build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 27>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 13-Nov-2009 at 16:31
Ај бараката, ама да не „изгореле“ и по некои документи  Roll%20eyes
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 13-Nov-2009 at 16:29
Previous

Изгаснат пожарот во бараката на “Самарија“

Пожарот што денеска претпладне избувна во бараката на градежната фирма “Самарија“ во центарот на Скопје е изгаснат. Огнот целосно ја уништил бараката, но за среќа нема повредени, ниту некој од околните објекти е зафатен од пожарот.

Според првичните неофицијални информации, причина за пожарот е електрична инсталација.

Жителите од соседните згради тврдат дека инсталацијата не би можела да биде причина бидејќи и пред неколку дена исто така избувнал пожар во бараката. Пожарникарите го изгаснале многу брзо и речиси не била направена штета, а по пожарот ја исклучиле инсталацијата.

Бараката до сега ја користеше градежната фирма “Самарија“ која во јавноста стана позната по измамите со станови. Сопствениците на фирмата се во затвор поради тоа што еден стан продавале на неколкумина.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=64168&kategorija=4

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 13-Nov-2009 at 16:21
Канцелариите на фирмата Самарија изгореа !!!???
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 08-Nov-2009 at 17:48
ЖИВЕАМ ВО ЦЕНТАР. ЗНАЧИ НЕ МОЖЕТЕ ДА ЗАМИСЛИТЕ КОЛКУ СУМ ИСФРУСТРИРАН ОД ВАА К*ЧКАВА АЛАРОВА Bash. Цел ЦЕНТАР го унакази и го врати сигурно 30 години наназад.

АМА НАЈВАЖНОТО ОД СЕ: од еднособен стан кај што живееше порано, К*ЧКАТА сега ги има на располагање НАЈМАЛКУ 10.

Се трудев епитетот да и го дадам во поблагата форма.

Originally posted by Cloverstack

Мислам дека ова припаѓа тука. Урбаната мафија е добро инфилтрирана во редовите на властите и администрацијата (ако воопшто постои граница). Виолета Аларова е еден од најистакнатите примери...

Интересен е и фактот што Аларова потекнува од Маџир-Маало и таму поседува куќа. Ова во врска со фактот дека Аларова е еден од Главните саботери на Бул. Крушевска Република. Какви и се точно рачуниците не знам, ама да се саботира проект от толкава корист за градот, за бедни лични интереси е сепак премногу.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=39D9E182B398BE4189CAB5E126A8956F




Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 06-Nov-2009 at 22:44

Поглед

„Езерце“ - втора сезона

Билjана Ангеловска

Уривањето на една од најпознатите скопски кафеани, „Езерце“ во Градскиот парк се' повеќе потсетува на американските телевизиски серијали кои се снимаат по сезони. Не на шпанска сапуница која секогаш има среќен крај, па кога серијата ќе заврши, тоа е дефинитивно крај и нема снимање нови епизоди, туку на американските серии кои никогаш не завршуваат. Само се доснимуваат нови и нови сезони.

Така и со „Езерце“. Човек да се запраша, ќе има ли трета сезона од овој домашен серијал? Првиот пат градежната инспекција на Општина Центар го присили закупецот на објектот сам да го урне делот што го надградуваше, а кој ги надминуваше димензиите за кои добил дозвола. Колку се урна, а колку остана полуурнато, никогаш не се дозна. Факт е дека реконструкцијата беше прекината неколку месеци. Потоа газдата на кафеаната доби одобрение од Општината и продолжи онаму каде што беше застанал. А, што точно му е дозволено да гради и колку, знаат веројатно само тој и одговорните во Општината.

Но, во јавноста остана дилемата дали градежната инспекција на Центар и натаму ќе глумеше лудило и ќе беше слепа за дивоградбата, ако за тоа не алармираа медиумите. После беше лесно да се глуми закон и да се покажува сила.

За дивоградбата газдата веројатно ќе сноси последици, дали ќе плаќа пенали или ќе губи профит, бидејќи губи време, не е важно. Но, ќе има ли казни и за инспекторите кои дозволиле пред очи да им никне толкава метална конструкција! И ќе се најде ли маж за да ги спроведе тие казни? На крајот, ќе реагира ли воопшто градоначалникот на Центар? Или повторно ќе гледаме реприза на Кинескиот ѕид. Ќе се крене малку прав, а потоа ќе се остави да слегне. И пак, никому ништо.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=24958084D6D45B429133DF4E0D9F9D23
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 05-Nov-2009 at 00:23


Еве нова епизода

Реприза на ланското уривање на „Езерце“


Минатата година беа санкционирани истите делови од кафеаната

Деспина Трајковска


Кафеаната "Езерце" во Градски парк вчера вторпат се најде на удар на градежната инспекција на Општина Центар, откако пред речиси една година извршителите ги санкционираа истите делови од објектот како и вчера. Десетина извршители ја прекинаа реконструкцијата на кафеаната и почнаа со демонтирање на металната конструкција над терасата на објектот. Според најавите на дел од присутните на теренот, меѓу кои не беше и градежниот општински инспектор, отстранувањето на конструкцијата е само почеток на зафатите што ќе се преземат во текот на наредните денови, како би се отстраниле сите недозволено изградени делови на кафеаната. 

Од Општина Центар вчера накусо информираа дека акцијата е резултат на извршениот инспекциски надзор, со кој било утврдено дека при изградбата инвеститорот отстапил од постојната и одобрена техничка документација. Дали навистина вчерашната акција е резултат на инспекциски надзор или, пак, е иницирана од притисокот на јавноста, вчера надлежните не одговорија. Не информираа ниту дали и колку пати досега е извршена контрола на објектот, откако продолжи изградбата по неколкумесечниот прекин. Имено, лани општинската градежна инспекција презеде речиси идентични зафати, оти било утврдено дека инвеститорот место да изврши санација на покривот и на дел од кујната на објектот, вршел и делумни надградби. Вчера општинарите не посочија што овојпат не е испочитувано од страна на инвеститорот. 

"И мене не ми е јасно зошто не' уриваат. Градиме во согласност со одобрението што го имаме, го реконструираме покривот и другите делови, така како што ни е проектот врз чија основа добивме одобрение", накусо изјави еден од инвеститорите, кој иако негодуваше на акцијата, по кратко време се повлече од градилиштето.

Инаку, инвеститор во објектот е фирмата "Вени, види, вици", која од 2000 година има десетгодишен договор за закуп на кафеаната, која инаку е општински имот. Лани, и покрај дозволата само за санација на покривот без никакви можности за доградба или за надградба на објектот, инвеститорот, сепак, на своја рака, презеде и други активности, па градежната инспекција ја стопираше изградбата и ги отстрани недозволено изградените делови. Од Општината информираа дека во мај годинава на "Вени, види, вици" повторно и' е издадена дозвола за санација на објектот кој, според проектот, ќе биде идентичен на некогашниот во однос на неговата висина и габарит. За случајот лани се заинтересира и Антикорупциската комисија, но до денес предметот не е затворен, очигледно (не)намерно заборавен во некоја фиока на антикорупционерите.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2CE6455B2DC5C542942D627CBB8C9524
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 04-Nov-2009 at 21:20
Ова веке е шпанска серија со паркот, а нарочно со овој објект
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 03-Nov-2009 at 21:22
ќе излезеле на терен?
а кој им даде дозвола?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 03-Nov-2009 at 16:52
Коментар е излишен...

МОНС­ТРУ­МОТ ВО ГРАД­СКИ ПАРК ПО ВТОР ПАТ НИК­НУ­ВА

Пак се гра­ди див пот­пок­рив на "Езер­це"

Шест ме­се­ци от­ка­ко бе­ше ур­нат спор­ни­от пот­пок­рив и беа из­ва­де­ни же­лез­ни­те конс­трук­ции, сопс­тве­ни­кот на фир­ма­та "Ве­ни, ви­ди, ви­ци" пак поч­на да го гра­ди

Ка­фе­а­на­та "Езер­це" во Град­ски­от парк пов­тор­но се гра­ди. Со ме­тал­ни конс­трук­ции се по­ди­га уш­те еден кат, иа­ко тоа не го пред­ви­ду­ва доз­во­ла­та ко­ја фир­ма­та "Ве­ни, ви­ди, ви­ци" ја до­би од Оп­шти­на Цен­тар. Гра­ѓа­ни де­но­ви­ве ре­а­ги­раа во на­ша­та ре­дак­ци­ја де­ка во Град­ски­от парк пов­тор­но се по­ди­га монс­трум, кој го наг­ра­ду­ва пар­кот. Сопс­тве­ни­кот на фир­ма­та "Ве­ни, ви­ди, ви­ци", за­ку­пец на "Езер­це", до­би доз­во­ла са­мо да го за­ме­ни пок­ри­вот би­деј­ќи бил ош­те­тен, но на­мес­то тоа, ка­ко и пред 6 ме­се­ци, и се­га се гра­ди со­се­ма нов и по­го­лем об­јект од доз­во­ле­но­то. То­гаш гра­деж­на­та ин­спек­ци­ја од Оп­шти­на Цен­тар ја заб­ра­ни из­град­ба­та на спор­ни­от пот­пок­рив и им на­ре­ди на сопс­тве­ни­ци­те да ја ур­нат ме­тал­на­та конс­трук­ци­ја. Би­деј­ќи тие не го сто­ри­ја тоа во пред­ви­де­ни­от рок, ури­ва­ње­то го нап­ра­ви гра­деж­на­та ин­спек­ци­ја од Оп­шти­на Цен­тар.
Но от­ка­ко се сми­ри­ја страс­ти­те, ка­ко што ко­мен­ти­ра­ат скоп­ја­ни сопс­тве­ни­ци­те, газ­ди­те на "Ве­ни, ви­ди, ви­ци" пак про­дол­жи­ја по ста­ро и, бук­вал­но, пов­тор­но го гра­дат об­јек­тот во ис­ти рам­ки ка­ко пред 6 ме­се­ци. Во Град­ски­от парк ве­ќе не­кол­ку не­де­ли ра­бот­ни­ци­те ин­тен­зив­но ра­бо­тат, но гра­деж­на­та ин­спек­ци­ја на Оп­шти­на Цен­тар ја не­ма ни­ка­де.
Од Оп­шти­на­та уш­те во чет­вр­то­кот ни ре­коа де­ка нив­ни­те ин­спек­то­ри вед­наш ќе из­ле­зат на те­рен и за кон­ста­та­ци­ја­та ко­ја ќе ја до­не­сат нав­ре­ме­но ќе нè из­вес­тат. Но от­то­гаш по­ми­наа пет де­на, а над­леж­ни­те од Цен­тар не­ма­ат ни­как­во из­вес­ту­ва­ње што ќе пре­зе­мат во слу­ча­јот со бес­прав­но­то гра­де­ње на "Езер­це".
Оп­шти­на­та пред 6 ме­се­ци нај­а­ви и де­ка ќе го рас­ки­не до­го­во­рот за за­куп со фир­ма­та "Ве­ни, ви­ди, ви­ци" би­деј­ќи не го по­чи­ту­ва­ла ре­ше­ни­е­то за за­пи­ра­ње на град­ба­та. Се­га од Оп­шти­на­та ве­лат де­ка до­го­во­рот не го рас­ки­на­ле, заш­то ин­вес­ти­то­рот се об­вр­зал да ги по­чи­ту­ва до­го­во­ре­ни­те об­вр­ски. Од та­му са­мо об­јас­ну­ва­ат де­ка на за­ку­пе­цот му е на­ло­же­но да се при­др­жу­ва кон об­врс­ки­те од до­го­во­рот, од­нос­но ре­но­ви­ра­ње­то да би­де во рам­ки­те на пос­тој­ни­те ди­мен­зии на ка­фе­а­на­та.
Сопс­тве­ни­кот на "Ве­ни, ви­ди, ви­ци" Иван Ди­мит­ров­ски вче­ра не се ја­ву­ва­ше на мо­бил­ни­от те­ле­фон да об­јас­ни зош­то пак го гра­ди пот­пок­ри­вот и го про­ши­ру­ва об­јек­тот над­вор од пред­ви­де­ни­те гра­ни­ци. (А.А.)
http://vest.com.mk/?ItemID=6860B9E61E4C1E4FAB3EA101BDF19DEA
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 21-Oct-2009 at 00:12

„Езерце“ почестено со дозвола

Наместо да го поништи договорот со закупецот поради бесправна доградба, Општина Центар на „Вени, види, вици“ и' издала нова дозвола со која може објектот да го реконструира како што сака

Општина Центар повторно го прекрши зборот кога станува збор за кафеаната „Езерце“ во Градски парк, односно наместо да го прекинат договорот за закуп со фирмата „Вени, види, вици“ како што најавуваа, тие и' издале нова дозвола за враќање на објектот во првобитна состојба. Договорот за закуп требаше да биде раскинат затоа што закупците пред една година на своја рака и без соодветни одобренија направија доградба на стариот објект, која подоцна беше урната.

- Договорот за закуп не е прекинат. Објектот се' уште е во сопственост на Општина Центар. Одобрението за градба е издадено во мај, а објектот треба да биде изграден во рок од шест месеци од конечноста на решението. Објектот по реконструкцијата ќе биде идентичен како што бил во првобитната состојба. Договорот со закупецот не е раскинат, бидејќи се испочитувани барањата на Општина Центар - велат во општината.

Повеќе од една година од кафеаната во Градскиот парк има само еден ѕид, кој гледа кон езерцето. Нема работници, нема изградба и не е познато до кога атрактивната локација во паркот ќе изгледа како руина.

Општина Центар е сопственик на објектот „Езерце“ од 2000 година, а пред година и пол го даде под закуп со лицитација. На наддавањето победи фирмата „Вени, види, вици“, сопственик и на ресторанот „Ања“, која понуди 10.000 евра за месечна кирија.

Пред да го урне, закупецот побарал од Општината дозвола да го смени покривот, бидејќи бил оштетен од прекланскиот снег, а побарал и дозвола за реновирање на кујната и на внатрешноста. Тогаш во Општината тврдеа дека објектот „Езерце“ е под заштита и дека не смее да се урне, ниту пак може да се менува неговиот надворешен изглед. При реконструкцијата сопственикот не смееше да излегува од постоечкиот габарит, а освен промената на ентериерот и на кујната, нему не му беше дозволено ни да доградува ни да го надградува објектот.

Наместо да постапи како што и' било дозволено, односно да интервенира само во внатрешноста, фирмата изгради уште еден полукат над објектот. Тогаш градежната инспекција на Центар ја урна бесправната доградба под притисок на јавноста.

- Наемопримателот по своја иницијатива и без никакво одобрение почна со градежните зафати - изјави тогаш Лидија Неделковска, шеф на кабинетот на поранешната градоначалничка на Центар, Виолета Аларова.

Кираџиите изјавуваа дека поседуваат одобрение за реконструкција на покривот и на други делови од објектот и тврдеа дека не постапуваат надвор од дозволеното. Сепак, тогаш за случајот се заинтересира и Антикорупциската комисија, но до денеска нема ниту глас за случајот.


Ќе се обновува езерцето

Езерото кај кафеаната "Езерце" ќе се реконструира, со цел да се подобри водостојот. Градските власти распишаа тендер за овој канал со вода, но не даваат детали колку ќе чини обновата и што се' ќе опфати. Не одговорија ни како дошло до проблеми со водостојот во езерскиот систем во паркот, со оглед на тоа дека тој беше темелно исчистен во март годинава.

- Поради малиот испуст на вода, кој се појави летово, Град Скопје презема мерки за санација на езерцето и распиша јавна набавка за избор на изведувач. Штом ќе одбереме изведувач ќе почне санацијата на езерцето - изјавија од одделението за односи со јавност во Градот Скопје.

Во распишаниот јавен повик може да се види дека закажан датум за отворање на понудите бил 29 септември. Од Градот не соопштија колку понуди пристигнале. Ова езеро, но и останатите во паркот, во март беа порибени со 400 килограми риба.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B856DE58A757FD4BA98FA6AB22C7FE9C
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 09-Oct-2009 at 13:32
Конечно добри сигнали за овој случај

Зградата на улицата Платник ќе остане без градежна дозвола





 

Државниот градежен инспекторат утврдил неправилности во издавањето локациски услови за објектот, па по предлог оттаму и од инспекторот на општината Центар, градоначалникот Тодоровиќ треба да потпише решение за поништување

 
 
%20  
Зграда не може да се гради низ пасажот на друга зграда, па затоа Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на општината Центар, ќе го поништи решението за локациските услови на објектот на фирмата „Вајт и сол“ што се гради на улицата Киро Крстевски - Платник, а со тоа ќе се поништи и градежната дозвола. Поништувањето доаѓа откако државните инспектори за градежништво утврдиле неправилности во случајот и непочитување на Законот за просторно планирање, за тоа го информирале Милан Пижула, општинскиот инспектор, кој дал предлог до Тодоровиќ да се укинат локациските услови. Со тоа жителите на соседниот станбен објект ќе можат безбедно да влегуваат во своите домови, без да се разминуваат со багери или со камиони во тесниот премин под зградата.

Веќе десетина дена на градилиштето не се прави ништо. Објектот е изграден до втората плоча и стои така. Од Државниот градежен инспекторат објаснуваат дека инвеститорот нема да смее да ја продолжи изградбата без да ја повтори целата процедура за добивање градежна дозвола.

- Тој ќе треба да бара ново решение за локациски услови, а со тоа и нов пристап до градилиштето - велат од инспекторатот.

Тодоровиќ се уште не го потпишал решението за поништување, а неговите соработници најавуваат дека деновиве ќе заврши и таа постапка.

- Предлогот е доставен до градоначалникот и тој го разгледува - кратко објаснија од општината Центар.

Градоначалникот пред два месеци истакнуваше дека ако сега се прави детален урбанистички план за овој дел од општината, зад основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, на тоа место воопшто не би се нацртала маркичка за објект, но штетата веќе била направена и можностите за интервенции сега биле помали.

Иако се уште не добила официјална информација за постапката што се води меѓу општината и инспекторатот, израелската фирма „Вајт енд сол“ веќе е разочарана од исходот на нивната инвестиција.

- Ова ни е прв проект во вашата држава и многу ни е жал што проблемите излегоа во подоцнежната фаза, откако почнаа градежните работи. Многу време загубивме за да ги обезбедиме сите документи. Се уште веруваме дека општината и инспекторатот ќе најдат друго решение и нема да ни ги укинат локациските услови. Две години сме присутни овде и на многу други инвеститори им ги презентиравме капацитетите на оваа земја. Се надеваме дека ќе се поправи впечатокот од овој проект и во иднина вратите на институциите ќе ни бидат отворени - истакнуваат од „Вајт енд сол“.

На нивната интернет-страница се уште стои информацијата дека објектот се гради и дека тие што ќе купат станови ќе може да се вселат до Нова година. Самата фирма, пак, ги пресели своите канцеларии од улицата Платник на булеварот Водњанска.

Четири месеци жителите на соседната зграда, низ која поминуваа градежните машини, протестираа и повремено го блокираа пристапот, а неколку пати се случија и инциденти меѓу нив и работниците на фирмата што го гради објектот. Поради тоа тројца од нив веќе биле и на суд заради нарушување на јавниот ред и мир, а инвеститорот им се заканил дека ќе ги тужи ако продолжат да го попречуваат.

- Ние ќе продолжиме да се бориме против криминалот што е направен на овие парцели. Кога ги купувавме становите ни беше ветено дека зад зградата ќе се прави мал објект и голем паркинг. Сега имаме само 13 места за паркирање, а требаше да добиеме уште 60 - револтирано раскажуваат жителите.

Спорниот станбен објект се гради на основа од речиси 300 квадратни метри, односно должина од 19 и ширина од 15,5 метри


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1099101553&id=14&prilog=0&setIzdanie=21808
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 02-Oct-2009 at 21:54
Ohno    Bash

Шара подиве од дивоградби

Од локалната власт во Тетово велат дека политичари и други функционери градат нелегални викендички на Попова Шапка и дека овој бисер на Шар Планина подолг период е оставен на милост и немилост на урбаната мафија, која гради без никаков критериум или документација

Урбанистички хаос владее во зимско-рекреативниот центар Попова Шапка на Шар Планина. Попова Шапка повеќе личи на големо градилиште отколку на простор кој треба да биде дел или да се граничи со планираниот национален парк. Се градат куќи наместо викендички. Насекаде има песок, цемент, дрвена граѓа и луѓе што работат на довршување на почнатите градби. Ваква слика може да се види на Попова Шапка каде што интензивно се градат 15 куќи, за кои од локалната самоуправа велат дека се дивоградби и ги посочуваат како најсвеж пример за урбанистичкиот хаос што владее таму.

Работниците што ги затекнавме велат дека не знаат за кого градат ниту чии се објектите. Само им било кажано да градат и ништо повеќе. Не откриваат ниту од која или преку која компанија се најмени. Од Општина Тетово велат дека политичари и функционери градат нелегални викендички на Попова Шапка.


КУЌИ НАМЕСТО ВИКЕНДИЧКИ

Во викенд-населбата има околу 500 викендички и куќи. Од поранешната месна заедница Попова Шапка, а сега здружение на граѓани, велат дека само годинава забележале околу 20 дивоградби во викенд-населбата. Покрај дивоградбите има и други незаконски зафати во викенд-населбата. Најчесто се доградува или оградува просторот околу објектите, што е незаконски.

- Долг период немаше никаква контрола. Голем е бројот на дивоградби или пречекорувања на законскиот габарит на објектите. Имаме мало влијание врз целиот процес. Не можеме да ги спречиме ниту да вршиме контрола. Имаме информации дека најчесто се узурпира повеќе простор од купениот. Сме пријавиле во повеќе наврати во Општината - рече претседателот на Здружението на граѓани, Авзија Ризвани.

Тој, како најчест прекршок го посочува оградувањето на дворното место пред викендичките, што е незаконски. Според законот, објектите на Попова Шапка не треба да имаат огради, бидејќи како туристичко место луѓето имаат право да се движат насекаде.

- Најчесто има проблеми со плацовите што беа купени преку Министерството за транспорт и врски. Сопствениците немаат одобрение за градба, а веќе се прават објекти, кои најчесто го надминуваат дозволениот габарит од 60 квадратни метри. На двапати лани беа продадени околу 250 плаца од по 60 квадратни метри за кои почетната цена изнесуваше 250 евра. Друг проблем е што нема доволно инфраструктура за толку нагло урбанизирање на тој простор, како што е канализација, вода, електрична енергија и пристапни патови, а се гради наголемо. За ова некој треба да одговара - смета Ризвани.

Градоначалникот на Тетово, Сади Беџети, завчера обвини дека политичари и видни функционери градат нелегални викендици на Попова Шапка. Тој не сака да ги откри по име, но вели дека во тек е градба на објекти без дозвола. Одговорниот на Секторот за инспекциски надзор при локалната самоуправа, Неритан Ферати, посочува дека на Попова Шапка владее урбанистички хаос и дека викенд-населбата изминативе 10 години била сосема запоставена и оставена на грижа и негрижа на локалните моќници.

- Најчесто има прекршување на габаритот на објектите по висина и по ширина. Се знае дека со тоа одобрението за градба станува ништожно и објектот е дивоградба. Бисерот на Шара подолг период е оставен на милост и немилост на урбаната мафија, која гради без никаков критериум или документација - рече Ферати.


И ЗА КОМАНДАНТИТЕ ВАЖИ ЗАКОНОТ


Тој посочи дека иако во повеќе наврати се обиделе да извршат контрола, полицијата не им асистирала. Досега инспекциските служби утврдиле 62 дивоизградени објекта, но се сомневаат дека тој број е многу поголем.

- Досега имаме околу 10 правосилни решенија за уривање на дивоградбите, но не можеме да ги спроведеме без полициска асистенција, а исто така голем проблем е тоа што не можеме да утврдиме кој е сопственик на тие објекти - рече Ферати.

Градоначалникот Беџети обвини дека токму тие што треба да ја промовираат акцијата на Владата за прогласување на Шар Планина за национален парк, прават злоупотреби. Во борбата против дивоградбите тој најави дека на Попова Шапка постојано ќе има инспектор за да ја контролира состојбата.

- Ако некој бил командант, не значи дека може да гради без дозвола. Се знае како оди процедурата и кој е законот. Едниот е од Шипковица, а другиот е од Бродец. Кога ќе имаме сигурни докази ќе ги кажеме и со име и презиме иако и сега знаеме за кои станува збор, бидејќи постојано се покрај објектите - рече градоначалникот Беџети.

Тој неодамна донесе одлука на одреден период да се прекине со издавање одобрение за градба за Попова Шапка. Имало несовпаѓање на податоците на агенцијата за катастар, приватните геодетски куќи и детаљниот урбанистички план за Попова Шапка. Да се прекине постапката за издавање одобрение за градење додека да се донесе нов детален урбанистички план. На иста парцела, која се поклопува кај двајца сопственици, треба да се градат две викендици или пак на простор кој е предвиден за пат, според постојните податоци, треба да се изгради викендичка, се жалат сопствениците на геодетски фирми од Тетово. Изминатиот викенд на Попова Шапка се одржа трибина за заштита и за промовирање на Шар Планина. Дел од заклучоците беа дека треба да прекине узурпирањето на природните богатства. Министерот за животна средина, Неџати Јакупи, најави дека е во тек подготвувањето на границите на националниот парк.


Национален парк со 25 планински очи

Со прогласување на Шар Планина за национален парк, развој на алтернативниот туризам и инвестиции во зимско-рекреативниот центар Попова Шапка, може да се врати некогашниот сјај на оваа планинска убавица. Со околу 200 ендемски растенија и повеќе од 40 видови дивеч, Шар Планина е непроценливо богатство. Експертите велат кога деловите на Шара во Македонија и Албанија би се заштитиле заедно со националниот парк Маврово би сочинувале целина од 150.000 хектари, која би била најголемо заштитено подрачје во Европа.

На Шара има 25 планински езера, повеќе од 200 извори на чиста вода, околу 25 врвови над 2.500 метри од кои највисок е Титов Врв со 2.747 метри. Повеќе од 4 месеци во текот на година снежната покривка изнесува околу еден метар, што е идеално за развој на зимскиот туризам.

Илчо Цветаноски



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=89C9849651AC394B9FCEF42EBD521BBF


Edited by Cloverstack - 02-Oct-2009 at 21:55
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 22-Sep-2009 at 12:36
Скопски урбанизам one-o-one, ги жалам само станарите, друго све треба на бандера да се обеси, почнувајќи од Аларова...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 22-Sep-2009 at 12:32
Овој случај никако да се реши. Можеби ќе се реши кога градбата ќе биде готова  Roll%20eyes

Наголемо се гради зградата на „Платник“

Жителите од соседната зграда, чиј премин се користи за пренесување на градежниот материјал, протестираат дека инвеститорот не ги почитува одлуките на инспекторатот, ја продолжува градбата и им ја загрозува безбедноста

Градежните работи на зградата на улицата Киро Крстевски-Платник во центарот на градот не престануваат и покрај протестите на жителите од соседната зграда и забраната за градба издадена од Државниот инспекторат за градежништво. Градбата нормално се одвива и веќе е стасано до плочата на која треба да се издигне вториот кат. Инвеститор на спорната зграда е компанијата „Вајт енд сол“, а ја гради „Квадрат инженеринг“.

Жителите од зградата со број 11 со месеци негодуваат што инвеститорот незаконски го користи пасажот на нивната зграда за пренесување на градежниот материјал и за влез на градежните машини. Велат дека биле изиграни од претходната градоначалничка на Центар, Виолета Аларова, која пред локалните избори наместо предвидениот деловен објект на два ката и паркинг, дозволила на слободниот простор, кој се наоѓа сред четири згради, да се нацрта маркичка за петкатница од 18 метри височина.

- Државниот инспекторат за градежништво на 17 јули со решение му нареди на „Вајт енд сол“ да ја прекине градбата, бидејќи претходно не прибавил одобрение за подготвителни работи. Во решението стои и дека изградбата на објектот ја врши правно лице без лиценца. Во меѓувреме, на 20 јули на инвеститорот му беше доставена лиценца Ц за изведувач на градба, а Општина Центар му изработи одобрение за подготвителни работи - велат станарите.

Тие објаснуваат дека државните инспектори за градежништво констатирале дека постојниот пасаж, кој инвеститорот го користи за влез во градежната парцела, не е идентичен со предвидениот пасаж според најновите измени во детаљниот урбанистички план. Поентата е во тоа што станарите го изградиле пасажот според стариот детален план, а Општина Центар во новиот план нацртала поинаков пасаж, кој не одговара на фактичката состојба на теренот, но одговара за издавање дозвола низ него да се транспортираат градежни машини и материјал. Станарите за ова имаат и геодетски елаборат.

- Ние сме сопственици на пасажот. За тоа поседуваме и имотни листови. Не е дозволено да се минува низ приватен имот. Законот за градење не дозволува да се гради објект доколку претходно не е обезбеден пристап до парцелата. А во овој случај инвеститорот тоа си го дозволува - велат станарите од зградата 11.

Тие се плашат за својата безбедност затоа што пасажот не може да го издржи товарот од багерите и од натоварените камиони, бидејќи под него има гаражи.

- Од Институтот за земјотресно инженерство добивме писмена потврда дека пасажот може да издржи само лесни моторни возила. Исто така, овој премин не е толку висок за да може низ него да минат противпожарните возила. Што ако некогаш се запали зградата што ќе биде изградена внатре - се прашуваат станарите.

Тие потенцираат дека не се почитувани условите за градба кои предвидуваат 1,2 паркинг-место за еден стан. Во подземните гаражи имаат само 13 паркинг-места, а им недостасуваат уште 40. Токму дел од слободната површина на која сега се гради била наменети за паркинг.

Според Драган Стефановски, вработен во „Квадрат инженеринг“, тие ја исполниле обврската наложена од Државниот градежен инспекторат и извадиле лиценца за изведувач и одобрение за подготвителни работи.

- Нема ништо спорно за понатаму да не градиме. Ја испочитувавме забелешката на инспекторатот и ги доставивме потребните документи. Нема ништо спорно. А за детаљниот план, нека одат во ИНПУМА и нека го сменат. Зградата постои во плановите неколку години, а станарите кажуваат тоа што им оди во прилог. Јас не сум виновен што тие потпишаа согласност кај нотар за да се гради објектот. Тие си добија станови, еден од нив и стан и дуќан и 25.000 евра во готово. Сите се обештетени - тврди Стефановски.

Инвеститорот „Вајт енд соул“ вчера беше недостапен за изјава. Тие го смениле седиштето на фирмата, кое до скоро беше на истата улица Киро Крстевски- Платник, а со тоа и телефонските броеви.

Жителите велат дека се врши секојдневен притисок врз нив, со тоа што им се поднесувани прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир во времето кога протестираа и се обидуваа да ги спречат багерите. И покрај тоа, тие не се откажуваат од правдата и поднеле иницијатива до Уставниот суд затоа што сметаат дека на најгруб начин им се скратува правото на сопственост.

Од Општина Центар се оградуваат од одговорноста за случајот.

- Овој предмет сега е во надлежност на Државниот инспекторат за градежништво. Ние повеќе немаме ништо со тоа - изјави Милан Пижула, општински градежен инспектор во Центар.

Од Државниот инспекторат објаснуваат дека до градоначалникот на Општина Центар издале барање за поништување на издаденото решение за локациски услови, бидејќи е утврдено дека е спротивно на Законот за просторно и урбанистичко планирање.

- Инспекторатот до градоначалникот достави налог за повторување на постапката за издавање одобрение за градење, поради новооткриени факти и докази. И Општината Центар како надлежна мора да ја повтори постапката за издавање на одобрението на градба - вели Сашо Дуковски, директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Станарите од зградата 11 во мај со жив ѕид почнаа да го бранат својот пасаж од багерите. Тие секојдневно се менуваа пред пасажот и не дозволуваа влез на градежните машини. Инвеститорот тогаш нарача обезбедување од „Комета“ за да ги спречи жителите во намерите.

Анела Петрова



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9474E3B6C26E624986A4485C12F1853F
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #415 Posted: 19-Sep-2009 at 16:16
Требаше да поставивме бетонска база кај Здуње за мостот. Ама кога тргнавме со машините, ни се појави еден млад човек, со него имаше и неколку работници. Правеше викендичка. Му објаснивме дека гради на државно земјиште. Ни се развика: „Кој си ти да ми кажеш кај да градам!

Ајде тргни ми се од пред очи! Нека дојде Панде (Панде Лазаров, поранешниот директор на ЕСМ) да ми каже кај да градам!“ Го пријавивме, ама никој ништо не презеде.

Ohno  Bash


Дивоградбите не се од вчера. Ниту пријавите на разгневените поречани не се од вчера. Државниот градежен инспекторат бил информиран за ова уште во 2007 година. Зошто досега ништо не е преземено, допрва ќе се утврдува. Поречани не сакаат да зборуваат јавно зашто, како што велат, меѓу сопствениците на дивоградбите има и луѓе на високи позиции во Скопје кои не се осмелува да ги гони ниту градежната инспекција.

Ohno  Bash


градежните инспектори тргнале во акција која се уште нема конкретни резултати. Проблемот е што нема документација за новоизградените викендички и е многу тешко да се докаже кои се нивните сопственици.

Roll%20eyes

Добро ај да поверуваме дека не може да се откријат сопствениците, ама по кој основ тоа го спречува рушењето? Луѓето не само што граделе неплански, туку тоа го правеле и на државно земјиште. Каква е оваа невидена толеранција што се практицира во однос на нив? Багерите веднаш да се активираат, за тоа не мора да биде докажано кој е сопственик!


Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #416 Posted: 19-Sep-2009 at 15:16

Дивоградби го бетонираа езерото „Козјак“


 

По две децении протести и апели кај властите да се изгради патот од Скопје до Порече, жителите на овој крај се соочуваат со нов проблем – дивоградбите покрај езерото Козјак

 
 
%20  

Новиот регионален пат ЕР 104, на трасата Кула - Здуње што треба да ги поврзе Порече, браната и езерото Козјак со Скопје, напредува добро. Дваесетината работници на „Бетон“ веќе завршиле речиси половина од својата работа. Но, дивите градители се многу побрзи и од овие докажани градежници - уште пред да почне изградбата на патот и додека иселените поречани почнуваа да ги живеат својот сон за враќање во родниот крај, над 80 дивоградби никнаа во Здуње, Близанско и Брезница.

- Требаше да поставивме бетонска база кај Здуње за мостот. Ама кога тргнавме со машините, ни се појави еден млад човек, со него имаше и неколку работници. Правеше викендичка. Му објаснивме дека гради на државно земјиште. Ни се развика: „Кој си ти да ми кажеш кај да градам!

Ајде тргни ми се од пред очи! Нека дојде Панде (Панде Лазаров, поранешниот директор на ЕСМ) да ми каже кај да градам!“ Го пријавивме, ама никој ништо не презеде. Бетонската база ја направивме на друго место - ни раскажува еден градежен работник кој го градел мостот преку езерото што ги поврзува селата Близанско и Здуње.


Урбано дивеење во зелениот рај


Порече, најголема човечка и економска пустелија во Македонија, веднаш по мариовската, во 80 -тите години со изградбата на фабриката за оружје „Сувенир“ и резерватот Јасен беше практично заклучена од државата. Во вистинска смисла на зборот заклучена - доволно е да стигнете до село Кула и да го видите написот на портата. Но, Порече е најчистиот крај во Македонија со идеални услови за органско производство, планински туризам, лов и риболов. Но, кога пред пет години се привршуваше браната и езерото Козјак, и кога оние поинформираните сфатија дека тука сигурно ќе се направи пат до Скопје масовно тргнаа во правење викендички. Со исклучок на пет - шест викендички изградени од староседелци, сите други се дивоградби, вкупно, според градежната инспекција, 80 дивоградби. Не само што се изградени на државното земјиште, туку се и до самото езеро, за кое во урбанистичкиот план јасно стои дека на просторот во радиус од 50 метри од брегот на езерото е зелен појас и не смее да се гради.

- Тука треба да има шума и ништо друго - вели Ратко Божиноски, општинскиот градежен инспектор во Македонски Брод.

%20


Дивоградбите не се од вчера. Ниту пријавите на разгневените поречани не се од вчера. Државниот градежен инспекторат бил информиран за ова уште во 2007 година. Зошто досега ништо не е преземено, допрва ќе се утврдува. Поречани не сакаат да зборуваат јавно зашто, како што велат, меѓу сопствениците на дивоградбите има и луѓе на високи позиции во Скопје кои не се осмелува да ги гони ниту градежната инспекција.

- Џабе ние си зборуваме. Кога ќе падне правот, функционерите ќе си ги легализираат дивоградбите - велат поречани.

Сепак, на 17 јуни годинава кога Министерството за транспорт и врски распиша оглас за продажба на 14 парцели државо земјиште во атарот на селото Здуње, градежните инспектори тргнале во акција која се уште нема конкретни резултати. Проблемот е што нема документација за новоизградените викендички и е многу тешко да се докаже кои се нивните сопственици.

- Имаме барање од Државниот градежен инспекторат и од Министерството за транспорт и врски, да се почне со процедура на утврдување на законитоста на овие градби. Сите сомнителни градби веќе се обележани со лента и градбата е запрена. Инаку, со урбанистичкиот план е предвидена продажба на 120 парцели на државно земјиште за викендички и две локации за хотели - вели инспекторот Божиноски.

Инспекторите, како што дознаваме, побарале помош од МВР за да се утврдат сопствениците на возилата што биле фотографирани кај викендичките, а се бара и асистенција од ЕВН - Македонија. Ниту една дивоградба не е поврзана на електромрежата, но градежните инспектори се надеваат дека можеби некој поднел барање за приклучок на струја што евентуално би овозможило да се откријат и сопствениците на викендичките.
- Кога некој бара приклучок, потребно ни е барателот да ни покаже документ дека е сопственик на објектот. Тоа од нас може да го бара само МВР со налог од истражен судија - велат во ЕВН.

Меѓутоа, прашање е кој се пријавил како сопственик. Тоа сепак не е гаранција дека ќе се откријат вистинските нарачатели на дивоградбите.


Куќички и палати без струја и вода


Сите дивоградби во селото Здуње се обележани со полициска лента. Газдите ги оставиле машините, цементот и циглите и на прв поглед се чини дека се откажале од своите викендички. Најголем дел од нив се изградени од камен и се наоѓаат многу блиску до езерото.

- Што ќе прават кога ќе се наполни езерото со вода. Сите тие викендички може лесно да завршат на дното - објаснува Александар Арсовски, градежен инженер и шеф на 20-тината работници на „Бетон“ кои го градат патот.

Поголемиот дел од Здуње е потопен, додека соседното село Близанско сé уште има староседелци. Кога ги посетивме, можеше веднаш да се забележи нивниот револт.

%20


- Над нашево село, практично в планина се градат викендички. Кај нас има четири. Едноставно доаѓаат луѓе од Скопје и градат, никого не прашуваат, ниту кажуваат кој се и што се. Во Близанско има земја за продавање, цената е 20 евра за квадрат, ама овие сакаат без пари да добијат парцела - револтирано раскажуваат селаните.

Сепак, тие се радосни што се гради патот. Чекале 20 години.

- Регионалниот пат до Кула е осум километри, веќе четири километри ги пробивме. Мислам дека ќе го завршиме во предвидениот рок, до септември следната година – вели инженерот Арсовски.

Меѓутоа, патот се прави само од мостот кај Близанско и Здуње до селото Кула. Патот од тука до Македонски Брод е многу лош. Оние што се надеваат дека преку новиот пат ќе го скратат патувањето, на пример до Охрид за околу 100 километри ќе останат разочарани. Не се знае дали ќе биде распишан тендер и за тој пат.




Државниот градежен инспекторат реагира по две години

Добро е, велат поречани, што градежната инспекција се зафати за работа. Но, зошто се чекаа две години по пријавата за дивоградбите. Во Државниот инспекторат само велат дека во тек е постапка за пријавените објекти.

„Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво по пријава на граѓани за бесправно градење објекти во околината на езерото Козјак изврши увид на терен. Утврдено е дека на посочените места има поголем број објекти и за истите е дадено укажување на општинскиот градежен инспектор да почне постапка за да утврди дали изградените објекти и објектите во градба се во согласност со законските прописи. Во моментот постапката за проверка на техничката документација за сите објекти е во тек и за сите оние објекти за кои ќе биде утврдено дека се изградени бесправно, ќе биде дадено укажување да се третираат согласно со постојната законска регулатива“, се вели во писмениот одговор од Државниот градежен инспекторат.
 
   
Автор: Александар Божиновски


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91891946514&id=9&setIzdanie=21792


Edited by La Linea - 19-Sep-2009 at 15:17
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #417 Posted: 18-Sep-2009 at 13:34
Показна, про-форма акција насочена кон поединци, а не кон решавање на проблемот како цело!Ќе срушат станче а кај Апче ќе им израсне блок со 200 стана! Смешно...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #418 Posted: 18-Sep-2009 at 02:31

Се урива доградбата на станот на Станинов

Градежната инспекција од Карпош вчера почна да ја урива доградбата на станот на станбениот објект на улицата „Никола Парапунов“ бр 31/1. Неофицијално, станува збор за стан кој е сопственост на Сашко Станинов. Од Општината информираат дека дивоградбата е изградена уште од јули минатата година. Бидејќи и по укажувањето сопственикот на станот сам не ги отстранил бесправно изградените делови, акција вчера презедоа општинарите.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=3593E7A971586C47A92646ADC4CE4F60
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #419 Posted: 04-Sep-2009 at 22:00
Applause

Жителите на Хром ја победија Општината на суд

Управниот суд донел одлука со која се поништуваат локациските услови за изградба на станбена зграда на улица Панко Брашнаров, поради која граѓаните со месеци протестираа Управниот суд донел пресуда во корист на жителите од Хром, кои со месеци ја блокираа изградбата на зграда на улицата Панко Брашнаров. Судот, како што велат од Координативното тело на граѓаните, донел одлука со која се поништуваат локациските услови за градбата, издадени од Општина Ѓорче Петров, а предметот е вратен на повторно разгледување.

Жителите на таа населба со месеци протестираа против изградбата на станбена зграда која треба да има 12 стана. За нив беше спорно тоа што според детаљниот урбанистички план за тој реон е предвидено само индивидуално домување, односно семејни куќи. Сомнеж плус кај граѓаните дека нешто не е во ред при издавањето на дозволата предизвикал фактот дека еден од сопствениците на фирмата-изведувач е вработен во Министерството за транспорт и врски.

Моментално градбата е стопирана, а изградена е само подрумската плоча.

- Не може да се гради зграда во тесна улица. Општината со ваква урбанистичка политика сака од Хром да направи Дебар Маало и Кисела Вода. Зошто издале дозвола за градење зграда во реон за индивидуална градба, а не онаму каде што се предвидуваат згради? Веројатно затоа што таму инвеститорите мора сами да донесат вода, струја, топловодна мрежа, телефон, а овде се' имаат на готово, оти веќе има изградена инфраструктура - велат од Координативното тело.

Тие се категорични дека нема да дозволат нивната населба да биде уништена со згради.

- Не само Управниот суд туку и Државниот градежен инспекторат најде недоследности и издаде решение за запирање на градбата. А градоначалникот Сокол Митровски во целиот тој период воопшто не дојде кај нас, туку само во медиумите даваше изјави во прилог на инвеститорот - велат граѓаните.

Градоначалникот Митровски протестите на граѓаните ги опишуваше како шпекулација и каприц.

На последната седница на Советот на Ѓорче Петров имаше жестока расправа околу овој случај. Советниците прашуваа кој издал одобрение за градба и дали некој ќе носи одговорност. Наместо одговор, општинарите ги обвинија граѓаните дека се виновни за слабиот прилив на комуналии во општинската каса. Тие го покажаа извештајот за извршување на буџетот, каде што делот за приходи е намален за 50 отсто и објаснија дека слабиот прилив на комуналии се должи на протестите кои, наводно, ги одвраќале инвеститорите од градење.

Наспроти општинарите, советниците од опозицијата во Советот на Ѓорче Петров рекоа дека протестите не се причина за слабите приходи во општинската каса, туку проблемот бил во тоа што ништо не се градело.

- Со што би се привлекле инвеститори кога не се градат паркиралишта, осветление, нови улици?! Тоа е предуслов за некој инвеститор да дојде и да гради. Исто така, доколку Општината биде повнимателна при издавањето на одобренијата за градба, можеби инвеститорите и навистина би имале зошто да бидат заинтересирани - рече советникот Горан Симоновски.

Јораданка Ивановска



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=14C4AE4BC7D1164CBF09FFC04892037D
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #420 Posted: 17-Jul-2009 at 15:15

Државата ќе бара неправилности кај зградата на улицата Платник

Поради непослушност, на општината Центар и се одземени надлежностите за овој случај, во кој објект треба да се гради низ пасажот на соседната зграда

%20

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам му ги одзел ингеренциите на Милан Пижула, градежниот инспектор во општината Центар, бидејќи не постапил според нивното укажување за случајот со изградбата на зградата на улицата Киро Крстевски-Платник, во близината на трговскиот центар „Буњаковец“. Овој случај во изминативе месеци го привлече вниманието на јавноста бидејќи објектот се гради низ пасаж од соседната зграда, чии станари жестоко се спротивставуваат на тоа.

Минатата недела државните инспектори испратиле указ до општината Центар и до Пижула со кој побарале во определен рок да се усогласи идејниот проект со деталниот урбанистички план, а во спротивно да го поништи решението за локациските услови. Тоа требаше да доведе до укинување на спорното сообраќајно решение. Сепак, општинскиот инспектор не сторил ништо, па затоа сега државните ќе се занимаваат со зградата.

- Побаравме општината Центар да ни ја достави целата документација во врска со предметот за оваа зграда. Градежниот инспектор не постапи како што укажавме, па затоа во согласност со законот за градење му ги одзедовме надлежностите само за овој случај. Нашите инспектори денеска ќе излезат на теренот да извршат увид. Во зависност од резултатите од направената прецена, понатаму ќе преземеме дополнителни мерки. Идната недела ќе имаме подетални информации - објасни Сашо Дуковски, директорот на Државниот градежен инспекторат.

Од општината Центар кратко одговорија дека целиот предмет за изградбата на спорната зграда со бројот 7 на улицата Киро Крстевски-Платник вчера бил доставен до Државниот инспекторат за градежништво.

Милан Пижула, градежниот инспектор од општината Центар, изминатите денови тврдеше дека не добил никаков указ да изврши дополнителни активности за спорната зграда, а не призна ниту дека надлежностите за овој случај му се одземени.

- Инспекторатот побара да го земе предметот, а ние му ги испративме документите. Понатаму тие ќе одлучуваат. Не знам дека испратиле друго укажување, освен тоа да го земат случајот - додаде Пижула.

Жителите од соседниот објект со бројот 11 околу два месеци протестираа и го блокираа пристапот до градилиштето, бидејќи со сообраќајното решение е предвидено пасажот од нивната зграда да се користи како премин за камионите и булдожерите. Тие велат дека на големо се копа за да се постават темелите на објектот.




Тодоровиќ е против објектот

Ако сега се правел деталниот план за овој дел од општината Центар, спорната маркичка воопшто немало да постои, вели Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на Центар. Тој додава дека, за жал, сега е немоќен да стори нешто за случајот, бидејќи планот е од 2005 година, а во мандатот на неговата претходничка Виолета Аларова е издадено и одобрение за градба. Од општината истакнуваат дека нивниот градоначалник бил запознаен со случајот, но никогаш не ветил дека ќе го реши.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71791016556&id=14&prilog=0&setIzdanie=21740
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.352 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.