Author |
Topic Search Topic Options
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#41 Posted: 26-Jun-2009 at 18:26 |
Исо 9001 сертификат за квалитет
Петок, 26 Јуни 2009 17:11 |
Согласно
сопствените тековните за стандардизирање на квалитетот на давање услуги
на граѓаните, општина Битола, кон крајот на август ќе аплицира за
добивање на сертификат за кавлитет исо 9001,овој нов стандард бил
абдејтиран во 2008мата. Ќе бидеме првата општина на Балканот која што
ќе биде носител на овој сертификат за кавлитет, доколку успееме да го
добиеме.Што се подразбира под поимот сертификат за квалитет?
„
Разбира имање на одредени стандарди при носењето на докумнети кои што
се однесуваат на граѓаните на Општина Битола, значи следење на прецизно
пропишани прописи и правила во цела комуникација со граѓаните."- вели
Емилија Геровска портпарол на Општина Битола.
Тоа
подразбирало еднаш завршена работа на еден начин и го има нивото на
квалитет,односно услугата е така сертифицирана,таа мора да биде
задржана во текот на секојдневното работење на Општината.
„Доказ
повеќе за тоа е секое ново верифицирање на стандардот односно еднаш
годишно истата консултантска куќа која што ќе ни го одобри и ќе ни го
додели ,ќе не проверува дали сме го задржале нивото и дали можеме да
продолжиме да бидеме носители на сертификатот за кавлитет исо 9001."-
вели Емилија Геровска портпарол на Општина Битола.
Општината
со полна пареа работела на спроведувањето на тие стандарди што треба да
ги постигнат со цел да станат носители на овој сертификат.
„Значи
секое одделение во Општината во соработка со консултантската куќа „Еуро
Мак Контрол" која што е ангажирана од UNDPС работи на дефинирање на
прописите и на сите процеси кои што се одвиваат во Општината, и
изнаоѓање на начин како истите да се архивираат заради секојдневното
работење со цел истите во секој момент да бидат проверени дали го имаме
квалитетот кој што е баран од старна на сертификатот исо 9001."- вели
Емилија Геровска портпарол на Општина Битола.
Исо стандард 9001, е стандард за кавлитет ,за сите видови на институции,организации,компании независно секој
во својата област има можност да си аплицира и да се стекне со него,
потребно е достигнување, односно инплементација на тие стандарди и да
побара верификација на истите.
"Општина
Битола со апликацијата за овој сертификат всушност само гледа можност
за едно формирање верификација на ниво на кавлитет на услугите кои им
ги нудима на граѓаните."- вели Емилија Геровска портпарол на Општина
Битола.
Параелно
со Битолската, алицирање ќе вршеле уште три македонски општини под
водство на UNDP кои што го иницираат овој процес, и компанијата која ќе
ја верифициирала состојбата во Општина Битола била од Европската Унија
поточно Велика Британија била победничка на распишаниот тендер.Ова било
значаен податок, зошто земјите од Западен Балкан имале поголемо
искуство и традиција во инплементацијата на всаков вид на стандард во
јавна институција,зошто се разликувале стандардите за исо 9001 кај
производствените компаниите и стандардите за јавните институции. |
| http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=9481:-9001-&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106Е ај има објаснување, ама ако Битола е прва општина на Балканот со таков сертификат, а една Атина или Софија немаат, што ќе ни е тогаш?
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#42 Posted: 18-Jun-2009 at 03:32 |
Централната ќе и помага на локалната власт
Премиерот
Никола Груевски и владините министри чиј делокруг на работа е поврзан
со ингеренциите и функционирањето на единиците на локалната самоуправа
вчера имаа работен состанок со Управниот одбор на ЗЕЛС. Ова е втора
средба што се остварува за многу краток период со цел да се изнајде
решение за подобрување и унапредување на власта на локално ниво.
Премиерот Груевски најави дека Владата ќе им помогне на општините кои
што не можат да влезат во втората фаза од децентрализација поради тоа
што имаат блокирани сметки од стари долгови ќе добијат помош од Владата. -
Ќе се обидеме да помогнеме особено на општините кои се уште не се
влезени во втората фаза од децентрализацијата, меѓутоа не само на таа
група туку ќе им помагаме на сите општини. Колкава помош ќе биде и
каква ќе одлучиме на една од наредните седници на Владата, но нема да
останеме ниту имуни, ниту глуви на овие состојби кои не се направени по
наша вина, но се случени и ние бараме начини како да помогнеме-истакна
Груевски по средбата. Тој најави дека Владата ја разгледувала и
можноста за зголемување на приходите на општините од централниот буџет
Владата и во наредниот период постепено ќе ги зголемува приходите во
делот на процентот што општините го добиваат од ДДВ и персонален данок.
На овој состанок, во фокусот на заедничката дискусија, освен
финансирањето на општините, беа и состојбите во урбанизмот и
просторното планирање, како и руралниот развој.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=AB46E7A9D5E3D841A7B04D1A0180A28F |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#43 Posted: 03-Jun-2009 at 09:47 |
ПРОФЕСОР ХОРХЕ МАРТИНЕС-ВАСКЕС, ЕКСПЕРТ ЗА ФИСКАЛНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА На општините им требаат нови даноци
Финансирањето
може да се зголеми преку дополнителни приходи како што се даноци на
движен имот - автомобили и чамци, вели професор Вескес

Од вкупно 84 општини и Градот Скопје, само триесет и три ги
исполнуваат сите законски пропишани надлежности, а тоа се оние што
порано биле седишта на општини. Другите, новонастанати општини имаат
големи проблеми. Ова го покажува физибилити-студијата за степенот на
фискална децентрализација и нејзиниот понатамошен развој направена од
експертскиот тим на УНДП предводен од професор Хорхе Мартинес-Васкес од
Државниот универзитет во Џорџија, САД.
* Кои би можеле да бидат најсоодветните чекори кон финансиско зајакнување на македонските општини?
-
Владината политика треба да стави акцент на поцелосно искористување на
постојните даноци, кои и' се на располагање на локалната самоуправа.
Приходите од данокот на имот може повеќекратно да се зголемат по
неодамнешното елиминирање на даночните изземања за нерезиденцијалните
имоти. На подолг рок, како што нивото на средства за локалната
самоуправа ќе продолжи да се зголемува во релација со БДП, на општините
треба да им се обезбедат дополнителни инструменти за остварување
приходи. Тоа може да бидат локални дополнителни давачки какви што се
даноци на движен имот - автомобили и чамци, бизнис-лиценци за
индивидуални претприемачи и мали бизниси и други.
* Но,
повеќето локални власти не се доволно кадровски екипирани за да
апсорбираат едно позначајно зголемување на приходите на краток рок?
-
Различни единици на локалната самоуправа имаат различен капацитет за
администрирање определени даноци. Во овој случај децентрализацијата на
административните надлежности треба да биде асиметрична и да се
приспособи на постојните капацитети. Ова значи дека и покрај тоа што
сите општини ќе добиваат приходи од одреден данок, само некои од нив би
го администрирале тој данок, а централната даночна управа би го
администрирала остатокот.
Бројот на вработените во локалната
самоуправа, објектите и опремата не мора да се зголемуваат
пропорционално со нивото на приходи бидејќи за некои работи може да се
ангажираат по договор и приватни компании.
* Во просек,
околу 50 отсто од приходите на општините се реализираат преку трансфери
од централното ниво. Каков е тој сооднос во практиката на другите
држави?
- Финансирањето половина од локалните расходи
со приходи остварени на локално ниво претставува импресивно
постигнување во споредба со други земји, на пример, тие што неодамна
влегоа во ЕУ. Иако во Македонија се предлага националните даночни
приходи да се делат со општините на местото на наплата, мора да се
разбере дека овој предлог би бил само уште една форма на трансфер што
ќе се доделува сразмерно со наплатата на соодветниот национален данок.
Овој трансфер најверојатно ќе биде повисок во случајот на побогатите
места. Може да се размислува дали овој критериум за распределба на
приходите е вистинскиот или можеби повеќе ресурси треба да им се
доделат на општините со помала приходна база за да се обезбеди
компензација.
* Како би можел да се подобри системот за изедначување на општините?
-
Итно треба да се надминат разликите во приходната база помеѓу општините
кои немаат никакво влијание врз дистрибуцијата на трансферите. За да ги
земе предвид различните капацитети за остварување приходи, формулата би
можела да вклучува економски индикатори како, на пример, просечниот
доход во домаќинство. За надминување на разликите, потребно е да се
идентификуваат трошковните фактори кои би покажувале колку овој
стандарден износ треба да се приспособува нагоре или надолу за одредена
општина поради тоа што таа има повисоки или пониски трошоци во однос на
стандардната ситуација. Ова би било втората област каде што итно се
потребни реформи, затоа што општините располагаат со малку податоци што
би ги покажале тие разлики во трошоците.
Предраг Димитровска Фото Чедомир Ненковиќ |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=302236979E8C144193CA1534E036AD18
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#44 Posted: 01-Jun-2009 at 20:14 |
Општините имаат потреба од лобисти
Понеделник, 01 Јуни 2009 18:33 |

Убавиот
збор - железни врати отвора. Оваа мудрост беше мислата водилка на
Марјан Танушевски во изработката на книгата „Лобирање во локалната
самоуправа" која е прв ваков труд во Македонија. Промоцијата беше во
лоби барот на хотелот Епинал како симболика за почетоците на лобирањето
во лоби барот на хотелот Вилорд во Вашингтон. Истражувањето го направи
на 71 градоначалник од вкупно 85 во Македонија директно со интервју и
анкета, со поддршка од ЗЕЛС. Од него произлегоа неколку показатели.

-Прво
дека на општините им е потребно лобирање за поефикасна локална
самоуправа, дека претходната структурана градоначалници најмногу
лобирале кај странски интвеститори и кај Владата на РМ, дека повеќе од
60% од нив не знаат како да лобираат и затоа треба да се снаоѓаат, тоа
упатува на тоа дека им е потребна обука. Градоначалниците сметаат дека
со лобирање многу подобро ќе ги реализираат своите планови, рече
авторот на трудот, Марјан Танушевски.
Од пелагонискиот плански регион се интервјуирани сите градоначалници, вклучувајќи ја и Општина Битола.

-Локалната
самоуправа, генерално во Општина Битола, има три дела, Градоначалник,
општинска администрација и Советот на Општина Битола. Првите два дела
благодарение на обукитекои ги имаа преку ЗЕЛС успеале да совладаат дел
од овие вештини, додека новиот состав на Советот мислам дека една
поголема група на луѓе всушност не знаат да лобираат и ќе треба да
учат, објасни Танушевски.
Танушевски
во трудот пишува дека децентрализацијата не е единствена гаранција за
ефикасна локална самоправа, туку главен фактор е човекот.
-Генерално
во општините во земјата има познавање на аналитички вештиони, но
процесните вештини им заостануваат. Една од тие вештини е лобирањето,
вели Танушевски.

Танушевски велат дека општините имаат потреба од лобисти.
-Општините
почуствувале потреба да ангажираат професионални лобисти заради
реализација на проекти од ИПА фондовите, подобрување на капацитетите,
но за жал н е тоа доволно во оваа фаза, вели Танушевски.
Заклучокот
кој Танушевски го извлекува од книгата е дека во бизнисот и во
политиката, не го добиваш она што го заслужуваш, туку тоа што ќе го
договориш. |
| http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8473&Itemid=106Епа тие што не дошле значи немаат проблеми со изнаоѓање на финансии.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#45 Posted: 05-May-2009 at 14:28 |
Советници не враќаат милион евра
Изминатите советнички гарнитури во Градот и во општините уште не
вратиле околу еден милион евра што ги зедоа гласајќи незаконски одлуки
 Се
движат во погрешен правец: со невратените паушали од советниците може
да се изгради речиси половина клучка како таа кај „Континетал“
Над еден
милион евра, според груби процени, незаконски зеле членовите на
советите, но и градоначалниците од Градот и скопските општини. Тоа е
половина од сумата потрошена за капитални зафати како клучката кај „Континентал“, булеварот Словенија или, пак, за претстојното проширување на Илинденска.
Во
изминатите четири години советниците се потрудија да изгласаат што
повеќе незаконски одлуки за паушали. Според досегашната практика на
земање незаконски пари, излегува дека повеќе се занимаваат со себе
отколку со проблемите на граѓаните. Користејќи дупки во законите и со
произволно толкување на легислативата, само во Аеродром, како што
обелодени поранешниот градоначалник Кирил Тодоровски, „стопени“ се
околу 250.000 евра за оваа намена. Таму советниците за три години
изгласале околу 16 одлуки со кои си делеа пари за својот џеб.
ВЛАСТ И ОПОЗИЦИЈА СПЛОТЕНИ ВО ГРАБЕЖ
Кога
станува збор за делење пари, досегашната практика покажа дека
советниците, како од владејачката партија така и од опозицијата,
секогаш се сложни и во „невидена љубов“. Ваква практика имаше во речиси
сите општини. Месечно, во зависност од одржаните седници, советниците
земаа и до 30.000 денари надоместок. Се делеа пари од ракав за
членување по комисии, како и за матичари.
- Незаконски
земените паушали мора да се вратат - препорачуваат државните ревизори
во речиси секој извештај, подготвен од контролори на финансиското
работење во Градот, но и во општините. Но, парите никој не ги враќа.
Локалните власти даваат начелни изјави дека парите ги бараат по судски
пат, но со години тие никако да бидат вратени. Безобразието и алчноста
на народните локални избраници достигна врв пред три месеци, кога
советниците во Кисела Вода изгласаа одлука за присвојување на
компјутерите дадени на користење за време на мандатот. Нивното тврдење
беше дека тоа го прават бидејќи не им биле исплатени паушали.
-
Компјутерите се имот на Општината, не може да се земат кога некој ќе
посака. Одлуката е дадена за преиспитување на законитоста и уставноста
пред Уставен суд, а алармирана е и антикорупциската комисија. Оттаму
испратија писмо со кое укажаа дека одлуката е незаконска, но
советниците ја игнорираа. Чекаме одговор од Уставниот суд. Ако одлуката
падне, ќе мора да ги вратат компјутерите. Ако не сакаат, ќе ги тужиме
-изјавија надлежните од Општина Кисела Вода.
НАДОМЕСТОК КАКО ПЛАНИНА ЗА СЕДНИЦИ ОД 10 МИНУТИ
Во
Градот, пак, практиката за незаконско земање паушали беше прекината во
2008 година, но дури по укажувањето на ревизорите. Претходно, во текот
на 2007, над законскиот лимит, советниците земале 9.024 денари од
седница. Законскиот лимит беше 30 отсто од просечната плата, односно
4.300 денари. Во извештајот немаше бројка за вкупната сума што ја
должат градските советници.
На прашањето дали сегашниот
градоначалник Коце Трајановски ќе бара од Советот парите да бидат
вратени, како што препорачаа ревизорите, добивме премногу општ одговор.
- Градоначалникот Трајановски се' уште ги разгледува сите
аспекти на досегашното работење. По завршните согледувања ќе бидат
преземени соодветни мерки во однос на сите, па и за прашањето на
советничките паушали во претходниот мандат - изјавија од градското
Одделение за односи со јавноста.
Изминативе години во некои
скопски општини, како што беше случај во Ѓорче Петров, буквално се
закажуваа една до две седници месечно само со една точка на дневен ред
- колку да се земе надоместок. Во други, пак, иако на дневен ред имаше
и по пет или повеќе точки, на крај сите се одлагаа, а седниците
завршуваа за 10 минути. Тоа беше чест случај во Аеродром.
Како
што изјавуваа портпаролите, во Гази Баба паушал за седница и за
членување во комисија беше 14.000 денари, во Бутел за седница и
комисија околу 10.000 денари по советник, а во Центар 1.000 денари за
дежурство во матично, а од седница на Совет - 30 отсто од просечната
плата. Во Карпош тврдеа дека законски се' е во ред, но ревизијата
утврди дека во 2005 година општината на градоначалникот Андреј Петров
му исплатила 1.700 евра по основа на незаконски паушал, а на
советниците околу 35.000 евра.
Рекордери во одржување седници и во крчмење на општинските буџети беа Кисела Вода, Карпош, Центар и Аеродром.
ЗАКОНОТ МОРАШЕ ДА СЕ МЕНУВА
Случајот
со исплата на незаконски паушали траеше со години поради недореченост
во Законот за локалната самоуправа. Лани Законот претрпе измени. Сега
за учество на седници се зема околу 84 отсто од просечна плата
исплатена во Македонија за минатата година, без разлика на бројот на
одржани седници.
Но пред измените, советниците сами си носеа
одлуки за поголеми паушали, а општината мораше да ја исплати оваа
алчност. Произволно толкуваа одредби, земаа екстра-пари за членување во
комисија, координација, за матичари, патарина... На тој начин,
месечните хонорари на советниците, кои редовна плата земаат од други
места, достигнуваа и до 25.000 до 30.000 денари. Ако парите не беа
исплатени од општинската каса, тогаш советниците можеа дури и да ја
тужат општината поради одлука што ја изгласале и е во сила.
Јавноста
никогаш немаше да дознае за незаконските паушали исплаќани на
советниците во Аеродром ако односите на бившиот градоначалник Кирил
Тодоровски со народните избраници не се влошија по две години. Тој
престана да им исплаќа паушали и одлуките почна да им ги обжалува на
Уставен суд. Тие паѓаа како незаконски, но претходно земените пари,
околу 250.000 денари, советниците се' уште ги немаат вратено. Тврдат
дека се' е чисто.
Јорданка Ивановска |
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=703A3FB606B13C46BE525C66FEEB14E2
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#46 Posted: 21-Apr-2009 at 01:05 |
За Скопје веќе има посебен закон, еве за Охрид повеќе од извесно е дека ќе има, за Тетово едно време се шпекулираше, така да може е подобро темелно да се смени законот за локална самоуправа и општините да почнаат да добиваат посебен статус на рурална/урбана општина. Да се подготви еден закон за локална самоуправа кој темелно ќе ги опфаќа и скопје и сите друхи градови и села. Така ќе може уствари и физички да ги одделниме урбаните од руралните делови, на градовите да им дадеме целовистост (Скопје) па после градовите да имаат плус ингеренции во своите внатрешни уредувања, а исто таа ќе може полесно да се предвиди дополнителни средства за руралните средини и бенефиции за инвестирање во руралните општини. Ќе може општините да се организираат внатре и да определуваат кој делови од градот ќе бидат специално заштитени и под диреектна управа (скопксо кале, скопска чаршија, самоилова), кој делови ќе имаат статус на резиденцијални (тука ќе има организирано месни заедници) и слично.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#47 Posted: 21-Apr-2009 at 00:59 |
УНЕСКО бара донесување закон за Охрид

Долгогодишната идеја за посебен закон за Охрид, најверојатно, ќе се реализира кон средината на годинава
Симон Илиевски
Охрид - Долгогодишната идеја за донесување посебен закон за Охрид,
најверојатно, ќе се реализира кон средината на годинава. Ова го вети
министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска и најави дека
интензивно се работи на подготовка на менаџмент-планот за валоризација
на културното и природното богатство, документи на кои подолго време
инсистира УНЕСКО. Инсистирањето на Агенцијата за заштита на светското
природното и културно наследство при ОН е оправдано поради тоа што
немањето закон за Охрид е пречка за добивање финансиска поддршка, пред
се', за заштита на ретките културни вредности.
„Во последните
години стагнираа активностите за донесување на законот за Охрид и
менаџмент-планот за валоризирање на културното наследство. Затоа
моравме да го интензивираме процесот и сега на подготовката на законот
за Охрид интензивно се работи од страна на Управата за заштита на
културното наследство и Министерството за заштита на животната средина.
Исто така, се работи на менаџмент-планот, кој е важен за
Охридскиот регион и затоа во процесот се вклучени невладините
организации, стручни институции, МПЦ и граѓани“, објаснува министерката
за култура Елизабета Канческа-Милеска.
Нацртот на
менаџмент-планот, како што се најавува, треба да биде готов до јуни
годинава, по што ќе биде доставен на разгледување до Регионалната
канцеларија на УНЕСКО во Венеција. Документот пред неговото конечно
донесување ќе биде ставен на јавна расправа пред граѓаните, надлежните
институции и експертската јавност. На оваа тема во Охрид се одржа
семинар на кој покрај домашните експерти, беше вклучен и тим од Црна
Гора, кој работеше на подготовка на нивниот менаџмент-план.
„За
донесување посебен закон за Охрид имаме голема и отворена поддршка од
УНЕСКО и таа поддршка мора да ја искористиме. Досега од Општина Охрид
не се доставувани проекти за да се добијат средства од УНЕСКО. Оттаму
постојано не' предупредуваат и се надевам дека брзо ќе го надминеме“,
вели археологот Паско Кузман, директор на Управата за заштита на
културното наследство.
Според него, со законот за Охрид ќе се
регулира заштитата на целото подрачје, а особено на старото градско
јадро, како и археолошките локалитети во непосредната околина. Според
сегашните процени, овој важен закон ќе биде донесен до средината на
годинава.
Градоначалникот Александар Петрески во изборната
програма на локалните избори, на донесувањето закон за Охрид му даваше
посебно место. Од неговиот кабинет велат дека во соработка со
надлежните институции ќе го следат и ќе го поддржуваат процесот од
нацртот, па се' до донесувањето на законот, кој ќе биде правна рамка за
заштита, но и валоризација на природните и културните вредности. За
експертите тоа е важно поради отворање можности за финансирање проекти
од страна на УНЕСКО, европските фондови, но и од приватни донатори. http://utrinski.com.mk/?ItemID=CB1C7BBB7661F343855D89D423B5BA8F |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#48 Posted: 14-Feb-2009 at 17:03 |
ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА КАКО КВАСЕЦ
Изборите квасец за општинската администрација
Во Македонија мора да има закон, зашто се вработува преку партиите, а ним само небото им е граница, вели професорката Гордана Силјановска

Вработувањето државни службеници во општинските служби мора да се
ограничи со закон бидејќи општините се претворија во бироа за вдомување
партиски активисти, сметаат експерти и градоначалници.Нивното барање
доаѓа откако последниве месеци зачестија огласите за вработување во
локалната администрација. Податоците од пред три месеци покажуваат дека
во општините се вработиле 2.481 државен службеник, 451 повеќе од
претходната година. Антикорупциската комисија соопшти дека пред
локалните избори се распишани конкурси за дури 871 лице од кои голем
број треба да се вработат во локалната власт.Експертот за локална
самоуправа Гордана Силјановска, професор на скопскиот Правен факултет,
укажува дека проблемот со прекубројни вработувања може да се реши со
примена на европската практика.
- Во ЕУ има математички
формули според кои може да се дојде до прифатливата бројка на вработени
во администрацијата. Во Македонија, за жал, и тоа мора законски да се
ограничи. Овде се вработува само преку партии, а тие немаат никакви
рамки, односно само небото им е лимит - вели Силјановска.Поранешниот
градоначалник на општина Карпош и претседател на ЗЕЛС Андреј Петров,
како сегашен пратеник, најавува дека наскоро пред пратениците ќе
предложи закон за ограничување на вакви вработувања.
- Оптимално
е еден службеник да услужува илјада жители. Поради зголемените
ингеренции на општините тој сооднос кај нас треба да е 1,2 службеник на
1.000 жители. Оваа бројка мора законски да се регулира со што ќе се
застане на патот на трупањето партиски кадри во општинската
администрација - објаснува Петров.
Податоците покажуваат дека
една општина просечно троши околу 20 отсто од својот буџет за плати на
службениците. Тоа го прави функционирањето на општините многу скапо и
ја оневозможува нивната поголема ефикасност во решавањето на проблемите
на граѓаните.
- Се случува градоначалник што нема намера втор
пат да се кандидира за функцијата, при крајот на мандатот да вработи
повеќе државни службеници со кои неговиот наследник нема да знае што да
прави, а ќе мора да им дава плата - посочува сегашниот претседател на
ЗЕЛС и градоначалник на Гази Баба, Коце Трајановски. Тој се согласува,
токму поради вакви злоупотреби, законски да се ограничат вработувањата
во општините, иако смета дека општинската администрација и не е многу
голема.
- Ограничувањата треба да бидат и според изворите на
приходи што општината ги остварува според бројот на населението. Така
општинските раководства ќе се заштитат од притисоци и од нереални
барања за вработување. За да нема изигрување и на ваквата законска
рамка во најавената регулатива треба да се вметне и вработувањето по
договор - вели Трајановски. Советници волонтери
Паушалите што ги земаат општинските советниците - по 20.000 денари
за три седници месечно - исто така се голема ставка во буџетите на
општините. Партиите го користат тоа за да ги наградат своите кадри.
Вакво нешто е избегнато во САД, Германија, Шведска и во други земји со
тоа што советниците во помалите општини својата работа ја извршуваат
волонтерски. Таму за функцијата се зафаќаат тие што навистина имаат
намера да работат. Експертите укажуваат дека за да се случи ова во
Македонија не треба да се менува никаква законска регулатива и дека
советникот само треба да донесе лична одлука.
Антонио Спасев |
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9E5E22E868FDBC4EA1822140E2E24207
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#49 Posted: 17-Oct-2008 at 00:26 |
Македонските општини со најниски приходи во Европа

Македонските општини, според приходите на жител, се убедливо на европското дно. Во споредба со словенечките и хрватските
единици на локалната самоуправа, нашите градоначалници имаат 9 пати
помалку пари на располагање за реализација на своите проекти.
Заостанувањето зад српските и бугарските, пак, е нешто поутешно и се
движи во сооднос од два до четири пати. Споредбата со оние од Западна
Европа, и во однос на надлежностите и во однос на приходите, се сведува
на илузија.
Овие загрижувачки резултати произлегуваат од
компаративната анализа подготвена од Заедницата на единиците на
локалната самоуправа, прва од ваков вид по воведувањето на процесот на
децентрализација пред три години. Споредени се општинските буџетски
приходи во 2006 и планираните буџети за годинава, но соодносот останува
ист. За паралела, земени се главните градови во Словенија, Хрватска,
Бугарија и во Србија, како и општини со број на жители од 45.000 до
100.000 и од 9.000 до 20.000.На ниво на држави, Словенија има највисоки
просечни приходи на жител во општините од 518 евра. Следуваат Хрватска
со 492, па Србија со 221 и Бугарија со 138 евра. Македонија е последна,
со 64,75 евра приход на жител.
- Знаевме дека немаме пари, ама
немавме претстава дека сме убедливо на дното на скалата на приходи на
локалната самоуправа. Општините мора драстично да ги зголемат своите
изворни приходи и тоа најмалку за 10 пати, за да можеме да фатиме чекор
со општините од соседните земји - забележува градоначалникот на Општина
Кисела Вода и претседател на Комисијата за финансирање и буџет на ЗЕЛС,
Џорџе Арсов.
Во Словенија и во Хрватска персоналниот данок на
доход е основниот извор за финансирање на локалната самоуправа. За
разлика од Македонија, каде што општините добиваат само 3 отсто, таму
за локалната самоуправа се издвојуваат 35, односно 52
процента.Концесиите во Хрватска се заеднички приход за државата и за
општините. За минералните суровини и геотермални води тие се делат по
половина, за искористување на водите во сооднос 30:70 во полза на
државата, а од концесиите поврзани со морето една третина добиваат
општините. Од закупот и продажбата на земјоделското земјиште,
хрватските општини добиваат 50 отсто.
Бројките говорат дека
пред две години Загреб, со речиси 780.000 жители, имал вкупни приходи
од над 822 милиона евра или по 1.055 евра на жител. Скопје бил последен
меѓу главните градови. Со евидентирани 506.926 жители остварил вкупен
приход од над 55 милиони евра, односно малку над 109 евра на жител.
Извесно намалување на тој сооднос меѓу двата града, од девет на шест
пати повеќе приходи на жител, е планиран за оваа година. Разликата е во
тоа што загрепскиот градоначалник очекува приходи од 1.346, а скопскиот
247 евра на жител. Во категоријата градови до 100.000 жители,
битолските очекувања од 175 евра на жител се пет и пол пати помали од
тие во Крањ или четири пати помалку од Вараждин. Во општините до 20.000
жители, пак, Ресен планирал 198 евра на жител, што е 15 пати помалку од
Пореч, на пример, или над четири пати помалку од Блед или Царево.
ИНФО-Данок и концесии
Во Словенија и во Хрватска персоналниот данок на доход е основниот
извор за финансирање на локалната самоуправа. За разлика од Македонија,
каде што општините добиваат само 3 отсто, таму за локалната самоуправа
се издвојуваат 35, односно 52 процента.Од закупот и продажбата на
земјоделското земјиште, хрватските општини добиваат 50 отсто. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9F57B90F98700840A55883BC62AD7A92 |
Се мислев помеѓу нова нишка "децентрализација" и оваа, ама сепак се одлучив за разно пошто немаме некои сериозни муабети околу децентрализацијата. Ако треба накнадно.
|
 |