ја има. Според решението на јавната набавка за доделување 5 откупи од по 40.000
денари, комисијата решила од вкупниот фонд од 200.000 денари за откупи,
да се доделат 2 откупа со еднаков износ од по 100.000 денари. Автори на
едниот од проекти се Јован Ивановски, Владимир Десков, Горан Мицковски,
Елена Пазарџиевска, Ивана Топаловска и консултант Рубенс Муратовски.
Забелешката за овој проект е дека е дискутабилна поставеноста на
театарската кафеана на бочната страна на објектот, со што постојното
плато пред театарот ја губи моменталната функција на собиралиште на
актерите Вториот проект е на Лилјана Кик со проектните соработници
Бојан Тасев, Иво Кик, Лазар Сојаноски и Наташа Петреска. Главна
забелешка на проектот е што не одговарал на програмските барања, но и
тоа дека гардеробите за актери се на првиот кат, со што нивната
комуникацијата до сцената е отежната. |
http://www.vest.com.mk/?ItemID=495653ADF1CCD2418E674902E7F22EF6
|
 |
belo
Newbiе
Joined: 07-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#31 Posted: 01-Apr-2009 at 12:48 |
Aman bre luge...vazno e deka nesto se slucuva...se gradi. Imate tenderi, konkursi-nestata se dzivat...pa koj ke bil gazda...cudoto golemo-ke bide toj sto ke dade pari. ILi mozebi poarno e da skapuvame vo starono teatarce sto prokisnuva od site strani..pa bil li nekoj od Vas vnatre, da proseta zad scena, po gremiorni i drugi prostorii da vidite na sto lici toa???...BTW-dali nekoj znae cii bea proektite sto bea otkupeni na tenderov?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#32 Posted: 25-Mar-2009 at 14:02 |
Ако е така како што е во текстот, тогаш влогот само земјиште е премал за да се добие во замена една третина од објектот. Кого би му било од интерес буквално да спонзорира изградба на театар?! Финансирањево останува матна зона.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#33 Posted: 25-Mar-2009 at 13:53 |
Originally posted by medo
Пред се мислам дека концептот театар и останат простор чија намена ќе ја определи Инвеститор е тотално губитна комбинација. Дали некој воопшто помислил на ова или пак единствена варијанта да се изгради нешто кај нас е со туѓи средства што автоматски значи туѓ газда?
|
не сакам да шпекулирам, но од досегашните искуства може да се работи за проверена шема како со катните гаражи. Со други зборови ова најавено јавно приватно партнерство може да искочи и еден голем трговски центар и едно сопче за театар.
|
 |
medo
Senior Member
Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
|
Quote Reply
#34 Posted: 25-Mar-2009 at 13:33 |
Пред се мислам дека концептот театар и останат простор чија намена ќе ја определи Инвеститор е тотално губитна комбинација. Дали некој воопшто помислил на ова или пак единствена варијанта да се изгради нешто кај нас е со туѓи средства што автоматски значи туѓ газда?
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#35 Posted: 25-Mar-2009 at 13:08 |
 Не сум чул дека во архитектурата постои таков „Европски Стил“ Инаку да, нашата влада неодговорно се расфрла со пари, ама баш во овој случај не е комплетно јасна ситуацијата затоа што имаме конфликтни информации
Доколку се тече според планираното, изградбата на театарот би
требала да почне за 9 месеци, а парите за проектот треба да се
обезбедат од независен инвеститор. Министерството за култура ќе учествува со земјиштето на сегашниот театар. „На
надворешниот инвеститор обврската е да го изгради она што е драмскиот
дел и делот за Драмскиот театар, и она што е останато, да го најде и
сопствениот интерес“, рече Бранко Ѓорчев, директор на Драмски театар. |
Инаку, средства за изградбата на Драмски ќе одвои Владата кои допрва треба да се дефинираат, а дел од нив ќе бидат од спонзори.
|
Не знам дали се работи за навистина матна ситуација околу финансирањето (што би ме направило скептик за реализација во било каква догледна иднина), или едноставно имаме уште еден пример на лошо новинарство.
|
 |
Raisinloaf
Senior Member
Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
|
Quote Reply
#36 Posted: 25-Mar-2009 at 12:36 |
Ова се гради во лош момент т.е во време на криза и додека другите држави стагнираат и гледат како да излезат од таа криза , нашата влада се расфрла со пари.Инаку проектот е добар т.е модерен со Европски Стил
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#37 Posted: 25-Mar-2009 at 06:22 |
Фото вест

Модерно
идејно решение за новата зграда на Драмскиот театар креирале четворица
архитекти од фирмата „Платформа“, кои ќе добијат награда од
400.000 денари. Емил Јегени, Елена Икономов, Јасна Милојковиќ и Билјана
Стојменовска се авторите чиј проект вчера го промовираа дел од
членовите на комисијата за избор на идејно архитектонско решение -
Мартин Пановски и Мишко Ралев. Други два проекта се откупени, а
Министерството за култура ги награди со по 100.000 денари. Во следната
фаза, ќе се избере основен, па главен проект, според кој ќе се гради
театарот. Избраниот проект предвидува 350 седишта и 150 во галерија.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3B2E7CDC1B9E924C8180BC46A2F5533C |
Почна процедурата за изградба на нов Драмски театар

Идејното решение за новата зграда нуди модерен, софистициран изглед
Вчера во просториите на Драмски театар беа изложени скиците од
идејното решение за новата зграда на театарот, која треба да никне на
истата локација каде што сега е сместено ова здание, поточно на улица
„Шекспирова“ бр. 16. Проектот, кој ја доби првата награда на конкурсот
што го спроведе Министерството за култура, е на група автори, а се
откупени уште два проекта кои, како што ни изјави директорот на
Драмски, Бранко Ѓорчев, исто така имаат добри решенија кои може да се
употребат во конечниот проект.
Изградбата на Драмски театар се
уште не се знае кога ќе почне. Се уште не се знае ниту каде ќе биде
сместен театарот додека тој ја добие новата зграда која, како што вели
Ѓорчев, ќе има модерен, софистициран изглед. За најавите дека Драмски
ќе се сели во Младинскиот културен центар, Ѓорчев вели дека и тоа е
рано да се дискутира, зашто, според него, Драмски не може да биде
гостин во нечија зграда, туку треба да го владее просторот. Така, една
од можностите е театарот во меѓувреме да се пресели во некое од
скопските кина кои се денационализирани. Сепак, Драмски бара простор со
акустични перформанси што му се неопходни на еден професионален театар.
Инаку, средства за изградбата на Драмски ќе одвои Владата кои допрва треба да се дефинираат, а дел од нив ќе бидат од спонзори.
Драмски
театар е роден на 21 април во 1946 година, со првата куклена претстава
„Силјан Штркот“. Во 1949 година театарот се именува како самостоен
Куклен театар. На 10 јануари во 1958 година, со првата жива претстава
„Принцот и просјакот“ од Марк Твен и Сергеј Михалков, се создава
Младинско-детскиот театар. Во 1964 година, од Македонскиот народен
театар се издвојува една група од проминентни актери и актерки, кои
пристапуваат во театарот. Во 1967 година, на Стерииното позорје во Нови
Сад, изведбата на претставата „Покојник“ од Бранислав Нушиќ ја добива
главната награда за најдобра претстава. Со истата претстава театарот
учествува и на белградскиот Интернационален театарски фестивал - БИТЕФ.
Официјално, од оваа година, театарот го добива и името Драмски театар -
Скопје.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=890B750F445C794EB113DE8F15AAA6CE |
Избрано најдоброто идејно решение
Идејното решение
предвидува зграда, висока 30 метри (шесткатница), од кои приземјето и
првите два ката се наменети за Драмски театар
Вчера во просториите на Драмскиот театар во Скопје во стариот
објект кој и по долги најави се уште е на ниво на привремен, беше
промовирано идејното решение на новата зграда на Драмскиот театар која,
конечно, ќе го реши прашањето за сместување на најпосетениот скопски
театар.
Комисијата во состав архитектите: Мартин Пановски и Мишко Ралев,
како и членовите Билјана Ќулавковска од Министерството за култура и
Искра Казиева и Бранко Ѓорчев во својство на директор на Драмскиот
театар се одлучија за идејното решение под шифра 006 на "Платформа
ДОО", предложено од архитектите Емил Јегени, Елена Икономов, Јасна
Милојковиќ и Билјана Стојменовска.
Идејното решение предвидува зграда, висока 30 метри (шесткатница),
од кои приземјето и првите два ката се наменети за Драмски или како што
ни рече Ѓорчев, приближно 3000м2 над површината и уште 1000м2 под
површината на зградата. Тоа во сооднос со сегашната зграда е речиси за
сто отсто повеќе. - Првонаградениот труд се издвојува заради
рационалната организација на функционалните групи во рамките на
комплексната програма и впечатливото надворешно обликување. Театарските
содржини се функционално распоредени, со јасна комуникација на деловите
за публика, со деловите за актери и персонал, се вели меѓу другото во
образложението на Комисијата за избор на најдобро идејно решение.
Првонаградените за своето решение ќе добијат награда од 400.000 денари
во нето износ.
Од понудените девет колку што се пријавија на конкурсот уште две
решенија добија по 100.000 денари и тоа на авторите Јован Ивановски,
Владимир Десков, Горан Мицковски, Елена Пазарџиевска и Ивана Топаловска
и на авторот Лилјана Кик.

http://vecer.com.mk/?ItemID=0539DBCF9A9DA14884322ADFCF10DDA3 |
Edited by lslcrew - 25-Mar-2009 at 06:31
|
 |
anDarko
Senior Member
Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
|
Quote Reply
#38 Posted: 24-Mar-2009 at 22:02 |
на прв поглед, надворешноста на објектов ми се допаѓа доста...сега, пак се појавува прашањето: зошто малкуте асални проекти (како овој, филхармонијата и проектот за турскиот театар) ќе бидат забутани во изолирани локации, додека чудовиштата од типот на спомен куќата на Мајка Тереза или новиов музеј/суд ќе бидат најекспонирани на ударни места 
Edited by anDarko - 24-Mar-2009 at 22:03
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#39 Posted: 24-Mar-2009 at 21:47 |
инаку не знам дали е офтопик, ама ме нервира што сите театри ни се
некако забутани во просторот, знам дека драмски е на десет метра од
партизанска, ама сепак е доста неприметлив за некој што не ги познава
тие простори
зошто не го ставиле на некое отворено место како што е универзалната сала?
штета е (ми личи објектов ко да ќе е убав) да биде така задушен во просторот
п.с. Какви и да бидат стаклава, сите проекти се задоволително убави и имаат интересни форми, па сепак сум оптимистички настроен кон ова
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#40 Posted: 24-Mar-2009 at 21:33 |
Originally posted by гитардемон
Не сум бил досега во ниеден театар во Македонија освен битолскиот, па не знам дали во другите театри има сала на два ката (со балкон, или како се викаше точно вториот кат, на македонски никако не можам да го запомнам), или ова ќе биде првата? Видов и на рендерите за велешкиот театар планираат исто така, а ете сега и овде, што е супер! Има некој информација дали има на друго место втор кат? И побога, кажете ми како се вика, сигурно не се вика балкон 
|
не знам дали мислиш на ложите или на двете нивоа на седишта ложи има во секој театар ама не се такви висечки, а во скопје барем колку што знам во главните театри (Драмски, МНТ и МОБ) нема две нивоа, сите се со еден дел
|
 |