![]() |
![]() |
![]() |
Битолски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 18> |
Author | ||
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
|
Започна комплетната реконструкција на улицата “Климент Охридски“
... Се наоѓаме на улицата Климент Охридски, каде што започнуваме со инфраструктурни зафати од делот кај семафорите пред музејот, до семафорите кај улицата Солунска. Она што ќе биде опфатено при инфраструктурното уредување на овој дел од улицата, ќе биде водовод, канализација и коловоз, во висина од 10 000 000 денари. Останатиот дел, кој се однесува на оваа улица, нема да го третираме во овој период, затоа што имаме следен период, во кој што ќе следува пречистителната станица и бидејќи во тој, погорниот дел имаме преклопување, затоа тој дел ќе го оставиме за наредниот период. Но овој потег, ќе биде среден оваа есен, изјави градоначалничката на Општина Битола ![]() izvor |
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
|
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
|
Во нормални држави инфраструктурата се гради пред да се изградат куќи и згради.
|
||
![]() |
||
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
|
Се работи - да, ама дека интензивно малку потешко. Требаше пред 4 или повеќе години инфраструктурата за новата населба во касарната да е готова, а тие се на некои 50-60%. Доста луѓе се излажаа дека општината навреме ќе си го заврши своето па изградија куќи а ни канализација ни струја немаат. Плус, проектираат од нула нова населба во 21ви век и нема ниту сантиметар велосипедска патека нити пак рампа на некој од тротоарите за да се слези со количка или точак. Град на конзулите никогаш не бил, ама град на колите е веќе солидно време.
Гледам градоначалничката е на сликиве, па се надевам дека тоа значи дека ќе мрднат работите малку. Edited by hcitrS - 21-Aug-2018 at 17:25 |
||
![]() |
||
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
|
Во поранешната касарна интензивно се работи на пет улици (фото)
![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Превземено од фб
![]() |
||
![]() |
||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|
ко да не е малку што паркинг нема ни за лек, та ко за беља секој еден битолчанец си има кола паркирано некадеа в Центар, некој ќе рече може немаат битолчани јавен градски превоз, но има и тоа каков, прашање е колку истиот би бил доволен доколку Пелистерци озбилно се решат за некој поевропски табиет, она општински да се кренат да истераат вело патеки по сите страни, и градски и селски, што не само што би било корисно по здравјето локално туку и по туризмот глобално ... но најнапред мора да се реши паркирањето во и околу Центарот, прво да се направат официјално улични паркинг места, онаму каде има тротоари вовлечени во иститебар ко паркинг за мештаните предкуќи доколку се спремни за тоа да плаќаат, но што би го стеснил просторот за пешаци, за кое чаре би било и еднонасочни тротоари бар како улична сигнализација иако народ и натака ќе си импровизира во марширањето наоколу, ауу каква збрка е само тоа од прекршоци, а заради што би требало онака европски в центар да е дозволено само лазење за аута со 10км на саат, во спротивно нека направат подвозници на сите улички кои го сечат Широк Сокак ... но, повторно треба и катни гаражи в Центар, таман ако се решат за нов и поубав плоштад ]1[ како кај Магнолија така и од спротива, кај то античката меѓуградска, каде сега има општински паркингчина со редари кои како шеткаат и на мене ко скотјанец ми делуваат ко локални шерифи, а не па некој странец, но рампа тука немоит а некој мора ред да држи а оти битолци знаат да бидат склет та сигурно затогодинава и поарпаџик паркинг пазачи кај саато, иако лани имаше тро потуристички ликои, она дечки со суканици или невести со којнски репои, ќе да ги ангажираат сезонско партиски или ко административно казнети ... Битола навистина има шанси да стане македонска Вело престолнина, но најнапред мора да го решат проблемот со колијадата, а што би можело експресно да се случи само доколку радскиот јавен превоз е бесплатен [1] но и се поработи на негово подновување, можеби со Трам доколку некои идни акедонци извадат домашен бренд за градски шини та зошто не и жици [2] бреј то идејата на едикојси шеик, чинам кувајтски, да стори ниет за жичарница до Пелистер, може ќе дотера до почетна и од Тумбекафе односно то градскиот парк та бидне тука нешто налик битолски транспортен јазол, но би било закон односно задолжителна македонска атракција ако ваква жичарница би терала и отаде планината ]3[ горе доле излезите и булеварите се средени, останува сега новата Градска Мајска да се одважи онака со стил да го реши центарскиот авто карамбол, синкир најнакрај само пајтони ќе допуштат да врват околу 'Широксокак, тук таму електро количина за млади, постари и инвалиди ... можеби вовчина наоколу ... Аирлија, нека мисли поубо и поубо натака ... |
||
![]() |
||
Falcon ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 17-Jun-2012 Location: Canada Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Се реконструира патот од детското одморалиште до хотелот Молика на Пелистер:
http://tera.mk/rekonstruktsija-na-patot-do-hotel-molika/ Edited by Falcon - 02-Oct-2015 at 04:40 |
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
Асфалтирање на улица „Довлеџик“ во Битола
![]() Влезот на Битола од страната на Охрид добива нов лик. Во тек е асфалтирањето на улицата „Довлеџик“, односно завршува втората фаза од целосната реконструкција на истата, чија вредност е околу 7.5 милиони денари. „ Според проектот должината на целата интервенција досега е околу еден километар, а во случајов се работи за фаза која ќе се приврши со 300 метра кои што се асфалтираат во моментов. Проектите ги поделивме во неколку фази, како што беа кружниот тек, потоа првата фаза на Довлеџик, сега ова е втора и трета фаза, а во иднина имаме план да го дозавршиме овој дел до мостот, а после мостот да направиме еден убав кружен тек. Во последниот дел навистина е неопходно да се регулира поради безбедноста во сообраќајот“ – изјави градоначалникот д-р. Владимир Талески. ![]() Уличното осветлување е во вредност од пет милиони денари, а инвестицијата за целиот овој проект само за асфалтирањето е 35 милиони денари. http://www.porta3.mk/asfaltiranje-na-ulica-dovledzhik-vo-bitola/ |
||
![]() |
||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
И двајцата сте во право. Меѓутоа по логиката на нештата, политичката борба за Карпош, Кисела Вода или Аеродром би требало да е многу слична со борбата за Битола. А во стварност е далеку од тоа. Битола де факто нема градоначалник последните 3-4 години. Пет улици и 3 кружни тека се срамен резултат за градоначалник кој располага со таков фискален потенцијал. Кино на Широк Сокак, на површина не поголема од 200-250 квадрати се гради 3 години. Па да му се невиди, од незадолжителен самопридонес на граѓаните да се градеше, досега ќе беше готово. Битола изминатите години беше без поддршка на централниот буџет, без капитални проекти. Единствено, кофинасирањето на зоната Жабени беше вистинска помош од страна државата. Ваљда пругата кон Грција и реконструкцијата на болницата нема да бидат единствените значајни проекти во Битола, затоа што градот заслужува повеќе. Само не смее се да се сведе на чекање, треба и локално да се работи, а оваа администрација е толку комотна и летаргична... Со право се прават споредби со Прилеп, Штип, Струмица. Нивните градоначалници не се најпаметните, но очигледно се луѓе од акција. Во Битола како да нема основна волја за некаков напредок. |
||
![]() |
||
Kid_A ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
|
Комплетно се сложувам со твојот пост. Владата премногу го форсира Скопје со секакви проекти, но Скопје мора политички да се држи, затоа што за секоја партија најбитно е да го контролира и држи главниот град. Тука мора да се додаде и фактот дека најголем дел ако не и сите министри си живеат во Скопје. Граѓаните на главниот град не се на исто ниво како останатите, затоа што одсекогаш биле научени на најдобро и треба многу да вложуваш за да ги купиш за разлика од помалите градови и села каде што со 2 ракии ќе ги купиш на избори. Факт! Но, не е само кај нас така. Исто е и со Белград- останати градови во Србија, Софија-останати градови во Бугарија. Но, пред се тука зависи и желбата на градоначалникот да стори нешто за својот град наместо се да трпаат во џеб. Градоначалниците на Прилеп и Штип можеби не се идеални, но доста сторија за своите градови. Прилеп беше типична паланка до пред 10-на година и смешен град спрема Битола за да денес може да се споредува во многу параметри со Битола. Штип со универзитетот, новите економски инвестиции и фабрики како и експресниот автопат верувам дека за 10 години многу ќе се развие како град. Од прилика друго се ќе стагнира ако не и изумре. Ако погледнеш во повеќето општини најголема државна инвестиција е училишна сала и бесплатен интернет, лол! |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Досега ни еден градоначалник на Битола се нема покажано. Обично секој град имал по еден градоначалник кој се истакнувал,но Битола досега немала таков,иако на овој(кичевчанецот битолски) му е трет мандат
|
||
![]() |
||
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
|
За жал во право сте. Но тоа е проблем со сите нескопски општини во РМ. Сум пишувал и порано. Скопските општини се финансирани од три буџети, општинскиот, на градот и владата, додека другите само од еден и тоа помизерен.
Конкретно за Битола, дури и инфраструктурата во индустриската зона жабени е на товар на општината и не помогната од владата. Не знам, ако мисли некој нека спротивно нека ме поправи, за проект во Битола од 2006 што е финансиран со државни пари. Додека за тоа време сите знаеме колку Скопје доби од државата (автобуси, жичарница, стадион, улици...) На страна заборавеноста од владата, искрено јас имам чувство како Битола последните години да нема воопшто градоначалник. Последните ~10 години направени се 4-5 кружни тека и мизерно преасфлатирани две поголеми улици. Има и преасфалтирано по некоја помала, но се уштеповеќето улици се во очајна состојба и од ден за ден полоши. Покрај улиците, не се нити тротоарите, нити зелените површини средени, со исклучок на тие што беа од претходно ок. Ако некогаш Битола важеше за втор град во Македонија, а историски и го заслужува тоа. Денес за жал ја дели истата тажна судбина со останатите не скопски општини - градови. Миградијата Битола-Скопје, Битола-Австралија(странство) е се поголема. Ако некој политичари успејат таков град како Битола да го уништат со целиот свој потенцијал за развој, алал да им е! Edited by stratus - 29-Mar-2015 at 17:19 |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Од времето на 88,89,90 година кога учев во Битола па до денес немам видено преасфалтирана улица во градот.И тогаш е сега кога се вози по улиците го имам истото чуство-само крпеници.А пак влезот од кај Прилеп и Кичево е посебна приказна.
Од сите градоначалници досега сум слушал само за канализации,водоводи....а за преасфалтирање не сум слушнал освен некои чикмаци по влашките маала |
||
![]() |
||
Teglarot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 15-Nov-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 569 |
![]() ![]() |
|
Конзулска Битола...
![]() Превзено од ФБ - Ѕид на сообраќајниот срам |
||
![]() |
||
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
|
Се работи на улицата Довлеџик
![]() Со затоплувањето на времето започнува и градежната сезона во опшина Битола. Денес екипата на Нискоградба на терен на влезот во Битола од страната на Охрид.Започнаа со подготвителните активности за асфалтирање на 100 метри од улицата „Се наоѓаме на влезот од Битола од страната на Охрид е завршена убава работа која што функционира со кружниот тек но продолжуваме онолку колку што ни дозволуваат правните и законските рамки . Уште 100 метри ќе направиме затоа што проектот до мостот има проблем со екпропријација, т.ш овој период после оние 26 милиони кои што се инвестирани во влезот продолжуваме со интервенција од 100 метри", изјави д-р Владимир Талески градоначалник на општина Битола „На овој дел од 100 метри екипата на Нискоградба го припрема теренот за коловоз и се надеваме дека за 45 дена ќе биде завршено се надеваме со асфалтирање", изјави Кире Крстевски директор на Нискоградба, Битола Општина Битола и оваа градежна сезона ќе продолжи со реализација од својата програма за уредување на патната инфраструктура во руралните средини. Асфалтирањето на улиците е од големо значење за мештаните, затоа што на овој начин им се надминуваат доста од проблемите со кои се соочуваа во изминатиот период. Улиците ќе се асфалтираат по барање на жителите од селото, вели градоначалникот .Оваа градежна сезона Талески и со најава за реализирање на проектите кои биле дел од програмата, како што се реконструкција на дел од училиштата и градинките. |
||
![]() |
||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
|
Кај Веро и пазарот
Кај безистенот, јбг колава у заден час улетала ![]() Edited by N23 - 21-Jul-2014 at 15:20 |
||
23ka.wordpress.com
|
||
![]() |
||
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
|
Се асфалтира Лавчански патПроблемите што ги имаа жителите во однос на поплавите на Лавчански пат ќе станат минато . Денеска се асфалтираше површина во должина од нецел километар, поставени се решетки за собирање на атмосферската вода, инвестиција вредна 9 милиони денари . Конечно проблемите со кои се соочуваа жителите на Лавчански пат ќе станат минато. Проектот што требаше да биде готов уште од минатата година финишираше денеска со асфлатирање на површина од нецел километар. Инвестицијата е во вредност од 9 милиони денари дел преку Европска банка, а дел од општина Битола информираше денеска д-р Владимир Талески – градоначалник на општоина Битола. Станува збор за проект на едно техничко решение кое е од големо значење ако се имаат предвид проблемите со кои се соочуваа жителите од оваа улица изјави Тони Стојчевски – координатор на проектот „Порано беше ужасно, а мислам дека ќе биде добро“ вели Атанас Крвалевски жител на Лавчански пат . Најавувајќи ја градежната сезона денеска градоначалникот Талески најави завршување на веќе почнатите проекти и реализација на нови со кои ќе се почне штом се формира новата Влада. |
||
![]() |
||
Danndy ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 410 |
![]() ![]() |
|
Улицата кај Кеопс треба да се поврзе со улицата кај средното техничко училиште. Ама некако не им се брза
|
||
Traveling.
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 18> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |