![]() |
![]() |
![]() |
Архитектурата на предземјотресно Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Author | |
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Упорно навлагаме во погрешна дијагноза според последници, а не суштина. Гледам дека ви е лесно да дадете таква тешка дијагноза дека народот е крив и сака безумни работи. Не би сакал по барем трети-четври пат да ја објаснувам истата работа нашироко, но се осеќам должно повикан да одговорам.
Овој народ мора веќе еднаш да ги прележи тие детски општествени болести како нужно зло, без интервенција и да створи имунитет кон вакви нус појави. Неможе никогаш да се каже дека сега е доцна за лежење детски болести, ете гледате ако комшилукот го зафаќало ова пред век, нас мора веќе еднаш да не фати. Без разлика колку секој поединец што е малку повеќе начитан, нашетан, наобразован, односно без разлика колку секој од нас индивидуално ги има прележано детските општествени болести поради тоа што животот му дал шанса, сепак мора колективитетот да ги пројде овие појави групно. Односно вака колку и да одјаснувам може би некои ќе ме сватат, може и не, може би повеќето и нема да сакаат да го земат ова за релевантно. Во една реченица ќе склопам "Нам ни треба пример како нетреба", а многу брзо ќе дојдеме до таков пример со овој проект и со овие толку многу дебати што се наметнаа и го опседнаа медиумскиот јавен простор. Ни треба веќе еднаш да се "изгориме" со овие архитектонски стилови и конечно да може македонската архитектура самостојно да си продолжи кон новите архитектонски стилови. Бројот на објекти "како не треба" е преголем во овој концепт 2014, но се нужно зло да ни бидат пример што ќе не одлепат од дното. Односно ние со овие неколку објект ќе претрчаме низ фазите што ни фалат, за да можеме да фатиме чекор. Еве јас се вбројувам себеси во оние што индивидуално ги имаат во поголем дел надраснато овие стилови и некој минимален број од тие проекти тамо (како што набројав во една друга нишка) ми се прифатливи. Не дека ми се посебно при срце, но ми се прифатливи, како нужен компромис во интерес на надраснување одредена појава, па можеби и малку повече од тоа. И други од вас се вбројуваат во оваа категорија, но притоа не толерирајќи ништо околу и крајно себично сметаат дека колективитетот нема право да заедно ги претрча овие стилови. Јас сум убеден дека после изградбата на неколку од овие објекти кога ќе се завршат, а тоа е вероватно ова што сега моментално се гради + офицерски + црква, следно што ќе следи ќе бидат модерни објекти и убеден сум и дека ќе има многу многу промени овој концепт 2014 во насока на современ израз, како што впрочем и сум убеден и дека владата и министерството, градот и општината веќе делумно имаат сватено голем дел од добронамерните критики. Не гледам проблем кога станува збор во случај кога треба да се надминат самите себе си, како што впрочем тоа и го сторија со автобусите, односно веќе имаме еден позитивен пример во оваа насока. Посебно упатено до андреј и гитар, кои ми оставаат таков впечаток. Луѓе стватете дека колку вие и да ги имате надминато овие стилови морате да земете во предвид дека сте дел од овој колективитет, без разлика колку и моментално географски не сте дел од него. Во главном сакам да предочам дека констатации од типот дека народот нечини, глуп е, сакал беумни работи, не се никакво решение, а воедно и се сосема погрешна дијагноза на проблемот. Edited by lslcrew - 09-Feb-2010 at 22:50 |
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
![]() Само не би се сложил со ако сака народот барок, нека му го! Тогаш лидерите се безкорисни, дајте и тие да летаат барем нема да крадат милиони, ќе се управуваме колективно. Наородт сака и ред други безумни нешта ама нема начин да му се остварат. |
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Треба да сфатите дека Скопје никогаш не било метропола, било само паланка во некоја голема држава (дали Отоманската Империја, дали СХС, дали СФРЈ). „Метропола“ стана откако стана главен град на една мини-држава. Не да ме сфатите грешно, ни Љубљана не е метропола но е прекрасен град. Меѓутоа метропола значи нешто сосем друго, затоа престанете со тој поим премногу е смешен. А инаку не би сакал да се противам на замерките кои ги имаш за да не се вртиме во круг, сигурен сум дека така гледаш на работите поради некои свои причини и убедувања и не можам да кажам дека не си во право, бидејќи секој размислува различно. Но, тука на форумот има неколку архитекти кои имаат кажано барем 20 добри причини зошто не треба да се гради Скопје 2014. Мислам дека нивното мислење од стручен аспект значи повеќе отколку моето и твоето заедно. Иако отворено се противам на Скопје 2014 и поради изгледот, а не само поради незаконските процедури со кои е донесена одлуката да се гради, сепак кажав неколку пати дека доколку народот запнал за барок, треба да си добие барок (иако тоа очигледно ги прави архитектите бескорисни и непотребни во ова општество). Mеѓутоа и покрај твојата желба за старо Скопје, сепак биди доблесен и прифати ги замерките на архитектите, кои не се и така малку. Edited by гитардемон - 09-Feb-2010 at 20:54 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
Whisper ![]() Newbiе ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Cloverstack Тие објекти кои што ги виде во предходниот пост,во Скопје но и во останатите балкански градови ретко ке најдеш стари објекти во стриктно неокласичен или класичен изглед се е сведено на некаква комбинација или 'мешавина'.Cloverstack јас размислувам зарлично од тебе го следам форумов веќе цела година и според твоите постови можам да заклучам дека ти си тежок критичар на старо Скопје има и неколку твои истомисленици који го делат твоето мислење, јас мислам дека ако некој сака да ги каракира работите и да вели дека во старо Скопје имало само два или три вредни објекта а останатото било само Маџар маало тоа е комплетна глупост,јас лично сум за обновување на старите бојекти зошто тие биле убавината на Скопје пред земјотресот, и какви се тие коментари на некои учесници на форумов од типот 'не ни требаат вакви објекти', 'Скопје било метропола без овие објекти' итн, сега плоштадот на Скопје е празен простор и зошто тој празен простор да не биде пополнет со некоји објекти који биле веќе присутни во Скопје, јас сваќам да некој кротикува некоји објекти но неможам да сватам како се критикува ама баш се што ке се гради, тоа е најверојатно одлика на љубомаора или завист трето нема,јас сум човек роден во Скопје но и потекнувам токму од мојов роден град и не сум новопечен Скопјанец за разлика од некоји луѓе. Вчера слушам еден човек на телевизија како го критикува планов за Скопје и прави споредба меѓу Скопје и Хонг Конг и вели во Хонг Конг сега се живеело во 24 век а ние сме се враќале назад поголема глупост не можев да слушнам доволна беше споредбата на грдовите на ова јас би го прашал онака во иронија да не мисли дека требе на плоштадот да се градат облакодери, викате овие неокласични или како сакате наречете ги објекти не враќале назад па уште ги нарекувате турбо фолк објекти кога веќе некоји сакаат да се изразуваат на 'музички' начин јас лично мислам дека добро е што ке се враќаме назад со обие неокласични објекти зошто тие се нешто како EVERGREEN музика подобро Evergreen отколку денешен комерцијален одпадок наречен поп музика.
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Можеш да ги идентификуваш неокласичните објекти во предземјотресно Скопје? Edited by Cloverstack - 09-Feb-2010 at 17:03 |
|
![]() |
|
Whisper ![]() Newbiе ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Кој вика дека неокласицизмот ја одминал Македонија тоа воопшто не е точно, старо Скопје имало доволно објекти за да се докаже дека неокласицизмот бил присутен во Скопје секако не во такви размери како во Белград или Софија но доволно за да се оспори критиката дека неокласицизмот не бил присутен во Скопје.http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=44&PN=1
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |