![]() |
![]() |
![]() |
Плажи и бродови на Вардар |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 64> |
Author | ||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Шилегов: Две од трите галии ќе бидат тргнати
https://mk.tv21.tv/shilegov-dve-od-trite-galii-ke-bidat-trgnati/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
И ова е Скопје…и ова е Вардар…
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.porta3.mk/i-ova-e-skopje-i-ova-e-vardar/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Не издржа врбата во Вардар – една од трите што чинеа 250 илјади евра
![]() Една од трите врби што беа поставени во 2012 година во реката Вардар во центарот на Скопје, е оштетена. Имено, се работи за врбата која се наоѓа во средина, а нема информации како дошло до оштетувањето. Врбата е оштетена уште од август кога имаше чести дождови пропратени со ветар си го направија своето. Поставувањето три стебла во три армирано-бетонски жардиниери во форма на квадратни призми, под агол од 45 степени во однос на течението на Вардар, обложени од надворешната страна и горната површина на ѕидовите со полиран инокс, предизвика полемика во јавноста за нејзината основаност и оправданост. Тие се водат како скулптури и своевремено авторката Искра Димитрова тврдеше дека тие се уметничко дело, а не садници, 250.000 колку што чинеа, не биле дадени само за садници, туку за целиот проект. https://nezavisen.mk/ne-izdrzha-vrbata-vo-vardar-edna-od-trite-shto-chinea-250-iljadi-evra/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Нема куртул за галиите кај „Холидеј ин“ и МЕПСО
Во завршна фаза е најавеното отстранување на двете галии од коритото на реката Вардар, кај хотелот „Холидеј ин“ и пред МЕПСО. Од Град Скопје информираат дека доставено е решението од извршителот до должниците, а во понеделникот судот известил дека е искористено правото на приговор. – Треба да се даде соодветен одговор од извршителот на приговорот до крајот на оваа недела, по што Апелациониот суд во рок од два-три дена ќе се изјасни по приговорот, објаснија градските власти Во завршна фаза е најавеното отстранување на двете галии од коритото на реката Вардар, кај хотелот „Холидеј ин“ и пред МЕПСО. Од Град Скопје информираат дека доставено е решението од извршителот до должниците, а во понеделникот судот известил дека е искористено правото на приговор. – Треба да се даде соодветен одговор од извршителот на приговорот до крајот на оваа недела, по што Апелациониот суд во рок од два-три дена ќе се изјасни по приговорот – објаснија градските власти. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов се надева дека до крајот на наредната седмица ќе заврши тоа, бидејќи се куси роковите во извршната постапка, па како што истакна, ќе може да се спроведе отстранувањето на галиите. Во јуни годинава, Градот го раскина договорот со сопственикот на галијата кај хотелот „Холидеј ин“, фирмата „Сервис АД“. Тогаш Шилегов информираше дека се создадени правни услови за нејзино отстранување и поради тоа дал налог да се раскине договорот и да се наплати банкарската гаранција и за втората од трите галии. Шефот на кабинетот на скопскиот градоначалник, Никола Наумовски, тогаш за медиумите изјави дека основа за раскинување на договорот е тоа што закупецот на галијата четири месеци не платил закупнина/кирија. Претходно пак, во март, на прес-конференција, Шилегов соопшти дека го раскинува договорот со првиот брод кај МЕПСО, во сопственост на Ниче Димовски-Македон, шура на скопскиот ексградоначалник Коце Трајановски. Тој тогаш потпиша решение со кое фирмата „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ се задолжува да ја тргне галијата во рок од 30 дена, бидејќи не работела иако Град Скопје ѝ доставил решение во 2018 година дека треба да почне да врши дејност, а до ден-денеска таа не е отстранета. Отстранувањето на галиите и раскинувањето на договорите, како што напомена тогаш Шилегов ќе немаат никаква импликација по буџетот на Град Скопје, односно ќе се врши на сметка на закупецот. Со тоа останува уште една галија, онаа меѓу двата пешачки моста на фирмата „Воденица“, за која како што се изјасни во јуни Наумоски сè уште не се создадени правни услови да биде отстранета, па ќе се чека или да заврши договорот или да се изнајде начин Градот да се ослободи од неа. Градските власти сега не одговорија дали се создадени потребните услови и оваа галија да се отстрани. Галиите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“. Според Студијата за намалување на ризикот од поплави која ја изготви УНДП заедно со Градот и Центарот за управување со кризи ако коритото на Вардар не се ослободи од препреките, штетите при евентуална голема поплава би можеле да бидат од 30 до 130 милиони евра. (А.П.) https://www.vecer.press/нема-куртул-за-галиите-кај-холидеј-и/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
НАРЕДНАТА НЕДЕЛА АПЕЛАЦИЈА ЌЕ ОДГОВОРИ НА ПРИГОВОРИТЕ ЗА ГАЛИИТЕ, ПА ЌЕ ГИ УРИВАМЕ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ
Град Скопје не се откажува од најавата за уривање на две од трите галии во реката Вардар, во центарот на градот. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека наредната недела Апелациониот суд треба да одговори на приговорите кои ги доставиле сопствениците на бродовите, по што ќе се овозможи отстранување на објектите од коритото на Вардар. „Доставено е решението од извршителот до должниците во таа извршна постапка. Вчера, извршителот од страна на судот е известен дека е искористено правото на приговор. Треба да се даде соодветен одговор од извршителот на приговорот до крајот на оваа недела, по што Апелациониот суд во рок од два-три дена ќе се изјасни по приговорот. Јас очекувам дека до крајот на наредната недела ќе заврши таа постапка, бидејќи се кратки роковите, по што ќе можеме да влеземе кон отстранување на галиите“, рече денеска градоначалникот Шилегов одговарајќи на новинарско прашање на стартот на градежните работи за реконструкција на улицата Македонско-Косовска бригада. Град Скопје има налог за отстранување на галијата пред МЕПСО, и онаа кај хотелот „Холидеј ин“. На 9 март на прес-конфренција, градоначалникот Шилегов кажа дека го раскинува договорот со првиот брод кај МЕПСО, во сопственост на Ниче Димовски-Македон, шура на скопскиот ексградоначалник Коце Трајановски. Шилегов тогаш потпиша решение со кое фирмата „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ се задолжува да ја тргне галијата во рок од 30 дена, бидејќи не работела и не плаќала кирија иако Град Скопје ѝ доставил решение во 2018 година дека треба да почне да врши дејност. Кон крајот на јуни Град Скопје го раскина договорот и за галијата кај „Холидеј ин“ односно бродот „Среќа“. Договорот е раскинат поради неплатена кирија за 4 месеци. Галиите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“. При една од многуте измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) Мал Ринг, кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ, во коритото беа вцртани маркички за 6 сплавови, 4 од десната страна и два од левата страна на Вардар. На јавното наддавање во Град Скопје во февурари 2012 беа продадени само две локации на фирмата „Фаланга“, кај зградата на МЕПСО и кај хотелот „Холидеј ин“. Во декември истата година, беше продадена уште една локација на фирмата „Воденица“ меѓу двата пешачки моста. Останатите локации за сплавови кои потоа прераснаа во бродови, никој не сакаше да ги купи и тие не се продадоа. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/narednata-nedela-apelatsija-ke-odgovori-na-prigovorite-za-galiite-pa-ke-gi-urivame-reche-shilegov/ |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Врбата со назив „надеж“. Па, ако некој верува во знаци на судбината, ова е тоа.
![]() |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
David ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
|
Колку беа по врба 150.000 евра ?
Малку му е на народов. |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Една од трите врби се скрши и падна во Вардар
![]() Една од трите врби во реката Вардар се скрши и еден дел од неа се наоѓа во водата. Очигледно честите дождови периодов пропратени со ветар си го направија своето. Скулптурата „Три врби во реката Вардар“ е дело на авторката Искра Димитрова. https://skopjeinfo.mk/edna-od-trite-vrbi-se-skrshi-i-padna-vo-vardar |
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
„Договорот е раскинат“. Што ли значи тоа?! И кој би можел да знае дали раскинување договор има одредени финансиски импликации??1!? Може не треба плаќање отштета?
|
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
|
Шта речи...
https://faktor.mk/i-na-shilegov-mu-e-skapsho-otstranuvanjeto-na-galiite |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
|
Значи причина зошто да не се отстранат сите три е тоа што таквиот зафат е прескап, но штом не плаќаат кирија ќе се отстранат две.
|
||
![]() |
||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
|
Конечно да се отстранат овие грдосии во Вардар.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ЌЕ СЕ ОТСТРАНУВААТ ДВЕ ОД ТРИТЕ ГАЛИИ ВО ВАРДАР, НЕ ПЛАЌААТ КИРИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ
Град Скопје го раскина договорот за галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ односно бродот „Среќа“. По налог на градоначалникот Петре Шилегов, кој во моментов сѐ уште е на домашно лекување откако од пред десетина дена е позитивен на КОВИД-19, договорот е раскинат поради неплатена кирија за 4 месеци. Во март, исто така поради неплатена кирија е раскинат и договорот за галијата кај МЕПСО. „Согласно одредбите од договорот ,доколку сопственикот на бродот не плати кирија за три месеци се овозможува активирање на банкарската гаранција и раскинување на договорот. Во овој случај фирмата ‘Сервис АД‘ нема платено кирија за 4 месеци. Со тоа уште еден брод од трите кои ги постави минатото раководство на Градот, а се пречка во течението на реката и при поголеми врнежи може да дојде до излевање и поплави, ќе биде отстранет“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од кабинетот на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Градоначалникот Шилегов на 9 март на прес-конфренција кажа дека го раскинува договорот со првиот брод кај МЕПСО, во сопственост на Ниче Димовски-Македон, шура на скопскиот ексградоначалник Коце Трајановски. Шилегов тогаш потпиша решение со кое фирмата „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ се задолжува да ја тргне галијата во рок од 30 дена, бидејќи не работела иако Град Скопје ѝ доставил решение во 2018 година дека треба да почне да врши дејност. „Ако за 30 дена сопственикот не ја отстрани галијата под МЕПСО, тоа ќе го направи Град Скопје“, кажа на прес-конфренцијата градоначалникот Шилегов. Но, од овој рок поминаа 4 месеци, а првата галија сѐ уште стои во Вардар. Од кабинетот на градоначалникот Шилегов велат дека не можеле да интервенираат поради владината уредба за запирање на примената на Законот за извршување, со која се запира примената на Законот за извршување до 30 јуни 2020 година. „Од утре престанува важноста на оваа уредба, по што во наредниот период ќе се постапи кон отстранување на бродовите од коритото на реката Вардар“, велат од кабинетот на градоначалникот Шилегов. Галиите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“. При една од многуте измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) Мал Ринг, кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ, во коритото беа вцртани маркички за 6 сплавови, 4 од десната страна и два од левата страна на Вардар. На јавното наддавање во Град Скопје во февурари 2012 беа продадени само две локации на фирмата „Фаланга“, кај зградата на МЕПСО и кај хотелот „Холидеј ин“. Во декември истата година, беше продадена уште една локација на фирмата „Воденица“ меѓу двата пешачки моста. Останатите локации за сплавови кои потоа прераснаа во бродови, никој не сакаше да ги купи и тие не се продадоа. А. АНТЕВСКА https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ke-se-otstranuvaat-dve-od-trite-galii-vo-vardar-ne-plakaat-kirija-na-grad-skopje/ |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Да се потсетиме само на нешто, само на 2 -3 поста погоре. на 9ти март најава дека за 30 дена ако сам сопственикот не ја тргне галијата, градот ќе ја дислоцира. Еве енес сме 74-ти ден, трет пат течат 30 дена, нема ништо од градот, па да ги потсетам што обеќавале и нејќам објаснуењ криза било, зашто тогаш кризата веќе беше почната.
|
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
Што бидна со галијата на Ниче Македон? Шилегов во интервју за грчки Етнос: Σκόπια: Ξηλώνουν τη… μακεδονική γαλέρα του Γκρουέφσκι-Το σχέδιο για τα αγάλματα од 11 април вели дека ќе ги трга, а во изјава од 9 март (Шилегов ќе дислоцира една од галиите во реката Вардар) индиректно вели дека до 10 април газдата треба да ја тргне галијата, а ако тој не го стори тоа, Градот ќе ја отстрани.
|
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|
не знаеш кој бил пооткачен груевци кога го натерале КоцеТ да паркира бродои во Вардар синкир имале аналитичко-метеоролошки потстрек од иднината [1] или пак зајковци кога го с‘скаат ПетреШ [2] чунки правник е Чоеко па знае направо да ја тера само да не заврши следнио Градоналник у кривина по судски лавиринти [3] битно ут зелен багер тргнало може утнам бутнам колку се пак зелен багер да средуе коритото ...
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
АКО ЗА 30 ДЕНА СОПСТВЕНИКОТ НЕ ЈА ТРГНЕ ГАЛИЈАТА ВО ВАРДАР КАЈ МЕПСО, ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ЈА ОТСТРАНИ
![]() Ако за 30 дена сопственикот не ја отстрани галијата под МЕПСО, тоа ќе го направи Град Скопје, најави денес градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Сопственик на галијата е Ниче Димовски-Македон, шура на скопскиот ексградоначалник Коце Трајановски. На прес-конференцијата Шилегов го потпиша решението со кое се задолжува фирмата „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ да ја тргне галијата, бидејќи не работела иако Град Скопје ѝ доставил решение во 2018 година дека треба да почне да врши дејност. „Оваа галија добила решение од Град Скопје во 2016 година за привремено да не врши дејност. Во 2018 година им доставивме решение дека треба да почнат со работа. Но, тоа не е направено, со што се создадоа и услови за раскинување на договорот. Од 2016 година до сега сопственикот на галија не плаќал кирија. Повеќе анализи и истражување покажаа дека бродовите се пречка во течението на реката и при поголеми врнежи може да дојде до излевање и поплави ” рече Шилегов. Галиите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“. При една од многуте измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) Мал Ринг, кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ, во коритото беа вцртани маркички за 6 сплавови, 4 од десната страна и два од левата страна на Вардар. На јавното наддавање во Град Скопје во февурари 2012 беа продадени само две локации на фирмата „Фаланга“, кај зградата на МЕПСО и кај хотелот „Холидеј ин“. Во декември истата година, беше продадена уште една локација на фирмата „Воденица“ меѓу двата пешачки моста. Останатите локации за сплавови кои потоа прераснаа во бродови, никој не сакаше да ги купи и тие не се продадоа. За сите три бродови договорите кои се склучени со градските власти се за поставување урбана опрема заради вршење угостителска дејност. Сопствениците имаа рок, според првичниот договор, да ги стават во функција за 24 месеци, но тие рокови не се почитуваа, па Градот им ги продолжуваше роковите со нови анекс-договори. Останатите две галии имаат договор за работа до 2035 година – бродот хотел „Воденица“, односно до 2027 година бродот „Среќа“ кај Холидеј ин. Градоначалникот Шилегов денес најави дека се работи на тоа и овие две галии да се отстранат од Вардар. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ako-za-30-dena-sopstvenikot-ne-ja-trgne-galijata-vo-vardar-kaj-mepso-grad-skopje-ke-ja-otstrani/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Град Скопје ќе ја отстрани првата галија од Вардар
Град Скопје почнува со отстранување на првата од трите галии во коритото на Вардар, најави Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје на денешнатаа прес конференција. „Градот Скопје во изминатиов период водеше сериозни правни постапки за да создаде правни предуслови за отстранување на првата галија. Се надевам дека ќе се создават услови без финансиски импликации по градот и по државата овие објекти полека да се отстрануваат“, истакна Шилегов кој потсети дека дислокацијата на галијата кај мостот Гоце Делчев е втора активност на градот по отстранувањето на споменикот на Ќосето. Во рок од 30 дена корисникот на урбаната опрема има право сам да ја отстрани, во спротивно Градот по истекот на овој рок ќе го направи тоа на негова сметка, односно по 10 април. Шилегов информираше дека, согласно анексот на договорот што го потпишал корисникот во 2016 година, му било дозволено да не врши дејност затоа што наводно немало услови, но од Градот во 2018 година го известиле дека има услови и дека бил должен да започне со работа во дадениот рок и бидејќи до 6 март годинава тој не постапил во склад со барањето на Градот, ова било констатирано од Комисија формирана од Градот. „Градот е покриен со банкарска гаранција и целиот процес нема да има финансиски импликации за нас“, додаде Шилегов. Градоначалникот на Скопје не можеше прецизно да одговори што ќе се случи со самиот објект откако ќе биде демонтиран бидејќи, како што кажа, се работи всушност за градежен објект со темели во реката, кој не може туку-така да се подигне и премести на друга локација без да се демонтира. „Безбедноста на Скопјани е на прво место и сите анализи досега покажа дека објектите кои се наоѓаат внатре во коритото на Вардар сериозно можат да го загрозат градот со можност за поплава, да предизвикаат материјални штети но и да ги загрозат животите и здравјето на граѓаните“, истакна Шилегов. https://meta.mk/grad-skopјe-ќe-јa-otstrani-prvata-galiјa-od-vardar/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=grad-skop%25d1%2598e-%25d1%259ce-%25d1%2598a-otstrani-prvata-gali%25d1%2598a-od-vardar |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 64> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |