build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Куќни совети и Закон за домување

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 27-Sep-2012 at 07:53
Може ли да споделите искуство со фирмите управители? Никнаа како печурки после дожд, но верувам дека сите работат на истиот принцип - живеат од провизија од собрани пари (некои и со фиксен надоместок за управител), а никој не се замара за подобрување на квалитетот на живот...

Според мене, не се исполнети целите на Законот за домување... Можеби е сеуште рано за да се даде оценка, но ајде да видиме...
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 01-Apr-2012 at 13:02
Зградите по судски пат ќе добијат управител доколку самите не го изберат
Недела, 01 Април 2012 12:10
Сподели

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Истече рокот на станарите во зградите за определување управител или регистрирање заедници на сопственици. Согласно измените на Законот за домување оние згради каде нема определен управител или регистрирана заедница на сопственици, на барање на овластениот инспектор за домување во соодветната општина ќе биде назначен управител од страна на судот во вонпарнична постапка, избран од регистерот на управители на станбените згради.


Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, во следниот период, од страна на општините и инспекторите за домување потребно е да се врши соодветен надзор на станбените згради и доколку се констатира дека определена зграда ги нема регулирано своите обврски во однос на Законот за домување ќе биде определен управител кој ќе одговара за управувањето со таа станбена зграда.

Со определувањето управител за вршење на дејностите на управување со станбената зграда или регистрирањето на Заедница на сопственици на посебните делови, на правен и европски начин се регулираат обврските на сите кои живеат во една станбена зграда.

- Ова подразбира, стои во соопштението, правно регулирање на сите права и обврски кои ги имаат станарите и во пракса се овозможува многу подобар начин на одржување на заедничките делови во зградата со што се елиминира можноста за дефекти односно нефункционирање на заедничките системи, како што е лифтот, осветлувањето, хигиената итн.

Управител или регистрирана заедница на сопствените согласност Законот треба да има секоја станбена зграда во која има повеќе од двајца сопственици на посебни делови и повеќе од осум посебни делови, сметајќи ги и становите и деловните простории, односно дуќаните.

Управувањето со станбените згради претставува следење и спроведување на одлуките на сопствениците на посебните делови во зградата, застапување во правниот промет и во постапките пред надлежните органи со цел за функционирање, одржување и зачувување на заедничките делови на станбената зграда.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски согласно информациите добиени од Централен регистар на Република Македонија заклучно со крајниот рок се регистрирани вкупно 2.242 заедници на сопственици на станови, а за 230 субјекти кои поднеле документи, во тек е постапката за регистрирање.

Од податоците добиени од Регулаторната комисија за домување до сега се издадени вкупно 10 лиценци за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, а по едно барање во тек е постапката на одлучување и во овој период се определени 467 управители на станбени згради.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/66285-Zgradite-po-sudski-pat-ke-dobijat-upravitel-dokolku-samite-ne-go-izberat
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 19-Mar-2012 at 02:03
Јавен повик - 18.3.2012

 

Со доследно почитување на одредбите од Законот за домување, никогаш повеќе нема да ви се случи...

 

... да се качувате пешки до седми кат, зашто лифтот пак не работи,

... да ги осветлувате скалите во зградата со запалка или со мобилен телефон, зашто никој не ја платил заедничката струја,

... да падне дел од фасадата врз случаен минувач или паркиран автомобил, зашто не може да се договорите со соседите кој да ја поправи,

... да се сопнете на кеса ѓубре пред влезот, зашто немало кој да исчисти,

... да го стиснете бројот на вашиот кат во лифтот со пенкало, зашто копчето паднало,

... да се расправате со соседот зашто со месеци само тој не плаќа за хигиеничар,

... да се исплашите од мачка која влегла во влезот и создала потомство зашто влезната врата нема кој да ја поправи со години

 

Со регистрирањето на Заедница на сопственици на посебните делови или определувањето на управител за вршење на дејностите на управување со станбената зграда, на правен и европски начин се регулираат обврските на сите кои живеат во една станбена зграда.

 

Согласно Законот за домување, сопствениците на посебните делови се должни до 01 април 2012 година да определат управител кој има лиценца за вршење на дејноста на управување со станбена зграда или да регистрираат заедница на сопственици како правно лице во Централниот регистар на Република Македонија.

 

Ова важи за секоја станбена зграда во која има повеќе од двајца сопственици на посебни делови и повеќе од осум посебни делови (станови или деловен простор).

 

Регистрација на заедница на сопственици може да иницира било кој од сопствениците на становите, а пример како треба да изгледаат потребните акти има на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски – www.mtc.gov.mk

 

Листа на сите лиценцирани компании за вршење на дејностите на управување со станбени згради е објавена на интернет страницата на Регулаторната комисија за домување –rdk.gov.mk

Лице за контакт од Министерство за транспорт и врски: Сузана Камческа, тел. 02/3145-506, e-mail: suzana.kamceska@mtc.gov.mk

Лице за контакт од Регулаторна комисија за домување: Јасмина Петреска, тел. 02/307-0746, e-mail: info@rkd.gov.mk

Лице за контакт од Централен регистар: Жаклина Танушевска, тел. 02/3290-241, лок.130, e-mail: marketing@crm.org.mk

 

 

Со почит,

Министерство за транспорт и врски

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 18-Feb-2012 at 05:18
Регистрирање на Заедници на сопственици на станари до први април годинава - 17.2.2012
 
Од стапувањето во сила на Законот за домување до денеска регистрирани се 2.086 заедници на сопственици на станови и издадени се шест лиценци за управител, а за едно барање во тек е постапка за одлучување, објави Министерството за транспорт и врски.
Станарите се должни до 1 април годинава да регистрираат заедница на сопственици или да определат управител, а регистрацијата на заедницата на станари во Централниот регистар чини 2.452 денари.
Оваа обврска важи за станбените згради со повеќе од двајца сопственици или повеќе од осум станови.
Доколку до овој рок станарите не определат управител или не регистрираат заедница на станари тогаш на барање на овластениот инспектор ќе биде определен управител од страна на судот во вонпарнична постапка.
- Доколку сопствениците на посебните делови не определета управител или не регистрираат заедница на сопственици во рок од една година од денот на влегувањето на законот во сила, на барање на овластениот инспектор за домување во соодветната општина, управителот го определува судот во вонпарична постапка, избран од регистарот на управители на станбени згради, рече на денешната прес-конференција  портпаролот Драган Симоновски.
За регистрирање на заедница на сопственици потребни се следните документи:Одлука за формирање заедница на сопственици, Одлука за донесување на статус, Статут на заедницата на станари, Одлука за избор на претседател, План за одржување на станбената зграда, Договор за заемни односи меѓу сопствениците на посебните делови на зградата, Куќен ред согласно правилникот и станрадите за домување и Записник од конститутивниот состанок на собирот на сопственици.
Пример како треба да изгледаат овие документи може да се најдат на веб страницата на Министерството www.mtc.gov.mk.
Симоновски апелираше до општините во најкус можен рок да назначат инспектори за домување бидејќи, како што рече, мал е бројот на општините што досега назначиле вакви инспектори.
За непочитување на одредбите од Законот се пропишани глоби во износ од 300 до 800 евра во денарска противвредност.

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3610
Back to Top
kokokrusevo View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 14-Sep-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kokokrusevo Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 14-Sep-2011 at 19:47
eve vi broj do stanben servis biznis centar 078/364 710 od direktorot, a od vas eko dom eve br: 077 805 302, 078 358 145!!! Prvite imaat ponuda od 5% od uplatata, no mora da se osigura objektot toa vi e dodatno 30-40 denari mesecno od sekoj stanar, no redovno gi tuzat i opomenuvaat neplakacite i preku advokatska kancelarija POLENAK redovno se sobiraat sredstva od site stanari! A od vtorata firma nemam uste ponuda seuste ja ocekuvame!
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 03-Jul-2011 at 19:48
Originally posted by Baze



Да не правиме реклама, ќе може да ми ги кажеш фирмите, телфонски број, адреса или веб страна, едната претпоставувам дека е таа хрватската станбен сервис-бизнис центар, но не успеав друга да најдам.


Имињата на двете фирми ги имам напишано во оваа нишка од порано (види во погорните постови). Двете фирми ги има во Златна книга, па можеш да им најдеш телефон за контакт.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 03-Jul-2011 at 14:43
Cekaj se zbunam bez veze..znaci:
Site stanari se dogovoraat i plakjat pari na edna firma! E firmata so tie pari treba da se grizi za zgradata i ostetuvanjeto! E sega, ako se pobara renoviranje na fasadata togas firmata treba da ja renovira bez da zema pari na stanarite? ili i firmata i stanarite bi plakjale?
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 03-Jul-2011 at 14:37
Да, важи за сите заеднички делови на зградата, заеднички подрумски простории, влезови, поткровје, перални, фасада, земјиште околу зградата, за се што ке се побара за поправка, а е дел од заедничките простории кои ги набројав претходно. Но сепак треба да се знае висината на реновирањето за фасадата колку ќе чини и колку време ќе се отплаќа, ако они ја кредитираат таа работа, со тоа што они ќе најдат понудувачи и понуди (повеќе од 3), а вие ќе си изберете една, се разбира најевтината.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 03-Jul-2011 at 10:53
Baze vazi istoto za fasadata na zgradata(ako e premnogu ostetena i skoro raspagjuva)
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 03-Jul-2011 at 10:36
Да не правиме реклама, ќе може да ми ги кажеш фирмите, телфонски број, адреса или веб страна, едната претпоставувам дека е таа хрватската станбен сервис-бизнис центар, но не успеав друга да најдам.
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 03-Jul-2011 at 10:05
Baze, фала за постот. Она што јас претходно го напишав беше повеќе за некој да сподели искуства од работата на лиценцираните фирми-управители. Секако, едно е што е декларирано како услуга, а друго е колку таа услуга навремено се остварува.

Јас ги контактирав и двете фирми. Оваа чии услуги/услови ги наведе ти е далеку поскапа од другата. Затоа и ме интересира нивото на квалитет на услугата. Кај другата фирма ги запознав сите вработени - од сопственикот до хаусмајсторот. Не требаше многу време - вкупно 4 на број Имајќи еден хаусмајстор, не верувам дека може да се постигне редовна контрола барем неколку пати неделно во зградите кои ги одржуваат. Сепак, уште тогаш имаа доста планови како да го подобрат функционирањето.

На крајот, најважна е сатисфакцијата на сопствениците на станови во зградите кои ги одржуваат. Деновиве од еден пријател слушнав дека баш и не се задоволни од услугата на една од овие две фирми-управители, но не знаеше да ми го каже името на фирмата која е управител во нивната зграда.
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 02-Jul-2011 at 23:39
Па искрено кажано јас како член на заедницата на сопственици си зедов обврска за  да направам разговор со овие лиценцирани фирми. Ако има некој некое прашање со задоволство ќе го одговорам. Еве неколку работи...
-Услугите се достапни 24/7 (за електрика, водовод, канализација, врати прозори и сл...)
-посебна жиро сметка
-зградата - станарите сами определуваат висина на давачки
-опомени, тужби, собирање на пари... следење на сметката од странан на станарите
-плаќање заеднички сметки, струја за влезот, плата на хигиеничар, и др. давачки
-обезбедува сервис, вградување и санирање на лифтови
-санирање на кровови
-10% од вкупните месчни приливи на сметката, за нив како надомест за услуга.
-ПЛУС барање од станарите да ги осигураат заедничките простории, тоа е плус уште неколку стотина денари
-ако до сега е регистрирана заедница на сопственици, истата ќе треба да се поништи пред да се направи договор со управителот, тој што ќе го потпише договорот со управителот, ќе е одбран со мнозинство од станарите, а не од претседателството на заедницата на станари, оти нема да функционира.
-Кредитирање за некои инвестиции на и во зградата.
Фирмата нема свои сервисери и хаус мајстори, туку таа има потпишано со фирми кои ги обезбедуваат повеќето услуги, на пример, елелктричари, молери, бравари, водоводџии. По дојава од станарите до фирмата-управител за некој дефект во зградата, фирмата управител ќе исконтактира со фирмата која што ги нуди тие услуги, а со која соработува, која што ќе испратат екипа за да го санира проблемот. Плаќањето се разбира ќе го направи фирмата управител преку фактура на фирмата вршител на тие занаетски работи.
Ако има уште некое прашање повелете.
Инаку плаќањето е на следниов начин. Тие до секој станар посебно, во сандаче му оставаат три готови испечатени уплатници за три месеци однапред. Станарот, се разбира, секоја од уплатниците ја уплаќа во тековниот и следниот месец, не наеднаш. Ако некој касни три месеци го опоменуваат па после опомените го тужат.
Ние сеуште не сме пристапиле кон ваков вид на услуга Big%20smile
П.С. Ако некој знае уште некоја фирма што има лиценца нека пише. Јас стапив во контакт само со една, со "хрватската" фирма.
 
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 02-Jul-2011 at 16:26
Дали има некој што би можел да сподели искуство во врска со работата на двете лиценцирани фирми-управители на згради? Едната оди со многу пониска цена од другата, па незнам колку релано може да си ги извршува обврските за тие пари за кои настапува на пазарот.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 29-May-2011 at 00:10

Станарите бавно влегуваат во заедница


 

Во градот се регистрирани 1.106 заедници на сопственици, најмногу во општината Аеродром, најмалку во Бутел, а во Сарај и во Шуто Оризари воопшто нема регистрирано заедница на станари

 
 
%20 

Формирањето заедници на станари во колективните згради за живеење се одвива со смалена динамика. Од донесувањето на Законот за домување пред две години досега се регистрирани 1.106 заедници на сопственици, и тоа најмногу во општината Аеродром (334) и во општината Центар (277), најмалку во Бутел, само 11 заедници на станари. Во Сарај и во Шуто Оризари воопшто нема регистрирано заедница на станари. 

На станарите што регистрирале заедница многу им е олеснето функционирањето на меѓусоседските односи. Освен тоа, сега немаат проблеми околу дефектите во заедничките простории на зградата, хигиената, одржување на зеленилото, бидејќи претседателот на куќниот совет се грижи за сите проблеми што ќе настанат.

- Нашиот куќен совет постои од пред шест години, а сега пред некое време го регистриравме во Централен регистар. Вака функционираме одлично, јас се грижам за малите дефекти, менувањето светилки, косењето на тревата, околу хигиената на зградата, а за поголеми дефекти ангажирам мајстор. Издаваме заеднички деловен простор во зградата, станарите не се обврзани да плаќаат месечно некој надомест за струјата, вода и други трошоци. Со киријата ги плаќаме заедничките сметки и другите месечни трошоци - изјави Слободан Кочевиќ, кој од 1958 година живее, а сега е претседател на зградата Железничка, на улицата Рајко Жензифов, во Буњаковец.


Оваа зграда е една од најстарите згради во градот, постои од 1946 година, но веќе ја гази времето и бара реконструкции. Фасадата е многу оштетена, како и прозорците, а и вратите, влезовите и внатрешните ѕидови, но станарите не можат да преземат ништо, бидејќи зградата е заштитена како културен споменик.
Во градот постојат и куќни совети што одлично функционираат, но не се регистрирани како зедница во Централен регистар.

- Веќе со години имаме куќен совет, се држиме до законот, но немаме потреба да се регистрираме бидејќи одлично функционираме. Работиме тимски да ја подобриме состојбата на нашата зграда. Месечно собираме по 200 денари, со кои ги плаќаме заедничките трошоци, а сега издадовме и оглас со кој бараме инвеститор за доградба на тераса, реконструкција на фасадата - изјави Зорица Србиновска, станарка на една од зградите на улицата Веселин Маслеша во општината Карпош.

Законот за домување стапи во сила на 13 август 2009 година. Интересот на граѓаните се зголемува, иако се укинаа паричните казни за нерегистрирани заедници. Надлежните од Централен регистар велат дека секој месец по дваесетина, а некогаш и повеќе станбени згради регистрираат заедница.

- Заинтересираност кај станарите постои и секојдневно се регистрираат нови заедници на сопственици на станови. Регистрацијата чини 2.452 денари по тарифата на Централен регистар - вели Жаклина Танушевска од Централен регистар.

%20

 

 
  
Автор: Сања Јачевска  Фотографија: Дарко Андоновски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52811934349&id=14&prilog=0&setIzdanie=22291
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 08-Mar-2011 at 23:55
Две фирми имаат добиено лиценци за Управители. Едната е „Ваш еко дом“, а другата „Станбен сервис бизнис центар“. Второнаведената има искуство во истата дејност во Хрватска.
Според информациите од Регулаторната комисија за домување, се подготвува веб сајт каде ќе бидат дадени повеќе информации околу новиот Закон за домување, функционирање на Заедница на сопственици на станови, итн...
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 28-Jan-2011 at 15:31
Има ли некој информација кои се фирмите кои се лиценцирани управители? Јас пред две недели од Регулаторна комисија за домување добив информација дека има барања за лицинци кои ќе се разрешат во текот на почеток на февруари. Одеднаш, Душко Кадиевски изјавува дека веќе има две фирми регистрирани како управители...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 27-Jan-2011 at 17:43

Нерегистрираните куќни совети ќе ги решава судот

Најновите измени на Законот за домување не предвидуваат парични казни

Снежана Калабакова


Граѓаните не треба да се олабавуваат и да се откажат од регистрирање куќни совети. Зашто со најновите измени на Законот за домување, кои се во подготовка, за нерегистрираните куќни совети наместо парични, ќе има поинакви казни. Така, на пријави од инспекторите, судот ќе одлучува и ќе одредува управители.

Досега се регистрирани 2.000 куќни совети. Од Централниот регистар велат дека интересот на граѓаните продолжува со несмален интензитет, иако луѓето знаат дека нема казни откако Уставниот суд го укина токму членот што се однесуваше на казнување. Во Министерството за транспорт се надеваат дека сега, со откупот на градежното земјиштето, ќе се зголеми и бројот на регистрирани куќни совети, односно заедници на сопственици. Оние што ќе останат нерегистрирани, ќе добијат управители.

Регулаторната комисија за домување веќе има издадено две лиценци на фирми кои ќе бидат управители, а тие ќе им се нудат на граѓаните кои ќе сакаат да ги ангажираат. Цената за регистрација на куќните совети во Централниот регистер изнесува 2.452 денари, а куќните совети можат да ги симнат потребните документи од веб-страниците на Министерството за транспорт и на Централниот регистер.

„Во поголем број од општините веќе се определени инспектори што им укажуваат на куќните совети дека треба да се регистрираат. Како комисија постоиме од 1 ноември 2010 година и веќе имаме барања од шест фирми, а две веќе добија лиценци за управители. Фирмата-управител треба да има еден дипломиран правник, еден економист и тројца со средна стручна спрема, кои имаат регистрирано како дејност градежништво и слични дејности“, вели Душко Кадиевски, претседател на Регулаторната комисија за домување.

Љубиша Јовановски, раководител на Секторот за станбено-комунални работи во Министерството за транспорт и врски, тврди дека досега се регистрирале 20 отсто од куќните совети. Тој смета дека со откупот на земјиштето граѓаните ќе сфатат колку е важно регистрирањето на куќните совети од аспект на управување. Целата зграда ќе даде еден елаборат и граѓаните ќе ги чини многу поевтино ако заедно ја завршат постапката за откуп на земјиштето и регистрацијата на куќниот совет.

Регулаторна комисија за домување

Регулаторната комисија за домување има простории во Кисела Вода на улицата „Првомајска“ б.б. Комисијата може да посредува во спорови на граѓаните или проблеми што ги имаат, на пример, со „Топлификација“, со ЕВН... Комисијата може да посредува за граѓаните и пред редовните судови во спорови со нивните соседи што не плаќаат чистачка, лифт, заедничка струја..

Поради проблемите во заедничкото одлучување на станарите, по барање на неколку куќни совети, Комисијата писмено се обратила до ЕВН и сега чека одговор дали заедничката струја може да се плаќа по старо наместо на сметка на куќниот совет. Оваа комисија има ингеренции да презема мерки за висината на закупнината на стан и веќе решила еден случај во полза на станар што се пожалил на високата станарина на државниот стан.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=24E10AF5F5712C429F6DCDF606A89D92
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 20-Aug-2010 at 17:29
ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ ПРЕПОЛН СО ИЗНЕНАДУВАЊА
Куќните совети ќе објавуваат тендери за поправки

Силвана Јовановска

За поголеми поправки во зградите, како што се менување покрив или поправање фасада, куќниот совет, според новата законска регулатива, ќе мора да објави тендер во медиумите за да се избере најдобриот понудувач. Ако поправките се поевтини од 3.000 евра, тогаш е доволно изборот да се направи од најмалку три понуди, објаснува претседателот на Регулаторната комисија за домување Душко Кадиевски.
Комисијата се уште не почнала со работа, а фирмите што ќе се основаат за да ги управуваат станбените згради ќе можат да конкурираат за лиценца дури од септември, кога се очекува нејзина регистрација. Предност во добивањето дозвола за менаџирање со заедничкиот имот на станарите имаат градежните компании, објаснува Кадиевски.
- Пожелно е за управители на куќните совети да бидат градежници затоа што фирмите што ќе бидат регистрирани за градежна дејност имаат вработено кадри што се стручни за архитектура, внатрешна инсталација и за се што е потребно за да функционира една зграда. Ова значи дека постојните градежни фирми можат да поднесат барање до Комисијата за да добијат дозвола за вршење на уште една дејност, а тоа е да бидат управители на зграда. Условот што мора да го исполнат, а верувам дека тоа градежните фирми веќе го направиле, е да имаат пет вработени, од кои по еден дипломиран правник и економист и по тројца работници со средно образование. Самата лиценца чини 150 евра - вели Кадиевски. Регулаторната комисија се уште не почнала официјално да работи, а до неа веќе биле доставени дваесетина барања. Претседателот на Комисијата очекува до крајот на август нивниот број да се зголеми двојно. Според Кадиевски, функционирањето на Комисијата се одложува повеќе од еден месец затоа што пратениците се на одмор. Собранието донесе одлука за основање Регулаторна комисија за домување уште во јули, ама за да се регистрира комисијата, потребно е парламентот претходно да го усвои нејзиниот статут. - Очекуваме, пратениците да почнат со работат до крајот на месецов и да го изгласаат овој документ - објаснува првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика. Министерството за транспорт, пак, пресече дека нема одложување на Законот за домување затоа што граѓаните имале цела година, колку што било предвидено со Законот, за да се организираат и да го регистрираат куќниот совет, но не даде објаснување зошто државата не се организирала за да им овозможи на граѓаните да ја искористат втората законска можност - да склучат договор со професионална фирма.
Според Законот за домување, Комисијата ја предлага најниската рата што станарите треба секој месец да ја уплаќаат во резервниот фонд, а конечна одлука за ова донесува министерот за транспорт и за врски. Кадиевски тврди дека станува збор за многу мала сума, од 25 до 50 денари, што секој станар може да ја плати. Комисијата, засега, размислува тарифата за домување што ќе се уплатува во резервниот фонд, да биде од 0,5 до 1 денар по станбен квадрат. Ова значи дека сопствениците на станови од 60 квадрати ќе плаќаат од 30 до 60 денари. - На овој начин можат да се собере поголема сума пари, а граѓаните да не го почувствуваат тоа на својот џеб бидејќи месечните трошоци ќе им бидат многу мали. Инаку, досега куќните совети знаеја да собираат пари и по 200 евра од секој станар одеднаш за итно да го поправат покривот на зградата, а што ако се менува цела инсталација на зградата, која чини многу повеќе - вели Кадиевски. 

Нова демократија бара одложување на Законот

Нова демократија бара продолжување на рокот за регистрација на куќните совети за една година. 
- За ова време Владата треба сериозно да пристапи кон подготовките за доследно спроведување на Законот за домување, администрацијата и органите треба да ги забрзаат процедурите за комплетирање на документите, а јавноста преку дебати, трибини и јавни соопштенија да биде запознаена со новите обврски што произлегуваат од Законот за домување - рече Флора Кадриу, потпретседателката на партијата. 
Таа ги повика пратениците од сите парламентарни партии да го поддржат предлогот за измени во Законот за домување.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2100&ArticleID=146885
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 19-Aug-2010 at 19:12
Насловот досаден, но текстот носи доста корисни информации

НЕМА ОДЛОЖУВАЊЕ НА КОНФУЗНИОТ ЗАКОН ЗА ДОМУВАЊЕ
Владата ќе тера инает со куќните совети

Силвана Јовановска

Законот за домување нема да се одложи, пресече Владата на завчерашната седница. За овој закон не се подготвени ниту граѓаните, ниту институциите. Регулаторната комисија за домување не профункционира, а на терен нема обучени инспектори. Според Централниот регистар, досега се регистрирале 873 куќни совети, а 566 доставиле пријави за упис во Регистарот. Казните за станарите што нема да регистрираат куќен совет изнесуваат по 300 евра за секој стан. Граѓаните, стручњаците и некои организации побараа одложување на законот, а некои се заканија дека ако не се случи тоа ќе организираат масовни протести. Во септември Уставниот суд треба да се изјасни за иницијативите за противуставност на овој закон. Законот е преполн со шокантни одредби за буџетот на граѓаните. Новите куќни совети ќе плаќаат данок на вкупните приходи ако заработуваат повеќе од 2.500 евра годишно од издавање на заедничките простории или од поставување рекламни паноа на зградите. - Куќните совети што ќе остваруваат приход над овој износ ќе мора на крајот од годината да изработат завршна сметка, што е обврска и на сите фирми во земјава. Оваа пресметка треба да ја достават до Централниот регистар и до Управата за јавни приходи, која понатаму одредува кои даноци треба да ги плаќаат - објаснуваат од Централниот регистар.
Куќните совети што остваруваат добивка ќе мора на државата да и платат данок на вкупните приходи што ќе ги остварат во текот на годината.
- Со оваа давачка, куќните совети што остваруваат приходи се изедначени со другите мали бизниси во земјава. Единствено што не мора да платат е персоналниот данок од доход затоа што граѓаните што се наведени во куќниот совет не се вработени - вели Весна Новаковиќ, портпаролката на Управата за јавни приходи.
Од Градот Скопје укажуваат дека новите куќни совети нема да плаќаат фирмарина затоа што тие се регистрираат како непрофитни здруженија, а не како фирми, без оглед на тоа дали ќе заработуваат со изнајмување на некоја заедничка просторија. Оттаму прецизираат дека фирмарина ќе плаќа дуќанџијата што го земал под кирија просторот од куќниот совет бидејќи само тој има обврска да го истакне јавно натписот на фирмата.
Заедничката потрошувачка на електрична енергија ќе се плаќа според тарифата за домаќинства, а индустриска цена на електрична енергија ќе платат само дуќаните што го земале просторот под наем, објаснуваат од ЕВН.
Со новите прописи од Законот за домување се зголемуваат трошоците на граѓаните што живеат во зграда. Освен месечната давачка за тековно одржување на зградата, која ќе биде повисока од сегашната, станарите ќе треба секој месец да вложуваат пари во резервниот фонд. А тој износ нема да биде според можностите на секое домаќинство, туку висината на ратата ќе ја пропишува Министерството за транспорт и за врски. Во Законот за домување пишува дека Регулаторната комисија за домување ќе ја предлага најниската месечна рата што треба станарите да ја уплаќаат во резервниот фонд во зградата, а министерот ќе решава врз основа на овој предлог. Доколку куќниот совет избере фирма што ќе ја одржува зградата и таа отиде во стечај, тогаш од резервниот фонд не смее да се извлече ниту денар за да се платат долговите кон фирмите што ги направил несовесниот управител. Со новите прописи, право на парите од резервниот фонд немаат ниту станарите што плаќале редовно секој месец и кои не се виновни за лошото и неодговорно работење на управителот на зградата.
Предностите на овој Закон, според Министерството за транспорт и за врски е што лесно може да се тужи тој што бесправно заземал заеднички простории и што секогаш ќе има пари за некои ненадејни интервенции затоа што ќе има задожителен фонд.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2099&ArticleID=146802
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 18-Aug-2010 at 13:39

Па и сам рече требало да се категоризираат. Зарем не би било најнормално таа категоризација да се изврши со самиот закон, наместо да се остави простор да „категоризира“ кој како ќе стигне? Зошто ми објаснуваш дека е различно да се живее во центар и во некоја приградска населба, кога цело време токму тоа го кажувам и јас.


Originally posted by lslcrew

Селективна примена мора да има
Originally posted by lslcrew

Сепак вака е поголем просторот за делување и комоцијата во спроведувањето на законот.
Селективна примена на закони и комоција во нивното спроведување не се пожелна работа, туку крајно негативна појава! А се што треба да се направи за законот да се прилагоди на различните околности е да се вметнат различни критериуми по основ на локацијата и видот на објектите.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.143 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.