Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#381 Posted: 26-Apr-2010 at 15:45 |
Наумовски не сака да коментира ништо за неговите бизниси,
бидејќи, како
што вели, ниту тој се мешал во нечии приватни работи, ниту сакал да му
се мешаат. |
Одлично, само што нашиот некогаш омилен „Пеце“ ептен
ја утнал дефиницијата за тоа што се приватни работи  Баш ме интересира што допрва ќе дознаеме за парцелите
во Аеродром, за аква-парк и за сала.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#382 Posted: 26-Apr-2010 at 12:08 |
„Петарленд“ стана луксузлендНема ниту
мрежичка, ниту обрач од најавениот голем комплекс од кошаркарски
игралишта, наречен
„Петарленд“ што кошаркарот Петар Наумовски требаше да го изгради на
Водно. Наместо тоа, со неговиот партнер Зоран Азманов направија
резиденцијални објекти
во кои продаваат станови по 1.538 евра за квадрат |
|
|
|
 |
|
Наместо тапкања од кошаркарски топки, играње баскет, навивање за
подобрите, изминативе пет-шест години на земјиштето на Водно, со
површина од 9.400 квадрати, непосредно до поранешниот хотел „Панорама“
се слуша брмчење на градежни машини и чукања на алатки. Овој простор,
Петар Пеце Наумовски, поранешен репрезентативец во кошарка и пратеник во
Собранието, го доби од државата за само 20 евра од квадрат. Сега на
местото на кое Наумовски најавуваше дека ќе направи голем кошаркарски
тренинг-центар, наместо да се развиваат млади таленти во една од
најпопуларните игри во земјава и во светот, новопечени чорбаџии,
дојденци, кои сонуваат да живеат на Водно, се вселуваат во
суперлуксузните и прескапи станови со фантастичен поглед на градот.
Комплексот „Петарленд“, како што познатиот спортист го нарекуваше својот
проект, го заменија згради со приземје, три или повеќе ката и
потпокрив. Во секоја зграда има по 50 станови, а вниманието на
минувачите го привлекуваат блескавите и убави луксузни жолти фасади, со
кована ограда на секој прозорец. Од спортските терени почна да се гради
само едно тениско игралиште, кое сега е опколено со три големи објекти.
Жителите кои можеле да си дозволат да одвојат по 1.538 евра за квадрат
станбена површина, никната врз несудените кошаркарски терени, велат дека
комплексот е премногу убав, но им пречи тоа што по цели денови мајстори
им тропаат „на глава“. Ама сé ќе се заборави за некоја година кога ќе
се направат објектите со тениското игралиште. За тоа вреди и да се
издржи некоја година олкава бучава, објаснуваат станарите. Свежиот
водњански воздух ќе остане привилегија само за оние што може да го
платат, а љубителите на кошарката ќе мора и понатаму да се задоволуваат
со кошаркарски игралишта среде градскиот смог.
ОД ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ ДО ТРИ ЗГРАДИ
Долг е патот што популарниот Пеце Наумовски мораше да го помине за да
успее заедно со својот партнер во овој проект, познатиот бизнисмен Зоран
Азманов, да го изгради ексклузивниот станбен комплекс на Водно.
Особено, ако се знае дека во 2002 година, кога ја купи парцелата од
поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, тоа место, кое се нарекува Големо
Курило, според сите урбанистички планови е планирано за зеленило, а
така требало и да остане.
Тој почнал
подготовки за градење, но веднаш запрел, бидејќи не му се усогласувале
плановите. Но токму во 2002 година привршуваше изработката и се
усвојуваше новиот и сé уште важечки Генерален урбанистички план за
Скопје. Тогашното Јавно претпријатие за изработка на урбанистички
пласнови, а сега Агенција за планирање на просторот, чиј тим експерти го
изработи планот, на оваа зелена локација вметна маркичка наменета за
спортски комплекс, на што остро реагираше поранешниот градоначалник
Ристо Пенов. Тогашното раководство на Агенцијата објаснуваше дека
спортската намена може да се однесува и на пешачки патеки и на
шеталишта, односно дека не е неопходно таму да се градат спортски
објекти.
Потоа, врз основа на Генералниот план општината Центар два пати го
менува Деталниот урбанистички план за локалитетот Тасино чешмиче 1, кој
го опфаќа и овој простор. Првата измена е направена во 2002 година, кога
на локацијата се вметнуваат спортски терени, а во 2003 година се
направени нови, но делумни измени, со кои парцелата станала
резиденцијален комплекс со угостителско-туристички објекти.
И антикорупциската комисија се интересираше за случајот и бараше од
Виолета Аларова, тогашната градоначалничка на Центар, да објасни зошто
се правеле толку измени во плановите за кратко време. Но Аларова не
одговори, ниту пак, антикорупционерите настојуваа овој случај да се
расветли.
ЧЕТИРИ МИЛИОНИ ЕВРА ЗИЈАН ЗА ДРЖАВАТА
Ако плацот што Наумовски го купи за одвај 200.000 евра, се продаде по
реална пазарна цена државата би можела да заработи околу четири милиони
евра. А сега ќе го собира кајмакот, заедно со партнерот Зоран Азманов.
Наумовски не сака да коментира ништо за неговите бизниси, бидејќи, како
што вели, ниту тој се мешал во нечии приватни работи, ниту сакал да му
се мешаат. Азманов, пак, вели дека си платил регуларно за да учествува
во изградбата на објектите, која е легална и со целосна градежна
документација.
- Зградите се едни од најлуксузните во градот и се опремени со сé што е
потребно. Имаат и двор и паркиралишта, а наскоро ќе направиме и спортски
терени. Не знам што се случувало пред јас да влезам во овој проект и
што се предвидувало со урбанистичките планови. Но сега, сé се прави
законски. Ако не беше така, немаше ни да вложам толку многу пари за
нешто што може во секој момент да биде запрено - додава Азманов.
Наумовски има земјишта низ цело Водно
Неостварениот
„Петарленд“ не е единствената градежна парцела што Петар Наумовски ја
добил од државата на Водно. Тој таму поседува уште две парцели,
купени
на 4 јули и на 30 септември 2002 година, на крајот на мандатот на
владата на Љубчо Георгиевски. Едната се простира на 6.050 квадрати и
се
наоѓа на улицата Питу Гули, а другата од 156 квадрати е на улицата
Козара.
Истата година кошаркарот, како заслужен граѓанин, добил
и земјиште на улицата Салварод Аљенде како подарок од тогашниот
премиер. Таму направи една станбена зграда која е веќе вселена, а до
неа сака да прави мал хотел, бидејќи има маркичка со таква намена. Со
тоа целосно ќе им го затвори погледот на сегашните станари. Сепак,
изградбата на тој објект е неизвесна бидејќи под местото каде што
треба
да се ставаат темелите има водоводни цевки од кои се снабдува со вода
голем дел од градот, кои треба прво да се дислоцираат. |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=426101032469&id=14&prilog=0&setIzdanie=21968
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#383 Posted: 14-Apr-2010 at 22:08 |
НЕМА ТОЛЕРАНЦИЈА И СЕЛЕКТИВНОСТ ЗА НЕПОЧИТУВАЧИТЕ НА ЗАКОНОТ
Центар им става крај на дивоградбите!
Во присуство на полиција и седум стручни лица надлежните од Општина Центар докажаа дека нема селективност и толеранција за непочитувачите на законот. На удар се најде и една адвокатска канцеларија, од околу педесет квадрати, која била изградена и стопанисувала на дивото место повеќе од 6 години
Уште една акција за ставање на ред и за сузбивање на урбаната мафија во Општина Центар вчера спроведоа градежните инспектори на улицата Орце Николов" бр. 75. Овојпат на удар се најде објект наменет за адвокатска канцеларија, кој со присуство на полиција и седум стручни лица за само еден час до темел беше срушен.
Со ова Општина Центар докажаа дека нема селективност и толеранција за непочитувачите на законот. Токмаците на работниците ја срушија канцеларијата, што на околу педесет квадрати, на дивото место стопанисувала повеќе од 6 години. Во моментот на рушењето на дивоградбата пред новинарската екипа на Вечер, која присуствуваше на чинот, не беше присутно раководството на зградата, односно куќниот совет, кој, според станарите, најверојатно без согласност на поголемиот дел од нив самоволно пред неколку години дал одобрение за градба.
Од Општина Центар велат дека уште од 2005 година имало издадено Решение за уривање на спорниот објект. Зошто тоа досега не било направено надлежните велат дека не можат да ги коментираат одлуките на предходниот општински состав. Од 2006 година на теритријата на Општината има донесено над 50 решенија за рушење на диви објекти. Според сегашниот состав сомнително е тоа што до заминување на предходниците во Општината ниедно од тие не биле извршени. Во таа насока портпаролот на Општина Центар, Јовица Ацковски, вели дека градоначалникот Владимир Тодоровиќ е решен еднаш засекогаш да и стави крај на урбаната мафија која е распространета и во централното подрачје.
Што се однесува до трошоците за вчерашното уривање на објектот, од Општината информираат дека ќе се упатат на сметката на адвокатот кој стопанисувал во дивата просторија. Но од Општината додаваат дека, исто така, ќе се испита и одговорноста на куќниот совет, па дел од трошокот за уривањето може да го сноси и тој.
Според поголемиот број станари, договорот за предходно градење на оваа просторија била самоволна одлука на неколку луѓе од одборот кои без консултација дале дозвола за оваа градба.
Дејан СРБИНОВСКИ Фото: Н. Батев
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#384 Posted: 24-Mar-2010 at 23:50 |
Долгот за „Езерце“ - 100.000 евра
Фирмата „Вени види вици“, сопственик на синџирот пицерии „Ања“, зад себе остави голем неред, а не платила закупнина за цела 2009 година, велат во општина Центар
Општина Центар интензивно бара решение како да се справи со тоа што остана од кафеаната „Езерце“ во срцето на Градскиот парк. На местото на некогашното омилено катче на скопјани сега има само метеж од градежен шут и метални шипки. Фирмата-закупец на објектот, „Вени види вици“, инаку сопственик на синџирот пицерии „Ања“, не само што го урна туку зад себе остави голем неред и долгови, поголеми од сто илјади евра, велат во општина Центар.
Градоначалникот Владимир Тодоровиќ изјави дека ова лето најверојатно тие нема да може да го исчистат гредежниот шут што остана зад некогашната кафеана.
- Ангажиравме адвокат и тој судски успеа досега да ги наплати заостанатите кирии за 2008 година. Иако не работеше во 2009 година како кафеана, на објектот се изведуваа недозволени градежни работи. Интензивно размислуваме за иднината на ова здание, но ова лето нема да можеме да го расчистиме тој крш и да го вратиме во функција, изјави градоначалникот.
Сопствениците на фирмата „Вени Види Вици“, со јавно наддавање го добија објектот на користење откако понудија осум и пол илјади евра месечна закупнина. Без предходна дозвола на општината го урнаа објектот и почнаа да градат дивоградба. Откако општината утврди дека објектот не ги почитува стандардите што ги постави - новата градба да не го надминува габаритот на претходниот - неколкупати го уриваше, а на крајот го раскина и договорот за закуп. Сега од оригиналната скопска кафеана „Езерце“ остана само еден надворешен ѕид. Внатрешноста е сосема урната, а околу некогашната романтична тераса седат купишта градежен шут.
Тодоровиќ вели дека сега на општината и' остануваат само три варијанти за решавање на проблемот.
- Значи, општината може да го изгради „Езерце“ одново и автентично како што беше. Потоа ќе видиме кој и како ќе биде ангажиран за него. Втора варијанта е да му го дадеме на инвеститор да го обнови, а трета - да направиме сосема нов проект. Како и да е, поранешните кираџии направиле голема штета, тие секако нема да можат повторно да го закупат. Во почетокот на мојот мандат сопствениците на фирмата „Вени види вици“ беа кај мене на разговори, ми ветија оти ќе ја плаќаат киријата. Јас досега имав трпение, но сега веќе не е така - изјави Тодоровиќ.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#385 Posted: 13-Mar-2010 at 18:11 |
Општината Центар сама ќе го реновира „Езерце“ |
Општината
Центар со пари од општинската
каса ќе го реновира ресторанот
„Езерце“,
а потоа ќе почне постапка за да најде закупец кој ќе стопанисува со ресторанот |
|
 |
Наместо
нов оглас за издавање под закуп на „Езерце“ во Градскиот парк,
одговорните од општината Центар решија да ја земат работата со
ресторанот во свои раце и со општински пари да го реконструираат. Тие
планираат да го реновираат ресторанот и да му го вратат стариот лик, па
потоа да бараат нови кираџиии за него.
-Во ваква состојба како што е сега не можеме да го дадеме никому. Доаѓа
пролет и скопјани ќе почнат почесто да го посетуваат паркот. Како
општина не може да дозволиме ресторанот и натаму да биде депонија во
паркот. Откако ќе го реновираме ќе почне постапката за негово издавање
- ни изјави Јовица Ацковски, портпарол на општината Центар.
Договорот со закупувачот, фирмата „Вени, види, вици“, мораше да се
раскине, поради тоа што ем не плаќаа кирија, ем сакаа целосно да го
сменат ликот на популарното „Езерце“. Закупувачот почна и да го
доградува покривот на ресторанот, иако тоа не беше пропишано со
договорот потпишан со општината Центар.
Општинските градежни инспектори во последнава година и пол петпати ја
отстрануваа челичната конструкција, што закупувачите ја поставуваа на
покривот од ресторанот. По секое уривање, работниците ангажирани од
„Вени, види, вици“ повторно се враќаа на терен и почнуваа одново да
градат.
И
во текот на вчерашниот ден, како и неколкупати пред тоа се обидовме да
ги контактираме сопствениците на „Вени, види, вици“, за да го чуеме
нивниот коментар или мислење околу „Езерце“, но тие не сакаа да
зборуваат на оваа тема.
Објектот во кој беше сместен ресторанот е споменик на културата,
заштитен со закон. Општината Центар, „Езерце“ го даде под закуп на
фирмата „Вени, види, вици“ во 2008 година, за месечен надомест од
10.000 евра. Фирмата што на лицитација го доби ресторанот е сопственик
на синџирот ресторани „Ања“. |
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31310954503&id=14&prilog=0&setIzdanie=21933 |
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#386 Posted: 28-Feb-2010 at 22:02 |
Фала богу конечно да тргне нешто во позитивен правец и на некој начин да се санкционира злоупотребата на "кираџиите" на обијекти. Само нека продолжат така иако има и многу други дивоградби и сопственици кој треба да се подберат нека продолжат со кинскиот ѕид и зградата Тифани, се разбира ова е мој став, тие не треба да се таму.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#387 Posted: 28-Feb-2010 at 13:31 |
„Вени, види, вици“ го изгуби „Езерце“По
две години доградување, надградување и уривање на челичните конструкции
на ресторанот „Езерце“ во Градскиот парк, одговорните од општината
Центар конечно го раскина договорот со закупецот - фирмата „Вени, види,
вици“, поради неплаќање кирија за објектот
На
нашето прашање што ќе се прави понатаму со „Езерце“, од општината само
кратко кажаа дека претходниот договор е раскинат. Во општината сé уште
не знаат што ќе прават понатаму со објектот и дали повторно ќе се даде
под закуп.
Закупците на ресторанот, вчера не сакаа да го коментираат раскинувањето на договорот, упатувајќи не по одговори во општината.
Објектот
на ресторанот „Езерце“ е сопственост на општината Центар, која пред
неколку години на лицитација ја избра фирмата „Вени, види, вици“ за нов
закупувач на кафеаната. Оваа фирма ресторанот го доби на десетгодишно
стопанисување за месечен надомест од 10.000 евра.
Раскинувањето
на договорот беше најавено уште пред неколку месеци, кога советниците
од општината го прашаа градоначалникот Владимир Тодоровиќ, како планира
да го реши проблемот кој неколку години и се провлекуваше низ прсти на
градежната инспекција на општината. На тоа Тодоровиќ одговори дека
планира во најкус можен рок да го раскине договорот, а како
дополнителна причина за тоа наведе и дека закупците веќе неколку месеци
не плаќаат кирија за објектот.
Она што остана од новата
конструкција на „Езерце“, кој почна да потсетува на „Кермес“, рекордни
пет пати се уриваше на барање на општинските градежни инспектори. Милан
Пижула, градежен инспектор во општината при последното уривање на
новоизградениот дел од ресторанот истакна дека неколкупати
сопствениците биле предупредувани дека не смеат да прават никакви
доградби на ресторанот, кој е под заштита како културен споменик.
Пижула тогаш истакна дека испратиле и дописи до сопствениците, фирмата
сама да ја отстрани веќе поставената челична конструкција.
Скопјани,
кои веќе подолго време се жалат на состојбата во Градскиот парк,
особено на изгледот на руинираното „Езерце“ и градилиштето наречено
„Кермес“, објекти кои го нагрдуваат паркот, се задоволни што сега
постои надеж да му се врати животот на овој некогаш преубав ресторан.
-Лете
секој ден ги шетам внуците во паркот, но сликата која ја гледаат е
застрашувачка. Ресторанот „Езерце, како и „Кермес“, се вистински ругла.
На повозрасните им е страв да поминат покрај нив, а камоли на децата.
Мило ми е што конечно има надеж нешто да се направи со „Езерце“- вели
Кристина Петковска.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22710956192&id=14&prilog=0&setIzdanie=21921 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#388 Posted: 24-Feb-2010 at 17:29 |
Паѓаат камења од зградата на "Фиком"
Искршени
тули, бетон и камења, по секој ветер летаат од покривот на објектот
"Антигона" кој, поради аферата со продажбата на становите на
градежната фирма, веќе пет години зјае недограден и се рапаѓа
Недоградената
зграда на "Фиком" во Кисела Вода, која беше дел од големата измама на
сопружниците Николиќ кои се на одлежување на казна затвор, стана
ризична оти почна да се распаѓа. Силниот ветер деновиве го разнесе
градежниот шут од покривот на објектот, познат како "Антигона", кој,
поради скандалозната продажба на становите на градежната фирма, веќе
пет години зјае недограден и од ден на ден пропаѓа. Искршени
тули, бетон и камења летаат дури до улицата Иван Козарев, па
минувачите, за да не настрадаат, се кријат под тендите на
продавниците и во влезовите на околните згради. Расфрланиот шут
на улицата ги принуди и возачите да заобиколуваат по соседните
улици, па сега до центар, место преку Иван Козарев, вртат од улицата
Огњан Прица, половина километар плус. "Воопшто не сме безбедни
кога поминуваме покрај оваа зграда. Пред два дена за малку ќе ми
паднеше камен врз глава. Јас се спасив, но каменот падна врз
шофершајбната на еден автомобил. Опасно е по живот. Објектот се распаѓа
со години, но во последно време ни прави проблеми и по најслаб ветер.
Надлежните нека најдат чаре да го средат проблемот бидејќи зградата
навистина е ризична и некој може да настрада", се жали М.М., жител на
Кисела Вода. Распаѓањето на зградата е проблем на градежната
фирма "Фиком" чии сопственици Весна и Никола Николиќ веќе неколку
години се во затвор поради измама на стотици граѓани, оти становите од
зградите ги продаваа два и повеќе пати на други лица. Најголем
дел од измамите беа за станбените објекти "Антигона 1 и 2" и "Дана" во
Кисела Вода, и "Филип" и "Николина" во Центар, но скандалозната
продажба на станови не престануваше, за што посведочија петте измами
за зградите "Ева" и "Буба", кои никогаш не почнаа да се градат. Сите овие згради, кои довршени кои недовршени, стојат невселени и чекаат Судот да им ја реши судбината. Сопружниците Николиќ од измамените станари собрале вкупно 12 милиони евра. (М.Ѓ.) "Антигона" е празна оти еден стан бил продаван на неколку лица
500 семејства чекаат спас од премиерот
Оштетените
станари од градежната афера "Фиком" очекуваат премиерот Никола
Груевски да преземе законски мерки и да го реши проблемот на околу 500
семејства, измамени од сопствениците на фирмата. "Од 2006 година
чекаме сите одговорни лица за аферата да бидат откриени и казнети, а
нам да ни ги вратат или парите или становите. Но бидејќи тоа не се
случи, единствен спас сега гледаме во премиерот, кој може работите
да ги придвижи во позитивен правец", велат оштетените во случајот
"Фиком".
http://vest.com.mk/?ItemID=951218011B1E134A9FA2BF43A795BE67 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#389 Posted: 15-Feb-2010 at 04:27 |
Ќе се рушат дивоградби во Охрид
Во стариот
дел на Охрид ќе се рушат дваесетина дивоградби што никако не може да се
легализираат, вели градоначалникот Александар Петрески. Тој објасни дека локалната самоуправа не се откажува од рушењето на дивоградбите, туку само се чека да помине зимата.
-
Стојам и на тоа што го ветив, дека ќе почекаме да стапи во сила новиот
Закон за легализацијата, за да се спаси и да не се руши тоа што може да
се легализира. Значи се' што може да се вклопи нема да се руши.
Општинските инспектори во соработка со Заводот за заштита на
спомениците веќе ја имаат изготвено листата со објекти што треба да се
срушат, а е избрана и фирмата што ќе го изведува рушењето - рече
Петрески.
Тој упати апел до сите охриѓани што живеат во стариот
дел на градот - ако имаат диво изградени или доградени објекти што не
може да се легализираат, сами да ги рушат, за да не се изложуваат на
дополнителни трошоци и штети.
Акцијата за рушењето на дивоградбите Општина Охрид ја најавува веќе пет месеци, но се' уште ништо не е реализирано.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=94DC50EFEBDD96428098ABC1BAC78CBA |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#390 Posted: 08-Feb-2010 at 14:18 |
Тодоровски осуден, „Елинг“ ниту се гради ниту се уриваВо овој период
лани
имаше седум обиди да се урне зградата, а сега сé посилни се напорите
за таа да се легализира и да се догради
Објектот
на фирмата „Елинг“ на булеварот Трета македонска бригада во општината
Аеродром можеби го држи рекордот за зграда со најмногу неуспешни обиди
за уривање, барем во последниве години. Таа беше причината поради која
поранешниот градоначалник на општината доби затворска казна од три
години, поради обвиненијата дека примил поткуп од 100 илјади евра за да
ја легализира, во форма на донација за црквата „Свети Илија“. Но
Тодоровски ја доби пресудата, а зградата остана да зјае со својот
нерешен статус. Ниту се гради, ниту се урива.
СЕДУМ НАЈАВИ, НУЛА РЕАЛИЗАЦИИ
Изградбата
на овој објект почна во 2004 година, а веќе следната година беше
утврдено дека тој е дивоградба, затоа што од целата документација за
градење инвеститорот имал само локациски услови, а не градежна дозвола.
Во 2006 година е издадено првото решение за запирање на градбата, како
и за нејзиното уривање.
Но во април 2008 беше уапсен
градоначалникот Тодоровски, заедно со уште четворица соработници, и беа
обвинети дека изнудувале пари од инвеститорот за да ја исчистат
зградата од нерегуларности, а во декември истата година стигна и
пресудата за тригодишната затворска казна. Тогаш градоначалникот, сé
уште држејќи ја таа функција и чекајќи правосилност, за нешто повеќе од
три месеци направи дури седум обиди да го срамни објектот со земја.
Ниту еднаш не успеа, затоа што полицијата не му асистираше. Од
СВР-Скопје прво објаснуваа дека за зградата се води судски спор. Но
дури и кога тој заврши во корист на општината, СВР-Скопје повторно одби
асистенција, со образложение дека тој ден немале доволно полицајци.
ДОГРАДУВАЊЕТО ПОБЛИСКУ ОД УРИВАЊЕТО
Со
промената на власта во општината, едно од првите прашања што требаше да
ги реши новиот градоначалник Ивица Коневски беше што ќе се прави со
оваа градба. Тој најави дека ќе ја легализира ако градителот си ги
плати комуналиите, како што тоа се прави за сите објекти. Од „Елинг“
уште лани рекоа дека собирале документи за да можат да добијат
одобрение за градба, но и по цела година не е поместена ниту една тула
на објектот. Во фирмата објаснија дека тоа што го договориле со
градоначалникот си го исполниле, односно ги уплатиле комуналиите, но
требало да најдат уште неколку документи за да ја завршат работата.
Општинарите, пак, истакнуваат дека не сакале да имаат грди недовршени
градби на своето подрачје, па затоа ќе и даделе уште една шанса на
оваа.
- Кога ќе ни се достави документацијата, ќе издадеме дозвола - кратко рекоа оттаму.
Лична карта
објект: станбено-деловна зграда во Аеродром инвеститор: „Елинг“ почеток на градба: почетокот на 2005 година прекин на градба: 2006 година изграденост: карабина проблем: нецелосна документација
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2810105023&id=14&prilog=0&setIzdanie=21904 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#391 Posted: 21-Jan-2010 at 21:10 |
-
Делот што не е во согласност си одобрението за градење, а што може да
се урне без да се наруши статиката е урнат и тоа во неколку наврати.
Еден дел е со помала висина од предвидената со дозволата. Другиот мал
дел, кој е спорен и кој отстапува од одобрението е во континуитет со
легално изградениот дел и поради тоа не може да се урне без да се урне
и тој дел - објаснуваат од Општината. |
Каква е оваа логика? Значи доколку „дивите“ делови не можат да се урнат без оштетување на „легалните“, тогаш дивоградбата не смее да се чепка. Интересно... Јас пак мислев дека дивоградба си е дивоградба и доколку не може да се руши селективно, тогаш треба да се руши целата. Ама доколку на Општина Кисела Вода и се дозволи ваква креативност, се прашувам колку дивоградби ќе куртулат и каква поука ќе извлечат граѓаните за во иднина.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#392 Posted: 21-Jan-2010 at 09:35 |
Урнати надежите за уривање

Отстапувањето на објектот на инвеститорот Вељко Хршум не можело да се отстрани без да се оштети легално изградениот дел
Соседите што живеат околу зградата на улицата Милан Мијалковиќ број
50 во Пржино не можат да се помират дека објектот, кој неколкупати беше
уриван и посочуван како еклатантен пример за дивоградба, се подготвува
за вселување и дека Општина Кисела Вода не презема ништо. Тие зградата
ја нарекуваат монструм, кој е во спротивност и со детаљниот и со
Генералниот урбанистички план. Се сомневаат дека причината за
неуривањето е корумпираност на поединци во општината, почнувајќи од
мандатот на градоначалникот Љупчо Димов во 2002 година, кога се изгради
оваа зграда, до денес. Инвеститор на објектот е Вељко Хршум, кој досега
изгради повеќе повеќекатници во Пржино и во Црниче.
- Се чини
дека надлежната служба во Општината Кисела Вода не е во состојба да го
спроведе законот. Се надевав дека по изјавата на градоначалникот Марјан
Ѓорчев од 20 мај лани дека се' што е нелегално на објектот ќе се урива
и по изјавите на министерот за транспорт Миле Јанакиевски за
дивоградбите, конечно таа монструм-зграда ќе биде урната. Но, тоа не е
сторено. Последниве денови инвеститорот ја завршува зградата. Досега
градежната инспекција три пати го уриваше покривот. Пред некој месец
четврти пат дел од покривот го урна самиот инвеститор. Сега урнатиот
дел е покриен со лим, па зградата е уште погрда - вели Иван Тулевски од
Пржино во писмото што го испрати до нашата редакција.
Тој
обвинува дека инвеститорот Хршум добил одобрение за градење објект за
индивидуално домување, односно куќа со основа од 150 квадратни метри и
висина девет метри, а изградил здание со основа од 400 квадрати и
висина 17 метри. Според него, дел од плацот е со нерегулирани
сопственички односи.
- Пред неколкумина граѓани од населбата,
кои од претходниот градоначалник Џорџе Арсов бараа објаснувања за оваа
незаконита градба, Билјана Стојиловска, тогашен раководител на
Подрачната единица на Министерството за транспорт, изјави дека била под
притисок кога ја потпишала дозволата за градба. Индикативно е зошто
Секторот за урбанизам во Општината не одговара на барањето на Врховниот
за ревизија на постапката за градежната дозвола - вели Тулевски.
Инвеститорот
Хршум вели дека објектот е уриван повеќепати, а тврдењата на неговите
соседи се тенденциозни и се насочени лично против него и неговото
семејство.
- Последниот пат, лани јас самиот го уривав покривот
и тоа еден метар повеќе отколку што требаше. Според ДУП, објектот е со
приземје, два ката и потпокрив. Јас поседувам градежна дозвола, која е
испочитувана, односно имам документација дека објектот е исправен -
вели Хршум.
Тој сепак признава дека има отстапувања во
основата на објектот, кои според него се со површина од 20 до 30
квадрати, и додава дека ваквите отстапувања биле дозволени со закон.
-
Да знаев дека ќе имам вакви проблеми од соседите, немаше воопшто да
градам. Тоа што 90 отсто од жителите на Кисела Вода немаат платено ни
денар комуналии, никого не интересира - вели Хршум.
Тој додава дека неодамна почнал да ја приспособува внатрешноста на објектот за живеење.
Од Општина Кисела Вода објаснуваат дека оваа зграда има дозвола за градба, но и оттаму признаваат дека има отстапувања.
-
Делот што не е во согласност си одобрението за градење, а што може да
се урне без да се наруши статиката е урнат и тоа во неколку наврати.
Еден дел е со помала висина од предвидената со дозволата. Другиот мал
дел, кој е спорен и кој отстапува од одобрението е во континуитет со
легално изградениот дел и поради тоа не може да се урне без да се урне
и тој дел - објаснуваат од Општината.
За обвинувањата дека и
понатаму се одвива градба, од Општината велат дека инспекторите биле и
констатирале дека инвеститорот градел во внатрешноста, при што нема
неправилности.
Оваа зграда претходниот градоначалник Џорџе Арсов
ја нарече типичен пример за мафијашко и анархиско однесување на
предминатиот совет. Наместо планираната куќа, со необјаснива одлука на
Советот никнала зграда од 2.500 квадрати, а покрај тоа Хршум диво
доградил уште 1.500 квадрати. Тогаш Арсов објаснуваше дека градбата не
може да се легализира и ја стави на листата за уривање со динамит. Во
меѓувреме, според Арсов, инвеститорот успеал нелегално да обезбеди
документација, така што ако објектот се урне, општината би платила
голема отштета. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3578DA078E10CF41AE005DFA62B628FF |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#393 Posted: 12-Jan-2010 at 15:30 |
Се бара нов излез на улица за сардисаната зграда на „Вајт енд сол“ Фирмата побарала
од општината Центар да се смени урбанистичкиот план и да се направи
нов пристап
до објектот,
откако претходните локациски
услови за изградба беа поништени
бидејќи
до градилиштето
се доаѓаше само низ пасажот на соседната
зграда
Откако
пред два месеци општината Центар го поништи решението за локациски
услови за изградба на објект низ пасажот на соседната зграда на улицата
Киро Крстевски-Платник, фирмата-инвеститор „Вајт енд сол“ побарала да
се измени Деталниот урбанистички план за Буњаковец 1. Со тоа треба да
се овозможи друг пристап и ќе продолжат да се одвиваат градежните
работи на зградата, чија изградба стигна до вториот кат.
Од
фирмата „Вајт енд сол“ велат дека измената на урбанистичкиот план ја
бараат со цел пасажот повеќе да не биде наменет за пристап до
градежната локација.
- Мора да се најде решение за објектот и
да се реализира маркичката за таа локација. Во соработка со надлежните
од општината дојдовме до заклучок дека прво мораме да побараме промена
на планот и со тоа да добиеме други локациски услови - објаснија од
фирмата.
Оттаму не одговорија дали во иницијативата излегле со
друг предлог, односно каде би поминувал патот до градилиштето, бидејќи
освен пасажот на соседната зграда, објектот од сите страни е обиколен
со згради.
Според општинарите од Центар, сé уште не било
разгледано барањето на „Вајт енд сол“. Оттаму велат дека сé додека не
се заврши процедурата за измена на планот, не можат да одговорат кој
пристап ќе го има неизградениот објект.
Жителите на соседната
зграда велат дека ќе побараат од општината да не се менува деталниот
план, како и да бидат вклучени во целата процедура додека се разгледува
барањето на фирмата.
- Градежните работи беа запрени од
Државниот градежен инспекторат, но некој ја извадил жолтата лента со
која беше запечатена изградбата. Се уште не е тргната ниту оградата од
пасажот. Ќе се бориме докрај за да ги исполниме нашите барања. Досега
постигнавме голем успех против урбаната мафија - додаваат станарите.
Се
претпоставува дека фирмата бара нови локациски услови за пристап од
страната каде што се наоѓаат осум гаражи на соседната зграда, кои на
тоа место стојат над три децении. Постарите жители во околината велат
дека гаражите порано биле регистрирани како привремени објекти, но
потоа биле откупени од нивните корисници. Според неофицијални
информации, „Вајт енд сол“ веќе им испраќала понуди на сопствениците за
да ги откупи, но тие не прифатиле зашто не сакаат воопшто да се изгради
таа зграда.
Од државниот градежен инспекторат велат дека
недоизградениот објект нема да се руши, но дека забраната за градење ќе
трае сé додека општината не издаде други локациски услови.
Спорниот
станбен објект се гради на основа на речиси 300 квадратни метри,
односно должина од 19 метри и ширина од 15,5 метри, а се планираше да
има приземје и четири ката, со вкупно девет луксузни апартмани.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11210103451&id=14&prilog=0&setIzdanie=21882 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#394 Posted: 25-Dec-2009 at 13:13 |
Езерце запуштено... 
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#395 Posted: 19-Dec-2009 at 08:23 |
Кој е тој објект на елинг, толку време го пишува по веснициве не ме заинтересирало?! Какво отсапување има од ДУП-от, кај се наоѓа?!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#396 Posted: 18-Dec-2009 at 22:06 |
АЕРОДРОМ ГИ ДОБИЛ БАРАНИТЕ ДОКУМЕНТИ Објектот на „Елинг“ нема да се уриваСпорниот објект на ДПТУ „Елинг“, кој се гради на булеварот Трета македонска бригада, најверојатно, нема да се урива. Од Општина Аеродром велат дека сопственикот во предвидениот рок ја доставил потребната документација за легализација на спорниот објект. За овој објект поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Кирил Тодоровски, дури седум пати, и покрај неговите упорни настојувања, не успеа да обезбеди асистенција и да го урне објектот, кој, како што тврдеше, се гради без дозвола на Општината. Локалната власт му даде нова шанса на објектот, чијшто сопственик беше обврзан до крајот на годинава да ги плати комуналиите и да го приспособи објектот според ДУП на општината. - Во моментов се води постапка за регулирање на статусот на објектот и за плаќањето на комуналиите. Сопственикот на „Елинг“ ги поднесе неопходните документи и тие се на разгледување кај стручните служби. Доколку се покаже дека документацијата е во ред, ќе биде неопходно да се почека донесувањето на Законот за легализација на градби - информираат од Одделението за односи со јавност на Општина Аеродром. Во моментот зградата на „Елинг“ е изградена до карабина, а не беше урната затоа што случајот меѓу сопственикот на објектот на ДПТУ „Елинг“ и Општина Аеродром неколку месеци пред истекот на мандатот на Тодоровски беше во судска постапка.
Е.М. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1895&ArticleID=129343
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#397 Posted: 24-Nov-2009 at 21:07 |
Ај баш да видиме (мада треба да одговорат и зошто не го направија тоа уште првиот пат)
Ќе се избрка кираџијата од „Езерце“
Лута поради недисциплината на фирмата „Вени, види, вици“, која е
кираџија во објектот на некогашната кафеана „Езерце“, Општина Центар
најави дека ќе го раскине договорот. Општинарите објаснуваат дека се
одлучиле на ваков чекор, бидејќи во два наврата закупецот го проширувал
објектот спротивно на дозволеното, што се коси и со договорот за
издавање на просторот.
„Моментно се средуваат правните
материјали за раскинување на договорот и набргу фирмата ‘Вени, види,
вици‘ нема да биде закупец на ‘Езерце‘. Откако ќе го раскинеме
договорот, ќе одлучиме што ќе преземеме понатаму, односно дали ќе
избираме нов закупец на објектот“, велат од Општина Центар.
Инаку,
стопанисувачот со „Езерце“ пред речиси еден месец со метални
конструкции почна да го оградува и проширува објектот, иако тоа не го
предвидува дозволата што ја доби од Општина Центар. Речиси истото тоа
од „Вени, види, вици“ го сторија и неколку месеци претходно. (Дс.Т.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5B807398BD05A54E8CFB1CDB6B028FE7
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#398 Posted: 17-Nov-2009 at 15:40 |
Комуналиите верувам ќе се платат, ама ај баш да видиме дали општината е сериозна во врска со приспособување на објектот кон ДУП-от, или тоа е само шарена приказна.
ОПШТИНА АЕРОДРОМ СЕ ПРЕМИСЛИ
„Елинг“ веројатно ќе се спаси од уривање
Спорниот
објект на ДПТУ „Елинг“, кој се гради на булеварот Трета македонска
бригада, најверојатно ќе куртули од уривање. Поранешниот градоначалник
на општина Аеродром, Кирил Тодоровски, дури седум пати, и покрај
неговите упорни настојувања, не успеа да обезбеди асистенција и да го
урне објектот, кој, како што тврдеше, се гради без дозвола на
Општината. Сегашниот прв човек на Аеродром, Ивица Коневски, му дава
шанса на објектот и кратко ни одговори дека инвеститорот, доколку сака
да продолжи со изградбата, е обврзан до крајот на годинава да ги плати
комуналиите и да го приспособи објектот според ДУП на општината.
Притоа, градоначалникот не прецизираше дали со комплетирањето на
документацијата ќе се легализира објектот. - Во моментов се води
постапка за регулирањето на статусот на објектот и за плаќањето на
комуналиите. До крајот на годинава сопственикот мора да ја подготви
потребната документација и да ја достави до нас - кратко одговори
Коневски. Зградата на „Елинг“ е изградена до карабина, но во последниот
период неколкумина работници изведуваат ситни доработки на градбата.
Случајот меѓу сопственикот на објектот на ДПТУ „Елинг“ и Општина
Аеродром неколку месеци пред истекот на мандатот на Тодоровски беше во
судска постапка. Иницијатор за уривање на објектот беше токму
поранешниот градоначалник. Тогашните образложенија од СВР Скопје, за
одбивањето да дадат асистенција за уривање на објектот, беше тоа што
сопственикот на „Елинг“ доставил жалба на одлуката за уривање. Подоцна,
кога надлежниот суд ја отфрли жалбата на решението, поднесена од ДПТУ
„Елинг“ за издавање предлог за привремено запирање на постапката за
уривање како неоснована, од СВР Скопје тврдеа дека полицајците не
асистирале поради преголема зафатеност.
Е.М. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1868&ArticleID=126714
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#399 Posted: 16-Nov-2009 at 14:55 |
Јас ќе се воздражм од смајлиња (и позитини и негативни) се додека не видам една дивоградба падната.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#400 Posted: 16-Nov-2009 at 14:44 |
Редно беше да се обрне внимание на тоа што се случува во стариот град во Охрид
Ќе се рушат дивоградби во стариот Охрид Охридската
локална власт до Основниот суд поднесе стотина пријави, поради
бесправна градба на објекти, во стариот дел на градот. Според
општинските власти, поголемиот дел од пријавите се однесуваат на
доградби на постојните станбени објекти, летни кујни, визби и локали, а
меѓу нив нема ниту еден случај за дивоградба на цел станбен објект.
Според
прописите, прво состојбата на терен ја согледува градежниот инспекторат
и откако ќе утврди дека одреден објект се гради неисправно, подготвува
соодветна документација и доставува пријава до судот. Решенијата за
рушење мора да се утврдат низ судска постапка.
- Бидејќи се
работи за објекти што се наоѓаат во населено место со збиена структура
на градба, треба да се внимава, при рушењето на дивоградбите да не се
оштетат другите објекти во стариот град. Поради тоа ќе треба посебно да
се внимава и при изборот на фирмата што ќе ги руши објектите. Таа ќе
треба да располага со соодветна механизација и стручни лица. Поради
специфичноста на теренот во стариот дел на градот, акцијата треба да се
спроведува организирано, односно наеднаш ќе се рушат повеќе дивоградби
- изјави Никола Маневски, портпарол на Општина Охрид.
Тој
објаснува дека изборот на фирмата што ќе го изведува рушењето ќе се
утврди низ тендерска постапка. Рушењето општината го најави пред два
месеца, целта е да се зачува автентичноста на овој дел на градот. (Е.Е.) |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=843BE04F11AA354898F74F4EED3592D0
|
 |