Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#481 Posted: 29-Aug-2010 at 23:42 |
Неверојатно за какви ситници се остава огромен медиумски простор. Не ми се верува дека во весник читам дека тропал капак на шахта.
Нека го ротираат 90 степени во насока по нивни избор капакот, може ќе престане тропањето.
|
 |
Swimmer
Senior Member
Suspended
Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
|
Quote Reply
#482 Posted: 29-Aug-2010 at 23:15 |
Немаат сон поради капак од шахта
Без сон и нерви може да се остане не само поради гласната музика од кафулињата и од дискотеките туку и поради многу минорни работи, како што е тропање на капак од шахта при секое поминување на возило врз неа. Граѓани од улицата Ристо Шишков, која води од гаражите на Владата до фонтаната во Градски парк, се жалат дека цела година се вознемирувани од капакот на една шахта, размрдан од големата фреквенција на возила. Проблемот го нарекуваат хроничен, кој го нарушува животот на граѓаните бидејќи подолго време никој од надлежните не им го решава.
- Улицата е интензивно оптоварена со сообраќај, особено со реконструкцијата на Илинденска. Во секое време од денот, но и ноќта, може да се слушне непријатната и гласна бучава од тропањето на овој канализациски капак. Тој се наоѓа на 50-ина метри од влезот во гаражите на Владата, а се слуша на трипати поголема оддалеченост од таа -објаснува Дарко Јаконов, жител на оваа улица.
Во неколку наврати граѓаните се пожалиле до сервисните екипи на „Водовод и канализација“, но велат, во вообичаениот манир, „се добиваат само ветувања дека проблемот ќе се реши наскоро“.
Бучавата од возила и од капакот не престануваат ни до раните утрински часови поради дискотеките во Градскиот парк, кои работат цела ноќ.
- Не постојат услови за нормално спиење. Ме зачудува како е можно градот да нема капацитети и интерес да го реши овој минорен проблем, додека се градат нови булевари, згради... Каква е користа од овие нови градби ако градот не е во состојба да ги одржува постојните капацитети? Можам само да замислам што се случува во другите населби ако е вака во центарот на градот. Колку што имам забележано, растропани капаци од канализациски шахти се слушаат речиси на секој агол - смета Јаконов.
Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, по алармирањето за капакот на оваа улица, изјавија дека веднаш ќе пратат екипи да го зацврстат, со цел повеќе да не ги вознемирува жителите.
- Поради реконструкција на булеварот Илинден, сообраќајот е пренасочен на улицата Ристо Шишков, при што е зголемена и фреквенцијата на возила по коловозот. Со самиот увид на лице место, констатирано е дека како резултат на зголемената фреквенција на возила на улицата дошло до изместување на лежиштето на капакот на канализациската шахта - изјавија од „Водовод“.
Оттаму појаснуваат дека ако проблемот се повторува, нивните служби итно ќе го заменат капакот на горенаведената канализациска шахта. Воедно признаваат дека вакво нешто не е случај само со оваа улица туку се случува и во други населби.
- Во Скопје има 43.814 канализациски шахти, за кои сме надлежни ние. Вложуваме огромна енергија во професионалниот однос и ефикасноста на секторите за одржувањето на канализацискиот систем и сето тоа да биде на највисоко можно ниво - тврдат од претпријатието.
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#483 Posted: 27-Aug-2010 at 18:00 |
Министерот Јанакиески во посета на локациите во
Охрид каде во тек е акција за расчистување на коритата на реките од
езерското сливно подрачје -
27.8.2010



Министерот
за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска престојуваше во работна
посета на Охрид, каде во тек се активности за расчистување на коритата
на реките од езерското сливно подрачје, и тоа на сите критични места
каде во услови на висок водостој беа забележани појави на излевање на
водата од речните корита.
- Заедно со
претставници на Дирекцијата за заштита и спасување сме тука на Коселска
река. На одредени места таа создаваше многу проблеми и затоа се
расчистува нејзиното корито, како и коритата на другите реки што се
влеваат во Охридското Езеро, со цел да се обезбеди поголем поток на вода
односно да се спречи евентуално излевање на водата и поплавувње на
околите објекти и земјоделските површини, рече Јанакиески.
Министерот
појасни дека со Акцискиот план за расчистување на реките во Република
Македонија што е во тек е предвидено расчистување на коритата на 25
реки, и тоа речни корита во вкупна должина од околу 300 километри.
- Речиси
околу 40 отсто од акцијата веќе е завршена. Очекуваме намалување на
водостојот на реката Вардар, за да започнеме со расчистување на неговото
корито, додаде министерот појаснувајќи дека активностите во рамките на
акцијата што стартуваа минатиот месец се одвиваат со предвидената
динамика и се очекува да привршат кон крајот на септември. Инаку,
активностите на терен ги спроведува Дирекцијата за заштита и спасување,
додека Министерството за транспорт и врски е само координатор. Во
регионот на Охрид и Струга за извршување на работите е ангажирана
механизација на Агенцијата за заштита и спасување, на подружниците на
„Македонски шуми“ од двата града, механизирани екипи на „Македонија
пат“, како и на приватните градежни фирми „Лоте Ина-трејд“ од Охрид и
„Проминг“ и „Илинден“ од Струга. http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2742 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#484 Posted: 27-Aug-2010 at 15:52 |
Гаражите во Кисела
Вода вријат од наркозависници
Општинарите се
надеваат дека проблемот со окупираните гаражи ќе биде
решен наскоро, со Законот за домување, согласно со кој
заедницата на сопственици ќе ги пријавува ваквите случаи во
полиција
Подземните гаражи во Кисела Вода со години се
претворени во наркомански дувла. Тие константно се во тотален
мрак, а единственото светло во нив доаѓа од фаровите на
автомобилите. Најопасни се гаражите во зградите на
улицата Пушкинова. За разлика од многу други низ
населбата, каде што се случува да има, па да нема светло, овие
нонстоп се темни и вријат од наркозависници. Жителите се
жалат дека секое утро гаражите се полни со шприцови, празни
шишиња од алкохол, срчи и еден куп ѓубре пред вратите.
Навечер, пак, велат тие, оттаму се слушаат страшни викотници,
од кои многу често не можат да заспијат. Многу пати досега
се обиделе да ги избркаат групите насобрани под зградите,
но, велат , без успех. Уште следната вечер тие пак доаѓале и
викале до зори. "Стражариме по цели ноќи. Ќе се соберат
еден куп наркозависници, па викаат, кршат и кој знае што сe се
случува долу. Страв ни е да се симнеме, зашто не знаеме што ќе
затекнеме. Многумина од станарите веќе се откажаа од
гаражите и ги користат само како подруми", се жалат
жителите на Пушкинова. Пред неколку години Општината
поведе иницијатива за формирање советодавна група која ќе
оди по месните заедници и ќе ги советува граѓаните сами да
се грижат за гаражите, но без резултати. "Проблемот е
сериозен, но се надеваме дека согласно со Законот за
домување, заедницата на сопственици ќе ги пријавува
ваквите случаи во полиција и, во координација со
Министерството за труд и социјална политика, проблемот ќе
биде решен", вели Марјан Спасески, портпарол на Кисела Вода.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=8F5672118B01DF418CFE7E1635CB62F6 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#485 Posted: 18-Aug-2010 at 01:45 |
Дрвените бандери го
враќаат градот во минатото
Неможноста за влијание на
временските услови врз каблите ги прави подземните инсталации далеку
побезбедни од надземните. Сепак густо урбанизираните делови од градот
најчесто остануваат со надземна инсталација.
Иако технологијата секој ден забрзано се развива и нуди нови
алтернативи во стилот на оптика, АДСЛ безжични конекции кои ни го
подобруваат и олеснуваат животот, некои работи сепак бавно се менуваат
или пак воопшто не се менуваат. Таков е случајот со дрвените бандери кои
во буквална смисла на зборот ги красат дел од улиците низ главниот
град. Иако во поголемите градови во државите во опкружувањето веќе
одамна се отстранети, што од безбедност што поради грдост, во Скопје за
жал се уште се нормална слика. Одамна се влезени во употреба нови
посовремени начини за спроведување на струја или пак на телефонските
линии, но се чини кај нас тие бавно добиваат своја имплементација. Иако
овие дрвени бандери повеќе ги има во руралните населби, сепак тие можат
да се забележат и во центарот на Скопје, па дури и на најфреквентните
улици во градот. Од дрвените бандери се протегаат дебели кабли кои често
им пречат на граѓаните. Најголем проблем не претставува лошиот естетски
изглед на дрвените бандери туку тоа што се стари, па граѓаните се
плашат дека тие можат во секој момент да паднат. Во централното
градско подрачје за жал деновиве се уште се инсталираат вакви опасни
бандери. Некој од кабелските оператори неодамна во населбата Карпош,
старите дотраени дрвени ги менуваат со според нив со нови исти, иако се
должни што поскоро сета надземна инсталација да ја вкопаат, но тоа на
терен не е така. Граѓаните тврдат дека имало и несреќни случаи со
паднати дрвени бандери, после невремињата и затоа апелираат до
надлежните што поскоро да ги отстранат или ги примораат оние кој ги
употребуваат тоа сами да го сторат. Од ЕВН-Македонија велат дека редовно
ги менуваат дрвените бандери со бетонски. Сепак нагласуваат дека никаде
во светот дрвените бандери не се забранети, туку се забранети оние кои
се премачкани со масло, што ги прави нееколошки. Уште додаваат дека во
изминатата година се сменети 200 нисконапонски и 80 среднонапонски
дрвени столбови со бетонски. Неможноста за влијание на временските
услови врз каблите ги прави подземните инсталации далеку побезбедни од
надземните. Сепак густо урбанизираните делови од градот најчесто
остануваат со надземна инсталација. Останува да видиме уште колку години
дрвените столбови низ Скопје ќе останат да го красат градот.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=59BE9E113586B8498245CE65DAA019D3 |
Пожелно е реконструкции на улици и тротоари да се искористи за поставување подземни цевки за спроведување кабли и превенирање идни прекопи.
|
 |
ArchiTechTone
Senior Member
Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
|
Quote Reply
#486 Posted: 15-Aug-2010 at 13:12 |
 Фонтанава многу пријатно ме изненади вчера, би било штета да се замени со грдосијата од ск2014, многу убаво прилега на просторот (изгледот на базенот е малце шабански, ама тоа е занемарливо), особено е за поздрав што Водовод и канализација конечно се опамети да ја штеди водата за пиење. Сфатив дека Скопје нема целосно функционална фонтана со уреден партер за седење околу фонтаната.... Или пропуштам некоја?
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#487 Posted: 14-Aug-2010 at 00:49 |
ПРИ КРАЈ Е РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ФОНТАНАТА ВО ЖЕНА-ПАРК
Игра на светлосни ефекти и вода наместо жабарник
Паркот во строгиот центар ќе добие заштитен знак и своевиден украс
Старата фонтана во паркот Жена-борец, која долго време не работеше, а и кога ќе прснеше малку вода, се претвораше во жабарник и беше полна со ѓубре, оди во историјата. На нејзино место се гради нова, модерна фонтана која прилега на местото каде што се наоѓа. Таа ќе биде заштитен знак и своевиден украс на паркот. Фонтаната во Жена-парк е една од трите украсни фонтани што ги одржува и обновува ЈП Водовод и канализација" Скопје. - Извршивме целосна градежна и електромашинска реконструкција на фонтаната во согласнсот со инвестициската програма на претпријатието. Во овој момент фонтаната се полни со вода и се изведуваат финесите од завршната фаза на реконструкцијата. Фонтаната ќе користи затворен систем на циркулацијата на водата што ќе значи дека нема да троши вода. Кога ќе заврши реконструкцијата, таа со својата убавина ќе биде репрезент како за самиот парк, така и за целиот град. Предвидено е фонтаната да има светлечки ефекти, како и разни игри со млазовите вода - информираат од Водовод".
Во паркот што се наоѓа во строгиот центар на градов, спроти Собранието на РМ, освен фонтаната има и уште неколку чешмички за пиење вода кои честопати се случува да бидат оштетени од несовесни граѓани, па дури и од возила, кутнати или целосно демолирани. И тие, велат од јавното претпријатие, ќе бидат реконстриурани до крајот на годинава. - Планираме сеопфатна акција за реконструкција на чешмичките за вода и нивно опремување со современи временски вентили за вода. Со оваа акција ќе се намали потрошувачката на вода за оваа намена и ќе се промовира рационалното трошење на водата, велат одговорните од Водовод и канализација".
(Е.А.) ФОТО: Н.БАТЕВ
|
 |
alexgizh
Moderator Group
Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
|
Quote Reply
#488 Posted: 10-Aug-2010 at 10:57 |
Незнам во која категорија би спаѓало ова, па затоа во Разно го ставам: Знае ли некој што е приказната со куќава под Кале? Навистина штрчи. Имало ли обиди за експропријација и рушење?
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
 |
The Man
Senior Member
Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
|
Quote Reply
#489 Posted: 30-Jul-2010 at 21:11 |
Дечки, а што правиме за бандера поставена од Македонски Пошти пред 15-20 години? Колку што начув, не правеле проблем и дислокацијата се врши бесплатно.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#490 Posted: 30-Jul-2010 at 12:43 |
Нели фонтанава требаше да биде во склоп на некои од спомениците на Скопје 2014?
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#491 Posted: 30-Jul-2010 at 11:52 |
Одлична вест, се надевам дека ќе биде квалитетно и потрајно решение
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#492 Posted: 30-Jul-2010 at 11:48 |
Фонтаната во паркот „Жена-борец“ со нов изглед |
|
|
Фонтаната во паркот „Жена-борец“, наместо да ги освежува минувачите, веќе подолг период не функционира и е претворена во градилиште |
|
|
|
 |
|
Од градот немаа информација за што конкретно станува збор, но претпоставуваа дека се менуваат цевките на фонтаната.
Оттаму нé информираат дека во моментот фонтаната е во фаза на целосна градежна и електромашинска реконструкција, која е предвидена во инвестиционата програма на претпријатието.
- Кога ќе заврши реконструкцијата оваа фонтана со својата убавина ќе биде репрезент како за самиот парк, така и за целиот град. Предвидено е фонтаната да има светлечки ефекти, како и разни игри со млазовите вода - ни изјавија од ЈП „Водовод и канализација“.
Фонтаната би требало да биде готова до 10 август.
ЈП „Водовод и канализација“ ги одржува фонтаните „Лотос“ во Градскиот парк, фонтаната во паркот „Жена-борец“, кај „Чичко Стоилко“ кај ГТЦ и кај соборниот храм. |
|
|
Edited by pbanks - 30-Jul-2010 at 11:51
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#493 Posted: 28-Jul-2010 at 15:06 |
Изградба на фонтана и холтикултурно
уредување на Градскиот парк
Во рамките на проектот
,,Уредување на централно градско подрачје,, општина Крушево реализира
уште еден проект ,,Изградба на фонтана и холтикултурно уредување на
градскиот парк,,. Со реализацијата на овој проект Крушево доби уште една
атрактивна локација, како допринос во целокупната заложба на Локалната
самоуправа за постигнување на целта, Општина Крушево да стане
препознатлива туристичка дестинациј. 

http://www.krusevo.gov.mk
Edited by Makedonij - 28-Jul-2010 at 15:14
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#494 Posted: 13-Jul-2010 at 22:18 |
 хммм... јас имам една бандера на плацот која ја меркам за дислокација и оваа информација не звучи воопшто охрабрувачки.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#495 Posted: 13-Jul-2010 at 21:20 |
Свашта... Големиве компании си прават што сакаат, обичниот човек може да се слика. Ајде некако и би имал разбирање за вакви права на некоја државна компанија, ама ЕВН одамна е приватизирана.
ДИСЛОКАЦИЈАТА ПРЕСКАПА ЗА ГРАѓАНИТЕ Бандерите надвор од дворот за „дебели“ париДаниела Трајковска
Граѓаните, кои во своите дворови или парцели имаат поставено бандери што сакаат да ги извадат, на ЕВН ќе треба да и платат сума која што воопшто не е за потценување. Околу седум илјади евра ќе го чини едно скопско семејство потребата во нивниот имот да се преместат две бандери. Толку за таа услуга бара ЕВН, тврди сопственикот, за бандерите што се поставени на неговата парцела без дозвола. - Ова место секогаш било во наша сопственост. Од нас никогаш не е побарано дозвола за да ги постават, а сега од ЕВН ми велат дека треба да им платам 410 илјади денари доколку сакам да ги преместат, тврди Љупчо Трпчевски, кој веќе има поднесено барање до компанијата за дислоцирање на бандерите, од каде што во одговорот добил известување дека ќе треба да плати толку висока сума. - Знаев дека ќе треба да платам одреден износ, но ова е навистина невидено. Ми рекоа дека ако ги преместат, ќе треба да им потпишам дека сум дозволил да ги постават бандерите на мое место. Јас не барам од надлежните целосно да ги отстранат, барам само да се дислоцираат за три метри, при тоа не правам проблем и доколку останат на моето земјиште. Но, вака ми пречат оти токму на тој простор ќе градам куќа, вели Трпчевски. Од ЕВН тврдат дека тука нема ништо спорно и дека е нормално да ја наплатат својата услуга. - Во согласност со Законот за облигациски односи, оној што бара услуга, тој и плаќа, и тука ситуацијата е чиста, изјави Ленче Корпузовска, портпаролка на компанијата. Сумата навистина е висока, а како што вели Трпчевски, и несфатлива ако се има предвид дека станува збор за преместување на оддалеченост од само три метри. Сепак, од ЕВН тврдат дека преместувањето, и на мало растојание, само по себе создава нови трошоци за ново техничко решение. Оттаму објаснуваат дека пресметката за тоа колку барателот на услугата треба да плати зависи од целокупните трошоци, кои ќе се направат во согласност со новото техничко решение при преместувањето. - Во конкретниот случај се работи за мрежа од 10 киловати, односно среднонапонска, која била поставена уште многу години, на барање на жителите што имале потреба од струја во тој реон. Тоа значи дека немало шанса да се постави мрежата против волјата на сопственикот. Ние, избегнуваме да поставуваме мрежа во приватни имоти. Според Законот за сопственост, ако десет години по изградбата сопственикот не реагирал, тој го губи правото на жалба - вели Карпузовска. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2067&ArticleID=144473
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#496 Posted: 30-Jun-2010 at 12:35 |
Градот ќе купува механизација за
јавните претпријатија

Новите
машини треба да го зголемат капацитетот на работењето
Сања Наумовска
Градските јавни
претпријатија до крајот на годината ќе се подноват со нова механизација.
Со последниот ребаланс на буџетот на Градот Скопје, речиси сите градски
претпријатија добија субвенции, а повеќето ќе ги искористат за купување
нови камиони и градежни машини.
Како што најави градоначалникот
Коце Трајановски, јавните претпријатија мора да станат поефикасни и
понкурентни, а со новите машини ќе го зголемат капацитетот на
работењето. Опремувањето на претпријатијата долги години било
занемарувано, а намерата на Градот е со субвенциите да се подобри
сегашната незавидна состојбата.
Со одлука на градските советници,
најмногу пари ќе добие ЈСП, и тоа 60 милиони денари, а парите ќе ги
искористи за покривање на загубите. Јавното претпријатие „Комунална
хигиена“ ќе добие помош од 41 милион денари, од кои 30 милиони се
наменети за купување специјални комунални возила со зафатнина од 8 кубни
метри. За ЈП „Дрисла“ се предвидени субвенции од 20 милиони денари,
додека за „Паркови и зеленило“ 16 милиони денари. За ЈП „Улици и
патишта“ со ребалансот се предвидени 30 милиони денари, а помош доби и
„Градски паркинг“ во висина од 5 милиони денари.
„Градот Скопје
наместо 12 возила за собирање смет, набави 6, а средствата предвидени за
останатите 6 ги пренесе на ’Комунална’, со обврска во текот на годината
да распишеме тендер“, објаснува директорот на „Комунална хигиена“,
Ракип Дочи. Остатокот од 10 милиони денари од субвенцијата
претпријатието ќе ги потроши на ангажирање сезонски работници за
одржување на јавната хигиена и заловувачи на кучиња, кои ќе работат до
крајот на годината.
Возила ќе набавува и „Паркови и зеленило“.
Планирани се три камиони за собирање трева и лисја, еден камион кипер од
четири тони, како и два трактора со приклучни уреди. За уредување на
парковските површини ќе се купат по 10 тракторски косилки и рачни
тревокосачки со корпи, како и 16 тримери. Директорот Душан Авировиќ вели
дека субвенцијата ќе се искористи целосно наменски и најавува сопствени
инвестиции на јавното претпријатие во механизација до крајот на
годината.
Во „Улици и патишта“, пак, кое во своето 30-годишно
постоење прв пат добива субвенција, средствата ќе ги искористи за
набавување основни средства за работа, додека возила очекуваат од Градот
Скопје. Неодамна добија машина за бележење на улиците, а ќе се купуваат
и ровокопач и гребалка на асфалт. Како што објасни директорот Синиша
Ивановски, со 30 милиони денари ќе набавуваат материјали за производство
на асфалт, за подготвено да одговорат на најавената акција за крпење на
дупките на улиците.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6C39B8DA39F4604D8999837130BB7B5C
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#497 Posted: 28-Jun-2010 at 19:39 |
|
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#498 Posted: 28-Jun-2010 at 19:22 |
Без коментар
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#499 Posted: 24-Jun-2010 at 18:57 |
Незнам за кое обележје зборуваш? Ова колку што ми е познато не е дел од СК14. Да не мислиш на онаа една табла што ја симнаа со изградбата на Суд/Музеј/Архив? Ако е тоа тогаш ми изгледа дека малку ја утнале работата, требало од другата страна на мостот па со Карпош да даве некоја симетрија. вака од едната страна ќе бидат три обележја, а од другата едно.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#500 Posted: 24-Jun-2010 at 15:25 |
Ти текнува на тоа обележјето со партизаните едно три метри потаму? Епа идентично е со ова  То ест кога ќе биде готово ова, ќе биде идентично со тоа.
|
 |