Еве сега баш читам. Се краделе цели контињери, па се сечеле, па на крај завршувале како старо железо. Еве апелирам до владата како што можеше да стави дебилни лиценци за алкохол, така да стави лиценци за откуп на старо железо, па да има само 10 места во Македонија кај што ќе може да се продаде старо железо под строга контрола од неколку независни инспектори, еден од општина, еден полицаец и еден од железара. Другше не бива!!!
Целосно се согласувам, мора да се справат со овие морони еднаш засекогаш, зарем треба некој да умре па да се превземе нешто Доколку строго се контролира откупот ( и се воведат подрастични казни за сите што крадат а особено за тие што откупуваат) ќе се воведе некаков ред, иначе ваквите слики ќе бидат се почести низ градот.
Originally posted by Vladimir P
Еве нешто ново, од денеска. Сега ги крадат и капаците од телефонија, кој се поголеми и потешки. (лево и десно од ул. 29 Ноември сите капаци се украдени)
Ја би ги обесил оние што окупуват, па тогаш ќе престанат и тие што крадат
Нема кој да ја казни полицијата кога нејзино возило ќе се паркира
непрописно. Полициско комбе минатата недела неколку часа стоеше
паркирано на место резервирано за инвалиди на паркингот до плоштад
Македонија..
Еве сега баш читам. Се краделе цели контињери, па се сечеле, па на крај завршувале како старо железо. Еве апелирам до владата како што можеше да стави дебилни лиценци за алкохол, така да стави лиценци за откуп на старо железо, па да има само 10 места во Македонија кај што ќе може да се продаде старо железо под строга контрола од неколку независни инспектори, еден од општина, еден полицаец и еден од железара. Другше не бива!!!
па добро бе имаат ли грам мозок крадциве, како може да крадат железо од структури кај што секое штрафче е битно за безбедноста на народот ова е чист дебилизам
---Постирајте тука за ниското ниво на култура во урбаното живеење, за простаклуци, несовесно однесување, вандализми, дивеења, кражби...
Првпат јас на оваа тема!
Прво, Скопје никогаш нема да стане убав (УБАВ!) град, ако имаме ваква ниска култура на оваа малограѓанштина.
Убаво велат, луѓето се свестуваат само кога ќе ги удрат на џеб!
Затоа и убаво што направија закони за овој проблем!
Убави! Ама, зошто никој не ги применува??
Инаку, искршени канти за ѓубре и игралишта за деца, треви полни со ѓубре, згради исполнети со графити (што особено ме иритира!)...
ОВА ВЕЌЕ ВАКА НЕ МОЖЕ!
Ова го пишувам во момент на исфрустрираност од малограѓанштината
Се крадат железнички пруги, делови од трафостаници, мостови, а штетите се неколкупати поголеми од ќарот на крадците
Повеќе милиони евра е штетата што ја предизвикуваат крадците на железо во земјава. Најголеми штети трпат „Македонски железници“, ЕВН-Македонија, „Телеком“, „Македонија пат“, „Водовод и канализација“ и други претпријатија чија инфраструктура секојдневно е цел на собирачите на железо. Дека тие масовно и често нелегално собираат железни предмети сведочи податокот од Заводот за статистика дека во јули годинава секторот рециклирање бележи пораст од рекордни 10.042 отсто во однос на лани. Овој пораст најмногу се должи на тоа што Владата ја повлече забраната за откуп на старо железо.Цел на крадците се делови од железничките пруги, бакарни жици од сигнализацијата за возовите, метални делови од трафостаници, шрафови од далекуводи, сообраќајни знаци, метални огради од мостови, капаци од шахти, жици од предаватели, делови од хидранти. Се крадат и бисти, надгробни споменици, црковни ѕвона, делови од метални огради, акумулатори, врати од лифтови. Најчесто материјалната штета што ја прават крадците е неколкупати поголема од ќарот од продаденото железо. А неретко го загрозуваат и животот на граѓаните.
Според процените на „Македонски железници“, поради кражбите на метални делови досега имале штета од повеќе од еден милион евра. Најчесто навечер исчезнувале делови од пруги и бакарни кабли од железничката сигнализација. Поради тоа многупати настануваат дефекти на рампите, со што се загрозува животот на луѓето што ја преминуваат пругата.Ако навреме не забележиме украден дел од пруга, може да излета воз полн со патници. Последиците ќе бидат страшни. Крадците не размислуваат за тоа. Важно им е да соберат што е можно повеќе железо. Ние се трудиме да ги санираме дефектите во најкраток можен рок, но понекогаш се многу големи - велат во „Македонски железници“. Само во последниот месец крадците ја оштетиле „ЕВН-Македонија“ за околу 5.000 евра. Пред нецел месец, во Радовиш биле украдени метални делови од трафостаница, поради што стотина потрошувачи една недела останале без струја. Дефектот бил толку голем што екипите на ЕВН, кои интензивно работеле на теренот, не можеле да завршат за седум дена. Слични кражби имало и во Прилеп и во Гостивар.
- Пред извесно време некој ги украл металните шрафови од столб на „Окта“, поради што столбот падна врз наш далновод под висок напон. Направена е штета од неколку илјади евра. Вакви кражби има често. Нестручни лица ги чепкаат трафостаниците и далноводите, со што и сопствените животи ги доведуваат во опасност. Може да настрадаат и наши работници, а неретко трпат и потрошувачите. Најчесто се краде навечер и тоа метални делови. Пријавуваме во полиција, но крадците тешко се наоѓаат - вели Златко Попоски, портпарол на ЕВН.Крадците оперираат и на патиштата низ земјава. Речиси нема патоказ на кој не му недостига дел, од сообраќајните знаци се останати само металните шипки, од семафорите се извадени шрафовите. Се крадат дури и делови од оградите на мостовите. И од „Македонски телеком“ потврдуваат дека се соочуваат со ваков проблем. Од нивната мрежа исчезнуваат бакарни жици и капаци од шахти, кои завршуваат во откупните центри. Цената на килограм железо во откупните складови е од осум до 15 денари, во зависност од дебелината. Во повеќето складови каде што се јавивме ни напоменаа дека не примаат железо за кое е очигледно дека е украдено. Сепак, малкумина ги пријавуваат луѓето што ќе им донесат сомнителни парчиња. Сопствениците на откупните складишта што имаат лиценци велат дека проблемите ги создаваат дивите откупувачи, на кои не им е важно дали граѓаните им носат дел од пруга или ограда од мост. Тие бараат инспекторите да вршат построги и поредовни контроли за да ги казнат тие што го прекршуваат законот.МВР не ги евидентира кражбите на железо особено зашто нема податоци колку овој проблем е присутен во државава и како надлежните институции се справуваат со него.
Во ред е дискусијава, но, прво и најосновно, незнам зошто полиција не реагира, а бар сеги ги има + 20%, со толку „приправници“ и една веспа која ќе шпарта низ Партизанска (или одреден реон) секој ден ставајќи им белешка со казни мислам дека полека ќе се среди.
Но кај нас имаме годишни помпезни кампањи за се и сешто, кој секогаш по правило траат само еден ден, и ефектот е „КАНПАЊСКИ“
А во врска со камерите, едино би се сложил стрикно за проблематични раскрскици, поново да може полицијата благовремено да реагира.
кловер заради ефективност чисто ќе те надополнам т.е. подисправам... ова се однесува до оние урбани херои кои би се активирале во сличен поход. прво нека се користат со помалку инвазивни методи како лепење налепници или истурање ѓубре по шофершајбна но секако прво 24 часовно предупредување а доколку го повтори дивјаштвото а во 90% од случаите го повторуваат тогаш да се пристапи со таква блага диверзантска казна.
Да, во право си, ама мене ми се темни пред очи од такви случаи, па затоа одма отидов на максимална казна Во секој случај ова сшто го предлагаш ми се допаѓа како прв чекор.
но најдобро би било да се активираат сите редарски механизми кои постојат во државава па на фин начин и без гребење и без фарбање да им ги испразнат џебовите посебно на вакви фрлачи со бесни коли па воедно и буџетот да ќе се полни
Да, најдобро би било вистински да се активираат механизмите, ама факт е дека тоа никако да се случи.
камери на секој агол како што е по сите метрополи, пр. во лондон
Е ова ми е малце претерано, а и да не забегуваме со клишето за „сите метрополи“. Лондон е екстремен случај и таму реално веќе стапува на сила big brother... Немам ништо против видео надзор, но да не се претерува. Ваљда може да се угледаме на некој поизбалансиран пример него Лондон.
За ова ти што викаш, ваљда гребење на кола би било добар почеток. Колку и да звучи парадоксално, изгледа треба да се најдат неколку диверзанти со поголема граѓанска свест и да напраат малце 'ршум, па дебилите да се подзамислат каде ќе паркираат. А кога службите не си ја вршат работата, таков исход можеби конечно ќе ни ја разбуди свеста!
кловер заради ефективност чисто ќе те надополнам т.е. подисправам... ова се однесува до оние урбани херои кои би се активирале во сличен поход. прво нека се користат со помалку инвазивни методи како лепење налепници или истурање ѓубре по шофершајбна но секако прво 24 часовно предупредување а доколку го повтори дивјаштвото а во 90% од случаите го повторуваат тогаш да се пристапи со таква блага диверзантска казна. а за строга казна би предложил бушење гуми како доволно болна варијанта за опаметување но не и гребење и тангирање со ауто лак кои единствено би ги одобрил доколку дивјаштвото е претерано пример како случајот на истурање бетон во вардар или прегазување млади фиданки!
но најдобро би било да се активираат сите редарски механизми кои постојат во државава па на фин начин и без гребење и без фарбање да им ги испразнат џебовите посебно на вакви фрлачи со бесни коли па воедно и буџетот да ќе се полни но мора дури и на евидентирана пријава т.е. за снимено дивјаштво да се наплаќа казна, иако дивиот сограѓанин го напуштил местото на дивеење во меѓувреме, додека не се инсталираат камери на секој агол како што е по сите метрополи, пр. во лондон за непрописно паркирање казната ти стигнува на сметка дома а доколку сакаш можеш да се прошеташ до станица и да те послужат со евидентиран материјал од јавниот систем за надгледување, но пред се тие камери се баждарени од ревизорски и судски органи...
во хрватска пример снимкиве од камерите по тунелите и автопатите сеуште не можат да се користат како доказ баш бидејки не се баждарени гледав пред некој ден на хтв за тоа зборуваа но велат дека набрзо и законски и процедурално ќе го решат тој проблем и ситуациите како ваквите дивјаштва како U-turn на полна веќе ќе бидат минато или прилично редуцирани...!
Добро, ја зборев конкретно за шкрабаници врз културно-историски споменици...
За ова ти што викаш, ваљда гребење на кола би било добар почеток. Колку и да звучи парадоксално, изгледа треба да се најдат неколку диверзанти со поголема граѓанска свест и да напраат малце 'ршум, па дебилите да се подзамислат каде ќе паркираат. А кога службите не си ја вршат работата, таков исход можеби конечно ќе ни ја разбуди свеста!
... Да беше до мене, за вакви работи би имало драконски казни! ...
Очигледно не е !
Еве ти една идилична слика, "скороевич" со неговиот престиж си се паркира под дебела сенка да не му се оштети бојата, чистачите чистат и пробаваат да исчистат и под колата и на крај главниот јунак ЧУВАРОТ НА РЕДОТ И ПОРЕДОКОТ седи, и со мртов ладен поглед гледа и .... и, по извесно време среќно си заминува.
крај
И тие „ДРУГИТЕ“ имаат свој удел во сето ова околу нас.
Во врска со графитите, иако на многу места не ми сметаат, мислам дека тоа треба во принцип да е исклучително строго регулирано, затоа што во спротивно работите ќе се релативизираат и ситуацијата нема да се подобри...
На кое културно ниво сме, и на кое ниво ни е свеста, може да се види и од тоа како дивјачки се ишкрабани дури и Камени мост и Калето... Додуша не се работи за графити во права смисла на зборот, туку за обични шкрабаници.
Еве пред некој ден бев на Кале. Катастрофа... Ѕидините се нашкрабани на секој чекор. Да беше до мене, за вакви работи би имало драконски казни! Еве еден од многуте примери:
Купови разновиден отпад на двете страни на коритото и на дното, на потегот од Вруток до Чегране
ГОСТИВАР - Во непосредна близина на мостот на реката Вардар, кај
зградата на Основниот суд во Гостивар, на три места, несовесни возачи
на миксери истуриле поголеми количини бетон. И не само тоа. На овој
простор речиси секој ден ги чистат миксерите со бетон, а отпадоците ги
истураат во реката, со што ја загадуваат водата.
Поради високите
температури, се' помалку вода има во коритото, која од изворот се
пренасочува во каналите за наводнување на плодните површини во
Полошкото Поле. Во зависност од потребите за електрична енергија, се
вклучуваат турбините во хидроелектричните централи „Вруток“ и „Равен“,
што е реткост летово, па затоа не дотекуваат води од Мавровско Езеро.
Сето тоа овозможи на виделина да се појават купови разновиден отпад на
двете страни на коритото и на дното, на потегот од изворите на реката
во село Вруток, па се' до атарот на селото Чегране.
Коритото
на Вардар е претворено во голема депонија. Очигледно, на жителите што
живеат покрај реката најлесно им е ѓубрето да го фрлаат во неа. Оваа
појава е присутна со години, а лете е поизразена. Се добива впечаток
дека локалната самоуправа, надлежна за хигиената и за чување на
животната средина, оваа појава немо ја посматра и не презема никакви
активности. Со новите измени на законот, казните за прекршоци против
природата се драстично зголемени.
РИГОРОЗНИ КАЗНИ ЗА ПИШУВАЊЕ ПАРОЛИ Прохибиција и за графитите
За
пишување графити на јавни места законот предвидува мандатна казна од 50
евра. Младите луѓе, пак, кои цртањето графити го сметаат за израз на
креативна уметност, а не за чкртаници што нанесуваат штета, од
септември ќе добијат плато кај фонтаната и околу споменикот Гоце Делчев
во Градски парк. - Просторот ќе биде уреден токму за овој вид
изразување и замислен како стимул за уметничко изразување - вели Аљоша
Шопар, од секторот за планирање и уредување на просторот на Град
Скопје. Строгата законска забрана на ѕидовите низ градот да се цртаат
графити и да се казнуваат сторителите, според предлагачите, треба да
спречи нанесување материјална штета на објектите и нивно нагрдување,
независно дали се работи за јавни установи, приватни куќи или за
станбени објекти. Намерата на законскиот проект е да им се стави крај и
на паролите со политичка, вулгарна и со непријателска содржина.
Трошоците за чистење варираат во зависност од употребената боја и
подлогата. Постојат хемиски методи, абразивни постапки, а цената за
еден квадратен метар е од 50 евра до повеќе од 200 евра. - Спрејот што
го употребуваат младите за цртање графити или пораки сега може да се
отстрани со два слоја од специјалниот премаз „Синтерпак“ во бела боја,
што чини поевтино од нова фасада. Но, зошто и тој непотребен трошок -
прашува Христо Ивановски чија зграда е мета на љубители на графити.
Според законот што треба да се донесе, казните за сторителите ќе ги
пропишуваат специјално обучени комунални редари, униформирани полицајци
и општински комунални инспектори. Ако прекршителот нема пари да ја
плати казната во моментот кога е фатен на самото место, тоа ќе може да
го направи на суд. Но, казната тогаш му се зголемува трипати. Во делот
на санкциите дадена е можност на замена на изречената казна со најмалку
едно деноноќие општокорисна работа што ќе ја одреди судот. Младите,
пак, на кои графитите им лежат на срце, па дури и им се опсесија и
начин на изразување, сметаат дека ова е неправедно. Саше П., на пример,
кој студира графички дизајн и припаѓа на групата млади чиј вид на
изразување се графитите, не сака ни да чуе да престане со неговото
хоби, но ја поздравува идејата за соодветно место за нивно изразување,
како и во секој голем европски град.
Еве нешто ново, од денеска. Сега ги крадат и капаците од телефонија, кој се поголеми и потешки. (лево и десно од ул. 29 Ноември сите капаци се украдени)
Ја би ги обесил оние што окупуват, па тогаш ќе престанат и тие што крадат
Повторно се крадат капаци, а отворените шахти се опасни за граѓаните
Од АД „Топлификација“ велат дека лани им биле украдени 79 капаци од шахти
Снежана Калабакова
По парковите, тротоарите,
паркинзите и улиците повторно снемува капаци од шахти. Нивните
сопственици велат дека капаците им се крадат од моментот кога повторно
проработија отпадите за старо железо, каде што крадците и ги продаваат.
На удар се особено капаците од леано железо, какви што се оние на АД
„Топлификација“ или на ЈП „Водовод и канализација“. Од ова јавно
претпријатие, поради честите кражби на капаците, решија отворените
шахти да ги покријат со бетонски капаци. Така, „Водовод“ им го одврати
вниманието на оние кои им фрлија око токму на нивните капаци од
шахтите. На тој начин ги заштитија и граѓаните, кои не ретко можеа да
настрадаат кога ќе налетаат на шахта без капак.
Имало случаи
кога пешаци се здобивале со скршеници токму поради пропаѓање во
отворени шахти, а со цел да се заштитат следните кои ќе наидат,
граѓаните поставува гранки, картони или други видови материјали за да
ги предупредат на опасноста, која демне особено ноќе. Многу поризични
се отворените шахти на улиците, каде што со автомобил лесно може и
смртно да се настрада, коментираат дел од скопјани. Токму поради
ваквите ризици, дел од компаниите кои имаат шахти низ градов побарале и
помош и поголема соработка од полицијата, со цел да им се влезе во
трага на оние кои најчесто ги крадат и ги продаваат капаците. Велат
дека имало и случаи кога крадците биле фатени, но најчесто, тоа е
невозможно, бидејќи капаците од леано железо многу лесно се дробат во
ситно железо и така го продаваат во отпадите, па токму заради тоа,
тешко им се влегува во трагата.
„Деновиве, излегувајќи од
паркингот зад „Мекдоналдс“, забележав отворена шахта. Но, многу
пострашно беше кога со автомобилот речиси со целото тркало за малку ќе
пропаднев во амбис од педесетина сантиметри, колку што беше длабока
отворената шахта на улицата кај Романската амбасада, раскажува
скопјанецот Зоран Таневски. Тој посочи дека надлежните мора посериозно
да се ангажираат и да им влезат во трага на оние кои се занимаваат со
овој бизнис, а притоа не водат сметка за последиците врз граѓаните.
Од
АД „Топлификација“ велат дека не им е непозната оваа појава, и лани им
биле украдени 79 капаци од нивните шахти. Ваквите активности, велат,
стивнаа во периодот кога не работеа отпадите за старо железо. Но штом
тие проработија, кражбите се интензивираа. Затоа испративме писма до
полициските станици, велат од претпријатието, и побаравме поголема
соработка. Два случаја се решија со станиците од Карпош и од Пролет,
кога крадците беа фатени, а капаците од шахтите во овие населби ни беа
вртатени, објаснија од „Топлификација“.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum