Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#521 Posted: 17-Jun-2009 at 13:13 |
Коце, испразни ги контејнерите
Кејнерите кај Порта Буџаковец на булевар Партизански одреди секогаш се преполни
Преполни
контејнери на главните улици во градот, расфрлано ѓубре по тротоарите и
смрдеа на скапано од секој агол, е вообичаената слика за Скопје во
летниот период. И годинава, како и ред други години досега, од ЈП
"Комунална хигиена" се правдаат дека редовно го собираат сметот, но
ѓубре има буквално на секој чекор. Најнечист, како по обичај, е
центарот на градот каде што речиси и нема уличка или тротоар на кои не
се натрупани цели купишта ѓубре, кое на високите температури брзо се
распаѓа и од него се шири неподнослива реа. Скопјани се жалат дека
комуналците не само што ги оставаат со денови преполните контејнери
туку навреме не го собираат и сметот од индивидуалните домаќинства. "До
пред три недели собираа ѓубре двапати неделно. Почнаа да доаѓаат еднаш
во неделата, а веќе десетина дена и повеќе немаат поминато да го
соберат ѓубрето. Како мислат да живееме на овие жештини, каде очекуваат
да го чуваме ѓубрето. Како што редовно бараат да плаќаме ѓубрарина така
ние бараме градоначалникот Коце Трајановски редовно да го чисти сметот.
Ако веќе плаќаме за услуга, таа треба и да ја добиеме", велат жителите
од скопската населба Ѓорче Петров. Слични вакви проблеми имаат и
жителите од останатите скопски населби, во кои од куќите сметот се
собира од посебни индивидуални канти. Катерина Лаова, портпарол на
ЈП "Комунална хигиена", вели дека нивните екипи редовно го собираат
сметот од контејнерите по градските улици и оти тоа го прават согласно
динамиката и програмата која е одобрена од Градот. Таа објаснува дека
во различни општини во различно време се собира сметот, и оти можно е
луѓето веднаш потоа повторно да ги наполниле контејнерите. "На
контејнерите ставивме налепници во кое време го собираме сметот и до
колку часот може да фрлаат ѓубре. Редовно ги чистиме контејнерите, и не
е наша вина што веднаш потоа повторно ги полнат. Сметот од
индивидуалните куќи, најверојатно, останал несобран, бидејќи возилото
било во дефект, а не затоа што не сме сакале да го собереме", вели
Лаова. Од секторот за односи со јавност на Градот велат дека
градоначалникот Коце Трајановски е решен да го исчисти Скопје од ѓубре
и оти во моментов се детектираат проблемите, за да преземат потоа
мерки. "Ваквите примери кажуваат колку се подготвени нашите
претпријатија да одговорат на потребите на граѓаните, и оту еден од
главните проблеми е застарената механизација, која Градот сака да ја
замени со нова. За да се почувствуваат ефекти од овие мерки, ќе требаат
време и пари, но градоначалникот не се откажува од заложбата да го
исчисти Скопје", велат од одделението за односи со јавност на Градот.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=A1C76F3A131D4B47914D1460BDD7F8A2 |
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#522 Posted: 10-Jun-2009 at 14:52 |
Депонијата кај Реонски центар Аеродром е речиси расчистена, не знам колку време но јас прв пат приметувам. До пред месец ова се беше оградено со лим и имаше планини од отпад, претежно стари автомобили. 1.  2.
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#523 Posted: 06-Jun-2009 at 12:56 |
Дива депонија ќе го проголта Полог
На
граѓаните што живеат во близина на дивата депонија во Тетово им се
заканува „еколошка бомба“, слично како и пред неколку години

На Тетово
повторно му се заканува еколошка катастрофа. По одлуката на
гостиварската локална самоуправа да ја затвори регионалната
депонија Русино, Јавното комунално претпријатие „Тетово“ сметот го
депонира во близина на Железничката станица во градот. Секој ден таму
се оставаат од 70 до 100 тони смет.
- Ако не се реши
проблемот, ситуацијата ќе излезе од контрола. Немаме друга алтернатива.
Ако го носиме сметот во депонијата Дрисла, тоа е скапо и ќе треба да
ставиме клуч на претпријатието, а работниците да ги пратиме дома - вели
раководителот на Центарот за информирање и контрола во комуналното
претпријатие, Љуљзим Шабани.
Локалната власт во Гостивар влезе
во конфликт со Министерството за екологија поради затворањето на
депонијата во месноста Русино. Засега нема докази дека се работи за
политичка нетрпеливост или реваншизам, на ДУИ, чиј кандидат за
градоначалник ја загуби битката од Руфи Османи, кој стана нов
градоначалник на Гостивар.
Министерот за животна средина
Неџати Јакупи, кој на локалните избори беше шеф на изборниот штаб на
кандидатот за градоначалник од ДУИ, Невзат Бејта, најави казнени мерки
за ваквата одлука на Општина Гостивар.
- Затворањето на
депонијата ќе има негативно влијание врз Полошкиот регион. Ваквиот акт
е во конфликт со законите, бидејќи станува збор за регионална депонија.
Надлежно за затворање на депонијата е само Министерство за животна
средина - информираат од тој ресор. Руфи Османи, пак, го обвини
Министерството за контрадикторност.
- Министерството требало да
ја затвори оваа депонија уште во 2007 година, кога биле констатирани
неправилности. За нејзиното користење нема никаков правен акт и таа е
дива. Заради непочитување на законите, државниот инспекторат против ЈКП
„Тетово“ поведе прекршочна постапка во февруари 2008 година - објаснува
Османи.Тој смета дека одлуката за затворање на депонијата е еден вид
помош за забрзано решавање на проблемот.
Од ЈКП „Тетово“
потсетуваат дека никој освен Министерството не може да ја затвори
депонијата, бидејќи таа е регионална и е наменета за сите девет општини
од Полог.
- Депонијата во Русино е направена во согласност со
националниот план за менаџирање со отпад. Таа ги задоволува стандардите
за таков објект. Депонијата Мечкин Дол, каде што по затворањето на
Русино гостиварци го носат сметот, не ги задоволува условите и е дива -
вели Шабани.
Трајно решение за овој проблем е изградба на
фабрика за рециклирање на отпад и изградба на регионална депонија,
тврдат од Институтот за животна средина и здравје при Универзитетот на
ЈИЕ во Тетово.
- Потребна е соработка меѓу локалната,
централната власт и приватниот сектор. Таков проект трајно ќе го реши
проблемот со депонирањето на комуналниот смет. Инвеститор од Германија
беше заинтересиран да стапи во контакт со институциите за да изгради
фабрика за рециклирање на смет, но проектот се изјалови поради нечија
незаинтересираност - вели Вулнет Зенки од Институтот за животна средина
и здравје.
Граѓаните што живеат во близина на дивата депонија
во Тетово стравуваат од големото загадување, слично како пред неколку
години, кога им се закануваше „еколошка бомба“. За загадувањата,
тогашните раководители на ЈКП „Тетово“ заработија и кривични пријави.
Како преодно решение, беше одлучено да се уреди простор на поранешен
ископ на глина во месноста Русино, која е десетина километри оддалечена
од Гостивар.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0EE5563A4A7CC44A93520DE0A0CAB480 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#524 Posted: 06-Jun-2009 at 11:31 |
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#525 Posted: 06-Jun-2009 at 11:19 |
за ова булдожер треба, не метли
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#526 Posted: 05-Jun-2009 at 23:59 |
Не заигра метла под Железничка
Купиштата
ѓубре, картони и шут кои со години го гнасат овој многу фреквентен дел
од македонската метропола не настрадаа во масовната акција Заедно за
чисто и зелено Скопје, која ја организира Град Скопје. Ќе ги чекаат
метлите на Општина Аеродром. Од Град Скопје информираат дека
деновиве го расчистија просторот под Железничката станица кон реката
Вардар од шутот и дивите депонии, а расчистено е и картон-маалото. Само
од овој дел екипите на Град Скопје биле исчистени 166 кубни метри ѓубре.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=037228116179794E8480114C6D3A47A6 |
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#527 Posted: 02-Jun-2009 at 21:23 |

Edited by гитардемон - 02-Jun-2009 at 21:26
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#528 Posted: 17-May-2009 at 04:36 |
41°58'47.63"N 21°26'41.34"E
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#529 Posted: 11-May-2009 at 21:35 |
Опаааа и контињери постоеле комунистички?! Не сум знаел дека и покрај правец во архитектурата, постоеле и контињери!   И јас би сакал да видам нешто по украсно, одкоплку чисто технички предмет на скопскиве улици. Но мора контињерите да соодветствуваат со механизмот за празнење на возилата на комуналец. Исо така кај нас сеуште треба да бидат лимени, зашто инаку уште во првите месеци трајно ќе ги изгубиме после секој пожар по еден. А пожарите ни се честа појава. Капакот е многу добра работа и драстично влиејае на разфрлањето на храната и бројот на животни околу контејнерите, само неможам да видам за каков капак се работи. Оние на педаља и механизам се најпогодни. Сепак ваквите контињери се наметнале како пракса во Скопје и најпогдни се. Инаку мислам дека треба да унифицираме некоја боја за контејнериве, а ни треба треба и посебна служба за репарирање и оддржување контејнери. Вака сега кампањски се репарираат и после додека не дојде следна акција и следно префрлање пари нема ништо.
Edited by lslcrew - 11-May-2009 at 21:38
|
 |
kire85
Senior Member
Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
|
Quote Reply
#530 Posted: 11-May-2009 at 19:49 |
of mori majko....i novi kontejneri koga vekje nabavuvaat, ne mozat da zemat nesto porazlicno od ona komunisticko limeno sranje sto go ima niz cela makedonija??
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#531 Posted: 11-May-2009 at 09:50 |
Од Охридското Езеро изваденa голема количина отпад
Охрид, 10 мај (МИА)
– Најразличен отпад беше изваден од Охридското Езеро денеска во рамки
на акцијата што заеднички ја организираа Лајонс клубовите „Лихнидос“ и
„Десарети“, Ротари-клубот „Охрид“ и нуркачите од Сојузот за подводни
активности.
Радува фактот што годинава е извадено помалку отпад
во споредба со претходните акции, но се уште во езерото има многу
ѓубре, истакнуваат 40-тината нуркачи кои повеќе часови минаа во водите
на езерото, извлекувајќи го отпадот од крајбрежјето на потегот од
пристаништето во Охрид до плажата на Сараиште.
Членовите на културниот центар „Медиа Артес“ од
извадените пластични буриња, старите автомобилски гуми, остатоците од
мебел, тоалетни школки, градежен шут и најразличен отпад направија
уметничка инсталација, како потсетник за загаденоста на езерото.
Денешната акција е шеста по ред за чистење на
крајбрежјето на Охридското Езеро. Сојузот за подводни активности најави
дека во иднина вакви акции ќе бидат спроведени и на атрактивните плажи
и други локации на охридското крајбрежје http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=5&vId=64483328&lId=1&title=%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90+-+%D0%95%D0%9A%D0%9E%D0%9B%D0%9E%D0%93%D0%98%D0%88%D0%90
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#532 Posted: 09-May-2009 at 20:04 |
Незнам зашто повторно на ист начин се поклопците направени кога прво самите комуналци со кипање на отпадот во нивните возила ќе ги искршат а тука сме и ние „граѓаните“ кој ќе им го видиме крајот
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#533 Posted: 09-May-2009 at 19:21 |
Новите Контејнери....    mia-foto
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#534 Posted: 09-May-2009 at 17:40 |
Градот Скопје доби 400 нови контејнери за собирање смет
Скопје, 9 мај (МИА)
- Градот Скопје од денеска располага со нови 400 контејнери за собирање
смет. Контејнерите ги изработи фабриката „МИК“ од Кавадарци, а се дел
од владиниот проект за почиста Македонија што го реализира
Министерството за животна средина и просторно планирање.
- Скопје доби 400 од вкупно 1.300 контејнери што
треба да му припаднат. Во наредните денови ќе се распределуват низ
општините. Според проценките на јавното претпријатие „Комунална
хигиена“, ова ќе ги покрие потребите на градот во целост, изјави
премиерот Никола Груевски кој присуствуваше на промоцијата.
Целосната набавка изнесува 5.000 контејнери, а
тендерот чини околу 84 милиони денари. Контејнерите се распределуваат
во македонските општини согласно бројот на жители.
- Заокружуваме еден проект што беше најавен во
Програмата на Владата. Досегашната реализација е околу 40 проценти.
Контејнерите што досега пристигнаа се распределуваа низ
другите градови. Ова е прва пратка за Скопје, рече Груевски.
Паралелно со овој, Владата спроведува и проект за набавка на канти за отпадоци.
- Ова е една од мерките со кои сакаме да го
направиме Скопје почисто. На Градот му недостасуваат уште 300 до 400
контејнери, но сами ќе ги набавиме, рече скопскиот градоначалник Коце
Трајановски.
Најавувајќи и други мерки за одржување на градската
чистота, Трајановски посочи дека е предвидено собирањето на сметот во
индивидуалните куќи да биде во индивидуални канти, а не во контејнери,
да се промени одлуката за плаќање комунален смет, наместо по површина
на дворно место, да биде по канти на домаќинство, а ќе се спроведува и
кампања за едукација на граѓаните за зачувување на животната средина.
Следна мерка, потеницра градоначалникот, ќе биде
вработување поголем број комунални инспектори. Тие ќе ги казнуваат
граѓаните кои не ја почитуваат одлуката за одржување на јавната чистота
во Скопје.
Заменик министерот за животна средина Соња Лепиткова
информира дека по владината набавка, „МИК“ добила порачка за
изработување контејнери од Косово и Хрватска.
- Тоа значи дека фабриката ќе работи до крајот на
годината во овие услови на криза, произведувајќи контејнери за
балканскте земји, рече Лепиткова.
На наредната владина седница в понеделник ќе биде
разгледан извештајот за тоа како се спроведува Законот за јавна чистота
и управување со отпад. До крајот на годината најави Лепиткова, ќе
почнеме подготовката на првиот регионален центар за управување со
отпад.
Одговорајќи на новинарски прашања, премиерот
Груевски ги квалификува како популистички економските мерки што ги
предложи СДСМ за справување со глобалната финансиска криза.
- Најчесто се тоа популиситички мерки што немаат
некоја основа и кои, ако СДСМ е на власт, не би ги спровела, но сега,
како опозиција се труди да добие гласови, рече Груевски.
Премиерот напомена дека Владата направила опсежна
анализа, имаала огромен број консултации со домашни и странски експерти
и дошла до најдобрите мерки што во овој момент е можно да се спроведат.
мч/сст/15:35 |
http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=64472847&lId=1&pmId=501
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#535 Posted: 08-May-2009 at 10:36 |
Деновиве комуналците чистеа диви депонии

Вработените во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, на барање
на Општина Гази Баба, деновиве ги расчистуваа дивите депонии на
нејзината територија. Со скип, кипер и шлепер се собираше ѓубре од
десет локации, на кои беа депонирани најголеми купови ѓубре. Беа
собрани околу 70 метри кубни шут и комунален отпад од населбите
Керамидница, Кирил Петрушевски и Маџари. Сега кога депониите се
исчистени, Комуналната инспекција упатува апел до граѓаните комуналниот
смет да не го оставаат надвор од контејнерите. Исто така, им посочува
на граѓаните да се јават во ЈП „Комунална хигиена“ за подигнување на
сметот, бидејќи не треба да се фрла во контејнерите за ѓубре. (Сн.К.) http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=34A4F8B936BA184C9CE90E48CFEAB5AA
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#536 Posted: 04-May-2009 at 18:55 |
Нема кој да го санкционира палењето ѓубре во контејнери

Од разни причини, во март годинава биле оштетени 192 контејнера, кои потоа се репарирани
Снежана Калабакова
Палењето смет во контејнерите не е нова ни непозната појава. Но,
најчесто сторителите остануваат непознати. Ѓубрето во контејнерите
најчесто се пали во вечерните часови, кога граѓаните, освен полицијата,
немаат кого да алармираат. Од Јавното комунално претпријатие велат дека
нивниот дежурен телефон 321 66 44, на кој скопјани можат да се јават за
каков било проблем, е отворен само од 7 до 19 часот. Ако пријавата за
запален смет во контејнер стигне во овој термин, тогаш вработените од
претпријатието го повикуваат раководителот на подрачјето од каде што
доаѓа пријавата. Тој заедно со полицијата, или со инспекцијата од
локалната самоуправа подготвуваат прекршочна пријава за сторителот.
Појавата
на палење смет во контејнери не е дефинирана во Законот за јавна
чистота. Тука се немоќни и вработените од ЈП „Комунална хигиена“, а
претпријатието постојано трпи штети на садовите за собирање смет. Освен
оштетување на бојата, контејнерите се искривуваат од огнот. Само во
март годинава биле поправени 192 контејнера што биле оштетени од разни
причини. На 207 контејнери им биле репарирани тркалцата, а на 55 им
биле поставени нови.
„Оштетените контејнери редовно се
поправаат. Но, не можеме многу да сториме за да ги намалиме штетите.
Иако ја имаме екопатролата, би било добро кога би се активирале
општините со нивните комунални инспектори, кои освен што ќе внимаваат
на комуналниот ред, ќе ни помагаат и нам. Штетите што ги трпиме
навистина се големи, а претпријатието нема пари да ги надомести и да
купува нови садови за смет. Еден обичен контејнер за домаќинствата чини
од 250 до 300 евра и доколку е оштетен од палење, не можеме да го
надоместиме“, вели Катерина Лаова, портпаролка во „Комунална хигиена“.
Оштетените
контејнери кои повеќе не можат да се користат единствено можат да се
надоместат со повлекување на ист таков сад од една во друга населба.
Но, тоа повторно значи контејнер помалку. Затоа во „Комунална“ ја
потенцираат неопходната помош од локалната самоуправа, а таков пример
веќе имаат во населбата Шуто Оризари. До неодамна велат таму повлекле
еден од големите контејнери покрај кој се создавала дива депонија. Сега
редарите од Општината внимаваат жителите да не фрлаат смет на таа
локација.
|
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2BE4FD49EB9EA1438A1D52FFF97D8647
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#537 Posted: 30-Apr-2009 at 21:58 |
Можеби не е многу интересно без слики, но да кажам дека во Битола веќе подолго време има (и се поставуваат цело време нови) контејнери од оние по 'европски стандарди'.  Нешто како овие, ама не се пластични туку метални, само со пластичен капак (но може да се притисне 'педалата' за да се отвори капакот) Е сега сакам да прашам дали има и во Скопје вакви како во Битола, бидејќи овие погорните во Грција се стандард, а кај нас низ сите градови гледам само од овие (подолу на фотосот) од СФРЈ па и од кралство Југославија, застарени  Навистина се попрактични, ама со нашата пракса да го палиме ѓубрето во контејнерите пластичните одма ќе се стопат.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#538 Posted: 29-Apr-2009 at 10:16 |
Поставувањето големи контејнери почнува од Гази Баба |
|
|
|
|
Контејнери
со зафатнина од пет кубни метри во кои ќе може да се фрла кабаст отпад
од домаќинствата ќе почнат да се поставуваат во општината Гази Баба на
4 мај. Тие ќе се стават на неколку локации, за граѓаните во нив да
можат да го исфрлат целиот отпад што е забранет да се фрла во обичните
контејнери од 1,1 кубен метар, како градежен шут, земја, стар мебел,
гранки и слично.
- Со поставувањето на овие контејнери граѓаните
ќе имаат можност да го исфрлат непотребниот отпад и да не создаваат
нови депонии. Поставувањето на контејнерите се прави во договор со
претставници на општината Гази Баба. Со ова почнуваат пролетните акции
за расчистување. Истовремено ќе се метат и улиците и ќе се мијат со
цистерни - изјави Катерина Лаова, портпаролката на јавното претпријатие
„Комунална хигиена“.
Пред околу две недели од претпријатието
рекоа дека во почетокот на пролетта почнале да се создаваат повеќе диви
депонии, поради генералните чистења што се прават во домовите и во
дворовите, косењето на тревата, кастрењето на гранките, како и поради
продолжувањето на градежната сезона. Според одлуката за комунален ред,
отпадните материјали што се создаваат со овие активности не смее да се
фрлаат во кантите и во контејнерите, туку само во специјални садови со
капацитет од пет или од седум кубни метри. Има најави дека тие ќе се
постават во оние општини каде што локалните власти ќе го побараат тоа.
„Комунална хигиена“ на сесија на Организацијата на потрошувачите
Јавното
претпријатие „Комунална хигиена“ учествувало на сесија на
Организацијата на потрошувачите на Македонија, во рамките на проектот
за заштита на потрошувачите во доменот на услугите од јавен интерес. На
средбата се разгледувале проблемите со кои граѓаните се соочувале при
користењето на овие услуги, што преземало претпријатието за да им
помогне и дали постои некоја политика на заштита.
- Ова е добар
повод да се потсетат граѓаните не само на нивните права туку и на
обврските што тие ги имаат кон јавните претпријатија - истакна
портпаролката Лаова. |
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=381&ArticleID=23532 |
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#539 Posted: 18-Apr-2009 at 17:57 |
Напред Македонија, на 3-то место сме
|
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#540 Posted: 18-Apr-2009 at 17:49 |
Македонија највалкана земја во Европа
18.04.2009 13:03
Македонија е рангирана на 74 место на листата еколошки најчисти земји во светот, а во европски рамки е на самото дно. Рангирањето,
како што јавува Макфакс, е врз основа на индексот на еколошки резултати
(EPI), направено од универзитетите Јејл и Колумбија. Со 74 индексни поени од можните 100, Македонија е 74-та на листата еколошки најчисти земји во светот од рангираните 149 држави. Во европски рамки, Македонија е 37 од вкупно рангираните 40 држави. Зад Македонија се само Украина, Романија и Молдавија. Центарот
за меѓународна научна информациска мрежа на Универзитетот Колумбија и
Центарот за еколошко право и политика на Универзитетот Јејл развија
Индекс на еколошки резултати со цел да ги истакнат најчистите земји, и
да дадат насоки за оние кои заостануваат како да ја подобрат Животната
средина и здравјето на своите граѓани. Швајцарија е на чело на светската еколошка листа со индекс 95. Следат Шведска, Норвешка и Финска. Словенија
е на 15 место, Хрватска - 20, Албанија - 25, Грција - 44, БиХ -48,
Бугарија - 56, а Турција -72. Србија не е рангирана. Меѓу неевропските држави во првите 20 се Костарика - 5, Нов Зеланд - 7 и Колумбија - 9. САД се рангирани на 39 место. Истражувачите
на индексот EPI нагласија дека информациите врз чија основа е направена
ранг листата потекнуваат од локални извори и не се секогаш со идеален
квалитет, особено во земјите во развој. Рангирани се вкупно 149 држави, а другите 50 се изоставени поради нецелосни податоци.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107349
|
 |