![]() |
![]() |
![]() |
Урбана мафија и дивоградби (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 27> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Општина Центар отстрани дивоградба на улица „Самоилова“ на Кале
![]() Градбата која е отстранета е објект од втора категорија, со димензии 10 метри на 5.5 метри, изграден од армирано бетонска конструкција, на земјиште сопственост на Република Македонија. Секторот за инспекциски работи на Општина Центар по извршениот вонреден надзор, постапувајќи по член 134, став 1, алинеа 1 и член 137, став 1 од Законот за градење, донесе решение за отстранување на објектот, затоа што инвеститорот не поседува одобрение за градба и останата документација. Инвеститорот, согласно членот 142 од Законот за градење, има три дена за сам да постапи по решението. Откако истиот не постапил, Секторот за инспекциски работи присилно го отстрани објектот. Општина Центар упатува апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти, да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти. https://kanal5.com.mk/opshtina-centar-otstrani-divogradba-na-ulica-samoilova-na-kale/a510628 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() https://www.facebook.com/groups/145337166272043 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Нов ден, нов бетон на Калето
Автор: Гоце Трпковски Објавено на 24 ноември 2021 Ливчето од градежната инспекција, заглавено меѓу две тули за да не го дувне ветерот, е единствениот податок што може да се најде на новото градилиште во близина на скопската тврдина Кале, каде што непознат инвеститор на државно земјиште направил бетонска платформа од шеесетина квадрати и донел други градежни материјали за да изѕида објект. Во него е наведен датумот и времето кога градителот треба да се појави во Општина Центар и да донесе документи за градбата, ако ги има. Ова е втора покана што ја оставиле општинските инспектори, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. „Досега двапати никој не се појави. Инспекцијата ќе остави и трета покана, а ако и тогаш не дојде инвеститор, ќе мора да почнеме постапка за уривање. За жал, тогаш тоа ќе биде на наша сметка, бидејќи не е познато кој гради“, додава градоначалникот. Кај дивоградбите со познат инвеститор, трошоците за уривањето и за отстранувањето ги покрива тој. Но, овде општината нема начин да дознае кој гради, освен да остави покана и да се надева дека некој ќе се јави. Нелегалното градење во околината на скопското Кале веќе наликува на трките за грабање земјиште од американските вестерн-филмови, во кои сѐ што треба за некој да стане сопственик е да си стави свое обележје на плацот на кој му фрлил мерак. Новата бетонска платформа, не само што се наоѓа на државно земјиште, туку е изградена на катастарската парцела со број 5071/1, огромна површина од над 180 илјади квадратни метри (18 хектари). Таа ја опфаќа и самата тврдина и поголемиот дел од просторот што, според важечкиот Генерален урбанистички план за Скопје, треба да биде заштитен како нејзина контактна зона. ![]() Со текот на времето и во отсуство на соодветна заштита и грижа, дел по дел се нагризува оваа парцела. На неа веќе постојат дваесетина приватни објекти, соодветно заведени во катастарот на недвижности. Според катастарските документи што ги добивме, главно станува збор за сопственици со адреси на улицата Самоилова, каде што се наоѓа Калето (со исклучок на двајца), а објектите се постари дивоградби што биле легализирани според законот донесен во 2011 година. Потоа некои биле реновирани или целосно реизградени, а еден служи и како угостителски објект. Случајно или не, новата платформа, покрај која веќе се наредени тулите и бетонот и се чекаат само работници за да изѕидаат објект, се појави откако излегоа најавите за донесување нов закон за легализирање дивоградби, од една страна со поголемо финансиско оптоварување за градителите (наместо со едно евро за квадрат како порано), но од друга со олеснителни околности во врска со градењето во заштитени подрачја. Така овој јавен простор веднаш спроти турскиот конзулат, со панорамски поглед кон половина Скопје, на кој до неодамна немаше ништо, освен заборавена камионска приколка со ознаки од скопска транспортна компанија, прво се огради со зимзелени дрвца за да се попречи погледот, а потоа се бетонираше. Според Општина Центар, нема никакви дилеми дека сегашната градба е спротивна на законите и дека единственото решение за неа е уривањето. Но, во изминативе неколку години, градењето околу Кале, дури и кога беше диво, не беше целосно нелегално. БИРН веќе пишуваше дека бавноста на институциите надлежни за заштита на културно-историското наследство и нивната заплетканост во бирократски процедури овозможи на овој чувствителен и историски важен простор за државата да се создаде сива зона, во која некои опортунистички инвеститори знаеја да се снајдат. Генералниот урбанистички план предвидува целиот простор меѓу тврдината и Музејот на современа уметност, како и меѓу музејот и француските воени гробишта, да биде парк. Веќе имаше и конкурси, домашни и меѓународни, за да се дизајнира како тој би изгледал, каде би имало патеки, каде отворени простори за културни настани и друго. Но, за да се реализира тоа, прво треба да се направи елаборат за ревалоризација на тврдината, документ со кој прецизно ќе се определат границите на заштитената и на контактната зона, како и правилата што смее и што не смее да се прави таму, за да не се нарушат вредностите на просторот. Тој документ и натаму е во постапка за донесување, иако поминаа речиси пет години откако завршија децениските археолошки истражувања на тврдината и се отвори просторот за нејзино уредување и туристичка презентација. За просторот никогаш досега не се направил ниту детален урбанистички план. Сега се подготвува првиот. Ако тој ги следи одредбите од Генералниот план, а мора да ги следи, освен Калето и музејот, целиот преостанат простор треба да биде зеленило. Но, градбите се веќе тука и се легализирани, па ниту може да се урнат, ниту да бидат соодветно вклопени во урбанистичката документација. По сето тоа, откако на дел од сопствениците им појде од рака да имаат легални објекти на овој подзаборавен, но атрактивен простор во центарот на главниот град, макар тие законски „виселе во воздух“ бидејќи се на државно земјиште, тоа охрабри и други да си ја пробаат среќата во оваа трка за парче земја околу Калето. Следниот развој ќе зависи од тоа кој ќе биде поажурен – општинската инспекција или непознатиот градител. Историските сателитски снимки покажуваат дека во изминативе години биле доволни неколку месеци за да се изградат куќи на државното земјиште, ако ниеден инспектор не го сврти погледот нагоре кон ридот. Една таква дивоградба стои веќе две години, затскриена зад легализирани објекти, но од северната страна на Музејот на современа уметност, меѓу овој објект и француските гробишта. Таа се забележува само од небото, но новата платформа се гледа од улица. Градоначалникот на Центар, Герасимовски вели дека е решен да ѝ стави крај на оваа појава. Побара јавноста повеќе да го пријавува нелегалното градење, за да може неговите служби да реагираат навреме. Јавноста не беше пасивна ниту досега. Вработените од Музејот на современа уметност, во изминативе пет години испраќале претставки до различни институции, секогаш кога ќе забележеле нови градежни активности во т.н. Кале маало. Ги алармирале градоначалниците на Центар и на Скопје, нивните градежни инспекции, Државниот градежен инспекторат и други, но или не добивале одговор, или добивале оправдување дека некоја од установите каде што се обратиле не била надлежна за проблемот. https://prizma.mk/nov-den-nov-beton-na-kaleto/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Без проверка за потеклото на капиталот во Маврово влегоа инвеститори од Албанија и Косово
![]() аму каде што ВМРО-ДПМНЕ почна, СДСМ продолжи. Проектот приватно село од 87 куќи под хотелот Радика во Маврово почна да се црта по општинските канцеларии на Општината Маврово Ростуше уште кога градоначалникот беше од ВМРО-ДПМНЕ, Мукрем Мехмеди, а продолжи со градоначалникот од СДСМ, Медат Куртовски. Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) истражуваше за сопствениците на оваа инвестиција – еден од најбогатите луѓе од Албанија и еден од најбогатиоте луѓе од Косово. Александар Пило, банкар од Албанија, како мнозински сопственик, ја основа компанијата „Радика ресорт“ откако во 2006 година за 700 илјади евра го купува стариот имот на загубарот Железара, хотелот „Радика“, а дополнително низ годините ќе се стекне со 170.000 квадрати државно земјиште. Во сопственичката структура на „Радика ресорт“ се споменуваат и имињата на Моника Мило, Малтин Коркути, Артан Санто, кој беше и генерален директор и водечки акционер во „Крединс бaнк“. Во 2014 година Артан Санто е ликвидиран во мафијашки стил среде Тирана. Убиството го следат многу контроверзи пропратени шпекулации за вмешаност на организираниот криминал. Мотивите и нарачателите се енигма до денес бидејќи албанската полиција не бележи напредок во истрагата. Од 2013 во ресортот има нов партнер. Тоа е фирмата „Алкора“ од Тирана во сопственост на извесен Артур Синани, албански бизнисмен чии деловни активности не се познати во јавноста. Од 2013 до 2017 Пило и „Алкора“ заедно го водат ресортот. Пило е еден од најбогатите 10 Албанци во државата. Поседува медиуми, шопинг и забавни центри на најатрактивните локации во земјата, фирми за финансиски и банкарски услуги, а преку фирмата „Емигрос“ врши и други активности, како инвестиции на крајбрејжјето во Албанија. Сопственик е на удели и член е на Управниот одбор на „Крединс банк“, првата приватна банка во Албанија која настана со приватизација на државната банка. Некои од нејзините најистакнати лица во првите години на инвестицијата се нашле во сопственичката структура. Од 2017 година нов сопственик е Шериф Рамука, косовски стопанственик, омразен кај еколошките активисти поради неговите зделки со малите хидроелектрани во Косово. Истата година во Тирана се прави друга зделка: Шериф Рамука ги купува сите удели од Артур Санини во албанската фирма „Алкора“. Од Централниот регистер во Косово може да се види дека 43-годишниот Рамука е сопственик е на „Алба груп“, конзорциум кој се бави со градежништво, ископ на руда, транспорт, инвестира во мали хидроелектрани. ИРЛ открива дека првите одобренија за градба се дадени уште во 2017 година, неколку дена пред локалните избори. Тогашниот градоначалник непосредно пред изборите наплатил комуналии за 22 објекта од предвидените 87. Новиот сопственик на „Радика ресорт“ доаѓа во време кога статусот на Националниот парк Маврово не е редифиниран и не се исцртани забранетите зони за градење. Но тоа никој не го прави од 1952 година. Шериф Рамука еден месец откако го презема ресортот Радика, поднесува барање за изградба на 10 куќи. Барањето го поднесува врз основа на постоечки урбанистички план за село Леуново донесен од општината Маврово и Ростуше. Тогаш општината ја води Мукрем Мехмеди од ВМРО-ДПМНЕ и ги одбројува последните месеци од неговиот мандат. Градоначалникот дозволата ја потпишува само два дена пред локалните избори, на 13 октомври 2017 година. Потоа општината ја презема градоначалникот Медат Куртовски од СДСМ, а под хотелот Радика почнува да се градат првите десет куќи. Планерската куќа од Гостивар „Полог проект“ изработува Архитекстонско-урбанистички проект (АУП) со намена Б5, односно хотелски комплекс и изградба на 87 куќи. Архитектонско-урбанистичкиот проект е доставен до градоначалникот на Маврово-Ростуше и во отсуство на урбанистички план, тоа е документот врз основа на кој инвеститорот бара дозвола за градба на останатите куќи од проектот „Радика вилиџ“. Градоначалникот Куртовски на 31 октомври 2018 година го отвора патот за багерите на Шериф Рамука и тој продолжува да го гради туристичкото село покрај Мавровското Езеро. Кога градежната офанзива добива поголеми размери, локалците и сопственици на викендици од Леуново забележуваат дека тој дел од мавровскиот крај неповратно ќе се бетонизира и пишуваат писмо до 20 институции и организации. Никнуваат огромни градби во близина на брегот на езерото, онаму каде што не е дозволено според котите за нивото на езерото определени од ЕСМ. Кон крајот на 2020 година Рамука бара нова дозвола за градба на уште 22 куќи. Документацијата ги поминува сите контролни фази со десетина институции кои се вклучени при издавање на градежна дозвола. Општината констатира дека инвеститорот го завршил техничкиот и бирократски дел и во јули годинава му дава пресметка за да плати комуналии. Водејќи се од претходното искуство, кога инвеститорот ги плаќа комуналиите, а дозволата за градба градоначалникот ја потпишува во рок од 10 дена, Шериф Рамука одлучува да почне да гради без официјалното одобрение за градба. Надевајќи се дека во меѓувреме сигурно ќе стигне. Но, тогаш во медиумите се појавува напис дека покрај Мавровското Езеро за две години се изградени 20-тина викенд куќи, а инвеститорот планира вкупно 87. Градоначалникот е под притисок на постојани прашања од новинарите, кои бараат одговори како и под кои услови издава дозволи за градење. Притисокот врз градоначалникот го засилуваат и мештаните кои бараат да се стопира градежната експанзија, а се ближат и локалните избори. Градежен инспектор од општината издава решение за уривање на 9 куќи. Истиот инспектор, Ќирко Џуковски, претходно ја потпишал и дозволата за градба. Решението за уривање е издадено, никој не урива, а инвеститорот си продолжува со градењето. По издавањето на решението за уривање, гостиварската полиција поднесе и кривична пријава против Шериф Рамука за бесправно градење. Основното јавно обвинителство отвори и предистражна постапка за овој предмет. „Не можам да разберам зошто ова се прави, бидејќи јас ги имам сите документи и стојат и кај мене во архива, а ги има и општината. Како би можел да градам 87 викендици без дозвола, без ништо. Можеби за една викендица ќе го направиш тоа, но 87 викендици не се шала. Јас сум сериозен инвеститор со сериозна компанија и инвестирам милиони. Ова го нема никаде, да платиш толку пари, а да не ти дадат дозвола да градиш. Ова само во Маврово го има“, изјави за ИРЛ Рамука. https://www.mkd.mk/makedonija/razno/bez-proverka-za-potekloto-na-kapitalot-vo-mavrovo-vlegoa-investitori-od-albanija-i |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ова е најголемиот и најконтроверзниот сет спорни градби во општина Маврово и Ростуше.
Планирани се 87, а веќе се изградени 17 типски куќи кои треба да бидат дел од проектот наречен село Радика. ![]() ![]() https://www.facebook.com/IRLMacedonia/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
24 СТОРИЈА: СРЕД КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ДИВОГРАДБА
https://24.mk/details/24-storija-sred-klinichki-centar-divogradba |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Маврово нема кој да урива дивоградби, и со решение за уривање под хотелот Радика продолжува изградбата на 9 куќи
На 15 септември издадено е решението за уривање на 9 куќи што се градат под хотелот Радика во село Леуново, Маврово. Инвеститорот Радика резорт имаше рок од 15 дена тоа сам да го стори. Поминаа 15 дена, поминаа 30 дена, поминаа 48 дена... Во решението на општинските служби за урбанизам пишува дека „ако градбата не се отстрани во определениот рок, ќе се пристапи кон присилно административно извршување на решението“. Без рок за пристапување... Деновиве инвеститорот си продолжи со градежните активности. И додека се чека кон пристапување кон извршување на решението, околу дивоградбите под хотелот Радика повторно е ангажирана градежната механизација, работници, ама не за уривање, туку за продолжување на градбата. Никој од општинските власти во меѓувреме не ја известил јавноста дека решението веќе не важи, дека нешто згрешил раководителот на одделението за инспкциски надзор и овластен градежен инспектор на Општина Маврово Ростуше Ќирко Џуковски, дека се смениле границите и котите за градба според нивото на езерото на Електрани на Северна Македонија... Да не заборавиме и тоа дека за овој случај Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар на 5 октомври поднесе кривична пријава против две физички лица во својство на управители во правниот субјект ДТТУ Радика резорт ДООЕЛ увоз-извоз. А три дена потоа и поднесена е и трета кривична пријава за дивоградбите во Леуново против Ш.Р. (42) од Косово, поради сомневање за сторено кривично дело бесправна градба. И пак никому ништо. https://www.mkd.mk/makedonija/razno/vo-mavrovo-nema-koj-da-uriva-divogradbi-i-so-reshenie-za-urivanje-pod-hotelot |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Општина Маврово-Ростуше по изборите нема кој да урива дивоградби
Маврово-Ростуше по локалните избори е со нефункционална локална самоуправа. Вработените во општината деновиве се недостапни за телефонски повици или не се на работа за да одговорат на прашања од доменот на своето работење откако локалните избори не донесоа избор на нов општински Совет и градоначалник. „Слободен печат“ уште пред неколку дена ја праша Општината дали ќе се уриваат спорните девет објекти-вили во склоп на ресортот „Радика“ во селото Леуново за кои општината донесе решение за уривање уште на почетокот на минатиот месец, но не добивме никаков одговор. Побаравме и да ни биде одговорено дали Општината знае за огромната дива депонија со градежен шут во близина на детското одморалиште Бунец и што ќе биде превземено. Досегашниот градоначалник на Маврово-Ростуше, Медат Куртовски нѐ упати на општинските служби бидејќи, како што самиот кажа, тој самиот не знае дали сѐ уште е градоначалник откако локалните избори во оваа општина, како и во соседната Центар Жупа, завршија без да биде избран градоначалник и општински Совет. Секретарот на Општината, Осман Сејдиу ни потврди дека само тој е на работа деновиве и дека одговорите на нашите прашања ќе ги добиеме од надлежниот комунален инспектор Ќирко Џукоски, меѓутоа на неговиот службен број се вклучуваше телефонска секретарка. Од Владата информираат дека тече рокот од 15 дена за избор на повереник за општините Маврово Ростуше и Центар Жупа откако на 3 ноември добиле официјален допис од Државната изборна комисија дека, согласно објавените конечни резултати за првиот изборен круг од локалните избори во овие две општини, не е исполнет цензусот предвиден во одредбите со Изборниот законик. Тоа значи дека до 18 ноември Владата треба да именува повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалникот, бидејќи мандатите на досегашните градоначалници се завршени. За распишување на нови избори, според истиот член, Владата во рок од 15 дена по изборот на повереник, го известува Собранието на Северна Македонија. Основното јавно обвинителство – Гостивар постапува по случајот дивоградби во Леуново. По поднесена кривична пријава, обвинителството оформило предмет против две лица за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик. Јавен обвинител издал наредби за прибирање на потребната документација со цел да се утврди фактичката состојба. Во предметот се постапува во предистражна постапка, а по приемот и анализата на документацијата ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошното постапување, информираат од Јавното обвинителство. Неофицијално, се работи за косовски државјани сопственици на фирмата „Радика Ресорт“, кои на некогашно државно земјиште, стекнато по основ на продажба од страна на општината и заокружување на парцелата, градат 87 луксузни вили кои се дивоградби. https://www.slobodenpecat.mk/vo-opshtina-mavrovo-rostushe-po-izborite-nema-koj-da-uriva-divogradbi/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Кале и Беко се доказ дека државата нѝ е дивоградба
https://samoprasaj.mk/naacik/2128-kale-i-beko-se-dokaz-deka-drzavata-ni-e-divogradba |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Дури и да се заврши и да има чиста имотно-правна ситуација, па кој будала ќе сака да купи стан баш тука?? Да купиш стан тука, и да ти доаѓаат поединци кои ќе тврдат дека "нивни" бил станот, дека они први го купиле. Зашто некој би си ставил таков трн?? Освен, ако повтоно становите не бидат актуелни заради пониска цена од околната новоградба.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Дали ќе заврши сагата на несудените станари на „Антигона“!?
![]() ![]() Стечајниот управник Весна Спирковска го реобјави огласот за продажба на правото на градба на станбено-деловниот објект „Антигона 2“ кој се наоѓа на улица „Иван Козарев“ бб во Кисела Вода. Станува збор за една од двете згради што ги градеше фирмата „Фи-ком“. Инаку, стечајната управничка претходно го закажа јавното наддавање за 15 октомври (минатиот петок). Во новиот оглас електронската аукција ќе се одржи на 4 ноември 2021 година од 10 до 10:30 часот. Наддавањето на заинтересираните купувачи ќе се реализира преку системот Е-стечај што се води при Централниот регистар, а правните и физичките лица кои сакаат да учествуваат треба прво да се најават кај стечајната управничка и потоа најдоцна до 2 ноември да уплатат депозит или да достават банкарска гаранција во висина од 10 отсто од проценетата објавена вредност на објектот. Овој објект е изграден до фаза на отворена карабина и проценет е на 56.698.550 денари, односно на околу 922 илјади евра. Според огласот, јавното наддавање ќе биде со минимален износ од еден милион денари, односно 16.260 евра. Избраниот најповолен купувач цената што ја понудил на наддавањето ќе треба да ја уплати во рок од осум дена по приемот на решението, а ако не го стори тоа ќе остане без депозитот. Тој, исто така по успешното купување треба да ги плати даноците и другите давачки што произлегуваат од продажбата. – Имотот предмет на продажба може да се разгледа секој работен ден од 9 до 14 часот по претходна најава кај стечајниот управник. Имотот е вклопен во урбанистичките планови на општина Кисела Вода, објави стечајната управничка врз основа на Одлуката на Собрание на доверители на стечајниот должник од 4 јули 2007 година и одлуката на Одборот на доверители од 20 септември 2021 година. Според условите во огласот, купувачот ги презема сите права и обврски утврдени согласно со договорите за заедничка градба или соинвеститорство кои ги склучил стечајниот должник пред отворање на стечајната постапка со сопствениците на градежното земјиште. Тој нема да може да ја урне карабината и на нејзино место да изгради нов објект, туку да го заврши објектот и потоа да им ги предаде становите и дуќаните на поранешните сопственици на локацијата. Корист од продажбата ќе имаат и доверителите кои од парите ќе добијат процентуален дел од утврденото побарување, но не и десетиците семејства кои уплатија стан во зградата, зашто во изминатите години низ судските постапки останаа без право на надомест за вложените пари. Во 2006 година изби скандалот со неколкукратното продавање на станови во оваа зграда, а оние кои купија стан во овие згради, претрпеа огромни финансиски штети, проценети на околу 10 милиони евра. Сопственикот на фирмата “Фи-ком”, компанијата што ја изградила „Антигона“, и неговата сопруга подоцна беа осудени за измама на стотици граѓани продавајќи исти станови на повеќемина купувачи истовремено. И двајцата добија затворски казни за измама и за даночно затајување. Тој беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија. Случајот официјално беше затворен како самоубиство. Мамката со која жртвите биле привлекувани биле ниските цени по квадратен метар. Инвеститорот ги намалувал цените за 20-30 отсто и тоа е причината зошто клиентите давале пари без да влезат на имотот. Поради големиот попуст купувачите веднаш се согласувале. Впрочем, оштетените купувачи на становите уште во 2008 година бараа нов инвеститор кој ќе го доврши овој станбено-деловен објект и со тоа да им заврши сагата. Затоа, прашуваат зошто толку време се чекаше да се направи продажбата на правото на градба. https://www.vecer.press/дали-ќе-заврши-сагата-на-несудените-ст/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
И официјално: Општина Маврово-Ростуше донесе решение за уривање на деветте куќи под хотелот Радика Компанијата Радика резорт доби решение за уривање на деветте вили што без дозвола се градат под хотелот Радика во Маврово. Општината Маврово Ростуше под притисок на јавноста конечно и официјално донесе решение со кое на инвеститорот Радика резорт му се наложува во рок од 15 дена да ги отстрани градбите, 9 типски објекти изградени во армирано-бетонски скелетен систем. Градежните инспектори на Општина Маврово и Ростуше првиот увид го извршиле уште во март годинава, по што било констатирано дека инвеститорот нема одобрение за градба. Планот на инвеститорот е тука да се изградат 87 такви типски куќи, а изградбата на првите девет продолжила и после март. На 15 септември бил извршен уште еден увид од страна на градежните инспектори, но изградбата продолжила. Во решението на општината пишува дека доколку инвеститорот сам не ги урне нелегално изградените објекти, тоа ќе го стори општината, но трошоците ќе мора да ги намири инвеститорот. Надлежниот градежен инспектор во документот пишува дека од разговорот со претставници на хотелот Радика, овластеното лице Мурат Јусуфи му кажало дека градежните активности продолжиле затоа што инвеститорот сметал дека затоа што на 2 јули 2021 година има платено комуналии за 22 објекти во вредност од 56.188 евра може да гради и дека одобрението ќе го обезбеди во најкус можен рок. Рокот за уривање e веројатно до средината на октомври, а мештаните велат дека работниците си продолжуваат со изградбата на куќите. https://www.mkd.mk/makedonija/razno/i-oficijalno-opshtina-mavrovo-rostushe-donese-reshenie-za-urivanje-na-devette-kukji |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Добро што измислиле знак што одговара на реалната теренска ситуација. Ама што правиме ако недајбоже се случи некоја сообраќајка и знаков го нема во ниеден каталог на знаци што е дел од подзаконските акти за безбедност во сообраќајот?? Ваквиот проблем е потценет додека еден адвокат правник не се запне, и не добие некој случај заради овакви глупости! Исто како со оние кобајаги "креативни уметнички дела" на места на пешачки премини, за кои на просечен возач му треба повеќе милисекунди да свати дека е пешачки.
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Одобрени 17, се градат 87 бунгалови во „Радика вилиџ“!
![]() Општина Маврово-Ростуше, на инвеститорот ДТТУ „Радика резорт“ ДОО увоз-извоз село Леуново, уште во 2018 година му одобрила изградба на седум објекти-депанданси, односно бунгалови „тип 2“ (објект од втора категорија) на една од катастарските парцели, како и за 10 бунгалови „тип А“, кои се водат како објекти за комерцијални и деловни намени од втора категорија. Ова од добиената документација го утврдил Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), кој беше во вонредна инспекција на терен, откако медиумите известија дека 87 вили се градат во Леуново, во рамките на Националниот парк „Маврово“, а немаат дозволи за градба. Поради низа неправилности, поведена е постапка кон правното лице „Радика резорт“ ДООЕЛ с Леуново. Од ДИЖС велат дека Општина Маврово-Ростуше со решение од септември 2021 година наредила отстранување на девет типски објекти на „Радика резорт“ ДООЕЛ во одреден временски рок, кои се во фаза на градба, без соодветно одобрение за градба. Голем зорт од „Радика резорт“ ДИЖС утврдил многубројни неправилности во работењето на хотелскиот комплекс „Радика“. Хотелот не плаќал надоместок за користење на води, иако бил обврзан со Законот за води, но исто така и зафаќал вода од извори во селото Леуново, а немал поставено мерач на проток. Да биде проблемот посериозен, отпадните води од хотелот сѐ уште непречистени се влеваат директно во Мавровското Езеро, иако резортот „Радика“ беше уште минатата година задолжен од ДИЖС да изгради пречистителна станица. Планираната изградба на 87-те вили само дополнително би го оптовариле екосистемот на Мавровското Езеро и на самиот национален парк со огромни количества непреработени загадени отпадни води, сметаат од ДИЖС. Електрани на Северна Македонија ЕСМ во својот допис од февруари годинава дала негативно мислење за изградбата на спорните 87 куќи на комплексот „Радика“. „Опфатот зафаќа во акумулација Маврово (под кота 1.233 м.н.в.) и излегува во заштитниот појас од 50 метри од максималната кота на акумулацијата, дефиниран во Законот за води како заштитен појас, во кој не треба да се планираат и изведуваат градежни активности“. Според ЕСМ, не може да се даде согласност за изработка на планираниот АУП во предложените граници на опфат, туку треба во еден дел кој се наоѓа под заштитниот појас од 50 метри, да се коригира. ДИЖС: ЕСМ во 2010 година различно мислело отколку денес Според ДИЖС, мислењето на ЕСМ е контрадикторно со документот издаден од ЕСМ во 2010 година, во кое компанијата дала позитивното мислење за регуларноста на градење на објектите на истата парцела. ДИЖС побарал од Државен инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши инспекциски надзор на постапката за носење Архитектонско урбанистички проект (АУП) за формирање градежна парцела во рамките на катастарската парцела 934/1 КО Леуново, со намена Б5, за хотелски комплекс, од април 2018 година, и да биде известен во рок од 10 дена. Градоначалникот на Општина Маврово-Ростуше, Медат Куртовски, за „Слободен печат“ пред неколку дена изјави дека инвеститорот на спорниот комплекс на вили крај хотелот „Радика“ поднел барање за одобрение за градба, но сѐ уште го нема добиено поради реакциите на јавноста за нивната изградба. Куртовски потврди и дека, откако било поднесено барањето, тие си почнале да градат без да чекаат издавање на одобрението. Градоначалникот тогаш тврдеше дека 87-те куќи во Леуново нема да можат да се легализираат додека не биде изградена пречистителната станица за отпадните води. Менаџерот на „Радика“ на пат уште 10 дена, вилите од „Радика вилиџ“ на продажба „Слободен печат“ се обиде да стапи во контакт со инвеститорот, односно менаџерот на проектот за вилите во Леуново, но од администрацијата на хотел „Радика“ ни беше соопштено дека лицето чиешто име не сакаа да го кажат, ќе биде на пат уште 10 дена. Во меѓувреме, на интернет постои страница на која се рекламираат и продаваат вилите во близина на хотел „Радика“, под име „Радика вилиџ“. https://www.slobodenpecat.mk/odobreni-17-se-gradat-87-bungalovi-vo-radika-vilidzh/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Дивоградбата кај амбулантата во Ченто пред свечено отворање, надлежните молчат
![]() ![]() Дивоградбата во близина на здравствениот дом во Ченто е веќе готова, а надлежните од Општина Гази Баба се без одговор како и зошто дозволиле таа да биде изградена. Три ипол месеци откако „Слободен печат“ пишуваше за случајот со нелегална градба на улица „Маџари“ која се гради на државно земјиште и за која градоначалникот на општината, Борис Георгиевски тврдеше дека „нема никакви шанси да се легализира“, таа веќе е речиси готова и се поплочува приодот кон објектот. Крајно револтирани сме од градоначалникот на Гази Баба и неговата желба за лесни пари и непочитување на законот. Повеќе време незаконски се гради на државно земјиште, на диво и по сите новинарски екипи поминати градбата е скоро готова. И додека ние како обични граѓани треба да и плаќаме на државата комуналии, да собираме документи, некои очигледно можат да си градат како сакаат и никому ништо“, вели жител од соседството, кој побара да остане анонимен откако некои негови соседи кои давале изјави за медиуми или се обидувале да го фотографираат објектот, се соочиле со закани од луѓето кои градат. Катастарската парцела на која се гради овој објект и припаѓа на државата, додека, пак, објектот кој стоел на неа, односно бараката која во минатото имала општествени намени, била продадена на лицето Исни Адеми, кој е инвеститор на новиот објект. Тој од Општина Гази Баба добил дозвола за реконструкција на бараката, но изградил неколкукратно поголем објект, со голем габарит, узурпирајќи државно земјиште. Во деталниот урбанистички план на Гази Баба, оваа парцела е со намена за јавни површини – тротоари, паркинг и зеленило, во рамките на ГУП за Скопје, кој на овој простор предвидел А-домување, односно индивидуални станбени објекти и помошни урбани содржини. Градоначалникот на Гази Баба, Георгиевски, како и овластената градежна инспекторка на општината, Милка Петковска два дена не одгововараа на телефонските повици при нашите обиди да ги контактираме, иако претходно беа известени со пораки за што точно ги бараме. Градилиштето на улица „Маџари“ и натаму е без информативна табла на која треба да стои називот на инвеститорот и бројот на решението за градба, што е законска обврска. Градежната инспекторка Петковска во разговор за „Слободен печат“ во јуни потврди дека инвеститорот добил дозвола за реконструкција на дрвена барака која таму постоела и дека новата градба ги надминала параметрите на дозволата, поради што таа издала решение за прекин на градба. Во меѓувреме, инвеститорот ја обжалил одлуката на инспекторката на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, која донела решение со кое е поништена одлуката на инспекторката и предметот е вратен на повторно одлучување. Жителите на овој крај, кои нѐ контактираа, уште кон крајот на мај иницирале петиција со над 200 потписи, која ја доставиле до Советот на општината и до градоначалникот, до државен инспекторат, до разни инспекции и институции, но без резултат. https://www.slobodenpecat.mk/divogradbata-kaj-ambulantata-vo-chento-pred-svecheno-otvoranje-nadlezhnite-molchat |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Нови дивоградби во Маврово, се градат 87 куќи под хотелот „Радика“
![]() ![]() ![]() Дивеењето и неконтролираната градба не престанува во Маврово. Месните заедници, жителите, сопствениците на викендици се обидуваат да апелираат до надлежните во општината и во Министерството за транспорт и врски, меѓутоа неконтролираната градба на територијата на Општина Маврово Ростуше не престанува. Во моментов во тек е изградбата на дури 87 викенд куќи. На 24 јули во Маврови Анови градоначалникот на Општина Маврово Ростуше Медат Куртовски одржал средба со граѓаните и со претставници на неколку месни заедници на која му било укажано на ова најново дивеење на сопствениците на хотелот „Радика“. На средбата присуствувале и одговорните за урбанизам во општината. Присутни на средбата за МКД.мк сведочат дека и градоначалникот и одговорните службеници за урбанизам рекле дека за овие градежни активности нема дозвола за градба. Жителите на Леуново добиле ветување дека ќе биде интервенирано. На терен изградбата на овие објекти продолжува и во септември. Од општината на прашањата на МКД.мк нема одговор. Она што е интересно е дека компанијата ЕСМ, како надлежна компанија за вештачкото Мавровско Езеро исто така има одговорност за давање согласност за градба околу езерото. Во случајов, била побарана таква согласност, но одговорот уште во јуни минатата година бил негативен. „Опфатот зафаќа во акумулација Маврово (под кота 1.233 м.н.в.) и излегува во заштитниот појас од 50 метри од максималната кота на акумулацијата, дефиниран во Законот за води како заштитен појас во кој не треба да се планираат и изведуваат градежни активности… Не може да се даде согласност за изработка на планираниот АУП во предложениете граници на опфат, туку треба во еден дел (под заштитен појас од 50 метри) да се корегира. Откако ќе се корегира опфатот на урбанистичкиот проект нека ни се достави повторно на увид“, пишува во одговорот на ЕСМ на барањето на „Пологпроект -про“ од Гостивар, фирмата која ги изготвила плановите. Жителите на Леуново веќе подолго време се жалат на нередовно снабдување со вода. Хотелот „Радика“ има и неколку покриени и затворени базени и спа-центар, па сомневањата се дека една од причините за нередовното снабдување со вода е и хотелот. Во март годинава Државниот инспекторат за животна средина констатирал дека на територија на Националниот парк Маврово неколку хотели и угостителски објекти не поседуваат елаборат за заштита на животната средина и директно ги испуштаат отпадните води во Мавровското Езеро или реката Радика. Еден од тие хотели е и „Радика“, а тука веќе се градат нови 87 објекти. https://www.mkd.mk/makedonija/razno/novi-divogradbi-vo-mavrovo-se-gradat-87-kukji-pod-hotelot-radika |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Бизнис во дивоградба – кичевци револтирани, инспекторатот не дава одговор
И по два месеца нема никаков епилог за дивоградбата во населбата Бала Мала во Кичево. Објектот е изграден на јавен имот кој е прогласен за културно наследство од Министерството за култура. Објектот е издаден и во него е отворена продавница за детски играчки. Лицето кое сега ја менаџира продавницата вели дека објектот го зел под наем и тоа со договор за 5 години. -Под наем, со договор, имаме договор за 5 години. Жителите од населбата велат дека иако поминале 2 месеца,никој не ги информирал за ништо. Тие бараат објектот да се отстрани што поскоро и да се отвори патот од стариот дел на градот, во спротивно ќе преземат порадикални мерки. Адвокатот на жителите од оваа населба вели дека од 26 јули оваа година нема никаков одговор од Инспекторатот за урбанизам и другите релевантни институции. АРИЈАН ИМЕРИ, АДВОКАТ „Ние на 9 јули се обративме до Инспекторатот за урбанизам во Скопје и на 26 јули 2021 од страна на Државниот инспекторат за урбанизам во Скопје добивме информација дека побарале од градоначалникот Фатмир Дехари , во рок од 5 дена да ги информира за објектот. Дали има дозвола, дали е изграден на државен имот,и од 26 јули немаме никаков одговор а објектот остана на местото каде што е изграден.“, вели Аријан Имери. Дехари вели дека местото каде што е изграден не е под надлежност на општината, ниту под општинскиот инспекторат бидејќи е изграден на државен имот, тој вели дека го известил Државниот инспекторат за урбанизам дека објектот е дивоградба и е изграден на државен имот. „Инспекторатот откако ги доби сите информации и потребни мерки, го известивме државниот инспекторат и потоа следеше и посета на лице место каде што е изграден објектот и од страна на државниот инспекторат и ние како институција чекаме да видиме какво ќе биде епилогот од страна на државниот инспекторат.“, вели Дехари. Од државниот инспекторат за урбанизам не одговорија на прашањата на ТВ21 до овие моменти. На местото каде што е изграден објектот имало барака која е урната на 13 јуни и веднаш потоа, за неколку дена е подигнат овој објект, на местото кое било предвидено за улица во населбата Бала Мала, на улицата Охридска која води кон улицата Маршал Тито. https://mk.tv21.tv/biznis-vo-divogradba-kichevtsi-revoltirani-inspektoratot-ne-dava-odgovor/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Скопје го менува ликот со „фаст фуд“ урбанизам
Градежен бум со непочитување на урбанистичките правила. Вака може да се опише динамиката на градење во Скопје во последниве години/последнава деценија, кој постојано го менува својот лик којшто оди до фаза на непрепознатливост. Архитектот Андреа Јанков за весникот ВЕЧЕР вели дека сите се борат за м2 повеќе, не гледајќи дека токму тој еден м2 може да ја прелее чашата и да направи дехуманизација на просторот. – Кога е прашањето за „урбана мафија“не се работи за спрега само помеѓу олигарсите и планерите, туку тоа е своевиден триумвират, каде што третата потпора ја прават и алчни сопственици на локации. Без тој сегмент, не би се ни развивал урбанизмот, особено во центарот на градот, како што беше случај во последниве 30, со акцент на последните 20 години, вели Јанков Градежен бум со непочитување на урбанистичките правила. Вака може да се опише динамиката на градење во Скопје во последниве години/последнава деценија, кој постојано го менува својот лик којшто оди до фаза на непрепознатливост. Па така, од старите маала, како Дебар Маало и Буњаковец веќе нема ништо, бидејќи речиси секојдневно никнува по некоја зграда, а слична е ситуацијата и во Кисела Вода, Аеродром, Карпош 3 и 4, Тафталиџе, долно Водно, Чаир …А така ќе биде и со Сарај, бидејќи оваа општина се очекува да стане вистинско градилиште во наредниов период. Тоа го потврдуваат и статистичките податоци. Во скопскиот регион кој ги опфаќа и приградските општини, само во јули годинава биле издадени 155 градежни дозволи од кои најмногу во општината Карпош (49), а по неа следува Сарај, најновата градежна мека со 37 одобренија за градење. И натаму е голем интересот за градење во приградските општини Сопиште (11), Чучер-Сандево (8), и Илинден со 6 издадени градежни дозволи. Во Општина Аеродром во изминатите неколку години веќе се изгради речиси цела една населба. На последна „Петка“ во Ново Лисиче и во Реонскиот центар набрзина се изградија многу згради. Исто така, само во радиус од 500 метри на местото на старите воени бараки се изградени 30 нови станбени згради, без речиси никаква зелена површина меѓу нив. Аеродромци коментираат дека тотално е изменет начинот на живот во оваа населба. На места со паркови каде деца си играа, а повозрасните се шетаа, сега има градежници кои само градат згради, а што да се каже за сообраќајот кој е многу отежнат и тоа најмногу се гледа насабајле кога колоните возила кон центар почнуваат од кај „Три бисери“. – ОВАА ОПШТИНА И СКОПЈЕ НЕМА КАПАЦИТЕТ ДА ГИ ПРИФАТАТ СИТЕ НОВИ ВОЗИЛА И ЖИТЕЛИ КОИШТО СЕ НАСЕЛУВААТ ВО ОВИЕ НОВИ ЗГРАДИ, БИДЕЈЌИ СЕ ГРАДИ БЕЗ ПЛАН И БЕЗ НЕКАКВА ИДЕЈА И ВИЗИЈА ЗА ПОНАТАМУ – КОМЕНТИРААТ АЕРОДРОМЦИ. Магистерот по архитектура Андреа Јанков за весникот ВЕЧЕР вели дека сите се борат за м2 повеќе, не гледајќи дека токму тој еден м2 може да ја прелее чашата и да направи дехуманизација на просторот. Кога е прашањето за „урбана мафија“ (урбанистичка е сепак поправилно), не се работи за спрега само помеѓу олигарсите и планерите, туку тоа е своевиден триумвират, каде што третата потпора ја прават и алчни сопственици на локации. Без тој сегмент, не би се ни развивал урбанизмот, особено во центарот на градот, како што беше случај во последниве 30, со акцент на последните 20 години. Сите се борат за м2 повеќе, не гледајќи дека токму тој еден м2 може да ја прелее чашата и да направи дехуманизација на просторот. Мис Ван дер Рое рекол „помалку е повеќе“ и во таа смисла архитектурата како игра на полно и празно треба да има одреден баланс, односно да се постигне еквилибриум – коментира Јанков, кој воедно е и претседател на фејсбук групата „Го Сакам Водно“ и кандидат за градоначалник на Центар од Левица. Според него, не е проблем дека нема правила, постојат Закон за градба, правилници за урбанистичко планирање итн. Вели дека истите се менувани многу пати низ годините, и се толкуваат површно, па дури и лаички и добиваме „фаст фуд“ урбанизам, наместо сериозни студии. – ДУРИ ВО ЕДЕН МОМЕНТ ОКОЛУ 2012 ГОДИНА МОШНЕ ПОПУЛАРНИ БЕА НОСЕЊАТА НА ЛУПД (ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА) КАДЕ И ЗА ВАЖЕЧКИ ДУП ЗА ОДРЕДЕНА СУМА НА ПАРИ И ЗА ДЕН-ДВА СЕ ДОБИВАШЕ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ГАБАРИТ ВО ПОВРШИНА И ВИСИНА НА КОЈА ПАРЦЕЛА И ДА САКАТЕ. САМИТЕ ПРАВИЛНИЦИ СЕ ЧЕСТО НЕДОКАЖАНИ И ОСТАВААТ ПРОСТОР ЗА МАНИПУЛАЦИЈА, КАКО ШТО Е СЛУЧАЈОТ СО ВНЕСУВАЊЕ НА Т.Н. „ЛИНИСКИ ЦЕНТРИ“ СО ЦЕЛ ДА СЕ МАНИПУЛИРА СО КОЕФИЦИЕНТИТЕ И ПРОЦЕНТИТЕ ДАДЕНИ ВО ГУП (ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН) – ВЕЛИ ЈАНКОВ. Тој посочува дека уште еден проблем претставува таканареченото „дооформување на урбанистичка парцела“ каде што сосед на државно земјиште, иако претходно имал само трошна куќа, сега, во договор со инвеститорот и планерот, вториов може да му нацрта „маркичка“ таква што неговиот претходен плац да биде 30 отсто од новоформираната парцела, па без јавно надавање, со непосредна спогодба и по поволни цени да се стекне со лукративна парцела за зграда. – Овде, пак, водилка е пробивање на што е можно повеќе вакви парцели, наместо вистинско просторно планирање, каде можеби последен критериум би била приватноста на земјиштето – нагласува тој. Во моментов, проблем според Јанков, е што урбанистичките планови се изработуваат од приватни планерски куќи, наместо тоа да биде по ингеренции на Завод за урбанизам или Агенција за просторно планирање, и тоа по принцип на јавен тендер. – На тендерите основен критериум е најниска понуда, па не секогаш победува најдоброто решение. Затоа урбанистичките прашања треба да бидат предмет на јавни конкурси, по можност меѓународни, барем што се однесува на идејните решенија. Дополнително, зошто планерот се бори да го добие тендерот? За да може и заткулисно да наплати од инвеститорите, вцртувајќи им објект, или популарно наречена „маркичка“ каква што сакаат. Па имаме тендери добиени по цена на 1 евро за хектар. Сигурно не е тоа од чист алтруизам и хумани причини – заклучува архитектот Јанков. Според последните статистички податоци за месец јули 2021 година, од вкупниот број издадени одобренија за градење на ниво на цела држава, но ова важи и за градот Скопје, 284 или 63,7 отсто се наменети за објекти од високоградба, 50 или 11,2 отсто се за објекти од нискоградба и 112 или 25,1 процент за објекти за реконструкција. https://www.vecer.press/скопје-го-менува-ликот-со-фаст-фуд-у/ |
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Washington dc.
![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Чаир, нема постапка од обвинителство за „Титаник“ – Ганиу: Дивоградбите не ги направи ДУИ
![]() Обвинителството се уште не отворило никаква истражна постапка за објектот Титаник во Чаир, за кого истражувањето на ИРЛ покажа дека е дивоградба. Од Обвинителството велат дека во моментов ги разгледуваат информациите во врска со објектот и доколку има елементи на кривично дело. Ќе се покрене соодветна постапка. „Јавното обвинителство ги следи сите информации и доколку бидат утврдени елементи на кривично дело и биде идентификуван сторител на кривичното дело, ќе преземе кривичен прогон согласно своите законски надлежности“, велат од ОЈО. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вели дека такви проблеми со дивоградби имало, има и ќе има, а доколку објектот за кого станува збор рече дека одговор треба да се бара од општина Чаир. Го прашавме и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Тој не зборуваше конкретно за објектот, туку рече дека дивоградбите во Чаир се наследени од претходните градоначалници, пред 2015. „Со стариот закон за аплицирање имаше некаде над 8000 барања за легализација, над 5000 од нив ние како општина ги разгледавме. Ние сме една од општините со највисок процент на реализација на барањата на нашите сограѓани. Не заборавајте го и фактот дека во 2015 кога ја презеде ДУИ оваа општина, 85% од објектите во општина Чаир беа дивоградби и нив не ги направи ДУИ, туку претходните градоначалници кои менаџираа со оваа општина“, посочи Висар Ганиу. Според истражувањето на ИРЛ, зградата Титаник немала дозвола од општина Чаир. Темелите на зградата се поставиле во периодот 2013/13, има некаде 12 ката и над 100 стана. Според ДУП-от тука е предвидено да се изгради објект со приземје и плус 3 ката. Со стариот закон за легализација на објекти предвидено е да се легализираат сите дивоградби кои се изградени до 2011. Предлог законот за легализација на дивоградби него потпиша претседателот Стево Пендаровски по многуте критики во јавноста и поради одредени спорни точки во текстот на законот. https://mk.tv21.tv/chair-nema-postapka-od-obvinitelstvo-za-titanik-ganiu-divogradbite-ne-gi-napravi-dui/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 27> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |