build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 27>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 09-Nov-2021 at 08:04
Владата денес ќе прогласи вонредна енергетска криза

Денеска Владата на редовната седница треба да прогласи вонредна енергетска кризна состојба. Рестрикции на струја нема да има, според најавите од Министерството за економија, а до крајот на годината нема да се зголеми ниту цената на електичната енергија за домаќинствата, но сепак ќе биде прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор за да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании, прес се МЕПСО и АД ЕСМ.

Во новата уредба се попрецизно пропишани работите во надлежност на Комисијата која ќе треба да се формира за следење на состојбата. Учесниците на пазарот ќе бидат должни на секој можен начин да прибават енергија со која ќе се покрие недостатокот. Освен хавариска испомош, дополнителен увоз и ангажирање резерви, се отвора можност за обезбедување дополнителни финансиски средства преку репрограмирање на побарувањата од балансно одговорните страни, како и ослободување од обврската за гарантирање на балансната одговорност. Ова значи покривање на “дупките” создадени од дебалансите со буџетски средства, односно употреба на парите на граѓаните за справување со последиците на крајно недомаќинскиот однос во енергетскиот сектор и отсуството на стратегија во секторот со години наназад, велат експертите.

Кризна состојба, како што претходно најави министерот за економија Крешник Бектеши, ќе биде прогласена на денешната владина седница, а треба и да се знае колку средства од буџетот ќе бидат трансферирани кај енергетските компании.

Според Бектеши, Владата има средства за да интервенира и во зависност од тоа колкави се потребите на енергетските компании, толку средства ќе бидат пренасочени директно од буџетот, но најверојатно се работи за сума од 100 милиони евра, пари кои останаа непотрошени за ковид-кризата.

Во меѓувреме АД ЕСМ продолжува да купува струја за домаќинствата, откако РЕК Битола поради технички проблем престана да работи со единствениот блок кој произведуваше електрична енергија. Куштрим Рамадани, директорот на МЕПСО, пак рече дека на компанијата и се потребни барем 30 милиони евра во моментов.

https://faktor.mk/vladata-denes-kje-proglasi-vonredna-energetska-kriza
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 893
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 08-Nov-2021 at 23:22
Дефекти се случуваат секаде, ама на сред енергетска криза да останеш без ват сопствено производство е... немам ни пцовки за да го опишам. Едноставно, си ја зацртавме патеката и храбро си чекориме 30 години - партиско дно, дебилизам, безрбетништо, лигавење. Дно дна. Ти викаш приватизција, јас ќе се повикам на говор на омраза - само гилотина за цел партиски неспособен гнилеж навтеран во секоја пора на системот. Ама за жал радикални методи не се на повидок, па така да ни промени.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 08-Nov-2021 at 18:54
Само приватизација и гасификација, блок по блок, кроз 15-тина години! Све друго е свирање курцу!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 08-Nov-2021 at 17:45
ЕСМ ПЛАЌА 1,1 МИЛИОН ЕВРА: Струја што домаќинствата ја трошат од вчера до утре, цената е 240 евра!

Енергијата за која ќе платат 1,1 милиони евра ангажира 90 мегавати односно само 45 отсто од инсталираниот капацитет на само еден блок во РЕК Битола

Државната компанија за производство на струја ЕСМ плати 1,1 милиони евра за набавка на електрична енергија која е потребна само за три дена односно за периодот од вчера 7 ноември до утре – 9 ноември.

Резултатите од набавката се јавно достапни на веб страницата на државната компанија на следниот линк https://www.esm.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/REZULTATI-07.11-09.11.2021.pdf

ЕСМ јакупува енергијата од 4 трговски компании и од еден приватен производител на струја. Цените за еден мегаватчас се движат од 199 евра до 259 евра. Само за споредба цената по која ЕСМ ја продава својата струја за потребите на домаќинствата е 37 евра за еден мегаватчас.

За вчера се пазарени 10 мегавати моќност (5% од инсталираниот капацитет на еден блок во РЕК Битола) , а за денеска и утре се набавуваат 90 мегавати моќност (45% од инсталираниот капацитет на еден блок од РЕК Битола).

Просечната цена за еден набавен мегаватчас изнесува 240 евра за мегаватчас

https://faktor.mk/esm-plakja-11-milion-evra-struja-shto-domakjinstvata-ja-troshat-od-vchera-do-utre-cenata-e-240-evra
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1161
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 08-Nov-2021 at 13:50
Originally posted by Џоле

Originally posted by MKDSTRUGA

Od deneska ima nov defekt na prviot blok. Najavena press konferencija na REK Bitola. Nekam da mesam politika ama se poveke mi lici deka Grujo kako gentelman pagal koa pagal od vlast u sporedba so Murtinski...


Сакаш да кажеш дека Заев намерно саботира и ги казнува граѓаните?

Најдобрата теорија на заговор на овие простори . Нема врска тоа, се работи за легачки и дуи-изиран кадар, кој нема притисок од горе да работи.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 08-Nov-2021 at 12:52
РАМАДАНИ ЗА ФАКТОР: МЕПСО пак презема струја, ситуацијата е лоша

Ситуацијата е лоша, од утрово повторно преземавме струја, но помалку од претходно затоа што и времето ни оди во прилог, изјави утрово за Фактор, првиот човек на МЕПСО Куштрим Рамадани. Претходно АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) соопшти дека заради дефект во котелот на Блок 1, целиот бпок е исклучен синоќа во 3 часот наутро. Со ова практично, домашното производство е сведено на нула, а струја на располагање има од увозот кој го направи ЕСМ и сосем минимално од хидропотенцијалот. Рамадани е дециден дека мора брзо да се реагира и дека во моментов топлото време е на наша страна.

„Преземавме утрово струја од европската мрежа, но не многу околу 30 до 40 мегаватчасови струја. Сепак исклучувањето на блокот во РЕК Битола не ни оди воприлог, не се знае што ќе правиме со јагленот и дали освен за РЕК Битола ќе може да се стави во функција и ТЕЦ Осломеј. Секако ситуацијата со нула домашно производство не е во добра и не ни оди во прилог, вели Рамадани за Фактор.

Тој рече дека во моментов на компанијата и требаат околу 30 милиони евра од кои 15 милиони евра се за ликвидност. Деновиве ќе стасаат за наплата фактурите од преземањата на струја кои МЕПСО ги правеше во претходниот период. Можноста да се префрлаат пари од буџетот ќе се отвори со прогласување на кризната состојба која е планирана за утрешната владина седница.

Од Министерството за економија за Фактор велат дека стартувањето на ТЕЦ Неготино ќе зависи од тоа дали Владата ќе прогласи енергетска кризна состојба на следната седница.

На прашањето колку мазут има за централата упатуваат во ТЕЦ Неготино.

Рамадани уверува дека засега нема да има рестрикции на струја, но останува проблематична ситуацијата со оглед на тоа што ниту еден домашен капацитет не произведува доволно. Не планирал да си оди од МЕПСО и вели дека ќе остане се додека не биде разрешен.

https://faktor.mk/ramadani-za-faktor-mepso-pak-prezema-struja-situacijata-e-losha
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 08-Nov-2021 at 10:21
Originally posted by MKDSTRUGA

Od deneska ima nov defekt na prviot blok. Najavena press konferencija na REK Bitola. Nekam da mesam politika ama se poveke mi lici deka Grujo kako gentelman pagal koa pagal od vlast u sporedba so Murtinski...


Сакаш да кажеш дека Заев намерно саботира и ги казнува граѓаните?
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 08-Nov-2021 at 10:00
ЗАПРЕНО Е ПРОИЗВОДСТВОТО ВО РЕК БИТОЛА Пукнала цевка во Блок1

Утрово околу 03.30 часот, пукнала цевка и во Блок 1, во РЕК Битола.

Ова значи дека најголемиот енергетски капацитет РЕК Битола во моментот не произведува струја

Од ЕСМ потврдија дека има дефект, но не открија детали. Најавено е соопштение од РЕК Битола во текот на денот.

Претходно поради хаварија во РЕК надвор од функција беа вториот и третиот блок поради што производството беше потпрено само на еден блок но сега и тој не работи.

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека владата не менаџира добро со енергетскиот сектор. Наместо да инвестира 5,5 милиони евеа во РЕК Битола и да се произведат 100.000 мегавати струја, таа купува струја по цена од 210 евра за мегават.

https://plusinfo.mk/zapreno-e-proizvodstvoto-vo-rek-bitola-puknala-cevka-vo-blok1/
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 465
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 08-Nov-2021 at 09:55
Od deneska ima nov defekt na prviot blok. Najavena press konferencija na REK Bitola. Nekam da mesam politika ama se poveke mi lici deka Grujo kako gentelman pagal koa pagal od vlast u sporedba so Murtinski...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 08-Nov-2021 at 08:16
Рестрикциите на електрична енергија нема да ја одминат Македонија



Неизбежни се рестрикции и поскапување на струјата и тоа до 50 проценти по Нова Година, предупредуваат експертите. Алармираат дека состојбата е крајно сериозна. Дополнително е влошена со хаваријата која се случи во РЕК.

Резерви на јаглен нема ниту за една недела. За состојбата и за растот на цените на берзите ги предупредиле надлежните уште пред неклку месеци.

На депонијата во РЕК има 40 илјади тони залиха, резерви како за во лето. Според Манасков со набавката на јаглен се доцни два месеци, а транспортот на 900 илјади тони кои ќе се увезува ќе биде многу сложен.

Во моментов РЕК произведува струја со еден блок, следната недела се очекува да биде пуштен и вториот кој во моментов е во ремонт. Утре ќе се знае и од каде ќе се земе јаглен за ТЕЦ Осломеј. Експертите сметаат целосно во погон треба да се стави и Когел Север затоа што може многу да помогне. Од ЕСМ велат - централата работи со пола капацитет затоа што се сервисираат моторите.

За да се надоместат недостатоците, на 4 ти месецов ЕСМ набавиле електрична енергија. Од две фирми купени се 26 илјади мегавати, за 5,5 милиони евра. Испораката ќе почне од денеска и ќе трае до 20 ноември.

Во вторник комисијата предводена од министерот Бектеши ќе бара од Владата прогласување кризна состојба. Но тврди рестрикции не се потребни. Сепак експертите бараат надлежните веднаш да излезат со план за справување. Ако се делува сега во секторот енергетика ќе биде потребно да се вбризгаат околу 200те милиони евра, но ако се чека ќе требаат многу повеќе пари. Во моментов за санирање на штетите во секторот на располагање има 100 милиони евра , но од Владата уверуваат дека буџетот е во добра состојба.

https://sitel.com.mk/restrikciite-na-elektrichna-energija-nema-da-ja-odminat-makedonija
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 08-Nov-2021 at 08:12
Пожарот во РЕК Битола се случи во најлош енергетски момент

Оштетувањето на трансформаторот на Блок 3 на РЕК Битола е од поголеми размери, по пожарот кој избувна ноќта меѓу петокот и саботата и тој одреден период нема да биде во можност да биде приклучен во производниот систем, информираа од АД ЕЛЕМ за „Слободен печат“. Нема информација колку ќе трае тој „одреден период“, а во меѓувреме дел од медиумите веќе објавија дека дефектот на транформаторот на Блок 3 е од поголеми размери, што според енергетските експерти, значи дека за неговата санација ќе биде потребна најмалку една година.

Засега нема информација што ќе се случи со набавката на 900 илјади тони јаглен, кои беа наменети токму за третиот блок на РЕК Битола, дали ќе се продолжи со набавката, а јагленот ќе се складира во депониите додека да биде завршена санацијата. Инаку, наместо во декември, од следната недела со полн капацитет ќе проработи и Блок 2, во кој досега се вршеше редовниот ремонт, но како што велат од ЕЛЕМ, актуелно има потреба од негово побрзо вклучување.

-ТЕЦ Осломеј во моментот е во редовен сервис за негова подготовка за континуирано производство на електрична енергија од декември до април идната година, со 300 илјади тони набавен јаглен за кои постапката ќе финишира во следните неколку дена. Останатите капацитети на АД ЕСМ, хидроелектраните Црн Дрим, Маврово, Треска и Тиквеш, гасната електрана Енергетика- Скопје и ветерниот парк Богданци се во функција – брифираат од АД ЕЛЕМ.

Инаку, пожарот почнал на еден од изолаторите на надворешниот трансформатор на Блок 3 и бил изгаснат со брза интервенција на противпожарните служби. Немало дополнителни хавариски оштетувања. Локацијата е обезбедена и екипи на АД ЕСМ и на надлежните служби ќе ги истражуваат причините за настанот. Во случаи на пожар, од безбедносни причини проработува автоматската заштита и таа реагирала со исклучување и на Блок 1. За помалку од еден час Блок 1 бил рестартиран и вратен, и веќе работи со полн капацитет.

-АД ЕСМ најостро ги демантира сите шпекулации за наводно нестручно и несовесно работење и оперирање, со оглед на тоа што се работи за процес на производство со опрема стара над 40 години. За компанијата е најважно што нема повредени лица во при настанувањето на пожарот и неговото санирање – велат од ЕСМ.

Стопанска комора за енергетика предлага „0“ данок за струја за компаниите
Пожарот кој изби на блокот 3 во РЕК Битола е последица од ненавремено и неквалитетно одржување на сите блокови во термоелектраната, вели за Локално.мк. претседателот на Стопанската комора за енергетика Ѓорѓи Манасков. За надминување на енергетската криза од Комората предлагаат целосно укинување на даночната стапка за електрична енергија за компаниите од 18 на 0 отсто и тоа во период од 6-12 месеци, формирање на Македонска енергетска берза, укинување на активната моќност и максиграфи во индустријата и компаниите, формирање балансна група во Мепсо, како и посебно Министерство за енергетика кое ќе раководи со енергетските случувања во земјата, но и да се подготви рестриктивен план за спас од енергетската криза.

Во очекување на конечната информација околу набавката на потребните количини јаглен, во јавноста се погласно се шпекулира дека повисоките сметки за потрошена електрична енергија, од Нова Година ќе станат реалност. Проценките на некои експерти се дека поскапувањето ќе достигне и до 20 отсто.

ЕСМ купилa 26.000 мегавати електрична енергија за 5,5 милиони евра
ЕСМ Продажба, склучила два договори со две различни фирми за набавка на 26.000 мегавати електрична енергија кои ќе чинат 5,5 милиони евра, објави ТВ Сител.

Според договорот испораката ќе биде извршена во периодот од 7 до 20 ноември.

Цената е различна, па така дел од струјата ќе биде набавена по цена од 198 евра за мегават час, дел за 205, додека пак најголемиот дел односно повеќе од 15.000 мегавати ќе биде набавен по цена од 228 евра за мегават час.

https://www.slobodenpecat.mk/pozharot-vo-rek-bitola-se-sluchi-vo-najlosh-energetski-moment/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 07-Nov-2021 at 14:12
ЕСМ купил 26.000 мегавати електрична енергија за 5.5 милиони евра

ЕСМ Продажба денеска склучила два договори со две различни фирми за набавка на 26.000 мегавати електрична енергија кои ќе чинат 5,5 милиони евра.

Испораката ќе биде извршена во периодот од 7 до 20 ноември. Дел од струјата ќе биде набавена по цена од 198 евра за мегават час, дел за 205, додека пак најголемиот дел односно повеќе од 15.000 мегавати ќе биде набавен по цена од 228 евра за мегават час.



Во, меѓувреме има и нов тендер.



https://faktor.mk/esm--kupil-26000-megavati-elektrichna-energija-za-55-milioni-evra
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 06-Nov-2021 at 18:07
Во Македонија греењето со дрва е најзастапено, следува струјата, а најмалку парното

Неблагодарно е годинава да се укажува кој вид греење ќе биде најисплатлив за граѓаните во текот на зимскиот период, велат познавачите. Според нив, причина за тоа е енергетската криза во Европа, а со тоа и во земјава и континуираното поскапување на цената на енергенсите на светските пазари, особено на електричната енергија, нафтените деривати и природниот гас. Кај нас, како што нагласуваат, голем дел од граѓаните се греат на електрична енергија чија цена Владата ја гарантира до крајот на годинава.

Владата во јули годинава го намали ДДВ-то за струјата од 18 на 5 отсто за да спречи ценовен шок и најавува вклучување на дополнителни капацитети за производство на базна енергија за што објави и тендер за набавка на јаглен од странство.

Рестрикции на струја нема да има, а до крајот на годината нема да се зголеми ниту цената на електичната енергија за домаќинствата, но сепак ќе биде прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор за да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании.

Кризна состојба, како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, ќе биде прогласена на првата владина седница која најверојатно ќе се одржи во вторник, а колку средства од буџетот ќе бидат трансферирани кај енергетските компании ќе се знае откако ќе бидат направени конечните анализи.

Бектеши вчера изјави дека се интензивираат постапките за зголемување на државните капацитети за производство на електрична енергија, а надлежната Комисија ја донела формалната одлука која ќе биде предложена до Владата за прогласување енергетска кризна состојба.

Истакна дека РЕК Битола работи со два блока и има залихи за да може да работи и наредните денови, а веќе е завршена постапката за ставање во функција на „Осломеј“ со што ќе се зголеми капацитетот на производство на ЕСМ во нашата држава.

„Денеска имавме прилика да разговараме и со раководството на ЕСМ и со раководството на МЕПСО, веќе од наредната недела ќе добијат задолжение од страна на Владата и комисијата која прогласува кризна состојба за да направат што поголеми напори да се стави во функција и ТЕЦ „Неготино“ со тоа да ги задоволиме потребите, првично на домаќинствата и на малите потрошувачи, а секако откако ќе интервенираме и ќе вбризгаме средства во зголемување на ликвидноста на ЕСМ и на МЕПСО тие ќе станат поликвидни и ќе користиме други механизми преку Министерството за финансии за да можат тие да произведуваат и вишоци на електрична енергија во нашата држава“, изјави Бектеши.

Тој потенцира дека РЕК Битола моментно има 40 илјади тони залиха. Дневно се произведуваат три до пет илјади тони, но веќе почнале уште повеќе да ископуваат јаглен, а во континуитет се носи јагленот од Косово за потребите на „Осломеј“.

„Во вакви кризи наша цел е да ја намалиме производната цена на ЕСМ затоа што загарантирана цена имаат домаќинствата и малите потрошувачи согласно Законот за енергетика која изнесува 36,1 евра по мегават. Колку што ќе можеме повеќе да ја намалиме цената по мегават на ЕСМ секако дека нема да влијае врз зголемување на цената. И тоа сега го правиме за од 1 јануари да нема зголемување на цената на електрична енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи“, изјави министерот за економија.

Надлежните уверуваат дека се преземаат мерки и се ставени на располагање сите механизми со цел да се обезбедат доволни количини на електрична енергија. Се очекува успешно да зварши и тендерот за набавка на јаглен за вклучување на третиот блок на РЕК Битола.

По неуспешниот прв, на вториот тендер за набавка на јаглен за потребите на третиот блок на РЕК Битола се пријавија девет компании меѓу кои има домашни кои нудат јаглен од два домашни рудника, како и фирми од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Турција. Одлуката за избор на понудувач за јаглен за РЕК Битола се очекува да биде донесена до крајот на следната недела.

АД ЕСМ појасни дека редовното производството на електрична енергија за снабдување на домаќинствата се врши со сопствен ископ на јаглен од рудниците на РЕК Битола и со производство од другите производни капацитети: РЕК Осломеј, гасната електрана Енергетика, хидроелектраните Црн Дрим, Маврово, Треска и Тиквеш и од ветерниот парк Богданци, а јагленот од 900 илјади тони кој е предмет на оваа набавка е наменет исклучиво за дополнително производство, за потребите на фирмите и државните институции со цел за нив да се обезбеди електрична енергија по цена пониска од моменталните цени на берзите, од каде овие субјекти се снабдуваат.

Во земјава, како што посочува Бектеши се произведуваат 300 мегавати електрична енергија, а потрошувачката е околу 500 мегавати.

Проблем е цената на природниот гас и на нафтените деривати која во изминатиов период расте на берзите заради фактот што парното греење за скопјани работи во најголем дел токму на природен гас, кој е тешко да се набави доколку претходно не бил букиран од трговците со гас.

Во земјава интензивно се грее три месеци

Според проф. д-р Константин Димитров од МАЦЕФ, грејната сезона најчесто трае шест месеци, од кои во три е неопходно поинтензивно греење, додека во останатите најчесто се сведува на делумно загревање на просториите.

Тој за МИА посочува дека најевтино достапно греење е со огревно дрво, а доколку доволно би се развил гасоводниот систем во земјава и со тоа би се зголемила потрошувачката на природен гас, првенство би имало греењето на гас. Во моментов, како што вели, гасот е достапен само за домаќинствата во Куманово и Струмица, а во останатите делови од земјава се уште нема соодветна гасоводна мрежа.

Според публикацијата „Потрошувачка на енергенти во домаќинствата“ 62 отсто од вкупниот број домаќинства користат дрва како примарен извор на енергија, 29 отсто се греат на електрична енергија, а само осум отсто се приклучени на централно парно греење.

За греење со огревно дрво од 19 до 25 илјади денари годишно

Просечно македонско домаќинство годишно користи од три до 10 кубни метри огревно дрво за загревање или најчесто околу шест кубни метри, смета професорот Димитров. Доколку се подели вкупната произведена и продадена дрвна маса на годишно ниво со бројот на кубните метри неопходни за греење се добива дека повеќе од 130.000 домаќинства се греат на огревно дрво.

Максималната малопродажна цена на огревното дрво испорачано до купувач во ЈП „Национални шуми“ е 3.000 денари по кубен метар за даб и 2.900 денари за бука со вклучен ДДВ, но дополнително огревното дрво треба предвреме да се нарача, најчесто на крајот на изминатата грејна сезона за да биде испорачано во тековната грејна сезона. Просечната, пак, малопродажна цена за кубен метар буково огревно дрво во приватните складишта се движи од 3.300 до 3.800 денари, а кај дабовото дрво е поскапа за 200 до 300 денари по кубен метар. На тоа треба да се додадат пари за транспорт, сечење и за цепење и складирање на дрвата. Тоа покажува дека за греење со огревно дрво просечно македонско домаќинство одвојува од 19 до 25 илјади денари годишно.

Во домаќинствата најчесто се грее една соба. Доколку, пак, се загреваат повеќе простории или домаќинството има сопствено парно греење на дрва, потрошувачката на огревно дрво оди и до 20 и повеќе кубни метри на годишно ниво, за што се неопходни и повеќе од 80.000 денари годишно.

Дополнителен проблем е што во моментов не може да се најде огревно дрво на ниту едно од приватните складишта.

Тешко да се оцени колку домаќинства се греат на струја

Особено тешко е да се процени колку домаќинства во земјава се греат на електрична енергија, бидејќи никој нема обврска да најави со што ќе се грее.

Пресметките покажуваат дека за греење на електрична енергија просечно македонско домаќинство треба да одвои и до 30.000 денари во нормално студена година, а доколку температурите се пониски сумата значително се зголемува.

Ако се има предвид дека цената на електричната енергија за еднотарифните мерила изнесува 5,36 денари за потрошен киловат час и ако се знае дека за загревање на една просторија од дваесетина квадратни метри просечно се трошат по околу 2 киловат часови електрична енергија на час, лесно може да се дојде до податокот дека дневно за греење ќе се потрошат по околу 25 киловат часови или околу 134 денари. Кога на нив ќе се додадат и 5 отсто за ДДВ се добива дека дневно ќе се трошат по 140 денари за загревање или 4.200 денари месечно, односно околу 25.200 денари годишно.

Цената, како што истакнува професорот Димитров, би била речиси двојно помала доколку се грее со инвертер (клима уред што работи на пониски температури и троши помалку електрична енергија од вообичаените клими), но ваквиот вид на греење не може да работи при екстремно ниски температури под – 15 степени Целзиусови. За набавка на ваквите уреди државата и општините во неколку наврати досега нудеа субвенции до 60.000 денари за замена на нееколошкото греење со инвертер уреди. И за годинава се најавува слично субвенционирање за граѓаните кои ќе ги депонираат во отпадни складишта печките на дрва и ќе набават инвертер клима уред.

Доколку домаќинството има двотарифно броило цената на електричната енергија се движи од 6,69 денари за скапата до 3,36 денари за евтината тарифа. Ако, пак, се знае дека евтина тарифа има во периодот од 22 до 7 часот, кога најчесто не се грее, и секој ден од 14 до 16 часот, а во недела цел ден, лесно може да се оцени дека за затоплување со двотарифно броило треба да се одвојат повеќе средства. Доколку, пак, се загрева целиот станбен простор сметката за струја месечно може да изнесува и повеќе од 10.000 денари.

Топлински пумпи греење на иднината

Електричната енергија, порачува професорот Димитров, ја нуди и можноста за вградување на така наречените „топлински пумпи“, а кај народот познати како клима системи. Тоа е вентилаторски конвектор или топлинска пумпа што со користење на техничките достигнувања и законите што важат во природата – топлината од надвор со мала потрошувачка на енергија ја покачува на повиско ниво во внатрешноста.

„Стандардните поевтини производи од овој тип трошат еден киловат час електрична енергија, а внатре во просторијата има загревање од минимум два, а нормално е да имаш три, а во некои случаи четири до пет, па и шест киловати. Тоа пластично значи да плаќате еден киловат час електрична енергија, а добивате два или повеќе киловати. Со обичните греалки, пак, плаќате колку што трошите. Можеби е финансиско оптоварување да се вгради ваков систем, но на подолг рок инвестицијата се враќа“, посочи Димитров.

Централно парно греење само во Скопје

Во моментов централно греење има само во Скопје иако мрежа има и во Битола, но поради нерентабилноста веќе неколку години воопшто не се користи.

Според податоците на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на Балкан енерџи груп (БЕГ), главниот снабдувач со топлинска енергија во Скопје изнесува 1,071 денари за потрошена киловат час топлинска енергија, а во Скопје Север 0,917 денар по киловат час. АД ЕСМ – Подружница енергетика, пак, наплаќа паушална цена која изнесува 33,22 денари по квадратен метар доколку се плаќа на 12 рати или 66,44 денари ако се плаќа на шест рати.

Пресметката, според калкулаторот на РКЕ, покажува дека просечната сметка за греење на стан од 60 квадратни метри изнесува околу 2.100 денари месечно доколку сметката се плаќа на 12 еднакви рати или 4.200 денари ако се плаќа на шест рати. Произлегува дека годишно за греење на стан од 60 квадратни метри се неопходни околу 25.200 денари. Предноста на овој вид затоплување во однос на другите е што се грее цела станбена површина.

Податоците на БЕГ покажуваат дека 36 отсто од потрошувачите во главниот град или преку 55.000 се греат на централно греење. Од останатите 64 отсто нешто помалку од половината се греат на дрва и фосилни горива, а другите на електрична енергија.

Во Кочанско има и можност за загревање со геотермални води, но тие најчесто се користат за одгледување градинарски култири под стакленици, а има и домаќинства во Куманово и Струмица што се греат на природен гас, како и во Битола и Кичево кои се греат на јаглен.

Греење на пелети и брикети

Со субвенциите што ги даваше Град Скопје и повеќе општини во земјава за купување на печки на пелети, одреден процент на граѓани се преориентираа затоплувањето на станбениот простор да го вршат со овој енергенс. Субвенцијата изнесуваше 70 отсто од вредноста на печката на пелети, но не повеќе од 30.000 денари. Мерката не ги опфаќа домаќинствата што имаат приклучок на градското централно греење.

Печката на пелети троши од 10 до 15 килограми пелетни дневно, а цената на пелетите во зависност од квалитетот и тежината во малопродажните објекти се движи од 12 до 16 денари за килограм, односно од 180 до 260 денари за вреќа од 15 килограми. Во стовариштата и на интернет тон пелети моеже да се најде и за цена од 12.930 до 14.600 денари.

Од тоа произлегува дека месечните трошоци изнесуваат над 5.400 денари или околу 30.000 денари на годишно ниво за загревање на површина од 60 квадратни метри.

Цената на брикетите, пак, се движи од 18 до 20 денари за килограм брикет од бука, а на интеренет може да се најде и тон брикети за 14.800 денари. Брикетот може да се користи како замена на огревно дрво во обичните печки на дрва и има поголема калориска моќ, односно повеќе затоплува и со тоа помалку се троши.

Повторно проблем има при набавката на пелети и брикети кои тешко може да се најдат во малопродажба.

https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/vo-makedonija-greenjeto-so-drva-e-najzastapeno-sleduva-strujata-a-najmalku
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 06-Nov-2021 at 11:24
УШТЕ СЕ ВЛЕЧЕ СТРУЈА ОД ЕВРОПСКАТА МРЕЖА Вклучен е еден блок во РЕК Битола

Блокот 1 во РЕК Битола е вклучен утрово во 6.30 часот, откако по вчерашниот пожар беа исклучени сите блокови, а Македонија влечела струја од Европската мрежа, објави ТВ24.
Според информациите од енерегетските компании на ТВ24, блокот 3 се уште не е вклучен, а вториот блок е во ремонт, кој се очекува да заврши во понеделник.

Третиот блок имал проблем со трансформаторот.

https://plusinfo.mk/ushte-se-vleche-stru-a-od-evropskata-mrezha-vkluchen-e-eden-blok-vo-rek-bitola/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 06-Nov-2021 at 11:20
РЕК БИТОЛА ПАК ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА, СЕ ИСПИТУВА КАКО СЕ СЛУЧИ ПОЖАРОТ

ЕК „Битола“, македонскиот енергетски стожер, веќе произведува струја по синоќешниот пожар кога од производство беа исклучени двата блока со кои работеше. Во погон е блокот 1, а истражни органи и стручни лица од РЕК испитуваат како дошло до пожарот.

Вчеравечер изби пожар во блокот 3, еден од двата блока со кои работеше комбинатот. Огнот изби во 22:50 часот на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. По ова следуваше испад на третиот блок, што вон производство го повлече и првиот, па извесен период РЕК не приизведуваше струја.

Пожарот беше брзо изгаснат, немаше повредени, а РЕК веќе почна со производство на струја.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/rek-bitola-pak-proizveduva-struja-se-ispituva-kako-se-sluchi-pozharot/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 05-Nov-2021 at 18:08
РЕК Битола со залихи за неколку денови, забрзан ископот на јаглен

РЕК Битола има на залиха само 40 илјади тони јаглен. Во моментов таму работат два од вкупно трите блока. Тие во просек за 24 часа трошат и до 10 илјади тони. Производство на струја, уверува министерот за економија Крешник Бектеши, ќе има во наредните денови или додека не се набави јагленот од 900 илјади тони.

РЕК Битола работи со два блока има залихи за да може да работи во наредните денови. Во РЕК Битола моментално има околу 40 илјади тони јаглен залиха во нивната депонија, а дневно се произведува од 3 до 5 илјади тони јаглен, а веќе е почнато и со забрзано темпо да се прави ископ на јаглен. Во континуитет се носи јаглен од Косово за потребите на РЕК Осломеј“, рече Бектеши.

Следната недела од ЕСМ ќе објават која од деветте компании, кои доставија понуди, ќе го снабди РЕК Битола со 900.000 тони јаглен.

„Сите пристигнати понуди се испратени на техничка евалуација. По завршување на оваа фаза, следува економско-финансиска евалуација на понудите, по што ќе биде донесена одлука за избор на економски оператор. Се очекува одлуката да биде реализирана до крајот на следната недела“, велат од ЕСМ.

Но, пред да се донесе одлуката за Битола, во понеделник ќе се објави името на компанијата која ќе испорача 300 илјади тони за РЕК Осломеј.

Во меѓувреме комисијата која требаше да ја формира Министерството за економија, утринава одржала состанок. Одлучила во вторник до Владата да испрати барање за прогласување на кризна состојба во енергетиката. Таа ќе биде прогласена за Владата да може да префрла пари од буџетот за државните компании ЕСМ и за МЕПСО за да може да ги плаќаат се поголемите трошоци за струја. Станува збор за околу 100 милиони евра, дел од нив, првично одвоени за борба против корона вирусот.

https://alsat.mk/mk/rek-bitola-so-zalihi-za-nekolku-denovi-zabrzan-iskopot-na-jaglen/
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1161
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 03-Nov-2021 at 19:47
Неверојатно е ова, 5 години едно големо ништо (не дека и претходните се преинвестираа). Требаше барем ТЕЦ Неготино да биде пренаменета на гас. Веќе и ќе почнеше пари да враќа поради намален увоз.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 03-Nov-2021 at 17:56
ПОВЛЕКУВАЊАТА НА СТРУЈА ОД МАКЕДОНИЈА ОДАТ НА ПОВИСОКО НИВО: Ќе се дебатираат на Бордот на ЕНТСО Е

Превземањата на струја кои МЕПСО ги прави заради недостигот на струја од домашните Електрани (ЕСМ) ќе бидат точка на дневен ред на Бордот директори на ЕНТСО Е , европска асоцијација на систем-оператори, дознава Фактор.

Информацијата сепак ја потврди и директорот на МЕПСО Куштрим Рамадани, но не соопшти детали со образложение дека тоа ќе го стори малку подоцна.

ENTSO-E, (Европската мрежа на преносни системски оператори за електрична енергија), е асоцијација за соработка на европските оператори за преносни системи.

Македонија стана дел од проблемот кога МЕПСО во повеќе наврати повлекуваше струја од меѓународната мрежа за што веќе има пет предупредувања од Европскиот центар за пресметки кој ги регулира односите меѓу националните електроенергетски системи

Од електропреносниот оператор повеќепати потенцираа дека итно треба да се донесат мерки за справување со последиците со оваа криза додека температурите не почнат нагло да паѓаат.

Како што веќе објавивме Владата во саботата донела Уредба за критериуми и услови за прогласување кризна енергетска состојба. Со тоа се создадени правни предуслови да може да се прогласи енергетска криза и рестрикции во снабдувањето на потрошувачите при што МЕПСО и ЕВН ќе можат да утврдат кои се приоритетни категории на потрошувачи на струја и да се овозможи нивно снабдување со електрична енергија. Уредбата е објавена во Службен весник бр. 246 на 2 ноември 2021 година.

https://faktor.mk/povlekuvanjata-na-struja-od-makedonija-odat-na-povisoko-nivo-kje-se-debatiraat-na-bordot-na-entso-e
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 03-Nov-2021 at 17:38
По отворањето на хидроцентралата „Св. Петка“ и ветропаркот „Богданци“, буквално камче не е поместено во енергетиката, сега само сметката ја плаќаме.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 03-Nov-2021 at 11:44
Спремајте се за рестрикции! Владата донесе уредба за кризна енергетска состојба

Владата во саботата донела Уредба за критериуми и услови за прогласување кризна енергетска состојба. Со тоа се создадени правнипредуслови да може да се прогласи енергетска криза и рестрикции во снабдувањето на потрошувачите при што МЕПСО и ЕВН ќе можат да утврдат кои се приоритетни категории на потрошувачи на струја и да се овозможи нивно снабдување со електрична енергија.

МЕПСО пред десетина дена предупреди дека во повеќе наврати добиле предупредвања од Европскиот центар за пресметки кој ги регулира односите меѓу националните електроенергетски системи дека нашиот систем заради недостиг на домашно производство сериозно отстапува и нелегално превзема туѓа електрична енергија. Таа енергија заради недостигот на производителот ЕСМ ќе мора даја плати МЕПСО откако пропаднал тендерот за набавка на струја што го распишал ЕВН – лиценцираниот снабдувач. Засега нема информации кои мерки ќе ги превземат МЕПСО и ЕВН. Уредбата е објавена во Службен весник бр. 246 на 2 ноември 2021 година.

https://faktor.mk/spremajte-se-za-restrikcii-vladata-donese-uredba-za-krizna-energetska-sostojba
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.302 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.