![]() |
![]() |
![]() |
Мост на цивилизациите во Македонија (Мост Око) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2122232425 28> |
Author | |
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
Пајонска свештеничка во „зеницата“ на мостот „Око“ Бронзена скулптура на пајонска свештеничка, висока три метри ќе го краси централниот дел на пешачкиот мост „Око“. Избраните 28 скулптури, генерално, се ликови од подалечната македонска историја, благородници, свештеници, кралеви. На „Око“ ќе се постави скулптура на последниот македонски крал Персеј, на охридскиот архиепископ Прохор Доротеј, на сликарите иконописци Михаил и Евгениј, зографот Јован, македонскиот благородник Стрез, како и Ахил (преспански иларски епископ) и Васарион Дебарски (монах и книжевен деец). На пешачкиот мост ќе се наоѓа и скулптура на Крали Марко и брат му Андреја, на пајонскиот крал Авдолеон, на Јулија Тертипа (борец за права), на Будиј (учесник во никејскиот собор), како и на Аврелиј Кратет Птоломеев (лихнидски император од 3 век), Тат Флавиј Орест (правосветеник од Хераклеја), Публиј Септиј Николај (патрон на Стоби), Дионисиј Први (епископ на Лихнид), кнез Хацон и Пребанд (прв и втор крал на македонската средновековна држава), на Петар Делјан (син на Гаврило Радомир), Ивет и Ѓорѓи Војтех (македонски благородници) и скулптури на светците Јоаким Осоговски, Прохор Пчински, Гаврил Лесновски, Јован Кукузел, Ѓорѓи Кратовски и на Андреа Гропа. (Дс.Т.) |
|
![]() |
|
Baze ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 409 |
![]() ![]() |
КЕЈОТ СЕ РАСКОПА ВО СЕПТЕМВРИ, ИЗГРАДБАТА ЌЕ ПОЧНЕ ВО АПРИЛ
Мостот „Око“ ќе се потпре на 18 столбови Мостот „Око“, за кој беше удрен камен - темелник уште во септември, ќе почне да се гради следниот месец, кога, според ветувањето од фирмата-изведувач, ќе пристигне нова специјална машина. Со современата механизација треба да се направат 18 столбови на кои ќе се потпира конструкцијата на мостот. - Градежната фирма „Конструктор Сплит“ понуди побрза технологија за изградба на која нема да влијае тоа дали водостојот на Вардар е висок или низок. Станува збор за изградба на бунари, кои потоа се полнат и се добиваат темелите за мостот. Тие ќе бидат со пречник од 1,8 метри. По четири од нив ќе се изградат под кос агол од 15 степени, а другите ќе бидат исправени. За нив изведувачот ќе донесе специјална машина, која треба да пристигне до крајот на април и тогаш ќе почнат да се дупчат и изведуваат бунарите - објасни ќе Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на општина Центар. Како образложение за бавната изградба на мостот, кој се уште нема ни темели, општината прво кажуваше дека се отстрануваат подземните инсталации, па застојот бил поради нив, а потоа дека нивото на Вардар е многу високо за да може да се гради во речното корито. Паралелно со тоа, општината ќе ги избира и ликовите на 28 скулптури, кои треба да го украсуваат овој мост. Според градоначалникот, на конкурсот се пријавиле 27 автори со 70 решенија, но не открива кои ќе бидат ликовите што ќе се претстават. Единствено се знае дека се историски личности, од периодите од кои ќе бидат поставени предмети во новиот археолошки музеј. - Ќе направиме изложба на овие трудови, за да можат и самите автори да ги споредат своите дела. Но, прво во план ни е да ги изложиме идејните решенија за споменикот на свети Климент Охридски, кој ќе биде поставен пред универзитетската библиотека. Во жирито што ги избираше решенијата се Паско Кузман, Коста Мангаровски и Томе Серафимовски - рече Тодоровиќ. Општината нема да се откаже ниту од изградбата на фонтаните во Вардар, па овој проект, кој се најавува веќе неколку години, а никако да се реализира, ќе почнел од јуни, кога водостојот на реката е низок. Бидејќи во последно време Општина Центар е присутна во јавноста најмногу со проектите од „Скопје 2014“, а речиси ја нема во решавањето на секојдневните комунални, сообраќајни и други локални проблеми на жителите, оттаму велат дека паралелно ги продолжуваат и другите активности. - На тендерот за монтажниот паркинг што треба да се гради во населбата Капиштец се пријавија три фирми. Една од нив даде најевтина понуда, но, сепак, тоа е повеќе од моите очекувања и сознанија за ваков тип градба. Понудата е за десет милиони денари повисока од сумата што сме подготвени да ја платиме. Затоа го продолживме рокот на тендерот - вели градоначалникот. Покрај ова, тој најавува дека во наредниот период ќе ги санира оштетените општински улици, за кои признава дека се полни со дупки. |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
За жал нема да може ова да се менува преку ноќ. За некоја посериозно менување на центарот (после сите овие градби од оваа гарнитура), ќе треба најверојатно да помине половина век за да се размислува за голема промена на центарот.
Не ни останува ништо друго туку да се помириме со ваквиот изглед и да се обидеме барем преку позитивна критика да го поправиме колку што се може. Стилот очигледно нема да успееме да го смениме, па бар да видиме да се изгради квалитетно и современо. |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Поразително е што се и сешто мораме да гледаме низ призма на политичките гарнитури, па дури и изградба на пешачки мостови, нивната локација и поставеност, прекројување на урбанистички планови и слично. Ама како што велиш сами сме си криви, но јас би рекол пред се поради тоа што дозволуваме да бидеме вовлечени во таков начин на размислување.
А аргументот „да се изградело на времето, веројатно немаше да дојде до ова“ е добар само за бегање од проблемите, но никако не е алиби за грешките што се прават сега. Грешките не можат да се исправаат со нови грешки. Не можеме да го менуваме минатото, но мораме да се потрудиме да не ни се случи во иднина и кон денешното време да се навраќаме како на „лошо минато“. А тоа слабо го правиме и за жал засега сме заглавени во тој порочен круг. |
|
![]() |
|
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
Во некоја линија сами сме си криви. Мостот на цвеќето беше одличен предлог, но не доби реализација бидејќи таа гарнитура на политичари беше многу позаинтересирана да си изгради лични кариери.
Оваа гарнитура, што нема толку памет у глава, ама па за беља „што на ум, то на друм“ и гради како ниедна досега. Значи да се изградело на времето, веројатно немаше да дојде до ова. |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Во врска со локацијата и функцијата на мостов еве еден пост со скица што го имав постирано во нишката за „Мал Ринг“
Edited by Cloverstack - 29-Jan-2010 at 00:01 |
|
![]() |
|
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
Не знам што е улогата, освен да заврши работа за Уставниот Суд да не „извиси“ над Вардар онака безврска. Јас не реков дека сум подржувач на мостов. 29-те статуи се тотален, ама тотален промашај. Фонтаната и клупите ми се ок, ќе има убава глетка кон Камени мост и Кале. |
|
![]() |
|
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
па добро за да дознае некој нешто треба и да се интересира! може сите информации нема да се пуштата во јавност што од безбедносни причини а што од тековно жонглирање со позициите во даден проект, но посекако може да се ископа доста инфо! а тоа дека има дунстери кои на слепо ќе коментираат тоа од секогаш ќе ги има, просто секој има свој начин на изразување, а капак и зад тоа кога ќе застане и нечие инструирано уредничко перо и ете ти тешки импровизации! интересно е што заради ваквиот сензационалистички пристап на нашиов потпросечен медиумски пазар, доста професионалци и избегнуваат да земат учество во некоја дебата... но на страна тоа, мора и треба да има притисок од јавноста за транспарентност, а на тоа како и зошто некој одговара или не тоа треба е сосем друга приказна, може некој и свесно ја користи ваквата ситуација за спинување рејтинг или дефокусирање од други теми, како велат и лошата промоција е добра реклама, или евентуално толку да се сигурни во своите проекти и идеи што арогантно на никого не му удираат рецка! и иако ваквата анализа држи и може да се третира како најлогичнам сепак посреди е сосем друга работа, а тоа е претпазливоста на надлежните да не предизвикаат вербален мегдан кој дополнително би им ги трошел и времето и енергијата, наместо да се концентрираат и фокусираат на реалните ин ситу проблеми или финансиски конструкции! |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
баш проблемот е што не знаеме ништо за да може да се отвори асална дискусија? |
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
ОК нема шанса од излевања. Што според тебе е целта на овој мост, кога и од двете страни е буквално ограден од други два моста, еден од нив најамблематичниот симбол на Скопје. Има некаква комуникацијска функција или практична? Според мене нема! И да се работеше за дизајнот на Милениум Брииџ во Лондон, пак немаше да го поддржам, од простата причина што не му ја гледам целта. А не пак што се работи за мост со фонтана, клупи и цели 29 статуи... Те молам одговори ми, ме интересира.
|
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
![]() |
|
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
Добро, во ред, моја грешка, одам да купам појас за спасување.
![]() Мислам дека и јас чекам на факти, ако е така како што вели господинот П.П, ќе те подржам прв. Јас само коментирав, и тоа мислам доста издржано, дека ситуацијата по течението на Вардар е многу сменета од 70-тите и 80-тите години кога се правени тие правилници, со изградбата на Козјак. |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Крале, не разбирам на што ми реплицираш... па не зборувам шпански туку македонски. И јас истото го велам - дека нема информации и дека нема отчет. Ама за разлика од тебе тоа не го толкувам во стил „па океј ништо страшно, ај да баталиме дискусија“, туку како многу голем проблем. А кога во таква атмосфера еден од
учесниците во процесот на проектирање и градење на регулацијата на
Вардар ќе истапи во јавност, јас дефинитивно ќе видам што има да каже. Ти се допаѓало или не, досега порелевантни информации не сме ни имале, а најмалку од надлежните.
|
|
![]() |
|
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
Така срочено
![]() |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Е добро де никој не паничи ниту пак паниката или одобрувањето од тука ќе смени нешто тековно. Тој проект очигледно некој го зацртал и ќе си тера како и многу други проекти кои некои ги сметаат за спорни а некои не.
Ние може да ги издискутираме различните аспекти на овој (и други проекти) и тука завршува приказната. Факт е дека Скопје има историја на поплави и дека имаме изградено прекрасна регулација на реката која не само што ја гарантира нашата безбедност, туку е и еден колосален проект за наши поимања кој сме должни да го одржуваме како што треба. Секако држи и фактот дека со регулацијата на водотеците во последните 50 години, Вардар не е тоа што некогаш бил и можноста да има поплава во Скопје е скоро невозможна. Дали се вика Петре Петровски или некако инаку човекот кој го посочува ова прашање, не е ни битно, мислам дека е интересно прашање околу кое може да се подискутира. |
|
![]() |
|
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
Јас токму тоа и го правам: дискутирам дека нема факти да паничиме. Зошто мислиш дека сум против дискусија?
Ако дојдеме до релевантни факти, нема да има човек, верувајте, кој нема да застане зад таквите факти. |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
![]() КАква галама бе Крале, форум е правиме муабет... Искача проект и копаме и добри и лоши страни. Може си во право дека нема простор за паника од поплави, можеби не си, но зошто да не разговараме за тоа? |
|
![]() |
|
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
Кој е бе Петар Петровски? Еве пошто го сметаме за голем стручњак редно е да проговориме кој е?
Бидејќи нели сме верувале во факти! Јас точно факти барам: што е и кој е Петар Петровски да му веруваме? И да не мешаме сега цел ринг, итн., за кој многупати сум искажал и свои критички ставови. Ама не си дозволувам да бидам предрасуден и да судам за работи што НЕМАМ ФАКТИ. Само тоа ми пречи, што без факти кревате галама. Да има факти, јас прв ќе ви се придружам. |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Крале, изгледа се вртиме во круг... Ете му испозалепи 300 етикети и задни мотиви на човек кој бар имал доблест со име, презиме и референца да искаже став на тема во која што е упатен, а се прашуваш кој бил тој, кај завршил, што проекти имал досега сработено... но не се прашуваш кои се тие што во толку краток временски период толку радикално го прекроија Скопје. Нивните креденцијали се неспоредливо поважни од неговите, но ние не знаеме дури ни кои се нивните имиња. Дури и на оние од ИНПУМА што се доволно неморални да се потпишуваат на нивните планови, не секогаш им е јасно што вцртале. И на крај крив ни бил Петар Петровски... Демек со кое право се дрзнал да ја стави под сомнеж визијата на фантомите што ги спомнав погоре... ![]() Ама не е само Петар со дилеми, туку и добар дел од јавноста. Всушност тоа не е ни битно бидејќи ти многу погрешно толкуваш што е тоа транспарентност. Зарем транспарентноста е условена од Петар Петровски и од тоа како ќе го етикетираш? Да не ја пикаме главата во песок, кај нас нема ни т од транспарентност. А зарем таа не е најдобар начин да се спречат разноразни дезинформации и шпекулации? Се наметнува прашањето зошто олкава нетранспарентност доколку им се средени работите и доколку им е баш толку квалитетна визијата на нашите „планери“. Всушност, јас воопшто не знам која е потребата од овој мост и неговата оправданост - дали некој од надлежните некогаш дал некакво образложение? И не е само за мостов, туку за цел Мал Ринг, а сега се тргна и пошироко... Значи не се „палиме“ за џабе и не е време за „смирение“, туку работата е тотално вон контрола и конечно треба да се застане на патот на самоволието на фантомите, кои си земаа за право да направат толку сеопфатен и радикален упад во толку важни сфери, а не најдоа за сходно макар да не информираат за основни работи. И сето тоа се разбира се прави со народни пари. Епа навистина, што е многу, многу е! Edited by Cloverstack - 26-Jan-2010 at 03:55 |
|
![]() |
|
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
Простете за уште еден пост. Забележав интересна изјава на овој П.П. дека „ако се случи поплава како 1979 година, Око сигурно ќе биде однесен или поплавен“. Веројатно човекот одговорал на хипотетичко прашање од новинарот „што би било кога би било“, иако како што спомнав ситуацијата е драстично изменета со изградбата на браната Козјак и веројатноста да се случи таква поплава е многукратно помала, да не речам непостоечка.
Edited by krale - 26-Jan-2010 at 01:34 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2122232425 28> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |