![]() |
![]() |
![]() |
Урбана мафија и дивоградби (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 27> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОБЈЕКТИ БЕЗ ДОЗВОЛА ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА ГРАДОТ
На два дена од можноста за коментари по однос на предлог-законот за легализација на дивоградби, тие и поинатаму опстојуваат, иако некои од нив имаат и решение за отстранување. Една таква дивоградба изградена на државно земјиште е токму оваа на улицата Рузвелтова во строгиот центар на Скопје која се наоѓа на неколку метри од градската власт која констатирала дека барателот не ги исполнувал условите за добивање на одобрение за вршење на дејноста надвор од деловниот простор. Во решението пак на општина Карпош за отстранување се наведува дека инвеститорот не поседувал решение за изведување, но сепак до деловниот легален објект изградил доградба. Инвеститор на дивоградбата е Александар Матевски, ТВ24 стапи во контакт со Матевски, но истиот одби да даде било какво објаснување за дивоградбата која ја доградил до деловниот објект. Од општина Карпош велат дека донесено е решение за отстранување на бесправно изградениот објект, но не постапиле бидејќи инвеститорот се жалел до Државната комисијата за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. „Општина Карпош повторно донесе решение за отстранување на бесправно изградениот објект и продолживме со активностите за негово отстранување. Веќе е испратено барање до Министерството за внатрешни работи, за да се обезбеди полициска асистенција и штом добиеме согласност од нив, веднаш ќе пристапиме кон отстранување на дивоградбата“ - велат од општина Карпош. За овој објект според информациите на ТВ24 се води и постапка од друго физичко лице кое се жали дека е измамено кое го земало објектот под наем, а не можело да постави урбана опрема. За случајот се известени и институциите меѓу кои и кабинетот на премиерот Зоран Заев како и вицепремиерот за борба против корупција. МВР за случајот поднеле кривична пријава против инвеститорот за кривичното дело „бесправна градба“. https://24.mk/details/objekti-bez-dozvola-vo-strogiot-centar-na-gradot |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ДИВОГРАДБАТА КАЈ МОМИН ПОТОК ЌЕ СЕ УРИВА УТРЕ СО АСИСТЕНЦИЈА НА ПОЛИЦИЈА, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА КАРПОШ
Инспектори на Општина Карпош и Град Скопје вчера почнаа со активности за отстранување на дивоградбата кај Момин поток и расчистување на просторот од насобраниот отпад и ѓубре. Како што велат од Општината вчера почнале активностите за расчистување на просторотот, а утре ќе продолжат со асистенција на полиција. „Објектот не е кренат, поставена е само долна плоча. Издаден е налог за доведување на просторот во првобитна состојба. Станува збор за државно земјиште и на тој простор не смее да има никаков објект“, велат од Општина Карпош. Од Град Скопје велат дека тие немаат надлежности со градбите, туку според нивните овластување можат само да реагираат за непочитување на Законот за јавна чистота. „Целиот простор е затрупан со отпад, со стари коли, делови и ѓубришта. На сопственикот му издадовме решение во рок од 15 дена да ги расчисти целиот простор. Доколку тоа не го направи ќе интервенираме ние, а тој ќе ги плати трошоците“, вели Мирослав Богдановиски раководител на Инспекторатот на Град Скопје. До пред неколку месеци на овој простор имашло само плац за стари коли и автоделови, но постепено просторот почнал да се вршат градежни работи. Општинарите имале неколку обиди да интервенираат, но до сега не можеле бидејќи инспекторите не биле пуштани во градилиштето од сопственикот на плацот. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/divogradbata-kaj-momin-potok-ke-se-uriva-utre-so-asistentsija-na-politsija-velat-od-opshtina-karposh/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ДИВОГРАДБАТА КАЈ МОМИН ПОТОК НЕ ВЛЕГУВА ВО ТРАСАТА НА КЛУЧКАТА, ВО КООРДИНАЦИЈА СМЕ СО ОПШТИНА КАРПОШ ДА СЕ УРНЕ, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ
Дивоградбата која неколку месеци се гради кај Момин поток не се наоѓа на трасата на клучката која Град Скопје почна да ја гради минатата недела, но како што велат од Градот објектот мора да се урне, а надлежна за тоа е Општина Карпош. Од Градот велат дека се во координација со Општината и дека нивниот Инспекторат ќе го казни сопственикот за отпадот со кој е затрупан просторот. „По укажувањата од терен, Инспекторатот на Град Скопје ги започна сите постапки, согласно нашите ингеренции. Најпрво стапи во контакт со инспекцијата од Општина Карпош во врска со предметната локација дивоградба, каде двата инспекторати договорија заеднички координиран надзор, а побарана е и асистенција од МВР за постапување. Градежниот инспекторат на Општина Карпош ќе постапи согласно своите овластувања околу дивоградбата, додека инспекторите за животна средина од Градот Скопје ќе постапат согласно нивните овластувања, преку издавање на налог за чистење на локацијата и враќање во првобитна состојба“, велат од Град Скопје. Од Градот велат дека лицата кои ги имаат прекршено законите ќе бидат санкционирани согласно законите, а сите нелегални попречувања или објекти кои се на трасата на мегапроектот за изградба на клучките и кружните крстосници кај Момин поток ќе бидат отстранети. Оттаму додаваат дека на овој потег има околу 30-тина објекти кои мора да урнат за да се изгради клучката, а дел од нив се и дивоградби. САКАМДАКАЖАМ.МК вчера објави дека во близина на крстосницата кај Момин поток се гради дивоградба, а Општина Карпош иако знае не може да ја урне бидејќи не ги пуштаат инспекторите да влезат во градилиштето. Објектот се гради на државно земјиште, а од Општината немаат издадено градежна дозвола и со тоа сопственикот не смее да гради. Како што раскажуваат жителите од овој дел од градот, до пред неколку месеци на овој простор имало само плац за стари коли и автоделови, но постепено просторот почнал да се оградува и почнале градежни работи. Што се гради на парцелата и колкав објект не може да се види однадвор бидејќи просторот е заграден со гуми и делови од коли. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/divogradbata-kaj-momin-potok-ne-vleguva-vo-trasata-na-kluchkata-vo-koordinatsija-sme-so-opshtina-karposh-da-se-urne-velat-od-grad-skopje/ |
|
![]() |
|
Влатко ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Aug-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Јасно, сфатив, моето пак беше само констатација бидејќи секој ден поминувам таму и гледам како никнува нешто што не личи на ништо. На крај не ме чуди и државата да му исплати експропријација за изградба на петљата и кракот кон десно. |
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Сарказам беше моето. Цела држава е дивоградба, нека градат на сред булевар.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
Влатко ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Aug-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Точно овде треба да е проширувањето за новата петља кај Момин Поток. У која држава бе не пуштаат да влезат инспектори. Очигледно само у нашава. Edited by Влатко - 30-Jul-2021 at 11:18 |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() А зошто да се урива? Нека си аплицираат за легализација, голема работа. Цела Шар Планина така се изгради. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ДИВОГРАДБА СЕ ГРАДИ КАЈ МОМИН ПОТОК, ОПШТИНА КАРПОШ НЕ МОЖЕ ДА ЈА УРНЕ ОТИ НЕ ГИ ПУШТААТ ДА ВЛЕЗАТ НА ГРАДИЛИШТЕТО
![]() Во близина на крстосницата кај Момин поток се гради дивоградба, а Општина Карпош иако знае не може да ја урне бидејќи не ги пуштаат да влезат во градилиштето. Објектот се гради на државно земјиште и како што велат од Општината за САКАМДАКАЖАМ.МК, немаат издадено градежна дозвола и со тоа сопственикот не смее да гради. Како што раскажуваат жителите од овој дел од градот, до пред неколку месеци на овој простор имало само плац за стари коли и авто делови, но постепено просторот почнал да се оградува и почнале градежни работи. Што се гради на парцелата и колкав објект не може да се види однадвор бидејќи просторот е заграден со гуми и делови од коли. Станува збор за локација на трасата на клучката Момин поток и дивоградбата се гради на само неколку метри од местото каде минатата недела градоначалниците Петре Шилегов и Стефан Богоев, заедно со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски одржаа прес-конференција за почетокот на градежните работи. Од Општина Карпош велат дека чекаат интервенција на полиција за да можат да уриваат. „Општина Карпош е запознаена со случајот. Во неколку наврати преку Секторот за инспекторат бевме на теренски увид на посочената локација и направивме обид за рушење. Станува збор за активности кои се одвиваат на државно земјиште и за истите не е издадена градежна дозвола од локалната самоуправа. Затоа што нашиот градежен инспектор беше спречен да влезе и да направи целосен увид на градилиштето, побарана е полициска асистенција од Министерството за внатрешни работи. Штом полициската асистенција ќе биде обезбедена, ќе продолжиме со постапката за отстранување на нелегалната градба“, велат од Општина Карпош. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/divogradba-se-gradi-kaj-momin-potok-opshtina-karposh-ne-mozhe-da-ja-urne-oti-ne-gi-pushtaat-da-vlezat-na-gradilishteto/ |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Па летото и ќе извади пари човеков, а ги вади парите нелегално. Нема разлика помеѓу ова, продажба без фискална, или продажба на цигари и нафта без платена акциза. Народот треба сам да се буни, курназов ќе работи без да плати даноци, а после улиците, болниците и училиштата биле руинирани. Еми ќе бидат. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
Демек ја рушат "Правдата"?
Има многу пострашни урбанистички проблеми во Скопје, овој бар можеше да се сруши и малку подоцна, барем летото да поминеше и луѓето да се порадуваа на 'слободата'. |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
"Правда" is a bitch!
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Урната дивоградбата на кафулето „Правда“
![]() По налог на Општина Центар и врз основа на Решението ИП1 бр. 34-48 од 20.5.2021 година започна отстранувањето на доградбата на кафе-барот „Правда“ на улица „Мирослав Крлежа“. По направениот увид од овластен градежен инспектор, констатирано е дека инвеститорот не поседува одобрение за доградба на објект, како и решение за поставување градби. Доградбата е изградена од целосно застаклена метална конструкција, како и платформата што е покриена со штици. „Упатувам апел до сите инвеститори, кои имаат добиено решенија, самостојно да ги отстранат нелегално изградените објекти. Во спротивно, Општината ќе пристапи кон присилно административно извршување. И наредниот период Секторот за инспекциски работи на Општина Центар ќе продолжи со контролите и со инспекциските надзори“, изјави градоначалникот Богдановиќ. Во согласност со Буџетот на Општина Центар, за 2021 година се планирани 12 милиони денари за уривање на бесправно изградени објекти. https://nezavisen.mk/otstraneta-dogradbata-na-kafuleto-pravda/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ И ЗГРАДИ ИЗГРАДЕНИ ДО 2011. ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ СО СТАРИОТ ЗАКОН
Трговски центри и згради кои се дивоградби ќе може да се легализираат согласно стариот Закон за легализација на дивоградби чиј рок е продолжен за 5 години – односно, инвеститорите кои граделе нелегално до 2026-та година ќе може да легализираат. Паралелно со тоа ќе може да се легализираат и дивоградби кои се наоѓаат во заштитени подрачја, ова за ТВ24 го потврдија и од ресорното Министерство за транспорт и врски, а се однесува на граѓаните кои имаат поднесено барање за легализација до 2018. година, а кои сè уште не успеале да ги легализираат објектите кои ги изградиле до 2011. година. „Во однос на Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, тој сеуште се наоѓа во собраниска процедура. Согласно тој закон предмет на утврдување на правен статус се и трговски центри и згради, а доколку се наоѓаат во заштитено подрачје потребна е согласност од органот надлежен за заштита на предметното подрачје“ - велат за ТВ24 од Министерството за транспорт и врски. И додека се продолжува рокот на старото законско решение за плус 5 години, власта се обидува да донесе законско решение за легализација на преостанатите дивоградби изградени од 2011. година за кои изготви закон кој во мај годинава 72 пратеници од власта и опозицијата се обединија и го изгласаа но сепак наиде на оспорување од јавноста, антикорупционерите, стручната фела и Претседателот Пендаровски. Законот беше повлечен па се посегна по изработка на ново законско решение. Наспроти најавите и тврдењата дека во изработка на новото зкаонското решение била вклучена целокупната стручна јавност - од асоцијацијата на архитекти, за ТВ24, тврдат дека се останало на склучен меморандум и извисена соработка. Новото законско решение кое е скроено од септември ќе треба да се најде на владина седница. https://24.mk/details/trgovski-centri-i-zgradi-izgradeni-do-2011-kje-mozhe-da-se-legaliziraat-so-stariot-zakon |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Како изгледа нелегализиран објект во Кичево, надвор од сите стандарди
Објектот во населбата Бала Маало во Кичево е изграден бесправно, на државно земјиште и на посебно место прогласено како културно наследство од Министерството за култура. Објектот е изграден пред неколку недели, но пред само неколку дена локалните мештани го кренаа гласот барајќи градбата да биде срушена и да се отвори пат, како што е планирано. Велат дека објектот, изграден без дозвола ја блокирал улицата во населбата и ја осквернавил автентичноста на чаршијата. Дека објектот е дивоградба и изграден на државно земјиште, констатираше и Инспекторатот во Кичево. Градоначалникот Фатмир Дехари уверува дека се преземаат конкретни мерки по ова прашање. -Преземавме конкретни мерки преку општинскиот инспекторат и уште првиот ден инспекторатот излезе на терен и констатираше дека се гради бесправен објект, за жал на државно земјиште. Сепак, дозволете ми да разјаснам дека старата чаршија како целина, во 2013 година беше прогласена за посебна област на културно наследство од страна на Министерството за култура. Па така, во овој случај како прва категорија, целата област преминува под надлежност на Министерството за култура и другите државни органи-вели Дехари. Адвокатот Аријан Имери, вели дека доколку истече рокот за добивање одговор во однос на барањата на жителите, ќе ги информираат сите државни органи, вклучувајќи ги и странските амбасади. -Објектот се наоѓа на државен имот. Местото каде е изграден објектот е предвидено за пат и тротоар. Имотот каде што е изграден објектот со ниту еден закон не е дозволено да се приватизира, а уште помалку објектот да добие правен статус. Нашите барања со доволно докази се доставени до сите надлежни установи во о.Кичево, како и до Државен инспекторат за градежништво, барајќи да излезат на местото на настанот, да ја утврдат фактичката состојба и да преземат мерки согласно законот-вели Имери. Но, Дехари вели дека општинскиот инспекторат нема ингеренции да интервенира, бидејќи местото е во државна сопственост. Сепак, како што додава, во координација со Инспекторатот за градежништво и надлежните институции ќе ги преземат потребните мерки што е можно поскоро. -Спаѓа во прва категорија и надлежностите во конкретниот случај директно преминуваат кај државниот инспекторат. Се работи за тоа што општинскиот инспекторат нема надлежност да интервенира. Но, ние сме во координација во Министерството за транспорт, Министерството за култура, како и со државните инспектори за да го процесираме случајот-вели Дехари. На местото каде е изграден објектот претходно имало барака која била срушена на 13 јуни, по што „никнала“ градбата, иако местото било предвидено за улицата „Охридска“ која, според планираното требало да води кон улицата „Маршал Тито“. https://mk.tv21.tv/kako-izgleda-nelegaliziran-objekt-vo-kichevo-nadvor-od-site-standardi/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Редакција | Титаник од Серава | Епизода 7 | ИРЛ
https://www.facebook.com/IRLMacedonia |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ГРАДЕЖНИ МАКИ
Половина куќа половина зграда од 5 ката, ова е фактичката состојба со која се соочува Дејан Лазиќ од скопската населба Хром. Живее во куќа која е единечна конструктивна целина на две семејства, со кого ги делат темелите, потпорните ѕидови, серклажите и меѓукатните конструкции. Комшијата дал амин да никне зградата, но Лазиќ се противи бидејќи стравува од рушење на неговата куќа кога ќе почне да се гради. Според Лазиќ, општината ангажирала планерска куќа за да ги задоволи потребите на инвеститорот на сметка на комуналии. Во процесот на носење на урбанистичкиот план, тврди Лазиќ, дека општината заедно со планерската куќа направиле пропусти и овозможиле реализација на урбанистички план без да се направи анализа на конструкцијата на објектите. Од општина Ѓорче Петров со спротивен став, тврдат дека при носењето на планот запазени се сите процедури и дека биле направени сите анализи, ги евидентирале постојните градби и нивниот конструктивен систем. Но, сепак од општината појаснуваат дека немале пракса да излегуваат на терен за конкретни објекти, како што е случајот со Лазиќ кој тврди дека не е направена инвертаризација, а за што од општина велат дека: „Посета на поединечни објекти не е вообичаена пракса, а воедно и не е (и не било) обврска согласно пропишаната содржина на урбанистичките планови со Законот за просторно и урбанистичко планирање и подзаконските акти кои произлегуваат од него“. За случајот со Лазиќ информирани се сите надлежни институции, меѓу кои и Министерството за транспорт и врски. Според планот на општината, на локацијата каде живее Дејан Лазиќ планира да згради гради. И додека адвокатите на Лазиќ засукале ракави и водат битка, општина Ѓорче Петров веќе добила идеен проект од инвеститорот, но не и основен проект. Сепак одлуката дали ќе никне зградата кај комшијата на Дејан Лазиќ е во рацете на општината која ако наплати комуналии следна фаза би била потпис на градежна дозвола. https://24.mk/details/gradezhni-maki |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ГРАДЕЖЕН ХАОС ВО СКОПСКИ КАПИШТЕЦ, ТЕРАСИТЕ НА НОВИТЕ ЗГРАДИ ГЛЕДААТ ВО КОМШИСКИТЕ СТАНОВИ
![]() Во скопската населба Капиштец, делот спроти трговскиот центар „Зебра“ и под улицата Водњанска, згради се градат на секој чекор. Овој дел од населбата е претворен во големо градилиште. На местото на куќите никнуваат згради со пет и шест ката. Тесните и мали улички се окупирани со градежни материјали и механизација и често се непроодни. Бетономешалките го блокираат сообраќајот без најава. Без регулиран сообраќај возилата не можат да поминат, оти на неколку метри одалеченост се градат истовремено неколку згради на различни инвеститори. Зградите се залепени една до друга и буквално прозорците и терасите гледаат во станот на комшијата од соседниот објект. Овој дел од Општина Центар или Деталниот урбанистички план Ј07 не беше ставен под мораториумот односно никогаш не се почна негова измена, бидејќи, како што вели градоначалникот Саша Богдановиќ, бил донесен 2014 и е усогласен со Генералниот урбанистички план. „Планот е донесен во времето на мојот претходник Андреј Жерновски по донесување на Генералниот урбанистички плани 2012-2022. Тоа значи дека планот е усогласен со ГУП-от и нема прекршувања на таа одредба како другите планови кои ги стававме под мораториум, односно кои не беа усогласени со Генералниот план“, вели градоначалникот Богдановиќ. На нашето прашање дали ваквиот начин на градба каде прозорците на една зграда гледаат во станот од другата е планското градење за кое се залага оваа власт и тој како градоначалник, ни одговори дека Општината изминатите години се борела да ги смени лошите планови и практики за градба кои се втемелени од минатите власти. Во моментов во Општина Центар нема мораториум за градба, па сега слободно може да се гради на сите локации низ Центар, а во повеќето според Деталните планови донесени од ВМРО-ДПМНЕ. Богдановиќ вели дека Општината и понатаму работи на промена на сите ДУП-ви кои беа опфатени со мораториумот иако на сила не е забраната за градба. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/gradezhen-haos-vo-skopski-kapishtets-terasite-na-novite-zgradi-gledaat-vo-komshiskite-stanovi/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Се вели дека е дивоградба во Тафаталиџе 2
![]() https://www.facebook.com/StopZaUrbanataMafijaVoKarposh |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 27> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |