Author |
Topic Search Topic Options
|
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#521 Posted: 16-Mar-2008 at 15:11 |
треба некој ден заедно да идеме, башка уште некоја фотка од парк ке направиме хехе,имаше неколку изградени објекти ја кога бев тогаш , баш ми е мило што има иницијатива за реновирање, пошто стварно условите беа катастрофа ,па со посетата ке ја помогнеме до некаде
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#522 Posted: 16-Mar-2008 at 14:40 |
 Митатос супер за фоткиве  . Ова ми е прв увид во зоолошка во после долги години.
Edited by pbanks - 16-Mar-2008 at 14:40
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#523 Posted: 16-Mar-2008 at 14:19 |
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#524 Posted: 15-Mar-2008 at 20:53 |
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТОВСКИ ЈА ПОСЕТИ ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА
|
|
Градоначалникот
на Град Скопје, Трифун Костовски, деновиве, ја посети Зоолошката
градина-Скопје и се сретна со Жерард Баарс, советник на Европската
Асоцијација на Зоолошки градини и Аквариуми (ЕАЗА), Група за техничка
помош и животинска благосостојба, кој и помага на скопската Зоолошка во
унапредување на условите за живот на животните и реконструкција на
живеалиштата во согласност со светските станарди.
Господинот Баарс го запозна Градоначалникот Костовски со текот на
активностите за реконструкција на Градината и со планираните активности
кои треба да се реализираат во наредните месеци. 
- До јули месец ќе биде реализиран проектот за уредување на влезната
партија во градината, односно делот каде што сега се наоѓа фонтаната.
Ќе се уреди детското игралиште, малиот плоштад на влезот, а ќе се
преуреди и фонтаната над која ќе се изгради дрвено мовче. Планирано е
на влезот во Градината да се направи и едно кафуле каде што
посетителите ќе можат да се освежат. Во текот на јуни/јули месец се
очекува да бидат комплетно готови и новите живеалишта за мајмуните, за
волците и за тигрите. Живеалиштето на волците ќе се гради спроти новите
живеалишта на мечките и на рисот. Со тоа ќе се направи еден убав спој
на животински видови кои и во природата живеат во иста средина –
објасни Баарс.
Тој додаде дека новите живеалишта за мечките и за рисот ќе бидат готови
во текот на септември месец, а во октомври месец се очекува да финишира
изградбата на живеалиштето за Гибонот и делот наменет за животни кои
потекнуваат од австралискиот континент.
- Во текот на ова година ќе започнеме со изработка на проектите за
изградба на живеалиште за фламинго и пеликани, како и за реконструкција
на базенот за фоките. Во текот на првото тромесечје од 2009 година се
надеваме дека нивната изградба ќе биде готова. Она што е од особено
значење за функционирање на Зоолошката градина се добро обучени луѓе
кои ќе работат со животните. Без тоа нема да може да се достигнат
европските стандарди. Овде има луѓе кои навистина се добри во она што
го работат, но неопходна е стручна подготовка. Покрај тоа потребно е
креирање на нови работни места во Зоолошката, како што е сектор за
хортикултура, технички оддел, одел за маркетинг, едукација и
комуникација. Доколку сето ова се реализира Зоолошката ќе може да се
стане економски независна, бидејќи бројот на посетители ќе се зголеми.
Минатата сабота Зоолошката ја посетија 1.300 лица, невклучувајќи ги
децата, што е многу голем напредок во однос на минатите години –
истакна Баарс.
Градоначалникот
Костовски истакна дека Град Скопје безрезервно стои зад проектот за
реконструкција на Зоолошката и дека дава целосна поддршка за едукација
и стручно усовршување на млади луѓе кои ќе работат во Зоолошката.
Покрај тоа, Костовски истакна дека Зоолошката градина е многу значен
сегмент од општественото живеење и затоа негова желба е нејзиниот нов
лик што е можно поскоро да биде презентиран пред очите на посетителите.
Господинот Баарс истакна дека за првпат во неговата 40 годишна кариера
гледа толку голема трансформација на Зоолошка градина, а во толку
краток временски период и со толку ограничен буџет. Тој му се
заблагодари на градоначалникот Костовски за овој многу значаен проект и
за неговото безрезервно залагање за обнова на градината.
Покрај проектите за изградба на живеалишта за жирафи и за лавови, кои
наскоро ќе почнат да се реализираат, господинот Баарс на
градоначалникот Костовски му ги презентираше и идејните проекти за
хортикултурно уредување на градината, а го запозна и со идејата за
изградба на македонска фарма / детска зоолошка градина, во која ќе
бидат сместени животни од македонското поднебје, со цел децата да се
едуцираат за автентичната фауна и да научат нешто повеќе за овие
животниски видови. 
Проектот за реконструкција на Зоолошката градина вклучува и изградба на
африканска савана, сервисна зона, живеалиште за нилски коњ,
зоо-лабораторија, карантин, зелена куќа, куќа за диви мачки, Азиски
оддел и Јужноамерикански оддел, во кој ќе се изгради и JUNGLE café, од
кое посетителите ќе можат да ги набљудуваат животните.
|
Назад
|
Креиран од sofka на 13.03.2008
|
|
преземено од: http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1659&mid=24&tabId=1&tabindex=0
Edited by гитардемон - 15-Mar-2008 at 20:56
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#525 Posted: 14-Mar-2008 at 17:23 |
Најбољи е концесионер да ја земе.
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#526 Posted: 14-Mar-2008 at 16:21 |
  Одење во зоолошка градина е многу добар провод. Но последен пат бев пред една година и навистина беше депресивно да ги гледаш мајмуните и волците - ептен беа утепани. Мило ми е што читам вака, ама кога ќе видам вакви наслови како „зоолошката ќе стане како светските“ ми се темни - ова се неопходни зафати за зоолошката да биде „зоолошка“ воопшто. Досега беше кланица за елени и нилски коњи !!
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#527 Posted: 14-Mar-2008 at 11:42 |
Зоолошката полека заличува на светска
Во минатата сабота Зоолошката ја посетиле 1.300 луѓе, не сметајќи ги децата

До
јули Зоолошката градина ќе биде збогатена со детско игралиште, мал
плоштад на влезот и фонтана над која ќе се изгради дрвено мовче,
информираат градските власти. На влезот во градината ќе биде направено
и едно кафуле, во кое посетителите ќе може да се освежат. Дотогаш се
очекува да бидат комплетно готови и новите живеалишта за мајмуните,
волците и за тигрите, со што градината ќе станува се' попривлечна за
посетителите.Деновиве градината ја посети скопскиот градоначалник
Трифун Костовски, кој се сретна со Жерард Баарс, советник на Европската
асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА), кој и' помага на
Зоолошката околу унапредувањето на условите за животните, согласно со
светските стандарди. Баар го информирал Костовски за текот на
реконструкцијата и за планираните активности. Освен уредувањето на
влезниот дел од градината, во текот на јуни и јули ќе бидат комплетно
готови и новите живеалишта за мајмуните, волците и за тигрите.
Живеалиштето на волците ќе се гради спроти новите живеалишта на мечките
и на рисот. Со тоа ќе се направи еден убав спој на животински видови
кои и во природата живеат во иста средина - вели Баарс.Новите
живеалишта за мечките и за рисот ќе бидат готови во текот на септември,
а во октомври ќе биде довршена изградбата на новиот дом на гибонот и
делот за животни што потекнуваат од Австралија.
- Годинава ќе
почнеме со изработка на проектите за изградба на живеалишта за фламинго
и за пеликани, како и за реконструкција на базенот за фоките. Се
надеваме дека тие ќе бидат изградени во првите три месеци од 2009
година. Доколку сето ова се реализира, Зоолошката градина ќе може да
стане економски независна, бидејќи бројот на посетители ќе се зголеми.
Во минатата сабота Зоолошката ја посетија 1.300 лица, не сметајќи ги
децата, што е многу голем напредок во однос на минатите години - вели
Баарс.
Тој истакна дека особено важно за функционирање на
градината е да има добро обучени луѓе што ќе работат со животните, оти
без тоа нема да може да се достигнат европските стандарди. Баарс вели
дека првпат во својата 40-годишна кариера гледа толку голема
трансформација на една зоолошка градина, а во толку краток временски
период и со ограничен буџет. Покрај проектите за изградба на живеалишта
за жирафи и за лавови, кои наскоро ќе почнат да се градат, Баарс на
Костовски му ги презентирал и идејните проекти за хортикултурно
уредување на градината и идејата за изградба на македонска фарма, во
која ќе бидат сместени животни од македонското поднебје. Со проектот за
реконструкција на Зоолошката предвидена е и изградба на африканска
савана, сервисна зона, живеалиште за нилски коњ, зоо-лабораторија,
карантин, зелена куќа, куќа за диви мачки и азиски и јужноамерикански
оддел. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#528 Posted: 13-Mar-2008 at 20:03 |
Убава идеја за нишка  . И мотив да отидам до зоолошка наскоро, не сум бил 100 години
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#529 Posted: 13-Mar-2008 at 19:59 |
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AD2604E6007BD945A17BF3E85F0B1D70
<span id="Articleing">СО СРЕДСТВА НА ВЛАДАТА И ГРАДОТ</span>
<p id="ArticleTitle">Нови содржини и животни во скопската зоолошка
<span id="ArticleSummary">Во најскоро
време ќе биде реализиран и проектот за нови живеалишта за лавот,
жирафата, фоките, кенгурите и фламенгата, животни кои ќе бидат набавени
веднаш по изградбата на локациите за нивно сместување</span>
Новите
живеалишта за тигри, два вида мајмуни, мечки рисови и волци, како и
целосна изградба на нова водоводна и канализациона инфраструктура која
треба да биде завршена најдоцна за еден месец, се само дел од
содржините кои се реализираат во скопската Зоолошка градина со помош на
средствата добиени од Владата, Градот, но и од донации. Според
директорот Анастас Петров, во најскоро време ќе биде реализиран и
проектот за нови живеалишта за лавот, жирафата, фоките, кенгурите и
фламенгата, животни кои ќе бидат набавени веднаш по изградбата на
локациите за нивно сместување. Скопската зоолошка градина секојдневно
добива нов лик, а меѓу новите содржини се најавува и изградба на
кафетерија, катче за деца и ветеринарна амбуланта со карантин за
животни.
- Парите за овие проекти се веќе обезбедени и градежните работи
течат. Сметаме дека сите овие проекти ќе можеме да ги реализираме до
крајот на годината, бидејќи имаме стручна помош и од експертите од
Европската асоцијација на зоолошките градини во која има над 300
членови. Оттаму очекуваме и донации во вид на животни, кои треба да
пристигнат штом ќе ги завршиме живеалиштата кои со новиот проект
целосно наликуваат на природната средина од која потекнуваат, вели
Петров.
Тој додава дека граѓаните треба да се стрпат, бидејќи со реализација
на овие проекти зоолошката ќе добие целосно нов европски лик, со
поголем фонд на животни.- Во план до крајот на годината е и
изградба на посебен оддел за едукација, центар во кој ќе биде сместена
и зоо-лабораторија. За овој објект е обезбедена донација од Кина.
Објектот во кој ќе биде сместена амбулантата и карантин центар за
животни, исто така се реновира, а наскоро ќе почне и изградба на
сервисна зона во која ќе се складира храната за животните, додава
Петров.Во изминатите месеци е забележан зголемен интерес на граѓаните за посета токму на Зоо-градината. Даниела ТРАЈКОВСКА
|
Јас пратив една слика од БТ ЗОО ама само влезната порта  ако сакате појќе инфо видете на mk.wiki а уствари го има и на сајтот. Сега засега во Битола има нешто нови живеалишта ама умреја сите животни пред 15/20 години. Сега засега има само пантери лавој и мечки (од интересните). Најтажно е шо нема (пелистерски) рис, ако веќе го истребија од планината барем да го имаше во зоолошката.... Како и да е, гледам за скопје редовно се збора по ТВ овде онде. Се надевам ќе биди готово во брзо време, и ќе биди интересно, со фоки, кенгури - во солун само „грчки“ животни има - значи од тие шо се среќават во грција. Како и да е целта на темата е ако имате слики од зоолошката да ги качите тука да видам шо се дешава. Љубител на животни, шо да се прај
Edited by гитардемон - 10-Dec-2009 at 03:15
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |