Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#501 Posted: 01-Oct-2009 at 15:40 |
Една година од Законот за јавна чистота
Скопјани најнекултурни, битолчани најсовесни
Триесет
и четири илјади граѓани за 12 месеци во име на Законот за јавна чистота
се казнети откако плукале, фрлале отпад, пушеле цигари на јавно место
или, пак, фрлиле гума за џвакање на асфалт. Половина од казнетите,
одбиле да ги платат казните, па побарале да добијат потврда со која ќе
извршуваат општокорисна работа во општината каде што живеат. По третпат
за една година, според евиденцијата на полициските и на комуналните
инспектори, најнекултурни се скопјани, кои заработиле дури 13.675
платни налози. По нив се велешани со 3.500 записници, па штипјани со
стотина казни помалку. Последни на списокот на некултурни се битолчани,
каде што за една година се напишани илјада и седумстотини прекршоци и
казни. Но, утешно е, велат од полицијата, што и странците што
транзитираат низ државава по автопат се некултурни, фрлаат смет од
автомобилите, на паркинг-простор и во движење. Па, така републичката
полиција на автопатиштата низ државава казниле стотина возачи и
патници, кои совесно на време си ги платиле казните. - За иронијата да
биде поголема, по третпат статистички се утврди дека 90 проценти од
казнетите се возрасни, полнолетни граѓани, кои свесно го направиле
прекршокот и“велат од полицијата. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=9&tabid=1&EditionID=1827&ArticleID=122916
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#502 Posted: 30-Sep-2009 at 16:14 |
ветија...
пишува Маја Илиевска Пачемска
Казни за фрлање медицински отпад во контејнер
Државниот
инспекторат за животна средина само ветува дека ќе почне да ги казнува
здравствените установи поради тоа што медицинскиот отпад не го
предаваат во "Дрисла" туку го фрлаат во контејнери. Секоја година
"Комунална хигиена" алармира дека расте бројот на здравствени
установи кои не склучуваат договори со нив за собирање на медицинскиот
отпад, а укажуваат дека има и такви кои склучиле договори, но ниту
еднаш не побарале "Комунална" да дојде и да им го земе отпадот. Но
казнети нема. Државниот инспекторат за животна средина со години се
жали дека нема доволно инспектори за да ги проверат сите амбуланти и
болници во државава. Имале само 14 инспектори што можат да изречат
казна од 50.000 до 300.000 денари, во зависност од прекршокот, а можат
и да ја затворат установата од 30 до 90 дена, но од Инспекторатот,
барем досега, јавно не кажале колку казни испишале. А додека
Инспекторатот се жали дека нема луѓе, здравствените организации
користат. Во Скопје речиси во секој контејнер кој е во близина на
амбуланта или болница има шприцови, крвјосани вати и што ли уште не.
Лани дури имаше и случаи кога комуналци, празнејќи ги контејнерите, се
боцнаа од фрлени шприцови, а се појави и пожар од фрлените опасни
реагенси во обичен контејнер, но за казни и за казнети никој не
зборува. |
http://vest.com.mk/?ItemID=3D6FE43BB2A822468DFD63DF85E36796
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#503 Posted: 27-Aug-2009 at 15:37 |
Ужасно. На скапано, а башка на топлово е ultimate! Инаку ова што се лигави од котејнерите покрај смрдеата и се лизга многу па така треба да се пази околу ваквите дамки.
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#504 Posted: 27-Aug-2009 at 15:26 |
а како смрди
Edited by FoSsiL - 27-Aug-2009 at 15:26
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#505 Posted: 27-Aug-2009 at 14:55 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#506 Posted: 26-Aug-2009 at 19:48 |
Огради за дивите депонии во Аеродром, дежурства во Кисела Вода |
|
|
Не
можејќи да излезе на крај со несовесните граѓани што постојано
создаваат нови диви депонии на веќе расчистени места, општината
Аеродром почна да ги околчува и да ги оградува со безбедносни ленти
местата од каде што се отстранува натрупаниот отпад
|
|
|
|
 |
|
Од
општината велат дека нивните многубројни апели не дале плод, па
повторно се фрла шут и комунален отпад на недозволени места. Во
изминатиов период во соработка со јавното претпријатие „Комунална
хигиена“ исчистиле ѓубришта на улиците Тодор Чангов и Ѓорѓи Капчев,
потоа кај амбулантата во населбата Лисиче, до детската градинка „Буба
Мара“, како и на повеќе други локации. Расчистувањето ќе продолжи и во
наредните денови, но ќе се преземаат мерки и за да се спречи повторното
создавање на депониите.
И во општината Кисела Вода велат дека
ќе ја заострат борбата против повторното создавање диви депонии на веќе
исчистени места. Наместо огради, оттаму најавуваат зајакнати контроли
на местата каде што недозволено се фрла ѓубре.
- Ќе има
дежурства и инспекциски надзор на локациите што беа исчистени во
изминатиов период и каде што потоа општинските инспектори за животна
средина утврдиле дека повторно се фрла отпад. Во тоа ќе ни асистираат
екипите на екопатролата на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ -
велат од Кисела Вода.
Оттаму апелираат до граѓаните да ги
почитуваат законите за јавна чистота и за животна средина и со своето
однесување да придонесат за здрава и чиста околина во местата каде што
живеат. Секое поинакво однесување ќе се казнува согласно со законските
прописи. |
|
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82591752163&id=14&prilog=0&setIzdanie=21773
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#507 Posted: 24-Aug-2009 at 22:51 |
Originally posted by Andrej_LJ
Јас пак сум на мнение дека градот (и државата) се повеќе нечисти заради нас, граѓаните, отколку заради комуналните служби. Тоа не дека работат претпријатијава по швајцарски систем, но дефинитивно повеќе чистат отколку што ни се чисти градовите. Инаку Градот да престане да АПЕЛИРА ЗА СЕ (се знае дека граѓаните се несовесни и некултурни) така што е крајно време да почне ДА КАЗНУВА!
|
не бе па и ти, ќе чекаме граѓаните сами да ја променат културата  законите кои досега се донесоа беа за самореклама повеќе, одколку за чиста урбана средина
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#508 Posted: 24-Aug-2009 at 18:09 |
Кога сме кај казните, до каде е казнувањето што почна да се спроведува поомпезно минатата година? КАзнија 5-6торица (меѓу кои и членови на форумов  ) и толку. Градот е повторно во ѓубре, не гледам дека се санкционираат оние кои фрлаат отпушоцим плукаат или фрлаа ѓубре на улица. Што значи секое чудо за 3 дена, се казнива про форма неколку дена и после све се заборава. Случно и со најлонските кеси, кои после неколку месеца пак почнаа да ги даваат бесплатно маалските гранапчиња.
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#509 Posted: 24-Aug-2009 at 13:36 |
Јас пак сум на мнение дека градот (и државата) се повеќе нечисти заради нас, граѓаните, отколку заради комуналните служби. Тоа не дека работат претпријатијава по швајцарски систем, но дефинитивно повеќе чистат отколку што ни се чисти градовите. Инаку Градот да престане да АПЕЛИРА ЗА СЕ (се знае дека граѓаните се несовесни и некултурни) така што е крајно време да почне ДА КАЗНУВА!
Edited by Andrej_LJ - 24-Aug-2009 at 13:37
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#510 Posted: 24-Aug-2009 at 12:38 |
работава со контејнериве некако не ми оди, што ако имаме многу контејнер (ако нека ги има, нема проблем) кога од Комунална не можат да ги соберат сите, немаат камиони, гориво, останата механизација и т.н.
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#511 Posted: 24-Aug-2009 at 11:18 |
ДОБИЕНА И ВТОРАТА ПРАТКА ОД КОНТЕЈНЕРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА СКОПЈЕ
ЈП „Комунална хигиена” ја доби и втората пратка на контејнери од донацијата на Владата на Република Македонија наменети за Градот Скопје. Со ова се зголеми бројот на контејнери кои ги сервисира ЈП „Комунална хигиена” на подрачјето на Градот Скопје.
Досега, 600 контејнери се распоредени на повеќе локации во градот со цел да се подобри хигиената и да се излезе во пресрет на граѓаните, но и да се направи замена на старите и уништени контејнери со нови.
Втората пратка од 120 контејнери пристигна минатата недела и во текот на оваа недела истите се подготвуваат да се постават во општините.
Се очекува до крајот на годинава да пристигнат уште шестотини контејнери од донацијата.
Паралелно со подготовката на новите контејнери, продолжува и континуираната активност за поправка на старите контејнерите во градот и замена на оштетените тркала со нови.
Градот Скопје апелира до граѓаните да се грижат за поставената урбана опрема во градот и да не ги оштетуваат контејнерите со палење на отпадот. Вака оштетените контејнери не е можно да се поправат и на тој начин се намалува бројот на потребни контејнери за задоволување на потребите на граѓаните.
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#512 Posted: 22-Jul-2009 at 22:44 |
„Комунална“ ќе се обиде да чисти и во селата
Пилот-проектот ќе се реализира во Трубарево, вели градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски

Градот и
општините ја разгледуваат можноста да спроведат пилот-проект, со кој
екипи на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ би го собирале
комуналниот смет во руралните средини во Скопско. Градоначалникот на
Гази Баба, Тони Трајковски, вели дека за реализација на пилот-проектот
ќе биде земено селото Трубарево.
- Тоа ќе биде првото рурално
место надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план на Скопје,
каде што „Комунална хигиена“ ќе го собира сметот. Оваа можност беше
разгледувана на седниците на Координативното тело на градоначалници -
вели Трајковски.
Проблемот со собирањето на комуналниот смет во
селата е особено изразен, оти таму никој организирано не го носи
ѓубрето до домаќинствата. Жителите се оставени сами на себе и се
снаоѓаат како умеат. Дел од нив своето ѓубре го фрла во најблиските
контејнери во урбаните средини, поради што садовите за отпад во
населбите што се граничат со селата се постојано преполнети. Поголем е
проблемот што го создаваат несовесните граѓани, кои ги има во огромен
број и кои сметот го фрлаат на ливадите и покрај реките. Поради нивните
навики сите речни корита во Скопје се претворени во депонии.
-
Оваа иницијатива е покрената поради тоа што со донесувањето на новиот
Генерален урбанистички план некои од руралните средини ќе влезат во
опфатот на планот, но поради тоа што во селата проблемот со нехигиената
е најизразен - вели Трајковски.Од Градот велат дека ова било предложено
и на средбите меѓу скопскиот градоначалник Коце Трајановски и
претставниците на урбаните и месните заедници во општините.
-
Прво треба да се видат техничките можности за да почне реализацијата на
ваков пилот-проект. Исто така треба да се видат и начините на кои ќе се
спроведе. Градот се согласи да ја разгледа иницијативата, иако тоа не е
во негова надлежност. Градското јавно комунално претпријатие е надлежно
само за собирање смет во подрачјата што се во генералниот план - вели
Неделчо Крстевски, портпарол во Градот.Тој додаде дека прво треба да се
изработи сеопфатна студија за издржливоста и економската оправданост на
проектот, па потоа ќе се утврди и можноста за неговата реализација.И во
„Комунална хигиена“ велат дека се запознаени со иницијативата да
собираат ѓубре и во селата.
- Треба да се разгледаат сите опции
пред да почнеме нешто такво. Исто така „Комунална хигиена“ треба да се
доопреми со новите шест возила за собирање на смет и да се состави нов
ценовник - вели Катерина Лаова, портпарол во „Комунална хигиена“.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0F1A21F2405D3D4983D0C1B8BC201AF1 |
|
 |
mama
Newbiе
Joined: 12-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#513 Posted: 20-Jul-2009 at 16:59 |
I lani isto izjavija deka navodno kontenjerite gi miele so hlor, ama na delo ne se vide. Mislam deka treba da donesat nekoj zakon. Vo nekoi zemji toa go ureduvaat na drug nacin, gubreto se isfrla posle 20 casot, i ako pominuvaat da go soberat vo 22-23 casot, mnogu pomalku bi mirisalo, ova e moe mislenje.
|
mama
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#514 Posted: 20-Jul-2009 at 15:24 |
Цистерни ќе одат по ѓубреџиските камиони и ќе мијат исцедоци |
Цистерни
на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ќе ги мијат исцедоците и
остатоците од ѓубре веднаш откако ѓубреџиите ќе ги испразнат
контејнерите во своите камиони |
Оваа
вонредна активност претпријатието ја воведува бидејќи во летниот период
се фрлаат многу остатоци од овошје и зеленчук, па и покрај тоа што се
чистат садовите за отпад, преку целиот ден останува непријатната
миризба. Катерина Лаова, портпаролката на „Комунална“, истакна дека ова
чистење ќе ги чини повеќе пари, но дека ќе го спроведуваат за да ја
подобрат хигиената.
- Често сме добивале поплаки од граѓаните
дека специјалните возила се застарени и дека од нив тече исцедок од
отпадот. Затоа миењето е неопходно. Фрленото овошје и зеленчук
ферментира, па во контејнерите се собира течност. Дел наши возила имаат
проблем со истекувањето. Поради ова ќе пуштиме цистерни да одат по овие
камиони и да ги мијат улиците ако тие се извалкаат на овој начин -
објасни Лаова. |
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72091029288&id=14&prilog=0&setIzdanie=21742 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#515 Posted: 15-Jul-2009 at 11:04 |
КОНТЕЈНЕРИТЕ ГО ЗАГАДУВААТ ВОЗДУХОТ И ГО НАГРДУВААТ ГРАДОТ
Скопје смрди од ѓубре
Грдите
слики на контејнери, преполни со секаков вид отпад, веќе неколку недели
наназад им бодат очи на скопјани и околу нив се шири неподнослива
смрдеа. Контејнерите личат на ридови од ѓубре и воопшто не се гледаат
од остатоците од сезонско овошје и зеленчук, пластични шишиња,
картонски кутии, отпад од дворовите и од градежен шут, што се расфрла и
по неколку метри околу нив. Градското комунално претпријатие, пак, се
правда дека нонстоп се работи со вообичаеното темпо, ама не можеле да
постигнат да го соберат зашто количеството ѓубре преку лето било дури
двојно поголемо. Скопјани реагираат дека состојбата е веќе алармантна
зашто поради недостигот од садови за смет, околу поставените контејнери
и на најфреквентните места во градот постојано се создавале диви
депонии, од кои во летниот период се шири многу непријатна миризба.
Граѓаните се жалат дека смрдеата од преполните контејнери и од дивите
депонии околу нив се шири и до нивните домови, па кога треба да го
исфрлат ѓубрето, дополнителен проблем е што мораат буквално да газат
низ купиштата смет за да стигнат до контејнерот, или се принудени да го
фрлаат на веќе создадената депонија. - Само два контејнери се премалку
за да се собере ѓубрето од толку многу жители во овој дел, а депонијата
е токму до маркет за прехранбени производи, амбуланта и до училишниот
двор - реагира Марина од Ѓорче Петров 2, која е револтирана од тоа што
секојдневно минува до купиштата смет на главната маалска улица, во
близина до маркетот на „Жито Вардар“. Нејзиното семејство е принудено
да седи дома со затворени врати и прозорци и кога е најжешко, затоа што
неподносливата миризба се шири од контејнерите, кои се само на неколку
метри од нивната куќа. Таа очекува барем преку лето, кога како
последица на топлото време отпадот забрзано скапува, комуналците да
реагираат побрзо, а не, како што вели, да доаѓаат на неколку дена. Од
ЈП „Комунална хигиена“, како надлежно комунално претпријатие за
собирање отпад, велат дека работат со ист интензитет како и во текот на
целата година, но проблемот бил во тоа што во лето дневното количество
отпад било многу поголемо од обично. - Во еден летен ден нашите екипи
собираат приближно 500 тони отпад, што во споредба со другите годишни
времиња е значително поголемо количество. Проблеми ни создаваат и
дивите депонии што се создаваат во Лисиче, Ѓорче Петров и во Кисела
Вода, каде што кантите за смет, наместо со отпад од домаќинството,
луѓето ги полнат со градежен шут или со отпадоци од нивните дворови “
вели Катерина Лаова, портпаролка на ЈП „Комунална хигиена“. Од ова
јавно претпријатие објаснуваат дека недостигот од контејнери за
собирање отпад најмногу се забележувал во лето. Според нив, за да се
намали создавањето на дивите депонии околу контејнерите, но и на места
каде што воопшто не се поставени садови за собирање смет, нивниот број
треба барем двојно да се зголеми. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1757&ArticleID=117790 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#516 Posted: 13-Jul-2009 at 23:23 |
Чистка на речните брегови на реките
Околу
стотината работници деновиве почнаа со работа во Општината Ѓорче
Петров. Тие веќе неколку дена работат на расчистување на речните
брегови на реките Вардар, Лепенец и Треска. Собрани се и селектирани
над десет кубици пластични и стаклени шишиња и друг отпаден материјал,
пресечени се и расчистени стотина жбунови и искосена е високата трева.
Интензивно се работи на расчистување и на улиците во општината, а
посебен акцент ќе се стави на редовното одржување на зелените површини
на целата територија на општината и редовно чистење и одржување на
одводните канали.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=15D360D417BA754C97C1EED4D57AE41A |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#517 Posted: 09-Jul-2009 at 18:08 |
 www.on.net.mk
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#518 Posted: 08-Jul-2009 at 12:09 |
Казни од 2.000 евра за градилиштата што валкаат
Граѓаните се
незадоволни од работата на градежните инспектори и негодуваат поради
тоа што се принудени да газат во кал и да ја дишат правта од градилиштата

Камионите што излегуваат од градилиштата ги покриваат улиците и
булеварите со слоеви земја и кал. Во недостиг од строга инспекциска
контрола, возилата слободно си излегуваат валкани од градилиштата и
собраните слоеви кал и песок ги растураат по коловозите. Така
прекршуваат повеќе закони, меѓу кои и законите за безбедност на
патиштата и за јавна чистота.
Проблемот е присутен низ целиот
град, а најизразен е во реоните во кои градењето е интензивно, како во
центарот, Ново Лисиче, Кисела Вода итн. Дел од градоначалниците ветија
дека ќе ја спречат таа појава со казни на инвеститорите.
Од
Општина Центар велат дека нивните инспектори веќе почнале да казнуваат.
Според Законот за јавната чистота, инвеститорите на градежните објекти
ќе платат казна од 2.000 евра, а градежните инспектори ќе им забранат
да градат ако нивните товарни возила ги извалкаат околината и
сообраќајниците по кои се движат.
- Согласно со Законот,
комуналните инспектори на Општината заедно со инспекторите на Градот го
казнија со глоба од 2.000 евра инвеститорот на објектот „Дилајла“ на
улицата Васил Ѓоргов. Таму при ископ на градежна јама за објектот беше
извалкана улицата се' до бројот 18. Работата веднаш беше стопирана. За
да продолжи градењето, инвеститорите ќе треба да направат шахта на
излез од градилиштето, за да ги мијат со црево тркалата на камионите
пред да ги изнесат на улица. По соодветна опомена на градилиштето на
„Веро“ спроти банките, исто така направија шахти за миење на камионите
- велат во Одделението за односи со јавноста во Општина
Центар.Градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, пред еден месец
вети дека ќе ги преземе сите законски мерки за да го исчисти градот од
валканици.
- Центарот е лице на државата и мора да биде чист.
Ќе ги средам градилиштата. Сега се гради на многу места - зад
„Рамстор“, кај банките, на плоштадот, кај црквата „Свети Димитрија“.
Граѓаните не се должни да ја голтаат правта од градилиштата и да газат
во нивната кал. Затоа писмено ги опоменавме сите инвеститори дека ќе им
ги затвориме градилиштата ако не ја исчистат околината - рече неодамна
Тодоровиќ.Сепак, граѓаните не се задоволни од „третманот“ на
градилиштата. Реакции пристигнуваат од сите страни на Скопје.
-
Облаци прав се креваат по булеварот Видое Смилевски-Бато во Ново
Лисиче. Навистина е за пофалба тоа што се' брзо се гради и што се
проширува булеварот, но мора да се внимава и на здравјето на луѓето.
Вистина не сум должен да ја дишам правта. Кога и да одам во некој
европски град, секогаш гледам дека нешто се гради или се реконструира,
ама никаде нема земја по улиците или прав по воздухот. Кај нас, како
никому да не му е гајле за тоа што градилиштата ги валкаат улиците -
вели Драган Павловски од Ново Лисиче. И градоначалникот на Аеродром,
Ивица Коневски, се согласува дека граѓаните имаат право да реагираат за
сите недоследности што ќе ги забележат.
- Комуналните инспектори
беа на терен и преземени се сите мерки. Веќе на булеварот Видое
Смилевски-Бато нема ниту кал ниту прав. Инвеститорот што гради во
Реонски центар нема алтернативна сообраќајница за приод до
градилиштето, но затоа на крајот од работното време таму минува
цистерна со вода и ги мие околните сообраќајници. Се трудиме да ги
запазиме сите мерки за заштита на граѓаните - вели Коневски.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3259B3CA0ADBF4458A4B046078D08561 |
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#519 Posted: 19-Jun-2009 at 22:51 |
Знае ли некој што уствари е затворено??
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#520 Posted: 17-Jun-2009 at 13:32 |
Колку и да е малку 2 пати неделата, сами си се криви. Ако го фрлаат сите ѓубрето кога им се кажува, нема да имаат (толку) проблеми. Тие сакаат кога ќе им текне, па нека доаѓа камион 3 пати денот. Епа не може така.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |