Author |
Topic Search Topic Options
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#541 Posted: 18-Apr-2009 at 17:39 |
Можеби не припаѓа токму во оваа нишка, но само сакам да покажам дека нашта ниска еколошка свест не поминува неприметено па затоа добиваме вакви резултати:
Македонија 74 на светската еколошка листа, на дното во Европа Вашингтон, / 18.04.09 / 12:28
Македонија е рангирана на 74 место на листата еколошки најчисти земји во светот, а во европски рамки е на самото дно. Рангирањето,
како што јавува Макфакс, е врз основа на индексот на еколошки резултати
(EPI), направено од универзитетите Јејл и Колумбија. Со 74 индексни поени од можните 100, Македонија е 74-та на листата еколошки најчисти земји во светот од рангираните 149 држави. Во европски рамки, Македонија е 37 од вкупно рангираните 40 држави. Зад Македонија се само Украина, Романија и Молдова. Центарот
за меѓународна научна информациска мрежа на Универзитетот Колумбија и
Центарот за еколошко право и политика на Универзитетот Јејл развија
Индекс на еколошки резултати со цел да ги истакнат најчистите земји, и
да дадат насоки за оние кои заостануваат како да ја подобрат Животната
средина и здравјето на своите граѓани. Швајцарија е на чело на светската еколошка листа со индекс 95. Следат Шведска, Норвешка и Финска. Словенија
е на 15 место, Хрватска – 20, Албанија – 25, Грција – 44, БиХ -48,
Бугарија – 56, а Турција -72. Србија не е рангирана. Меѓу неевропските држави во првите 20 се Костарика - 5, Нов Зеланд – 7 и Колумбија – 9. САД се рангирани на 39 место. Истражувачите
на индексот EPI нагласија дека информациите врз чија основа е направена
ранг листата потекнуваат од локални извори и не се секогаш со идеален
квалитет, особено во земјите во развој. Рангирани се вкупно 149 држави, а другите 50 се изоставени поради нецелосни податоци./крај/ег/
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#542 Posted: 17-Apr-2009 at 21:30 |
Плоштад Македонија
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#543 Posted: 21-Mar-2009 at 02:46 |
Подземно фекално езеро во Ново Лисиче Подземно езеро полно со фекална вода има во напуштениот објект до старото игралиште во населбата Ново Лисиче. Стравувајќи од зарази, околните жители го пријавувале дефектот во повеќе институции, но досега никој не се прогласил за надлежен да го реши проблемот. Сопственик на објектот е Агенцијата за млади и спорт, која планира таму да изгради спортска сала, но се уште се чека да завршат некои административни процедури за да се спроведе тој проект. Во меѓувреме нема никаков одговор дали ќе се интервенира за да се запре истекувањето на фекалиите.
ДЕЦАТА МОЖЕ ДА СЕ УДАВАТ
Жителите од околните згради се плашат дека децата може од љубопитност да пробаат да влезат внатре и да се удават во водата што доаѓала од пукнатата цевка, исто така се жалат дека оттаму доаѓа неподнослива реа, која се чувствува дури на неколку метри од влезот на игралиштето.
- Не знаеме што да правиме, се обидовме со сите надлежни институции, но никој не сакаше да ни излезе во пресрет. Во близината на игралиштето живеат многу мали деца, а влезовите во подземните простории на игралиштето не се заштитени на ниту еден начин. Секое дете од љубопитност може да влезе внатре и никогаш да не излезе. Таму нема никакво светло, па децата без да забележат дека просторијата е полна со вода може да паднат во неа. Тука се собираат млади луѓе, кои пијат и се дрогираат. На едната страна дури си направиле и живеалиште, си донеле јамболлии и перници. Просториите се преполни со шприцеви и со шишиња од алкохолни пијалаци - се пожали Љубомир Георгиевски, жител на една од околните згради.
Веднаш до влезот на подземните простории се наоѓаат и неколку дуќанчиња и фирми, а оттаму велат дека водата течела уште од минатата година, кога и најверојатно пукнала цевката.
- Ние уште лани пријавивме дека во просториите има пукната цевка, се јавивме во јавното претпријатие „Водовод и канализација“, од каде што ни кажаа дека не можат да направат ништо без да добијат некаков налог. Се јавивме кај градоначалникот на општината Аеродром, но не добивме никаков одговор. Не знаеме што да правиме понатаму, овој објект е жива зараза - објасни еден од вработените во околните фирми.
Граѓаните раскажуваат дека на некоја жена што имала дуќан во близината на игралиштето пред неколку месеци и стигнала сметка за вода од 18 илјади денари, иако водомерот не и покажал толку голема потрошувачка. Таа ја платила сметката за да не заглавува во судските лавиринти, но нејзините соседи се сомневаат дека оваа случка е поврзана со истекувањето на водата во подземните простории на игралиштето.
ИГРАЛИШТЕТО ТРЕБА ДА БИДЕ САЛА
Општинарите од Аеродром велат дека немаат никаква надлежност да интервенираат на тоа игралиште, затоа што просторот не бил во нивна сопственост.
- Со одлука на Владата земјиштето и е доделено на Агенцијата за млади и спорт. Тие имаат подготвено проект за реновирање на целиот објект, но се чека да се усвои деталниот урбанистички план за тоа подрачје, за да може да продолжат активностите - објаснуваат од таму.
Од Агенцијата за млади и спорт, пак, велат дека се уште ја чекаат градежната дозвола од општината Аеродром и веднаш штом ќе ја добијат ќе почнат да ги реновираат запуштените простории.
- Со реконструкцијата тоа игралиште треба да стане најголемата спортска сала во земјава, која ќе се вика „Александар Македонски“. Но за да го направиме тоа ќе мораме да ја почекаме дозволата - најавува Тане Димовски од агенцијата.
Пред десетина години исто така имаше обид игралиштето да стане сала, но таа идеја наиде на остар отпор од околните жители, кои сметаа дека таков објект во нивното маало би предизвикувал чести нарушувања на јавниот ред и мир, дека ќе им се зголемела бучавата, а кога ќе имало натпревари ќе им биле блокирани паркиралиштата. Н.Македонија - Александра Денковска - 24.10.2009 |
ЖАБАРНИК МЕСТО СПОРТСКИ ЦЕНТАР НА ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ БАТО
Нема спас од жаби и комарци во Ново Лисиче - Вест - 15.08.2006
Жителите од Ново Лисиче, кои живеат во станбениот блок на Булевар "Видое Смилевски- Бато", се жалат дека со години никој не го отстранува жабарникот кој никнал во непосредна близина на зградите. Според станарите, просторот меѓу игралиштето во близина на зградите и недоизградениот објект каде требало да има спортски центар со кино сала е полн со вода. Жителите од оваа скопска населба велат дека местото е полно со жаби, комарци, бубачки и разно ѓубре, па стравуваат од заразни болести, а се исплашени и за опасноста што постои за децата кои играат на игралиштето. Лисичани велат дека повеќе пати се обраќале до поранешните власти на Општина Кисела Вода, но помош оттаму не добиле со образложение дека местото е зафатено со подземни води кои секогаш ќе извираат.
"Жабарникот се наоѓа под нашите прозорци и навечер неможеме да спиеме од смрдеата и крекањето на жабите. Ќе се разболиме, а надлежните креваат раменици и ни велат дека имало подземни води. Сигурно се работи за неисправен вентил, оти ако на тоа место има подземни води тогаш ќе има и во нашите подруми кои се на иста висина со жабарникот, а таму нема, тие се суви", вели Лисичанка која живее во зградата до жабарникот.
И од Општина Аеродром, на чија теритрорија се наоѓа Ново Лисиче, се категорични дека причина за појавување на жабарникот и поплавата се високите подземни води, односно велат дека таму имало "жива вода", па затоа колку и да се црпела водата таа пак извирала.
"Општината изнаоѓа решенија, но едно од подобрите за најбрзо и најекономично решение е да се пополни тој простор со дробен камен и земјен материјал до нивото на игралиштето. Ќе се направи премер на објектот, ќе се разгледа подетално состојбата и ќе се преземат конкретните чекори", велат од Одделението за односи со јавност на Аеродром. |
ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА КОНЕЧНО СЕ СЕТИ ДА ЈА ИСЧИСТАТ КИНО САЛАТА ВО НОВО ЛИСИЧЕ Пумпи за црпење на водата од киното жабарник - Вест - 28.05.2003 Просторот до игралиштето и кино салата, која никогаш не проработела, повеќе од два месеци се поплавени со вода, која достигнала висина од 2 метри и се претворила во мочуриште Општина Кисела Вода конечно презеде мерки за чистење на кино салата во Ново Лисиче која од поодамна е претворена во жабарник. Екипи на ЈП"Водовод и канализација" вчера со две пумпи ја црпеа водата од кино салата до игралиштето на булевар Видое Смилевски Бато, каде што Агенцијата за млади и спорт лани сакаше да гради спортска сала. Жителите од оваа населба велат дека просторот до игралиштето и кино салата, која никогаш не проработела, повеќе од два месеци се поплавени со вода, која достигнала висина од 2 метри. Тие објаснуваат дека набрзо поплавениот дел станал мочуриште, односно дека се појавиле жаби, израснале треви и дека за тоа повеќе пати интервенирале до надлежните во општина Кисела Вода. "Неколку пати бевме во општина, само ни ветуваа. Арно што им текна да исчистат. Среќа што досега никој не се зарази", велат жителите на Ново Лисиче. Градоначалникот на општина Кисела Вода Љупчо Димов пред дваесетина дена вети дека веднаш ќе пуштат цистерна од ЈП"Водовод и канализација" да ја извлечат водата, но се до вчера не беше ништо направено. Димов објасни дека не било можно водата да се извади со цистерни, поради што одлучиле црпењето на водата да го извршат со препумпна станица во најблиската шахта од атмосферската канализација. Тој вели дека поплавувањето на салата е резултат на избивање на подземни води, и тврди дека целиот простор од новата железничка станица до улицата Тодор Чангов бил пред поплавување од подземни води. |
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#544 Posted: 11-Mar-2009 at 20:14 |
Комуналец задоволен од рециклираната пластика
Вторник, 10 Март 2009 18:24 |
Пред
неколку месеци ЈП Комуналец заедно со УСАИД и Биосфера, како пилот
проект започнаа со селективно собирање на пластичен отпад. Биле
задоволни од количината која ја собираат, но и од начинот на кој
граѓаните ја депонираат пластиката во садовите. На почетокот беа
поставени 32 специјални садови за отпадна пластика.
-За
овие 5 месеци, динамиката и количината на собирање, за разлика од
првиот месец кога имавме околу 200-300 кг отпадна пластика, сега во
последните емсеци стигнавме до 1 тон што за нас претставува добра
цифра. Но ако се направи една компаративна анализа, ако сневно собираме
60 тона комунален отпад, пластиката учествува со 9-11%, тоа споредбено
изгледа дека овие количини се премалку, рече техничкиот директор на ЈП
Комуналец, Зоран Соклевски.
Од Комуналец се надеваат дека количината на собраниот пластичен отпад ќе биде поголема, а се планира да се набават уште садови. |
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#545 Posted: 11-Mar-2009 at 20:10 |
Од дното во 2005та, денес Комуналец е на врвот
Среда, 11 Март 2009 18:17 |
Неисплатени
плати, даноци, долгови кон добавувачите, работниците, кредити... Се
вкупно долг од 76 милиони и 850 илјади денари имало јавното
претпријатие Комуналец во 2005та година. Со доаѓањето на новата
гарнитура претпријатието го достигнало врвот, а минатогодишната завршна
сметка била позитивна:
Дури вложивме ние 10 милиони и тие десет милиони ги вложивме во опрема,
санирање и пуштање на капелата во работа. Изградување на ограда околу
Светонеделските гробишта, поставување водоводна мрежа таму, поставување
водоводна мрежа за наводнување на паркот кај Саат кулата со технолошка
вода, ископавме два бунари во паркот Стив Наумов, набавивме едно
специјално возило од 18 кубици, 2 лесни коли за комунална хигиена, 2
трактори, вели Јовко Крстевски, директор на ЈП Комуналец
За европски и чист град планираат уште многу активности:
За таа цел планираме да набавиме уште едно специјално возило од 10
метри кубни, да набавиме машина метларка, да она класично метење го
замениме со машинско метење, вели Јовко Крстевски, директор на ЈП
Комуналец
Обновувањето на паркови и зелени површини ќе продолжи, а веќе се ангажират за третиот дел од паркот и Тумбе кафе:
Тумбе кафе она што е зацртано според проектот и според можностите, а и
со помош на општината да и тој дел го доведиме онака како што доликува
на еден дел којшто навистина служи како рекреација и одмор на
граѓаните, вели Јовко Крстевски, директор на ЈП Комуналец
Новата
опрема нема да значи намалување на вработените туку поефикасна работа.
Се она што досега го направило претпријатието било со безусловна
поддршка од општината. |
| http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5206:---2005-----&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#546 Posted: 11-Mar-2009 at 14:21 |
СкопјеЕколошки остров стана депонија Еколошкиот остров, кој се наоѓа кај висококатниците „Трите убавици“, односно неколку метри пред мостот „Обединети нации“ во населбата Влае е преполн со ѓубре. Контејнерите за пет амбалажата, како и контејнерите за ѓубре и за хартија изгледаат како неколку дена да не е собран отпадот од нив. Граѓаните од околните згради се жалат дека тоа место е еколошки остров и требало да биде најчисто, наместо да изгледа како мала депонија. Од јавното претпријатие „Комунална хигиена“ велат дека отпадот се собрал во големи количини поради тоа што претпријатието било во недостиг со возила и тој дел од градот се чистел во втората смена. http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=338&ArticleID=20008
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#547 Posted: 25-Feb-2009 at 00:04 |
Граѓаните тешко се одвикнуваат да фрлаат ѓубре на јавна површина

Локалната самоуправа соработува со полицијата, која во ноќните часови ги лови прекршителите
Снежана Калабакова
Скопјани тешко се откажуваат од навиките да фрлаат ѓубре и градежен
шут на јавни површини. Како доволно да не ги заплашува ниту новиот
Закон за јавна чистота кој предвидува високи казни. Купишта ѓубре може
да се најдат речиси во секоја општина. Екопатролите и комуналните
општински служби и инспектори го потврдуваат фактот дека се' уште има
несовесни граѓани кои фрлаат кај ќе стигнат. Дел од нив биле казнети,
но тешко било да се фатат оние кои фрлаат ноќе, кога комуналните
инспектори не се на терен, па тие слободно можат да дејствуваат. Затоа
локалната самоуправа воспоставува соработка со полицијата, која пак во
ноќните часови ги лови прекршителите на законот.
Голем дел од
скопските општини веќе ги детектирале дивите депонии и точно знаат
колку се и на кои локации се наоѓаат. Од општината Чаир тврдат дека
имаат откриено осум диви депонии. До скоро само ги опоменувале
неодговорните граѓани, но во наредниов период тие ќе бидат и казнувани.
Во Општина Гази Баба од почетоков на годинава на самото место како
фрлаат ѓубре на јавна површина биле затекнати и казнети петнаесетмина
граѓани.
„Депониите што ги откриле комуналните инспектори,
главно, се на периферијата на општината, односно во руралниот дел,
особено покрај реката Вардар. Иако на местата каде што ги исчистивме
претходно создадените депонии поставувавме табли за забрането фрлање
ѓубре и градежен шут, на некои локации тоа повторно се прави“, вели
Неделчо Крстевски, портпарол на Општина Гази Баба.
Павле
Сарџовски, раководител на комуналното одделение во Општина Бутел тврди
дека од донесувањето на Законот за јавна чистота минатата година биле
казнети 26 жители за различни видови прекршоци. Од почетокот на
годинава досега двајца биле затечени на место како фрлаат градежен шут.
За различни видови прекршоци годинава се казнети дванаесетмина, од кои
четворица казниле инспекторите и тоа за создавање диви депонии во
Радишани, фрлање ѓубре во реката Серава и истурање земја во Визбегово.
Сарџовски додава дека имаат добра соработка со полицијата која ги
открива оние кои го прават тоа ноќе.
Инспекторите од Општина Центар вчера беа на терен и детектираа вкупно 15 диви депонии.
Со
цел да се исчисти животната средина од создадените ѓубришта, голем дел
од општините во соработка со комуналните претпријатија подготвуваат
пролетни акции.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=2E7A4E4FDCB717498F50C5BFF142AA36 |
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#548 Posted: 22-Feb-2009 at 22:53 |
Општина Ѓорче Петров
Пет трицикли ќе го собираат ѓубрето од улиците
Нови
пет трицикли, опремени со канти за собирање на смет, ќе бидат дел од
"механизацијата" на комуналците во Општината Ѓорче Петров. Оваа новина,
велат општинарите, дошла како резултат на изнаоѓање нови модули за
поефикасно и навремено собирање на сметот од улиците. - Трициклите
ќе бидат ставени во употреба веднаш по подобрувањето на временските
услови. Се надеваме дека со оваа опрема ќе се подобри и забрза
навременото собирање на сметот од општинските улици, а воедно ќе се
запази и еколошкоит аспект што е наш приоритет. Овие 5 трицикли ќе се
употребуваат во урбаниот дел од општината, но се планира да се набават
уште толку кои ќе го опслужуваат руралниот дел на Ѓорче Петров - велат
одговорните од Општината.
|
Статијата е прочитана 233 пати. |
|
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E2191078A90B3E499E89D55BE91588F4
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#549 Posted: 05-Jan-2009 at 02:14 |
Недостасуваат кошници за отпадоци, ѓубрето в џеб

Распишан е тендер за 300 кошници за отпадоци што треба да се постават на градските улици
Снежана Калабакова
Поминаа речиси три месеци откако е донесен Законот за јавна чистота во кои „паднаа“ голем број казни. И, откако казните ги удрија граѓаните по џеб, тие почнаа повеќе да внимаваат каде го фрлаат ѓубрето. Но, сега се соочуваат со друг проблем, недостиг од кошници за отпадоци.
Евидентно е дека за да се одржува хигиената на повисоко ниво, потребни се неспоредливо повеќе канти за отпадоци. Нема доволно кошници на тротоарите, во парковите, но, сепак, најмногу недостасуваат на автобуските постојки. И покрај високите казни, поради немањето каде да се фрли ѓубрето, многу често недопушените цигари или догорчињата се фрлаат на земја, а исто се постапува и со искористениот билет и со друг ситен отпад. Иако ретки, посовесните, пак, ѓубрето си го носат со себе, а го фрлаат кога ќе наидат на некоја кошница.
Тоа само покажува како не треба да се носат закони пред да се обезбедат услови за нивна практична примена. Во овој случај, пред се', се донесе закон со мошне високи парични казни, додека граѓаните се оневозможени да се придржуваат кон неговите одредби бидејќи, едноставно, немаат услови за тоа. Допрва ќе се поставуваат кошниците за отпад. Обврска за тоа имаат и Градот и општините, но кошници може да купи и ЈП „Комунална хигиена“.
Градот веќе распишал тендер за јавна набавка на 300 кошници за отпадоци што треба да се постават на градските улици. Од Одделението за информирање во Градот велат дека набавката е во завршна фаза и се очекува наскоро да се потпише договор со најповолниот понудувач кој треба да ги постави кошниците на магистралните и собирните улици за кои се надлежни градските власти. Истовремено, во тек е и јавната набавка на 500 контејнери. За наредната година Градот планира да распише и тендер за набавка на нови канти за отпадоци на повеќе локации во градот.
Со Законот за Град Скопје, Градот е задолжен за одржување на чистотата на магистралните и собирните улици, а општините за станбените и сервисните улици. За жал, во најголем дел од општините кошници за отпадоци недостасуваат во голем број. Во некои од нив пред извесно време кошници беа поставени пред училиштата и на главните сообраќајници и тоа беа донација на Прокредит банка.
Од ЈП „Комунална хигиена“ објаснуваат дека кога би имале доволно средства, приоритет би им била набавка на нови контејнери, со оглед на тоа дека има недостиг од нив. Оптимален број за Скопје е 7.000 контејнери, а моментно граѓаните имаат на располагање само 4.500.
|
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#550 Posted: 18-Dec-2008 at 13:13 |
Редари со казни ќе ја чуваат чистотата
Тие ќе бидат униформирани и ќе ги казнуваат граѓаните според одредбите од Законот за јавна чистота - за фрлање догорчиња, шут, отпадоци, нужда од домашни миленици
 Комуналните редари ќе бидат како инспектор и полицаец во едно, објаснуваат локалните власти
Во 2009 година комунални редари ќе ги казнуваат несовесните граѓани што ќе ја загадуваат животната средина. Досега казнуваа комунални инспектори, но бидејќи нивните ингеренции се пошироки, редарите ќе им се посветат само на одредбите од Законот за јавната чистота.
- Редарите ќе бидат како инспектор и полицаец во едно - објаснуваат локалните власти. Некои општини веќе имаат вработено редари, а во други во тек е конкурс. Иако Законот беше усвоен уште летото 2007 година, Градот и повеќето општини се правдаат дека не вработиле редари, бидејќи новата систематизација не била внесена во буџетите за 2008 година.Редарите ќе бидат униформирани и ќе ги санкционираат граѓаните според одредбите од Законот за јавна чистота - за фрлање догорче, шут, отпадок, прегорен зејтин, нужда од домашни миленици на јавна површина. Она на што се жалат Градот и општините е судирот на надлежности за казнувањето.
- Треба да се седне со градските власти и да се донесе програма меѓу Градот и општините за да нема судири на надлежностите - сметаат од општина Кисела Вода. Од Градот велат дека проблеми со судири на надлежности имаат постојано и тоа не само за овој закон. Сметаат дека тие ќе се надминат, бидејќи е јасно оти општинските редари ќе работат на општинските улици, а градските на улиците под градска надлежност. Во Општината Ѓорче Петров од минатата недела работат четворица редари, тројца за градскиот реон и еден за руралниот дел.Од Општина Гази Баба изјавија дека распишале конкурс за вработување пет комунални редари и очекуваат до крајот на годината тие да стапат на функција.
Јорданка Ивановска
|
|
 |
Б.Ѓ.Т
Senior Member
Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
|
Quote Reply
#551 Posted: 17-Dec-2008 at 23:16 |
ima razlika,ama ne e dupla kako sto e kazano.a otkako e voveden zakonot mnogu se pripazuva na toa kaj ke se frli.
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#552 Posted: 17-Dec-2008 at 22:46 |
 UrbanFreak И ја се изненадив оваа сабота како Велес е просто невероватно чист, доуше прошетав од ж.станица низ мини индустриската зона и целиот центар, незнам како е во предградието.
Edited by Vladimir P - 17-Dec-2008 at 22:48
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#553 Posted: 17-Dec-2008 at 22:44 |
Факт е дека има напредок на ова поле. Може не е дупло како што се претставува но сепак има напредок. Имам приметено дека поголем дел од граќаните внимаваат каде фрлаат пикавци. Патем знам и неколку луќе што биле казнети и не им е исто дали пак ќе фрлаат.
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#554 Posted: 17-Dec-2008 at 22:25 |
Речиси
двојно помалку ѓубре собрале екипите на јавното претпријатие „Комунална
хигиена“ од дивите депонии годинава во однос на минатата. Според
нивните податоци, во првите 11 месеци од оваа година биле собрани 5.516
кубни метри ѓубре фрлено на непрописни места, а лани тоа количество
изнесувало дури 9.910 кубици
|
Ова може да значи дека и дупло помалце сработиле, немора да значи дека градот е дупло почист. Јас лично не приметувам многу. Денес бев во Велес и приметив дека Велес е далеку почит од Скопје.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#555 Posted: 17-Dec-2008 at 14:25 |
Иако сум уморен од овие прес конференции и бомбастични бројки во секое поле па дури и најреалните работи ги дочекувам со огромна доза на скепса. Мислам дека тука навистина има придвижување. Далеку е од тоа дека сме чисти, напротив сеуште сме многу прљав град и држава но мислам дека работата тргна од мртва точка.
Градот годинава бил двојно почист од лани |
|
Речиси
двојно помалку ѓубре собрале екипите на јавното претпријатие „Комунална
хигиена“ од дивите депонии годинава во однос на минатата. Според
нивните податоци, во првите 11 месеци од оваа година биле собрани 5.516
кубни метри ѓубре фрлено на непрописни места, а лани тоа количество
изнесувало дури 9.910 кубици.
Златко Димовски, директорот на
претпријатието, смета дека главни причини за развивањето на свеста кај
граѓаните за хигиената се Законот за јавна чистота, конечното
функционирање на дежурниот телефон во „Комунална“, како и редовните
контроли на еко-патролата.
- Граѓаните постепено почнаа да ја
развиваат свеста за чистотата на градот. Резултатите се очигледни. Тие
ни помагаат во нашата работа. Секојдневно добиваме повици од нив и ни
кажуваат каде се создаваат диви депонии. На многу места депониите се
исчистени, а местата обележани со жолти ленти. Поголем дел од нив и
понатаму останал чист, односно не се претворил во ѓубриште - вели
Димовски.
Тој додава дека со 13 камиони и со 4.200 контејнери не
може да се одржува хигиената во градот. Според него, треба да се
набават уште 12 камиони и да се вработат околу 100 млади луѓе да го
собираат отпадот. |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=266&ArticleID=13851
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#556 Posted: 15-Dec-2008 at 17:05 |
 Тоа е старата печатница „Гоце Делчев“. Ја купи Азманов наводно со намера да гради Хилтон ли што ли беше веќе не ни памтам од безбројните најави за хотели од глобални ланци. Исто така треба да се гради и катна гаража на таа локација... Но целата работа е заглавена во судските лавиринти ради матни и нерасчистени работи. За случајов имаме повеќе пати зборено на форумов, ама веројатно расфрлано на повеќе места. Во меѓувреме тоа ругло и смрдеа веќе со години стои така, а којзнае и во каква состојба е руината од безбедносен аспект. Во секој случај таа зграда и нејзината непосредна околина дефинитивно се проблем што треба да го разгледуваме и во оваа нишка.
Edited by Cloverstack - 15-Dec-2008 at 17:06
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#557 Posted: 15-Dec-2008 at 15:35 |
остај отпадот, која е таа зградата што стои така распадната, плаче за рушење, малце офтопик, ама во интерес на сликите
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#558 Posted: 14-Dec-2008 at 23:38 |
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#559 Posted: 14-Dec-2008 at 23:30 |
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#560 Posted: 14-Dec-2008 at 22:27 |
Ул. Максим Горки, строг центар на Скопје за време на одржувањето на европското првенство во ракомет 
|
 |