Author |
Topic Search Topic Options
|
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#741 Posted: 26-Jan-2008 at 01:32 |
Еве ја веста на пбанск
Новата црква на плоштадот ќе го надвиши ЕСМ
 Многу згради на мал простор на плоштадот во Скопје
Груевски ја дал идејата за храмот на владина седница по завршување на дневниот ред
БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА БИЛЈАНА АНГЕЛОВСКА
Иницијативата на Владата за изградба на црква во најстрогиот центар на Скопје, меѓу Стоковната куќа „Типо“ и ресторанот „Дал-мет-фу“, сериозно ја разбранува јавноста. Додека едни одобруваат и сметаат дека станува збор за цивилизациска и културна придобивка, други остро се противат на идејата, бидејќи во лаичка држава не е практика Владата да носи одлуки за градба на верски објекти.
Дознаваме дека в понеделник ќе се распише меѓународен конкурс за изработка на идејно решение, кој ќе биде отворен 52 дена. Потоа ќе се изработува идеен проект по кој ќе уследи главниот проект за црквата. Иако идејата за изградба на храм на плоштадот навидум е нова и допрва почнува да се реализира, јасно е дека таа долго се подготвувала во разговорите меѓу премиерот и црковниот врв.
Во прилог на оваа констатација одат и веќе утврдените димензии на објектот, што само кажува дека околу сето ова е детално размислувано, па дури се разгледувани и урбанистичките планови. Така, се најавува дека црквата ќе има кружна форма, со влез од плоштадот.
Наспроти впечатокот дека просторот меѓу Стоковната куќа и ресторанот „Дал-мет-фу“ не трпи голема градба, сепак, црквата ќе биде со прилично импозантни димензии. Во височина храмот ќе оди до 30 метри, можно е да има една поголема и четири помали куполи, а камбанаријата ќе биде висока до 50 метри. Ваквите димензии говорат дека новата црква ќе ја надвиши зградата на ЕСМ.
Со оглед на тоа што во Деталниот план за „Мал ринг“ на ова место не е предвидена маркичка за ваков објект, се укажува дека тоа не претставува проблем, бидејќи ќе се изврши измена на ДУП со впишување маркичка.
Поделеноста околу градбата особено се нагласи откако портпаролот потврди дека идејата за црквата е лично на премиерот Груевски, но и по шпекулациите дека храмот ќе се вика „Св. Никола“. Последново предизвика револт дека кој било актуелен функционер не може да си исполнува свои желби од буџетски средства.
Како што дознаваме неофицијално од Македонската православна црква, идниот храм засега се' уште нема име. Сигурно е дека нема да го носи името „Свети Константин и Елена“, како што се викала урнатата црква, која била на сегашниот влез на Градскиот трговски центар, но црковните луѓе се зачудени зошто некои медиуми ја презеле улогата на кумови и предвреме ја крстиле „Свети Никола“. Велат дека името на секој сакрален објект, па и на овој, се одредува во завршната фаза од изградбата.
Извори на „Утрински весник“ велат дека премиерот Груевски идејата за црква на плоштадот „Македонија“ првпат јавно ја соопштил на крајот од владината седница, без малку под точката разно. Поточно, откако седницата завршила, Груевски ја презентирал идејата само како усна информација, кусо ја образложил, по што таа била евидентирана како заклучок на Владата, а не како одлука.
Сепак, за да се официјализира, неопходно е свој потпис да стави министерот за култура, Арификмет Џемаили, бидејќи реализација на проектот за црквата му е доверена на Министерството за култура. До вчера документот се' уште не беше потпишан.
Според архитектот Кокан Грчев, историчар на архитектурата, сакрален објект во просторот не изгледа исто како било која друга градба, зашто носи порака со поинакви значења. „Треба да се внимава на сите компоненти на објектот во однос на сензибилитетот на граѓанинот од 21 век. Ставањето маркичка за храм е многу посериозна одлука отколку маркичка за друг вид градба. Изградба на црква мора да е прашање на општ консензус - да се има токму тука и токму таков објект. Значи, во урбанистичкото планирање, кога се во прашање сакрални објекти, тоа се регулира поинаку од обична бројка и маркичка“, смета Грчев.
Два дена по објавувањето на информацијата за одлуката на Владата за изградба на црква на скопскиот плоштад, зачудувачки е молкот на градоначалничката на Општина Центар, Виолета Аларова. Таа не најде за потребно, иако е најповикана, да го искаже својот став. Дали Аларова се противи на идејата, но нема храброст јавно да го соопшти тоа, не знаат дури ни најзаинтересираните - духовниците од МПЦ.
Академскиот сликар Владимир Георгиевски, професор на Архитектонскиот факултет, наместо коментар за владината одлука, ни цитираше дел од Евангелието по Матеј, во кое се вели: „Влезете низ тесната врата, оти широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, а мнозина минуваат низ нив“. „Ете, тоа е моето мислење“, вели професорот.
|
Извор: Утрински Весник
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#742 Posted: 25-Jan-2008 at 23:40 |
Абе ја таман некоја слика у глава добив, и сега ова "повисоко од есм" ме збуни. Имено мене вакви димензии повеќе ме асоцираат на обелиск него на црква.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#743 Posted: 25-Jan-2008 at 21:47 |
Според утрешен Утрински весник, црквата ќе била поголема од зградата на ЕСМ  . Веќе ги најавија и куполите. Сакале една централна и 4 помали странични.  Има и коментари од архитекти разни. Нормално Жан е за...
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#744 Posted: 25-Jan-2008 at 14:50 |
 Да де, ама целата поента е што во случајов се игнорирани било какви урбанистички стандарди. Ако се земе во предвид ДУП-от, нема простор за никакви импровизации од ваков тип. Плоштадот иако не е дооформен, за него има план и според тој план пополека се работело на негово довршување. Сега со сила сакаат да збутаат објект на локација каде што не била предвидена градба. Тоа не само што ќе ја наруши околината, туку и целиот урбанистички концепт на плоштадот. Многу е лошо кога се нарушува онапред зацртан сеопфатен модел... А мотивот е уште полош - политички. Се слагам дека урбанистите треба да ги имаат во предвид и желбите на граѓаните, ама има граници до каде таквите желби можат да се вклопат во ткивото на градот. Конкретниов пример со црквава е тотално невклоплив, тоа е сепак јасно и за лаик. А исто така не сум баш убеден дека мнозинството на граѓани ја посакуваат оваа црква (на таа локација). Единствено што може со сигурност да се каже е дека веќе има вџашеност и огромен отпор кај голем дел од народот.
|
 |
волан
Senior Member
Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
|
Quote Reply
#745 Posted: 25-Jan-2008 at 14:37 |
Cloverstack  Локацијата и изгледот е работа на урбанисти пред се (а јас не сум таков и се сметам себе за неквалификуван да дадам стручно мислење ...) ... Стручни прашања за кои сите можеме да муабетиме - но одлуки може и треба да носат само урбанисти ... Вака некако волунтаристички и популистички е пристапот ... Сепак постојат некои урбанистички стандарди кои за нас обичнит смртници не се познати ... А од друга страна пак урбанистите треба да ги имаат на ум и желбите на народот и да ги прилагодат на стандардите ...
|
волан
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#746 Posted: 25-Jan-2008 at 13:27 |
Фала волан.
Мене ме интересира дали имаш било какви резерви за локацијата, затоа што прочитав на твојот блог дека од порано си се залагал за обнова на црквата во некаква форма.
|
 |
волан
Senior Member
Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
|
Quote Reply
#747 Posted: 25-Jan-2008 at 13:04 |
Се надевам дека умреженото линкување на мојот блог и овој форум ке ви донесе нови читатели и членови ... А за оние кои сакаат да дознаат повеќе за моето истражување околу старата црква Св. Константин и Елена нека одат на мојот пост
|
волан
|
 |
волан
Senior Member
Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
|
Quote Reply
#748 Posted: 25-Jan-2008 at 13:00 |
Морам да признам дека имате брзи прсти и не можам да Ве следам ...  Вред е тука нека се дискутира на Црквата ... еве ке повторам еден мој коментар ... кој го дадов на блогот а во врска со црквата ... НОВА ЦРКВА НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА ВО СКОПЈЕ
Никола Груевски иницира изградба на црква "Свети Никола"
Вечер-25.01.2008 :: Бр. 13709
** До 1964 година токму на овој простор постоела црквата "Свети
Константин и Елена". За време на катастрофалниот земјотрес црквата
опстојала и од нејасни прични била урната
** Црквата ќе биде голема колку сегашниот Соборен храм, велат од
Македонската православна црква, кои се вклучени во реализацијата.
Влезната страна на црквата, која е на почетокот од плоштадот, ќе биде
долга 25 метри, а во позадина таа ќе се шири кон уличката што води кон
Собранието. Таму е предвидено да биде поставена и камбанаријата.
** "Радува фактот што меморијата кај старите Скопјани се уште опстојува
кај новите генерации. Оваа иницијатива е добредојдена за да се
облагороди централното градско подрачје", вели отец Климент.
"Ваквата идеја не е ништо ново за православниот свет. Софија, Москва,
Белград, па и останатите европски метрополи се устоличени со Божји
храмови. Сметавме дека на Скопје и Македонија тоа му недостасуваше" -
вели Канчевска-Милевска.
** Новата Црква ќе се гради со пари од буџетот. На кој светец ќе
биде посветена, официјално се уште нема одговор. Од црковни кругови за
Сител велат дека повеќе од сигурно е дека таа ќе го носи името на
"Свети Никола", светецот кој е најзастапен кај православните Македонци.
..........................................
*** Навистина изградбата на оваа црква (со буџетски пари) ке предизвика многу контраверзни расправи ...
- Една таква аргументирана расправа се води на блогот на Мирјана 56 (почитуваната Најчевска) ЈАС ГЛАСАМ ПРОТИВ ...
*** Понатака не е точен наводот на новинарот на Вечер дека токму
тука имало Црква ... Да имало Црква но на локацијата која ја покажуваат
сликите од овбој пост(стотина метри подалеку ...)
*** Околу името на самата црква - веројатно за тоа ке одлучат верниците и самата црква - ако се изгради и кога ке се изгради ...
- Понатака ова ке ја дигне на нозе опозицијата која со именувањето на
Св.Никола за оваа црква ке асоцира на сегашниот председател на Владата
на РМ (која е донатор - значи ктитор ...) ... Верувам дека и самиот
Груевски ке се спротивстави на ваквото “лигавење“ (умилкување ... на
државна сметка ...) на некои негови блиски луѓе околу него ...
- На кого му смеќава името на истотака светите Св.Константин и Елена
(веројатно на истите луѓе кои дале дозвола да се сруши црква која го
“преживеала земјотресот ...) ... Познато е дека овој светец е омилен
меѓу нашата Влашка популација особено во Битолско ... дали е вистина
дека старата црква Св. Константин и Елена е срушена и покрај тоа што не
била премногу оштетена ... во името на вознесената љубов кон бога и
светците Св.Константин и Елена Црквата треба да си го носи истото име
...
- Верувам дека меѓу верниците се почитуваат сите светци подеднакво ...
- Со останување на истото име ке покажеме дека сме и продолжувачи на иста традиција ...
*** Оваа црква Св.Константин и Елена носи во себе и приказна дека
Мајка Тереза која растела во дворот на оваа црква - од тука ја понела
со себе љубовта кон бога и милосрдието со која таа и самата стана
светец ... Сосема за на крај, на ова место каде сега се предвидува да
се гради Црква е родната куќа на Гонџа Бојаџиу - Мајка Тереза ... и ако
баш некој сака да се смени името на оваа црква тогаш нека се вика Мајка
Тереза ... со што ке стане и туристичка атракција во центарот на светот
...
- И денеска ако упорно се загледувате во плочникот на ова место ке
најдете на плоча каде е обележено името на Мајка Тереза ... додуше
плочката беше николку пати скрнавена и сега чинам дека е поместена во
блискиот тревник ...
*** Ке заборавев ... за да се реализира идејата за градење на Црква
на оваа локација ке треба да се смени и ГУП-от и ДУП-от ... а тоа е
сигурно најмалку година дена процедура ... така да почеток на градба за
оваа година е невозможен ...
|
волан
|
 |
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#749 Posted: 25-Jan-2008 at 02:43 |
Bash
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#750 Posted: 25-Jan-2008 at 02:31 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#751 Posted: 25-Jan-2008 at 02:27 |
Кога подобро ќе размислам, целото ова „китење“ на градот со секакви градби на неприфатливи локации, почнува да ми заличува на шабанско китење на кола... Знаете отприлика што зборам - со јамболии на седишта, со ЦД + 10 маскоти закачени на ретровизорот внатре, со разноразни фолклорни елементи, национални симболи, амблеми, бројни налепници... 300 освежувачи на воздух кои иако потрошени седат внатре закачени и расфрлани за „украс“ ваљда... Мал милион безвезни аксесори... Све живо накитено - абе милина  Не знам дали сте имале можност да се повозите у некој таков примерок. Е тачно таква филозофија овие почнаа да туркаат за Скопје.
Edited by Cloverstack - 25-Jan-2008 at 02:34
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#752 Posted: 25-Jan-2008 at 00:37 |
Грчев одбива да коментира дали едно вакво решение на плоштадот би било убаво или не, бидејќи „ова е доказ на анархија, беззаконие кое очигледно никому не му пречи“. „Трагично е“, нагласува Грчев, „што сето ова го прават политички волонтери, урбанистички дилетанти. Знам дека тоа ќе биде грдо, зашто е на погрешно место и направено е на погрешен начин. Владата не може да врши диктат во урбанизмот и да се става над законот и над струката“. На Грчев не му е олеснителна околност што Владата ќе распише меѓународен тендер за идејно решение за црквата. Според него, „дивите конкурси во последниве две години беа за објекти од политички интерес и беа пропаднати конкурси, зашто сите беа нестручно распишани, политички инструментализирани и водени од идеи на политички волонтери. Ниеден конкурс не успеа да ги собере најдобрите кадри од Македонија, а да не говориме за оние од меѓународен ранг. Сите досегашни конкурси се фалсификувани од кампањски причини и задоволување нечии политички цели“, тврди авторот на ДУП за Малиот ринг, Мирослав Грчев.
|
Навистина, Грчев кажа се што има да се каже. Ме интересира дали неможе да се поведе судски спор против ваквите груби узурпации на правниот систем. Можеби уставниот суд би требало да интервенира во овој случај. Само се плашам да не направат после ова фама ВМРОвците дека тие што дигаат глас против нивниов предлог не ја сакаат МПЦ, се комуњари, не почитуваат религија.....Страшно 
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#753 Posted: 25-Jan-2008 at 00:18 |
Ако од ДПМНЕ мислат дека ќе им биде предизборен билборд, тогаш барем во мојот случај се во право - ама обратно него што се надеваат. Ако навистина пробаат ова сериозно да го протуркаат, нема такво чудо што може да се случи во државава кое ќе ме натера да гласам за нив било кога друг пат. Во постојниов мандат со нив имам еден вид love-hate relationship. Многубројните лоши работи се обидувам да им ги простам ради не толку многубројните добри работи... Главен фактор тука сепак не беа добрите страни на ДПМНЕ, туку уште полошата СДС-овска банда. Ама ДПМНЕ почна ептен да забегува... Барем мене дефинитивно ми е при крај трпението со овие безобразни лудаци.
Edited by Cloverstack - 25-Jan-2008 at 00:18
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#754 Posted: 25-Jan-2008 at 00:05 |
Цела објава е за болдирање.... толку е алармантна работава....
Идејата за црквата на скопскиот плоштад била на Груевски

Архитект Грчев вели дека Владата се става над Уставот и користи сакрални објекти како предизборни билборди
БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА БИЛЈАНА АНГЕЛОВСКА
„Зад
идејата за изградба на црква на плоштадот ’Македонија‘ во Скопје стои
лично премиерот Никола Груевски, кој сака и кај нас, по примерот на
плоштадите на европските метрополи, да има сакрален објект“. Ова вчера
ни го изјави портпаролот на Владата Ивица Боцевски откако „Утрински
весник“ја објави информацијата дека Владата донела одлука за
возобновувањето на некогашната централна градска црква „Цар Константин
и царица Елена“.
И тој потврди дека предлогот на премиерот
поминал без никакви проблеми и дека добил зелено светло и од министрите
од албанските партии.
Целиот проект ќе го турка Министерството
за култура, а црквата ќе се гради со буџетски средства. Колку е
издвоено за градбата и за идејниот проект, кој ќе се бара на
меѓународен тендер, се' уште не се соопштува, но со оглед на фактот
дека храмот ќе биде лоциран во најстрогиот центар - меѓу Стоковната
куќа и ресторанот „Дал-мет-фу“, за очекување е дека нема да се штеди.
Со
оглед на тоа што храмот „Цар Константин и царица Елена“, лоциран во
Влашкото Маало, односно на влезот од денешниот Градски трговски центар,
бил голем и што новата црква ќе се гради педесетина метри кон плоштадот
не може да стане збор за класично возобновување на некогашната, урната
во скопскиот земјотрес во 1963 година. Овој храм ќе биде многу помал и
се планира да има кружна форма за да нема грб, туку да се приоѓа од
сите страни.
Во Македонската православна црква не се изненадени
од иницијативата на премиерот Груевски. Напротив, ја благословуваат и,
како што вели владиката Климент, секретар на Синодот на МПЦ
„многубројни се позитивните импликации од оваа владина одлука. Како
прво, го нагласуваме конструктивниот приод на ползување на јавниот
простор со изградба на храмот. Со ова се исправа една историска
неправда и урнатото се гради. Исто така, на овој начин стануваме
поблиски не само до православните метрополи, како што се Москва,
Софија, Солун, Атина, Белград, Букурешт, туку и до европските центри во
развиените западни демократии, каде што не само на централниот, туку на
сите плоштади има не еден туку и повеќе храмови“.
Градот
Скопје нема ништо против одлуката за изградба на црква на плоштадот, но
инсистира при обновата на овој верски објект да се испочитуваат сите
законски и урбанистички постапки. Во Градот не се информирани дали во
Деталниот урбанистички план на Општина Центар има предвидено маркичка
за овој објект, меѓутоа нагласуваат дека доколку биде внесена, нема да
биде во колизија со Генералниот урбанистички план на Скопје (ГУП).
Индикативно
е што во текот на вчерашниот ден градоначалничката на Општина Центар
Виолета Аларова, како најповикана да се произнесе за владината одлука,
како и нејзината портпаролка, останаа глуви на нашите барања за каков
било коментар. Ним им стана практика секогаш кога треба да се
произнесат за работи кои се во нивна надлежност, да бидат недостапни.
Но,
затоа, пак, архитектот Мирослав Грчев, кој е творец на ДУП за Малиот
ринг, иницијативата ја пречека на нож. Тој смета дека станува збор за
мешање на државата во чисто црковни работи и дека „со оваа одлука
Владата ја корумпира Црквата, бидејќи државата не е таа што гради
верски објекти“. Грчев е дециден: „Владата не е надлежна да носи одлуки
кои се во надлежност на МПЦ. Со ова, Владата се става над законот и над
Бога и користи сакрални објекти како предизборни билборди. Таа носи
одлуки за кои не само што не е надлежна, туку тие се директно спротивни
на Уставот. Од друга страна, пак, Владата не е ни интелектуално, ни
стручно подготвена за вакво нешто“. Архитектот појаснува дека Владата
не може да планира на веќе донесени урбанистички планови, пред се',
зашто урбанистичкото планирање со Уставот на РМ и' е дадено на
локалната самоуправа. Според него, со овој потег Владата наместо да го
штити системот на планирање, таа го уништува.
Грчев одбива да
коментира дали едно вакво решение на плоштадот би било убаво или не,
бидејќи „ова е доказ на анархија, беззаконие кое очигледно никому не му
пречи“. „Трагично е“, нагласува Грчев, „што сето ова го прават
политички волонтери, урбанистички дилетанти. Знам дека тоа ќе биде
грдо, зашто е на погрешно место и направено е на погрешен начин.
Владата не може да врши диктат во урбанизмот и да се става над законот
и над струката“. На Грчев не му е олеснителна околност што Владата ќе
распише меѓународен тендер за идејно решение за црквата. Според него,
„дивите конкурси во последниве две години беа за објекти од политички
интерес и беа пропаднати конкурси, зашто сите беа нестручно распишани,
политички инструментализирани и водени од идеи на политички волонтери.
Ниеден конкурс не успеа да ги собере најдобрите кадри од Македонија, а
да не говориме за оние од меѓународен ранг. Сите досегашни конкурси се
фалсификувани од кампањски причини и задоволување нечии политички
цели“, тврди авторот на ДУП за Малиот ринг, Мирослав Грчев. | http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D277BFA2FF29D64D8592B232A51AEB3C
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#755 Posted: 24-Jan-2008 at 23:42 |
На плоштадот Македонија ќе се гради црква
24.01.2008 18:51
На
плоштадот Македонија до Градскиот Трговски Центар ќе се гради црква.
Одлуката за изградба на овој сакрален објект ја донела владата.
„Во сите европски земја токму на плоштадните места, без разлика дали
станува збор за земји коишто се од католичка доминантна исповед,
протестантската или православната, имаме црковни објекти, а впрочем на
ова место каде што се предлага да биде новиот храм, веќе имаше црква“,
изјави Ивица Боцевски, портпарол на Влада.
Деновиве Министерството за култура ќе распише меѓународен тендер за идејно решение.
Од МПЦ велат дека изгледот на црквата треба да биде според
македонската православна традиција. Местото каде треба да се изгради
верскиот објект и припаѓа на општина Центар.
Според деталниот план, таму не е предвидена црква, но во општината велат дека немаат против.
Некои експерти сметаат дека изградбата на црквата е политичко
решение. Според Мирослав Грчев, црквата ќе биде политички билборд на
владата, вели дека работите се поставени наопаку, прво ќе се градел
објектот, а дури потоа ќе се барала легализација.
„Градска црква, не било поставено тоа пред скопските урбанисти како
програмско барање. Досега не постои мисла за тоа, толку е помалку
логично да ад-хок без еден ден промисла, пред се стручна да се набодува
локација“, рече Мирослав Грчев, универзитетски професор.
Во близина на локацијата каде треба да се гради црквата имало стара,
посветена на Цар Константин и Света Елена. Не е одлучено дали ним ќе им
биде посветена, или на други светци.
Старата црква била урната во земјотресот од 1963 година, на нејзино место е изграден Градскиот Трговски Центар. |
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=88907
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#756 Posted: 24-Jan-2008 at 23:37 |
Originally posted by Ганчо
Не иде веќе вака, наместо да им овозможи на локалните самоуправи сами да градат, централнава власт копа темели кај ќе стигне. Ова им е веќе врв на глупоста.
|
Ова е дополнителен аспект на целава работа. Се донесуваат одлуки за градба на објект кој не е во согласност со ДУП на владина седница со претпоставка дека ДУПот ќе се модификува без проблем. Зошто тогаш воопшто носиме ДУПови, ГУПови и слични глупости ако тие немаат никаква правна тежина? Проектите, објектите се адаптираат и се планираат во рамките на ДУПот а не обратно  Нормално сервилните локални власти веќе се изјаснија позитивно за целава работа. Град Скопје ја подржувал иницијативата само да била во согласност со урбанистичките норми. Па нормите се веќе прекршени со самиот пристап. А кога се гради некој нормален објект први се да ја блокираат работата...
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#757 Posted: 24-Jan-2008 at 21:43 |
Криво ми е што пропуштив толку многу од дебатава, се е веќе кажано.
Единствено што би им кажал на ВМРО-ДПМНЕ е :
Going to church doesn’t make you a Christian anymore than standing in a garage makes you a car. Не знам кој го кажал ова, ама познат цитат е.
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
se_manda
Senior Member
Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
|
Quote Reply
#758 Posted: 24-Jan-2008 at 19:47 |
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#759 Posted: 24-Jan-2008 at 19:11 |
 
Човек 2-3 дена е презафатен овие веќе го треснале најголемиот бисер до сега. Ќе прежалам и куполи на собрание, и грозно кич лавови на мост Гоце Делчев и спомен куќа на Мајка Тереза, ама ова е веќе помодарство над помодарстватра и кич над кичевите. Немам ништо против МПЦ и религиозните заедници но цркви и катедрали на главните плоштади се граделе 16-17 век сигурно не 21....Дали стануваме православен Талибан ?????
Edited by UrbanFreak - 24-Jan-2008 at 19:12
|
 |
gotsomekicks
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
|
Quote Reply
#760 Posted: 24-Jan-2008 at 19:03 |
Мислам дека Кловер кажа се што сакав да кажам... мене ми останува само следново да го сторам:
|
 |