Author |
Topic Search Topic Options
|
46&2
Senior Member
Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
|
Quote Reply
#441 Posted: 05-Apr-2010 at 15:28 |
Се е тоа убаво, само можеле тревата да ја искосат како што видов на сликите нема ниту еден среден тревник. Или ептен сакаат да постигнат автентични услови
|
I use public toilets and I piss on the seat.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#442 Posted: 05-Apr-2010 at 14:25 |
Linea, одлична фото репортажа, и јас се наострив да ја посетам зоолошкава градина наскоро.
|
 |
alexgizh
Moderator Group
Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
|
Quote Reply
#443 Posted: 03-Apr-2010 at 18:49 |
Инспириран од претходниве постови, го натерав друштвото мое да одиме денес. Бевме доста пријатно изненадени, иако работите се сеуште во тек.
Фалат доста егзотични видови (човек очекува да има барем тигар, зебра, слон или жирафа...), но гледам дека последниве месеци имаат донесено неколку нови животни. Битно има напредок! Не е како порано да се ставени во 2х2 собички. И материјалите што се користат при изградбата на живеалиштата се соодветни (дрво и камен, наспроти досегашната пракса да се користи претежно метал и бетон).
Иако мојот став е дека не треба да постојат зоолошки градини - кога веќе постои оваа во Скопје, добро е што барем се трудат на затворениците да им пружат подобри услови за живот.
П.С.: Многу бев изнервиран што на влезот продаваа храна за животните (јаболки, моркови и зелки), а 5 метра подолу на таблата пишува дека е ЗАБРАНЕТО! хранење на животните...
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#444 Posted: 03-Apr-2010 at 17:40 |
Убави слики,никогаш не сум ја посетил золошката во Скопје,вака изгледа примамливо.
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#445 Posted: 02-Apr-2010 at 08:02 |
Ја посетив зоолошката градина вчера и споредена со последниот пат кога бев пред неколку месеци, има огромен напредок. Условите кои новите живеалишта ги нудат како за животните, така и за посетителите да ги набљудуваат животните, даваат сосема ново чувство на уживање без досега вообичаеното пропратено со сожалување и очај. Насекаде се работеше на поправање на старите живеалиште и градење на новите, а зоолошката беше преполна со посетители кои исто како и мене, беа многу задоволни од новиот лик и атмосфера кој владееше во зоолошката градина. Влезот за 1 април беше бесплатен Слики: Живеалиштето на јагуарите 1.  2.  3.  4.  Белонос коати 5.  6.  7.  8.  Волци 9.  10.  Којоти 11.  12.  Гибони 13.  14.  15.  Дабари 16.  Дивокози 17.  Неколку видови на елени 18.  Веднаш до елените, пони 19.  Кенгури 20.  21.  22.  Лавови 23.  24.  25.  Лемури не видов никаде  26.  Живеалиштата на мечките(сеуште се средуваат, а мечките се сместени во живеалиштата каде што беа тигрите и лавовите) 27.  28.  29.  Црн пантер 30.  31.  32.  Рисови 33.  34.  35.  36.  Живеалиштето на мајмуните е реновирано (барем однадвор, внатре беше заклучно) 37.  Различни видиковци 38.    Останува уште работа додека работите во зоолошката бидат целосно завршени. До тогаш ќе има работници и градежен шут, па очекувајте малку неред и бучава додека шетате низ зоолошката, но гарантирано е дека ќе уживате во прошетката како никогаш досега
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#446 Posted: 31-Mar-2010 at 18:55 |
Конечно, кенгури во Зоолошка
За првпат од постоењето на Зоолошката градина посетителите ќе може да
видат и кенгури. Животинскиот фонд ќе се збогати од четврток, кога се
очекува пристигнувањето на овие егзотични животни. Од ЗОО потенцираат
дека ова не е првоаприлска шега, туку остварување на најавите за подарок
од Зоолошката градина од Љубљана. Станува збор за пар кенгури, мажјак и
женка, стари 1,5 година од кои во наредниот период може да се очекуваат
и принови. Кенгурите со директен авионски лет се очекува да слетаат во
Скопје околу 14 часот. Нивното пристигнување во ЗОО, пак, е планирано за
16 часот. Надлежните ги повикуваат сите заинтересирани да присуствуваат
на овој несекојдневен настан. Влезот за најмладите ќе биде бесплатен.
Дане
Кузмановски, директор на ЗОО, вели дека за новите жители е изградено
сосема ново живеалиште. Освен што ќе се пречекаат кенгурите, утре во ЗОО
и симболично ќе биде предадена една донација. Фирмата „Тобако“ на
градината ќе и' подари возило за достава на храна на животните.
Инаку,
од вчера шесте лава се преселени во ново живеалиште. Токму поради
дислокацијата, викендов посетителите на ЗОО не можеа да ги видат
ѕверовите зашто, како што објаснуваат надлежните, биле успани заради
безбедност при преселбата. (Дс.Т.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B7843465A171364F8F91BED09D7D4F5C
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#447 Posted: 12-Mar-2010 at 20:11 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#448 Posted: 09-Mar-2010 at 00:38 |
Пролет со мајмуни, којоти и кенгури во Зоолошка

Наскоро во градината ќе се отвори интерна амбуланта и едукативен центар
Деспина Трајковска
Пар лемури од Белгија, мајмуни со прстенести опашки се очекува
задутре да пристигнат во Зоолошката градина. Овие мајмуни, кои ќе се
сместат во новоизградено живеалиште, се само дел од листата животни кои
треба да стасаат во ЗОО најдоцна за еден месец. Денови се одбројуваат
кога нови жители на градината ќе станат и две зебри, три антилопи, црн
лебед и четири гнуа (вид антилопа) од Загреб, како и два кенгура од
Зоолошката од Љубљана и четири риса од Франција.
Директорот на
ЗОО, Дане Кузмановски, временските услови и проблемите со транспортот
ги наведува како причина за доцнењето на животните кои требаше во
најголем дел да пристигнат уште пред еден месец. Во меѓувреме,
надлежните преговараат во Зоолошката градина да се донесат новородени
фоки, како и по еден пар слонови и жирафи, животни кои со децении ги
нема во нашата ЗОО.
„Повеќе од сигурен сум дека ќе успееме да
ги донесеме овие животни, особено што во моментов се работи на проекти
за изградба на нивни живеалишта, со што ќе им обезбедиме соодветни
услови за живот“, вели Кузмановски според кого, новите жители на
градината, донесени од белградската ЗОО веќе се приспособиле на нашите
услови. Речиси еден месец скопјани можат да ги видат волците, којотите,
црниот лебед и питонот, донесени од северниот сосед.

Инаку, освен што во изминативе два месеца е збогатен животинскиот
фонд, во ЗОО интензивно се работи на подобрување на условите за живот
на животните. Се вршат санации на живеалиштата, но, генерално, се
работи на изградба на нови живеалишта. При крај е изградбата на три
катчиња за птици, привршува „домот“ за лисицата и мечките, а во тек на
проектирање и изградба се живеалиштата за алигатори, пирани, слон и
жирафи, кои според најавите, ќе стасаат до лето. Во завршна фаза е и
проектот за отворање едукативен центар и интерна ветеринарна амбуланта,
за која моментно се обезбедуваат соодветни дозволи за работа.
„Преговараме
и за вработување ветеринар и едукатори, кои ќе бидат ангажирани во
едукативниот центар. Најверојатно, во центарот ќе има организирани
посети од училишта и градинки, но на предавањата ќе можат да
присуствуваат сите заинтересирани посетители“, вели Кузмановски, кој е
задоволен што во изминативе три месеци откако раководи со ЗОО не се
забележани немили настани предизвикани од посетителите. Најверојатно,
смета тој, тоа се должи на поставените заштитни двојни огради кај некои
од живеалиштата, чекор што го направи Кузмановски веднаш по преземањето
на директорската функција.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=206D0B31545C0C43AA3FECBAB1C4353A |
|
 |
leonid23
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
|
Quote Reply
#449 Posted: 24-Feb-2010 at 02:06 |
Зоолошката преговара за поларни мечки

Во градината
од неодамна има 17 нови жители, меѓу кои волци, којоти, питон и лав, а
наскоро ќе пристигнат кенгури, зебри и мајмуни
Зоолошката градина од неодамна има 17 нови жители - четири волци,
четири којоти, лав, игуана, питон, црн лебед, три ракуни и два риса. Во
наредните два месеца треба да пристигнат уште 22 животни, меѓу кои и
два кенгура. Директорот на Зоолошката, Дане Кузмановски, кој раководи
со неа од ноември, има амбициозни планови во градината да донесе
поларни мечки и слон и веќе подготвува проекти за нивните живеалишта.
Двата
риса се донесени од Франција, а другите животни се од Белград.
Животните се набавени бесплатно, врз основа на соработка меѓу
зоолошките градини, а платени се само трошоците за транспортот.
-
Следната недела треба да дојде уште еден рис од Франција, а понатаму
очекуваме две зебри од Бриони, потоа четири гнуа (вид на говеда), три
антилопи и еден црн лебед. Исто така, на крајот на март треба да
пристигнат и два кенгури од љубљанската зоолошка градина и седум
мајмуни од видот лемур од Холандија. Во април очекуваме два мајмуна од
видот гибон од Белгија. Настојуваме да донесеме животни во пар за да
имаме подмладок и да имаме што да им понудиме на градините со кои
соработуваме - вели Кузмановски. Тој додава дека преговара да се
донесат и поларни мечки од Канада, пар тигри од Португалија, повеќе
видови птици од Белград, како и жирафа и слон. Жирафата и слонот се
очекуваат во октомври, а неофицијално, покровител за изградба на
нивните живеалишта ќе биде скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
-
Ако не успееме да ги донесеме поларните мечки од Канада, тогаш во
предвидените живеалишта, кои лесно може да се приспособат, ќе бидат
сместени морските лавови или фоки - вели Кузмановски.
Додека
траат преговорите за нови животни, во тек е изградбата на некои
живеалишта, во рамките на проектот за реконструкција. Новите домови за
волците, којотите и за лисиците, како и за гибоните и кенгурите, се
комплетно завршени, а во завршна фаза се и живеалиштата за прстенестите
мајмуни и јагуарите. Живелиштата за лавовите и за тигрицата треба да
бидат готови до 15 март, кога ќе бидат пуштени во употреба.
Во
почетна фаза е изградбата на ново живеалиште на нилскиот коњ, кое ќе
има внатрешен базен и надворешно езеро. Старото живеалиште ќе се урне,
а на негово место ќе се направи дом за антилопи од видот еланд.
Деновиве почна и изградбата на живелиштата за лисиците и за трите
ракуни. Нови живеалиштата ќе добијат и мечките, со базени и ограда од
камен, како и срните, елените, ламите, козите, магарињата и птиците.
Кузмановски
вели дека овие живеалишта се градат со донација од Владата, но не
сакаше да каже за колкава сума станува збор, поради постапките за избор
на изведувачи.
Аквариум и мини-зоолошка за децата
Во Зоолошката градина ќе се гради и аквариум во делот што служеше за пингвини. Сега се изработува проектот.
-
Овој дел, бидејќи беше тежок за одржување, ќе се пренамени во аквариум.
Еден дел ќе биде мини-зоолошка градина со срни, јагниња и коњчиња, кои
децата ќе може да ги милуваат и да се сликаат со нив. Овде ќе може да
ги слават своите родендени, оти е предвидена и изградба на угостителски
објект - вели директорот Дане Кузмановски.
Овој петок ќе почне изградбата на едукативниот центар, наменет за настава за децата-посетители, како и за учениците.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5CA2F552335BE2439A0619CBB8BD5B63
Edited by leonid23 - 24-Feb-2010 at 02:08
|
 |
leonid23
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
|
Quote Reply
#450 Posted: 16-Feb-2010 at 06:49 |
Пред еден месец бев во зоолошката во Скопје , жално е да се гледа како се мачат овие животни ! Одржувањето на хигиената на живеалиѓтата е на најниско ниво ! А некој за сето тоа треба да сноси дебела одговорност!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#451 Posted: 15-Feb-2010 at 14:02 |
ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ЌЕ СЕ ПОДНОВИ Пристигнуваат нови животниСкопската Зоолошка градина деновиве ќе добие десетина нови животни, меѓу кои два риса и еден лав, кои ќе бидат сместени во новоизградените или веќе реконструирани живеалишта. Директорот на Зоолошката градина, Дане Кузмановски, не сакаше да открие од каде ќе бидат донесени животните, но, како што рече, тие со сигурност ќе пристигнат. Подновувањето на градината се случува со задоцнување од неколку недели затоа што, според надлежните, временските услови, односно невремето што ја зафати Европа било причина за одложување на транспортот на животните во Скопје. Првично беше најавено дека околу 30 животни ќе пристигнат во градината до крајот на минатиот месец. Тогаш се најавуваше дека од Загреб ќе бидат донесени три гнуа, три азиски антилопи, еден црн лебед и две зебри. Од Љубљана, пак, требаше да пристигнат два кенгура, од Белгија два мајмуна од расата гибон, а од Франција четири риса. Три мајмуни од видот лемори, кои се карактеризираат со прстенести опашки, требаше да пристигнат од Холандија, а од Србија четири волци, три којота, една лавица носител на бели гени, еден црн лебед, како и еден албино питон. Освен овие животни, од Зоолошката градина потенцираат дека во моментот се во преговори со Зоолошката градина од Белгија за донација на новородени фоки.
Е.М. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1944&ArticleID=133936
|
 |
ArchiTechTone
Senior Member
Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
|
Quote Reply
#452 Posted: 24-Dec-2009 at 00:29 |
ХОЛАНДСКИТЕ ЗООЛОЗИ ОДЛУЧИЈА
Коко не ви го враќаме оти зоолошката ви е мизерија
Директорот
на ЗОО Дане Кузмановски призна дека по препорака на стручњаците,Коко не
се враќа во скопската градина, но затоа на негово место ќе се донесат
два нови мајмуна-ѓибона
Шимпанзото Коко не се враќа во
Скопје,оти во нашата зоолошка градина нема услови да преживее. За
мајмунот кој во април годинава беше однесен во Холандија да се лекува
од депресија, тамошните стручњаци препорачале дека е најдобро да остане
кај нив,оти тука нема партнер за него.Освен тоа, холандските зоолози
процениле и дека во Скопје Коко ќе нема основни услови за опстанок. Првичните
планови беа Коко да престојува во престижната Институција за
ресоцијализација на шимпанза Алмере само една година, и потоа да се
врати во Македонија.
Директорот на ЗОО Дане Кузмановски призна дека холандските зоолози нема да ни го вратат мајмунот. "За
жал Коко веќе нема да го видиме во Скопје. Тој е психички депримиран и
во Холандија се ресоцијализира. Тој требаше по третманот да се врати и
да се социјализира со другите мамуни но, холандските експерти заклучили
дека тоа во скопската зоолошка е невозможно бидејќи условите биле
мизерни", вели Кузмановски. Живеалиштето на Коко кое требаше да се
обнови додека тој се лекува во странство сега ќе се пополни со два нови
ѓибона. Директорот се пофали дека во јануари догодина мајмунарата во
која сега живеат шест мајмуни за прв пат ќе се поднови со ваква раса на
мајмуни, кои според него ќе ги воодушеват постителите на градината. Шимпанзото
Коко пролетта замина на социјализација во Холандија. Тамошните зоолози
треба да му помогнат на Коко да се ресоцијализара со поголема група
шимпанза. Во холандскиот институт престојуваат шимпанза од целиот свет, кои живееле во лоши услови. Коко
има 13 години и роден е во Скопската зоолошка градина. Кусо време по
неговото раѓање мајка му починала од туберкулоза. Оттогаш Коко живее
сам и поради осаменоста според зоолозите паднал во депресија.
Депресијата ја покажуваше со тоа што си ги кубеше влакната на телото.
Додека не замина во Холандија Коко немаше видено ниту една единка од
неговиот вид.
ЗОО ќе добие 30 нови животни
Зоолошката
градина во Скопје на крајот на јануари следната година ќе добие 30 нови
животни. Според најавите на директорот Дане Кузмановски до следниот
март скопската зоолошка ќе се обнови комплет. "Од јануари до мај
2010 очекуваме во градината ќе донесам два нилски коња, неколку вида
антилопи, волци, пауни, папагали, два кенгура, зебри, рисови и уште
многу други нови животни. Очекувам дека зоолошката за кратко време ќе
ги достигне стандардите на европските градини", рече Кузмановски.
(М.Ѓ.) |
http://vest.com.mk/?ItemID=BC2C15F8CC5C3440B837F0C36150999D
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#453 Posted: 23-Dec-2009 at 21:14 |
Неколку многу убави најави... да стегаме палци:
Стакло и струја ги штитат животните во Зоолошката градина

Најдоцна за еден месец градината ќе добие триесетина нови станари, кенгури, антилопи, којоти...
Деспина Трајковска
Заштитни двојни
огради, од кои едниот дел е струен, нови триесетина животни,
ветеринарна амбуланта и едукативен центар за ученици и разгледување со
вовче, се само дел од приоритетите на чија интензивна реализација
неодамна работи именуваниот директор на Зоолошката градина, Дане
Кузмановски. Иако е свесен дека во градината допрва треба да се
преземаат големи чекори за да достигне достојно ниво, убеден е дека
ентузијазмот и контактите кои веќе ги остварил со градините од
регионот, во голема мера ќе му помогнат во реализација на идеите.
Заштитните
огради веќе почнале да се монтираат на новоизградените живеалишта, како
и на оние што се во финална фаза на изработка. Целта на оградите
првенствено е да се загарантира безбедноста на животните, но и на
посетителите, а бенефитите, како што вели Кузмановски, веќе се видливи.
„Едниот дел од двојната ограда е приклучен на струјно коло,
така што сега е неизводливо некој несовесен посетител, на пример, да
протнува шипки и да ги малтретира животните. Истовремено, некои од
оградите се изведени и во комбинација со стакло, со што е оневозможено
фрлање храна во живеалиштата, така што сега животните се речиси 100
отсто обезбедени од несовесни посетители кои во неколку наврати
изминативе години предизвикаа несакани последици“, вели Кузмановски.
Среќен
е што за кусо време откако е на функцијата обезбедил контакти со
неколку ЗОО од регионов и пошироко, со кои веќе договорил збогатување
на животинскиот фонд за нашата градина. Имено, најдоцна до јануари по
дваесетина години Зоолошката ќе добие два кенгура, три антилопи, четири
којоти, три ракуни, две зебри, пар црни лебеди, бел питон, пирани...Дел
од животните ќе бидат донација од загрепската и од белградската ЗОО, од
градината од Љубљана, како и од зоолошките градини од Белгија и од
Холандија. Сите тие животни ќе се вселат во комплетно нови или
адаптирани живеалишта. Во тој период Кузмановски очекува да завршат и
постапките за избор на изведувач за изградба на живеалишта за лисици и
ракуни, за мечки, за жирафа и слон, мал алигатор и пирани, кои иако се'
уште ги нема во градината, директорот е во преговори за нивно
обезбедување.
Паралелно со овие активности, новата „постава“
на ЗОО работи и на реализација на проектот за изградба на ветеринарна
амбуланта за интерна употреба на градината како и изградба на
едукативен центар. Се очекува и двата објекта да бидат комплетно
изградени и функционални за помалку од половина година. Инаку, веќе
завршено е живеалиштето за волците, во кое животните се веќе преселени,
а привршува адаптацијата на живеалиштето за пауните и кокошките, како и
на тоа за белоглавите орли.
„Практично, со овие живеалишта
десниот дел од градината, гледано од влезот, ќе добие речиси 70 отсто
ново руво, по што ќе се префрлиме на обнова на останатиот дел од
градината“, додава Кузмановски и тврди дека само навидум животните во
овие зимски услови се прегладнети и незатоплени. Вели дека веќе се
применува зимскиот режим за живот и исхрана на сите станари во ЗОО и
дека неодамна направените здравствени проверки потврдуваат дека
животните се во добра здравствена кондиција.
Инаку, засега
нема најави дека шимпанзото Коко, кој е на рехабилитација во Холандија,
наскоро ќе се дружи со скопјани. Тој е одлично приспособен во новиот
дом, иако се' уште не му е најдена партнерка и потребен му е уште
извесен период на рехабилитација. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6031FA79322F254693D1115CF55E302C
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#454 Posted: 10-Dec-2009 at 03:15 |
Возот ,,Мечо“ наскоро повторно низ Битола
СРЕДА, 09 ДЕКЕМВРИ 2009 18:32
Со донесувањето на деталниот урбанистички план за зоолошката градина, се елиминира идејата за нејзина дислокација. Наместо тоа, расположливиот простор максимално ќе се искористува и збогатува во согласност со акциониот план на зоолошката за периодот од 2009 до 2014 година. Сега и општинскиот буџет ќе ги поддржува проектите:
,, Ќе се оди прво на дотерување на зоолошката и тоа партерно, ќе има нови два детски паркови и мал дизниленд, вели Пеце Калаповски, директор на ЗОО
Зоолошката градина во следните 5 години треба да доживее преродба која ја немала од нејзиното основање во 50 тите години. Покрај заштитата на животните, зоолошката градина ќе добие мултифункционална улога: ќе има забавен парк, терариуми, аквариуми, а ќе се гради и кафез за егзотични птици. Зимата веќе не е опасност за постоечките животни кои ги има во се поголем број:
,,Можам да се пофалам дека имавме поволна година во однос на репродукцијата, а имаме и доста храна за зимскиот период, вели Пеце Калаповски, директор на ЗОО
Повеќе од една година се работи на проект за повторно враќање на возот Мечо во Битола, која атракција исчезна пред повеќе од 10 години. Се разгледуваа повеќе опции:
,,Пеце Калаповски, директор на ЗОО
Последното решение е да се набави нов воз кој нема да биде само на зоолошката градина туку на целиот град, а со тоа и битолчани, но и гостите да можат на еден несекојдневен начин да уживаат во убавините на нашиот град. |
Тера Телевизија
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#455 Posted: 13-Oct-2009 at 15:53 |
ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ГРАДИНАТА
Скопјани сакаат зоолошка по светски терк
Нови
живеалишта за тигарот и за гибонот, нова водоводна и канализациска
мрежа, изградени нови тоалети и ветеринарна амбуланта за лекување на
животните, се само дел од реализираните активности од проектот за
целосна реконструкција на Скопската зоолошка градина. Надлежните велат
дека затоа што обновата на зоолошката градина е посебен и сложен
процес, и затоа што треба да се изградат специфични живеалишта што се
изведуваат во согласност со посебни стандарди определени од европската
асоцијација за зоолошки градини и за аквариуми, целата постапка оди
етапно. Откако целиот проектот комплетно ќе се заврши, како што велат,
Скопје ќе добие зоолошка градина по сите светски стандарди, а животните
што ќе бидат сместени во неа ќе имаат многу подобри услови за живеење
од сегашните. - Како дел од активностите за реконструкција на
зоолошката градина, деновиве ќе се распише јавна набавка за изработка
на проект за африканската савана. Покрај тоа, се изработува и
техничката документација за конкретизирање јавни набавки за повеќе
живеалишта во зоолошката градина. Дополнителна активност е и
изработката на идејни решенија за тропската куќа, а во следната фаза од
реализацијата на овој проект ќе бидат распишани и тендери за изработка
на изведбени проекти - најавуваат од Одделението за односи со јавност
на Град Скопје. Во моментов се работи и на проекти за заокружување на
комплетната инфраструктура, како што се електроинсталациите,
видеонадзорот, а се преиспитува можноста и за искористување на
соларната енергија. За активностите што се предвидени за оваа година,
од градскиот буџет има издвоено три милиони денари за проектирање и
осум милиони денари за изградба на живеалишта и на инфраструктура во
градината. Со реновирањето на зоолошката градина, кое почна минатата
година, е предвидено тигрите, мајмуните, рисот и лавовите, како и
белоглавите орли, да добијат комплетно нови живеалишта. Белоглавите
орли ќе бидат сместени во волиера, која ќе биде висока 16 метри, широка
25 метри и долга некаде околу 20 метри. Моментно во Скопската зоолошка
градина има осумнаесет белоглави орли, кои во природата се загрозен вид
и нивниот број секојдневно драстично се намалува. Во австралискиот
оддел, пак, се планира да живеат животните што се карактеристични за
тој континент. Живеалиштето ќе се простира на површина од 1.500
квадратни метри, а во него ќе живеат кенгури, ему птици, црн лебед и
птици лорикид. Во самото живеалиште ќе има и базен, ќе се засадат дрвја
и ќе се монтираат две куќички, од кои во едната ќе живеат кенгурите а
во другара ќе живеат птиците. Живеалиштето на гибонот ќе биде во вид на
куќарка што ќе биде сместена веднаш до езерцето. Во водната површина,
пак, ќе бидат поставени вештачки дрвца поврзани со јажиња, за гибонот
од куќарката да може полесно да дојде до островчето во самото езерце.
Според процените, целосната реконструкција на зоолошката градина би
чинела некаде околу три милиони евра. Градината се простира на површина
од 97.000 квадратни метри и располага со 503 животни, од кои 261 птица
од 36 вида, 42 различни видови цицачи или вкупно 226 животни, како и 16
влечуги од осум вида. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1837&ArticleID=123831
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#456 Posted: 20-Jul-2009 at 02:25 |
Дали битолската Зоолошка ќе стане европски парк?

Повеќе европски асоцијации апелираа да се стави клуч на Зоолошката
БИТОЛА - Ќе стане ли Зоолошката градина во Битола европски зоо парк.
Оваа установа која со децентрализацијата стана чедо на општината не
располага со финансии за обновување. Сепак Министерството за култура
отвори можност раководството на паркот со проект да аплицира за
обновување на најмалата зоолошка во Европа.
Паркот под Тумбе
кафе што се простира на скромни 2,21 хектари е грда слика за
посетителите наместо бисер и гордост за битолчани. Таму и по педесет
години од отворањето на паркот сликата не се менува. Единствено се
намалува бројот на животните, а речиси и да нема од оние егзотичните.
Животните се сместени во кафези со ниски стандарди. Тоа беше причина за
строгите реакции на европски асоцијации кои апелираа да се стави клуч
на зоолошката.
„За 2009 од Министерството за култура се одобрени
седум милиони денари за зоолошката во Битола, како за плати, така за
материјални трошоци и за тековно одржување на објектите. Но не се
доволни за поголеми зафати“, вели Марика Димитриевска од раководството
на Зоолошката градина во Битола.
Таа додава дека кафезите се
многу стари и дека воопшто не одговараат на европските стандарди.
Димитровска потсети дека лани била дојдена делегација од Европска
асоцијација за Зоолошки градини и паркови. „Ги видоа кафезите и кажаа
дека не одговараат на стандардите на Европа и дека треба да се градат
нови. Не да се обновуваат постојните, туку се' она што е испустено да
се замени со ново“, нагласи Димитриевска.
Најгорливиот проблем
на Зоолошката е нерешената инфраструктура. Со тоа се зголемува
опасноста од ширење на заразни болести и зиинози, не само меѓу
вработените, туку и меѓу посетителите и населението од околните
населби. Водата што се користи за чистење на кафезите наместо во канали
се впива во земјата, а реата што се шири во жешките денови станува
неподнослива.
„Канализација нема од формирањето на зоолошката
пред пет децении. Имаше само некои канали направени со плочи. Сето тоа
сега е старо, искршено и затнато. Водовод имавме, но цевките испукаа
кога ги монтиравме бидејќи подолго време беа изложени на атмосферски
влијанија. И пак немаме вода, се служиме со црева“, се жалат
вработените.
Напластените проблеми единствено можат да се
надминат со обнова на зоолошката за што треба да инвестира општината
или државата. „На пример, проектот за канализација што го достави ЈП
‘Нискоградба‘ уште пред 10 години чинеше 100.000 евра. Тој зафат може
да го покрие само општината. Ние сме културна установа, под ингеренции
на општината“, нагласува Димитриевска.
Менаџерскиот тим на
битолската зоолошка градина, со повеќе мерки и активности, одлучи да ја
ребрендира оваа јавна установа и да ја направи атрактивна и попривлечна
за посетителите, но и за донатори. Раководството на градината има куп
проекти. Се планира научно образовен центар за заштита на флората и
фауната, живеалиште за егзотични птици, воведување на туристички зоо
автобус за транспорт на посетителите. А еден од најамбициозните проекти
е да се направат гробишта за домашни миленичиња токму во паркот што би
биле можеби единствени на Балканот.
„Нашата амбициозна програма,
прифатена од Советот на општина Битола, предвидува ставање во функција
на забавниот парк чија платформа од 500 квадратни метри е веќе
изработена за да може непречено да се изведува куклен театар“, вели
директорот Пецо Калаповски. http://utrinski.com.mk/?ItemID=1329881A9709E248819BA78547767C04 |
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#457 Posted: 25-Jun-2009 at 17:44 |
Битолската ЗОО не ги исполнува европските стандарди
Четврток, 25 Јуни 2009 17:51 |
Битолската
зоолошка градина во моментот не ги исполнува европските стандарди што
треба да ги има една зоолошка градина. Но затоа директорот и
вработените последните години вложуваат напори да им овозможат добри
услови за живот на животните, да се надминат сите проблеми и пречки за
битолската зоолошка да стане дел од Европската асоцијација на зоолошки
и аквариуми. Пред година и половина ги посети претставник од оваа
асоцијација.
-Пред
четири години кога дојдов како директор стекнав писма каде ЗОО требаше
да се затвори и за репродукцијата и за стандардите. Се надевам дека
сите овие години направивме нешто да не се затвори и конечно да дојдат
и да не примат во ЕАЗА. Се уште некои проекти треба да се завршат, во
иднина треба да се променат статутарно работите, вели директорот на
битолската зоолошка градина, Пеце Калаповски.
Но не е само битолската зоолошка која не ги исполнува стандардите.
-Туку
и скопската. Минатите 3-4 години над 2 милиони евра се вложија во
скопската и се уште нема стандарди. Битолската е помала во простор, 2,2
хектари и многу побрзо би може да дојде до тие стандарди. Ние се
трудиме да ги промениме стандардите, во иднина тежнееме кон тоа. Се
надевам дека влегувањето во Европската асоцијација значи стандард, не
можеме да ги исполниме зашто не можеме да конкурираме на проекти, а тоа
би го сториле наскоро со велгување во катастарската парцела. Постојат
различни фондови кои можат да се добијат, Министерството за култура е
спремно да помогне, но тие проекти треба да бидат издржани на ниво на
Европската асоцијација. За да бидат, треба ЗОО повеќе да не е објект на
диво, вели Калаповски.
Членките
на Европската асоцијација на зоолошки и аквариуми мора да почитуваат
одредени политики кои се однесуваат на заштита на животните и
обезбедување на услови за живеење. Мора да ја почитуваат и Директивата
на Европската Унија за зоолошките градини која беше донесна во 1999 година,
а требаше да се имплементира од земјите членки на Европската Унија.
Целта на директивата е да го заштити дивиот животински свет и да го
зачува биодиверзитетот, го спречува и правење профит со вршење тортура
на животните. Зоолочките мора да обезбедат живеалишта на животните кои
ги задоволуваат нивните биолошки потреби каде мора да се запазат и
најмалите детали, едуцирање на посетителите за видовите, попис на
животните во зоолошките и учество во истражувања и проекти за
зачувување на видовите, репродукција и запознавање со новите видови.
Согласно Директивата се врши и мониторинг колку од ова е имплементирано
во националното законодавство. Во Македонија има закон во 2007 година
за заштита и благосостојба кој се однесува на сите животни, домашни и
диви, меѓу кои и животните во зоолошките градини. |
| http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9443&Itemid=106
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#458 Posted: 20-Jun-2009 at 14:31 |
И сега морам да искоментирам: не исполнува европски услови. Прво во државата ништо не исполнува европски услови, ни знамињата на ЕУ што ги вееме не се по евро-стандарди  Ама сериозно, зоолошкава не исполнува ни зулу стандарди. А најинтересно од сè, има една карабина на сред зоолошка, значи на најнелогичната локација, и таму се гради нова канцеларија за директорот (веќе 10 години, ама ај). Е сега кога бев во зоолошката, мислам го имам постирано и погоре, ја прашав тетката таму, и ми рече дека директорот доаѓал еднаш месецот за некакви папири да потпишат за да си ја земел платата (заедно со вработените). И после? Единствена светла страна е што фирмата Монтинг (или ФОД, не ми текнува) изгради/донира нов кафез за орлите. 5х5 и ~8m висок, ама подобро од кафезите 2x2 и високи 2 метра... Инаку, имало на времето белоглав орел (уште го памтам), имало бели мечки и други чудни работи.
Edited by гитардемон - 20-Jun-2009 at 14:32
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#459 Posted: 20-Jun-2009 at 14:26 |
Баш се совпадна со ова:
За подобра зоолошка градина
Петок, 19 Јуни 2009 17:38 |
Посети
ме, спаси ме. Вака битолските средношколци се обудуваат да ја анимираат
јавноста и одговорните инститцуии да направат нешто повеќе за
зоолошката градина во Битола на која неопходен му е спас од состојбата
во која се наоѓа.
„
Е национален проект кој се реализира во четиринаесет градови низ
Македонија во соработка на Младинскиот културен центар со Младинскиот
образовен форум, поддржан од фондацијата Институт отворено општество
Македонија. Се реализира реков во четиринаесет градови, имплементатор
во Битола е МКЦ, значи правиме, реализираме настан практично во врска
со проблемите кои што се од локално значење кај нас во нашиот град.
Овој пат тоа го правиме за зоолошката градина, значи ова е трет настан
што го прават самите средношколци, тоа се членови од сите средни
училишта" вели Катерина Калешковска одговорна за овој проект во МКЦ.
Младината
вели дека зоолошката градина била во лоша состојба, животните биле
запоставени и недоволно нахранети, живеат во дотраени кафези во кои
хигиената е на ниско ниво.
„
Овој пат решивме да му помогнеме на зоолошката градина. Ние младите
сметаме дека зоолошката градина е во многу очајна состојба, така што
Битола заслужува подобра зоолошка градина и ние покренавме една
иницијатива до граѓаните да ја посетуваат повеќе зоолошката, со тоа ќе
ја помогнат и финансиски и таа ќе биде побогата оти така ќе можат да
набавуваат многу поегзотични животни" вели Марија Мерковска
средношколка од Битола.
Младите
сакат да апелираат до сите релевантни фактори, но и до граѓаните и
бизнис заедницата да ја искажат својата хуманост, купувајќи влезници
или донирајќи средства, во извесна мера да придонесат за подобрување на
условите во зоолошката градина.
„
Најинтересно е тоа што можам да му помогнам, да дадам свој придонес во
развивањето на зоолошката градина значи затоа би партил апел до сите
кои се во можност финансиски или како и да е да помогнат бидејќи
сегашната состојба на зоолошката градина е многу лоша. Нормално нема
ниту едно интересно егзитично животинче, мислам тоа не е нормално но во
Македонија е така. Треба да му се помогне и јас сум за враќање на возот
Мечо до зоолошката" вели Иво Ивановски средношколец од Битола.
Проектот
Локална младинска иницијатива е партнерски проект на МКЦ Битола со
Младинскиот образовен форум од Скопје. Претходно беа реализирани две
слични акции на младите од градот за спортската сала во долната
гимназија и еколошката акција Корпа во акција.
|
| http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=9184:2009-06-19-21-39-47&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#460 Posted: 20-Jun-2009 at 09:18 |
Зоолошката во Битола плаче за реконструкција
n Кафезите се стари и руинирани, а хигиената на ниско ниво зашто градината нема ни канализациска ни водоводна мрежа

Битолската
зоолошка градина стара половина век ќе се најде под клуч ако наскоро не
се преземат посериозни зафати за нејзино осовременување. Таа не ги задоволува европските стандарди, бидејќи условите во неа одговараат само за одгледување домашни животни.
-
Кафезите се стари повеќе од 50 години. Лани делегација од Асоцијацијата
на европски зоолошки градини ги разгледа кафезите и оцени дека не
одговараат на потребните стандарди и дека треба да се изградат нови.
Просторот треба да биде многу поголем - објаснува Марика Димитриевска,
вработена во установата. Најголем проблем е неповрзаноста на зоолошката
со градска канализациска мрежа. Поради ова постои потенцијална опасност
од ширење зарази. Канализација воопшто немаме. Имаше канали, кои се
стари и искршени. Отпадните води течат пред кафезите и смрди секаде.
Зоолошката градина не е влезена во урбанистичкиот план на градот.
Имавме поставено водоводна мрежа ама цевките се оштетија од ниските
температури. Сега наводнуваме со црева - додава Димитриевска.
Министерството
за култура годишно испраќа по 7 милиони денари за плати, трошоци и
тековно одржување на Зоолошката. Општина Битола лани помогнала само со
100.000 денари. Овие пари не се доволни за поголеми реконструкциски
зафати. Но, и покрај ваквите проблеми, директорот Пеце Калаповски со
својата креативност и посветеност кон работата успева да ја разубави
градината. Го зголеми животинскиот фонд, направи нови кафези за
птиците, ги отстрани отпадоците од животинско потекло, спроведе
дератизација. Почна и реконструкција на старата управна зграда, зашто
сегашната во која се вработените, порано била кафез. Негова нова идеја
е тука да ја направи единствената гробница на Балканот за домашни
миленичиња. За спас на Зоолошката градина гласот го кренаа и битолските
средношколци, кои вчера продефилираа низ Широк сокак облечени во
костими на животни. Проектот на Локалната младинска иницијатива се
одвиваше под мотото „Посети ме, спаси ме“ . Младите апелираат до
надлежните, до граѓаните и до бизнис-заедницата да ја искажат својата
хуманост, купувајќи влезници или донирајќи пари за да ги подобрат
условите во Зоолошката - вели Катерина Калешковска, координаторка на
проектот.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0BA158F010A8AB46B349B4368A71D1D7 |
|
 |