Author |
Topic Search Topic Options
|
gjoko
Senior Member
Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
|
Quote Reply
#41 Posted: 17-Feb-2012 at 23:33 |
едно појаснување:скалата за бучавост е логаритамска.тоа значи дека на пример звук од 38 децибели е двојно појак од звук со 35 децибели.човекот слуша звук со логаритамска зависност.математичарите знаат за што зборувам
|
 |
bali975
Newbiе
Joined: 17-Feb-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#42 Posted: 17-Feb-2012 at 23:06 |
СЕ ИЗВИНУВАМ СЕ РАБОТИ ЗА ЗАШТИТА ОД БУЧАВАТА ОД 2007 ГОД.
·
Бучава од соседство е примање на имисија на бучава меѓу соседни места во кои престојуваат или живеат луѓе, која предизвикува непријатност и вознемиреност;
·
Непријатност од бучава значи вознемиреност предизвикана од емисија на звук кој е чест и/или долготраен, создаден во определно време и место, а кој ги попречува или влијае на вообичаената активност и работа, концентрација, одморот и спиење на луѓето;
|
 |
bali975
Newbiе
Joined: 17-Feb-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#43 Posted: 17-Feb-2012 at 22:54 |
Здраво, Почитувани , сакам да започнам ваков форум за да можете да ме советувате или дадете мислење ваше , поради една интересна ситуација иако потполно го разбираме човекот. За што се работи: Мојата сопруга во станот има индустриска машина Неки Багат и си работи веќе со неа неколку години без проблем.,но сега и текнало на комшијата дека и сметало и дека не можела неговата сопруга да одмори - и сака сега да тужи. Јас се распрашав по инспекторите и ми рекоа дека ако му смета треба да пријави и да изврши мерење на бучавата., Имам сознанија дека бучавата доклку е во нормалните вредности од одколу 35дБ, и се работи нон-стоп тогаш е проблем, но сопругата работи самон дење однодно од 17,00-20,00 и не верувам дека поминува 35дБ. Кажете ми сега што да превземам оти човекот ми вика , немате право да си работите дома и дека не можел веќе да ја трпи ситуацијата. ПОМОШ.ПОМОШ.ПОМОШ.
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#44 Posted: 08-Sep-2011 at 00:33 |
За овие проблеми со бучава нема "лек". Според законот првите двапати кога ќе пријавите доаѓа џандар и само опоменува. Е сега на првите пет обиди може и да не ви дојде
Тек после втора опомена праќаат инспектор што мери со апарат бучава и ако има кршење на закон има пријава која доколку вие после не ја бркате ќе се заташка. Џандариве не ги боли уво они опоменуваат или ич не доаѓаат. Најдобро ви е директно во станица да разговарате со инспректор за вакви проблеми и да пишете исказ.
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#45 Posted: 08-Sep-2011 at 00:14 |
се додека полицијата е корумпирана, џабе ќе се јавува
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
 |
gjoko
Senior Member
Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
|
Quote Reply
#46 Posted: 08-Sep-2011 at 00:03 |
на 192 јави се и кажи им го проблемот,а ако не реагираат ќе ти кажам како понатака
|
 |
marijamkd
Newbiе
Joined: 07-Sep-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#47 Posted: 08-Sep-2011 at 00:00 |
Originally posted by marijamkd
ако може да ми казе некој,каде мозе да пријавам нарушување на јавен ред и мир,кога ке може да се спие од бучава би сакала да се јавам во полиција...ама немам бор.ве молам кажете ми број!!!!!!!!!! веке е 1 по полноќ и не се спие ..... ви блеагодарам |
аххх телефонски број мислев...многу су изморена а музиката е срање...бар да беше добра....
|
 |
marijamkd
Newbiе
Joined: 07-Sep-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#48 Posted: 07-Sep-2011 at 23:58 |
ако може да ми казе некој,каде мозе да пријавам нарушување на јавен ред и мир,кога ке може да се спие од бучава би сакала да се јавам во полиција...ама немам бор.ве молам кажете ми број!!!!!!!!!! веке е 1 по полноќ и не се спие ..... ви блеагодарам
|
 |
miki
Newbiе
Joined: 17-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#49 Posted: 17-Aug-2010 at 13:22 |
dobro sto e dolku fama so NABAVKATA na aparatot za merenje, go nabavile pa go nabavile, apartceto cini 50eur, i moze da go ima bilo koj sto tolkava fama so NABAVKA na aparatot 
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#50 Posted: 19-Jul-2010 at 17:13 |
Бучавата се мери со
невалиден апарат

Според
Трајановски, со апаратот што е набавен годинава не можат да им мерат
гласност на кафеанџиите и да ги казнуваат, но смета дека сепак има ефект
од него, зашто „угостителите не знаеле дека не е валиден“
Градската власт има апарат за мерење на бучавата. Тој е набавен
годинава, но не е меродавен за казнување, кажа градоначалникот Коце
Трајановски на седница на Советот. Запрашан зошто не се употребува за
казнување на кафеанџиите што скопјани ги оставаат без сон, Трајановски
рече дека можеби не можат да им покажуваат сила со парични казни, но
сепак има ефект, затоа што „угостителите не знаеле дека не е валиден“.
-
Најмеродавен апарат за бучава е само тој на Министерството за внатрешни
работи - соопшти тој.
Според неговите објаснувања, Градот ќе
врши мерења само во индустриските зони, урбаните средини и покрај
сообраќајниците, но со цел изработка на карти од кои би се добивале
информации. Не работат на повик.
По неговото признание дека со
новиот градски апарат не се мери гласноста на музиката од кафулињата,
кои на граѓаните им ги кинат нервите секоја вечер и ги оставаат без
спиење, членот на Советот, Ѓорѓи Савов од СДСМ, го запраша
градоначалникот:
- Состојбата со бучавата е неиздржлива и со
години е исто. Во два и пол наутро, кај Зоолошката градина, не се спие
ни со затворени прозорци. Напатени сме како граѓани. Како следниот ден
да бидеме работоспособни кога како граѓани сме малтретирани со милиони
оправдувања - рече Савов. Тој предложи под итно да се изработи програма,
која потоа ќе биде образложена на Советот, со цел да се надмине овој
проблем.
Трајановски се согласи со обвинувањата на негова
сметка, велејќи дека „уште многу треба да се работи за да се доведе во
ред бучавата во градот“. Го прифати предлогот да се изработи програма на
кој начин во иднина Градот ќе се справува со бучавата и да се вработат
повеќе инспектори што ќе ја следат состојбата на терен.
Проблемот
со апаратот, пак, на МВР е тоа што доколку граѓаните ги повикаат
надлежните да измерат, а притоа се покаже дека нема пречекорување на
гласноста, тогаш трошокот паѓа на грб на тој што пријавил.
-
Имајќи го тоа предвид, луѓето се решаваат да трпат - потенцираше членот
на Советот, Савов.
Од Општина Центар велат дека неколкупати
мереле бучава во ноќните часови во Дебар маало. На локалите што го
надминувале максимално дозволеното ниво по 23 часот, им врачиле налог за
наплата на глоба, која изнесува 500 евра за правно лице, плус 300 евра
за одговорно лице во фирмата.
Бучавата е еден од најголемите
нерешени проблеми во метрополата. Податоците од Републичкиот завод за
здравствена заштита велат дека од континуирани мерења на 14 мерни места,
дозволеното ниво на бучава редовно се пречекорува за повеќе од десет
децибели. Најголема е бучавата во центарот на градот поради
фреквенцијата на возила, на раскрсниците, во индустриските зони и во
урбаните средини со кафулиња, ресторани и дискотеки.
Јорданка Ивановска |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=4460D7099E385F4C909E243D0C3C18B1
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#51 Posted: 16-Jul-2010 at 16:00 |
Кој стаса крева
врева

Инспекторите
не се сеќаваат дека казниле некого, иако Законот за бучавата постојано
го нарушуваат и граѓани и фирми
Скопје е бучен град. Сообраќајниот метеж, кафулињата, фабричките
погони, изведувачите на градежни работи се најчестите вреваџии. Според
Законот за бучавата, прекршителите се соочуваат со парични казни од 500
до 2.400 евра, но
инспекторите од неколку скопски општини не се
сеќаваат дека казниле некого. Ова, меѓу другото и поради недостигот на
валидни апарати за мерење на овој загадувач на животната околина. Тоа го
користат несовесни граѓани, но и фирми, кои на штета на здравјето на
сограѓаните, не почитувајќи го законски дозволениот максимум. Градат и
реконструираат куќи и станови и надвор од дозволениот временски термин
за градежни работи - меѓу 7 и 19 часот.
Законот ја третира
бучавата што ја создаваат возилата, но ниту еден инспектор не мерел
други типови врева што ги вознемируваат граѓаните.
- Според
Законот за бучавата, градежните работи во станот можат да траат 8 часа,
во периодот од 7 до 19 часот, плус-минус два часа. Кога треба да се
интервенира во некој станбен објект, задолжително инвеститорот или тој
што ќе создава бучава при работата треба да се договори со куќниот совет
за времетраењето на зафатот и задолжително да одреди еден час мирување -
вели Сашо Младеновски, инспектор за животна средина во Град Скопје.
Лекарите
предупредуваат дека вревата влијае врз менталната состојба на граѓаните
која се манифестира со немирен сон и замор. Луѓето изложени на бучава
се вознемирени и нервозни.
- Веќе цела недела сум без сон. Ме
измори бучавата од околината. Живеам во населбата Аеродром, навикнати
сме на потивка животна средина, со многу паркови, на што особено
внимаваме кога купувавме стан. Но деновиве сум без нерви, откако соседот
од утро до мрак го преуредува станот. Немам ништо против тоа да си го
уреди станот, ама неиздржлив е звукот од бор-машините. Ќе морам со мали
деца да шетам надвор додека соседот не се заврши, зашто дома не се седи.
Не сум пријавила во ниедна инспекција оти не сакам да му наштетам,
сепак сме соседи. Но ако потрае, ќе мора да земам апчиња за спиење и за
смирување - вели една вознемирена скопјанка, која поради добрососедските
односи не се претстави.
Законот предвидува во зона во која има
станбени објекти да е дозволена бучава до 50 децибели, што е неколкупати
помалку од бучавата што се создава при работа на разни дупчалки,
апарати за домаќинство или косилки за трева.
Досега во Општина
Аеродром, освен еден исклучок, немало други пријави или поплаки во однос
на зголемена бучава од која било причина, велат во општината.
Косат трева, го
косат и законот
Дел од граѓаните чии станови се блиску до големи зелени површини се
нервозни што косачите на трева уште во раните утрински часови, во 5
часот, прават голема бучава, па им го кршат сонот на скопјани.
Од
Градот велат дека работното време на ЈП „Паркови и зеленило“ почнува во
7 часот наутро и демантираат дека нивните работници го кршат Законот за
бучавата.
Поради топлото време работниците се на терен порано
од вообичаеното, признаваат во Општина Аеродром.
- Сезонските
работници, во координација со вработените од ЈП „Паркови и зеленило“, во
текот на овие два месеца ги косат зелените површини во раните утрински
часови од причина што подоцна надворешната температура расте, маслото се
загрева и машините не можат да работат. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0F30B1C02A98224E957752141D738A7D |
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#52 Posted: 21-Jun-2010 at 23:39 |
Нема раат од гласната музика и од паркираните коли по улицата
Инспекторите од Општина Центар се во постојан инспекциски надзор и контрола на повеќе локации низ центарлното градско подрачје. При контролата што ја вршат инспекторите на Општина Центар на сите корисници на јавнопрометни површини што не се придржуваат кон прописите најнапред им се изрекува опомена, а потоа во соработка со општинската инспекција и со пазарната инспекција им се изрекуваат соодветни казни
Жителите од улицата "Ленинова" секојдневно се жалат на бучавата од музика и од многуте паркирани коли и мотори на тротоарите и по самата улица. Тие велат дека никој од одговорните служби нема преземено ништо и дека не можат нормално да се движат по самата улица. - Навистина е невозможно да се движи човек по оваа улица. Од сите страни е се блокирано што од маси и столици, што од коли и мотори. Не можеш да се движиш, мораш од сите страни да се пазиш да не те згазне некој. Но, проблемот не е само тоа, туку и гласната музика што ја пуштаат од кафичите. И покрај неколкуте жалби до Општина Центар за да дејствуваат во врска со гласната музика, нема ништо. Секојдневно се расправаме да се манали, но никој не не слуша. Како да живееме во кафичите, а не во стан. Апелираме до одговорните да се преземе нешто или пак да се најде некоја соодветна локација како што ќе бидат сместени сите кафичи и да немаме никакви проблеми - велат револтираните жители од улицата Ленинова".
Се обративме до Општина Центар да ги прашаме дали се запознаени со овој проблем и да добиеме некое објаснување за целата ситуација. Оттаму не информираа дека Општина Центар во соработка со Град Скопје и ЈП "Улици и патишта" деновиве ја спроведоа акцијата за одбележување на јавните прометни површини, односно тротоарите што ќе се користат за летни тераси, а воедно ќе можат граѓаните непречено да се движат. - При спроведување на оваа акција се одбележаа јавни прометни површини на улиците Македонија", Ленинова", Кеј 13 Ноември", се со цел да не се отстапи од повришината што е предвидена за летна тераса. Секое отстапување од пропишаното ќе биде казниво според законските прописи од страна на инспекцијата на Општина Центар во соработка со пазарната инспекција. Инспекторите од Општина Центар се во постојан инспекциски надзор и контроли на повеќе локации низ центарлното градско подрачје. При контролата што ја вршат инспекторите на Општина Центар на сите корисници на јавнопрометни површини што не се придржуваат кон прописите најнапред им се изрекува опомена, а потоа во соработка со општинската инспекција и со пазарната инспекција им се изрекуваат соодветни казни, ни рече Јовица Ацковски, портпарол на Општина Центар. Тој додаде дека деновиве беше спроведена акција на инспекцијата на Општина Центар и на пазарна инспекција и биле казнувани локалите доколку немаат дозвола издадена од Град Скопје. Казните се затворање на локалот од страна на пазарната инспекција во период од 30 дена поради непоседување на дозвола за вршење дејност, а општинската инспекција има право да за заплени урбаната опрема за непоседување дозвола за летна тераса, а ако објектот поседува дозвола, а сепак е надвор од дозволеното, му се одзема дозволата и се постапува со истите мерки. Општина Центар настојува да обезбеди мир во ноќните часови за сите граѓани, а истовремено им наложува на локалите работење во согласност со Законот за заштита од бучава.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#53 Posted: 18-Mar-2010 at 06:37 |
Набавен апарат за мерење бучава Градот
Скопје набави нов апарат за мерење на бучавата. Инспекторите за животна
средина на Град Скопје со овој инструмент ќе ја мерат и ќе ја
анализираат бучавата во градот во текот на 24 часа и за подолг
временски период. Апаратот ќе се користи и за следење на бучавата
покрај големите сообраќајници и во индустриските зони, како и за
процена на влијанието на градските проекти врз бучавата во Скопје.
Овој
софистициран инструмент е всушност акустички калибратор, а работи во
согласност со меѓународните стандарди. Овозможува систематично
прегледување и анализа на мерењата и нивно архивирање, автоматско
генерирање извештаи и архивирање податоци, информира прес-службата на
Град Скопје.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C3049DE413874C428715ADC1FF5DD797 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#54 Posted: 22-Feb-2010 at 17:17 |
Муштериите бегаат од прегласна музика

Инспекторите од Општина Центар лани, од септември до декември, поради бучава казниле осум локали со по 800 евра
Поради прегласната музика во објектите, граѓаните не можат на раат
да се напијат кафе или да вечераат ниту, пак, да пазаруваат. Иако
Законот за заштитата од бучава е во сила две и пол години, градските и
општинските инспектори слабо казнуваат за прегласната музика, па
сопствениците на локалите и на дуќаните си продолжуваат по старо.
-
Со син ми, кој има една и пол година, не можам да влезам во некои
бутици да пазарувам. Иако во нив има и детски оддели, музиката е толку
гласна што сметам дека и на тинејџерите им е тешко. Не знам која е
поентата во бутик да се пушта музика како да е дискотека. Да не мислат
газдите така да ги зашеметат купувачите, па тие да не внимаваат добро
што купуваат и колку плаќаат? Не гледам друга причина и затоа таму и не
купувам - вели една револтирана скопјанка.
Граѓаните што истрпеле тортура од прегласна музика велат дека особено навечер во некои ресторани е невозможно да се јаде.
-
Тоа што не' затече во еден ресторан беше незамисливо! Со пријателите
седевме на мала маса, во ресторан на кејот на Вардар. Ај што на масата
одвај чиниите ги собра, туку на келнерот цело време моравме да му
нарачуваме со викање. За комуникација меѓусебе си читавме од усни. Кога
конечно по еден час го напуштивме ресторанот, бевме засипнати од
викање, а седевме едни до други. Ушите ни беа затнати, а дома цела ноќ
не заспав од тахикардија - вели скопјанецот Д.Т.
Општина
Центар, каде што граѓаните најмногу се жалат на гласна музика и
прекумерна бучава, велат дека лани спровеле неколку контроли.
-
Во периодот од септември заклучно со 31 декември, казнети се осум
локали за бучава. Казните се 800 евра вкупно, односно 500 евра за
правното лице и 300 евра за раководното лице. Мерењето го врши
овластена консултантска куќа, од каде што извештајот го доставуваат на
општинската инспекција за животна средина, а потоа инспекторите го
доставуваат на сопственикот на локалот, со налог за казна - вели
портпаролот на Општина Центар, Јовица Ацковски.
Од
Министерството за животна средина велат дека најчести поплаки за
зголемена бучава се однесуваат на гласната музика од кафулињата.
-
Според Националниот правилник за бучава во животната средина,
граничната вредност во затворени простории како што се и рестораните,
треба да изнесува 55 децибели. Тоа е интензитет на бучава што
овозможува разбирливост на говорот и не предизвикува вознемиреност кај
луѓето. Основно во реакцијата од зголемено ниво на бучава е
стимулацијата на автономниот нервен систем, што може да предизвика и
зголемување на крвниот притисок. Во секој случај, интензитетот на
бучавата не смее да биде повисок од 85 децибели, за да не предизвика
оштетување на слухот. Честопати им се случува на луѓето при
неколкучасовен престој во просторија со гласна музика да почувствуваат
таканаречен слушен замор, односно дупло слушање, ѕунење во ушите.
Останува констатацијата дека кај нас не се почитуваат овие гранични
вредности, па реагирањето на граѓаните поради нивната вознемиреност,
раздразливост, агресивност и склоност кон влегување во конфликт е
оправдано - вели Гордана Ристовска, доктор во Републичкиот завод за
здравствена заштита.
Од Градот Скопје велат дека нивните инспектори мерат бучава по службена должност или на барање од граѓаните.
-
За таа намена и Градот ангажира фирма, која со специјална опрема
излегува на терен. Ако по барање на граѓани инспекторите излезат по
рестораните и кафулињата и ако утврдат дека е пуштена прегласна музика,
односно ако барањето на граѓанинот за мерење е оправдано, во тој случај
трошоците и казната си ја плаќа прекршителот. Во случај инспекторите да
утврдат дека бучавата е во рамките на дозволените гранични вредности,
тогаш граѓанинот е должен да плати за мерењето - велат во Одделението
за односи со јавноста на Градот.
Апаратите со кои се мери
бучавата овозможуваат вредностите да се прочитаат веднаш, па казната
може брзо да му се врачи на сопственикот на локалот.
Марија Тасев
Соседите мора да внимаваат колку се бучни
Со
Законот за заштитата од бучава се предвидени казни и за граѓаните, ако
премногу им бучат апаратите за домаќинство како оние за чистење, перење
и за приготвување храна.
Од Министерството за животна средина
велат дека граѓанин ќе може да пријави во Инспекторатот ако на соседот
многу му бучи правосмукалката или ако миксерот се слуша и во соседниот
стан, па соседот ќе мора апаратите да ги замени со нови, кои помалку
бучат или да ги приспособи старите. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9D8C5DDF7478484EAC30BF66053854C1 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#55 Posted: 03-Feb-2010 at 16:16 |
ГРАДОТ СКОПЈЕ НЕМА ДА НАПЛАЌА ТАКСА ЗА ПУШТАЊЕ МУЗИКА По
шпекулациите што се појавија во некои медиуми за наводното воведување
комунална такса за пуштање музика во скопските кафулиња, Градот Скопје
и градоначалникот Коце Трајановски демантираат дека се планира
воведување на таква такса. Тоа беше само една од точките на средбата на
Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје и на скопските
општини, на која што се дискутираа делови од законите за локална
самоуправа. Со ова сакаме да ја известиме јавноста дека Градот Скопје нема намера да воведе комунална такса за пуштање музика во скопските кафулиња и ресторани со што и дополнително би се оптовариле фирмите што вршат угостителска дејност.
http://www.skopje.gov.mk/ |
|
 |
ArchiTechTone
Senior Member
Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
|
Quote Reply
#56 Posted: 03-Feb-2010 at 14:20 |
 Е не ми се верува! Го претеруваат!
Врзоснова на што ги утврдуваат висините на таксите? Онака паушално во
завистонст колкави дупки треба да пополнат во буџетот? Ако ова се
однесува на почитување на некакви авторски права за музиката, верувам дека таксите би
требало да бидат многу многу повисоки.... И ќе биде многу прецизно
регулирано колкава сума ќе се плаќа, а не вака од 50 до 100 евра,
зависи како ќе ни испадне математиката. .. Како побогу се регулира правото
за пуштање(и слушање) на МУЗИКА?!?!
Ова (и законот за пушење во одредена мера) е директен упад во лични
слободи, и се надевам едка граѓаните ќе се позанимаваат со овие
работи... Пошто Уставен е и онака ненадлежен за ништо...
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#57 Posted: 03-Feb-2010 at 13:50 |
Таксата за музика од 50 до 100 евра
Точниот износ на таксата сe
уште не се знае, и како таа ќе се пресметува, ќе одлучат
градоначалниците на скопските општини. Законот
предвидува обврзникот да ја плати таксата во рок од 15 дена
од денот на доставување на решението, во спротивно, ќе
треба да плати казна од 150.000 до 300.000 денари
Од
50 до 100 евра годишно ќе треба да платат кафеанџиите и
газдите на кафулињата, ако сакаат да пуштаат музика во
нивните локали. Рамката за висината на комуналната
такса е утврдена според Законот за комуналната такса,
донесен уште во 2004 година. Во одлуката стои само дека сите
угостителски објекти треба да плаќаат такса за пуштање
музика и истата ќе се движи од 3.300 до 6.700 денари. Но не се
објаснува од што ќе зависи и како ќе се пресметува кој локал
колкава такса ќе плаќа. Тоа останува да го одредат
градоначалникот на Град Скопје и градоначалниците на
другите општини. "Градоначалниците на општините во
Градот Скопје и градоначалникот на Градот Скопје со решение
ќе ја утврдат висината на таксата во годишен износ и ќе го
задолжат обврзникот да ја плати таксата во рок од 15 дена од
денот на доставување на решението. Доколку тоа не го стори
во предвидениот рок, казните изнесуваат од 150.000 до 300.000
денари", стои во одредбите на Законот за комуналната такса. Според
неофицијални информации, во Градот веќе се работи на
утврдување на висината на таксата и како таа ќе се
пресметува, оти на ова гледаат како на добар начин за полнење
на градската каса. Наскоро предлог - цената ќе биде ставена
на дневен ред на седница на Советот на Град Скопје. Од
кабинетот на градоначалникот ги негираат ваквите
информации, тврдејќи дека во моментов не се размислува за
спроведување на законската обврска за такса за музика. "Тоа
беше само една од предлог-точките на градоначалникот
Трајановски. Таксата не е негова идеја туку обврска
пропишана со Законот. Во моментов не се размислува за
спроведување на таксата", вели Неделчо Крстевски,
портпарол на Град Скопје. Изјавата на градоначалникот
Коце Трајановски пред десетина дена дека кафеанџиите ќе
треба да му плаќаат такса на Градот ако сакаат да пуштаат
музика, кафеанџиите ја дочекаа на нож. Тие сметаат дека
уште една давачка кон Градот финансиски ќе ги уништи. Но
освен кафеанџиите, за спроведувањето на таксата токму во
овој момент негодувале и дел од градоначалниците на
Координативното тело на градоначалници кои на
Трајановски му сугерирале да го одложи воведувањето на
музичката такса. Нивното образложение било тоа да не се
прави, оти неодамна се воведе забраната за пушење во
кафулињата и во кафеаните. "Е па ајде да воведеме и
такса за воздухов што го дишеме. На угостителите им се
нанесе голема штета со Законот против пушење, плаќаат
фирмарини, а сега, за некој месец, и такса за летни тераси.
Уште ова им фали. Јас, ако градоначалникот Трајановски ја
стави таксата за музика на разгледување на следната средба
на градоначалниците, ќе бидам против нејзиното
донесување", вели градоначалникот на Општина Карпош
Стевче Јакимовски.
Градот ќе ќари 100.000 евра
Во градската каса, годишно, од собирање такса за музика ќе се
приберат околу 100.000 евра. Според Државниот завод за статистика во
Скопје, заклучно со 2008 година се регистирани 927 угостителски
објекти. Од таму велат дека денеска оваа бројка е зголемена, и сигурно
во главниот град има над 1.000 кафулиња и кафеани. Па оттаму ако едно
кафуле годишно плаќа по 100 евра, тогаш Градот само од такса за музика
ќе биде побогат за 100.000 евра во текот на една година. На целата
територија на Македонија, пак, има околу 5.000 угостителски објекти,
што значи дека од новата давачка за кафеанџиите општините ќе соберат
половина милион евра годишно.
http://vest.com.mk/?ItemID=561201B88FBFA7479964B604AE6A0B8C |
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#58 Posted: 26-Sep-2009 at 00:14 |
о поплаките на скопјани за бучавата од угостителските објекти
Ќе се казнува за гласна музика
Сериозните
поплаки на скопјани на гласната музика од кафулињата, особено на
станарите во строгиот центар на градот, околу Плоштадот и улицата
Македонија, од Кејот 13 Ноември, но во последно време и од населбите
кои негогаш важеа за мирни места како што е Дебар Маало, конечно ги
разбудилја надлежните. Од Општина Центар информираат дека инспекцијата
за животна средина почнала да спроведува редовна контрола на нивото на
бучава од угостителските објекти на целата територија. - За таа цел,
ангажиравме овластена фирма да спроведува мерења на нивото на бучава во
локалите. Најчесто мерењата се изведуваат во ноќните часови, кога има
најголема посетеност на кафулињата и ноќните клубови, а мирот и ноќниот
сон на граѓаните е нарушен - информираат одговорните од општината.
Оттаму апелираат до сите угостителски објекти да ги почитуваат
пропишаните законски дозволени нивоа на бучава. За станбени реони тие
изнесуваат 55 децибели за ден, а навечер на 45 децибели.
За сите прекршители на Законот за бучава се предвидени парични казни
во износ од 500 евра на правно лице и уште глоба од 300 евра на
одговорното лице во правното лице. Надзорот во Општина Центар го врши овластен инспектор за животна средина.
(Е.А.)
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E5FAFECF21313B4188318D0B5CA1242E
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#59 Posted: 18-Jun-2009 at 03:27 |
Граѓаните немаат сон од бучните кафеани

Вознемирувањето може да се пријави во Градот или во Министерството за животна средина
Сања Наумовска
Рестораните и кафулињата ги отворија летните тераси, а од тогаш
скопјани немаат мир. Силна музика, бендови кои свират во живо, врева од
гостите, се секојдневен кошмар на луѓето кои живеат во близина на овие
објекти. Најстрашно е во Капиштец и во Дебар маало, велат жителите на
овие две густо населени населби, каде што кафеанчиња и кафулиња има на
секој чекор.
Минатиот викенд без сон останале жители на зграда
во Капиштец, веднаш спроти кафеаната „Дуомо“. Признаваат дека живата
свирка не траела подоцна од 1 часот по полноќ, но била толку гласна што
не можеле око да затворат. Бидејќи многу им се вознемирило и бебето,
тие се јавиле в полиција. Но, ни тоа не им помогнало многу.
„Полицаецот
ни рече дека човекот вложил многу пари во кафеаната, и сега мора да си
ги врати. За гласната музика ништо не преземаа, па ние и нашите деца не
спиевме и едноставно чекавме сами да престанат. Тоа се повторува секој
викенд, иако и ние и соседите постојано пријавуваме“, вели жител на
Капиштец.
Единствено решение за ваквите проблеми, а на кое
упатуваат надлежните институции, е пријава до Градот Скопје или, пак,
до Министерството за животна средина. Инспекторите ќе излезат на терен
и ќе ја измерат бучавата, а за пречекорувањето можат да изречат
мандатна казна. Законот предвидува само 500 евра за правно лице и од
100 до 150 евра за физичко лице. Нашиот соговорник и неговите соседите,
откако не добиле помош од полицијата, решиле да побараат мерење на
бучавата. Но, не се убедени дека казната ќе ги мотивира кафеанџиите да
ја стивнат музиката.
Во Министерството за животна средина,
пак, информираат дека се казнува секоја бучава над 80 децибели, ако е
направена ноќе и во урбана и населена средина. Условите не се толку
ригорозни ако се работи за ден и за периферија на град или, пак, за
ненаселено место. Мерењето, кое инспекторатот на Министерството го врши
по барање на граѓани се спроведува во стан или некаде надвор во близина
на локалот кој ја создава бучавата.
„Технологијата овозможува
вредностите да се исчитаат веднаш, па казната може брзо да му се врачи
на сопственикот на локалот“, информираат во Министерството за животна
средина.
И градските власти, по службена должност или по барање
на граѓаните, мерат бучава. За таа намена Градот ангажирал фирма која
со специјална опрема излегува на терен кога е потребно да се утврди
дали некој од локалите го пречекорува нивото на бучава пропишано со
закон.
„Во текот на летните месеци, поради големиот број летни
тераси и зголемената бучава, инспекторатот спроведува дежурства за
мерење на бучавата. Во сите овие активности се соработува со
инспекторатот во Министерството, како и со општинските инспектори“,
информираат градските власти.
Имајќи го ова предвид може да се
заклучи дека се' се сведува само на мерење на бучава. Казни, очигледно,
нема, бидејќи ниту во Министерството за животна средина ниту, пак, во
Градот одговорија на прашањето колку казни се изречени досега. http://utrinski.com.mk/?ItemID=5DC061FCAE347B488F046B9FA2B7D600 |
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#60 Posted: 09-Jun-2009 at 16:17 |
Гитар прашањето беше како е на ЗАПАД а колку што знам Грција не е по ниеден критериум (не само географски), западна земја, особено не Солун и неговиот регион.  Второ за какви прозорци зборуваш ти? Ај замисли си да смејат парижани да лупнат алуминиумски прозори по своја волја во вековните згради по старите паришки булеварди!? Пбенкс, проблемот има повеќе димензии. Како што знаеш тука нема еден вид на контејнер, туку повеќе. Колку што знам, во Љубљана преку ден се собираат оние за стакло (затоа што самото нивно празнење создрава огормна бучава, иако самите контејнери се од пластика), како и оние за био-одпадоци. Се останато се собира навечер, кога сообраќајот е минимален, особено во центарот поради гужвите. Инаку комбинацијата стара механизација и разлупани метални контејнери во секој случај си игра своја улога во сета бучност на овој иначе многу лесен урбан процес во секој друг нормален град.
|
 |