![]() |
![]() |
![]() |
Образовни институции (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 39> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Се распаѓа старото училиште „Димитар Македонски“, новиот објект сѐ уште се гради
![]() ![]() На прагот од новата учебна година ниту стариот објект е во состојба да прими ученици, ниту новиот е довршен, а нема ниту информација од надлежните каде децата ќе ја следат наставата Испукани ѕидови, стара и дотраена инсталација, покрив што при секој посилен дожд протекува, несоодветни тоалети, искршени плочки. Вака изгледа стариот објект на ООУ „Димитар Македонски“ во Лисиче. Поради несоодветните услови за нормално и непречено одвивање на наставата, пред неколку години започна да се гради ново училиште, кое треба да ги задоволи потребите не само на децата и наставниците и да ги исполнува сите потребни стандарди за едно модерно училиште во кое основите на своето образование ќе ги постават многу идни генерации. Но, на прагот од новата учебна година ниту стариот објект е во состојба да прими ученици, ниту новиот е довршен, а нема ниту информација од надлежните каде децата ќе ја следат наставата. Објавата на надлежните за изградба на ново училиште беше поздравена од страна на локалното население како исклучително важна, но сепак, и по неколку години, ова ново основно училиште сѐ уште се гради, а во стариот објект нема повеќе никакви услови за одвивање на наставниот процес. Како резултат на тоа, децата и родителите но и наставниците што предаваат во училиштето, буквално на само неколку денови пред стартот на новата учебна година не знаат како и каде ќе се оди на училиште. -Немаме никакви информации како родители како ќе учат нашите деца, а еве уште неколку денови и ќе почне учебната година. Цело време на вести слушаме дека наставата ќе се одвива со физичко присуство, а во училиштето каде што учи моето дете, нема услови за тоа. Не знам зошто толку долго се прави новата зграда – вели родител чие дете посетува настава во ова училиште. И директорката на ова основно училиште вели дека нема подетални информации околу тоа како ќе се одвива наставата од први септември. -Немам подетални информации како ќе се одвива наставата од први септември. Во моментот првата ламела од новата училишна зграда е готова, а на втората ламела интензивно се работи – истакна Јулијана Тодоровска, директорка на ООУ „Димитар Македонски“ која меѓу другото потенцираше и дека во просториите на стариот објект во кој досега се изведуваше наставата, нема услови да се продолжи со работа. За одговор на прашањата зошто толку долго се гради ова училиште, кога ќе биде пуштена во употреба новата училишна зграда како и каде ќе учат децата од први септември, досега не добивме одговор ниту од Општина Аеродром ниту од Министерството за образование и наука. Основното училиште Димитар Македонски е основано во 1964 годинa, а наставата се одвиваше во објект од монтажен тип. Најавите од Општина Аеродром за стартот на изградбата на новиот училиштен објект се од јули 2017 година. – Денеска, 29.7.2017 година, на местото на старите бараки на ОУ „Димитар Македонски“ почна изградба на нов модерен објект во соработка со Министерството за образование и наука. Според рокот на изградба новото училиште, ќе се гради во две фази, така што околу 1.000 ученици, колку што е капацитетот на новата зграда, ќе можат да посетуваат настава веќе наредната учебна 2018/2019 година – стоеше тогаш во официјалната најава за почеток на градежните работи. Сепак, и три учебни години потоа, ваквите најави сѐ уште не се реализирани. Од друга страна, пак, на официјалната веб-страница на Општина Аеродром на чијашто територија се наоѓа ова училиште, стои дека во јуни оваа година, Општината направила увид на терен и било констатирано дека работата се одвива во предвидената динамика. Училиштето што е во изградба ќе биде со површина од 2 840 квадратни метри и со капацитет за 700 ученици, кои ќе ја посетуваат наставата организирани во две смени. Ќе биде опремено со најсовремени кабинети, простории за дневен престој, кујна и простории за наставниците. https://www.slobodenpecat.mk/se-raspagja-staroto-uchilishte-dimitar-makedonski-noviot-objekt-sѐ-ushte-se-gradi/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Доградбата на училиштето во Хром во завршна фаза, се решава долгогодишен проблем
![]() По само три и пол месеци градежни активности, доградбата на подрачното основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром влегува во завршна фаза. Изградени се седум училници, два кабинети за наставниците, шест тоалети од кои две ќе бидат наменети за децата со посебни потреби, а ова училиште ќе биде едно од ретките училишта каде ќе поставен и лифт кој овозможува вертикална пристапност. Како што информираат од општина Ѓорче Петров целосно ќе се промени и енергенсот на загревање, односно од екстра лесно масло за горење, училиштето ќе се загрева преку топлинска енергија од системот на топлификација. Доградбата на овој објект започна во март оваа година како инвестиција на Министерството за образование откако општина Ѓорче Петров ги среди проблемите со земјиштето и ги донесе сите потребни документи. Подрачното училиште во Хром со години беше во недостиг од доволно простор за учениците, па со оваа инвестиција се решава еден долгогодишен проблем на учениците и жителите од оваа скопска населба https://centar.mk/blog/2021/07/30/dogradbata-na-uchilishteto-vo-hrom-vo-zavrshna-faza-se-reshava-dolgogodishen-problem/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() Edited by Џоле - 25-Jul-2021 at 13:00 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
УЧЕНИЦИТЕ ОД ГИМНАЗИЈАТА КОЧО РАЦИН ВО ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАНО УЧИЛИШТЕ ОД СЕПТЕМВРИ
Градоначалникот Петре Шилегов, заедно со министерката за образование, Мила Царовска, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, и директорката на СУГС „Кочо Рацин“, Благица Павловска, одржаа прес- конференција во дворот на училиштето во кое се почнати градежните работи за негова реконструкција. - Денеска сме на увид на веќе започната реконструкција на училиштето, станува збор за објект што е стар 57 години, досега на него не се вршени посериозни зафати освен оние што пред две и пол години ги правеше Градот Скопје, а се однесуваа на замена на дел од конструкцијата на покривот и замена на подовите и дел на санитарните јазли во училиштето. За оваа реконструкција ќе бидат потрошени околу 54 милиони денари коишто Градот ги издвојува од планираните средства наменети за капитални инвестиции во образованието. За неколку месеци овде ќе имаме целосно нов објект, бидејќи се врши целосна замена на надворешните ѕидови, ќе се направи и сосема нов покрив, ќе се заменат електричната и водоводната инсталација, а ќе се додаде и инсталација којашто на учениците ќе им помогне да влезат сериозно во процесот на дигитално образование, проект што го има утврдено Градот Скопје - рече Шилегов. Тој додаде дека ова е последното 14-то училиште, од вкупно 23, коешто добива нова енергетски ефикасна фасада, и дека со реконструкциите во изминатите три и пол години се добиени просторни услови кои ќе овозможат подостоинствено функционирање и на ученици и на вработените во училиштата. Исто така, Шилегов додаде дека се надева наставата во училиштата од септември дека ќе се одвива со физичко присуство. Министерката за образование, Мила Царовска, нагласи дека е значајно што и општините во својот фокус го имаат образованието и создавањето на квалитетни простори за учење, како и подготовката на наставниците за современа настава. ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Образовно-културен центар Битола(28.06.2021)
![]() ![]() https://www.facebook.com/Qendra-për-Kulturë-dhe-Arsim- |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Општина Аеродром: Доградбата на ООУ „Лазо Ангеловски“ е во завршна фаза
![]() Во завршна фаза е изградбата на новите четири училници во рамките на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче. Капиталниот проект опфати изградба на приземје и кат односно четири нови училници, хол, канцеларии и санитарни јазли, што се поврзани со веќе постојниот објект на училиштето. „Изградбата на новите училници е од исклучителна важност за учениците, бидејќи не само што ќе се прошири капацитетот на училиштето, туку ќе се реши и деценискиот проблем, со што конечно ќе може да се укине третата смена во наставата“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин. Општина Аеродром останува фокусирана на најмладите и на обезбедувањето најдобри услови за нивно образование. Досега се реновираа сите основни училишта, а во тек е изградбата на целосно новиот објект на ООУ „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, со што учениците од овој дел на Аеродром ќе добијат современо училиште по цели шест децении. https://nezavisen.mk/opshtina-aerodrom-dogradbata-na-oou-lazo-angelovski-e-vo-zavrshna-faza/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Не сум сигурен дали моментално нешто е во изградба бидејќи можно е фотките да се постари,ретко минувам во тој дел и немам претстава што е во градба.
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Тоа постоечкото е средно техничко, ова можда е основно!
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Во Илинден веќе има едно модуларно училиште, го изградија пред некои 7-8 години. |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Изградба на модуларно училиште во Општина Илинден - Скопје
![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/arsinvestt |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Чаир
... The additional facility of the Municipal Primary School ′′ Ismail Qemali ′′ is heading towards completion. Most of the construction works are underway, so at the moment the work crews are doing central heating installation, window installation and interior painting of the facility. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/VisarGaniu.Cair |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Аеродром не е изградена нова гимназија
Ветувањето на градоначалниците на Скопје и на Општина Аеродром, Петре Шилегов и Златко Марин, за изградба на ново средно училиште, гимназија „Кузман Јосифовски – Питу“, е неисполнето. Двајцата градоначалници излегоа со вакво ветување во кампањата за локалните избори кои се одржаа октомври 2017 година. Споменатото ветување е наведено во изборната програма на Шилегов, „Живот во Скопје за сите!“, стр.34, како и во изборната програма на Марин – „Живот во Аеродром за сите!“ (стр.20). Градоначалникот на Аеродром во својата програма се обврзал и дека новата гимназија во оваа општина ќе биде изградена за две години, поточно во периодот од 2018 до 2020 година. Сепак, ваквите изборни проекции не се оставрија, досега (21.06.2021) во Аеродром не е направено ново средно училиште , гимназија „Кузман Јосифовски – Питу“. Изградбата на гимназијата не е ниту започната, а таа не се спомнува ниту во планираните проекти на Шилегов до крајот на мандатот – октомври 2021 година. „Вистиномер“ побара информација од Општина Аеродром за тоа до каде е реализацијата на ветувањето за изградба на средно училиште, гимназија „Кузман Јосифовски – Питу“, оттаму ни одговорија дека: Изградбата на гимназија во Општина Аеродром е проект што е во тек на реализација, инаку под надлежност на Градот Скопје. Поточно во моментов Општина Аеродром и Град Скопје работат на изготвување на документација за промена на деталниот урбанистички план и негово усогласување со Генералниот урбанистички план. Со оглед на тоа што станува збор за капитален проект потребно е да се исполнат одредени процедури. Веднаш по исполнување на сите услови ќе почне и изградбата на објектот. Имајќи предвид дека мандатот на градоначалниците завршува за три-четири месеци, односно во октомври оваа година, а гимназијата сѐ уште не почнала да се гради, ова изборно ветување на Шилегов и на Марин го оценуваме како неисполнето. https://vistinomer.mk/vo-aerodrom-ne-e-izgradena-nova-gimnaziјa/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СРАМНА СЛИКА ВО УНИВЕРЗИТЕТСКАТА БИБЛИТЕКА - РУИНИРАНА, ЗАПУСЕНА, ЗАБОРАВЕНА
Прокиснат кров со дупки, вода на подот и скршени светла во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Вработените поставаат кофи на подовите за да се собере водата. Во вакви услови учат студентите во библиотеката, кои се подготвуваат за своите испити. Оваа зграда на библиотеката не е реновирана декади наназад- изгледа запустено, руинирано и отфрлена од сите власти, од сите надлежни. Сегашниот директор на библиотеката Фримзим Даути денеска не беше на своето работно место, а за состојбата во читалните на библиотеката, во кратка писмена изјава за Телевизија 24, констатира дека запуштената и руинирана зграда е реалност, но ја потенцира сопствената немоќ да стори нешто, затоа што- не зависи тоа од него - Состојбата во читалните на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, е во крајно лоша состојба. Очекуваме од Владата и Министерството за култура да превземе мерки т.е. да ги обезбеди финансиските средства и да се реновира целата зграда а под итно кровот и читалните. Се надеваме дека во најбрз можен рок ова ќе се реализира и читателите ќе може да работат, учат и истражуваат во нормални услови. - вели Фримзим Даути, директор на Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Од Министерството за култура велат дека министерката испратила комисија во ненајавена работна посета на библиотеката, и по извршениот увид биле констатирани бројни слабост и дека поради негрижа, објектот со години е запоставуван и доведен до исклучителна лоша состојба. - Комисијата за Инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема при Министерството за култура, во февруари годинава, достави извештај со кој за Нацрт-годишната програма за работа на НУБ не ги прифати барањата (за набавка на лифт, за сервисирање на системите за ладење и греење и за санација на покривот на стариот објект ) заради погрешна и непотполна документација. Вистинската адреса за овие барања е Програмата за инвестиции во културата каде што, доколку конкурирале, би им биле одобрени бараните средства за санација на покривот за која проектот е веќе направен. И во овој случај се работи за недоволна ангажираност на раководните лица. - велат од Министерство за култура. Апсурдот продолжува- Во 2009 година беше отворена нова модерна зграда во продолжение на постоечката зграда на библиотеката, со што се зголеми за дополнителни 3000 м2. Но, овој простор не е во употреба, бидејќи ништо не се презема од Универзитетската бибилиотека за да функционира, ниту пак има одговор зошто не се создаваат тие неопходни критериуми и услови. [URL= ][https://24.mk/details/sramna-slika-vo-univerzitetskata-bibliteka-ruinirana-zapusena-zaboravena/URL] |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Капe таванот во читална, нема услови за читање во Националната библиотека
Студентите кои учат во националната библиотека „Свети Климент Охридски“ не треба да излегуваат надвор за да видат какво е времето, бидејќи тоа го овозможува таванот на една од читалните. Студентите, но и другите корисници на просторите на оваа библиотека се жалат на лошите услови со кои се соочуваат за време на учењето. „Јас учам во читалната во Националната универзитетска библиотека скоро три години и оттогаш нема никаква промена, т.е. условите во кои учиме се влошуваат, секој ден се влошува и не се подобрува и ова зборува многу за фактот дека релевантните институции не се заинтересирани за условите во кои учиме ние како студенти“, истакна еден од студентите. „Не, ние не сме обврзани да учиме тука, но немаме друга опција , како што можете да видите дека е, не можеме сите да се собереме на едно место, дефинитивно да дојдеме и тука“, додаде друг студент. Директорот на НУБ „Свети Климент Охридски“ Фризмим Даути, кој е на чело на оваа институција веќе две години, признава дека условите не се соодветни за студентите. Даути за ТВ21 вели дека постојано барал средства за реновирање на библиотеката, но потребните финансиски средства не биле одобрени. „Разбирливо е дека студентите не го заслужуваат ова, но дури и студентите за жал немаат многу избор. Некои ја претпочитаат оваа библиотека поради нејзината локација, затоа што се наоѓа во центарот и близу до Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Секоја година, според законот, ние како библиотека сме должни да правиме наставен план за следната година и од тој аспект се и инвестициите во библиотеката. За жал, не постигнавме разбирање и скоро сите наши барања беа одбиени со образложение дека нема доволно финансирање и како резултат не успеавме да ги подобриме условите за корисниците на библиотеката“, истакна Фримзим Даути, директор на БКУ „Св. Климетн Охридски“. Ниту останатите простори на оваа зграда не се подобри. Стари sидови, мувлосани тавани и скршени светла е сликата во најголемата библиотека и читална кај нас. https://mk.tv21.tv/kape-tavanot-vo-chitalna-nema-uslovi-za-chitane-vo-natsionalnata-biblioteka/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Овие глетки се од дополнителниот објект на ОOУ "Исмаил Ќемали"
![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/VisarGaniu.Cair/videos/795348657778623 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
The second phase of work for building school in Little Recica has begun.
After the finalization of the strong construction, the installation of the distribution system for water and electricity and infrastructure for information cabinets has begun and partially finished. Window constructions have also been placed in the gout, and in realization is the interior of the walls. Next September this school will have its doors open for students! ![]() https://www.facebook.com/teutaarifiofficial |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Фотки на Phiko беа постирани по грешка во друга нишка
..... ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Порталб: Студентскиот дом во Тетово ветен во 2016 година е пред завршување (ФОТО)
![]() Министерството за образование и наука не дава конкретен датум кога ќе заврши изградбата на студентскиот дом во Тетово, а новинарот на Порталб.мк беше на местото каде што се гради објектот и потврди дека работите се речиси завршени. Според договорот, работите мора да бидат завршени за најмногу уште 3 месеци. Станува збор за студентски дом со вкупно 305 легла, пишува Порталб.мк. Пред една недела, Владата на Северна Македонија на 61-та седница одвои вкупно 11.200.000 денари за студентскиот дом во Тетово, кој се гради во близина на Универзитетот, на патот кон Брвеница. Инаку, иако во Тетово има два универзитета и седум средни училишта во кои доаѓаат и студенти и ученици од различни градови, ова е првиот јавен студентски дом што во моментов се гради и е при крај. Во октомври минатата година, Порталб.мк направи интервју со студентка од Република Косово, токму за овој проблем. Притоа, таа рече дека била принудена да патува од Косово во Северна Македонија едноставно затоа што имала проблем да најде некого со кого би ја споделила просторијата за живеење, бидејќи цената да се живее под кирија самостојно е многу скапа. „Барав и преку интернет и физички, кога пристигнав на Универзитетот, имаше такви кои се двоумеа, па друг пат јас се двоумев, проблем е да прашате некого дали ќе живее со вас, едноставно не можев да најдам цимерка, студентски дом на Универзитетот во Тетово немаше, и сега за обичен документ морам да патувам”, изјави таа. Таа истакна дека цените за домување не се многу скапи доколку имате цимерка, но не секој, секогаш, сака да ја дели просторијата со уште 3 други лица, така што не е лесно да се најдат цимерки. „Не, цената е скапа ако сте двајца или сте сами, и нема секој можност да живее со само 1 цимер или да најде уште 3 други“, додаде студентката на Универзитетот во Тетово Б.А. Според договорот, работите мора да бидат завршени во мај/јуни годинава Контактирани од Порталб.мк, од Министерството за образование и наука информираа дека проектот се реализира со предвидената динамика, што значи дека треба да заврши во мај/јуни следната година. „Изградбата на студентскиот дом во Тетово е инвестиција вредна 166,5 милиони денари и истата се реализира во согласност со планираната динамика. Со проектот подготвен од Универзитетот во Тетово, објектот ќе има 305 кревети“, соопштија од Министерството за образование и наука. Покрај студентските соби, во домот е предвидено да има и технолошка просторија, читална, сала каде што студентите ќе може да вежбаат фитнес, просторија за менза итн. Домот се ветува од 2016 година Истиот ден кога Владата на Северна Македонија го одобри законот за основање на Универзитет „Мајка Тереза“, беше најавена изградба на студентски дом во Тетово. Станува збор за 2016 година, при што истата година беше отворен тендерот за изградба на овој студентски дом. Потсетуваме дека во тоа време министер за образование и наука беше сега починатиот Абдилаќим Адеми. Сепак, и покрај фактот дека тендерот за изградба беше отворен во септември 2016 година, немаше одлука за започнување на работите, а оваа одлука беше официјално донесена на крајот на март 2018 година и беше предвидено да се финализира во април оваа година. Инаку, неофицијално од Министерството за образование и наука беше соопштено дека овој објект се очекува да заврши во мај или јуни следната година, така што студентите ќе можат да бидат сместени во овој студентски дом од следната академска година. https://meta.mk/portalb-studentskiot-dom-vo-tetovo-veten-od-2016-godina-e-pred-zavrshuvanje-foto |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
УЧИЛИШТА ВО БИТОЛА ПО 40 ГОДИНИ ДОБИВААТ НОВА ДОГРАМА
![]() По 40 години постоење, односно откако беше изградено, едно од најголемите основни училишта во Битола, „Елпида Караманди“ дури сега добива нова дограма. Со инвестиција вредна 2,5 милиони евра, обезбедени од Општина Битола и проект на УСАИД заменета е половина од училишната дограма, а останатиот дел до крајот на учебната година ќе биде комплетно променета преку проект на Министерството за образование. „На овој начин и ОУ ‘Елпида Караманди’ се вбројува во училиштата со реализирани проекти во насока на зголемување на енергетската ефикасност, а се очекува веќе во следната сезона, да се добијат и првите видливи заштеди на енергија“,велат од училиштето. Ова е само едно од училиштата во Битола чии покриви и дограми се санирани по повеќе децении преку средства обезбедени од општината и други проекти, со што се зголемува енергетската ефикасност. Така, во пет училишта, од кои две средни „Таки Даскало“ и „Ѓорги Наумов“ и три основни комплетно е реконструиран покривот, уште во други две има санација на делови од кровните конструкции. Во десетина училишта, од кои дел средни, дел основни извршена е замена на дограмата, некаде дрвена стара со години со нова ПВЦ. Зaменети се прозорци и врати по кабинети, училници, влезови, ходници и тоалети. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/uchilishta-vo-bitola-po-40-godini-dobivaat-nova-dograma/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 39> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |