![]() |
![]() |
![]() |
Зоолошки градини во Македонија |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1819202122 27> |
Author | |
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Бев скоро во музејот, и навистина има фасцинанти експонати (како за наши услови), но самото тоа што внатре уште пишува „јавете се на 92 за милиција“, и на картата на Европа ги има Источна Германија, СССР и СФРЈ, кажува уште повеќе. Штета што не си ги сликал прокиснатите тавани и мувлосаните ѕидови да се долови повеќе ефектот колку е одржувана установата. Инаку, јас влегов на црно плаќајќи 3 карти за 6 луѓе, и тоа по 30 денари од човек. Сметка не добив. Браво за кустосот! (а богами и браво за мене, ама ајде
![]() |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Иако излезе дека Природонаучниот музеј освен локацијата веќе нема никаква врска со зоолошката градина, наместо во офтопик сепак ќе постирам во оваа нишка (бидејќи е веќе разработена, а целта ми е преку форумов да помогнеме да се промовира музејот). Од музејот беа љубезни и ми дадоа информативни материјали за установата, како и дозвола за фотографирање.
Кратко инфо: Музејот е основан во октомври 1926 по иницијатива на светски познатиот научник-зоолог Станко Караман. Постојаните изложби на музејот опфаќаат површина од 1700m2, а изложени се околу 4000 оргинални експонати од територијата на Република Македонија. Постојаните изложби се следните: - Минерали и карпи - Фосили - Ратенија - Без'рбетници - Инсекти - Риби - Водоземци и влечуги - Птици - Цицачи За однапред договорени групи обезбеден е водич. Адреса: Булевар Илинден бр. 86 1000 Скопје (веднаш до влезот на Зоолошката градина) За жал ми беше кажано дека засега нема никаков поголем проект на повидок и дека интервенциите се сведуваат на тековно одржување. Мислам дека е штета затоа што сум убеден дека музејот има многу поголем потенцијал од оној кој што го остварува со моменталната посетеност. Ако ништо друго мислам дека треба барем да се почне со поголема промоција. Не треба младите само организирано да ги носат од училиштата, туку треба да се стимулираат самите повеќе да се интересираат. Сигурно многу подобро отколку киснење на фејсбук... Па да се надеваме дека на музејот во иднина ќе му биде посветено слично внимание какво што почна да и се посветува на Зоолошката градина ![]() 1 ![]() 2 ![]() 3 ![]() 4 ![]() 5 ![]() 6 ![]() 7 ![]() 8 ![]() 9 ![]() 10 ![]() 11 ![]() 12 ![]() 13 ![]() 14 ![]() 15 ![]() 16 ![]() 17 ![]() 18 ![]() 19 ![]() 20 ![]() 21 ![]() 22 ![]() 23 ![]() 24 ![]() 25 ![]() 26 ![]() 27 ![]() 28 ![]() 29 ![]() |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
http://www.informator.ws/vesti-skopje/13900-2010-05-23-16-56-00.html Edited by гитардемон - 23-May-2010 at 21:31 |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Не постојат прстенести мајмуни! Не се ова црвја! Тие се лемури со прстенести опаши, од редот примати! Ај едноподни автобуси, ама прстенести мајмуни!? Од опаш со шара како прстени до прстенест мајмун...
Edited by гитардемон - 22-May-2010 at 03:00 |
|
![]() |
|
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
Нови три мајмуни во Зоолошка градина ![]() Зоолошката градина се поднови со три нови жители. Од завчера во градината се адаптираат три женки лемури - прстенести мајмуни подарок од ЗОО од Амстердам. Извесен период тие ќе живеат одвоено од седумте сродни мајмуни-мажјаци, кои исто така во зоолошката беа донесени од Холандија пред речиси два месеца. Надлежните најавуваат дека по периодот на адаптација, сите десет лемури ќе се префрлат во ново заедничко живеалиште, а се надеваат и на принови. |
|
![]() |
|
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
Реконструкцијата на Зоолошката во Битола поважна од патиштата Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион даде зелено светло за обновување на ЗОО-паркот БИТОЛА – ЗОО-паркот во Битола е регионален топ-проект поважен од санацијата на патиштата кои, исто така, се на листата приоритети. Новоформираниот Центар за развој на Пелагонискиот плански регион даде зелено светло за реконструкција на битолската Зоолошка градина. Од 1956 година, кога е изградена, таму не е обновена ни цигла. Надвор од сите стандарди се кафезите кои единствено можат да се користат за чување домашни животни. Оставени на (не) милоста на државата, под Тумбе-кафе живеат над двесте животни од четириесетина различни вида. Има ѕверови, тревопасни животни, а најмногубројни се птиците. Грдата слика во ЗОО-паркот ги одвраќа посетителите. Ако порано биле регистрирани и по 80 илјади гости годишно, сега таа бројка е далеку помала. Вработените во Зоолошката градина со децении апелираат за обновување на паркот од корен. |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
А на пример да се вика T-mobile Zoo Park во следните пет години со тоа што T-Mobile ќе искешира €2.000.000? Не е многу, и онака си трошат толку за рекламирање.
Edited by гитардемон - 05-May-2010 at 12:36 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
ТРАЈАНОВСКИ
ПОБАРА
Општините да се вклучат во обновата на Зоолошката градина Градоначалникот Коце Трајановски бара и општините да учествуваат во обновата на Зоолошката градина, за што било разговарано на последниот состанок на координативното тело на градоначалници. - Со моите колеги ја разгледавме можноста општините да се вклучат во реновирањето на Зоолошката градина. Град Скопје ќе вложи во изградбата на живеалишта за слонот и за жирафата, за што ќе се потрошат околу 15 милиони денари. Очекуваме позитивен одѕив од општините, како и интерес од приватни фирми - рече Трајановски. Освен за оваа тема, се зборуваше и за доставата на решенијата за данок на имот, наплатата на комуналната такса за фирмарина и регулирањето на такси-превозот. - Очекуваме во јуни да се донесе новата одлука за регулирање на такси-превозот во градот. Општините во градот треба да ни ги достават предлозите за новите стојалишта, а заеднички работиме на отстранување на такси-станиците коишто ја зафаќаат крајната десна лента на булеварите - изјави Трајановски. На состанокот се одлучи ЈП „Комунална хигиена“ да распише јавен повик за избор на фирми што ќе го собираат сметот од руралните средини. Градоначалниците разговараа и за можностите за промена на начинот на пресметување на цената на отпадот за да им се помогне на домаќинствата кои плаќаат високи сметки за ѓубрарина заради големата квадратура на дворовите. Општините и годинава ќе ја организираат пролетната акција за чистење на нивните подрачја, со учество на службите на градот и јавните претпријатија. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=2012&ArticleID=139997 |
|
![]() |
|
Djole88 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 611 |
![]() ![]() |
ЗОО ПОСЕТИ
Со цел да го прослават новиот лик на Зоолошката градина со своите клиенти Стопанска банка АД – Скопје обезбеди влезници за саботни посети на ЗОО Скопје во периодот од 24.04. – 24.07.2010 година. Влезниците може да се подигнуваат секој петок и сабота од филијалите Младина на кеј, Кисела вода, Веро 2, Порта Влае и Јане Сандански, а да се употребуваат во една од саботите во назначениот период. ![]() Покрај ова, во кругот на ЗОО Скопје секоја сабота се случуваат и дополнителни настани кои ќе бидат најпримамливи за децата како: боење на лицата, едукативни тури со водич, фотографирање, игри и многу други возбудливи содржини и изненадувања за сите посетители. |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Во право си DJ, „стравувањата“ во тој поглед ми биле неосновани. Сепак се надевам дека ќе се анимира и тој неискористениот простор наместо да седи така запуштен. |
|
![]() |
|
Jumbo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Mar-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 140 |
![]() ![]() |
Белградска зоолошка http://en.wikipedia.org/wiki/Belgrade_Zoo, Скопска зоолошка http://en.wikipedia.org/wiki/Skopje_Zoo, кога се хектарите во прашање веројатно скопската е поголема но кога се во прашање бројот на животни тогаш белграѓаните водат со 3 спрема 1 веројатно бројот на животни било пресудно на тезата на многу лиѓе дека белградската зоолошка е поголема од скопската но да се надеваме дека градов Скопје ќе добие конечно зоолошка за пример во регионот.
|
|
![]() |
|
Jumbo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Mar-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 140 |
![]() ![]() |
Гледам на мапава дека има живеалиште за морски лав веројатно може да се донесат и фоки, видра итн, но мислам дека нема доволно простор за делфини сепак неможе да ги сместат во обично базенче а и гледам на мапава дека следни жители на нашава золошка веројатно се слон и жирафа за делфини треба да се размислува зошто тие би биле најголема атракција но засега треба да се задржат до тоа што е реално.
|
|
![]() |
|
DJ ![]() Newbiе ![]() Joined: 23-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
На Википедија пишува дека скопската зоолошка е 9,7 хектари (проверив и на гугл еартх и може е малку помала, околу 8 хектари). Тоа значи дека е поголема од белградската (7 хектари), загребската (7,3 хектари), а од зоолошката во Будимпешта е малку помала во која сум бил и сите коментираа дека е многу поголема од скопската. Пред да го видам овој податок мислев дека скопската е каде каде помала од зоолошките во регионов. Со оваа големина и овој развој скопската зоолошка има шанси да прерасне во туристичка атракција каде би доаѓале гости од соседните држави. Мислам дека единствено што ќе и фали е голем аквариум со риби, фоки, делфини... Но да се надеваме дека ќе го доби и тоа во иднина.
Edited by DJ - 27-Apr-2010 at 11:13 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Се прашував дали се помислува и на природонаучниот музеј, па кога прочитав за овој „едукативен центар“ помислив дека тоа ќе биде во склоп и дека не го заборавиле музејот. Но ја ѕирнав мапава и очигледно тој едукативен центар е сосема друга работа, нов објект кај планираното живеалиште за слонови и жирафи. Се надевам нема да чекаме долго за нашто слично како со зоолошката да се покрене и за музејот. Мислам дека е прекрасен музеј и огромно богатство кое може да блесне со релативно малку внимание (од друга страна сведоштво како со нашата неодговорност не само што не го унапредуваме, туку го уништуваме наследството). А со оглед на неговата локација уште поголема штета би било да пропаѓа покрај разработена зоолошка градина. Патем знае ли некој во кој однос се зоолошката и музејот? Го посетив лани, ама влезот од кај зоолошката беше затворен, мораше да се влегува од надворешниот влез од кај паркингот... Друга работа што ме буни е зошто има толку неискористен простор во зоолошкава (северно од каналот), кој според мапата ни во иднина нема да се користи. Плус тоа, со целиот овој наплив на животни, меѓу кои има и такви на кои им треба доста простор, нели ќе биде малку гужва? Дали големината на живеалиштата ќе одговара на некои прифатени стандарди за современи зоолошки градини? ![]() |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
ЖИВОТНИТЕ НАСКОРО СО ПОДОБРИ ЖИВЕАЛИШТА
Зоолошката како градилиште Елена Вељановска Реконструкција на старите и дотраени живеалишта, изградба на нови и современи простори каде што животните ќе живеат по сите светски стандарди, санација на патеките, изградба на ветеринарен и едукативен центар како и зголемување на фондот на животни, се само дел од активностите на кои се работи во последниот период во скопската Зоолошка градина. Во деновите од викендот, градежните работи се одвиваат со значително намален интензитет поради големиот број на граѓани што во тие денови се заинтересирани да ја видат градината, но во работните денови уредувањето активно продолжува. Зоолошката градина, всушност, повеќе личи на градилиште отколку на место интересно за посета, но на скопјани тоа не им пречи затоа што се свесни дека по многу години градината се подновува и се создаваат пристојни услови за живот на животните. Дане Кузмановски, директор на скопската Зоолошка градина, е оптимист и најавува целосна санација на сите живеалишта во текот на следните неколку месеци. - За само половина година обновени се пет нови живеалишта, а изградени се околу дваесет нови, што претставува поттик за сите нас и понатаму да продолжиме со ваквиот интензитет на работење, се со цел животните да добијат услови за живот какви што заслужуваат, по сите светски стандарди - вели Кузмановски. Досега се завршени новите живеалишта на волците, гибоните, лемодите, како и тие за кенгурите, а изграден е и ѕверовникот за лавовите, тигрите, јагуарите и црниот пантер, кои ќе живеат заедно и на отворено. Со изградбата на нови живеалишта и реконструкцијата на старите се менува целата концепција на Зоолошката градина, со што околу 85 проценти од животните нема да живеат во кафези, туку на отворено. Во моментов се изведува тендерска постапка и за изградба на ново живеалиште за нилски коњ, антилопи, за рисови и за птици, како и адаптација на живеалиштето на мајмуните што можат да живеат само во кафези. Ќе се адаптира и живеалиштето на поларната мечка, а ќе се гради и за ракуни и за лисици. Во фаза на проектирање е и живеалиштето за слон и за жирафи, како и за змии и за алигатор. Во изминатиот период, скопската Зоолошка градина се поднови и со неколку животни, како што се четири којоти, пет волци, два риса, три ракуна, црн лебед, лав кој во себе носи албино гени и една игуана, два кенгура. Повеќето од животните се добиени со размена од белградската зоолошка градина, а дел од нив во Скопје пристигнале од Словенија и од Франција. Директорот Кузмановски вели дека другите зоолошки градини се најзаинтересирани за размена со белоглавите орли, кои на ниедно друго место не се размножуваат како кај нас. - Покрај овие животни, кои веќе пристигнаа во градината и оние кои во следниот период веќе е договорено да пристигнат, во преговори сме да донесеме уште многу животни. Преговараме и за бела мечка, слон, жирафи, како и за два тигра од Португалија - вели Кузмановски. Дел од животните што пристигнале во градината ќе бидат сместени во новоизградените живеалишта, а дел од нив привремено ќе живеат во старите, кои во наредниот период треба да бидат реконструирани. Едукативниот центар до септември Едукативниот центар, во кој е предвидено во текот на работните денови да доаѓаат деца на организирани посети и на тој начин да учат за животните, треба да биде готов до следната учебна година. Во центарот е предвидено да бидат организирани еднодневни екскурзии, на кои учениците би имале неколку часа предавања во Центарот, а потоа неколку часа настава надвор во градината. Ветеринарната станица, пак, за да профункционира, потребно е да се набават инструменти за работа, а предвидено е и да се вработи еден ветеринари, кој ќе биде задолжен да се грижи за здравјето на животните во градината. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2005&ArticleID=139405 |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() ![]() P.S. Не сум на никој начин поврзан со овој сајт, ама редовно имаат слики со најголема резолуција и најнови вести и затоа го користам, а верувале или не, уредниците се од Австралија! Со дописници од Македонија, секако ![]() Edited by гитардемон - 25-Apr-2010 at 19:58 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
оолошката градина наскоро со слон и жирафа
published - 24/04/2010 16:37:00
![]()
Донесени се повеќе од 30 нови животни, а изградени се и седумнаесет нови живеалишта во Зоолошката градина во Скопје во последнава половина година. Премиерот Никола Груевски кој денеска ја посети зоолошката рече и дека наскоро Градот Скопје планирал да финансира живеалишта за слон и жирафа. Градоначалникот Коце Трајановски пак најави дека ќе побара од своите колеги да го следат неговиот пример. “Амбицијата е оваа зоолошка градина за година-две прерасне во една од најдобрите во Југоисточна Европа и амбицијата е таа да не биде само магнет за скопјани туку и за цела Македонија и за некои околни држави чии граѓани би доаѓале од јужна Србија и Косово“- Никола Груевски- премиер “На следното координативното тело на градоначалници овој месец ќе ги замолиме градоначалниците од градот Скопје секој од нив одделно да донира по некое животно и живеалиште за животно бидејќи сепак оваа зоолошка градина не е на градот Скопје туку и на општините. “ - Коце Трајановски- градоначалник на Скопје http://alsat.mk/vesti/zemja/518422.html |
|
![]() |
|
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
Родени шест животни во ЗОО
Во Зоолошката градина вчера имаше два повода за прослава. Во ист ден градината доби дури шест принови, а прими и донација од Стопанска банка вредна 10.000 евра, која ќе се намени за изградба на кафези за орли и за јастреби. Речиси неочекувано за вработените, во ист ден во Зоолошката на свет дојдоа две лами, две берберски кози, пони и еден белоглав орел. Според директорот Дане Кузмановски, сите принови се живи и здрави и веќе се приспособуваат на условите за живот, откако претходно им се извршиле неопходните лекарски прегледи. Инаку, во ЗОО на 20 мај се очекуваат да пристигнат три нови животни. Станува збор за женки лемури-мајмуни со прстенести опашки, кои ќе живеат заедно со шесте мајмуни од истиот вид, кои во градината се вселија пред нецел месец, а беа подарок од ЗОО од Амстердам. (Дс.Т. |
|
![]() |
|
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
Донација на Стопанска банка за Зоолошката градина
На предавањето на донацијата Олгица Михаилова од Стопанска банка рече дека следните три месеци организираат саботно дружење во Зоолошката градина. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1819202122 27> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |