![]() |
![]() |
![]() |
Моторни гарнитури |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 41> |
Author | ||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Не знам бре луѓе како не ви е јасно. Сето она што се финансира преку европските финансиски институции доцни. Ми се чини дека ЕУ потајно притиска врз македонските власти преку прекинување или стопирање на финансиите за разни проекти. Овие моторни гарнитури од Кина се купуваат преку кредит, па треба да го почекаме расплетот на нештата периодов. Инаку не е тајна дека тие се веќе произведени од кинеската компанија. |
||
![]() |
||
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
|
Повторно лажги со опашки, се утепаа кажувања ќе стигнеле до април, до јули еве сеуште ги нема останатите две гарнитури, зошто дојде до ваков застој после брзото стигање на трите гарнитури не ми е јасно...
![]() |
||
![]() |
||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
|
Дали е некој запознат дали имало случај на некакво пребрзо абење на тркалата,осовините на новите (дизел) гарнитури при кочење на возот и дали дел од нив се чепкале во Колска?
|
||
![]() |
||
ViktorMKD ![]() Newbie ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2016 Online Status: Offline Posts: 39 |
![]() ![]() |
|
Дали некој знае до каде се останатите две моторни гарнитури од Кина?
|
||
![]() |
||
kliment ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 18-Sep-2012 Online Status: Offline Posts: 55 |
![]() ![]() |
|
![]() Претпоставувам дека големината на тоалетите е толкава за да се овозможи пристап на инвалиди со количка. Не би се сложилил дека има премногу места за инв. колички и напротив сметам дека во тој поглед треба и тоа како да учиме од скандинавците. Фактот што кај нас скоро и да не може да се види инвалидизирано лице во јавен превоз и токму неприлагоденоста на истиот. Додатно местата можат да се користат и за колици за деца. Ова посебна тема но кога се работи за возовиве мислам дека се позитивен пример и повеќе лица со посебни потреби ќе се охрабрат да ги користат. |
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Ете и јас, се возев со новите гарнитури, па така да споделам мои видувања за самата набавка. Најпрвин, во голем дел моето мислење се поклопува со тоа на Бојан. Да, навистина, ова е едно од најдобрите нешта што и се случиле на Македонски железници во поголемо време.
Сепак, проблемите на железницата не се решени, туку ги чека огромна работа пред нив во поглед на раководење на фирмата, а се плашам и за одржувањето на истиот воз. Возот е доволно простран, седиштата се тврди, да, но сепак не се најлошото нешто во возот. Мене ме нервира фактот што возот не е доволно прилагоден за потребите на Македонија или пак изигруваме богата европска земја, од типот на Скандинавија. Навистина не ја сфаќам потребата од четири места за инвалидски колички, толкаво веце, со што автоматски губиш простор од толку критикуваните делови за точаци. Со мали модификации возот можел да биде многу попристапен за сите категории на патници, вака моментално возот ми е донесен само за градска средина, односно меѓуградско поврзување, без да ги земеш во предвид многубројните села низ кои поминува возот, чии граѓани си имаат потреба и за погабаритни товари, за авантуристи со точаци, итн. Вецето, пак, е друга приказна, вратата во овој воз не работеше, па патниците рачно си ја отвораа/затвораа, со што не се сомневам дека во трајност е оштетена, просторот е со големина на просечна бања во едно домаќинство, што е претерано. Една од работите со кои се уверив дека се уште се возам во МЖ е моментот дека кондуктерите во возот се уште изиграваат и отправници на возот и дека автоматските врати во возот не се автоматски, туку повторно машиновозачот си ги отвора/затвора, што навистина не гледам да се прави, кога патниците може самите тоа да си го прават на станиците, а кондуктерите да си ја гледаат својата работа. Имам уште недостатоци, но да не преминам во реферат. Заклучокот ми е дека фали организација на МЖ. |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
![]() прво, да бидам искрен, конкретно за новите гарнитури не сум во позиција да коментирам, најпрво затоа што не сум ги испробал, а потоа поради самиот факт дека се нови... слушнав поплаки за удобноста на седиштата, ама од друга страна слушнав дека тоа е нормална работа во ваквите возови а како стигаме до тоа да одиме „офтопик“? со тоа што ги коментираме моторниве гарнитури од аспект на целосната ситуација на МЖ... а зошто? зошто не можам да ги доживеам гарнитуриве како „голем чекор напред“? ...затоа што обнова на возен парк е нешто што се подразбира дека сериозна транспортна фирма би го направила на одреден период... затоа што е нешто што и онака требало да се случи и не е потег на развој, туку пополнување на дупка ѓто е испуштена во огромен временски период само што ние сме толку беден народ во една забаталена од господ земја, што тогаш кога ќе се направи нешто што всушност требало да се направи, и тоа одамна, го доживуваме како развој само затоа што во текот на тој огромен период не сме виделе ништо подобро... ...тогаш кога железницата ќе превземе големи чекори на реформација на инфраструктурата, возниот парк и услугите, тогаш ќе можеме да кажеме дека доживуваме некој развој... меѓудругото, тогаш кога железницата ќе може да биде конкурент меѓу превозниците без да се потпира на она население кое е приморано да ја користи како прво... еве кажи на пример, зошто би се радувал на новите возови ако времетраењето на патот со нив ми е исто како со старите? и зошто би гледал некаква иднина во нив ако знам дека старите возови се такви какви што се поради несоодветно одржување? |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
mon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Dec-2009 Location: Europa Online Status: Offline Posts: 763 |
![]() ![]() |
|
Zabegan, и ти ја вртиш истата лента пријателе.
![]() Состојбите во МЖ се такви какви се, твоите и искуствата на phenomenon се такви какви се, јас воопшто не се ни сомневам во истите. Проблемот кој мене ми паѓа во очи е од технички карактер и е поврзан со форумов: кога (јас лично) ја отварам темава која патем е наменета за Моторни гарнитури очекувам во неа да најдам текстови/податоци/фотографии за моторните гарнитури почнувајќи од прастарите Шинобуси, па преку Шпанците и Горбачов до новиве Кинези. Доколку пак сакам да прочитам информации како и позитивни/негативни коментари на колегите-форумаши за состојбите во МЖ тогаш на располагање имам други теми како на пр.: Железници (општо) Мислам дека доколку се држиме до намената на одредена тема и во неа постираме материјали за која истата е наменета форумов ќе ни биде поубав и поуреден и многу полесно ќе можеме да ги пронајдеме материјалите за кои во моментот сме заинтересирани. Доколку ние сами не поведеме сметка за тоа, Форумов ќе ни биде како „Босански лонац„ односно, која тема и да отвориме расправиите ќе бидат исти како и во онаа претходната која сме ја читале; тогаш, која е поентата да се има толку теми со различни имиња а во сите тие да се дискутира едно те исто, состојбите во МЖ? ![]() PS: воопшто не станува збор за некоја еуфорија по „Кинезите„ туку за љубопитност кон нешто кое е ново. ![]() . Edited by mon - 05-May-2016 at 06:09 |
||
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/ exYU: http://malezeljeznice.net |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
битно е да се врти истата лента затоа што единствената работа што е подобрена со новиве возови е што се добро затворени и климатизирани... нешто што доколку некој сакал да го направи, ќе го направел со старите возови реално гледано
џабе ми се новиве возови ако не може да се искористи нивната брзина, ако нема директни линии и ако наидуваме на истите проблеми на кои сме наидувале до сега едноставно железницата има купишта проблеми кои треба да ги решава и со новиве возови се решава најмалиот и наједноставниот проблем како прво, нема најосновни услови во кои возовите треба да се чуваат и одржуваат, една перална што постои во земјава, па не ја користат како што треба затоа и го спомнувам расипаниот прозор... како прво, на менаџментот не му е гајле за одржување на она што го поседува... затоа возовиве за кратко време ќе станат невидени скапаници затоа и правам паралела со новите автобуси на ЈСП, така го тупевте и со нив, па сега се скапаници, а во поглед на услуга и менаџмент, претпријатитето е сеуште заостанато во титова младост... а поплаки може да слушнете колку сакате, од типот на мојава и оваа на phenomenon, затоа железницата си останува последен вид на превоз што еден жител на земјава би го одбрал за да стигне од точка а до точка б.. слободно радувајте се на новите возови додека не ви помине еуфоријата и додека не се вратиме назад во реалност |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|
Тој може еднаш патувал со воз, но јас сум патувал секоја вечер кога работев втора смена во Скопје и можам да ти кажам дека секогаш(буквално секогаш) се смрзнував во меѓународниот воз кој одеше на релација Солун-Белград. Истиот тој воз, задолжително ќе доцнеше барем 10-15 минути при поаѓање од Скопје (односно од 5 тргнувања, навреме ќе појдеше само еднаш). Моето искуство кога претпоследен пат патував со воз. Бев трета смена на работа во Скопје, сабота спрема недела. Работев до 6 часот. Во недела бидејќи се редуцирани линиите и автобус имав дури во 07:30, одлучив да одам со воз кој поаѓаше некаде околу 06:15. Чекав на железничката станица во Маџари. Утринскиот воз од Куманово доцнеше, а го влечеше локомотивата која потоа требаше да биде презакачена за овој воз што ќе оди до Белград. И така дојде возот за Белград во Маџари после 07:00. Во возот, не знам точно како бидна целата збрка, веројатно некој патник не сакал да плати казнен билет, па кондуктерите одлучија да му наплатат казна од 800 денари. Патникот нејќеше да плати и кондуктерите го застанаа возот на следната станица во Илинден за да чекаат полиција. Бидејќи во Илинден нема полициска станица, викнаа полицајци од Петровец. А ним им требаше еден час за да дојдат. И така јас наместо во 07:00 да стигнам во Куманово, јас стигнав во 08:50. Со најискршен велосипед да тргнев, ќе стигнев побргу. И оттогаш само еднаш се качив во воз. Значи заради еден безобразен патник сите останати да патат, беше капката што ја прелеа чашата. * Остатокот од постот што се однесуваше на железничките станици е префрлен во таа тема -Cloverstack Edited by Cloverstack - 03-May-2016 at 23:18 |
||
![]() |
||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
Трошки
![]() Како и да е, деновиве се возев со новиот воз, првпат на подолга релација - Битола. Искуствата ми се во главно позитивни и во голем дел се сложувам со Бојан. Прво и најосновно, се осеќаш достоинствено како патник. Второ, има ред. Картите се издаваат со ред, се почитува резервацијата на седишта, кондуктерот е присутен низ возот, возот поаѓа и стигнува на време. Трето, не знам дали беше случајно или луѓето навистина го чуваат новиот воз. Немаше ниеден инцидент, освен една постара жена што ги подигна нозете на седиштето до неа. Беше опомената, ги спушти. Впечатокот ми е дека полека свеста ќе исплива и кај нас дека ќе почнеме поодговорно да се однесуваме кон заедничките работи. И тоа ме радува. |
||
![]() |
||
mon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Dec-2009 Location: Europa Online Status: Offline Posts: 763 |
![]() ![]() |
|
Единствено нешто кое би го коментирал се „трошките„:
посакувам сите идни раководства на МЖ да не нудат со вакви „трошки„. ![]() ![]() Edited by mon - 03-May-2016 at 05:37 |
||
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/ exYU: http://malezeljeznice.net |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
![]() патниците не мора да се стока за одреден воз со текот на времето сам од себе да си скапе... прозорот поради кој измрзнав во шпанец нити беше скршен, нити беше расипан од страна на некој патник а на општиве теми и тоа како им е секаде местото, затоа што кога ќе ја погледнеш ситуацијата во глобала, сваќаш каде сме и на што сме не можеш ни да им се порадуваш на новите возови, затоа што знаеш дека тоа се ситни трошки кои ни се фрлаат да се порадуваме малце и да се правиме дека нешто било што се прави |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
mon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Dec-2009 Location: Europa Online Status: Offline Posts: 763 |
![]() ![]() |
|
Ова е тема за моторни гарнитури така да на една дискусија околу одговорноста/неодговорноста на МЖ не и е место овде. Оптимизмот и песимизмот пак од друга страна се чувства кои се поврзуваат со иднината а „кинезите„ се сегашност. Едноставно: колку ќе ги чуваме (ние, евентуалните патници) толку и такви ќе ги имаме. А со констатацијата дека возниот парк никогаш не бил проблем неможам да се сложам. Да се возиме во вагони постари од 30 години кои ги влечат локомотиви постари од 50 године е проблем, и тоа голем. ![]() |
||
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/ exYU: http://malezeljeznice.net |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Прво возење со новите возови ми беше денес. Мора да напоменам најпрво дека на Македонски железници не и се случила подобра работа во изминативе 3-4 децении. Тоа мора да се признае. Гарнитурите од Кина наспроти Шпанците и Горбачов се како фудбалски клубови од прва лига наспроти оние од втора или од трета.
Е сега, по првото возење и сите овие позитивни коментари кои следат, морам да дадам неколку забелешки, кои делумно можат да се решат „во од“ во натамошниот период. Како прво, не знам дали има и како функционира вентилационен систем, а не само ладење и греење. Од Битола до Скопје со цирка 200 патници и без можност да се отвори ниту еден прозор, со небањати луѓе, со кромид и месо кај дел од патници итн. итн. Е СТРАШНО. Како второ, внимание да се посвети на тоалетите. Имам чувство дека нашите „драги и ценети“ патници има во буквална смисла да се усерат на овој дел од возовите. Знам дека има сешто од луѓе, ама ќе треба да се посвети поголемо внимание на одржување хигиена во возовите. Како трето, мора да споменам дека нема место за велосипеди. Никаде не се предвидени. Можеби во иднина би можеле да се извадат едно-две седишта на еден дел од возот, па да се монтираат рачки за закачување на велосипеди. Тоа би било супер. Доволно е да има место за 2-3 велосипеди, повеќе не е потребно. Конечно, возот оди побрзо од старите возови. Не знам како, ама штом закасни на некоја споредба станица 5-10 минути, секогаш стигнува на време во поголемите градови. Скопје и Битола бевме точно на време. И да, како и кај секои од новите моторни гарнитури во Европа, по 2-3 часа возење, ќе сакате малку да станете и да прошетате поради потврдиот материјал на столчињата. Генерално земено, треба да кажам дека на форумов треба да вклучиме категорија за оценка на новите гарнитури. Од 1 до 5, јас во моментов би им дал 4. П.С. Железница ќе треба да научи да си ги цени патниците. Стигнувајќи во 22 часот во Скопје, сфатив дека има луѓе кои го чекаат експресниот воз од Солун за Белград со многу куфери. Сите тие сфатија на железничка станица дека возот не сообраќа до 17 јуни, поради реконструкција на пругата во Србија. Многу е непријатно тоа. Станува збор за меѓународни возови, организирани според меѓународна регулатива што изискува почитување на строги критериуми...АКО ВОЗОТ ПРИВРЕМЕНО НЕ СООБРАЌА ДВА МЕСЕЦИ, ТОГАШ ТРЕБА ДА ИМА АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ЗА ПАТНИЦИТЕ!!! |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
проблемот никогаш не бил во возниот парк, туку во неодговорноста на МЖ... ако 20 и кусур години не си ја средиле ситуацијата, нема да ја средат ни сега... ќе се радуваме на тоа колку убави се новиве возови некое време и после ќе треба да си се соочиме со реалноста дека тапкаме во место со развој и со сериозност и одговорност према луѓето кои даваат пари за сето ова исто вака сите го тапеа со новите автобуси на ЈСП, демек купиле нови и готово сите видоа светла иднина во нив... а факт е дека уште од времето кога имале старите реизови, ништо не е сменето, а сега сме 2016-та Edited by zabegan - 02-May-2016 at 20:49 |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
сеуште не сум се возел со змаевиве, но многу скоро разбрав дека штом вецето е затнато истите неможат да тргнат никаде ![]() ах нови возови, нема веќе авантура ко глава луфтирање низ прозор или прибирање закаснети патници во лет, а не пак оптегнување во купе и овие да не со нагибна технологија, или за тоа задоволство ќе почекаме уте некоја деценија!? во секој случај Аирлија подновата и технички и маркетиншки, патем што музика врти при патувањата ... |
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Дали може и официјално некој да ми ја потврди информацијата дека од 1 мај (недела) во сите возови (стари и нови) строго е забрането да се внесуваат торби, вреќи, домашни миленичиња (кучиња), точаци, и ред друга гарабаритна стока? Особено за делот со точаци ме интересира?
|
||
![]() |
||
mon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Dec-2009 Location: Europa Online Status: Offline Posts: 763 |
![]() ![]() |
|
Постојат патници кои ги интересираат и задоволни се од реализирањето на идејата „Велигденски воз„
кои повеќе од сигурно позитивно гледаат на ваквите настани. Битно е тоа да половина-вековната монотонија во Македоснките железници е прекината со набавката на „кинезиве„, со Велигденското украсувањето на истите се покажува нов начин на размислување. Останува уште многу проблеми да се решат меѓутоа набавката на овие гарнитури може да биде првиот чекор кон подобро утре за сите, и за МЖ и за патниците. Кога го велам ова се оградувам од политичките влијанија и цели во сето тоа и зборувам како обичен граѓанин кој се радува на убавите нешта. А убаво е да се види нов воз, убаво е да се види украсен воз, и насмевки кај патниците како на онаа фотографија на Владимир. . |
||
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/ exYU: http://malezeljeznice.net |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
дај не ме терајте со респектабилни членови да расправам ваква глупост... знам дека нема да ме разберете од преголема љубов према железницава дека зборам од аспект на клиент кој треба да плати одредена сума за цел ден да се клацка во воз и баш ич не му е гајле колку јајца ќе наредат во возот за велигден |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 41> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |