build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 34>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 09-Mar-2010 at 13:00

СКОПЈЕ ЗАТРУПАНО СО ОТПАДОЦИ

Ѓубрето од контејнерите расфрлано по улици

Полни ќесиња се фрлаат едно преку друго во контејнерите, а кога веќе нема место во нив, тоа се истура на тротоарите, па што од ветер што од минувачите, се развлекува насекаде

Тротоарите на скопските улици се затрупани со ѓубре. Жива реткост е да се наиде на контејнер кој е не е затрупан со отпадоци уште половина метар преку него. Преполни ќесиња се фрлаат едно врз друго, а кога веќе нема место ни игла да се фрли во кантите, снаодливите граѓани почнуваат ѓубрето да го обесуваат на шрафовите од предната и од задната страна на контејнерите.
Како што само една капка ја прелева преполната чаша, така овде се случува само еден мал отпадок да го урне целото ѓубре на тротоарите. Е тогаш отпадоците почнуваат да се развлекуваат на сите страни, дури до улиците. Што од ветер, а многу повеќе од минувачите кои, за да поминаат, ги шутитаат насекаде, речиси и нема општина која може да се пофали со чисти улици.
Скопјани газат на расипана храна, срчи, скапан зеленчук. Градот смрди на сè и сешто. Многу често грдата слика е надополнета и со искршен мебел, кревети и со расипани апарати за домаќинството кои, бидејќи не ги собира во контејнерите, граѓаните, без пардон, ги оставаат покрај нив на тротоарите.
"Цел град смрди на скапано. Затрупани сме со ѓубре, а да видиш комуналци да чистат е вистински празник. Во последно време некој се дрзнува и мебелот да го остави на улица", се жалат скопјани.
Од ЈП "Комунална хигиена" вчера не добивме одговор за нехигиената во Градот, но дека редовно ги празнат контејнерите секогаш е нивно оправдување.
Нивниот непроменлив став е дека работат во смени и спред предвидена програма. Излегуваат и дополнително на терен, секогаш кога ќе им јават граѓаните дека има потреба од чистење на некои локации.

http://vest.com.mk/?ItemID=F10E88CB1B7B494D8B0D9DB4F2645F35
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 08-Mar-2010 at 20:45

Премиеру, во Скопје нема канти за ѓубре

Во Скопје канти за отпадоци нема, а Владата од неодамна почна кампања наречена „Дај кош“ со која ги едуцира граѓаните да ги фрлаат отпадоците во канти. Во кампањата се вели „Дај кош, поен за тебе, победа за околината“, но граѓаните се прашуваат каде да ги даваат кошевите кога канти за ѓубре низ градот или нема или се искршени и без дно.

Општините допрва се подготвуваат да постават канти, иако со Законот за јавната чистота беа задолжени да ги постават во најкраток рок. Се наметнува прашањето која е поентата на кампањата „Дај кош“ сега, кога нема услови да покаже резултат во пракса и дали ќе беше подобро општините прво да ги накитеа своите јавни површини со нови канти, па тогаш да се спроведе кампањата за подигнување на јавната свест. Во Скопје нема ниту јавни тоалети, а преку кампањата Владата порачува: „Не можеш да изгубиш 3.000 денари, ако најдеш јавен тоалет“, при што се алудира на тоа дека казната за уринирање на јавно место, исто како и за фрлање отпадоци на улица, е 50 евра во денарска противвредност.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека тие по налог на Владата лани на 20 ноември испорачале 5.000 контејнери, кои се распоредени по сите општини што имаат свои комунални претпријатија, како и 20.000 канти за отпадоци за општините што немаат претпријатија. Оттаму додаваат дека тоа треба да послужи како поттик општините да набавуваат дополнителни садови за отпад за јавните површини.

- Самите општини преку своите јавни комунални претпријатија се должни да обезбедат од малите канти за отпадоци за граѓаните да имаат каде да ги фрлаат отпадоците. Ваква набавка е направена прв пат. Станува збор за вид помош од Владата - објаснува портпаролот Сашо Секуловски.

За тоа што ваква акција се презема две години откако стапи во сила Законот за јавната чистота, Секуловски вели дека за спроведување на целата постапка за набавка на контејнери и канти за отпадоци било потребно време.

Факт е дека ниту Градот ниту општините не побрзаа да наместат нови канти, а инспекторите побрзаа да им пишуваат казни на граѓаните. Сепак, надлежните државни органи не ги казнија општините што не ја завршиле својата законска обврска, иако казните за општински служби се движат од 300 до 600 евра, односно Законот за јавната чистота на својот грб го почувствуваа само граѓаните.

На прашањата за обврската за поставување канти, Градот и општините одговараат во идно време.

- Јавната набавка за канти за отпадоци треба да се распише деновиве, а за канти за индивидуалните домаќинства ќе се обезбедуваат преку кредит од Светска банка. Градот ќе обезбеди и дополнителни разновидни садови за собирање отпад, со што условите за јавната чистота ќе се кренат на ниво на стандардите пропишани со законот - образлагаат градските власти.

Во Општина Центар во тек е јавниот оглас за набавка и поставување канти за отпадоци со пепелници, а лани Општината постави 30 канти за отпадоци.

Во Општина Кисела Вода уверуваат дека во наредниот период ќе почне постапката за избор на најповолен понудувач за изработка на кантите што ќе се поставуваат во текот на целата година.

- Овие канти за отпадоци ќе се постават на местата што во изминатиот период се оценети како црни точки, односно каде немало поставено канти и друга урбана опрема - вели Марјан Спасески, портпарол во Кисела Вода.

Тој нагласува дека општинските власти имаат проблеми со несовесни граѓани што ја уништуваат поставената урбана опрема, особено кантите за отпадоци и клупите.

Од СВР Скопје информираат дека во 2009 година, на подрачјето на град Скопје биле регистрирани вкупно 12.877 прекршоци, за кои на сторителите им се издадени 378 налози за плаќање глоба, а од подготвените 6.497 записници за општокорисна работа, реализирани се 1.022. Во јануари годинава биле издадени 546 налози за плаќање глоба, а биле поднесени 1.178 барања за поведување прекршочна постапка.

Анела Петрова

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2FF31779FD5338488A40A2C8FF2B9733

Edited by Cloverstack - 08-Mar-2010 at 20:46
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 03-Mar-2010 at 15:32

Градски редари ќе не' учат на ред



Несовесните граѓани што се однесуваат недолично, го валкаат градот, плукаат на улица, фрлаат ѓубре и догорчиња или дозволуваат нивните миленици да вршат нужда во тревник, ќе бидат главна мета на „градските полицајци“, односно комуналните редари. Градоначалникот Коце Трајановски по година и половина од донесувањето на Законот за јавната чистота, со кој се воведе оваа нова функција, најави дека Градот Скопје конечно одлучил да вработи редари, кои ќе се грижат за животната средина.

Локалните власти објаснуваат дека редарите ќе бидат како инспектор и полицаец во едно. Тие ќе бидат униформирани и ќе ги санкционираат граѓаните според одредбите од Законот за јавната чистота.

Вработувањето редари во рамките на Градот ќе се случи во наредните неколку месеци, а бројката се' уште не е позната. Досега оваа функција ја вршеа комуналните инспектори, но тие имаат сосема други овластувања, што беше главното оправдување за малиот број изречени казни по основа на Законот за јавната чистота.

- Ќе вработиме толку редари колку што ќе ни дозволат финансиите - изјави портпаролот Неделчо Крстевски.

Долгото чекање на овие нови вработувања од Градот го објаснуваа со неусогласени подзаконски акти околу систематизацијата на работните места.

Обврската за вработување на комунални редари, освен за Градот, важи и за другите општини. Некои од нив веќе имаат, како Карпош и Ѓорче Петров. Таму редарите изрекуваат казни за бесправно поставени огради, пречки на паркиралишта, истурен песок или ѓубре на јавни површини. Казните се парични, но може да се одработат и со физичка работа во некое од градските претпријатија. За најчестиот прекршок, фрлање ѓубре на улица, плукање или фрлање догорчиња, се плаќа 50 евра. Толку ќе платат и сите што ги мијат или ги поправаат возилата на јавни површини, перат теписи или продаваат дреболии на картонски кутии.

На последната седница на Координативното тело на градоначалници, Трајановски и неговите колеги дискутирале и на оваа тема.

Во иднина треба да се донесе програма со која ќе се определат надлежностите на редарите, за да не доаѓа до судири на надлежности. Се очекува тоа да биде лесно надминато, со тоа што општинските редари ќе казнуваат на сервисните улици, а градските инспектори на улиците што се под градска надлежност.

Јорданка Ивановска


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=510F69200A1C0F40A9657677AEB2568D
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 01-Mar-2010 at 19:46

Новата странска инвестиција во Карпош, огромното градилиште спроти „Асиба“, е само уште едно повторување на честата слика низ градот кога се работи за хигиената на просторот околу градилиштата, додека за една година полицијата и градската инспекција успеале да изречат одвај четириесетина казни за овој прекршок

 
 
%20  
Иако според сообраќајните правила обврска на секој возач е да ги исчисти тркалата на своето возило пред да излезе на коловоз, тоа многу ретко се почитува, особено кога станува збор за градилиштата. Овој прекршок го прават не само домашните градежници и инвеститори, туку и оние странските, од Западна Европа, каде што ваквите грешки мошне строго се казнуваат. Таков впечаток остава и градилиштето на новата голема инвестиција во реонскиот дел на населбата Карпош 3, спроти поранешната зграда на „Асиба“.

Од претставништвото „Фешн груп“, на австриската компанијата „Мен фешн“, велат дека не ги прекршуваат правилата со градежните работи, односно пред да го напуштат градилиштето нивните камиони поминуваат низ посебен песок за да не оставаат траги по улиците.

- Како странски инвеститори се трудиме да ги почитуваме македонските закони и затоа се погриживме возилата што излегуваат од нашето градилиште да се чисти и да не ги валкаат улиците. Проблем е што гумите не секогаш може да целосно да се исчистат и затоа во првиот километар или два може да сејат прашина. Поради ова потпишавме и договор со една компанија која секоја вечер ја чисти трасата каде што поминуваат нашите камиони - вели Искра Секуловска, маркетинг-менаџерка на компанијата.

Жителите, пак, од улицата Манапо, каде што од градилиштето секојдневно излегуваат десетина камиони, кои разнесуваат прав и кал, во зависност од временските услови, додаваат дека условите за живот не им се исти откако почнаа градежните работи во соседството, бидејќи понекогаш мора да одат низ облаци од прашина.

- Знаеме дека градењето е валкана работа, но мора да се внимава што се остава зад себе. Не само што живееме опкружени од прашина, туку и камионите што изнесуваат материјали и отпад оттаму не се секогаш затворени, па дел од товарот им паѓа на коловозите. Залудно се чистат улиците ако постојано се валкаат. Освен тоа, нашите деца си играат во игралиштето непосредно до улицата и тоа дополнително не загрижува - велат жителите од оваа улица.

%20Пред извесно време со сличен проблем се соочија и жителите на дел од населбата Тафталиџе, во близината на Млечниот ресторан. Минатото лето во нивното соседство се ископа огромна дупка за да се направи зграда, а додека се изнесуваше земјата, таа паѓаше на сите страни. Повеќето возила беа толку прекриени со прав што воопшто не им се познаваше бојата, а по улиците имаше дебели траги од кал што го отежнуваа движењето на некои автомобили. Поради ова една група жители и протестираа.

- Дишевме нечист воздух поради прашината од камионите. Речиси секој ден моравме да ги миеме возилата. За среќа, градежните работи беа прекинати поради некои проблеми со документацијата, па сега сме помирни, но ако продолжат најверојатно пак ќе немаме мир и ќе мораме да реагираме - велат тие.

Двојна казна следува за валкањето на улиците, а вкупната глоба од неа изнесува 80 евра. Според Законот за безбедност во сообраќајот за овој прекршок возачот треба да плати 30 евра или да му се впишат 15 казнени поени, а воедно се наплатуваат и 50 евра за непочитување на Законот за јавна чистота. Но иако оваа појава е многу честа, таа ретко се казнува.

- Во текот на 2009 година за овој прекршок СВР Скопје изрече 25 казни, а во првиот месец од годинава нема казнети. Казните се изрекуваат на самото место, за да може полесно да се докаже кој ја извалкал улицата - вели Лиза Бендевска, портпаролка на Скопската полиција.

Од пред шест месеци, со измените на Законот за јавна чистота, и градските комунални инспектори имаат право да казнуваат за овој прекршок. Од Градската управа велат дека се задоволни од резултатите што ги постигнале досега и сметаат дека доследно го спроведуваат Законот.

- За овој краток период сме казниле 14 приватни превозници што излегувале од градилиште без да го покријат или заштитат товарот или без да ги исчистат гумите. Казнуваме на многу локации, во Ново Лисиче, кај салата „Јане Сандански“, кај Камени мост и на други места - велат од Градската управа.
 
                                                                                                                                                        http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3110104323&id=14&setIzdanie=21922    
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 25-Feb-2010 at 10:02
za toa se  kaznite tuka
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 25-Feb-2010 at 09:52
Мислам дека ќе биде грешка ако се воведе овој принцип. Според моето лично мислење ќе се појават премногу диви депонии, каде луѓето ќе го фрлаат сметот за да заштедат на ѓубрарина.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 24-Feb-2010 at 23:10

ова ви се измолкнало!?

Колку ѓубре толкава ѓубрарина

„Комунална хигиена“ е на пат да ја исправи неправдата што со години им ја нанесува на илјадници домаќинства што живеат во куќи со дворови, со тоа што сметките за ѓубрарина ќе ги пресметува според тежината на подигнатиот смет. Со години „Комунална“ ѓубрарината за куќите ја пресметуваше според квадратурата на станбената и на дворната површина, па оние што имаат големи дворови плаќаат високи сметки, без разлика колку ѓубре месечно произведуваат. На пример, домаќинство со куќа од 150 квадрати и двор од 500 квадрати месечно за ѓубрарина плаќа 770 денари, а домаќинство во стан од 80 квадрати добива сметка од 230 денари. Сегашната цена на ѓубрарината изнесува 2,85 денара за квадратен метар станбена површина и 0,6 денари по квадрат дворна површина. 

Од „Комунална“ велат дека се подготвуваат за новиот начин на наплата.

- Формирани се работни групи кои треба да го воспостават новиот систем на наплата според килограм смет - вели Катерина Лаова, портпаролка на градското комунално претпријатие.

Од Градот Скопје велат дека ова е иницијатива на скопскиот градоначалник Коце Трајановски и дека идејата за промена на начинот на наплата веќе се разработува.

- Кога комплетно ќе се подготви, таквата одлука ќе биде усвоена од Управниот одбор на претпријатието, по што ќе биде ставена на дневен ред на Советот. Потоа ќе почне пресметката и наплатата на ѓубрарината по новата методологија - велат во одделението за односи со јавноста во Градот, без да прецизираат кога скопјани да очекуваат дека ќе платат онолку колку што „ќе потрошат“.

Според сознанијата на градските власти, ѓубрарината во сите главни градови на земјите од поранешна Југославија се наплаќа според квадратура на станбена површина, а Љубљана сега воведува нова методологија за наплата според подигната количина на смет.

Скопјани реагираат дека услугата на јавното претпријатие ни малку не соодветствува на цената што ја плаќаат, особено во изминатата година.

- Срамота е да плаќам речиси 1.000 денари месечно за собирање на сметот, а комуналците три недели не дошле. Како може да бараат да плаќаме, а тие да не ги извршуваат своите обврски кон нас? И зошто јас ако произведувам десет килограми ѓубре месечно да платам тројно повеќе од некој што ќе направи повеќе ѓубре од мене, а живее во стан - реагира П.С. жител на Скопје.

Од „Комунална хигиена“ велат дека сегашниот начин на наплата е законски.

- Во Законот за управувањето со отпадот се дадени три варијанти за определување на висината на цената за собирање и за транспортирање на комуналниот смет. Таа може да се утврдува според квадратни метри површина или според зафатнината или тежината на ѓубрето. А од друга страна пак, според Законот за комуналните дејности, висината на цената се определува само според квадратни метри површина. Начинот како ќе се наплатува го одреди Советот на Град Скопје со одлука - вели Лаова.

Градоначалникот Трајановски уште на почетокот на мандатот најави дека хигиената во градот ќе ја подобри со воведување канти кај индивидуалните станбени објекти и со нов начин на наплата, според тежината на сметот од секое домаќинство. Тогаш тој истакна дека воведувањето на оваа новина е резултат токму на тоа што голем број граѓани се жалат на одлуката на Советот за наплатата според квадратура, бидејќи тоа е прескапо за нив. Трајановски образложи дека неговата идеја е пресметката да се врши по подигната канта, односно според тежината на собраниот смет. Секое домаќинство ќе треба да купи 120-литарска канта, односно нив на почетокот ќе ги плати „Комунална хигиена“, а потоа граѓаните ќе ги отплаќаат со ѓубрарината. На тој начин ќе се намали потребата од контејнери, а ќе се изврши и нова организација во „Комунална хигиена“.

Оваа идеја, според Лаова, е веќе реалност во Лисабон, Португалија.

- Таму цената на ѓубрарина се пресметува според волуменот, односно според килограмите на произведен смет. Со таа разлика што таму граѓаните имаат канти со зафатнина од 240 литри - вели Лаова.

Анела Петрова
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=76D33E96FEFA2D49ADE96B4AF795CBB1&arc=1

а кој е гарант дека комуналците правично ќе го баждарат отпадот!?

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 30-Jan-2010 at 01:14
Изречени околу 50 опомени заради нерасчистен снег
Комуналната инспекција на Град Скопје деновиве изврши контрола на расчистувањето на снегот од страна на правните и физичките лица и изрече околу 50 опомени заради нерасчистен снег.
Како што соопшти Град Скопје, и денеска инспекциските контроли ќе продолжат, како кај опоменатите од претходниот ден, така и кај останатите субјекти кои во согласност со Законот имаат обврска да го расчистуваат снегот пред нивните станбени и деловни објекти.
Градот апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат кон законската обврска и да ги расчистат приодите кон нивните објекти.

http://vecer.com.mk/?ItemID=A7F146B406E309499CDAA95E83E97DDC
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 26-Jan-2010 at 11:44

По улиците во Скопје-Север одамна „не заиграла“ метла

Комуналците признаваат дека локалните и сервисните улици ги чистат еднаш месечно

Снежана Калабакова


Во населбата Скопје-Север комуналците редовно ги празнат само контејнерите, а кога последен пат влегле да ги исчистат со метла сервисните улици е тешко да се претпостави. Помеѓу станбените згради, по патеките од павер-елементи, тргнувајќи од улицата „Ѓоце Стојчевски“ или „Христо Талевски“ кон „Боро Менков“, може да се забележат десетина купишта суви лисје, а врз нив разновиден отпад од пластични шишиња, картонски амбалажи, најлонски ќесиња и сето она што стигнале да го остават несовесните граѓани. По една таква патека што води од една до друга станбена зграда, може да се видат десетина такви диви мини-депонии. Луѓето со лоши навики оставаат парчиња од мебел и бела техника покрај контејнерите.

Но, колку што граѓаните валкаат, се чини, уште помалку чистат комуналците. Можеби и не се доволно екипирани за да исчистат колку што ќе извалкаат несовесните жители. Штом се влезе во населбата, сликата потсетува на оние денови кога по силни ветришта, ѓубре и најлонски ќеси висат по дрвја. Улиците се преполни со најразновиден отпад, кој многу често ги затнува атмосферските шахти. Жителите велат дека последен пат било чисто кога снегот го покрил ѓубрето. По уличките во Скопје-Север комуналците ретко се гледаат.

„Не е доволно да се чисти само два-три пати годишно, бидејќи и оваа населба е градска и се наоѓа на само три-четири километри од центарот.

Ѓубрето не треба да биде по улиците, туку во контејнерите и во кошниците што треба да ги има како и во секоја урбана населба“, вели Василија Ивкова, жителка на населбата Скопје-Север.

Снежана Клинчарова, одговорна за информирање во Општина Бутел, објасни дека со ангажманот на 40 сезонски работници, хигиената била на повисоко ниво, а тоа го констатирале и граѓаните. Според неа, Општината нема пари да ангажира приватна комунална служба, но доколку граѓаните достават писмено барање, може да побара комуналците да исчистат таму каде што е најпотребно.

„Чистиме три категории улици: главни, сервисни и станбени, а сето тоа значи дека треба да се исчистат пет милиони квадратни метри. Локалните и сервисни улици ги чистиме еднаш месечно. Лисјето треба да ги подигнат вработените од ЈП ’Паркови и зеленило‘, а не ние заедно ѓубрето. Во расчистувањето на населбите доста ни помогнаа сезонските работници што ги ангажираа општините. Штом заврши нивниот ангажман, веднаш се забележува дека недостасува работна рака“, вели Катерина Лаова, портпаролка на ЈП „Комунална хигиена“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=90D25306BD489D489B0F9796FE13D108
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 25-Jan-2010 at 22:28
Originally posted by гитардемон

А овај горе градскиот новинар многу паметен дека ги вреѓа луѓето од село. Демек на село се прости и фрлаат кај ќе стигнат? Нека оди до Вевчани нека ѕирни. Луѓето на село повеќе се грижат за природата отколку граѓаните на македонските петрополи.

па безвредно е да се коменира дали е село или е град,  секаде има стока, секој има различна култура без разлика од каде е
 
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 25-Jan-2010 at 20:33
А овај горе градскиот новинар многу паметен дека ги вреѓа луѓето од село. Демек на село се прости и фрлаат кај ќе стигнат? Нека оди до Вевчани нека ѕирни. Луѓето на село повеќе се грижат за природата отколку граѓаните на македонските петрополи.

Се заменуваат бетонските со метални корпи за отпадоци
ПОНЕДЕЛНИК, 25 ЈАНУАРИ 2010 17:26



Јавното претпријатие „Комуналец" реши да ги замени бетонските корпи за отпадоци поставени низ градот, со нови, метални. Причината била честото оштетување на старите корпи. За оваа година претпријатието нарачало 100 нови корпи за отпадоци.



-Бетонските корпи мислевме дека се со подобар лик, поукрасни, но се оштетуваа. Сега ќе поставиме нови кои ќе бидат потрајни - вели Јовко Крстевски, директор на ЈП.

Корпите за отпадоци веќе почнале да се поставуваат на одредени локации во градот.



-Веќе се поставени низ пазарот, шеталиште, 30 се набавени за на „Партизанска", булеварот „Први мај", „Иво Лола Рибар", „Прилепска" - додава Крстевски.

Претријатието е задоволно од навиката која се создала кај граѓаните да го селектираат отпадот, односно пластиката и хартијата. Постоечките поставени контејнери ги задоволувале потребите, но се најавува дека ќе се набават и нови.



-Оваа година ќе го дуплираме бројот на контејнери и за хартија и за пластика, размислуваме и за стакло - вели Крстевски.



Пречка да се отпочне со селекција на стакло е непостоење на фабрика во земјава која го третира овој отпад, па тој мора да се извезува во странски земји, што според претпријатието е поскап процес.

Наташа Чавдаровска


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=17105&Itemid=106

Edited by гитардемон - 25-Jan-2010 at 20:34
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 25-Jan-2010 at 10:07

Каде се фрла ѓубре?

Некои „граѓани“ и три века да живеат нема да научат како да се однесуваат во град. Примерите за нивното сфаќање на градскиот живот ги гледаме секојдневно околу нас. Но, прашање е зошто еднаш комуналните инспекции не им застанат цврсто на патот и во доброорганизирана акција на штета на нивните џебови ги научат каде се фрла ѓубре, како, на пример, се шета куче и за што служи клупа.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A75551A25E274B409C0DA0A5E2346BE9
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #473 Posted: 18-Jan-2010 at 12:08

За јавна чистота казнети само граѓаните

Надлежните државни органи досега не ги казниле општините затоа што не обезбедиле соодветни услови за спроведување на Законот за јавната чистота, односно не поставиле садови за отпад на јавните површини и не изградиле јавни тоалети

Надлежните ги казнуваат граѓаните што не го почитуваат Законот за јавната чистота, а воопшто не ги чепкаат општините кои, иако се законски обврзани, досега не обезбедија соодветни услови за спроведување на овој закон. Општините и Градот Скопје се должни да обезбедат садови за фрлање отпадоци на јавните површини и на отворените простори пред јавните објекти, како и доволен број јавни санитарни јазли.

Инспекторите и полицијата лани секојдневно со глоба од 50 евра ги казнуваа граѓаните за фрлање отпушоци од цигари и други отпадоци, а имаше примери кога беа казнети и оние на кои случајно им паднале трошки од појадокот или компирчиња од хамбургерите. Надлежните државни органи освен граѓаните, треба да ги казнат и општините оти не го завршиле својот дел од обврските предвидени со законот, а казните за надлежните општински служби се движат од 300 до 600 евра. Но, досега не сме слушнале дека државната управа казнила орган на локалната самоуправа, односно Законот за јавната чистота на својот грб го почувствуваа само граѓаните.

Од СВР Скопје велат дека во 2009 година се констатирани 10.799 прекршоци на самото место.

- Од нив се подготвени 3.852 записници за општокорисна работа и издадени се 378 платни налози со кои граѓаните ја платиле казната. Воедно подготвени се 10.959 записници за покренување на прекршочна постапка против сторители кои што не ја платиле казната во определениот рок ниту пак прифатиле општокорисна работа, а меѓу нив има и прелеани од предминатата година - вели Лиза Бендевска, портпарол во СВР Скопје.

Иако Законот за јавна чистота е донесен во 2008 година, општините и Градот Скопје дури сега „се будат“ и почнуваат да ги исполнуваат обврските. Од Градот информираат дека е во тек јавна набавка на корпи за отпадоци.

- Градот распишува јавна набавка на корпи, со што ќе ги подобри условите за целосно почитување на Законот, како и на Одлуката за комунален ред. ќе набавиме нови корпи за отпадоци во парковите, урбаните зони, како и корпи што се монтираат на бандерите. Бројот дополнително ќе се утврди со самата набавка - велат од Одделението за односи со јавноста во Градот.

Одговорноста за обезбедување соодветен број употребливи јавни тоалети, градските власти ја префрлаат на општините.

- Прашањето за санитарните јазли е регулирано со Законот за град Скопје, каде е пропишано дека општините се надлежни за изградба и одржување на јавните тоалети - децидни се во Градот.

Од друга страна, во Законот за јавна чистота јасно е пропишано дека за вршење на работите општините и Градот Скопје меѓудругото треба да обезбедат и јавни санитарни јазли.

И скопските општини образлагаат дека е во тек акција за поставување на корпи за отпадоци и дека обезбедуваат соодветни услови за спроведување на Законот.

Во Центар велат дека лани набавиле и поставиле 200 нови корпи за отпадоци, од кои дел се со пепелници.

- Исто така Општината изврши репарирање на постојните канти во парковите и на зелените површини. Оваа година ќе поставиме 200 нови корпи, од кои дел, исто така, ќе има пепелници - вели Јовица Ацковски, портпарол во Центар.

Во врска со тоалетите, од Општина Центар велат дека немаат јавни вециња во нивна надлежност, а за оние што постојат одговорен е Градот. Во оваа општина комуналните инспектори изрекле само 15 казни и 40 опомени за непочитување на Законот, од кои најголем дел се за неотстранување хаварисани возила од јавни прометни површини, неправилно одводнување атмосферска вода, казни за диви продавачи и за градежни фирми што немаат шахта за миење на камионите пред излез од градилиште и за несоодветно исфрлен шут.

Од Општината Кисела Вода велат дека обезбедуваат оптимални услови од технички аспект за спроведување на Законот.

- Лани поставивме 100 нови корпи за отпадоци и дополнителни 35 кои беа донација од стопанските субјекти на наша територија. Годинава ќе поставиме уште 100 канти, за што ќе бидат издвоени 500.000 денари - вели Марјан Спасески, портпарол во Кисела Вода.

Од стапувањето во сила на Законот до крајот на 2009 година, Општина Кисела Вода казнила вкупно 272 граѓани, од кои 162 лица извршиле општокорисна работа, а 110 платиле мандатна казна. Годинава општинските инспекциски служби се ревносни, па од 1 јануари досега казниле 150 физички лица и едно правно лице, кое платило 3.000 евра поради оставање градежен шут на несоодветно место.

Во Општината Бутел велат дека имаат канти за отпадоци на сите јавни површини, но дека проблем е тоа што несовесни граѓани ги полнат со кеси со домашен смет. Општината лани поставила 150 канти, а годинава ќе постави уште 200.

- Во врска со јавните тоалети, Општина Бутел нема потреба од нив, бидејќи, пред се', е општина со индивидуално домување, а јавните институции на наша територија имаат сопствени тоалети. Јавен тоалет има само на пазарчето во Бутел 1, во чија близина е и трговскиот центар - вели потпаролката Снежана Клинчарова.

Инспекторите од Бутел лани казниле 85 лица, а во последниве две недели се изречни 10 казни.

И во Чаир велат дека работеле за подобро спроведување на Законот, односно лани поставиле рекордни 2.000 канти за отпадоци. Ниту во оваа општина нема јавни тоалети, освен оние на Бит-пазар, ниту надлежните размислуваат за нивна изградба. Во Чаир лани биле казнети 30 граѓани, од кои поголем дел биле упатени на општокорисна работа.

Во Ѓорче Петров, каде што лани биле казнети 70 граѓани, сметаат дека имаат доволно канти, кои се поставени во училишните дворови и на сите главни улици. Во Гази Баба велат дека ќе ги постават таму каде што е потребно, а проблемот со јавни тоалети го решаваат со поставување монтажни вециња кога организираат манифестации.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9F56F3C042867F4F8850D3175F1369C5
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #474 Posted: 09-Jan-2010 at 06:32

Нечисти утра на охридскиот кеј

Службите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве имаат полни раце работа. Тие речиси секое утро од езерскиот кеј и од пристаништето собираат, подигнуваат и транспортираат по најмалку четири трактори со отпад. Отпадот, кој е од различен вид, го исфрлија големите бранови, кои ги предизвика силниот ветер што деновиве го зафати Охрид.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EC5D2682FB64F14E97895A52D866706C
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #475 Posted: 08-Jan-2010 at 05:38

Се гради игралиште, Аеродром го покри кал

Фирмата „Конструктор“, која ги гради спортските терени во Општина Аеродром кај салата МЗТ, деновиве избегна казна од 4.000 евра во денарска противвредност зашто целиот булевар АВНОЈ го извалка со кал од градилиштето. Градските комунални инспектори што направиле увид на местото решиле наместо парична казна, како што предвидува Законот за јавната чистота, сопствениците на фирмата само да ги опоменат повеќе да не го валкаат булеварот.

Покрај салата МЗТ се гради големо фудбалско игралиште чии инвеститори се Владата и Агенцијата за млади и спорт. Според Законот за јавната чистота, инвеститорот и изведувачите на градба се должни да внимаваат и да не ја валкаат околината, односно да ги измијат тркалата на камионите со шмрк пред да излезат од градилиштето. Правилниците за градба предвидуваат можност градежните инспектори и да го затворат градилиштето ако инвеститорите и изведувачите не почитуваат барем една од точките со кои се гарантира безбедноста на минувачите и на работниците и хигиената на градилиштето и неговата околина.

Но, камионите на „Конструктор“ не ги почитуваат законските одредби, па калта ја разнесуваа низ булеварот АВНОЈ, кој поради нив наликува на ораница.

- Комуналните инспектори ќе постапат според Законот за јавната чистота. Точно е дека при увидот булеварот беше извалкан со кал, но изведувачите поминаа само со опомена - велат во одделението за односи со јавност во Градот Скопје.

Граѓаните се незадоволни што градските и општинските инспекциски служби не презеле мерки да се спречи нередот на улиците.

- Ова не е првпат по улиците и по булеварите во Аеродром да газиме во кал. Не е важно кој стои зад изградбата на објектот, важно е да се внимава на околината. Уште полош пример е што зад изградбата на игралиштето стојат Владата и Општината Аеродром. Па тие како клучни фактори за здраво општество треба да покажат дека законите важат еднакво за сите. Секој ден се рекреирам по Кејот на Вардар, но сега за да стасам дотаму мора да поминам низ калта до колена, што ја донесоа камионите. Не знам, зарем овој неред не им пречи на оние што градат, зарем тие не гледаат дека не може да се помине - вели Јонче Милевски од Аеродром.

Градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, изјави дека и Општината овој пат само ќе го опомене изведувачот, а ако тој и понатаму не го почитува законот и валка наоколу, ќе се соочи со парични казни.

Пред еден месец Општината и Владата крај Кејот на Вардар почнаа да градат фудбалско игралиште. Покрај ова игралиште, Општината по должината на Кејот планира изградба на спортски комплекс, за кој ќе бидат неопходни поголеми градежни зафати.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=78D49A6FC17DB24EAE8FE62983C59C72
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #476 Posted: 06-Jan-2010 at 11:12
Скопје и Загреб не се прави споредба мислам ало Скопје е со векови поназад.

Edited by Supervisor - 06-Jan-2010 at 11:12
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #477 Posted: 05-Jan-2010 at 17:43
Zа возилата веќе имаме забележано во друга нишка, па овој поопшт текст нека оди тука

И селата ќе видат ѓубраџии

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ од втората половина на годинава ќе го собира ѓубрето и во руралните средини што влегуваат во границите на Градот Скопје. Според директорот Ракип Дочи, тоа ќе може да се постигне со новите комунални возила.

Несобирањето на ѓубрето од селата е голем комунален проблем за Скопје. Поради недостиг од организирано собирање на сметот, граѓаните се снаоѓаат како умеат, па оние совесните ѓубрето го носат до населбите и го фрлаат во контејнери, а другите го товараат во приколки и го истураат покрај речните брегови, на ливадите и покрај патиштата.

- Нашата дејност ќе се проширува во селата што се надвор од границите на Генералниот урбанистички план. Вакви рурални средини имаат седум скопски општини, со исклучок на Центар и Чаир - изјави вчера Дочи.

„Комунална хигиена“ веќе има четири нови возила кои се ставени во функција пред два месеца, петтото пристигнало ден пред Нова година, а денеска треба да пристигне и шестото возило.

- Исто така Градот донесе одлука за набавка на уште 12 нови возила, кои треба да стигнат до крајот на мај. Шест од нив ќе бидат со капацитет од 20 кубни метри и ќе го собираат сметот од контејнерите со зафатнина од 1,1 кубен метар, како и од пластичните канти. Другите шест возила ќе бидат со капацитет од осум кубни метри и ќе служат за собирање на отпадот во тесните улички, кои досега не беа пристапни за големите специјални комунални возила - информира Дочи.

Тој најави и дека до крајот на годината во договор со Градот Скопје на кредит ќе бидат набавени уште 23 нови возила.

- Обезбедувањето на новите возила е предуслов Скопје да стане чист град. Тогаш ќе се работи во две наместо во три смени, а ќе може три пати неделно да се собира ѓубрето од пластичните канти. Дури тогаш ќе имаме право да ги предупредуваме граѓаните навремено да ги плаќаат сметките за ѓубрарина. Тоа не можеме да го направиме. Сега се собираат 400 до 800 тони комунален смет во текот на 24 часа, со 14, а понекогаш и со 10 возила, што е вистинско херојство. Поради недостиг на возила, претпријатието работи во три смени, а се случува едно возило да не биде изгаснато 24 часа - нагласи Дочи.

Во 2009 година во Скопје комуналците собрале 123.000 тони отпад, кој е депониран во депонијата Дрисла. Просечно, месечно се собирале по 11.000 тони отпад.

Кај нас едно комунално возило го собира сметот од 80.000 жители, а во Загреб, на пример, кој има 800.000 илјади жители, комуналниот отпад го собираат над 100 специјални комунални возила. Возниот парк на „Комунална хигиена“ се состои од 126 возила, вклучувајќи ги и метлачките и цистерните, како и возилата за чистење снег.

Анела Петрова

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=FC6707231A97524985D2D40F27260620
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #478 Posted: 03-Jan-2010 at 05:49
Една слика иљада зборови...

  

  

  

  

www.on.net.mk


Edited by lslcrew - 03-Jan-2010 at 05:50
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #479 Posted: 23-Dec-2009 at 00:24
Фина машина за споредни улици
 

2009-12-22
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #480 Posted: 21-Dec-2009 at 01:41

општините веќе наголемо почнаа да поставуваат корпи но секаде и се немаат покриено, но законот треба да постои особено на прометни и атрактивни места, и особено за вештачки нераспадлив отпад, па макар и немало во близина корпа!



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 34>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.223 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.