build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324 27>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 14-Nov-2009 at 04:12

и сега да почнеме со масовни инвестиции пак ќе касниме и патиме!

најефикасно е целосно да се либерализира идејата за ветерници и да распалат странски инвестиции на мала врата, а јасно се друго да се тера забрзано бар она што е во нашите можности... сето тоа надополнето со луково поле, чебрен и галиште и ете не на стабилно тло! делува едноставно и лесно, но не е, но ако можат да се откажат од патарини и автопати, зошто па не би го либерализирале пазарот на еолските електрани? односно бесплатна земја и лиценца, отворен пазар и јасно минимален данок колку да се покрие администрацијата која ќе ги опслужува ваквите инвеститори

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 13-Nov-2009 at 18:53

Потребен е општ консензус во земјава за вложување во енергетиката


Општ консензус во земјава за вложување во енергетиката, до 25% регулирана цена на струјата за големите потрошувачи, искористување на геотермалните извори за загревање на училиштата, изградба на гасна инфраструктура во западниот дел, закон за енергетска сиромаштија и усогласување на законот за енергетика со европската регулатива. Ова се решенијата што институтот за социјална демократија Прогрес ги предлага во документот како до одржлив енергетски развој на Македонија. 
“Ова е последен момент кога заеднички сите треба да настапиме со заеднички вложувања и инвестиции во нови проекти, енергетска ефикасност и обновливи извори.“, вели Јани Макрадули –автор 
“Битно е регулаторната комисија и во пракса да се издигне на повисоко ниво“, вели Марко Бислимовски- автор 

Македонија се повеќе троши пари за увоз на енергија. Во 2005-та се одлеале 308 милиони евра, 436 во 2006-та, 590 милиони евра 2007-ма, над 749 милиони лани, до огромни 850 милиони евра годинава, кои се потрошени само за увоз на енергија. Во континуитет расте и потрошувачката на електричната енергија, паралелно со цената. За 427% во 2000-тата, 34,28% 2005/04-та, 2008/07 за 7,15%. Со цел да се надминат овие погуби бројки во тек е донесување на енергетската стратегија. На Влада стратегијата треба да се најде деновиве. Документот ги дефинира насоките за развој на енергетиката во наредните две децении. 
13.11.2009, 17:24
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=55250
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 05-Nov-2009 at 07:18

Еден век од првата струја во Македонија

ХЕЦ „Шпилје“ вчера одбележа четири децении постоење. Изградена е низводно на самиот состав на реките Црн Дрим и Радика, во непосредна близина на македонско - албанската граница. Во седумдесеттите години, кога е пуштена во погон, централата обезбедувала една третина од вкупното производство на струја, а досега има произведено околу 10.600 гигават-часа струја. „Почетокот пред точно 40 години беше скромен, но со ентузијазам, истрајност и компетентност на кадрите кои низ годините го дадоа својот придонес и знаење, денес ХЕЦ „Шпилје“ стана стратешки енергетски објект“, нагласи на вчерашната свеченост директорот Љупчо Ангелоски.

Директорот на АД ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, рече дека благодарение на добрата хидролошка состојба, техничката кондиција, како и на солидното оптимално менаџирање со хидроелектраните на два месеца пред завршувањето на тековната година, целосно е исполнет планот за производство на струја според енергетскиот биланс, но и натфрлен за осум проценти.

Инаку, ЕЛЕМ и „Шпилје“ вчера одбележаа уште еден значаен јубилеј - 100 години или еден век од почетокот на производство на струја во Македонија. Пред точно 100 години, во далечната 1909 година била пуштена првата мала дизел електрична централа во Скопје, со моќност од тогашни многу значајни 44 киловати. Тогаш засветила и првата електрична светилка во земјава.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=8EF32F4C4D7D044186E0B9B025B7D0E0
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 30-Oct-2009 at 15:50

Домаќинствата најмногу ја трошат енергијата





 

Најголеми расипници на енергијата се домаќинствата и јавните објекти, со над 40 отсто од вкупната потрошувачка

 
 
%20  
Македонија може да ја оствари европската директива за учество од 21 отсто на обновливите извори во вкупната потрошувачка на енергија до 2020 година, заклучија експертите на вчерашната регионална конференција посветена на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Клучната дилема е дали тоа да се постигне преку користење на биомасата, како еден од најексплоатираните ресурси досега. Ако ги исечеме шумите за добивање енергија, ефектот ќе биде контрапродуктивен, предупредуваат екологистите.
- Со учество на обновливите извори на енергија од 15,3 отсто во потрошувачката на финална енергија во 2005 година, Македонија спаѓа во земјите со релативно големо искористување на обновливите извори на енергија. Подобри од нас се Шведска, Финска, Австрија и Литванија.

Предвидувањата се дека учеството на обновливите извори до 2020 година може да се зголеми на 25 отсто - истакна академикот Глигор Каневче.

Најновата директива на ЕУ налага од земјите-членки учеството на енергијата од обновливите извори да биде 20 отсто. Роберт Шарламанов од Австриската развојна агенција во Македонија смета дека искористеноста на обновливите извори кај нас е помала и се движи до 10 отсто, бидејќи биомасата, односно горењето дрва, не треба да се третира како обновлив ресурс. Повеќето од учесниците на конференцијата како најголем потрошувач на енергија ги посочија домаќинствата и јавните објекти, со над 40 отсто од вкупната потрошувачка. Претседателот на МАЦЕФ, Константин Димитров, смета дека Македонија со воведување мерки за енергетска ефикасност до 2020 година може да заштеди над 2.000 гигават-часа електрична енергија, што е еднакво на годишното производство на првиот блок на РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“ заедно.

- Потребна е само мала изолација на прозорците или нивна замена. Граѓаните треба да внимаваат и при изборот на апаратите за греење и ладење и да не го купуваат најевтиното. Значајна е енергетската етикета, односно апаратот да е ефикасен и да не троши многу струја. Полека се поттикнува свеста кај граѓаните дека трошењето на енергија удира по џебот, но сепак државата мора да спроведе подобра кампања за информирање - истакна Димитров.

Од името на Бан Ки-мун, генералниот секретар на ОН, зборуваше и Срѓан Керим, кој запраша дали светските лидери и понатаму ќе бидат троми, слепи или полуслепи или ќе постигнат спогодба што ќе им користи на сите генерации.

- Енергијата е во суштината на секое економско прашање и во овој сектор има најголема емисија на штетни гасови - нагласи Керим.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10309948556&id=10&prilog=0&setIzdanie=21824
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 29-Oct-2009 at 00:07

... Тој смета дека пониската цена на електричната енергија во Македонија (од за 30 до 50 отсто од земјите во регионот) придонесува за недоволна заинтересираност на граѓаните за воведување на мерките за енергетска ефикасност.

Е како би ставил се, само да ја имам неговата плата!

Edited by Vladimir P - 29-Oct-2009 at 00:08
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 28-Oct-2009 at 15:25

Конференција за енергетска ефикасност во МАНУ

Повеќе од 500 експерти од областа на енергетиката, академици, претставници на финансиски институции, министерства, агенции, амбасади и други значајни институции од цела Европа ќе учествуваат на Регионалната конференција посветена на енергетската ефикасност што утре и задутре ќе се одржи во Скопје.

Тие ќе говорат на Конференцијата за финансирање проекти од енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија што во следните два дена ќе се одржува во МАНУ. Клучен говорник е Срѓан Керим, претседател на 62-та седница на Генералното собрание на Обединетите нации и специјален пратеник од Генералниот секретаријат за климатски промени на ОН. На конференцијата ќе учествуваат и говорници од Австрија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Србија, и како и експерти од различни региони во Европа.

Учесниците ќе дискутираат за енергетската проблематика во време на актуелната светска финансиска криза. Ќе се иницираат и напредни мерки за заштеда на енергијата и наоѓање на алтернативни извори за замена на фосилните горива. Притоа, акцентот на конференцијата ќе биде ставен на потребата од поголема меѓународна соработка за оваа проблематика.

Програмата на конференцијата двата дена ќе почнува во 9.30 часот, а учеството не се наплаќа. Организатори се Центарот за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ), МАНУ и Скопски саем.



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=973ED9058EA18744B02486A0FAB8EABA

За зелената енергија има доволно странски пари





 

Ниската цена на струјата во Македонија е причина за недоволната заинтересираност на граѓаните за воведување на мерките за енергетска ефикасност, смета Мајкл Фриц од УСАИД

 
 
%20  
Странските донатори се заинтересирани и спремни да финансираат проекти од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија преку најразлични фондови за оваа намена. За таа цел потребна е континуирана координација меѓу донаторската заедница и надлежните институции во Македонија, беше констатирано на вчерашната конференција на донаторите за реализација на проекти од обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Конференцијата ја организираше Министерството за економија, а свои излагања имаа Маркус Репник од Светската банка, Мајкл Фриц од УСАИД, Хајнц Хабертојер од Амбасадата на Република Австрија и Франческо Корбо од Европската банка за обнова и развој.

- Обновливите извори на енергија не се само обврска кон иднината на нашата земја и идните генерации, туку и можност да инвестираме во сегашноста. Енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија се императив за одржлив економски развој и приоритет на македонската влада. За реализација на активностите во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија ќе се формира координативно тело, кое ќе направи преглед на сите постојни и идни проекти, како и можностите за нивна финансиска поддршка на локално, национално и регионално ниво - изјави министерот за економија Фатмир Бесими. Претставникот на УСАИД, Мајкл Фриц, нагласи дека досега во овој сектор се инвестирани помеѓу 15-20 милиони долари.

- Приближно исто толку средства му се достапни и на бизнис-секторот и општините во форма на кредити - истакна Фриц.

Тој смета дека пониската цена на електричната енергија во Македонија (од за 30 до 50 отсто од земјите во регионот) придонесува за недоволна заинтересираност на граѓаните за воведување на мерките за енергетска ефикасност.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10289948144&id=10&setIzdanie=21822
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 25-Oct-2009 at 21:08
Да, ова со термоцентралате е дел од проектот Era City:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3&PID=48703#48703

Требаше да се регистрира проектов и тука  Thumbs%20Up
Back to Top
DiKej View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 04-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote DiKej Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 25-Oct-2009 at 19:59

Словенци сакаат да градат термоценрала на гас


Словенечки компании се заинтересирани за изградба на термоцентрала во Македонија која ќе работи на природен гас. Според проценките на словенците, вредноста на централа ќе биде до 15 милиони евра. Со словенечкиот проект се проценува дека новата централа на природен гас би произвела три вида на енергија.

„Ние ќе понудиме енергија од три вида или три генерации, што значи дека ќе се обезбеди струја не само за нашиот бизнис центар, туку исто така и за  пошироко. Ќе обезбедиме електрична енергија, централно греење и централно ладење, проект што е прв од ваков вид во Македонија"  вели Гвидо Омладиќ, претседател на управниот одбор на  Скопскиот саем

Освен термоцентралата, Словенците не се откажуваат и од инвестирање во изградба на нови хидроцентрали.

„Словенечки компании се заинтересирани за инвестирање и во такви проекти, но со големи конзорциуми. За нас хидроцентралите се интересни, бидејќи енергијата се добива со нови извори“ изјави Јанез Трошеј, словенечки бизнисмен.

Според словенечките експерти, ако Македонија не инвестира во изградба на нови хидроцентрали и поголемо користење на соларната енергија, тогаш ќе се соочи со зголемување на цената на електричната енергија. Како единствена алтернатива за Македонија се смета  гасификацијата, за што на земјата и се потребни 300 милиони евра.

http://alsat.mk/ekonomija/18278.html
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 16-Oct-2009 at 01:32
Без коментар - БРАВО Applause
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 16-Oct-2009 at 01:29
Бре бре, на ова Кочанчаниве уште малце и роботи ќе им го растат оризот

Компјутери работат на сонце

Улични светилки, семафори, а од неодамна и компјутери во ОУ „Кирил и Методиј“ во Кочани ја користат сончевата светлина како енергетски извор

Десетина компјутери во кочанското Основно училиште „Кирил и Методиј“ деновиве почнаа да работат на сончева енергија. Засега е опфатен само компјутерскиот центар за администрацијата, како дел од проектот „Заокружување на енергетската ефикасност на училиштето“.

Компјутерите се напојуваат од соларни панели со систем на акумулација од 1,5 киловат, со што годишно ќе се заштедуваат 5,7 мегавати електрична енергија.

Со проектот, заради штедење енергија, се заменети и дел од прозорците во училиштето, а во ходниците се монтирани штедливи светилки. Со тоа, покрај заштедата на електрична енергија ќе се обезбеди и намалување на потрошувачката на нафта за 20 отсто годишно, а за десет тони ќе се намали и емисијата на јаглероден диоксид.

Проектот, чиј носител е Здружението на граѓани „Еднакви за сите“, беше финансиран од Глобалниот еколошки фонд со 50 илјади долари, а кочанската локална самоуправа учествуваше со 13,5 илјади.

Основното училиште „Кирил и Методиј“, исто како и кочанската гимназија „Љупчо Сантов“, судската зграда и спортската сала, ја користи и геотермалната вода како еден од енергентите за греење на училиштето. Лани со средства од истата програма се изврши санација и реконструкција на грејната инсталација заради овозможување подобар топлински ефект.

- Овие проекти се во рамките на европските стандарди и регулативи за користење на 20 отсто од вкупно потрошената енергија од обновливи извори. Покрај се' поинтензивното користење на богатиот геотермален потенцијал во Кочани на сончева енергија работат улични светилки, еден семафор, се осветлува Гоцевата шума, а од ветерницата се осветлува Споменикот на слободата - вели координаторот на проектите, Жаклина Пауновска-Ангелковиќ.

Љупчо Шатевски


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3ECF57607177CA438A3A45F3A22F36EF



Edited by La Linea - 16-Oct-2009 at 01:36
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 14-Oct-2009 at 18:42
... Скопската општина Карпош е добитник на наградата за енергетски најефикасна општина во 2009 година...

Ако ова е само како потик тогаш е во ред, иначе реалноста е сосема друга.
(имав веќе и уназад постирано слика како во сред ден светат уличните светилки, па дури и два и-маила испратив до е-општина, наравно ни одговор ни корекција)
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 14-Oct-2009 at 14:00
Сонцето и ветерот да влезат во домовите
 
Обновливите извори на енергија мора да станат начин на живот, со што ќе се намали големиот увоз на електрична енергија и ќе се спречи одлевањето девизи  
 
%20  

Македонија треба да заштеди најмалку 9 проценти од потрошувачката на енергија во следните неколку години. Во таа насока енергетската ефикасност, освен што е императив и потреба на општеството, претставува и најдобриот и најприфатлив ресурс со кој може да се намали големиот увоз на електрична енергија и да се спречи одлевањето девизи. Во кратки црти ова е пораката од Регионалниот бизнис-форум за енергетика што почна вчера во рамките на неделата на енергетика во Македонија. Речиси сите учесници се согласија дека обновливите извори на енергија мора да станат начин на живот.

Претседателот на македонскиот центар за енергетска ефикасност Константин Димитров смета дека во поглед на енергетската ефикасност Македонија не доцни во споредба со земјите од регионот.

- Енергетската ефикасност не подразбира дека државата треба да вложува. Над 40 проценти од вкупната потрошувачка на енергија отпаѓаат на домаќинствата, кои треба да штедат енергија, со што ќе си помогнат на својот буџет. Улогата на државата е да обезбеди фондови, ослободување од даноци и слично - изјави Димитров.

Тој смета дека увозот никогаш не е добар. Многу подобро е енергијата да се произведува дома, бидејќи на тој начин се вработуваат луѓе. Димитров побара што побрзо да почне процесот на гасификација со брзо развивање на дистрибутивната мрежа. Заменик-министерот за економија Методиј Хаџивасков истакна дека користењето на обновливите извори на енергија, како и енергетската ефикасност, се стратегиски цели на оваа влада.

- Обновливите извори сега учествуваат со 15,3 проценти во вкупната потрошувачка на енергија и до 2020 година тој процент треба да се зголеми на 21,4 проценти - истакна Хаџивасков.

Според евроамбасадорот Ерван Фуере, ЕУ со нетрпение го очекува усвојувањето на акциониот план за енергетска ефикасност. Џани Бречевич, директор на институтот ИРЕЕТ од Љубљана, посочи дека најголеми заштеди може да се направат на јавното осветлување.

- За да се реализираат големите проекти како Бошков Мост, Чебрен и Галиште, не треба да инвестира само државата туку треба да се даваат и концесии, преку јавноприватно партнерство да се ангажираат странски компании што би можеле да инвестираат. Но за сето тоа е неопходно да се усогласи законодавството. Тоа е првиот чекор што Македонија мора да го направи за да привлече странски капитал - рече Бречевич.

Во однос на ветерот како извор на енергија, Влатко Стоилов, професор од Електротехничкиот факултет во Скопје, смета дека реалниот вкупен потенцијал на цела територија е 150 мегавати што можат да обезбедат до 250 гигават-часа струја годишно. Капацитетот на ветрот е евидентен, особено по долината на реката Вардар, во Овчеполието и околу Богданци.

Карпош енергетски најефикасна општина


Скопската општина Карпош е добитник на наградата за енергетски најефикасна општина во 2009 година.

Покрај општината Карпош, награди за проекти од областа на енергетската ефикасност добија и општините Аеродром, Чашка, Велес, Прилеп и Кочани.

Овие општини наградите ги добија поради поставување штедливи светилки, како и заради најефикасна енергетска контрола.

На Виена и се брза со законските измени

Во текот на одржувањето на енергетскиот форум пристигна и веста од Виена, која предупреди дека нејзините препораки за измени на Законот за енергетика не се спроведени од страна на македонските власти.
- Секретаријатот на Енергетската заедница останува на мислењето дека Законот за енергетика, како и правилникот за методите и условите за Регулаторната комисија за енергетика треба да бидат изменети за во целост да бидат усогласени со договорот на Енергетската заедница - се вели во дописот на ЕЗ.

Енергетската заедница и замерува на македонската влада поради недостигот од конкуренција на енергетскиот пазар. Секретаријатот потсетува дека Владата се обврзала да го надгради моделот на енергетскиот пазар, да обезбеди фер-третман на сите учесници на пазарот и негова либерализација. Акциониот план, според ЕЗ, е првиот чекор за да се достигне усогласеност со договорот на Енергетската заедница.

Претходно министерот за економија, Фатмир Бесими, истакна дека власта ги зела предвид сите забелешки од Виена и тие ќе бидат спроведени.

Крајниот рок за донесување на новиот закон со сите измени е средината на идната година, појасни Бесими.
- Секретаријатот одблиску ќе ги набљудува конкретните акции преземени од законодавецот и од регулаторните власти во следните месеци пред да одлучи за преземање на следните чекори - ни изјави Аника Лесјак од Виена.
Македонија од 1 јануари 2010 година го презеде и претседателствувањето со Европската енергетска заедница.

 
   
Автор: А.С.Д.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1014993479&id=10&prilog=0&setIzdanie=21811


Edited by Cloverstack - 16-Dec-2009 at 20:44
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 09-Oct-2009 at 13:10

Електрична енергија од корени, стебла и од лисја





 

Отпадот од земјоделските производи, наместо да се пали по нивите, може да се претвори во електрична и топлинска енергија.

 

 
%20  
Ова е целта на проектот.

„Од биомаса до енергија“, кој вчера во Фабриката за хартии во Кочани го промовира Меџати Јакупи, министер за животна средина и просторно планирање.

- Со проектот се дава можност за иден трансфер на технологија во износ од околу осум милиони евра за замена на котелот за производство на енергија што ќе работи со користење на отпадот од земјоделството - рече Јакупи.

Сопственикот на фабриката „Хартија“ од Кочани, Александар Марковиќ, смета дека со проектот ќе се реши еколошкиот проблем, а ќе се добие и поевтина енергија.

- Отпадот од земјоделските производи во кочанското поле е неискористен и се пали на нивите, а на овој начин ќе биде претворен во електрична и топлотна енергија - посочи Марковиќ.

Реализацијата на проектот „Од биомаса до енергија“ ќе почне од 2010 година, а првите количества на енергија се очекуваат во 2011 година.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1099914389&id=10&prilog=0&setIzdanie=21808
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 08-Oct-2009 at 23:37

МЕПСО монтира нов трансформатор во Штип

МЕПСО вчера почна со монтажа на новиот енергетски трансформатор во 400/110-киловолтната трафостаница во Штип. Трансформаторот е со моќност од 300 мегаволт-ампери и чини 2,3 милиона евра, а е произведен од „Сименс“.

- Со ова почнува последната фаза од реализацијата на нашата најголема капитална инвестиција - трафостаницата кај Штип, вредна 13 милиони евра. Со нејзиното пуштање во работа значајно ќе се подобри доверливоста и стабилноста на преносната електроенергетска мрежа и ќе се намалат загубите во неа - изјави портпаролот на МЕПСО, Никола Стојанов.

Со новата трафостаница, која ќе профункционира за еден месец, се очекува во сите општини од источниот и југоисточниот регион да се подобрат напонските можности во електроенергетската мрежа и да се овозможат услови за зголемена потрошувачка на електрична енергија во новата слободна индустриска зона во Штип.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D37B184162CE8B49B067E57440469077
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 06-Oct-2009 at 16:40
ДИСТРИБУЦИЈА НА СТРУЈА
Дефектите под еден надзор

„ЕВН Македонија“ го реконструираше диспечерскиот центар за управување на дистрибутивната мрежа.
- Со ова се овозможува од едно место брзо да се откријат сите дефекти што се појавуваат во дистрибутивната мрежа и“велат од ЕВН. Комплетно е инсталирана нова современа опрема со која се овозможува надгледување и управување на целокупниот дистрибутивен систем на „ЕВН Македонија“.Во оваа прва фаза, далечински можат да се управуваат високонапонските трафостаници на „ЕВН Македонија“ во Скопје, а потоа ќе се управуваат и сите високонапонски трафостаници низ државава.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1831&ArticleID=123252
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 03-Oct-2009 at 15:46
Има некае податок колку е крајната разлика во цени за KWh (киловат час), односно споредаба доколку превозот се врши со лента со ископ на рударски багер и цената на овој начин со камиони.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 03-Oct-2009 at 15:30

Тргна јагленот од Брод-Гнеотино

Со камиони започна транспортот на првите количини јаглен од новиот рудник Брод-Гнеотино кон термоцентралата РЕК „Битола“. Со ова е означен почетокот на ископувањето и транспортирањето руда од овој површински коп кој, заедно со постојниот рудник Суводол, ќе го продолжат векот на РЕК за 20 години.

Новиот површински коп располага со вкупно 108 милиони тони јаглен, од кои за експлоатација се достапни 32 милиона тони. Годишниот капацитет на рудникот ќе биде два милиона тони, со што ќе се задоволува годишната работата на еден од блоковите на РЕК. Инвестициската вредност на копот изнесува 95 милиони евра, од кои на опрема отпаѓаат 62 милиона евра, а остатокот е предвиден за инфраструктурата. Досега се инвестирани околу 43 милиони евра, од кои дел кредитни средства и дел сопствени средства на ЕЛЕМ.

Два часа пред премиерот Никола Груевски да ја пресече црвената лента во Брод-Гнеотино, локалната организација на СДСМ од Битола на прес-конференција обвини дека власта по четврти пат го отвора проектот и тоа без потребната механизација.

- Не е изграден транспортен систем на ленти, багерот СРС 2000 се' уште е надвор од функција, транспортот се врши со приватна градежна механизација наместо со рударска опрема - обвини пратеничката Весна Бендевска.

Таа јавно ја повика власта да одговори колку средства се издвојуваат за ваквиот транспорт, со оглед на фактот дека еден булдожерски час чини од 60 до 100 евра.

(Ж.З.)


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=332093AA7105CA45BEC76347D1ACCA36
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 01-Oct-2009 at 15:50
Покрај општо за енергетската стратегија на МАНУ, текстов има и поконкретно инфо околу Чебрен и Галиште:

Има стратегија нема енергија

Стратегијата е направена со застарена методологија од социјалистичко време, кога не се водеше грижа за економската оправданост на проектите, туку се правеа мегаломански објекти без потреба, вели експертот Јордан Ставров

Македонската стратегија за енергетика, која по барање на Владата ја изработи МАНУ, се заснова на стари проекти со застарена техничка документација, предупредуваат експертите. Според нив, тоа е главната причина зошто се' почесто јавните огласи за енергетските проекти се неуспешни.

На завчерашната седница на Владата беше изгласана нацрт-верзијата на стратегијата за енергетика, а министерот за економија Фатмир Бесими очекува до крајот на годината таа да се разгледува на јавни расправи. Собраниската процедура би завршила во мај 2010 година.

Како доказ дека проектите во стратегијата се застарени е вчерашната најава на министерот Бесими дека уште еднаш ќе биде одложен рокот за доставување понуди на вториот оглас за изградба на двете големи хидроелектрани на Црна река „Чебрен и Галиште“ кои се дел од енергетската стратегија. Понудите за инвестициите требаше да бидат доставени до почетокот на октомври, а новото одложување е по барање на заинтересираните инвеститори, кои во моментов испитуваат дали проектот, вреден повеќе од 650 милиони евра е економски оправдан.

- Ја подигнавме тендерската документација, но се' уште немаме одлука дали ќе доставиме понуда. Се' уште правиме анализи и пресметуваме дали проектот е економски исплатлив. Ако околностите се стабилни, ќе доставиме понуда, но ако пресметаме дека проектот не е исплатлив, нема - изјави Терстен Липерт од РВЕ по вчерашната средба на германските бизнисмени со министерот за економија Бесими.

Според Липерт, секогаш постои можност да се подобри од технички аспект проект од вакви размери. Германскиот енергетски гигант се' уште нема побарано технички подобрувања на условите во огласот од страна на Министерството.

- Но, можеби за време на размислувањата и нашите внатрешни разговори ќе дојдеме до подобри технолошки решенија и тогаш ќе ги предложиме до Министерството. Засега нема такво нешто - истакна тој.

Министерот Бесими само дополни дека процесот е во тек, и се очекува на огласот да се пријават досега заинтересираните компании - италијански ЕНЕЛ, германско-словенечката корпорација РВЕ-ХСЕ и австриски „Вербунд“.

- Имаме индикации за барање за продолжување на рокот за тендерот. Ќе постапиме и во интерес на Македонија и во интерес на успешен проект на инвеститорот. Ние ќе направиме се' овој проект да биде успешен. Оптимисти сме, но според досегашната практика ефектите од кризата си го направија своето - додаде тој.

Професорот на градежниот факултет Љубомир Танчев, кој е претседател на Македонскиот комитет за високи брани, смета дека е потребна подлабока анализа на документацијата за да се види дали проектот е исплатлив.

- Ние го баравме тендерот на увид, но бевме одбиени под образложение дека постапката е веќе почната и не може да се објавува. Притоа не ги знаеме точно условите предвидени во огласот - вели професор Танчев.

Тој е на мислење дека скоро сите проекти предвидени со енергетската стратегија на МАНУ, се стари и тешко остварливи.

- Стратегијата воопшто не е стратегија. По правило стратегијата се прави за 20 до 30 години однапред. МАНУ стратегијата ја направи за 12 години со таканаречена „визија за 2030 година“. Па визија не се прави, визија се има или се нема. Сите рокови предвидени за изградба на објектите се нереални и прекуси, особено за хидроелектраните - додава Танчев.

Со него се согласува и експертот за хидроелектрани Јордан Ставров кој вели дека целосната техничка документација врз основа на која се базираат проектите во енергетската стратегија, особено за хидроелектраните, е стара и не одговара на законските услови и европските стандарди.

- Документацијата за хидроцентралите е направена со застарена методологија од социјалистичко време кога не се водеше грижа за економската оправданост на проектите, туку се правеа мегаломански објекти без потреба - истакна Ставров.

Според него, употребената метода за конкурсите за „Чебрен“ и за „Галиште“ со варијантата 2+1, која е предвидена за проектот, воопшто не одговара на меѓународните норми и стандарди за изградба на хидроелектрани.

Тој предлага конкурсот да се стопира и на евентуалните концесионери да им се понуди оптимизирана варијанта 3+1 со пониски брани, која е технички исправна и економски оправдана. Според него, секое друго решение е штетно за државата, нејзиниот електро-стопански и хидролошки систем.

Горан Ризаов



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D2571046C6F2404D9DEE963095A51293
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 24-Sep-2009 at 16:13

ЕЛЕМ ќе го истражува Мариовскиот басен

АД ЕЛЕМ денеска почнува со истражувања на Мариовскиот басен, кои треба да покажат колкави се резервите на јаглен и каква е можноста за нивна експлоатација. Од компанијата соопштија дека ќе се вршат 88 дупнатини со вкупна должина од 10.020 метра, а работите ќе ги изведува Градежниот институт „Македонија“. Проектот вреди два милиона евра, кои ќе бидат обезбедени од сопствени средства на ЕЛЕМ. Потенцијалното наоѓалиште „Мариово“ е сместено во атарите на селата Манастир, Бешиште, Палчиште и Витолиште, 50 километри југоисточно од Прилеп, на надморска височина од 700 до 1.000 метри. На овој простор е сместено наоѓалиште со еден јагленов слој, со средна дебелина од седум метри и на длабочина од 7,7 до 279 метри. Површината на наоѓалиштето е околу 14 километри, а тоа располага со вкупни геолошки резерви од 111 милиони тони јаглен, со долна топлотна вредност од 7.536 килоџули на килограм. Наоѓалиште е предмет на истражување во текот на подолг временски период, а од 2008 година Секторот за развој и инвестиции на ЕЛЕМ ги продолжи активностите преку изработка на проект.

Теренските и лабораториските истражни работи ќе обезбедат податоци за изработка на главен рударски проект за експлоатација на јагленот. ЕЛЕМ почна процедура и за избор на главен проектант за отворање на рудникот. Во соопштението се наведува дека проценетите вкупни геолошки резерви на јагленот во Мариовскиот басен, можноста за нивна експлоатација, близината на РЕК „Битола“ и можноста за изградба на соодветен термокапацитет во непосредна близина на копот, ги оправдуваат заложбите за континуирано користење на подолг временски период. Од досега потврдените рудни резерви на јаглен се планира да се отвори рудник со јамска технологија и изградба на термоелектрана со инсталиран капацитет до 300 мегавати и производство до 2.000 гигаватчасови електрична енергија годишно во период од 30 години.

Планираните проекти треба да бидат реализирани во периодот од 2010 до 2013 година, а вкупната инвестиција, која вклучува и отворање на рудник, се планира да изнесува околу 460 милиони евра. Од нив 15 отсто се планира да обезбеди ЕЛЕМ. Со реализацијата на овој проект, покрај добивањето нови количества струја од домашно производство, ќе се отворат од 1.000 до 1.200 нови работни места, што ќе биде значаен фактор за економскиот и социјалниот развој во овој недоволно развиен регион. (МИА)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5A7CC3D832ED6642BDAFFFB164CB598A
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 23-Sep-2009 at 15:05
Може би најалтернативно ориентираниот енергетски капацитет во Македонија. Се работи за поштата во Лазарополе која има два сончеви колектора и една ветерница!


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.469 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.